![]() |
|
F1 Вести |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 2425262728 55> |
Автор | |
fiks ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ![]() ![]() ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Алонсо и Хамилтон против системот, се јави и Шуми!
![]() Новите
правила за одредување на титулата во формула 1, одобрени од ФИА оваа
недела не се пречекани најдобро меѓу формула 1 возачите. Актуелниот
шампион Луис Хамилтон за германскиот Билд изјавува кратко "не ми се
допаѓа", додека со него се согласи и неговиот поранешен клупски колега,
двократниот шампион Фернандо Алонсо, кој сега вози за Рено. И ШУМАХЕР ШОКИРАН ОД ФИА Се јави и седумкратниот светски шампион, Михаел Шумахер, кој новите правила на ФИА ги нарече "неверојатни". Шуми се повлече од Ф1 по крајот на сезоната 2006 со неверојатни 91 ГП победи и седум светски титули. "Не можам да замислам како овие промени ќе и помогнат на формула 1, посебно со новиот систем по кој треба да се пронајде шампионот. Каква смисла има на крајот да има шампион со помалку поени од второпласираниот, и покрај тоа што сметам дека победите треба да важат повеќе. Формула 1 мора да остане врвот на мотоспортот, да се покаже натпреварувачкиот дух и највисоката технологија. Патот на кој сме тргнале не е добар", вели Шумахер. |
|
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|
![]() |
|
гoстин ![]() Сениор ![]() Регистриран: 29.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7557 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
ФИА попушти, останува стариот систем на бодување
ФИА попусти, останува стариот систем на бодување Во новата сезона во Формула 1, која почнува на 29. март со трката за Големата награда на Австралија, ќе важат старите правила на бодување. Бидејќи новиот систем, по кој беше предвидено да титулата ја освои возачот со најмногу победи, наиде на жестоки критики од возачите, тимовите и јавноста. Светската автомобилска федерација (ФИА), одлучил да попушти. ФИА денес соопшти дека во новата сезона ќе важат досегашните правила, а новиот систем ќе стапи на сила 2010. година. ![]() |
|
|
|
![]() |
|
blackeye ![]() Сениор ![]() ![]() The Body Регистриран: 24.Август.2007 Статус: Офлајн Поени: 4058 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Останува стариот ситем на бодување, сепак![]() Бидејќи новиот систем, по кој беше предвидено да титулата ја освои возачот со најмногу победи, наиде на жестоки критики од возачите, тимовите и јавноста. Светската автомобилска федерација (ФИА), одлучил да попушти. ФИА денес соопшти дека во новата сезона ќе важат досегашните правила, а новиот систем ќе стапи на сила 2010. година. Предлогот на ФОТА ( здружение на возачите) за промена на системот на бодување, наместо 10 победникот на трката да добие 12 поени, вториот 9 место 8, а на третопласираниот да му се додели 7 месо 6 бодови не е прифтен. Бодувањето ќе се врши по стариот систем што ќе го одреди пласманот во конк*ренција на конструктори. Возачите воопшто не беа одушевени од новото правило кое ќе го даде новиот првак во Формула 1, две недели пред почетокот на сезоната. Сепак, новото првило наиде и на разбирања кај некои од пилотите, како Џенсон Батон кој во новата сезона ќе вози за тимот на Браун ГП, наследник на Хонда. |
|
Ne znam kako da pobegnem
od sna, I ne znam dal' te iko voli kao ja, Al' ne bi ova noc tako bolela, Da me nisi volela.... |
|
![]() |
|
ayritonsenna ![]() Нов член ![]() ![]() Регистриран: 24.Март.2009 Статус: Офлајн Поени: 3 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
DALI ZNAE NEKOJ DALI NA KANAL 5 KE IMA OVAA GODINA PRENOS OD FORMULA 1
|
|
"RACING IS IN MY BLOOD" Ayrton Senna
|
|
![]() |
|
La Ninja ![]() Сениор ![]() ![]() She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Jasno kako i sekoja godina.
