Испечати | Затвори го прозорот

За идните родители...

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Интима
Име на форумот: Семејство
Опис на форумот: ... до шесто колено
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=15265
Датум на принтање: 09.Мај.2024 во 22:36
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: За идните родители...
Постирано од: La Ninja
Наслов: За идните родители...
Датум на внесување: 27.Август.2008 во 23:39



Прво мало потсетување за
АНАТОМИЈА НА ЖЕНСКИОТ РЕПРОДУКТИВЕН ТРАКТ

*Јајници (Ovaria)
*Јајцеводи (Tuvae Uterinae)
*Матка ( Uterus)
*Родница (Vagina)
*Срамница (Vulva)

                         



АНАТОМИЈА НА МАШКИОТ РЕПРОДУКТИВЕН ТРАКТ

*Семеници (Testes)
*Изводни канали (Ductus deferentes)
*Копулациски Орган (Penis)


             

Ова беше само како потсетување.....
Но има многу интересни теми како на пример
Оплодување
Статистички докази за најдобар период за бременост
Реакција на сперматозоидите во алкохолизирана состојба
Реакција на сперматозоидите во наркотична состојба
Реакција на јајце клетките после 27 год
Реакција на голема пауза од една бременост до друга
Х и У сперматозоиди

*ОПЛОДУВАЊЕ
-Под поимот оплодување се подразбира процес на соединување на женската и машката гамета во еден организам, наречен зигот или спермовиум. Човекот е вивипарен и оплодувањето се извршува во јајцеводот.
*СТАТИСТИЧКИ ДОКАЗИ ЗА НАЈДОБАР ПЕРИОД ЗА БРЕМЕНОСТ
-Кај жена периодот од 20-27 години е најпожелен и најмалку ризичен за стабилна бременост.
-Кај жена над 30 год. статистички е докажано дека 70% од децата се со деформитет или пак дошло до прерани контракции и спонтан.
*РЕАКЦИЈА НА СПЕРМАТОЗОИДИТЕ ВО АЛКОХОЛИЗИРАНА СОСТОЈБА
-Научно испитано е дека кога човекот е пијан, и сперматозоидите се пијани (смешно, зар не). Некои луѓе беа испитани по секоја чаша алкохол се до 7мата....И најмалата алкохолизирана состојба т.е. и најмалку алкохол да има во телото сперматозоидите ги прави мрзливи што потешко може да допрат до јајце клетка. Со тоа што ја губат брзината докажано е дека жените кои останале бремени од мажи кои биле во алкохолизирана состојба дури 90% носеле дете со дефект.
*РЕАКЦИЈА НА СПЕРМАТОЗОИДИТЕ ВО НАРЛОТИЧНА СОСТОЈБА
-Исто како и кај алкохолот. Само што ризикот е 98%.
*РЕАКЦИЈА ПО ГОЛЕМА ПАУЗА ОД ЕДНО РАЃАЊЕ ДО ДРУГО
-Секоја жена е своја приказна. НО затоа важи едно исто правило кај сите жени.
Пр. Ако жената родила на 24 год. (прво дете) и до 30 не родила ..самиот организам не произведува јајце клетки кои ке можат да се оплодат. Тоа се нарекува СЕКУНДАРЕН стерилитет.
*Х СПЕРМАТОЗОИДИ-ги означуваат т.е. од нив произлегуваат женски деца.
*У СПЕРМАТОЗОИДИ-произлегуваат машки деца.

*КАКО ДО СИГУРНА БРЕМЕНОСТ
-Секој гинеколог препорачува.
-Пауза во сексуални односи во плодни денови 2 дена. Третиот ден (после 2 дена пауза) јајце клетките се побрзи и очекуваат спој.
*КАКО ДА ЗНАЕМЕ ДАЛИ КЕ ЈАЈЦЕ КЛЕТКАТА КЕ СЕ СВРЗЕ СО Х ИЛИ У СПЕРМАТОЗОИД.
-Тоа малце е комплицирано. И самата јајце клетка не се сврзува со кој прв ке стигне. ТУКУ и таа бира.

-Според некои научни истражувања-посигурен начин до машко дете....Жената да е со рамен труп легната за време на оплодувањето т.е. кичмата да и е во рамна положба со грбот со што прави Х сперматозоидите да се побрзи и побрзо да стигнат до јајце клетката (срам ми падна за ова што го кажав сеа).

-Следен пат повеке информации околу ова. голема%20насмевка





-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....



