IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Формула 1 и Мото грандпри
  Активни теми Активни теми RSS - F1 Вести
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

F1 Вести

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 4546474849 55>
Автор
Порака
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Март.2010 во 09:50
"Беше важно да покажам дека се уште сум силен!"

Фелипе Маса призна дека чувствувал потреба за добар резултат во Бахреин, бидејќи во спротивност би се појавиле шпекулации дека не е истиот возач пред неговиот страшен судар минатото лето. Маса го пропушти вториот дел на сезоната 2009 по незгодата на квалификациите за Унгарското ГП, кога беше погоден во главата од пружина од болидот на Рубенс Баричело и доби повреди на мозокот и на окото. Во првата трка по камбекот, тој беше на второто место зад својот нов колега во тимот на Ферари, Фернандо Алонсо. Тој вели дека не се сомнева во своите способности, но дека било добро што не направил "смешни" грешки.

"Чекав толку месеци за таа прва трка, но бев возбуден, а не нервозен околу седењето на стартот на новата сезона. Никогаш не се сомневав во мојата состојба, бидејќи се што правев беше исто како пред несреќата. Кога работев на физичките подготовки се одеше во вистински правец и се во нормалниот живот беше исто така во ред. Се што имав во умот е да завршам добра работа за секого, да имам добар старт на сезоната, и да не направам нешто смешно. Секогаш е важно да си брз во текот на првиот викенд, но во мојот случај беше поважно бидејќи ако направев грешка, луѓето веднаш ќе кажеа: 'ете, гледате дека не е ист како претходно'. Тоа немаше да биде добро. Ќе беше невозможно да имам подобра трка отколку да донесеме максимум поени, а тоа го направивме заедно со Фернандо", изјави Маса во интервју за Гвардијан.

И покрај критиките за досадната прва трка од сезоната, Маса не сака да дава оценки предвреме, иако призна дека со новите правила можеби е потешко да е претекнува.

"Видов доста критики за гумите и за тоа што нема надополнување на гориво, но прерано е да се оценува дека ГП трките сега се досадни за гледачите. Меѓутоа, вистина е дека на стартот на трката сме шест-седум секунди побрзи од квалификациите. Со малку гориво на квалификациите имаме одлични услови, а потоа во недела одиме со тој тежок болид. Затоа ако следиш некого и се обидуваш да го претекнеш, губиш многу сила", вели Маса.

Тој исто така не се согласува со заклучокот на Луис Хамилтон од Мекларен, кој изјави дека болидот на Ред Бул Рејсинг е "смешно" побрз од сите други болиди во 2010. 1-2 победата на Ферари во Бахреин дојде по проблемите на Себастијан Фетел со РБ6 болидот.

"На тестирањето, Ред Бул можеби не беа најбрзиот болид, но забележавме дека брзината на подолги патеки е многу голема, така што квалификациите во Бахреин не беа изненадување. Но, ние сме на слично ниво како нив и затоа треба да го подобриме болидот на секоја трка од сезоната. Ние бевме побрзи од Ред Бул на потврдите гуми во Бахреин", завршува Маса.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Април.2010 во 10:07
ПО ШПЕКУЛАЦИИТЕ ЗА ПРЕДВРЕМЕН КРАЈ НА КАМБЕКОТ
Шумахер не планира да се повлече

Шефовите на Мерцедес ГП, Норберт Хауг и Ник Фрај ги отфрлија шпекулациите дека Михаел Шумахер може предвремено да го заврши својот камбек, застанувајќи во одбрана на германската легенда која е "мотивирана" и подготвена за успех на "долги патеки".

Шумахер е еден од двајцата возачии во 2010 (покрај рускиот дебитант Витали Петров во Рено) кој загубил 3-0 на квалификациите оваа сезона, по што многумина сметаат дека Германецот згреши што се врати на 41 година по 3 години пуза против млад и силен противник како Нико Розберг. Покрај тоа во Австралија Шуми остана 22 кругови зад Хаиме Алгуерсуари од Торо Росо, возач со само 11 ГП трки во кариерата.

Договорот на седумкратниот светски шампион со Мерцедес трае до крајот на сезоната 2012, но германските медиуми, предводени од Билд кои на насловната имаа голем наслов: "Падот на Шуми", шпекулираат дека победникот на 91 трки планира да се откаже предвреме.

