IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Формула 1 и Мото грандпри
  Активни теми Активни теми RSS - F1 Вести
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

F1 Вести

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2627282930 55>
Автор
Порака Обратен редослед
Iron Man Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
железен раз бираш

Регистриран: 11.Јануари.2009
Локација: Antarctica
Статус: Офлајн
Поени: 8032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Iron Man Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Мај.2009 во 23:15
Целосно преуредениот Ф60 болид на Ферари дебитираше на патеката Ваирано во петокот. Новиот пакет е 15 килограми полесен од оригиналната верзија и тестираше брзина на рамнина со Марк Хене зад воланот. Со намалената тежина, Ферари ќе можат да го користат Системот за поврат на кинетичка енергија (КЕРС), и би добиле неколку десетинки по круг. Италијанскиот им веќе потврди дека новиот аеродинамички пакет ќе вклучува и ткн. "двоен дифузер".
*
Рон Денис веќе не е дел од Ф1 тимот на Мекларен, но, сепак, сака да види неговиот тим да биде конк*рентен оваа сезона по проблематичниот старт на сезоната. "Луис секогаш бил одличен возач и секогаш ќе биде, но Мекларен мора да му дадат опрема за да победува. Сите инженери, дизајнери и механичари работат на тоа. Сега ги гледам Ф1 трките од далечина, но се надевам дека тимот ќе биде далеку подобар во следните трки", вели Денис.
*
БМВ Заубер тимот признава дека стартот на 2009 не задоволува, но шефот на тимот, Марио Тајзен, вели дека со подобрувањата за Шпанското ГП ќе се намали разликата. "Шпанското ГП го одбележува стартот на европската сезона по 4 трки на страна и е старт на вториот дел од шампионатот. Болидот не е доволно брз и имаме само еден подиум на Ник Хајдфелд во Малезија, и затоа сега е потребно да се направи нешто повеќе во Барселона", вели Хајдфелд.
*
Марк Вебер вели дека е изненаден што последниот пад на Михаел Шумахер не го натерал Германецот да се откаже од трките на мотоцикли. Иако немаше сериозни повреди, седумкратниот Ф1 шампион Шумахер падна толку силно на тестирањето во февруари, што го откажа учеството на првата трка на Германскиот Супербајк Шампионат. Како и Шуми, и возачот на Ред Бул, Вебер е добар пријател со петкратниот 500сс шампион Мик Дуан. "Тие машини се неверојатни, но не би сакал да се тркам на нив. Мик ме предупреди дека додека не го погодиш вистинското, паѓаш најмалку 10 пати. Ако си млад и тоа е дел од работата го прифаќам, но кога си постар тоа не е препорачано. Михаел би требало да послуша", вели Вебер.
Кон врв
Iron Man Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
железен раз бираш

Регистриран: 11.Јануари.2009
Локација: Antarctica
Статус: Офлајн
Поени: 8032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Iron Man Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Мај.2009 во 23:10
ХАМИЛТОН СЕ ОТКАЖАЛ ОД РОН ДЕНИС?

Според британските медиуми, Рон Денис бил "отфрлен" од Луис Хамилтон откако возачот на Мекларен одбил да каже добар збор за човекот кој му беше ментор на доделувањето на Наградите на спортската индустрија во Британија. Денис, кој доби награда за животно дело за 40-годишното учество во мотоспортот, зборуваше блескаво за Мекларен само две недели пред да ја добие наградата.

"Кога се зборува за Мекларен, зборот тим не е доволен. Мене повеќе ми се допаѓа името семејство", изјави Денис.

Но, ниту еден член на "семејството" Мекларен не беше присутен на доделувањето на наградата на Денис, освен двата поранешни возачи на тимот, Мика Хакинен и Алан Прост. Според британскиот Дејли Мејл Хамилтон неколкупати ги одбивал предлозите да биде присутен на доделувањето, а одбил и да прати мала изјава за поддршка. Мекларен не пратиле ниту еден претставник и масата со 10 резервирани места за тимот била празна. Според британскиот тим, поканата пристигнала предоцна.