Коментари:
Постирано од: sweet angel
Датум на внесување: 29.Август.2008 во 12:03
ubava tema.iako ne palniram nabrzo da stanam roditel,sepak ubavo e da se znae.pozdrav  i prodolzi da pisuvasголемо%20гушкање


Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 12.Јануари.2009 во 13:59
i ova e vazno za idnite roditeli...posebno za majkite...Deneshen Vest objavuva prilicno interesna informacija...
ПАТРОНАЖНАТА СЛУЖБА СЕ РЕОРГАНИЗИРА

Родилките во болница само 24 часа
Лежењето во болница на родилките од годинава ќе трае само еден ден. За 24 часа ќе биде отпуштена секоја жена која се породила по природен пат, без никакви сериозни компликации и по нејзиното и по здравјето на бебето. Оние пак мајки кои се породиле со царски рез, наместо досегашните седум, во родилиштето ќе остануваат не повеќе од три дена.
Ваквата промена, најавуваат од Министерството за здравство, ќе уследи по комплетната трансформација на службата за патронажа.
"Третманот што жените сега го добиваат во болниците по породувањето, ќе стане обврска на патронажните сестри. На тој начин ќе се скрати болничкото лекување и мајките ќе може да се лекуваат дома. Се разбира, тоа ќе важи онаму каде што е тоа допустливо, но сите оние преврски, контроли и опсервации ќе се прават во домот на породилката", вели министерот за здравство Бујар Османи.
Тој потенцира дека за спроведување на ваквиот план патронажните сестри ќе поминат дополнителен тренинг, но нагласува дека нивната подготвеност во згрижувањето на породени жени и деца е на високо ниво. Грижата на оваа служба освен за мајката, ќе биде насочена и кон новороденчињата.
Досега патронажните сестри, откако во родилиштата ќе ги земат податоците за местото на живеење на породената жена, во домот ја посетуваа 10-15 дена по породувањето.
"Во основа, наша обврска досега беше да направиме увид како се преповива и облекува бебето, дали паднало или не папочето, им ги покажуваме првите основни вежби за колкчињата на новороденчето, но и сите останати совети врзани за доењето, појавата на грчеви во стомачето и хигиената. Но, не заостануваат и советите за здравјето на мајката. Сега тоа ќе остане, но практично сето она што како нега го добивале во болница ќе го добиваат дома", велат од Службата за патронажа.



Постирано од: ANITA11
Датум на внесување: 14.Јануари.2009 во 19:43
GINEKOLOG SI


Постирано од: ANITA11
Датум на внесување: 14.Јануари.2009 во 19:44
IDNI RODITELI BIDETE SREKNI ZATOA STO DETETO E PREKRASNO COVECE


Постирано од: karamandi
Датум на внесување: 15.Јануари.2009 во 11:15
taka anita prekrasno e da imas deca toa e radost vo semejstvoto


Постирано од: Goldi
Датум на внесување: 16.Јануари.2009 во 19:49

Планирате да забремените? Неколку работи пред тоа


Повеќето од жените знаат дека треба да се грижат за своето здравје за време на бременоста - но дали знаевте дека можете да го заштитите здравјето на бебето пред да забремените? Јадењето одредена храна пред - како и за време на бременоста, на пример, може да помогне да се спречат некои болести кај бебињата. Исто така, треба да проверите дали сте имуни на рубеола (ситна сипаница), заболување што може да предизвика сериозни проблеми кај нероденото дете. Ако пушите, пиете алкохол или земате дроги, откажете ги кога ќе почнете да планирате да забремените, наместо да чекате да бидете сигурни дека сте бремени. Додека да дознаете може да сте шест недели или повеќе во бременоста - доволно време бебето да биде изложено и повредено од овие отровни материи.

Што треба да знам за рубеолата (ситни сипаници).
Рубеолата е заразна болест што може да предизвика сериозни дефекти кај нероденото бебе ако мајката се зарази. Околу 90 од сто бебиња чии мајки добиле рубеола во текот на првите осум до десет недели од бременоста ќе имаат оштетувања. Може да биде оштетен слухот, видот и мозокот кај бебето, а се зголемува и ризикот од спонтан абортус или раѓање на мртвородено дете.

Проверете дали сте имуни на рубеола пред да забремените, навистина е важно.
Едноставен тест на крвта може да покаже дали поседувате имунитет на оваа болест. Ако немате имунитет, може да се вакцинирате против заболување - но тоа мора да биде пред да забремените. Ако сте жена на возраст кога се планира раѓањето деца и не сте вакцинирани, ве молиме побарајте од својот доктор да ве вакцинира пред дури и да почнете да размислувате за забременување. Кога ќе се роди бебето, се препорачува да го вакцинирате против сипаници, заушки и рубеола (MMR) на возраст од 12 месеци. После одредено време се дава и втора инекција со MMR на возраст од четири години.

Што треба да знаете за магарешка кашлица (пертусис)
Пертусис е многу заразна болест што се пренесува со кашлање и кивање. Во денешно време, со програмата за редовна вакцинација на населението, болеста е речиси искоренета. Но важно е дека  бебињата можат да се заразат и да умрат пред да дојдат на возраст кога можат да се вакцинираат (на возраст од 8 недели). Важно е вие и вашиот сопруг да бидете вакцинирани против дифтерија, тетанус и пертусис (ДиТеПер вакцина), доволно време пред дури и да почнете да размислувате за забременување. Доколку не сте вакцинирани најдобро е да се обратите кај вашиот доктор за вакцина против пертусис за возрасни.

Добра исхрана за здрава бременост.

