IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Формула 1 и Мото грандпри
  Активни теми Активни теми RSS - F1 Вести
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

F1 Вести

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1415161718 55>
Автор
Порака Обратен редослед
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Јули.2009 во 13:09
Шумахер шокантно се враќа во Ф1!

Михаел Шумахер ќе направи шокантно враќање во Формула 1 и ќе го замени повредениот возач на Ферари, Фелипе Маса. Седумкратниот шампион се повлече на крајот на 2006 година, но ќе се врати на 23 август во Валенсија. Ферари тврдат дека Шумахер прифатил да седне во болидот на Маса и за некој ден ќе треба да ја помине специјалната тренинг програма по која ќе добие дозвола да учествува на Европското Гран При на 23 август во Валенсија.

- Не можам да ја игнорирам настанатата ситуација, останувам  лојален кон тимот изјави Шумахер.

Здравствената состојба на бразилскиот Ф1 пилот е се подобра, но според лекарските тврдења тој нема да може да се натпреварува до крајот на сезоната.

Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
Iron Man Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
железен раз бираш

Регистриран: 11.Јануари.2009
Локација: Antarctica
Статус: Офлајн
Поени: 8032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Iron Man Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Јули.2009 во 00:33
БМВ СЕ ЗБОГУВА СО ФОРМУЛА 1



Германската компанија со седиште во Минхен објави утрово (среда) дека на крајот од сезоната ќе го затвори својот тим во Формула 1. Одлуката била донесена вчера, на седница на одборот на директорите.

Поканата за итната прес конференција упатена до дописниците на главните светски агенции, била опишана како „разгледување на актуелниот развој на мото спортот“. Моментот за објавување на одлуката кореспондирал пред потпишувањето на фамозниот нов договор „Конкорд“, со кој се регулираат правата и обврските на учесниците во Формула 1 трките, а кој е предвидено да трае до 2012 година.

Одлуката била донесена базирајќи се фактите за актуелните постигнувања, но и поради ориентацијата на компанијата кон заштитата на околината, а Формула 1 не се вклопувала во тој имиџ.

- Ова беше тешка одлука за нас, но е логичен чекор во поглед на стратешкото прегрупирање. Премиум класата се повеќе ќе биде дефинирана во поглед на одржливоста и компатибилноста со природата. Тоа е поле на кое што ние сакаме да бидеме лидери. Континуирано ги прегледуваме сите проекти и иницијативи за да ги усогласиме со очекувањата за иднината. Во тој поглед, нашата кампања во Формула 1 станува помалку клучен промотер за нас,- се пренесува изјавата на Д-р Норберт Рејтофер, кој е претседавач на бордот.

- Ни беа потребни само три години за да се етаблираме како врвен тим во Формула 1. За несреќа, не бевме во можност да ги исполниме нашите очекувања за оваа сезона. Нашето искуство стекнато минативе десет години имаше големо влијание врз нашите развојни инженери. Мораме да им заблагодариме на трките за бројните иновации, како и за натпреварувачкиот дух кој не водеше и при производството на патничките автомобили,- гласи коментарот на Д-р Клаус Дрегер, член на бордот кој е одговорен за развој.

- Ние, вработените во Хинвил и Минхен, сите би сакале да продолжиме со нашата амбициозна кампања и да покажеме дека оваа сезона беше само расчекор, по успешните три сезони. Можам да разберам зошто е донесена оваа одлука, гледано од корпоративен аспект. Сега ќе се фокусираме на преостанатите трки и да го демонстрираме нашиот натпреварувачки дух освојувајќи добри резултати при збогувањето со Формула 1,- вели Д-р Марио Тајсен, кој е раководител на мотоспорт активностите во БМВ од 1999 година.

Баварската компанија влезе во Формула 1 како снабдувач со мотори на екипата Вилијамс, за во 2005 година да купи дел од акциите на швајцарскиот Заубер. На пресот било кажано дека во моментот не е позната бројката на отпуштања, бидејќи одлуката била донесена вчера.

- Ќе развиеме различни сценарија за да најдеме најдобри решенија за нашите вработени во Хинвил и Минхен. Свесни сме за одговорноста која треба да ја понесеме и ќе ги информираме луѓето штом имаме јасна позиција,- порача Драгер.

Од друга страна, најавено е дека БМВ ќе остане активно вклучен во останатите категории на мото спортот, како што се трките од светското првенство на туринг автомобили, трките на издржливост и серијата Формула БМВ наменета за младите возачи.

Шпекулациите поврзани со оваа шокантна вест одат во крајности, почнувајќи од тоа дека Роберт Кубица ќе го напушти тимот веднаш за да го замени Фелипе Маса во Ферари до крајот на сезоната, како и дека Тојота и Рено би можеле да го следат чекорот на БМВ.

iako ne sum za BMW sepak sum RAZOCARAN deka si odat

f1almanah.com
Кон врв
blackeye Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
The Body

Регистриран: 24.Август.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4058
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај blackeye Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Јули.2009 во 23:04
Ne znam kako da pobegnem
od sna,
I ne znam dal' te iko voli kao ja,
Al' ne bi ova noc tako bolela,
Da me nisi volela....
Кон врв
Iron Man Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
железен раз бираш

Регистриран: 11.Јануари.2009
Локација: Antarctica
Статус: Офлајн
Поени: 8032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Iron Man Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Јули.2009 во 02:27
Шумахер замена за Фелипе Маса ?!



Михаел Шумахер е пред сензационално враќање на Формула 1 патеките!?
Според италијанскиот весник „Газета дело Спорт“, Германецот може да се појави како замена за повредениот Фелипе Маса во еден од двата болида на Ферари оваа сезона. Докторите се уште не даваат реални шанси Маса во брзо време да се врати на патеките, па оттука Ферари веќе бара достојна замена.
Михаел Шумахер, повеќекратниот шампион, е прво име на списокот на првите луѓе на „црвените“, но не се знае дали Лука Ди Монтеѕемоло ќе успее да го намоли Германецот да го замени Маса. Шуми се откажа од Ф-1 во 2006 година, но работи се уште во тимот со кој освои 5 титули. Шуми има консултантски договор со Ферари кој му истекува годинава.
Менаџерот на Шумахер, Вили Вебер, вели дека овие пишувања на италијанските весници се несериозни. Тој потсети дека и Шумахер имаше тежок инцидент во јануари кога падна со мотор, па и тој не се чувствува добро. Но од Ферари не ја демантираа веста на италијанскиот весник
Кон врв
blackeye Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
The Body

Регистриран: 24.Август.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4058
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај blackeye Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јули.2009 во 11:50
Маса е подобро, но има проблем со окото!

Сериозно повредениот формула 1 возач на Ферари, Бразилецот Фелипе Маса добил оштетување на окото, вели лекарот кој го оперираше во АЕК воената клиника во Будимпешта. Асот на Ферари доби повреда на черепот и на окото кога беше удрен по глава од пружина која излета од болидот на Браун, кој го возеше неговиот сонародник Рубенс Баричело на квалификациите за Унгарското ГП во саботата.

Прашан дали окото на Маса е оштетено, неврохирургот Роберт Вереш беше краток: "Сигурен сум дека има оштетување, но не знаеме колку е тоа". Доколку навистина тој има оштетувања на видот, тогаш неговата формула 1 кариера сигурно е завршена, нешто што го потврди и Вереш велејќи дека "не знае дали тој ќе може да се трка повторно".

Претходно портпаролот на унгарскиот министер за одбрана откри дека Маса сега може да комуницира со движења откако беше изваден од вештачки индуцираната кома.

"Маса е буден и е способен за активна комуникација со движење на рацете и нозете. Тоа дефинитивно е добар знак", вели Иштван Бочкаи.

28-годишниот Маса, кој во кариерата има 11 ГП победи, а лани беше вице-шампион зад Луис Хамилтон, беше удрен во кацигата над левото око при брзина од 275 километри на час. Тој веднаш со хеликоптер беше однесен во болницата и беше на операција на черепот. Според Бочкаи бавното заздравување ќе започне, но додаде дека "ова не е фаза во која можеме да кажеме нешто со голема сигурност".

Во неделата Маса беше на компјутерска томографија (ЦТ) да се одреди дали има оштетувања на мозокот. Прашан дали има повреди, Бочкаи вели дека не се пронајдени никакви знаци за оштетувања.

Рубенс Баричело, пак, во неделата едвај ги задржуваше солзите и сакаше да ја напушти трката, додека неговиот пријател Маса беше во болницата. Возачот на Браун изјави дека лекарите не му дозволиле да го посети.

"Навистина емотивен момент. Уште ме гори во стомакот и ќе лажам ако кажам дека не мислев на него додека се тркав", признава Баричело. Медицинскиот делегат на ФИА, Гари Харштајн, пак, најави дека Маса би можел да се врати "за неколку недели, но прво мора да се види какви се оштетувањата".

Во посета на Маса беше и претседателот на Ферари, Лука ди Монтеѕемоло, кој имаше прес-конференција во клиниката.

"Нашиот прв приоритет е заздравувањето на Фелипе и неговиот прогрес. Фелипе е важен член на семејството Ферари толку многу години, од кога дојде како дете. Се надеваме дека ќе се врати бргу", вели Монтеѕемоло.

Тој потврди дека шефот на тимот, Стефано Доменикали, ќе остане со Маса и неговото семејство, заедно со бремената сопруга Ана Рафаела.
Ne znam kako da pobegnem
od sna,
I ne znam dal' te iko voli kao ja,
Al' ne bi ova noc tako bolela,
Da me nisi volela....
Кон врв
Iron Man Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
железен раз бираш

Регистриран: 11.Јануари.2009
Локација: Antarctica
Статус: Офлајн
Поени: 8032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Iron Man Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јули.2009 во 01:55
Баричело знаел дека нешто не e в ред со амортизерот

„Им го пријавив на моите инженери проблемот со амортизерите уште по саботниот утрински тренинг“, открива возачот на Ф1 тимот Браун ГП, Рубенс Баричело.

Парче од амортизерот му предизвика сериозни повреди на неговиот сонародник Фелипе Маса од Ферари во текот на попладневниот квалификациски тренинг за Големата награда на Унгарија на Хунгароринг, откако дел отпадна од болидот на Баричело и удри во главата на Бразилецот, пробивајќи му ја кацигата.



Амортизерот е тежок околу 800 грама, што при брзина од над 200 км/ч може да тежи дури и неколку килограми. За среќа, заштитната кацига му го спаси животот на Маса.

После се, пристигна признанието на Баричело кое фрла нова светлина на несреќата.

„Вистина е дека проблем со амортизацијата почувствував во саботата, на третиот слободен тренинг. Се жалев на возилото, бидејќи чувствував дека на рамните делови од патеката, не е стабилен. Но, и покрај сите проверки не можевме да го отстраниме проблемот“, раскажа Баричело.

Состојбата на Маса кој сеуште е на интензивна нега во Воената болница во Будимпешта е се подобра. Бразилецот, според лекарите, е свесен и комуницира со лекарскиот персонал, успеава да ги придвижи екстремитетите. За сега се чини дека оштетување на мозокот нема да има, но тоа е се уште не е дефинитивно. Во текот на денот го очекува нова компјутерска томографија на главата, за да се провери неговата здравствена состојба.
Кон врв
Iron Man Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
железен раз бираш

Регистриран: 11.Јануари.2009
Локација: Antarctica
Статус: Офлајн
Поени: 8032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Iron Man Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Јули.2009 во 03:14


Рено доби забрана за настап на Европското Гранд При за случувањата кои доведоа до отпаѓањето на предното тркало од болидот на Фернандо Алонсо. Во соопштението на ФИА се вели дека тимот на Рено "свесно му дозволил на болидот со бр. 7 излез од пит-стопот притоа знаејќи дека предното тркало не е исправно осигурано. При тоа не го известиле или спречиле Ф. Алонсо да го напушти боксот, што се гледа од радио врските каде тој го известува тимот дека предната гума мисли дека му е дупната. "

Рено веќе поднесе жалба на оваа одлука на ФИА. Сослушувањето најверовјатно ќе се одржи во летната пауза пред Европското ГП, кое е на 23 Август.
Кон врв
Iron Man Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
железен раз бираш

Регистриран: 11.Јануари.2009
Локација: Antarctica
Статус: Офлајн
Поени: 8032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Iron Man Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јули.2009 во 00:59
Алонсо оди на три, другите на два стопа?



Фернандо Алонсо е најлесниот возач на Хунгароринг, што ја објаснува неговата пол позиција. Шпанецот зад воланот на Рено очигледно типувал на големото влијание на квалификациите кое се покажало пресудно во минатото. За екипата ова е прв ваков успех по шампионската 2006 година, наспроти другите лични успеси на Алонсо.

Со вкупна тежина од 637,5 килограми, од кои на празен болид отпаѓаат 605 килограми, на располагање за трката се 32,5 килограми гориво, а предвидената потрошувачка е 2,5 килограми по круг. Тоа е вкупно 13 кругови, но имајќи предвид дека болидите трошат гориво за еден круг при излегување од боксот и еден круг за загревање, Алонсо може да се очекува да го направи првиот пит стоп по истекот на десеттиот круг. Фетел на второто место има дополнителни 18 килограми повеќе, а бидејќи и тој користи мотор на Рено со идентична потрошувачка, би значело дека планира да застане во боксот седум круга подоцна.

Сепак, Фетел не е втор најлесен, туку Хамилтон (+13 од Алонсо, или пет круга), па Раиконен и Вебер (исто како Луис, евентуално шест круга), па Розберг со +17 што е блиску до состојбата на Фетел. Осмопласираниот на квалификациите, Џенсон Батон, имал можност да сврти само еден летечки круг бидејќи неговите механичари од предострожност го менувале делот кој откажал претходно кај Баричело. Така, тој на стартот ќе биде 27 килограми потежок (+15 круга), но во својата изјава призна дека поради недостатокот на време не можеле да ја остварат стратегијата која била за четири круга покуса.

Се возат вкупно 70 кругови, а возачите ќе мора да ги употребат и двата типа на гуми кои се донесени за оваа трка, а поради нивното однесување (трошење), стратегиите дополнително ќе се искомплицираат. Стартот е во 14 часот.
Кон врв
blackeye Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
The Body

Регистриран: 24.Август.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4058
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај blackeye Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јули.2009 во 19:32
тагаPosle nesrekniot incident Masa bil dobar, no nema da nastapuva utre...
Ne znam kako da pobegnem
od sna,
I ne znam dal' te iko voli kao ja,
Al' ne bi ova noc tako bolela,
Da me nisi volela....
Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јули.2009 во 14:08
ПРЕД УНГАРСКОТО ГП (НЕДЕЛА, 14.00) ВОЗАЧОТ НА БРАУН ПРЕДУПРЕДУВА
Батон: "Ред Бул може да нe уништат на Хунгароринг!"

Џенсон Батон признава дека неговиот Браун ГП тим мора да почне да победува повторно и тоа многу бргу, ако сака да се одбрани од предизвикот за светската титула од Ред Бул Рејсинг, но додава дека неговите амбиции нема да бидат на цена на неговиот тимски колега.

Британецот можеби победи на шест од првите седум трки, но нема победа од Турското ГП во јуни, а двојката на Ред Бул Рејсинг, Себастијан Фетел и Марк Вебер постигнуваа одлични резултати со две 1-2 победи, така што разликата во поени на Батон се уште не е толку голема да се опушти пред Унгарското ГП овој викенд.

По Германското ГП, на кое Вебер победи по првпат во кариерата, Батон има 21 поен повеќе од Фетел и 22.5 повеќе од Вебер, и влегува на Хунгароринг со "удобност" од една трка на која може да не освои поени, но со голема желба да се врати на првото место.

"Чувството да се биде лидер во генерален пласман е сензационално, но не ја сфаќам ситуацијата толку едноставно бидејќи нема да биде лесно во вториот дел од сезоната, бидејќи Ред Бул се многу конк*рентни. Ми се допаѓа позицијата во која се наоѓам, но не смееме да губиме поени од Ред Бул. Мораме да почнеме да победуваме, и тоа е главната цел овој викенд. Тие н$ победија на последните две трки, така што можат да н$ уништат во шампионатот. Следните неколку трки се клучни за нас", оценува Батон.

Унгарија е важна за Батон и Браун. На оваа патека Британецот стигна до својата прва Ф1 победа во 2006 со тимот на БАР, а се работи за една од "најжешките" трки во сезоната, услови кои сигурно ќе донесат предност на БГП001 болидот во споредба со Ред Бул РБ5.

"Мораме да ги предизвикаме. Овае трка во која ќе имаме некои нови аеродинамички делови, а температурата ќе ни одговара", додава Батон.

За Унгарското ГП може да се постави претходно изречениот епитет за трката во Монако - интересна е колку возење велосипед во својата бања. Но, ако по некоја случајност како во 2006 се случи дожд, тогаш трката станува епска. Ова е критична трка и за Ред Бул бидејќи ако го повторат резултатот од трката во Монако, тогаш ќе имаат многу тешка задача во остатокот на сезоната.

Кими Раиконен и Ферари се надеваат дека оваа трка ќе биде "последно ура" во сезоната 2009 за Скудерија пред фокусирањето на работата на 2010. Луис Хамилтон ги отфрла шпекулациите дека има шанси за победа во Унгарија, откако Мекларен го подобрија својот болид за 0.7 секунди по круг на Германското ГП. Шефот на тимот, Мартин Витмарш, изјави дека одат на победа во Унгарија, но Хамилтон не сака да верува на ова ветување. Мекларен и Ферари ќе можат да ја користат својата единствена предност во оваа сезона, КЕРС системот во Унгарија, каде што стартно/целната рамнина е доволно долга да добијат екстра моќ на стартот. Затоа е можно Браун и Ред Бул да одат со полупразни болиди да избегнат ваков маневар на стартот на трката.

Ако остане суво, не може да се очекува многу претекнување во Будимпешта, но од тактичката и стратегиската страна, може да има вистинска битка.

ГЕНЕРАЛЕН ПЛАСМАН

ВОЗАЧИ

1.Џенсон Батон (Браун) 68

2.Себастијан Фетел (Ред Бул) 47

3.Марк Вебер (Ред Бул) 45.5

4.Рубенс Баричело (Браун) 44

5.Фелипе Маса (Ферари) 22

6.Јарно Трули (Тојота) 21.5

7.Нико Розберг (Вилијамс) 20.5

8.Тимо Глок (Тојота) 13

8.Фернандо Алонсо (Рено) 13

10.Кими Раиконен (Ферари) 10

11.Луис Хамилтон (Мекларен) 9

12.Ник Хајдфелд (БМВ) 6

13.Хеики Ковалаинен (Мекларен) 5

14.Себастиен Буеми (Торо Росо) 3

15.Роберт Кубица (БМВ) 2

15.Себастиен Бурде (Торо Росо) 2

КОНСТРУКТОРИ

1.Браун ГП Мерцедес 112

2.Ред Бул Рејсинг Рено 92.5

3.Тојота Панасоник 34.5

4.Скудерија Ферари 32

5.Вилијамс Ф1 Тојота 20.5

6.Мекларен Мерцедес 14

7.Рено Ф1 13

8.БМВ Заубер 8

9.Скудерија Торо Росо Ферари 5

-.Форс Индија Ферари 0

***
Ривалите против "премладиот" Алгуерсуари!

Со 19 години и 125 дена Хаиме Алгуерсуари можеби ќе стане најмладиот Ф1 возач во 60-годишната историја на спортот на Унгарското ГП, но ривалите на Шпанецот не се убедени дека тој е подготвен за предизвикот велејќи дека е премлад и дека Ф1 не е "училиште". Алгуерсуари доаѓа од Светската серија на Рено, за да го замени четирикратниот Чемп Кар шампион Себастиен Бурде, кој беше отпуштен од тимот. Досега поради забраната на тестирање, Шпанецот има само два теста со болидот.

"За мене тој е премлад! Кога влегов во Ф1 немав многу искуство за тоа што се бара од мене и правев грешки. Разликата е што јас поминав цела зима тестирање формула 1 болиди, искуство кое тој го нема. Погрешен потег бидејќи може да изгори бргу. Можеби има огромен талент, но ова не е добро за него", вели Фелипе Маса од Ферари, кој самиот дебитираше на 20 години со Заубер во 2002, по што направи една година пауза како тест возач на Скудерија пред да се врати во спортот.

Актуелниот лидер во генерален пласман, Џенсон Батон, кој имаше само 20 години кога возеше со Вилијамс пред девет години, вели дека не може да го критикува Алгуерсуари, но дека потегот може да му ја уништи кариерата.

"Не знам зошто тој доби шанса, но нема да им помогне да го развиваат болидот", вели Батон, на што се надоврза неговиот ривал за титулата, Марк Вебер од Ред Бул: "Треба да бидеш подготвен за Ф1, бидејќи ова не е училиште".

Алгуерсуари ја доби супер-лиценцата откако ја освои Британската Ф3 титула лани, а неговиот сонародник Фернандо Алонсо беше единствениот кој го поддржа. Двократниот светски шампион дебитираше на 19 години исто така со Минарди во 2001.

"Очигледно можеби нема да е подготвен 100% за оваа трка, но тоа не значи дека не може да се снајде", смета Алонсо.

***
Луис и Хеики на врвот за Мекларен

Луис Хамилтон ги предводеше Мекларен до 1-2 "победа" на првиот тренинг во Унгарија, првпат оваа сезона, зголемувајќи ги шансите за победа на тимот. Двата болиди на Мекларен имаат значајни подобрувања на својот болид, откако само Хамилтон ги имаше на Германското ГП, по што актуелниот шампион успеа да го совлада својот колега Ковалаинен, кој цело време беше прв на последниот круг.

Хамилтон го заврши денот со 1:22.079, само 0.047 пред Ковалаинен, додека Нико Розберг беше трет со Вилијамс со 0.075 секунди заостанување. Всушност, само 1.097 секунди разделуваа 19 возачи, додека дебитантот Хаиме Алгуерсуари беше последен со 0.776 послабо време од колегата од Торо Росо, Себастиен Буеми. Во топ 5 беа и Марк Вебер и Себастијан Фетел, кои меѓу себе го имаа вториот Вилијамс на Казуки Накаџима. Рубенс Баричело беше шести за Браун ГП, додека лидерот Батон само 13. Двојката на Ферари, Кими Раиконен и Фелипе Маса беа на 11., односно 18. место, и очекуваат далеку повеќе на денешните квалификации.

***
Бразилецот Рубенс Баричело, најискусниот формула 1 возач и најстар возач во моментов, призна дека размислува за повлекување. "Следната сезона е предалеку. Го сакам овој спорт, го правам ова 17 години. 95% од моите чувства велат дека треба да продолжам, но 5% почнува да вели 'зошто ти е ова потребно'. Знам дека е само 5%, но ми останува во главата", вели 37-годишниот возач на Браун ГП, кој во Унгарија ќе го има својот рекорден 278. Ф1 старт.

Конечно решение на политичката криза во Ф1 нема да биде решена овој викенд, но крајот е блиску, вели шефот на БМВ Заубер Марио Тајзен. Берни Еклстоун пред една недела изјави дека Конкорд Договорот ќе се реши за само 48 часа, но сега Германецот вели дека е оптимист за решение. "Навистина сум оптимист. Во минатото не верував во договорот, но сега изгледа дека можеме да го решиме многу бргу. Во Унгарија? Кога имате тркачки викенд морате да размислувате на други работи", додава Тајзен.

Нико Розберг призна дека за во 2010 има избор меѓу три тима: Мекларен, БМВ и Вилијамс. 24-годишниот Германец вози за Вилијамс, тим со кој дебитираше пред речиси четири сезони, но договорот му завршува на крајот на оваа година. "Очигледно, Мекларен и БМВ може да се интересни опции за следната сезона. Вилијамс е друг избор, бидејќи тимот работи одлично за мене. Во моментов ние сме третиот најсилен тим со Ферари. Тоа е многу добра позиција", додава Розберг.

Дејвид Култхард не правел доволно да го "турка" Марк Вебер во тимот на Ред Бул, вели сопственикот Дитрих Матешиц. Пред оваа сезона 38-годишниот Култхард се пензионираше и беше заменет од Себастијан Фетел, по што Вебер пред две недели во Германија стигна до деби триумфот. "Во минатото Дејвид Култхард не го туркаше Марк доволно. Ривалството со колегата е многу важно, така што кога дојде Себастијан, стариот борец Марк виде предизвик и затоа победи", вели Матешиц.

Џенсон Батон е апсолутен фаворит за светската титула оваа година, вели Фернандо Алонсо и покрај кам-бекот на Ред Бул во последните две трки. "За мене, Батон е голем фаворит бидејќи има предност од 20 поени. Ред Бул имаат 1-2 победи во последните две трки, но тоа нема да продолжи. Ако морам да се обложам тоа секако ќе биде на Џенсон", вели Алонсо.

Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
Iron Man Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
железен раз бираш

Регистриран: 11.Јануари.2009
Локација: Antarctica
Статус: Офлајн
Поени: 8032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Iron Man Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јули.2009 во 03:49
Вебер доби нов договор, заедно со Фетел и следната сезона



Ред Бул Рејсинг потврдија дека Марк Вебер ќе продолжи да вози покрај Себастијан Фетел за сезоната 2010. Австралиецот дојде во тимот од Милтон Кејнс во 2007 година, пред да стигне до својата прва и засега единствена победа на претходната трка во Нирнбургринг. 2010 ќе биде деветта едноподруго сезона за Вебер во формула 1.

"Пресреќен сум што успеавме со Ред Бул да се договориме за нов договор за следната сезона. Дури и во потешките години, како кога ја почнавме соработката, уживав работејќи со Ред Бул, така што сега по успесите е вистинско задоволство да имам нов договор. Пред нас е многу интересен финиш на шампионатот, во кој ќе работиме за титулите. Во исто време продолжуваме со развојот на РБ6 болидот за 2010", вели Вебер.

Шефот на тимот, Кристијан Хорнер, исто така е задоволен што има договор со Вебер за четврта година во тимот.

"Одлично е што Марк останува со нас и за 2010. Тој покажа огромна посветеност кон тимот оваа сезона и покрај тоа што ја скрши ногата на крајот на минатата година. Неговите резултати сега се најдобри во неговиот живот, посебно по победата на Германското ГП, така што не беше тешко да се одлучиме на ваква одлука. Според мене, го имаме еден од најсилните возачки состави во формула 1, со Марк и со Себастијан", вели Хорнер.
Кон врв
Iron Man Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
железен раз бираш

Регистриран: 11.Јануари.2009
Локација: Antarctica
Статус: Офлајн
Поени: 8032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Iron Man Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јули.2009 во 02:56
Во Браун веруваат во победа



Шефот на Браун ГП, Рос Браун, е оптимистички расположен околу шансите на неговиот тим да се бори за врвот на Унгарското ГП по, како што самиот кажа, двете фрустрирачки трки во Силверстоун и Нирнбургринг. Тимот и лидерот во генерален пласман Џенсон Батон ја загубија огромната предност на двете трки, откако ривалите од Ред Бул беа едноставно недостижни на двете трки.

Браун се мачеше со ниските температури на патеките, по што Батон беше само шести и петти, додека во исто време Ред Бул оствари две 1-2 победи. Рос Браун инсистира дека невообичаено ниските температури се главната причина за слабите перформанси, а очекува во Унгарија овој викенд да има добра можност Батон и Рубенс Баричело да се борат за победа.