"Не сум арогантен" ![]() "Се чувствувам како огромна тежина да ми е крената од моите рамења, а сега сакам да освојам нови титули, да бидам попостојан иако во 2007 имав 9 подиуми во првите 9 трки, што беше навистина посебно. Задоволен сум од тоа што го направив, но сега почнуваме нешто ново. Веќе сум подобар од лани, физички, ментално и во смисла на баланс во мојот живот", вели Хамилтон. Англичанецот признава дека може да биде потешко да се освои овогодишната титула откако неговиот МП4/24 болид беше меѓу побавните за време на тестирањето. "Сфаќам дека минатата година имав голема шанса, со одличен болид и одличен тим зад себе. Знам дека тоа не може да го имаш секоја сезона. Некои освојуваат една, некои две или три титули. Не знам колку јас ќе освојам, но самодовербата не ми недостасува. Возењето на болидите ќе биде потешко оваа година со новото крило и КЕРС контролите, но притисокот од страна ќе биде помал", додава Хамилтон. ЈАС НЕ СУМ АРОГАНТЕН Хамилтон често е обвинуван дека е арогантен од своите колеги во формула 1. Дури и ривалот за титулата од лани, Фелипе Маса изјави дека сите возачи навивале за него во Интерлагос бидејќи тој ги "почитува сите". Британецот иако признава дека "сите правиме грешки", инсистира дека не е арогантен. "Не сакам никогаш повеќе да слушнам такво нешто. Мислам дека новинарите знаат дека не сум арогантен. Знам каде сум и што можам да направам. Но, јас ќе ги преземам критиките и ќе сфатам зошто се вели тоа. Сите правиме грешки и можеби имало моменти кога сум звучел арогантен. Морам да го прифатам тоа. Морам да го корегирам", вели Хамилтон. Неговите критичари се исто толку гласни како неговите фанови, но Хамилтон вели дека е задоволен. "Не добивам стрес од кого било. Работите се добри, спознорите се задоволни, шефовите се задоволни. Ја сакам оваа работа и многу е кул", вели Хамилтон. |
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
![]() |
|
ayritonsenna ![]() Нов член ![]() ![]() Регистриран: 24.Март.2009 Статус: Офлајн Поени: 3 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
samo da ne e Milenko komentator:))
|
|
"RACING IS IN MY BLOOD" Ayrton Senna
|
|
![]() |
|
blackeye ![]() Сениор ![]() ![]() The Body Регистриран: 24.Август.2007 Статус: Офлајн Поени: 4058 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
nemozam da go slusam
![]() ![]() ![]() |
|
Ne znam kako da pobegnem
od sna, I ne znam dal' te iko voli kao ja, Al' ne bi ova noc tako bolela, Da me nisi volela.... |
|
![]() |
|
гoстин ![]() Сениор ![]() Регистриран: 29.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7557 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Алонсо подготвен за тешка сезона
Возачот на тимот од Рено во Формула 1, Фернандо Алонсо е подготвен за тежок почеток на новата сезона, која почнува викендов во Мелбурн со трката за Големата награда на Австралија. Шпанецот добро ја заврши минатата сезона, со победи во Сингапур и Јапонија и второ место во Бразил, со што ги заснова темелите за можен поход на титулата оваа година. Неговите надежи дека добро ќе ја започне оваа сезона избледеа, по првиот тренинг, на кој беше 10. и 12. „Мислам дека сум среќен, но би можел да бидам уште посреќен. Тешко е да се разбере ритамот. Се разбира дека не сме во најдобра позиција да зборуваме за победи и подиуми“, рече Алонсо. ![]() |
|
|
|
![]() |
|
La Ninja ![]() Сениор ![]() ![]() She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Триумф на Батон на трката за ГН на Австралија
Џејсон Батон возачот на Браун ГП е победник на првата трка во новата сезона во формула 1 што се возеше на патеката во Мелбурн парк. Батон од самиот старт водеше и стигна до првото место на подиумот. Одличниот викенд за дебитантскиот тим на Браун ГП го надоплни Рубенс Баричело со втората позиција. До оваа позиција дојде откако Роберт Кубица и Себастијан Фетел имаа судар на три круга до крајот. Трет на подиумот се искачи Јарно Трули од Тојота. Светскиот шампион Луис Хамилтон стигна до четвртото место, а разочараа возачите на Ферари Филипе Маса остана без пласман, а Кими Раиконен заостана три круга. Следната трка се вози на 5 април во Сепанг за ГН на Малезија. |
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
![]() |
|
La Ninja ![]() Сениор ![]() ![]() She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Мекларен и Ферари во потера по Браун
![]() Браун имаат јасна разлика на стартот на сезоната иако се влезени како нов тим, тоа е стариот тим на Хонда, кој се откажа рано во минатогодишниот шампионат и реши да го сврти фокусот на овогодишниот болид. Тоа се покажа во неделата попладне кога Браун стигна до 1-2 победа во Австралија, со Батон пред Рубенс Баричело. "Искрено ќе бидат потребни неколку недели да се стигне тој болид на Браун, кој е последица на 16 месеци инвестиции на Хонда за нов болид. Имаме многу работа за да ги стигнеме", вели новиот шеф на Мекларен, Мартин Витмарш. Тој не е единствениот во Мекларен кој верува дека ги очекува уште потешка трка во Малезија овој викенд. "Во Сепанг разликата ќе биде поголема, и ние ќе заостануваме повеќе. Тоа е патека на која резултатите зависат од аеродинамиката, така што ќе немаме многу шанси", вели Луис Хамилтон. АЛАРМ ВО ФЕРАРИ ПО ФИЈАСКОТО Неговиот главен ривал од минатата сезона, Маса исто така очекува лош период пред нив. "Мораме многу бргу да го подобриме нашиот болид, но според моето искуство болид со секунда предност не се стигнува толку бргу. Но, само што почнавме и во Ф1 работите бргу се менуваат", вели Маса. Ферари самите реагираа со голема доза на самокритики по разочарувачкиот старт во 2009, откако во Мелбурн двајцата возачи не ја завршија трката. "Како и да се погледне, ова не е старт вреден за Ферари. Ден за заборавање. Во ниту еден момент не бевме доволно брзи, а ниту стратегијата не ни успеа", вели Стефано Доменикали, шефот на тимот. "Црвен аларм - каков нокаут", стоеше на насловната страница на Газета Дело Спорт по најлошиот старт на Ферари по 17 години. |
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
![]() |
|
La Ninja ![]() Сениор ![]() ![]() She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
"Нема да се предадам до крај!"