Дали јадете во обилни количества зелени лиснати зеленчуци, портокали, сок од портокали (особено свежо исцеден сок), црн леб, ориз, тестенини или други житарици, зготвен сув грашок, грав или леќа? Бананите и оревите, лешниците и слични се, исто така, добри. Сите овие содржат еден важен Б витамин за жените, наречен фолна киселина (Б12). Докторите сега знаат дека недостигот од овој витамин придонесува во појавата на сериозни дефекти кај неродените деца наречени дефекти на невралната туба (канал) (neural tube defects), кои секоја година се јавуваат кај илјадници бебиња во светот. Недостигот на фолна киселина се мисли дека се одразува врз развојот кај бебињата, предизвикувајќи сериозни (понекогаш смртоносни) проблеми со мозокот и рбетот. Секоја жена која планира да забремени треба да јаде храна богата со фолна киселина и да пие таблети на фолна киселина со јачина од 0,5 мг секој ден барем еден месец пред да забремени и три месеци откако ќе забремени. Овие таблети се безбедни да се пијат за време на бременоста и можат да се купат од аптека и од продавници за здрава исхрана.

Алкохол, тутун и други дроги - време е да ги откажете.
Кога бремена жена пуши, јагленороден моноксид поминува низ крвотокот на бебето - исто како и тоа да пуши. Тоа значи бебето прима помалку кислород и не расте како што би требало. Пушењето во бременоста го зголемува ризикот од многу проблеми како спонтан абортус (побацување), раѓање на недоносено бебе, или бебе со ниска тежина при раѓањето. Бебињата на мајки кои пушат, исто така, имаат поголем ризик да добијат проблеми со дишењето, астма и Синдром на ненадејна смрт кај доенчињата. Пушењето марихуана да има слични ефекти кај бебињата како и тутунот.

Алкохолот, исто така, поминува низ крвотокот на бебето. Редовното пиење или повременото тешко пијанење за време на бременоста може да предизвика забавено физичко растење, како и ментална заостанатост. Други дроги кои можат да предизвикаат проблеми за време на бременоста се хероин, кокаин, LSD и амфетамини. За повеќе информации, или за помош да се откажете од легалните или од илегалните дроги, локалниот општествен здравствен центар може да ве поврзи со најблиската Служба за дроги и алкохол  Доколку примате било какви лекови, зборувајте со вашиот доктор за вашите планови да забремените


-------------
Ako odam na nebo pred tebe, na sekoja zvezda ke go napisam tvoeto ime, taka sto I angelite da znaat kako se vikas, zasto devojkite kako tebe se nepovtorlivi.


Постирано од: Goldi
Датум на внесување: 16.Јануари.2009 во 19:50

Основи на концепција - плодни / неплодни денови


Да се гарантира концепцијата е речиси ако не и целосно невозможно. Огромен дел од целиот процес зависи од правилниот тајминг, бидејќи женската јајце клетка е фертилна во еден краток временски период од месечниот циклус. Исто така постојат голем број на надворешни фактори кои можат да го спречат успешното зачнување. Затоа корисно е да ги знаете основите на зачнувањето, како да ја пресметате точната дата на овулацијата и кога да имате секс со цел за зголемување на шансите за концепција.  


Овулација и месечен циклус
Најважно што треба да знаете за да останете бремени е да го знаете сопствениот месечен циклус. Сите циклуси не се исти и нивното траење може да варира помеѓу 22-42 дена, просечно 28 дена. Кај голем дел од жените циклусите варираат од месец до месец. Доколку ги следите циклусите 3-4 месеци подобро ќе знаете кога отприлика се случува овулацијата кај вас.

Овулацијата обично настапува околу 14 ден по првиот ден од месечниот циклус (вклучувајќи го и времетраењето на менструацијата). Како прв ден од циклусот се смета првиот ден на менструација во тој месец.

Фертилноста се зголемува околу 4 дена пред да се случи овулацијата и 48 часа по овулацијата. Фертилноста е најголема денот пред овулацијата и секако на денот на овулација.
 
Овулацијата најлесно се калкулира со мерење на телесната температура. При овулација доаѓа до благо покачување на телесната температура. Доколку не ја мерите температурата а имате редовни циклуси тогаш можете да рачунате дека овулацијата настапува 14-тиот ден од почетокот на циклусот.  

Забелешка: Во овој пример циклусот е земен со траење од 32 дена, со 14 дена траење на овулациона фаза (лутеална фаза).


Ден 1-5 од циклусот:
Првите денoви од циклусот се стартот на менструацијата. Многу важно е да ги забележите (најдобро на мал календар) овие дати, затоа што тоа ќе ви биде потребно за пресметување на претпоставена дата на овулација.  

Ден 6-11:
Овие денови се наречени „суви денови“, бидејќи менструацијата е завршена и во овој период жената не е фертилна, т.е. при полов однос во овој период нема да дојде до зачнување. Во овој период телото едноставно се подготвува за ослободување на јајце-клетката.

Ден 12-18 :
Во овој период фертилноста е најголема, во тек на овие 6 дена јајце-клетката е создадена и ослободена така да најдобро е во овој период да имате сексуални односи доколку сакате да забремените.