Денис се откажа од сите Ф1 активности оваа година и го препушти тимот на Мартин Витмарш. Многумина сметаа дека ова откажување дојде по барање на ФИА, кои само условно го казнија тимот поради "лажењето" на стјуардите на Австралиското ГП. Хамилтон инаку дојде во Мекларен откако од својата 10. година ја имаше поддршката на Мекларен и посебно на Рон Денис.
Кон врв
Iron Man Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
железен раз бираш

Регистриран: 11.Јануари.2009
Локација: Antarctica
Статус: Офлајн
Поени: 8032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Iron Man Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Мај.2009 во 23:06

ФОРМУЛА 1 - ВОЈНАТА СКУДЕРИЈА-ФИА НА НОВО НИВО

МОЗЛИ: "ФОРМУЛА 1 МОЖЕ И БЕЗ ФЕРАРИ"

Формула 1 може да преживее и без Ферари, доколку најстариот, најуспешниот и најпознатиот формула 1 тим си замине поради воведувањето на ограничување на буџетот, вели претседателот на ФИА, Макс Мозли. Во саботното интервју за Финеншл Тајмс, Мозли признава дека е вклучен во борба за моќ која планира да ја добие.
Тој јасно кажува дека нема да се откаже од тоа во 2010 да им дозволи на тимовите да се натпреваруваат со изборен ограничен буџет од 40 милиони фунти, во замена за поголема техничка слобода во однос на тимовите за неограничен буџет.
Овој потег, кој Мозли го опишува како "најголем развој во моето време во спортот", беше пречекан со оптимизам од можните нови независни тимови, но претседателот на Ферари, Лука ди Монтеѕемоло, прати писмо до Мозли во кое предупредува дека формула 1 на две нивоа ќе биде "не-фер". Монтеѕемоло дури предупреди дека постојаното учество на Ферари во Ф1 не може да биде гарантирано.
"Јас лично имам многу страст и Ферари имаат многу страст, но ова не е приказна без крај", објаснува Монтеѕемоло.
Ферари се во Ф1 од првата трка во 1950 година, и заедно со Монако ГП се "симболот" на спортот. Тие беа шампиони осум пати во последните 10 години. Но, за Мозли тоа не е проблем.
"Спортот може да преживее без Ферари. Ќе биде многу, многу тажно да ги загубиме Ферари бидејќи тоа е италијанскиот национален тим", вели Мозли.
Тој додава дека има "елементи во сегашните тимови", кои сметаат дека треба да го водат спортот место ФИА или Берни Еклстоун, кој го претставува носителот на комеријалните права ЦВЦ.
"Последно нешто што сакаат е да има нови тимови кои ќе бидат еднакви со нив. Тоа се работи во позадината. Има елементи кои го водат спортот и јас би сакал да осигурам тоа да бидам јас", вели Мозли.
Британецот додава дека влогот е преголем за да се шпекулира со "колапс на Ф1" поради желбите на најмоќниот формула 1 тим, но смета дека Лука ди Монтеѕемоло едноставно не ги знае фактите.
"Се надевам дека с$ ќе се смени. Тој ќе оди пред својот борд и ќе каже дека сака да оди во војна со ФИА бидејќи сака да троши 100 милиони фунти повеќе од ограничувањето. Тогаш бордот ќе одговори: 'зошто ти не можеш да трошиш 40 милиони фунти како другите'", оценува Мозли.
Според него пораката која ја добива од бордовите на два-три големи производители е дека тие ќе се обврзат на долгорочна иднина на спортот ако се намалат трошоците.
"Кризата с$ уште го нема погодено спортот. Очигледно ја загубивме Хонда, но вистинските проблеми ќе дојдат кога ќе завршат сегашните спонзорски договори. Во моментов тука се ИНГ, РБС, Алианц и другите големи спонзори кои ќе се повлечеа оваа година да немаа обврзувачки договори. Верувам дека Формула 1 Менаџментот (ФОМ) на Берни Еклстоун нема да може да им даде многу пари на тимовите по оваа сезона", додава Мозли.
Од Ферари, пак, сакаа да ги отфрлат шпекулациите дека се пред откажување од спортот по писмото на Монтеѕемоло.
"Ние веруваме дека спортот мора да ги задржи своите принципи и да остане на врвот за развојот и спортот да биде и техничко натпреварување", велат од Скудерија.
Кон врв
Iron Man Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
железен раз бираш

Регистриран: 11.Јануари.2009
Локација: Antarctica
Статус: Офлајн
Поени: 8032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Iron Man Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Мај.2009 во 01:05
Берни им го „изеде“ мастилото на тркачите


Спортските медиуми во различни вести го имаат промотерот на Формула 1, Берни Еклстоун, како главен соговорник на различни теми. Тој во одделни интервјуа се осврнува и на економската проблематика, и на евентуалниот трансфер на Алонсо во Ферари, но и на тоа како да се подигне популарноста на спортот. Иако на Формула 1 и се случува еден од најнеочекуваните почетоци на сезоната, какви што ретко имало во историјата, медиумите очигледно не се многу посветени на трките, туку предност им даваат на содржините надвор од патеката.

Правејќи споредба со фудбалот, Берни вели дека иако е гламурозна и префинета, Формула 1 во моментов нема ѕвезда како што се тоа одредени играчи, кои прераснаа и во модни и рекламни икони.

- Во Формула 1 немаме некој како Меси. Или Бекам, тој би бил идеален,- изјави 78-годишниот менаџер за Ел Мундо, кој со Флавио Бриаторе е косопственик на екипата Квинс Парк Ренџерс.

Иако пред година-две прокоментира дека Даника Патрик не би се снашла во Формула 1 и дека е подобро да остане во кујна покрај тенџерињата, сега Еклстоун на шега додал дека идеално за спортот би била да имаат жена возач.

- Во идеални услови, таа би била Еврејка, но и црна,- гласи рецептот на Берни.

Наспроти очекувањата тој да ги потрвди гласините за наводниот трансфер на Алонсо во Ферари, како што и самиот изјавил претходно, седокосиот милијардер сега вели дека од тоа нема ништо.

- Тој нема потпишан договор со Ферари. Ми кажаа дека сум згрешил. Пред многу време разговарав со Емилио Ботин (директор на Банко Сантандер – з.а.), па јас му го реков тоа што е логично, дека нивното лого е црвено, исто како бојата на Ферари. Но сега знам дека ако Алонсо отиде таму, тоа ќе биде затоа што тие мислат дека може да биде шампион, а не поради спонзорот,- тврди Берни.

Од друга страна, Берни Еклстоун е цитиран од Фајненшал тајмс дека желбите на тимовите да бидат плаќани повеќе не кореспондираат со реалната состојба. Договорот со кој се регулираат правата и обврските меѓу организаторот и екипите истече во 2007 година, по што постои само „меморандум за разбирање“ кој не е обврзувачки.

- Тие сакаат да бидат плаќани на идентичен начин како кога беа посветени со договор на пет години, но сега не сакаат да се обврзат. Тие не треба да ги добијат парите од наградите, бидејќи сега работиме по принципот „кеш по завршена работа“. Ако сакаат да бидат платени целосно, треба да потпишат договор. Треба да се вратиме на стариот систем каде што екипите меѓу себе делеа 47% од парите за продажба на ТВ правата. Би требало да им плаќаме помалку на тимовите, а за возврат да бараме помали лиценци од автодромите,- изјавува Берни за овој финансиски журнал.



Кон врв
Iron Man Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
железен раз бираш

Регистриран: 11.Јануари.2009
Локација: Antarctica
Статус: Офлајн
Поени: 8032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Iron Man Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Мај.2009 во 00:59
Лауда и Баричело имаат билет за Вирџин Галактик


Сопственикот на компанијата Вирџин, Ричард Бренсон, откри дека Ники Лауда посетува тренинг за астронаут со идеја да го вози шатлот со кој ќе се превезуваат патници во вселената, што е отелотворување на идејата која неговата фирма ја нуди како хедонистичко задоволство од највисок туристички ранг. Меѓу патниците ќе биде и Рубенс Баричело, актуелниот возач на Браун Мерцедес.

- Рубенс купи билет за вселената, а Ники тренира да биде астронаут,- откри Бренсон во Бахреин.

- Сум бил пилот долги години, летав со Боинг и со Ер-бас, па мојот единствен сон е да пилотирам со вселенски брод. Отсекогаш сум го сакал тоа, но беше невозможно, бидејќи само Американците го прават тоа. Кога го видов овој проект, бев првиот што тропна на вратата,- откри Лауда, кој по трите титули во Формула 1 ја лансираше компанијата за прекуокеански летови, Лауда Ер, што подоцна беше купена од Аустриан Ерлајнс.

- За мене е задоволство да бидам инволвиран во Вирџин Галактик, бидејќи од дете имав јасни чувства дека сакам да одам во вселената. Станав тркачки возач, што значи дека возам брзи коли, но сакам да видам како е таму горе. Кога го видов ова, прашав дали можам да бидам дел од него, па Ричард ми овозможи да бидам онаку каде што многумина сакаат да бидат,- изјави Рубенс Баричело.
Инаку, компанијата Вирџин во Бахреин настапуваше токму со логоата на нивната фирма која нуди вселенски услуги. Сопственикот Бренсон, изјави дека дале понуда Вирџин да биде и насловен спонзор на тимот, но бидејќи преговарале и други екипи, зделката се уште не е сигурна, а тие би се повлекле истиот момент кога би дошол некој друг и би понудил многу пари за тој брендинг.
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Април.2009 во 17:13
Условна казна за Мекларен

Екипата на Мекларен е условно казнета со забрана за учество на три трки од шампионатот на Формула-1 циклусот. Оваа казна ја одлучи автомобилската федерација на состанокот во Париз. Казната и изречена поради познатите случувања на квалификациите за големата награда на Малезија.

Меѓутоа, доколку екипата упати официјално извинување и ја признае вината дека пробала да го измами судијата на трката за Малезија, казната ќе стапи на сила само ако се повтори прекршокот.

Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Април.2009 во 20:44
Pa ne bi rekla deka e za nisto, ama ne mi e jasno sepak zasto da ja otkazat trkata.
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Април.2009 во 20:41
Ajdeee!!! Mnogu panika se kreva za nisto! A sega duri i F1 ke se otkazuva radi ova

Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Април.2009 во 20:40
Свинскиот грип ја откажува трката во Барселона?!

Откако поради можно ширење на заразниот свински грип беа откажани одделни фудбалски случувања во земјата од каде доаѓа болеста, Мексико, сега таа му се закани и на елитното автомобилистичко натпреварување, Формула 1.

Следната трка во Формула 1, петта овосезонска, за Големата награда на Шпанија, на програмата е на 10 мај на стазата "Циркуит де Каталуња", во близина на Барселона, а за истата веќе се продадени 60 илјади карти.

Токму Каталонија е подрачјето во кое досега се забележани најмногу случаи на заразниот свински грип во цела Европа, поради што, пишуваат некои шпански медиуми би можело да биде загрозено одржувањето на трката.

Светската здравствена организација прогласи четврти степен на узбуна од епидемија на свинскиот грип од кој засега во Мексико смртно настрадаа повеќе од сто луѓе.
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Април.2009 во 17:13
Што е тајната на задните дифузори на Браун, Тојота и Вилијамс
Задните дифузори кои ги имаат тимовите на Браун, Тојота и Вилијамс, според многумина се “виновни” за добрите перформанси на овие тимови, а според другите тимови тие беа нелегални. После прогласувањето на легалноста, ние ќе ја откриеме “тајната” на подните спојлери.



На приложената слика, која е пример од дифузорот на тимот на Тојота, може да се види дека спорниот дел има неправилен облик, односно средниот дел е повисок од страничните, кои се во дозволената висина од пропишаните 175 mm. Сепак, според правилата дозволени се зафати токму во спорниот централен дел и тоа 150 mm од средината (надолжната оска). На инженерите на трите спорни тимови им текнало дека тој централен дел (кој не е ограничен висински), можат да го спојат со дифузорот и така да добијат поголем проток на воздух и подобар downforce. Тука законот не е изигран, бидејќи самиот дифузор е висок 175 mm, а додатниот отвор пак ја задоволува побараната ширина од 150 mm. Интелигентниот потег на Браун и Тојота им донесе прво и трето место во генералниот пласман по првите три трки и видливо добри перформанси на тимот на Вилијамс.



На примерот на дифузорот од тимот на Мекларен, јасно се гледа дека таков централен дел не постои, односно дека е присутен само дифузорот. На оваа слика може да се види и дека таквиот дифузор овозможува многу помал проток на воздух, што го намалува прилепувањето на подлогата, а со самото тоа и перформансите во побрзите свиоци.

Токму поради погоре напишаното, овие дифузори беа прогласени за легални. Впрочем, трите тимови кои ги користат, за цело време на зимските тестирања ја консултирале FIA и добивале позитивни одговори. Се очекува после доаѓањето во Европа и другите тимови да почнат да ги вградуваат спорните дифузори на своите болиди.

Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Април.2009 во 16:52
Батон ја "уништи" конк*ренцијата во Бахреин

Џенсон Батон го зголеми водството во генерален пласман во формула 1 во неделата кога со Браун ГП стигна до својата трета победа во четири трки оваа сезона. Британецот победи со солидни 7 секунди предност пред победникот од Шангај, Себастијан Фетел во Ред Бул, додека Јарно Трули во Тојота, кој стартуваше од пол-позицијата, мораше да се задоволи со третото место.

Батон, кој сега има 4 победи во кариерата, има 31 поен во генерален пласман, далеку пред својот тимски колега Рубенс Баричело со 19 и Фетел со 18. Шампионите кај конструктори, Ферари конечно ги освоија своите први поени оваа сезона, откако светскиот шампион од 2007 Кими Раиконен заврши како шести.

Актуелниот шампион Луис Хамилтон во Мекларен, кој може да добие остра казна на сослушувањето во Париз во среда за лажењето на стјуардите на Австралиското ГП, беше четврти по одличниот старт, додека Баричело беше петти пред Раиконен. Последните поени на жешкото попладне ги освоија Тимо Глок на 7. место и двократниот светски шампион Ферандо Алонсо во Рено.

Глок полесен од неговиот колега Трули имаше побрз старт и водеше во првите 10. кругови пред да влезе во боксот. Батон го презеде водството во 13. круг, и потоа само им дозволи на кратко на Фетел и Раиконен да бидат на првото место кога беше во боксот. Тој посебно беше во контрола во последната третина од трката.

"Одиме во Европа со добри поени. Сакам да го повториме ова во Барселона. Ова беше тежок викенд и немавме предност како на првите трки, бидејќи некои тимови веќе не поминаа. Првиот круг беше клучен денес, бидејќи знаев дека Фетел има доста гориво, но добро беше што на крајот на тој круг бев трет. Ова беше најдобрата победа оваа година бидејќи немавме доминација", вели Батон.

Јапонскиот гигант Тојота се надеваше на првата победа во историјата на тимот откако имаа 1-2 на квалификациите, но различната стратегија за гумите не се покажа како успешна. Тие избраа поспорите "средни" гуми да ги искористат во средината на трката и побрзите супер-меки во последниот дел од трката бидејќи не беа сигурни дека тие ќе издржат долго. Останатите решија да одат со "средни" до последниот обид, а брзината на Мекларен покажа дека тоа беше подобра тактика. Иако Трули беше побрз во последните 16 круга од Фетел, не можеше да го помине Германецот.

"Разочаран сум бидејќи ја чекавме оваа прва победа за Тојота толку долго. На стартот имав проблеми со маслото и потоа беше тешка трка. Не бевме многу брзи на потврдите гуми и Себастијан успеа да го искористи тоа", вели Трули.

Луис Хамилтон од друга страна беше презадоволен од 4. место.

"Секако дека сум пресреќен. Стартував како петти, но имав добар старт. Но, Ред Бул, Тојота и Браун се пребрзи на кривините. Не можев да останам со нив. Имаме многу работа пред нас. Долга трка на оваа жештина", коментира Хамилтон.

Поради стратегијата на Тојота, Кими Раиконен мораше да се бори во финишот на трката за да го остави Глок зад него, но успеа со умно користење на КЕРС копчето да ги освои првите поени за Ферари.

Вистинска катастрофа доживеа тимот на БМВ, кои откако лани се бореа за победи, овојпат беа заковани на последните две места на трката.

РЕЗУЛТАТИ (БАХРЕИН ГП)

1.Џенсон Батон (Браун) 1:31:48.182 10

2.Себастијан Фетел (Ред Бул) +7.187 8

3.Јарно Трули (Тојота) +9.170 6

4.Луис Хамилтон (Мекларен) +22.096 5

5.Рубенс Баричело (Браун) +37.779 4

6.Кими Раиконен (Ферари) +42.052 3

7.Тимо Глок (Тојота) +42.880 2

8.Фернандо Алонсо (Рено) +52.775 1

9.Нико Розберг (Вилијамс) +58.198

10.Нелсон Пике Јуниор (Рено) +1:05.149

11.Марк Вебер (Ред Бул) +1:07.641

12.Хеики Ковалаинен (Мекларен) +1:17.824

13.Себастиен Бурде (Торо Росо) +1:18.805

14.Фелипе Маса (Ферари) +1 круг

15.Џанкарло Физикела (Форс Индија) +1 круг

16.Адријан Зутил (Форс Индија) +1 круг

17.Себастиен Буеми (Торо Росо) +1 круг

18.Роберт Кубица (БМВ) +1 круг

19.Ник Хајдфелд (БМВ) +1 круг

НЕ ЗАВРШИ

20.Казуки Накаџима (Вилијамс) +9 кругови

ГЕНЕРАЛЕН ПЛАСМАН

ВОЗАЧИ


1.Џенсон Батон (Браун) 31

2.Рубенс Баричело (Браун) 19

3.Себастијан Фетел (Ред Бул) 18

4.Јарно Трули (Тојота) 14.5

5.Тимо Глок (Тојота) 12

6.Марк Вебер (Ред Бул) 9.5

7.Луис Хамилтон (Мекларен) 9

8.Фернандо Алонсо (Рено) 5

9.Ник Хајдфелд (БМВ) 4

9.Хеики Ковалаинен (Мекларен) 4

11.Нико Розберг (Вилијамс) 3.5

12.Кими Раиконен (Ферари) 3

12.Себастиен Буеми (Торо Росо) 3

14.Себастиен Бурде (Торо Росо) 1

КОНСТРУКТОРИ

1.Браун ГП Мерцедес 50

2.Ред Бул Рејсинг Рено 27.5

3.Тојота Панасоник 26.5

4.Мекларен Мерцедес 13

5.Рено Ф1 5

6.БМВ Заубер 4

6.Скудерија Торо Росо Ферари 4

8.Вилијамс Ф1 Тојота 3.5

9.Скудерија Ферари 3

-.Форс Индија Ф1 Мерцедес 0
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Април.2009 во 16:25
Џенсон Батон трет пат победи сезонава

Британецот Џенсон Батон победи денес на Големата награда на Бахреин и така ја забележа третата победа во четвртата трка во Формула 1 сезоната.

Германецот Себастијан Фетел беше втор, а Италијанецот Јарно Трули заврши на третото место и не ја искористи пол позицијата освоена на вчерашните квалификации..

Батон води во шампионатот во Формула 1 со 31 поен, Бразилецот Рубенс Барикело кој денес заврши на петтото место е втор со 19, а Фетел трет со 18 поени.


Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Април.2009 во 15:55
Momentalna Tabela vo F1 2009

1.     Jenson Button 21
2.     Rubens Barrichello 15
3.     Sebastian Vettel 10
4.     Timo Glock 10
5.     Mark Webber 9,5
6.     Jarno Trulli 8,5
7.     Nick Heidfeld 4
8.     Fernando Alonso 4
9.     Heikki Kovalainen 4
10.     Lewis Hamilton 4

Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Април.2009 во 17:40
Мекларен ќе се откаже од Ф1 ако спонзорите заминат!

Мекларен може да биде принуден да се повлече од формула 1 доколку тимот добие суспензија и "нереално висока" казна за нарушувањето на угледот на спорот на сослушувањето на ФИА во Париз на 29 април. Според британскиот Дејли Телеграф, агентите на главните спонзори на британскиот тим се сретнале со ФИА и Формула 1 менаџментот (ФОМ) на Берни Еклстоун да им ја соопштат сериозноста на ситуацијата доколку Мекларен се суспендирани на сослушувањето во средата.

Мекларен ќе одговараат за пет обвиненија дека лажеле пред стјуардите на трката во Австралија и Малезија, поради што на Јарно Трули и Тојота им беше одземено третото место од трката во Мекларен. Покрај ова тие се обвинети дека побарале од светскиот шампион Луис Хамилтон да ја поддржи лагата. За ова тимот веќе доби дисквалификација од Австралиското ГП и ги загуби поените од трката, додека спортскиот директор Дејв Рајан, на кого падна целата вина, е отпуштен.

Рон Денис, извршниот директор на Мекларен Аутомотив, исто така се повлече од спортот во обид да се удоволи на ФИА, со кои тој имаше тешки односи. Но, ФИА продолжуваат со истрагата за случајот поради кој Луис Хамилтон се извинуваше јавно на патеката Сепанг пред три недели.

"Можам да кажам дека ако има непропорционално голема казна за Мекларен, спонзорите ќе си заминат. Мислам дека главната цел беше ФИА да се ослободи од Рон Денис. ФИА дозволи ситуацијата да ескалира и така нема добро за никого, за Мекларен, за ФИА и за спортот. Спонзорите ќе размислат за влегување во спортот", вели еден анонимен член на Мекларен.

Суспензија од две трки каква што тимот на БАР Хонда доби во 2005 би значела Мекларен да не настапи на трките во Барселона и Монако. Шпанија е клучен пазар на Банко де Сантандер, еден од главните спонзори на тимот, додека Монако е најважната трка од сезоната од гледна точка на спонзорите. Со суспензија од четири трки би се вклучило и Британското ГП во Силверстоун.

Ако се оцени дека Мекларен се виновни според членот 151Ц од спортските правила, тоа ќе биде вторпат во три години да добијат ваква казна. Последниот пат во 2007 поради поседување на нелегални документи на Ферари добија 100 милиони е казна. Ако ова е случај, тогаш клаузулите во договорите на главните спонзори, како Водафон и Диагео (сопсвеникот на Џони Вокер) дозволуваат тие да си заминат, со што еден од најголемите тимови во Ф1 ќе остане без спонзори во ситуација на глобална рецесија.

Според шпекулациите, 10-годишниот договор на Водафон со Мекларен потпишан во 2007 со опција за раскинување по пет години вреди околу 800 милиони е, додека договорот на Диагео е околу 45 милиони е годишно. Ексон Мобил и Банко де Сантандер се вторите два големи спонзори на тимот. Мекларен вработува околу 600 луѓе.

На овие песимистички најави се надоврза и Хелмут Ленсе, кој се наоѓа во бордот на Дајлмер, татковската компанија на Мерцедес, кој призна дека формула 1 учеството не е воопшто сигурно. Мерцедес страда во економската криза и Ленсе смета дека парите може да се потрошат на подобар начин. Мерцедес има 40% акции во Мекларен.

"Дајмлер мора да има цел во зелената технологија. Дали тука се вклучува и формула 1? Место да се грижиме за формула 1, можеби треба да се концентрираме на еколошките технологии", смета Ленсе.
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2627282930 55>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,203 секунди.