"Сосема спротивно. Знам дека Михаел е многу мотивиран и сака неговиот камбек да донесе успех. Кога болидот ќе може да победува, тогаш и Шуми ќе победува. Слабите резултати досега не се негова вина. Вистинските фанови знаат што се случува и зошто немаме поени", вели Хауг.

Самиот Шумахер не е загрижен за слабите резултати, посебно бидејќи трките во Алберт Парк и Сепанг беа одлучени без негова вина, и смета дека следниот викенд во Кина може да има добар викенд. Кина е последната четврта трка пред стартот на европската сезона во Барселона следниот месец, за каде што Мерцедес имаат планирано серија подобрувања.

"Ентузијазмот за Мерцедес-Бенц и подршката на фановите е голема во Кина, така што во Шангај имаме атрактивна трка и сигурен сум дека нема да разочараме. Во Малезија бевме подобри, така што во Кина може да направиме нешто повеќе. Повторно уживам во тркањето, иако последните две трки не беа најдобри за мене", вели Шумахер.

По сударот на првата кривина со Фернандо Алонсо во Ферари во Австралија и губењето на навртката на тркалото во Малезија, Шумахер предвидува подобри трки.

"Знам како работите тргнуваат на лошо во Ф1 и покрај двете последни трки, одиме во вистински правец. Чекор по чекор", додава Шуми.

Маса пред нов тригодишен договор со Ферари?

Фелипе Маса е блиску до обезбедување на тригодишно продолжување на договорот со Ферари, со што би останал во Скудерија најмалку до 2013 година, една сезона повеќе од сегашниот договор на двократниот шампион Фернандо Алонсо. Маса дојде во Ферари во 2003, кога по просечна деби сезона со Заубер, помина една година како тестер во Ферари. Потоа 28-годишниот Бразилец имаше уште две сезони во Заубер и од 2006 е во црвениот болид со 11 ГП победи, на 4 место кај возачите на Ферари. Ако победи на уште пет трки ќе ги помине и Ники Лауда и Алберто Аскари и само Михаел Шумахер ќе остане пред него.

Шефот на Ферари, Стефано Доменикали за германскиот магазин Спорт Билд изјави дека Ферари сакаат да "изградат иднина со Фелипе", а бразилскиот О Глобо магазин тврди дека се работи за тригодишен договор, а Маса имал намера да ја заврши кариерата во Скудерија.

Бриаторе "би можел" да размисли за враќање

Флавио Бриаторе вели дека еден ден би можел да се врати во формула 1, спортот кој јавно го исфрли минатата година. Италијанецот беше исфрлен доживотно од страна на ФИА по скандалот околу местењето на Сингапур ГП трката во 2008 како шеф на тимот на Рено. Но, француските судови ја поништија оваа одлука, и иако ФИА најави жалба, 59-годишниот Бриаторе е слободен да се врати.

"Бев исфрлен како криминалец! Никогаш нема да се вратам во формула 1 како менаџер, но можеби ќе дојдам во 2012 во некоја поинаква улога", изјави Бриаторе.
Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Април.2010 во 17:20
Мекларен уште не се задоволни со М4-25

Шефот на Мекларен, Мартин Витмарш вели дека во тимот "не се задоволни" од МП4-25 болидот - но тоа не значи дека се работи за лош болид, туку дека може да биде и побрз. Мекларен имаат две победи на првите 4 трки со импресивната брзина на рамните делови и само Ред Бул Рејсинг имаат подобар болид на квалификациите, иако имаат проблеми со постојаноста.

"Не е тајна дека ќе продолжиме да туркаме напред. Имаме нов пакет за Барселона и мораме да го подобруваме болидот на секоја трка", вели Витмарш.

Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Април.2010 во 11:38
Силверстоун ја претстави Ф1 патеката за иднината

Силверстоун, домот на Британското ГП, редовно под напад на Ф1 шефот Берни Еклстоун, ја откри новата ревидирана патека во четвртокот со амбиции да започне новата ера на Ф1 трките. Британскиот принц Ендру ја пресече лентата за да ја отвори патеката, по што беше возен од формула 1 шампионот од 1996 година, Дејмон Хил во Ф1 двосед, а сопствениците на патеката оценија дека ќе има светла иднина за поранешниот аеродром од Втората Светска Војна.

Патеката, на која во 1950 година се одржа првата формула 1 трка во 1950 година, минатата година договори 17-годишен договор за одржување на Британското ГП, а покрај Ф1 трките на патеката има предвидено и Мото ГП трка и Супербајк ВСБК трка.

"Развојот на Силверстоун е круната на нашата работа, и симболизира се што Британија направи во формула 1. Ова е нова патека за нова генерација на луѓе кои уживаат во моторспортот. Мислам дека возачите ќе се согласат", вели Хил, кој е претседател на Британскиот Тркачки Клуб (БРДЦ), кои се сопственици на патеката.

Силверстоун

Новиот дел на патеката ги чинеше БРДЦ речиси 40 милиони фунти, и во него има шест нови кривини. Боксовите ќе бидат преместени, а новата Велингтон Стрејт рамнина ќе биде најбрз дел од патеката, наместо досега традиционалниот Хангер. Возачите се задоволни.

"Најдобрата работа е што се задржани сите добри делови. Од друга страна новиот рамен дел изгледа многу бргу", вели возачот на Ред Бул, Австралиецот Марк Вебер.

Поранешниот Ф1 возач, Џони Херберт се согласува.

"Сигурно се работи за патека за иднината. Мислам дека се успеа да се подобри патеката без да се загубат историската брзина и шансите за претекнување. Британија може да биде горда. Ги имаме сите нови модерни патеки околу светот што се неверојатни, но Силверстоун е најдобра во Европа.

Силверстоун требаше да го загуби Британското ГП во формула 1 оваа година, откако Донингтон Парк обезбеди долгогодишен договор со Берни Еклстоун, но тој проект беше жртва на глобалната економска криза. Британецот Еклстоун, кој ја однесе формула 1 на екстравагантни нови патеки во Абу Даби, Кина и Сингапур последните години, ја опишуваше Силвестоун како пропадната стара куќа и како селски саем кој се маскира како светско случување. Хил успеа да извлече позитивни работи од тие коментари.

"Знаете, на некои луѓе им се допаѓа атмосферата на селски саем во Силверстоун. Тука секогаш го имаше тоа добро летно британско чувство", изјави Хил.

Овогодишното Британско ГП ќе привлече сигурно многу фанови бидејќи британските светски шампиони Џенсон Батон и Луис Хамилтон се колеги во тимот на Мекларен. Трката се одржува на 11 јули.
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Мај.2010 во 20:44
Формула 1 го прослави 60. роденден

Формула 1 го прослави својот 60. роденден во четвртокот, откако спортот ја прослави првата трка од шампионатот, одржана во Силверстоун во 1950 година. На таа трка во присуство на британското кралско семејство, вклучувајќи ја кралицата Елизабета Втора, подоцнежниот шампион Џузепе "Нино" Фарина стигна до пол-позицијата, најбрзиот круг и победата за Алфа Ромео.

Иако сезоната 2009 беше 60. во формула 1, спортот го одбележи точниот роденден во Монако со првата и втората тренинг сесија во Монако, уште една патека која беше дел од првата сезона, во која имаше само шест трки - Британија, Монако, Швајцарија, Белгија, Франција, Италија плус САД, бидејќи Индијанаполис 500 трката тогаш беше дел од шампионатот.

Во таа прва трка во Силверстоун, Фарина ги совлада своите колеги Луиџи Фаџиоли и Рег Парнел, за Алфа Ромео да стигне до 1-2-3 победа по 2 часа и 13 минути тркање на поранешниот аеродром од Втората Светска Војна.
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Мај.2010 во 13:31
Во Ферари задоволни од Алонсо

И покрај тоа што Фернандо Алонсо се најде на удар на критиките за клучни грешки во првите трки оваа сезона, претседателот на Ферари, Лука Ди Монтеѕемоло вели дека двократниот светски шампион ја има неговата цела поддршка. Алонсо беше вклучен во инцидент со три болиди на првата кривина на Австралиското ГП пред да добие казна за преран старт во Кина, за во Монако на тренинзите да го удри болидот и да стартува од последното место.

Бидејќи легендата на Ферари, Михаел Шумахер реши да отиде во тимот на Мерцедес ГП, дел од италијанскиот печат тврдеше дека Ферари требало да го задржат Германецот. Запрашан дали жали за одлуката да потпише договор со Алонсо, Ди Монтеѕемоло верува дека Шпанецот е вистинскиот човек за работата.

"Ниту малку! Беше одлично со Михаел, но тоа е завршено. Нема каење. Денес сум многу среќен со Алонсо, на и надвор од патеката. Алонсо има тимски дух, посветеност и поврзаност со тимот. На патеката е вистински фајтер", вели Италијанецот.