![]() "Јас сум борец и не сум се предал предвреме во ниту еден дел од мојата кариера - надвор и на патеките. Минатиот викенд беше исто. Одев до максимум во секој круг, секогаш ја гледав разликата и работев со тимот преку радиото обидувајќи се да најдеме начин да бидеме побрзи. Ова беше фантастичен резултат за мене, но и одлично завршена работа од страна на тимот - стратегијата беше совршена, информациите од боксот секогаш точни и се одеше како што треба", вели Хамилтон. Прашан што научил од Австралиското ГП, Британецот вели дека лекцијата е јасна - никогаш да не се откаже. "Научив, никогаш, никогаш, никогаш да не се предаваш. Во Бразил минатата година покажавме дека ќе се бориме до крај и повторно го покажавме тоа во Мелбурн. Јас никогаш не се предавам кога сум во боксот и сакам да бидам што е можно понапред. Во Мелбурн дознавме кои тимови завршија најдобра работа во текот на зимата. Морам да признаам дека ги почитувам Рос Браун и сите членови на неговиот тим", вели Хамилтон. Како и сите коментатори, и Хамилтон признава дека болидот на Мекларен беше бавен во Австралија, но останува оптимист дека Мекларен лесно можат да се вратат во игра. "Не сме заборавиле како да победуваме. Ние сме првокласен тим и иако се уште не сме ми најдобрите, се што имаме во Мекларен технолошкиот центар ни овозможува да се надеваме многу бргу на вистински кам-бек. Сите од тие кои ја прават стратегијата, до механичарите знаат што е потребно да се победи на една трка и во шампионатот", вели Хамилтон. ВИТМАРШ: "ВАКА СЕ ГРАДИ КАРАКТЕРОТ" Новиот шеф на Мекларен, Мартин Витмарш, пак, го исфали Хамилтон велејќи дека во Австралија покажал зошто е светски шампион. Дури и Трули да биде вратен на третото место, нема сомнеж дека Британецот беше во форма на Алберт Парк. "Навистина е тешко кога доаѓаш на трка како светски шампион и си во ситуација да не си доволно конк*рентен. Имавме проблеми со откажувањето на менувачот и затоа Луис стартуваше од последното место, но имаше одличен старт, што е неверојатно бидејќи тој не е навикнат да стартува од дното. Исто така не верувам дека е навикнат на таблите на кои пишува 15. или 14. место. За да успее во тоа што го направи е потребна огромна дисциплина. Очекувавме дека можеме да одиме напред ако има излегување на сигурносното возило или инциденти", вели Витмарш. Витмарш, кој го замени Рон Денис на позицијата шеф на Мекларен од 1 март, вели дека во тимот не е се така црно. "Од позиција во која бевме пред неколку недели во Барселона ќе бевме пресреќни ако освоевме и еден поен овој викенд, така што третото место е навистина добро. Тимот се фокусираше и направи прогрес, но не доволно за победа. Но, ова е градење карактер за Луис и шанса да покаже што умее", вели Витмарш. |
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
![]() |
|
Iron Man ![]() Сениор ![]() ![]() железен раз бираш Регистриран: 11.Јануари.2009 Локација: Antarctica Статус: Офлајн Поени: 8032 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Производителите можат да го стигнат Браун
Поранешниот двократен светски шампион Фернандо Алонсо е убеден дека формула 1 тимовите поддржани од големите производители на автомобили ќе можат да одговорат на фантастичната брзина која ја покажа новиот Браун ГП тим. Најновиот Ф1 тим Браун направи вистински шок на Австралиското ГП со 1-2 победа, додека големите тимови како Ферари, Мекларен-Мерцедес и Рено се мачеа со брзината. Иако се очекува Браун да бидат најбрзи во првиот дел од сезоната, Алонсо е сигурен дека големите имиња во спортот ќе можат да ја надополнат разликата. "Не верувам дека распоредот во Мелбурн ќе остане до крајот на сезоната. Ферари, Мекларен, БМВ и Рено не се на врвот, но тоа се најдобрите тимови во формула 1 и никој не смее да не потцени. Ова е само една трка од сезоната, како да се работи за првиот меч од шпанското првенство. Дури и Барселона и Реал Мадрид да загубат во првиот меч, сите знаеме дека на крајот тие ќе се борат за титулата", проценува Алонсо. Неговиот став го дели и шефот на Браун ГП, Рос Браун, кој смета дека неговиот тим го очекува огромен предизвик за да останат на врвот. "Сигурен сум дека ќе има забрзан прогрес во другите тимови. Сега сите ги видовме болидите од другите тимови и сфаќаме што прават тие. И ние ќе се обидеме да одиме напред. Имаме подобрување за во Барселона кое изгледа доста добро, но искрено мораме да почнеме на работата на болидите за 2010 многу бргу поради сите промени. Нема да биде лесно", признава Браун. ![]() |