Ден 19-32:
Доколку имате сексуални односи во овој период, за жал ја испуштитвте шансата и ќе мора да чекате до наредниот циклус за да се обидете повторно. Многу малку е веројатно дека ќе забремените во овој период


-------------
Ako odam na nebo pred tebe, na sekoja zvezda ke go napisam tvoeto ime, taka sto I angelite da znaat kako se vikas, zasto devojkite kako tebe se nepovtorlivi.


Постирано од: Goldi
Датум на внесување: 16.Јануари.2009 во 19:50

Најдобри пози за концепција


Секако има позиции при секс кои ја зголемуваат шансата за забременување и позиции кои ги намалуваат шансите. Да видиме кои позиции ги зголемуваат шансите и зошто.

Позиции при секс кои ги зголемуваат шансите за коцепција  


Мисионерска позиција
Широко е раширено верувањето дека оваа позиција, со мажот одозгоре е најдобрата за забременување и секако постојат голем број причини за тоа. Оваа позиција овозможува најдлабоко пенетрирање со што спермата се ејакулира поблизу до цервиксот, внатре во вагината. Има и алтернативи на оваа позиција како на пример женскиот партнер става перница под колковите со што пенетрацијата е уште подлабока.


Поза отпозади
Мажот пенетрира во жената отпозади. Оваа позиција исто така овозможува испуштање на спермата поблиску до цервиксот на матката. 


Лежење еден покрај друг  
Оваа позиција е порелаксирачка и е најдобра за партнери кои се обезни (обезност-зголемена телесна тежина) и кои имаат болкии во грбот.

Позиции кои ги намалуваат шансите за концепција

Експертите советуваат дека треба да се избегнува секоја позиција при која жената е одозгоре или пак стои, бидејќи на тој начин спермата нема да може лесно да се движи кон цервиксот затоа што треба да се движи против гравитацијата.



Исто така, се препорачува жената да остане да лежи пола до еден час по односот со колковите поткренати. Ова овозможува спермата полесно да се движи кон фалопиевите туби, со помош на гравитацијата, кон јајце клетката.


Постои мит дека жената мора да доживее оргазам за да забремени. Ова секако не е точно, иако поновите истражувања укажуваат дека мускулните контракции на матката при оргазам ја влечат спермата кон тубите. Сепак, не е неопходно важно жената да има оргазам но од друга страна машкиот оргазам е секако неопходно и колку е посилен оргазмот кај мажот толку се ејакулира повеќе сперма и со поголема брзина. Затоа е важна апстиненцијата барем 2-4 недели кај мажот, со цел да се добие посилен оргазам, што значи повеќе сперматозоиди и нивна ејакулација со поголема брзина.



-------------
Ako odam na nebo pred tebe, na sekoja zvezda ke go napisam tvoeto ime, taka sto I angelite da znaat kako se vikas, zasto devojkite kako tebe se nepovtorlivi.


Постирано од: Goldi
Датум на внесување: 16.Јануари.2009 во 19:51

Планирање на полот на вашето бебе


Како прво нема 100% гаранција дека може да го одредиме полот на бебето, но можеме да ги анализираме концепцијата и сперматозоидите за да пробаме да го планираме полот на бебето.  

Ова е тоа што го знаеме:
  • „Машките“ сперматозоиди се движат, „пливаат“ побрзо од „женските“ сперматозоиди. Ова значи дека мажот произведува два различни типа на сперматозоиди, сперматозоиди кои доведуваат до стварање на машко бебе и сперматозоиди кои доведуваат до стварање на женско бебе и дека „машките“ сперматозоиди „пливаат“ побрзо од „женските“.  
  • „Женските“ сперматозоиди остануваат живи во партнерката многу подолго од „машките“сперматозоиди.  
  • Јајце-клетката која ја произведува партнерката е фертилна, плодна, многу краток период - околу 24 часа, откако ќе биде ослободена по овулацијата.  

Значи ова е основата на теоријата. Да видеме како ова ќе ви овозможи да си го изберете полот на вашето бебе.


Доколку сакате момче

Знаеме дека „машките“ сперматозоиди, кои носат Y хромозом, се движат побрзо од „женските“ сперматозоиди, кои носат X хромозом.

Но овие сперматозоиди ќе умрат побрзо од „женските“ сперматозоиди, така да вие и вашиот партнер треба да бидете сигурни дека сте 100%  блиску до овулацијата и да  имате сексуален однос колку што е можно поблиску до датата на овулација (денот пред или на самиот ден на овулација).

Ова им овозможува на побрзите „машки“ сперматозоиди да дојдат побрзо до јајце-клетката, која чека да биде оплодена и да ја оплодат пред да стигнат побавните „женски“ сперматозоиди.

Доколку сакате девојче

Па сега е прилично едноставно. Доколку сакате да имате девојче најдобро е да водите љубов два дена пред овулацијата, така да ова ќе им овозможи на побрзите „машки“ сперматозоиди да ја истрошат енергијата и да умрат оставајќи ги побавните „женски“ сперматозоиди (но кои живеат многу подолго) да пристигнат и да ја оплодат јајце клетката која чека да биде оплодена.

Други фактори кои треба да ги земете во предвид:
  • Мажите треба да се воздржат од било каква сексуална активност 2-4 недели пред датата на овулација на партнерката.  
  • Мажите не треба да носат тесни гаќи, туку боксерки, кои нема да ги стегаат тестисите. Тесните гаќи го намалуваат протокот на крв до тестисите а со тоа и бројот на сперматозоиди


-------------
Ako odam na nebo pred tebe, na sekoja zvezda ke go napisam tvoeto ime, taka sto I angelite da znaat kako se vikas, zasto devojkite kako tebe se nepovtorlivi.


Постирано од: Renatax
Датум на внесување: 16.Јануари.2009 во 22:37
Goldi kolku opshirno i slikovito objasneto,prosto posakav da stanam roditel


Постирано од: Goldi
Датум на внесување: 16.Јануари.2009 во 23:09
http://forum.idividi.com.mk/member_profile.asp?PF=20652&FID=70 - renatax   opsirno da a ubava rabota e da si roditelнамигнување

-------------
Ako odam na nebo pred tebe, na sekoja zvezda ke go napisam tvoeto ime, taka sto I angelite da znaat kako se vikas, zasto devojkite kako tebe se nepovtorlivi.


Постирано од: Renatax
Датум на внесување: 17.Јануари.2009 во 10:13
Neka taa ubava rabota se sluchi na sekogo,pa i na mene


Постирано од: Goldi
Датум на внесување: 17.Јануари.2009 во 14:47
среќасреќаSekako da  ti se sluci ovaa ubava rabota ti pozeluvam

-------------
Ako odam na nebo pred tebe, na sekoja zvezda ke go napisam tvoeto ime, taka sto I angelite da znaat kako se vikas, zasto devojkite kako tebe se nepovtorlivi.


Постирано од: Renatax
Датум на внесување: 17.Јануари.2009 во 14:56
Otkako te prochitav pogore kako da mi se zgolemi zelbata fala na iskrenite zelbi.


Постирано од: Marko Polo 1
Датум на внесување: 17.Јануари.2009 во 15:08
Bravo Goldi, interesni "tipovi" (soveti)...
edna mala zabeleska okolu orgazmot na zenata (idnata majka) - kakva korist od kontrakciite na matkata - so sto bi gi privlekla spermatozoidite- ako zenata dozivee orgazam ( da receme 5 min) pred mazot da ejakulira?
Mislam deka toa ima smisla samo ako i dvajcata doziveat orgazam vo isto vreme...


Постирано од: Goldi
Датум на внесување: 17.Јануари.2009 во 16:17
намигнувањеMarko Polo Постои мит дека жената мора да доживее оргазам за да забремени. Ова секако не е точно, иако поновите истражувања укажуваат дека мускулните контракции на матката при оргазам ја влечат спермата кон тубите. Сепак, не е неопходно важно жената да има оргазам но од друга страна машкиот оргазам е секако неопходно и колку е посилен оргазмот кај мажот толку се ејакулира повеќе сперма и со поголема брзина. Затоа е важна апстиненцијата барем 2-4 недели кај мажот, со цел да се добие посилен оргазам, што значи повеќе сперматозоиди и нивна ејакулација со поголема брзина

-------------
Ako odam na nebo pred tebe, na sekoja zvezda ke go napisam tvoeto ime, taka sto I angelite da znaat kako se vikas, zasto devojkite kako tebe se nepovtorlivi.


Постирано од: Goldi
Датум на внесување: 17.Јануари.2009 во 16:18
http://forum.idividi.com.mk/member_profile.asp?PF=20652&FID=70 - renatax големо%20гушкањеbas mie milo ako ti se zgolemi zelbata za razmnozuvanje голема%20насмевка

-------------
Ako odam na nebo pred tebe, na sekoja zvezda ke go napisam tvoeto ime, taka sto I angelite da znaat kako se vikas, zasto devojkite kako tebe se nepovtorlivi.


Постирано од: Renatax
Датум на внесување: 17.Јануари.2009 во 16:23
Goldi vo kontekst na akcijata za zgolemuvanje na natalitetot,ama potpomognata so tvoeto izlaganje...stimulativno deluvashe


Постирано од: Goldi
Датум на внесување: 17.Јануари.2009 во 16:33
голема%20насмевкаNew%20Baby%20SmileyNew%20Baby%20SmileyNew%20Baby%20Smileyголема%20насмевка

-------------
Ako odam na nebo pred tebe, na sekoja zvezda ke go napisam tvoeto ime, taka sto I angelite da znaat kako se vikas, zasto devojkite kako tebe se nepovtorlivi.


Постирано од: Renatax
Датум на внесување: 17.Јануари.2009 во 16:35
Simbolot na Sistina


Постирано од: Goldi
Датум на внесување: 17.Јануари.2009 во 16:48
намигнувањеNew%20Baby%20CryNew%20Baby%20Cry

-------------
Ako odam na nebo pred tebe, na sekoja zvezda ke go napisam tvoeto ime, taka sto I angelite da znaat kako se vikas, zasto devojkite kako tebe se nepovtorlivi.


Постирано од: Renatax
Датум на внесување: 17.Јануари.2009 во 16:52
Lele Goldi nemoj nekoi vakvi plachlivi da mi se rodat


Постирано од: Goldi
Датум на внесување: 17.Јануари.2009 во 17:02
heheheee  nemaj gajle  zavisi ti kakva si dali si  placliva ili neNew%20Baby%20

-------------
Ako odam na nebo pred tebe, na sekoja zvezda ke go napisam tvoeto ime, taka sto I angelite da znaat kako se vikas, zasto devojkite kako tebe se nepovtorlivi.


Постирано од: Renatax
Датум на внесување: 17.Јануари.2009 во 17:05
Ubavo toa na teta eeee vakvo krotko nasmeano sakam


Постирано од: Goldi
Датум на внесување: 17.Јануари.2009 во 20:19
среќасреќаNew%20Babies%20Hugs

-------------
Ako odam na nebo pred tebe, na sekoja zvezda ke go napisam tvoeto ime, taka sto I angelite da znaat kako se vikas, zasto devojkite kako tebe se nepovtorlivi.


Постирано од: Goldi
Датум на внесување: 17.Јануари.2009 во 20:25
                                              

Неплодност (Стерилност, Инефертилитет)

                                                                                                                                                                                                                                                                                                             Доколку имате проблеми за да станете бремени, не сте сами. Глобално, околу 10% од двојките го имаат тој проблем. За среќа, денес постојат многу тестови и процедури за откривање и третман на причините за неплодност.

Што е неплодност?

Според Американската Национална асоцијација за инфертилитет, неплодноста е состојба на репродуктивниот систем која доведува до неможност за забременување или пак за неможност за завршување на бременоста. Дијагнозата на неплодност се поставува доколку двојката една година има редовни односи, без примена на контрацептивни мерки, или ако бременоста не резултира со живородено бебе.

Причини за неплодност

Нплодноста може да биде предизвикана од фактори кај мажот или кај жената. 35%-40% од случаите причините се лоцираат кај жената и 35-40% се лоцираат кај мажот. Понекогаш постои состојба и кај двата партнери а понекогаш причините за неплодност остануваат непознатиНајчести причини кај жени
  • Нарушувања на овулацијата заради болести, родилни дефекти или абнормална продукција на хормони.  
  • Блокирани фалопиеви туби заради инфекција или ожилно ткиво  
  • Неможност на матката да го „држи“ ембрионот (ова може да биде предизвикано од различни причини, вклучувајќи и ожилно ткиво на ѕидовите на матката).
  • Ендометриоза

Најчести причини кај мажи
  • Мал број на сперматозоиди
  • Висок процент на сперматозоиди со анбормална форма  
  • Висок процент на сперматозоиди кои не се движат напред   
  • Ејакулациона дисфункција
Продукцијата на сперматозоиди може да биде оштетено заради блокирани семени патишта, многу висока температура, инфекции или дефекти при раѓање.
Други фактори кои влијаат се стрес, пушење, алхолизам, преголема тежина и општото здравје.  

Кога да се обратите на доктор ?

Најголем број од лекарите препорачуваат двојките кои една година безуспешно се обидуваат да добијат бебе, да се јават на лекар. Но доколку жената е на возраст над 30 години, има историја на пелвична воспалителна болест, абортус, болни менструации, неправилни менструални циклуси или докколку партнерот има мал број на сперматозоиди, се препорачува порано да се побара стручна помош.

Тестови за неплодност

Постојат голем број на тестови со кои може да се одреди причината која доведува до неплодност.  
Дијагностичките тестови за жени вклучуваат проверка на вредностите на хормоните, рентген снимање на фалопиевите туби за проверка дали се отворени и проодни и ендометријална биопсија. Можно е изведување на лапароскопска хирургија за дијагностицирање на ендометриоза,  адхезии (сраснатини од фиброзно ткиво) или ожилно ткиво во карлицата. Лапароскопијата генерално се изведува како амбуллантска процедура, без хоспитализација.  

Тестови за неплодност:

Тестови кои се изведуваат кај мажи:
  • Анализа на сперматозоидите; примерокот се анализира по 2-3 дневна комплетна апстиненција за одредување на волуменот и вискозноста на ејакулатот, бројот на сперматозоиди, нивната подвижност, брзината и обликот.  
  • Пост-коитален тест - за евалуација на интеркацијата помеѓу спермата и цервикалниот мукус (слуз) кај жената; се анализира цервикалниот мукус 2-8 часа по сексуланиот однос.  
  • Биопсија на тестиси (ретко се изведува).

Тестови со кои се одредува како функционираат овариумите кај жената:
  • Мерење на базалната температура- жената ја мери телесната температура секое утро и ги забележува промените кои се јавуваат со овулацијата.  
  • Следење на цервикалниот мукус низ менструалниот циклус за забележување дали е течен, растеглив и лизгав во овулаторната фаза.
  • Мерење на серумското ниво на прогестерон (со анализа на крв).  
  • Еднометријална биопсија .
  • Мерење на нивото на лутеинизирачки хормон во урината за предвидување на овулацијата (достапни во речиси секоја аптека).
  • Серумски хормонални вредонсти за двата партнери.

Тестови за одредување на проодноста на фалопиевите туби:
  • Хистеросалпинографија - рентген процедура која се изведува со аплицирање на контраст во матката и тубите, со што се проценува дали има слободен пат по кој сперматозоидите можат да дојдат до јајце-клетката на жената.  
  • Хистероскопија- амбулантна процедура при која со помош на мал катетер кој има камера на врвот, докторот може директно да ја види внатрешноста на матката и можните проблеми.  
  • Лапароскопија на карличната празнина- за директно гледање на евентуалните промени во карлицата.
  • Прогестерон тест- за проверка на нормалното функционирање на матката


-------------
Ako odam na nebo pred tebe, na sekoja zvezda ke go napisam tvoeto ime, taka sto I angelite da znaat kako se vikas, zasto devojkite kako tebe se nepovtorlivi.


Постирано од: Marko Polo 1
Датум на внесување: 18.Јануари.2009 во 02:52
Originally posted by Goldi Goldi напиша:

намигнувањеMarko Polo Постои мит дека жената мора да доживее оргазам за да забремени. Ова секако не е точно, иако поновите истражувања укажуваат дека мускулните контракции на матката при оргазам ја влечат спермата кон тубите. Сепак, не е неопходно важно жената да има оргазам но од друга страна машкиот оргазам е секако неопходно и колку е посилен оргазмот кај мажот толку се ејакулира повеќе сперма и со поголема брзина. Затоа е важна апстиненцијата барем 2-4 недели кај мажот, со цел да се добие посилен оргазам, што значи повеќе сперматозоиди и нивна ејакулација со поголема брзина


MIslam deka ne si me razbral dobro.
Aj ke probam vaka -

Situacija 1. Mazot svrsuva pred zenata, kolku saka neka apstinira pred toa, kolku saka dlaboko da penetrira. Zenata ne dozivuva orgazam, nema kontrakcii na matkata, i istite ne ja vlecat spermata podlaboko kon tubite. Rezultatot sepak moze da e - bremenost.

Situacija 2. Mazot i zenata svrsuvaat vo isto vreme, zaedno (idealna situacija). Toa e ona za sto zboruvas, kontrakciite se navremeni, tocno koga ima spermatozoidi za da bidat vovleceni podlaboko vo "tubite".
Rezultatot povtorno moze da e bremenost.

Situacija 3. Zenata svrsuva pred mazot, ne dozivuva povtorno orgazam podocna, kontrakciite se naprazno. Na ova jas mislev.
Ako mazot svrsi posle zavrsetokot na kontrakciite na matkata, nema sto da gi povlece spermatozoidite posilno vo tubite.
Rezultatot povtorno moze da bide bremenost.

Sakam da kazam deka ova "naucno" razmisluvanje vazi samo za idealnot slucaj, kaj mene spomnat pod reden broj 2.


Постирано од: Renatax
Датум на внесување: 18.Јануари.2009 во 10:42
Kako i da e vo dvata sluchai rezultatot e bremenost toa e najbitno e sega ako ne se pogodi isti tajming za orgazam pomali se shansite za zabremenuvanje...zatoa postoi sleden pat.Goldi bliznacive vo zuto se extra fala ti


Постирано од: ANITA11
Датум на внесување: 18.Јануари.2009 во 19:44
LELE KOLKU E SLATKOOOOOOOOO


Постирано од: chuchuliga
Датум на внесување: 18.Јануари.2009 во 20:50
 Затоа е важна апстиненцијата барем 2-4 недели кај мажот, со цел да се добие посилен оргазам, што значи повеќе сперматозоиди и нивна ејакулација со поголема брзина
 
Баш скоро некаде читав дека според најнови истражувања, тој мит за прво апстиненција - па после дај се на работа кај мажот нема врска. Односно, подолг период немање секс ги омлитавува и успорува спермичките, а честата ејакулација значи и брзо создавање нови, свежи и орни за „трчање“ среќа.Така да, секојдневен секс е најсигурна варијанта.


Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 19.Јануари.2009 во 08:54
... i ova treba da go znaat...
Адитивите ги прават децата хиперактивни

Хиперактивноста кај децата видно се зголемува кога консумираат храна збогатена со адитиви, велат научниците од Универзитетот во Саутемптон. Како што пренесува Би-Би-Си, Британската агенција за контрола на храната препорачува секоја одлука за забрана на одредени додатоци во исхраната да биде донесена на европско ниво.

Родителите реагираат дека некои деца штом ќе изедат слатки или ќе испијат газиран пијалак, почнуваат да стануваат хиперактивни и да не слушаат што им се кажува, а експертите го потврдуваат ова мислење.

- Ги тестиравме вештачките бои кои може да се најдат во широко распространетите видови производи кои се наоѓаат во исхраната на децата и не можевме точно да утврдиме кои адитиви предизвикуваат хиперактивност, вели докторката Дијана Бенфорд.