И покрај тие три инциденти, Алонсо се наоѓа на третото место во генерален пласман со само 3 поени помалку од двојката на Ред Бул Рејсинг, Марк Вебер и Себастијан Фетел. Ди Монтеѕемоло смета дека само сударот во Монако е грешка на Алонсо.

"За мене вистинска грешка беше тоа што се случи во Монте Карло, и тоа поради преголема самодоверба. Тој сака да го тестира лимитот и затоа се удри. Превремениот старт во Кина беше поради тензијата. Се наоѓаме во одлична позиција за шампионатот", додава Монтеѕемоло.

АЛОНСО: "ТЕШКО Е ДА СЕ ФАТАТ РЕД БУЛ"

Самиот Алонсо пак вели дека тимот на Ферари е збунет од неверојатната брзина на тимот на Ред Бул. Алонсо победи на првата трка во Бахреин, но само по проблемите на Себастијан Фетел. Тимот на Ред Бул ги има освоено пол-позициите на сите трки оваа сезона и имаат три победи, од кои две 1-2. Алонсо признава дека не знае што ги прави ривалите толку доминантни.

"Би било убаво да го знаевме тоа. Навистина е многу тешко да се оцени зошто конк*ренцијата е толку доминантна. И не е така едноставно само да се копираат", вели Алонсо.

Како што се случи со двојните дифузери минатата година и ткн. ф-цевки оваа година, тимовите честопати се обидуваат да го копираат дизајнот и сет-апот за да се подобрат перформансите.

"Дали тоа е успешно е друга работа. Бидејќи секој тим има сопствена дизајнерска филозофија, секој тим знае кој е следниот елемент на кој треба да работат. Така треба да се фокусираме на нашиот развој, а не да копираме туѓи решенија", додава Алонсо.

Батон: "Уште не сум 100% подготвен"

Џенсон Батон признава дека имал доста проблеми при трансферот во Мекларен, но верува дека наскоро ќе биде во најдобра форма. Шампионот од 2009 дојде во британскиот тим откако ја освои титулата со Браун ГП (сега Мерцедес ГП) и победи на две трки оваа сезона - Австралија и Кина.

"За мене најголемата промена е во новиот болид. Бев со ист тим седум години и тие градеа болид според моите барања, а сега морам да се снајдам со нов болид. Верувам дека Михаел Шумахер има исти проблеми. Секоја трка учам повеќе и тимот работи фантастично. Работите не одат лошо, веќе имам две победи, но признавам дека се уште не сум 100% подготвен", изјави Батон.

Овој викенд на програмата е Турското ГП во Истанбул, и Батон се надева дека аеродинамичките подобрувања и промената на предното крило ќе успеат да го донесат болидот поблиску до доминантните Ред Бул.

"Дали ќе биде доволно да се доближиме до Ред Бул навистина не знам. Тие беа толку далеку во Барселона и во Монако и тоа не се стигнувам веднаш. Мораме да бидеме подобри во квалификациите, бидејќи во трките успеваме да им правиме проблеми", додава Британецот.

Еклстоун несвесно шверцувал имигранти?

Носителот на комерцијалните права во Ф1, Берни Еклстоун несакајќи прошверцувал пет нелегални имигранти во Британија во својот конвој кој се враќаше од Монако ГП трката пред пет дена. Имигрантите, за кои се верува дека доаѓаат од Еритреа, се сокриле во еден од ТВ камионите кои се враќале во Британија, и биле откриени при пристигнувањето на камионите на Бигин Хил аеродромот во Кент, седиштето на Формула 1 Менаџментот (ФОМ), компанијата на 79-годишниот британски милијардер, која ги води комерцијалните права во спортот. Се верува дека имигрантите се протнале во камионитево Кале, Франција каде што се чекал траект.

Ф1 ФЛЕШ

Шефот на тимот на Лотус Рејсинг, Тони Фернандес верува дека трите нови Ф1 тимови почнале да добиваат почит од фановите и ривалите и покрај проблематичниот старт. Сите три нови тимови, Лотус, Вирџин Рејсинг и ХРТ немаат освоено поени во новата сезона и се далеку зад старите тимови. "Секој има свој почеток. Ферари имаа свој почеток, и Мекларен исто така. Мојата компанија Ер Ејжа почна со 2 авиони и бевме предмет на потсмев, и затоа не се загрижив за критиките кои ги добивавме како тим. Се уште сме далеку од Мекларен или од Ферари, но ние размислуваме на долги патеки", вели Фернандес.

Поранешниот возач на Рено, Роман Грожан вели дека следната сезона ќе се врати или во формула 1 или во Ле Ман серијата. 24-годишниот Французин лани го замени Нелсон Пике Јуниор во Рено, а сега настапува во ГТ1 Шампионатот со Матек Форд ГТ тимот. "Се уште размислувам за формула 1, но отворен сум и за други понуди. Првата опција секако е да се најде место во Ф1", вели Грожан.

Поранешниот трикратен светски шампион Сер Џеки Стјуарт верува дека Марк Вебер се наоѓа во фантастична позиција за да ја освои титулата оваа година. Шкотланѓанецот, кој во кариерата победи на 27 ГП трки, го формираше тимот кој сега е познат како Ред Бул Рејсинг во 1996 година, пред во 1999 да биде продаден на Форд и да се настапува под името Јагуар, по што беше купен од Ред Бул во 2005. "Тој има 33 години и тоа се најдобрите години за еден возач. Знам дека никој не веруваше дека тој може да стане шампион, но во Барселона и Монако покажа дека е подготвен за големи работи", изјави Стјуарт.

Тимот на Вилијамс ќе ја врати старата верзија на нивното предно крило во Турција овој викенд, откако двата нивни болиди се удрија на Монако ГП трката. Техничкиот директор на тимот, Сем Мајкл изјави дека морале да направат нови делови по сударите на Рубенс Баричело и Нико Хулкенберг. "Сите работи кои требаа да се сменат се сменија, освен предните крила за кои е потребно подолго време. Затоа се враќаме на претходната конфигурација барем до Монтреал", објасни Мајкл.
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
Schatzii Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Мај.2010
Локација: Germany
Статус: Офлајн
Поени: 10600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Јули.2010 во 14:19
Вилнев се враќа во Ф1 со сопствен тим

Светскиот шампион од 1997 година Жак Вилнев, планира да се врати во Формула 1 шампионатот и тоа со сопствена екипа која би го пополнила 13-тото испразнето место во првенството. Тимот би го носел името "Вилнев Рејсинг", а како што соопштува германскиот магазин Автомото спорт пријавата за лиценца е пополнета и доставена до ФИА. Исто така наведува дека тимот би бил стациониран во Англија, а фондовите од кои би се финансирал се строго доверлива информација.

По неуспешниот кам-бек минатата година со Стефан ГП, 39-годишниот Канаѓанец се посвети кон константно тренирање и возење на симулатори но и посветување на НАСКАР трките. Очигледно љубовта кон болидите го натера канадскиот возач повторно да биде дел од Формула 1.

По неодамнешното откажување на АРТ Гран При во трката за 13 место во Ф1 "циркусот" останаа поранешниот тим Дуранго, Американската Сајфер група и Шпанскиот Епсилон Еускади.

ФИА ќе ја донесе одлуката околу изборот кон крајот на овој месец.
Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.
Кон врв
Schatzii Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Мај.2010
Локација: Germany
Статус: Офлајн
Поени: 10600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Јули.2010 во 11:57
Монако ќе остане без Ф1 трка!?

Легендарната трка низ улиците во Монако би била исфрлена од календарот на формула 1 на сметка на новаците Индија, САД и Русија. Откако Индија влезе во календарот за следната сезона и кам-бекот на Гран При на САД во 2012 година шефот на формула 1, Берни Еклстоун, има намера во иднина да ги вметне Русија или Јужна Африка. Имено Еклстоун ги посочи финансиите како главен елемент поради кој би се одлучиле за нови идејни решенија за доброто на формула 1. Тој истакна дека сите кои ќе платат ќе може да ја организираат трката.

Засега најзагрозена е патеката во Монте Карло бидејќи организаторите се единствените кои не плаќаат речиси ништо, а слично е состојбата на сите патеки во Европа каде организаторите плаќаат многу ниски такси, додека, пак, останатите "кешираат" и по 31,2 милиони долари за да ја видат трката во својата држава.

"Европејците ќе мора да плаќаат повеќе или ќе се преместиме на друго место. Формула 1 може да продолжи успешно и без Монако", изјави Еклстоун.

Инаку, Монако е во Ф1 календарот уште од 1955 година, а доколку не се променат работите би можел да ја изгуби организацијата на најквалитетната трка во светот, а со тоа и многу туристи кои секоја година плаќаат огромни суми за да дојдат и да уживаат во брзината на болидите.

Она што е актуелно во светот на формула 1 е изградбата на патека во Русија и вметнување во календарот за две или три години. Засега се разгледуваат неколку опции. Првата и најреална опција е трката да се одвива во Москва, а другата или резервна варијанта е нова патека во Сочи, кој во 2014 ќе биде домаќин на Зимските олимписки игри. Русите се сериозни во намерите и активно преговараат за да го добијат домаќинството. Изминатиов викенд како поддршка на кампањата за организација на формула 1 трката возачот на Мекларен, Џенсон Батон, и на Рено, Витали Петров, го посетија главниот град на Русија. Пилотите со своите болиди направија мини турнеја низ Москва, а се сретнаа и со градоначалникот Владимир Макаров каде биле запознаени со идејата. Истовремено генералниот директор на Баварија Москва Сити Рејсинг, Дерк Сауер, истакна дека планот би можел да се реализира уште во 2012 година.

"Се надеваме дека ќе ги нагостиме сите возачи во 2012 година. Град како Москва заслужува да организира Ф1 трка. Договорот се уште не е потпишан, но сме многу блиску до реализација", изјави Сауер, кој додаде дека проектантот на патеката, Херман Тилке, ја замислил трката слична со онаа во Монако. Таа би се возела низ улиците на Москва, а болидите би поминувале и низ центарот на градот каде во позадина би се гледал Кремљ. Според нивните планови, патеката во Москва би била најбрзата.

Што се однесува до Јужна Африка, се разгледува можноста за изградба на нова патека во близината Кејптаун. Идејата е се уште во почетна фаза бидејќи треба да се решат многу детали пред африканската земја и официјално да добие домаќинство на Ф1.
Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.
Кон врв
Schatzii Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Мај.2010
Локација: Germany
Статус: Офлајн
Поени: 10600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Август.2010 во 11:29
Алонсо брка победа во Спа, Мекларен пак ќе се жалат

Фернандо Алонсо ќе ја брка четвртата последователна победа за Ферари на Белгиското ГП и се надева дека Марк Вебер повторно нема да блесне во Спа. Лидерот во генерален пласман, Вебер, кој победи четири пати во 12 трки за Ред Бул оваа сезона се уште нема подиум во Спа, и покрај тоа што брзата патека на Ардените е негова омилена.

Алонсо, кој беше втор на претходната трка во Унгарија, и победник на контроверзното Германско ГП пред тоа, кога Ферари ги користеа забранетите тимски наредби, мора да освои максимум поени за да ја намали разликата од 20 поени од Австралиецот.

Дури и да го направи тоа, неговата шанса за титулата зависи од сослушувањето пред Светскиот Моторспорт Совет (ВМСЦ) на 8 септември во Париз, каде што ФИА може да реши да даде и дополнителна казна за Ферари покрај таа од 100.000è. И покрај се ова, двократниот светски шампион е оптимист за победа на патеката на која Ферари има пет победи во последните 7 години.

"Ни требаа само две нормални трки да се вратиме во борбата за титулата. Сега сме на вистинскиот пат, и болидот е многу подобрен. Оптимист сум бидејќи видов како целиот тим добива самодоверба. Во Спа имаме уште нови работи и се надевам дека ќе бидат успешни", вели Алонсо.

Колегата на Алонсо, Бразилецот Фелипе Маса ја доби победата во Спа во 2008, кога Хамилтон беше казнет за "сечење" на шикана. Маса и Михаел Шумахер се единствените двајца активни возачи со победа во Белгија.

МЕКЛАРЕН УШТЕ РАЗМИСЛУВААТ ЗА КРИЛОТО НА РЕД БУЛ

Од вторите големи ривали на Ред Бул, Мекларен пак велат дека се уште не го разбираат предното крило на Ред Бул пред Белгиското ГП. Предните крила беа во центарот на контроверзите последните две трки откако се појавија фотографии на кои крајните делови на предните крила на Ферари и Ред Бул беа екстремно блиску до патеката, со што се зголемува надолната сила, и Мекларен побараа објаснување од страна на ФИА.

Овој викенд во Белгија, крилата ќе бидат поставени на потешки тестови од ФИА, но ова не гарантира дека Ред Бул ќе направат промени. Генералниот менаџер на Мекларен, Џонатан Нил вели дека неговиот тим работи со ФИА за да се осигураат дека МП4/25 ќе го помине тестот, но не знае што ќе се случи со ривалите.

"Да бидам искрен, ги прочитав сите магазини, ги видов сите снимки на веб-сајтот на ФОМ и се уште не можеме да објасниме зошто болидите на Ред Бул и Ферари работат така како што работат. Сигурни сме дека нашиот болид нема такви крила, а за ривалите само можеме да шпекулираме и да чекаме ФИА да го направи своето. Се надевам дека техничкиот делегат на ФИА, Чарли Вајтинг ќе ги објасни работите за следната трка, бидејќи ова не е ситуација која ни се допаѓа", вели Нил.

Главниот инжинер на Мекларен, Педи Лоув вели дека неговиот тим ќе донесе три предни крила на Белгиското ГП, но не сакаше да дава детали за спецификациите.

"Носиме добар опсег на предни крила за Спа и ќе ги тестираме во петокот за да видиме кое одговара најмногу. Се работи за необична патека така што крилата се малку поинакви и имаат поинакви спецификации. И покрај се што се пишува за крилата, ние се фокусираме на нашиот ауспух и на дизајнот кој го развиваа Ред Бул. Тука треба да ја вратиме предноста", додава Лоув.

Шуми признава: "Не сум на нивото на Розберг"

Михаел Шумахер признава дека не е на "нивото" на колегата од Мерцедес ГП тимот, Нико Розберг, но дека тоа може да го поправи. Шумахер беше победен 10 пати од својот помлад колега на квалификациите и има 56 поени помалку од него во генерален пласман.

"Ги гледам сите детали. Вистина е дека според тоа како се однесува нашиот болид во моментов, не сум на неговото ниво, посебно на квалификациите. Во трките е доста израмнето. Но, јас знам точно како можам да го сменам тоа и работам на програмата", вели Шумахер.

Тој објаснува уште еднаш дека ракувањето со болидот воопшто не му одговара и дека тоа мора да се смени за 2011.

"Секој возач си има сопствен стил и морате да работите со вашиот тим за да бидете сигурни во пакетот. Успеав да го направам тоа со Ферари, но не се постигнува веднаш. Не е тајна дека сегашниот болид има многу карактеристики кои не ми одговараат. Зошто се вратив? Бидејќи уживам во мојата работа и бидејќи верувам во целта - да се освои титулата. Потребно е време, иако сите верувавме дека ќе имаме конк*рентен болид оваа година", додава Шумахер.

Тој повторно доби подршка од носителот на комерцијалните права Берни Еклстоун, кој смета дека доколку Шумахер возел болид на Ред Бул ќе победувал и ќе бил кандидат за титулата.

"Кога некој ќе каже дека Нико Розберг е побрз од Михаел, им велам дека Нико се уште треба да се докаже. За Нико, четвртите места се важни, а не за Михаел. За него се важат само победите. Да возеше болид на Ред Бул ќе се обложев на него", изјави Еклстоун.


ФИА наскоро ќе го открие новиот тим

Се очекува Светската Автомобилистичка Федерација (ФИА) во следните неколку денови да го открие својот избор за 13. место во формула 1 следната година. По откажувањето на АРТ Гран При и Сајпер Групацијата за местото кое остана празно по колапсот на УСФ1, битката за слободното место се одвива помеѓу тимовите на Стефан ГП, Дуранго/Вилнев групацијата и Епсилон Еускади.

Оваа листа може да биде уште повеќе намалена ако се верува на шпекулациите дека Епсилон Еускади сакаат да се спојат со тимот на Хиспанија Рејсинг. Ако ова се случи фаворит ќе биде партнерството помеѓу Дуранго и поранешниот Ф1 шампион Жак Вилнев.

"Ние ја направивме нашата презентација, но не добивме реакција. Не знам што се случува со плановите на другите тимови. Се работи за се или ништо - или ќе добиеме се или се ќе падне во вода. Одлуката ќе дојде до крајот на месецот", вели Вилнев.

Ф1 ФЛЕШ

Форс Индија тимот ги отфрли шпекулациите дека е можно нивните болиди и транспортери да бидат запленети на Италијанското ГП во Монца поради судскиот случај со италијанската компанија Аеролаб, која пред судот во Лондон доби одлука со која Форс Индија мораат да им исплатат 1.074 милиони евра. Од Форс Индија велат дека казната е платена. "Судот одлучи дека има два случаи кои се посебни и Форс Индија ја плати казната", велат од Форс Индија.

Патеката Лосаил во Катар има посебен план со кој би се приклучела на формула 1 шампионатот во блиска иднина. Лосаил веќе е домаќин на ноќна Мото ГП трка, и сега се планираат модификации со кои би можеле да се тркаат и формула 1 болиди. "Во нашиот стратешки план е формула 1 трка, и веќе работиме на тој план", вели Насер Бин Халифа Ал Атијах, претседателот на Моторспорт Федерацијата на Катар. Средниот Исток веќе има две трки во Бахреин и Абу Даби.

Снабдувачот на пневматици за следната сезона Пирели ќе патува на патеката Пол Рикар во Франција за продолжување на тестирањето со поранешниот возач на Мерцедес ГП, Ник Хајдфелд. Пирели веќе тестираше на патеката во Мугело во средата и четвртокот со стариот болид на Тојота од 2009 година. Се верува дека и Бен Хенли ќе вози ГП2 болид за Пирели, бидејќи следната година тие ќе ја снабдуваат со пневматици и ГП2 серијата.

Дејвид Култхард вели дека неговиот поранешен тим Ред Бул Рејсинг останува прв фаворит за титулата оваа година и покрај силните ривали од Ферари и Мекларен. "На кого би ги ставил парите? Луѓето ќе кажат дека сум пристрасен поради врските со тимот, но мислам дека по следните две трки во Белгија и Италија ќе биде јасно дека РБ6 болидот ќе биде најбрзиот и ќе влезат како огромни фаворити за трките надвор од Европа", вели Шкотланѓанецот.

Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Септември.2010 во 16:44

Нова трака во Ф1 календарот

Извор: Макфакс

Од следната сезона, Ф1 календарот ќе биде збогатен со уште една трка.

Новата трка ќе биде Големата награда на Индија, која според календарот на Светската автомобилистичка федерација-ФИА ќе се вози на 30 октомври 2011 година. ФИА, исто така соопшти дека следната сезона нема да има нови тимови, бидејќи, ниту еден од тимовите кандидати не ги исполнува условите за влез во Ф1.

Еден од кандидатите кои конк*рираа беше тимот на Дуранго, за кој требаше да вози некогашниот шампион во Ф1, Жак Вилнев

Кон врв
zabegan Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Другарот на Мона Лиза

Регистриран: 06.Април.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9774
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zabegan Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Ноември.2010 во 20:06
жестока ќе биде битката на пиедесталот, последната трка сезонава очекувам да биде интересна

инаку честитки за Фетел и Ред бул- Рено што се однесува до освојувањето на тиутулата во конструктори аплауз


Изменето од zabegan - 08.Ноември.2010 во 20:08
размисли пред да напишеш глупост
Кон врв
jack_sparrow23 Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Ноември.2010
Статус: Офлајн
Поени: 8
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај jack_sparrow23 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Ноември.2010 во 19:43
последната трка од оваа сезона ќе биде многу интересна според мене би требало да победи МОЈАТА ЅВЕЗДА ФЕРНАНДО АЛОНСО!
ДАЈ БОЖЕ ДА ПОБЕДИ!!!!

Поздрав до сите ФАНОВИ НА АЛОНСО И ФЕРАРИ!!!
Кон врв
zabegan Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Другарот на Мона Лиза

Регистриран: 06.Април.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9774
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zabegan Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Ноември.2010 во 16:34
Себастијан Фетел ја зема титулата оваа година за прв пат како најмладиот возач во историјата на Ф1, честитки до него и се надевам дека ќе стане иднипт Шумахер среќа (иако секогаш ќе бидам фан на Ферари)
малку ми е криво за Алонсо на кој малку му фалеше да ја земе... во секој случај интересна трка

еве го шампионот



размисли пред да напишеш глупост
Кон врв
Pavaroti Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Експерто нумеро 2

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pavaroti Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Ноември.2010 во 16:54
Originally posted by zabegan zabegan напиша:

Себастијан Фетел ја зема титулата оваа година за прв пат како најмладиот возач во историјата на Ф1, честитки до него и се надевам дека ќе стане иднипт Шумахер среќа (иако секогаш ќе бидам фан на Ферари)малку ми е криво за Алонсо на кој малку му фалеше да ја земе... во секој случај интересна тркаеве го шампионот


Сите честитки за Фетел.
Да жал ми но за Маса.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 4546474849 55>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,156 секунди.