|
![]() |
|
La Ninja ![]() Сениор ![]() ![]() She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Поради обилните врнежи прекината трката во Малезија, Батон победник
Поради лошите временски услови и обилните врнежи трката за Големата награда на Малезија е прекината 24 круга пред крајот. Џенсон Батон кој беше водечки е прогласен за победник, но ќе добие само пола бодови. Во моментите на прекинот во водство беше Џенсон Батон од Браун ГП, пред Ник Хајдфил од БМВ Заубер и Тимо Глок од Тојота. Таков е и конечниот пласман. До моментите на прекинот, трката беше многу интересна од причина што дождот ги натера возачите повеќе пати да влезат во бокс, така до израз дојде подобрата снаодливост на екипата. Интересно е дека Ферари повторно остана без бодови, додека Мекалрен освои само еден бод. Така, по две трки од новата сезона во Формула 1 шампионатот во генералниот пласман лидер е Џенсон Батон (Браун ГП) со 15 бодови, втор е неговиот клупски колега Рубенс Баричело со 10 бода, а трет Јарно Трули (Тојота) со 8,5 бода. Тимо Глок (Тојота) е четврти со 8 бода, досега по 4 бода освоија Ник Хајдфилд (БМВ Заубер) и Фернандо Алонсо (Рено). Актуелниот шампион Луис Хамитон (Мекларен Мерцедес) со 1 освоен бод е на 10-та позиција во генералниот пласман, додека пилотите на Ферари (Раиконен и Маса) сеуште немаат освоено бодови. Следната трка од Ф1 шампионатот на програмата е на 19 април, а ќе се вози за Големата награда на Кина. |
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
![]() |
|
La Ninja ![]() Сениор ![]() ![]() She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Хамилтон си заминува, Витмарш пред отказ?
![]() Хамилтон претходно го загуби третото место кое му беше доделено на Австралиското ГП минатиот викенд откако стјуардите го казнија Јарно Трули од Тојота поради претекнување под сигурносно возило. Новото сослушување во Малезија откри дека Британецот и неговиот спортски директор Дејв Рајан ги лажеле стјуардите за тоа дали му било кажано на Хамилтон да го пропушти Трули. Рајан е суспендиран од тимот, а шефот на тимот Мартин Витмарш вели дека разговарал со таткото и менаџерот на Хамилтон, Ентони и дека извештајот во Сандеј Тајмс е невистинит. "Прво го дознав тоа во недела наутро и го прашавме Ентони дали тоа е вистина. Тој вели дека Луис не разговарал со Макс. Посветеноста на Луис кон тимот не е променета и не верувам на вакви извештаи. Направивме грешки треба да научиме од нив", вели Витмарш. За Дејли Мејл, поранешниот шеф на тим Еди Џордан вели дека се отворил јаз помеѓу Хамилтон и Мекларен и дека "Луис сака да си замине од тимот", а поранешниот возач на Мекларен, Дејвид Култхард вели дека е "сигурен дека Луис размислува за односите во тимот". Витмарш, кој го презеде местото од Рон Денис на 1 март исто така е под притисок и вели дека неговата иднина ќе биде одлучена од страна на акционерите. "Не давам оставка сега. На долги патеки, акционерите на овој тим ќе одлучат што е најдобро", вели Витмарш. 40% од Мекларен е во рацете на Мерцедес, а дополнителни 30% во Мумталакат холдинг компанијата во сопственост на кралското семејство на Бахреин. По 15% од акциите имаат Рон Денис и неговиот саудиски бизнис-партнер Мансур Оџех. |
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 2425262728 55> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |