IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Интима > Семејство
  Активни теми Активни теми RSS - За идните родители...
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

За идните родители...

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234>
Автор
Порака Обратен редослед
Goldi Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
ЗЛАТНО МОМЧЕ

Регистриран: 10.Ноември.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 7729
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Goldi Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Јануари.2009 во 16:33
голема%20насмевкаNew%20Baby%20SmileyNew%20Baby%20SmileyNew%20Baby%20Smileyголема%20насмевка
Ako odam na nebo pred tebe, na sekoja zvezda ke go napisam tvoeto ime, taka sto I angelite da znaat kako se vikas, zasto devojkite kako tebe se nepovtorlivi.
Кон врв
Renatax Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Декември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 11613
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Renatax Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Јануари.2009 во 16:23
Goldi vo kontekst na akcijata za zgolemuvanje na natalitetot,ama potpomognata so tvoeto izlaganje...stimulativno deluvashe
Кон врв
Goldi Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
ЗЛАТНО МОМЧЕ

Регистриран: 10.Ноември.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 7729
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Goldi Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Јануари.2009 во 16:18
renatax големо%20гушкањеbas mie milo ako ti se zgolemi zelbata za razmnozuvanje голема%20насмевка

Изменето од Goldi - 17.Јануари.2009 во 16:32
Ako odam na nebo pred tebe, na sekoja zvezda ke go napisam tvoeto ime, taka sto I angelite da znaat kako se vikas, zasto devojkite kako tebe se nepovtorlivi.
Кон врв
Goldi Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
ЗЛАТНО МОМЧЕ

Регистриран: 10.Ноември.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 7729
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Goldi Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Јануари.2009 во 16:17
намигнувањеMarko Polo Постои мит дека жената мора да доживее оргазам за да забремени. Ова секако не е точно, иако поновите истражувања укажуваат дека мускулните контракции на матката при оргазам ја влечат спермата кон тубите. Сепак, не е неопходно важно жената да има оргазам но од друга страна машкиот оргазам е секако неопходно и колку е посилен оргазмот кај мажот толку се ејакулира повеќе сперма и со поголема брзина. Затоа е важна апстиненцијата барем 2-4 недели кај мажот, со цел да се добие посилен оргазам, што значи повеќе сперматозоиди и нивна ејакулација со поголема брзина
Ako odam na nebo pred tebe, na sekoja zvezda ke go napisam tvoeto ime, taka sto I angelite da znaat kako se vikas, zasto devojkite kako tebe se nepovtorlivi.
Кон врв
Marko Polo 1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
venecijaner

Регистриран: 20.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9693
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Marko Polo 1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Јануари.2009 во 15:08
Bravo Goldi, interesni "tipovi" (soveti)...
edna mala zabeleska okolu orgazmot na zenata (idnata majka) - kakva korist od kontrakciite na matkata - so sto bi gi privlekla spermatozoidite- ako zenata dozivee orgazam ( da receme 5 min) pred mazot da ejakulira?
Mislam deka toa ima smisla samo ako i dvajcata doziveat orgazam vo isto vreme...
Кон врв
Renatax Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Декември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 11613
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Renatax Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Јануари.2009 во 14:56
Otkako te prochitav pogore kako da mi se zgolemi zelbata fala na iskrenite zelbi.
Кон врв
Goldi Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
ЗЛАТНО МОМЧЕ

Регистриран: 10.Ноември.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 7729
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Goldi Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Јануари.2009 во 14:47
среќасреќаSekako da  ti se sluci ovaa ubava rabota ti pozeluvam
Ako odam na nebo pred tebe, na sekoja zvezda ke go napisam tvoeto ime, taka sto I angelite da znaat kako se vikas, zasto devojkite kako tebe se nepovtorlivi.
Кон врв
Renatax Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Декември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 11613
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Renatax Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Јануари.2009 во 10:13
Neka taa ubava rabota se sluchi na sekogo,pa i na mene
Кон врв
Goldi Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
ЗЛАТНО МОМЧЕ

Регистриран: 10.Ноември.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 7729
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Goldi Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Јануари.2009 во 23:09
renatax  opsirno da a ubava rabota e da si roditelнамигнување
Ako odam na nebo pred tebe, na sekoja zvezda ke go napisam tvoeto ime, taka sto I angelite da znaat kako se vikas, zasto devojkite kako tebe se nepovtorlivi.
Кон врв
Renatax Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Декември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 11613
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Renatax Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Јануари.2009 во 22:37
Goldi kolku opshirno i slikovito objasneto,prosto posakav da stanam roditel
Кон врв
Goldi Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
ЗЛАТНО МОМЧЕ

Регистриран: 10.Ноември.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 7729
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Goldi Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Јануари.2009 во 19:51

Планирање на полот на вашето бебе


Како прво нема 100% гаранција дека може да го одредиме полот на бебето, но можеме да ги анализираме концепцијата и сперматозоидите за да пробаме да го планираме полот на бебето.  

Ова е тоа што го знаеме:
  • „Машките“ сперматозоиди се движат, „пливаат“ побрзо од „женските“ сперматозоиди. Ова значи дека мажот произведува два различни типа на сперматозоиди, сперматозоиди кои доведуваат до стварање на машко бебе и сперматозоиди кои доведуваат до стварање на женско бебе и дека „машките“ сперматозоиди „пливаат“ побрзо од „женските“.  
  • „Женските“ сперматозоиди остануваат живи во партнерката многу подолго од „машките“сперматозоиди.  
  • Јајце-клетката која ја произведува партнерката е фертилна, плодна, многу краток период - околу 24 часа, откако ќе биде ослободена по овулацијата.  

Значи ова е основата на теоријата. Да видеме како ова ќе ви овозможи да си го изберете полот на вашето бебе.


Доколку сакате момче

Знаеме дека „машките“ сперматозоиди, кои носат Y хромозом, се движат побрзо од „женските“ сперматозоиди, кои носат X хромозом.

Но овие сперматозоиди ќе умрат побрзо од „женските“ сперматозоиди, така да вие и вашиот партнер треба да бидете сигурни дека сте 100%  блиску до овулацијата и да  имате сексуален однос колку што е можно поблиску до датата на овулација (денот пред или на самиот ден на овулација).

Ова им овозможува на побрзите „машки“ сперматозоиди да дојдат побрзо до јајце-клетката, која чека да биде оплодена и да ја оплодат пред да стигнат побавните „женски“ сперматозоиди.

Доколку сакате девојче

Па сега е прилично едноставно. Доколку сакате да имате девојче најдобро е да водите љубов два дена пред овулацијата, така да ова ќе им овозможи на побрзите „машки“ сперматозоиди да ја истрошат енергијата и да умрат оставајќи ги побавните „женски“ сперматозоиди (но кои живеат многу подолго) да пристигнат и да ја оплодат јајце клетката која чека да биде оплодена.

Други фактори кои треба да ги земете во предвид:
  • Мажите треба да се воздржат од било каква сексуална активност 2-4 недели пред датата на овулација на партнерката.  
  • Мажите не треба да носат тесни гаќи, туку боксерки, кои нема да ги стегаат тестисите. Тесните гаќи го намалуваат протокот на крв до тестисите а со тоа и бројот на сперматозоиди
Ako odam na nebo pred tebe, na sekoja zvezda ke go napisam tvoeto ime, taka sto I angelite da znaat kako se vikas, zasto devojkite kako tebe se nepovtorlivi.
Кон врв
Goldi Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
ЗЛАТНО МОМЧЕ

Регистриран: 10.Ноември.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 7729
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Goldi Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Јануари.2009 во 19:50

Најдобри пози за концепција


Секако има позиции при секс кои ја зголемуваат шансата за забременување и позиции кои ги намалуваат шансите. Да видиме кои позиции ги зголемуваат шансите и зошто.

Позиции при секс кои ги зголемуваат шансите за коцепција  


Мисионерска позиција
Широко е раширено верувањето дека оваа позиција, со мажот одозгоре е најдобрата за забременување и секако постојат голем број причини за тоа. Оваа позиција овозможува најдлабоко пенетрирање со што спермата се ејакулира поблизу до цервиксот, внатре во вагината. Има и алтернативи на оваа позиција како на пример женскиот партнер става перница под колковите со што пенетрацијата е уште подлабока.


Поза отпозади
Мажот пенетрира во жената отпозади. Оваа позиција исто така овозможува испуштање на спермата поблиску до цервиксот на матката. 


Лежење еден покрај друг  
Оваа позиција е порелаксирачка и е најдобра за партнери кои се обезни (обезност-зголемена телесна тежина) и кои имаат болкии во грбот.

Позиции кои ги намалуваат шансите за концепција

Експертите советуваат дека треба да се избегнува секоја позиција при која жената е одозгоре или пак стои, бидејќи на тој начин спермата нема да може лесно да се движи кон цервиксот затоа што треба да се движи против гравитацијата.



Исто така, се препорачува жената да остане да лежи пола до еден час по односот со колковите поткренати. Ова овозможува спермата полесно да се движи кон фалопиевите туби, со помош на гравитацијата, кон јајце клетката.


Постои мит дека жената мора да доживее оргазам за да забремени. Ова секако не е точно, иако поновите истражувања укажуваат дека мускулните контракции на матката при оргазам ја влечат спермата кон тубите. Сепак, не е неопходно важно жената да има оргазам но од друга страна машкиот оргазам е секако неопходно и колку е посилен оргазмот кај мажот толку се ејакулира повеќе сперма и со поголема брзина. Затоа е важна апстиненцијата барем 2-4 недели кај мажот, со цел да се добие посилен оргазам, што значи повеќе сперматозоиди и нивна ејакулација со поголема брзина.

Ako odam na nebo pred tebe, na sekoja zvezda ke go napisam tvoeto ime, taka sto I angelite da znaat kako se vikas, zasto devojkite kako tebe se nepovtorlivi.
Кон врв
Goldi Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
ЗЛАТНО МОМЧЕ

Регистриран: 10.Ноември.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 7729
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Goldi Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Јануари.2009 во 19:50

Основи на концепција - плодни / неплодни денови


Да се гарантира концепцијата е речиси ако не и целосно невозможно. Огромен дел од целиот процес зависи од правилниот тајминг, бидејќи женската јајце клетка е фертилна во еден краток временски период од месечниот циклус. Исто така постојат голем број на надворешни фактори кои можат да го спречат успешното зачнување. Затоа корисно е да ги знаете основите на зачнувањето, како да ја пресметате точната дата на овулацијата и кога да имате секс со цел за зголемување на шансите за концепција.  


Овулација и месечен циклус
Најважно што треба да знаете за да останете бремени е да го знаете сопствениот месечен циклус. Сите циклуси не се исти и нивното траење може да варира помеѓу 22-42 дена, просечно 28 дена. Кај голем дел од жените циклусите варираат од месец до месец. Доколку ги следите циклусите 3-4 месеци подобро ќе знаете кога отприлика се случува овулацијата кај вас.

Овулацијата обично настапува околу 14 ден по првиот ден од месечниот циклус (вклучувајќи го и времетраењето на менструацијата). Како прв ден од циклусот се смета првиот ден на менструација во тој месец.

Фертилноста се зголемува околу 4 дена пред да се случи овулацијата и 48 часа по овулацијата. Фертилноста е најголема денот пред овулацијата и секако на денот на овулација.
 
Овулацијата најлесно се калкулира со мерење на телесната температура. При овулација доаѓа до благо покачување на телесната температура. Доколку не ја мерите температурата а имате редовни циклуси тогаш можете да рачунате дека овулацијата настапува 14-тиот ден од почетокот на циклусот.  

Забелешка: Во овој пример циклусот е земен со траење од 32 дена, со 14 дена траење на овулациона фаза (лутеална фаза).


Ден 1-5 од циклусот:
Првите денoви од циклусот се стартот на менструацијата. Многу важно е да ги забележите (најдобро на мал календар) овие дати, затоа што тоа ќе ви биде потребно за пресметување на претпоставена дата на овулација.  

Ден 6-11:
Овие денови се наречени „суви денови“, бидејќи менструацијата е завршена и во овој период жената не е фертилна, т.е. при полов однос во овој период нема да дојде до зачнување. Во овој период телото едноставно се подготвува за ослободување на јајце-клетката.

Ден 12-18 :
Во овој период фертилноста е најголема, во тек на овие 6 дена јајце-клетката е создадена и ослободена така да најдобро е во овој период да имате сексуални односи доколку сакате да забремените.

Ден 19-32:
Доколку имате сексуални односи во овој период, за жал ја испуштитвте шансата и ќе мора да чекате до наредниот циклус за да се обидете повторно. Многу малку е веројатно дека ќе забремените во овој период
Ako odam na nebo pred tebe, na sekoja zvezda ke go napisam tvoeto ime, taka sto I angelite da znaat kako se vikas, zasto devojkite kako tebe se nepovtorlivi.
Кон врв
Goldi Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
ЗЛАТНО МОМЧЕ

Регистриран: 10.Ноември.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 7729
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Goldi Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Јануари.2009 во 19:49

Планирате да забремените? Неколку работи пред тоа


Повеќето од жените знаат дека треба да се грижат за своето здравје за време на бременоста - но дали знаевте дека можете да го заштитите здравјето на бебето пред да забремените? Јадењето одредена храна пред - како и за време на бременоста, на пример, може да помогне да се спречат некои болести кај бебињата. Исто така, треба да проверите дали сте имуни на рубеола (ситна сипаница), заболување што може да предизвика сериозни проблеми кај нероденото дете. Ако пушите, пиете алкохол или земате дроги, откажете ги кога ќе почнете да планирате да забремените, наместо да чекате да бидете сигурни дека сте бремени. Додека да дознаете може да сте шест недели или повеќе во бременоста - доволно време бебето да биде изложено и повредено од овие отровни материи.

Што треба да знам за рубеолата (ситни сипаници).
Рубеолата е заразна болест што може да предизвика сериозни дефекти кај нероденото бебе ако мајката се зарази. Околу 90 од сто бебиња чии мајки добиле рубеола во текот на првите осум до десет недели од бременоста ќе имаат оштетувања. Може да биде оштетен слухот, видот и мозокот кај бебето, а се зголемува и ризикот од спонтан абортус или раѓање на мртвородено дете.

Проверете дали сте имуни на рубеола пред да забремените, навистина е важно.
Едноставен тест на крвта може да покаже дали поседувате имунитет на оваа болест. Ако немате имунитет, може да се вакцинирате против заболување - но тоа мора да биде пред да забремените. Ако сте жена на возраст кога се планира раѓањето деца и не сте вакцинирани, ве молиме побарајте од својот доктор да ве вакцинира пред дури и да почнете да размислувате за забременување. Кога ќе се роди бебето, се препорачува да го вакцинирате против сипаници, заушки и рубеола (MMR) на возраст од 12 месеци. После одредено време се дава и втора инекција со MMR на возраст од четири години.

Што треба да знаете за магарешка кашлица (пертусис)
Пертусис е многу заразна болест што се пренесува со кашлање и кивање. Во денешно време, со програмата за редовна вакцинација на населението, болеста е речиси искоренета. Но важно е дека  бебињата можат да се заразат и да умрат пред да дојдат на возраст кога можат да се вакцинираат (на возраст од 8 недели). Важно е вие и вашиот сопруг да бидете вакцинирани против дифтерија, тетанус и пертусис (ДиТеПер вакцина), доволно време пред дури и да почнете да размислувате за забременување. Доколку не сте вакцинирани најдобро е да се обратите кај вашиот доктор за вакцина против пертусис за возрасни.

Добра исхрана за здрава бременост.

Дали јадете во обилни количества зелени лиснати зеленчуци, портокали, сок од портокали (особено свежо исцеден сок), црн леб, ориз, тестенини или други житарици, зготвен сув грашок, грав или леќа? Бананите и оревите, лешниците и слични се, исто така, добри. Сите овие содржат еден важен Б витамин за жените, наречен фолна киселина (Б12). Докторите сега знаат дека недостигот од овој витамин придонесува во појавата на сериозни дефекти кај неродените деца наречени дефекти на невралната туба (канал) (neural tube defects), кои секоја година се јавуваат кај илјадници бебиња во светот. Недостигот на фолна киселина се мисли дека се одразува врз развојот кај бебињата, предизвикувајќи сериозни (понекогаш смртоносни) проблеми со мозокот и рбетот. Секоја жена која планира да забремени треба да јаде храна богата со фолна киселина и да пие таблети на фолна киселина со јачина од 0,5 мг секој ден барем еден месец пред да забремени и три месеци откако ќе забремени. Овие таблети се безбедни да се пијат за време на бременоста и можат да се купат од аптека и од продавници за здрава исхрана.

Алкохол, тутун и други дроги - време е да ги откажете.
Кога бремена жена пуши, јагленороден моноксид поминува низ крвотокот на бебето - исто како и тоа да пуши. Тоа значи бебето прима помалку кислород и не расте како што би требало. Пушењето во бременоста го зголемува ризикот од многу проблеми како спонтан абортус (побацување), раѓање на недоносено бебе, или бебе со ниска тежина при раѓањето. Бебињата на мајки кои пушат, исто така, имаат поголем ризик да добијат проблеми со дишењето, астма и Синдром на ненадејна смрт кај доенчињата. Пушењето марихуана да има слични ефекти кај бебињата како и тутунот.

Алкохолот, исто така, поминува низ крвотокот на бебето. Редовното пиење или повременото тешко пијанење за време на бременоста може да предизвика забавено физичко растење, како и ментална заостанатост. Други дроги кои можат да предизвикаат проблеми за време на бременоста се хероин, кокаин, LSD и амфетамини. За повеќе информации, или за помош да се откажете од легалните или од илегалните дроги, локалниот општествен здравствен центар може да ве поврзи со најблиската Служба за дроги и алкохол  Доколку примате било какви лекови, зборувајте со вашиот доктор за вашите планови да забремените
Ako odam na nebo pred tebe, na sekoja zvezda ke go napisam tvoeto ime, taka sto I angelite da znaat kako se vikas, zasto devojkite kako tebe se nepovtorlivi.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,250 секунди.