IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Формула 1 и Мото грандпри
  Активни теми Активни теми RSS - F1 Вести
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

F1 Вести

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2324252627 55>
Автор
Порака Обратен редослед
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Мај.2009 во 17:26
Ферари не пријавува тим за 2010

Ферари потврдија дека нема да влезат во Светскиот Шампионат следната година доколку плановите за доброволно ограничување на буџетот од 40 милиони фунти останат. Иако тимот веќе најави дека не се согласува со планот на Светската Автомобилистичка Федерација (ФИА), со ова соопштение по состанокот на бордот на Ферари во Маранело во вторникот се станува кристално јасно.

"Исти правила за сите тимови, стабилност во регулативите, продолжување на обидите на ФОТА методиски и прогресивно да се кратат трошоците и водењето на одговорна формула 1. Тоа се приоритетите за иднината. Ако овие принципи не се почитуваат и ако не се воведат регулативи за 2010 кои ќе бидат разумни, тогаш Ферари нема намера да аплицира за формула 1 шампионатот", се вели во соопштението од Маранело.

Последниот рок за доставување на апликации за 2010 е на 29 мај, а Тојота и двата тима на Ред Бул веќе најавија дека нема да аплицираат доколку правилата останат исти. Исто така се оценува дека и другите производители ќе се приклучат на бојкотот, и дека само независните тимови Браун ГП, Вилијамс и Форс Индија ќе аплицираат.

Како и кај другите тимови, главната загриженост на Ферари е за ткн. "систем на подвоен шампионат", бидејќи некои тимови ќе решат да се натпреваруваат со ограничен буџет и со далеку поголема техничка слобода, додека тие кои ќе решат да трошат слободно ќе бидат "хендикепирани".

"Иако состанокот на Светскиот Моторспорт Совет (ВСМЦ) на 29 април беше свикан за да се разгледаат дисциплински мерки против еден тим, одлуките кои беа донесени значат дека во 2010 за првпат ќе има двојни правила кои ќе бидат поставени на економски параметри. Ако тоа претставува слика за иднината на формула 1, тогаш причините поради кои Ферари учествува во формула 1 во последните 60 години, како единствен тим кој учествува од 1950, нема веќе да постојат", се додава во изјавата.

Иако Ферари се целосно против правилата во Ф1 за 2010, исто така како проблем се јавува и начинот на водењето во спортот и вклученоста на тимовите во одлуките.

"Правилата на водење кои придонесоа за раст на формула 1 во последните 25 години не се земаат во предвид, како и обврзувачки договори помеѓу ФИА и Ферари околу стабилноста на регулативите. Ферари знае дека фановите ќе ја сфатат оваа тешка одлука, но мораме да останеме на нашите принципи - спортски и технички", завршува соопштението на Ферари.
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
Iron Man Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
железен раз бираш

Регистриран: 11.Јануари.2009
Локација: Antarctica
Статус: Офлајн
Поени: 8032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Iron Man Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Мај.2009 во 23:14
Originally posted by blueprayer blueprayer напиша:

Па и не е лош шефов на Ферари голема%20насмевкаПоред батон не гледам блескава иднина ни за Раиконен ни за Маса..Некако ко бледа сенка во неговиот ретровизор се..


Bleskava idnina nema ni za McLaren (Hamilton) ni za BMW ni Renault itn...

Ne deka Button (kopceto) e koj znae kakov vozac ama titulata moze da ja zemi

Prvite lugje sakaa da ja napravat sezonata pointeresna ama e uste podosadna za razlika od Moto GP kade e daleku pointeresno so "Doktorot"
Кон врв
Iron Man Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
железен раз бираш

Регистриран: 11.Јануари.2009
Локација: Antarctica
Статус: Офлајн
Поени: 8032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Iron Man Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Мај.2009 во 22:57


Ред Бул се надеваат дека на следната трка во Монако ќе имаат нови подобрувања со кои ќе можат да бидат поблиску до лидерите Браун. Марк Вебер и Себастијан Фетел во неделата беа на третото и четвртото место зад болидите на Браун во Шпанија, а главниот дизајнер Адријан Њуи се надева дека тимот ќе го има новиот двоен дифузер за трката на 24 мај. "Се работи за нешто што мораме да го завршиме бргу иако нашиот капацитет не е толку голем. Не е лесно само да се постави двоен дифузер бидејќи тој не е дизајниран за нашиот болид од стартот", вели Њуи.
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Мај.2009 во 22:57
Па и не е лош шефов на Ферари голема%20насмевка
Поред батон не гледам блескава иднина ни за Раиконен ни за Маса..
Некако ко бледа сенка во неговиот ретровизор се..
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
Iron Man Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
железен раз бираш

Регистриран: 11.Јануари.2009
Локација: Antarctica
Статус: Офлајн
Поени: 8032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Iron Man Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Мај.2009 во 22:55


Шефот на Ферари, Стефано Доменикали, вели дека единствената позитивна работа за италијанскиот тим од Шпанското ГП е подобрената брзина. Кими Раиконен се откажа поради механички проблем, додека Фелипе Маса заврши како шести откако забави за да сочува гориво. "Мислам дека брзината е единствениот позитивен аспект. Без проблемите Фелипе речиси сигурно ќе се бореше за подиум. Шампионатот не е завршен и треба да се погрижиме да не се повторат грешките", вели Доменикали.
Кон врв
Iron Man Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
железен раз бираш

Регистриран: 11.Јануари.2009
Локација: Antarctica
Статус: Офлајн
Поени: 8032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Iron Man Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Мај.2009 во 22:53


Супер Агури ги отфрли шпекулациите за шокантен кам-бек во формула 1, само една година откако поради финансиски проблеми јапонскиот тим се откажа од спортот. "Нема шанси да се случи тоа. Дури и без светската финансиска криза и влијанието на јапонската економија не можеме да го направиме тоа. Ние веќе еднаш се повлековме. Да имаме 60 милиони $ ќе мораме да стартуваме од почеток", вели поранешниот ко-сопственик на тимот, Фумио Акита
Кон врв
Iron Man Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
железен раз бираш

Регистриран: 11.Јануари.2009
Локација: Antarctica
Статус: Офлајн
Поени: 8032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Iron Man Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Мај.2009 во 21:36


По доминацијата на Браун ГП тимот и проблемите на Мекларен, Мерцедес-Бенц размислува да го додаде своето лого на БГП001 болидот на Браун. По пет трки Браун води убедливо во генерален пласман. "Има можности да се додаде ѕвездата на болидите на Браун. Ќе размислиме за тоа, но не сакаме да се откажеме од партнерството со Мекларен", вели Норберт Хауг од Мерцедес-Бенц.
Кон врв
Iron Man Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
железен раз бираш

Регистриран: 11.Јануари.2009
Локација: Antarctica
Статус: Офлајн
Поени: 8032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Iron Man Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Мај.2009 во 21:29
ФИА со нова истрага за расизам



Светската автомобилистичка федерација (ФИА) ги истражува извештаите откако се појави фан со исцрнето лице на Шпанското ГП во Барселона, каде што лани Луис Хамилтон беше цел на расистички навреди при тренинг на патеката. На сликите има фан со исцрнето лице, раце и нозе, со маичка на Мекларен и со Ф1 волан.
ФИА минатата година ги предупреди шпанските власти дека може да добијат казни доколку има повторување на инцидентите од февруари 2008. Инцидентот доаѓа два дена откако Хамилтон беше почестен од шефот на патеката Рамон Прадерас со специјална церемонија во боксот.
Кон врв
Iron Man Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
железен раз бираш

Регистриран: 11.Јануари.2009
Локација: Antarctica
Статус: Офлајн
Поени: 8032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Iron Man Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Мај.2009 во 21:26
Ред Бул би се повлекле од Ф1, и Бриаторе се заканува



Тимот на Ред Бул е вториот во само два дена кој најавува можно заминување од формула 1 доколку не се случи промена на регулативите за 2010. Со опција на ограничен буџет од 40 милиони фунти, се појавува можност на две "паралелни" серии во Ф1 и тоа не наиде на добар одзив кај тимовите. Тојота јавно објавија дека е можно да се откажат од формула 1 во текот на Шпанското ГП, а сега тоа го вели и Дитрих Матешиц, австрискиот магнат зад тимовите на Ред Бул и Торо Росо.
"Ако предвидените правила за 2010 останат непроменети, ние нема да бидеме во формула 1 шампионатот. Тимовите кои се со производители нема да учествуваат и од сегашните тимови ќе останат само два-три", вели Матешиц.
Рено не се приклучува на заканата за бојкот, но шефот на тимот, Флавио Бриаторе, јасно посочи дека е против ограничениот буџет. Засега само Вилијамс, Браун ГП и Форс Индија ги поднесоа документите до ФИА.
"Со 20 или 25 милиони евра не смееш да можеш да водиш Ф1 тим. Ако го овозможиме тоа, тогаш брендот Ф1 нема да значи ништо. Тоа е како на улица со ексклузивни продавници да отвориш евтина продавница. Без големите имиња, а Ферари е едно од нив, Ф1 не вреди ништо", вели 59-годишниот Бриаторе.
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Мај.2009 во 19:17
Баричело се закани со заминување!

Рубенс Баричело се закани дека ќе си замине од формула 1 ако дознае дека неговиот Браун ГП тим му дава подобри услови за работа на неговиот колега Џенсон Батон. Бразилецот водеше во поголемиот дел од неделното Шпанско ГП, но заврши втор зад Батон откако беше сменета стратегијата со влегување во бокс на Британецот. Батон сега има четири победи од првите пет трки во оваа сезона, додека Баричело двапати беше втор.

"Ако добијам најмал сигнал дека тие го фаворизираат Џенсон, утре ќе ја оставам мојата кацига. Но, знам дека шефот Рос Браун не би го направил тоа. Тој побара од мене да бидам негов возач и знае дека сакам да се тркам фер со Џенсон. Имам доста искуство со такви работи и не следам тимски наредби. Тоа и одамна беше јасно, но сега имаме далеку попријателска атмосфера во тимот", вели Баричело.

Популарниот Рубињо е најискусниот возач во Ф1 историјата, а си замина од Ферари во 2005 година поради тимската стратегија која го фаворизираше седумкратниот светски шампион Михаел Шумахер. Еден од најгрдите моменти во историјата на Ф1 дојде на крајот на Австриското ГП во 2002, кога на Баричело му беше наредено да го пушти Шумахер, по што следуваше забраната на тимските наредби.

По трката во Шпанија, Баричело истакна дека не знае зошто стратегијата на Батон беше променета на две влегувања во боксот, а тој остана на три.

"Не знам зошто ја сменија стратегијата на Џенсон бидејќи двајцата бевме на три влегувања. Пред трката се договоривме дека двата болида одат на три влегувања. Од тогаш знаев дека мојата стратегија може да успее, но дека треба да се потрудам. Но, третиот сет на гуми не беше поволен за мене и не можев да останам пред Џенсон. Сега се оди во корист на Џенсон, но јас сум позитивна личност и морам да останам таков. Сигурен сум дека и мојата победа ќе дојде бргу", додава Баричело.

Шефот на тимот, Рос Браун, пак, се обиде да го утеши Бразилецот додавајќи дека јасно е дека немало тимски наредби.

"Не верувам дека Рубенс мислеше на тимски наредби бидејќи тоа го нема. Мислам дека на првата кривина се виде дека нема наредби бидејќи Рубенс имаше одличен старт и го помина Џенсон. Би сакал Рубенс да победи бидејќи тоа ќе биде одлично за тимот, но немаме приоритети", додава Браун.

Ова е првиот знак на несигурност во тимот на Браун, кој досега имаше старт од соништата во сезона во која не знаеја дали ќе можат да бидат на стартот. Како што вели Браун, доколку двајцата возачи беа брзи во последниот дел од трката, ќе беше неизвесно кој ќе стигнеше до победата. Џенсон Батон исто така вели дека нема ништо сомнително.

"Сите сме тука за да победиме. Денес ова одеше во моја корист, но може да се смени во Монако. Таков е животот во Ф1", вели Батон, кој има 14 поени повеќе до Баричело на првото место во генерален пласман.
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Мај.2009 во 17:41
Хамилтон во дебела сенка на Батон

Водечкиот во Шампионатот на Ф1- по пет трки има 32 поена повеќе од бранителот на титулата

Двајцата британски возачи во Формула 1 продолжија со заземањето спротивни краишта од спектрумот минатиот викенд кога Џенсон Батон додаде уште еден плус во својот старт од соништата додека Луис Хамилтон остана да се бори со кошмарот што изгледа како да нема крај за него сезонава. Браун ГП беше доминантен и во неделната трка во Барселона, па ако беше прифатен планот на Берни Еклстоун за доделување медали по урнек на олимпијадите Батон ќе беше на добар пат да ја обезбеди титулата пред паузата во август. Во петтата трка сезонава, Големата награда на Шпанија, 28-годишникот ја забележа својата четврта. Дури и според сегашниот систем на бодување, големи се шансите шампионатот да биде решен доста пред ноемвриското финале во Абу Даби.

Батон повторно освои повеќе поени во еден викенд од бранителот на титулата Хамилтон од Мекларен, кој заврши деветти. И покрај тоа што доби само половина од поените за својата победа во прекинатата трка поради дожд во Малезија, Британецот води кај возачите со 41 поен, 14 повеќе од тимскиот колега Рубенс Барикело, а Хамилтон е седми со само девет бода. Батон сам има освоено само 1,5 поен помалку од Ферари, Мекларен, Рено, БМВ Заубер, Вилијамс, Торо росо и Форс Индија заедно! Браун ГП, пак, има повеќе поени (68) од второпласираниот Ред бул (38,5) и Тојота (26,5) заедно.

„Сонот ни се оствари во досегашниот тек на сезоната“, изјави Батон по втората еден-два победа на Браун годинава. „Дури и кога изгледа тешко, способни сме да победиме. Кога оди - оди, нели? Така беше и лани. Кога тргна лошо, заврши навистина лошо. Навистина се чувствувам како да сум на врвот на светот во моментов“.

Првата трка во Европа сезонава малку придонесе за зголемување на самодовербата на страдалничката елита, која од своите претходни височини годинава тресна на земја. Браун е недофатлив, а Ред бул се' уште му е најблизок гонител. Шампионот Ферари покажа знаци на напредок, но и понатаму го мачи непостојаноста. Мекларен го нема никаде.

„Што да правам? Го оставив срцето на патеката, како и секогаш“, слегнува со рамената Хамилтон. „Едноставно, болидот не е добар. Срамота е што не ми дадоа болид со кој ќе можев да ја бранам титулата. Тој е толку лош. Безнадежен. Во моментов е сигурно дека немаме болид за освојување на првенството, иако тимот работи напорно и моралот е на високо ниво“.

Пешкирот практично го фрли во рингот и вицешампионот Фелипе Маса од Ферари, изјавувајќи дека Браун и Батон отидоа премногу напред за да бидат достигнати од Бразилецот и од неговиот тим, но тимскиот шеф на Мекларен, Мартин Витмарш, не прифаќа дека играта заврши.

„Ова беше многу тежок викенд, но има и некои позитивни страни“, изјави тој. „Ние ќе продолжиме да притискаме. Ние сме борци, ние сме возачи и ќе продолжиме да се бориме“.


Кон врв
Iron Man Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
железен раз бираш

Регистриран: 11.Јануари.2009
Локација: Antarctica
Статус: Офлајн
Поени: 8032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Iron Man Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Мај.2009 во 04:17
САМО ТРИ Ф1 ЕКИПИ СОГЛАСНИ ЗА 2010



За време на гран при викендот во Шпанија се избистрија работите по прашање на прифаќање на ултиматумот од страна на ФИА, со кој Макс Мозли прогласи дека кој сака да настапува во 2010 во Формула 1 ќе мора да ја поднесе својата апликација до 29 мај оваа година, но голем број од екипите имаат забелешки на правилата кои федерацијата сака да ги имплементира од идната сезона. Поради тоа, најпрвин Тојота, а потоа и Ред Бул и Торо Росо, отворено потврдија дека нема да ги поднесат апликациите во таква форма. Најголем дел од екипите се против системот кој сугерира двојни правила, едни за тие што ќе прифатат буџетски лимит од 45 милиони евра, а други (далеку порестриктивни од техничка страна) за оние кои ќе се определат да трошат над таа сума.



- Не верувам дека ова е единствено мислење меѓу натпреварувачите. Нема таков износ на средства кој ќе ги надомести разликите. Верував дека здравиот разум ќе надвладее, но морам да кажам дека сега сум песимист,- изјави за Ројтерс претседателот на Тојота, Џон Хаует.

- Условите во моментов не се такви за да пријавиме екипа за следната година. Од другите екипи само две или три ќе останат,- се надоврза Дитрих Матешиц, сопственикот на компанијата Ред Бул, во интервју за весникот Нахрихтен од Салцбург.



Со тоа се очекува предлогот на Мозли да биде прифатен само од најмалите, приватни екипи, како Форс Индија и Браун, додека Вилијамс иако е за лимитирање на буџетите, не поддржува двојни правила. Долгогодишниот технички директор и косопственик на Вилијамс, Патрик Хед, смета дека предноста би се должела на фактот што тимови кои би имале техничка слобода би користеле флексибилни крила, при што теоретски би имале предност од секунда и пол или две секунди по круг, што со други зборови, не може да се постигне со неограничено трошење.



Сличен е и ставот на сите екипи кои се под капата на некоја автомобилска фабрика. Закани за напуштање на првенството имаше од Ферари и БМВ Заубер, при што првите имаа директна медиумска комуникација со Макс Мозли. Берни Еклстоун се обиде да ја смири тензијата, откако Мозли изјави дека спортот ќе преживее и без Ферари.

- Формула 1 е Ферари и Ферари е Формула 1. Тоа е како брак од рајот, една од тие работи кои функционираат добро,- рече Еклстоун.


Крајниот рок за доставување на апликацијата за влез во шампионатот, поткрепена со 309 000 евра е 29-ти мај, односно уште 19 дена. Најави има дека Макс Мозли ќе се сретне со претставници на тимовите следната недела во Лондон, но без прецизирање на точниот датум, поради семејната трагедија и загубата на 39-годишниот син Александар. Дополнително, Мозли вети дека во јуни ќе објави и дали ќе се кандидира за нов мандат како претседател на ФИА, што секако ја усложнува работата во преговорите, бидејќи евентуалниот негов наследник можеби нема да размислува како него.
Кон врв
Iron Man Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
железен раз бираш

Регистриран: 11.Јануари.2009
Локација: Antarctica
Статус: Офлајн
Поени: 8032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Iron Man Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Мај.2009 во 04:11


Иако плановите на УСГПЕ за влез во формула 1 од следната сезона се познати, Берни Еклстоун најавува дека има два американски тима кои се борат за место. Шпекулациите велат дека ИндиКар тимовите Пенске и Андрети Грин се заинтресирани за трансфер од другата страна на Атлантикот. "Има два американски тимови. Тоа е супер, што има нови лица", вели Еклстоун.
Кон врв
Iron Man Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
железен раз бираш

Регистриран: 11.Јануари.2009
Локација: Antarctica
Статус: Офлајн
Поени: 8032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Iron Man Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Мај.2009 во 04:08


Разочараниот светски шампион Луис Хамилтон по нова лоша трка во Барселона остана без поени и на седмото место во генерален пласман со ист број на поени со својот поранешен колега Фернандо Алонсо. "Што можам да кажам? Возев до максимум, како и секогаш, но болидот не одеше... Не размислувам за титулата, бидејќи не сме стигнале до половина на сезоната, но јасно е дека немам болид за титулата. Штета бидејќи тимот работи напорно, моралот е на високо ниво, но ништо не оди. Едноставно нема надеж", вели Хамилтон.

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2324252627 55>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,267 секунди.