"Последните трки во Силверстоун и Нирнбургринг беа фрустрирачки за тимот бидејќи не успеавме да го достигнеме вистинскиот потенцијал на нашиот болид, додека ривалите направија голем чекор напред. Но, сигурни сме дека перформансите на БГП001 кои се покажаа во првиот дел од сезоната не исчезнаа и дека проблемите ќе бидат надминати. Знаеме дека можеме и далеку подобро. За Будимпешта имаме големо подобрување на аеродинамиката и ќе мораме да продолжиме со вакво темпо до крајот на сезоната. Сигурен сум дека ќе останеме лидери до крајот", вели Браун.
Кон врв
Iron Man Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
железен раз бираш

Регистриран: 11.Јануари.2009
Локација: Antarctica
Статус: Офлајн
Поени: 8032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Iron Man Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Јули.2009 во 01:44
Алгуерсуари ќе стане најмладиот во Ф1



Тимот на Торо Росо потврди дека ќе му даде шанса на младиот шпански возач Хаиме Алгуерсуари да стане најмладиот возач кој настапил на една Формула 1 трка. Како што е познато од неодамна, сега веќе возачот на Италијанскиот тим в недела ќе има точно 19 години и 125 дена, со што ќе го подобри рекордот на Мајк Таквел од 1980 година за 57 дена.

- Би сакал да се заблагодарам на Ред Бул кои ми дадоа шанса да се натпреварувам во Формула 1. Откако ја започнав кариерата, ова беше мој сон и благодарение на Ред Бул Јуниор програмата сега ќе ми се оствари амбицијата да бидам дел од поредокот на ГП трка. Свесен сум дека се соочувам со тежок предизвик, бидејќи влезот во Формула 1 не е лесен, а влезот на средината на сезоната е уште потежок и без тестирање е навистина тешко. Но, веќе чувствувам дека добивам голема подршка од тимот, кои имаат голема репутација, барајќи млади возачи, - изјави среќниот Алгуерсуари.

Среќна околност за младиот Шпанец е тоа што тимот воведува нов аеродинамички пакет за Унгарија, при што возачот веќе веднаш го добива во својата прва трка. Не е непознато дека редизајнот на болидот на Торо Росо се одвиваше најбавно од сите останати и самиот тим имаше недостаток на подобрувања, при што Италијаните во досегашниот тек на првенството се бореа за последните позиции во поредокот.

Во меѓувреме, претходниот тест возач на Ред Бул, Брендон Хартли призна дека не бил спремен за Формула 1. Новозеланѓанецот спортски “го призна поразот”, изјавувајќи дека очекувал Алгуерсуари да го заземе празното седиште во Торо Росо, нешто што го заслужил младиот возач.

- Знаев дека Алгуерсуари ќе го добие седиштето во Торо Росо и морам да кажам дека кога ги слушнав вестите, бев разочаран. Но всушност, за мене е погрешна одлуката да возам во Формула 1 во овој момент. Не очекував да бидам возачот кој ќе го замени Бурде и чувствувам дека сеуште не заслужувам да бидам Формула 1 возач. Ако бев поставен таму, ќе беше убаво и возбудливо, но сите останати би рекле дека не заслужувам да сум таму, - искрен е Хартли.

f1almanah.com
Кон врв
Iron Man Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
железен раз бираш

Регистриран: 11.Јануари.2009
Локација: Antarctica
Статус: Офлајн
Поени: 8032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Iron Man Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Јули.2009 во 03:15
Raikkonen на чекор од напуштање на Формула 1



Додека водечките возачи во рели шампионатот буквално се туркаат во Формула 1, финските медиуми денес го јавуваат она што веќе некое време се навестуваше – бившиот светски првак Kimi Raikkonen можеби ќе го напушти елитното натпреварување на крајот на оваа сезона за да се занимава, обратно – со рели.

„Kimi веќе и не зборува за Формула 1. Зборува само за рели“, изјавил за весникот „Veikkaaja“ еден пријател на Raikkonen.

Raikkonen би требало да се натпреварува во класичното финско рели во Jyvanskyli кон крајот на овој месец, а ќе во вози Abarth Grande Punto S2000.

Raikkonen победи во Формула 1 во 2007 година, возејќи за Ferrari, но минатата година беше слаб, а ни оваа година не го следат сјајни резултати. Raikkonen оваа година во девет трки во Формула 1 освои само 10 поени.

Во Ferrari пак, наводно не би имале нешто против ако 29-годишниот Финец се посвети на своето хоби, бидејќи со тоа би отстапил место во екипата. А сигурно добро би го пополнил Fernando Alonso.

koli.com.mk
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1415161718 55>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,719 секунди.