Од Британската агенција за испитување на стандардите во прехранбената индустрија велат дека постои врска помеѓу хиперактивноста и вештачката боја на производите на пример, но оти таа е комплексна и бара да се разгледаат сите аспекти.

- Докажувањето за влијанието на адитивите врз однесувањето на децата е сложено, не само поради тоа што се знае дека хиперактивноста е предизвикана од низа социолошки и генетички фактори, туку постојат докази дека активноста кај децата е зголемена со некои вештачки бои во исхраната, објаснува Ендруј Воч, научник при Британската агенција за испитување на стандардите во прехранбената индустрија.

Дали некои адитиви во исхраната треба да се забранат поради штетното влијание, е прашање за кое, според експертите, треба да одлучува цела Европа.




Постирано од: zbunet
Датум на внесување: 19.Јануари.2009 во 08:59
Нежноста на мајката се огледа во примерот кога му љупи јаболко на детето, а за себе ги двои наскапаните.


Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 17.Април.2009 во 10:07
Симпатично...и убаво да се знае
Домашно породување безбедно колку и болничкото

Најголемата студија од овој тип открива дека домашното породување на жени кои немаат проблем со бременоста е исто толку безбедно колку и болничкото.

Истражувањето кое што е спроведено во Холандија покажува дека нема разлика во степенот на смртност на мајки и бебиња од анализираните 530 000 породувања.

- Откривме дека за родилките со помалку ризична бременост породувањето во домашни улови е исто толку безбедно како и во болница, истакнува професорот Симон Буитендик.

- Овие резултати ќе ја поткрепат идејата за подржување на жените со помалку ризична бременост самостојно да го изберат местото на своето породување, истакнува тој.


Породувањето во домашни услови долго време претставува актуелна тема од аспект на неговата безбедност. Британската научна заедница го поздрави истражувањето, но остана малку скептична во однос на тоа дали истото би можело да се спроведе во универзални рамки.




-------------


Постирано од: Glenn
Датум на внесување: 17.Април.2009 во 13:19
Не би сакала дома да се породам. Се знае каде му е местото на пораѓајот-во болница во контролирани здравствени и стерилни услови.
Е сеа ако те стрефи таков случај да останеш дома да раѓаш, поради поплава надвор, снег 5м и слични временски и елементарни непогоди-ќе биде авантура

-------------
Beauty fades, dumb is forever


Постирано од: Popi
Датум на внесување: 17.Април.2009 во 14:17
Bre...koga gi gledam vaka naredeni srcinja, odma me faka zelba za uste edno. смеење  Aj ke gi preskoknuvam ovie stranici, podobro ke mi bide. голема%20насмевка
 
 
 
 


Постирано од: Delicia
Датум на внесување: 23.Јуни.2009 во 10:46
Исхрана за недоносено бебе

Исхраната е многу важна за подигнување на предвреме роденото бебе. При тоа, треба да се знае дека недоносеното бебе со помала тежина (под 1 800 грама) нема развиен рефлекс за цицање и за голтање, така што нив мора да ги храни добро подготвен средно-медицински персонал.

Предвреме родените деца се хранат со сонда која им се става во желудникот. Доколку е развиен рефлексот за голтање, можат да се хранат со лажичка или пипета, а ако е развиен и рефлексот за цицање, тогаш можат да се дојат или да се хранат со шише.

Доколку не се води сметка за овие рефлекси, многу лесно доаѓа до внесување млеко во белите дробови на бебето, а тоа претставува огромна опасност и по самиот живот на истото ( аспирациона пневмонија ). Друг важен момент е давањето соодветна храна уште во првите 24 часа од раѓањето. Најдобро е тоа да биде мајчиното млеко или млекото од друга доилка.

Бидејќи можноста од закиселување на организмот ( ацидоза ) е поголема кај предвремено родените бебиња, се препорачува хипертонична гликоза уште во текот на првите 24 часа. На овој начин се спречува и настанувањето на хипогликемија односно намалување на шеќерот во крвта.

Во извесна мерка, мајчиното млеко претставува и “разблажена” храна за порано родените бебиња. Имајќи предвид дека ним им е потребна богата храна ( со белковини, витамини и минерални соли ) заради брзо напредување и раст, се препорачува додавање на некој белковински препарат.

 Покрај мајчиното млеко, особено ако го нема во доволни количини, може успешно да се применува и некое млеко во прав. Бројот на оброци, се препорачува да биде исто како и кај навреме родените деца. Тоа значи дека бебето треба да се храни на секои три часа во текот на првиот месец, односно седум пати во текот на 24 часа ( и ноќе ). После првиот месец, бројот на оброци се намалува на 6, а подоцна и на 5 пати.

Со правилна нега и правилна исхрана, а особено со заштита од инфекции, на овие деца им се обезбедува правилен развој.



-------------
...It just takes a second to realize how wrong you are, about... everything...


Постирано од: Radmila Rada
Датум на внесување: 16.Јануари.2014 во 17:15
А дали имате сознанија што ако идните родители се крводарители? На мажот веројатно не, ама дали тоа би и сметало на жената да забремени?


Постирано од: емил
Датум на внесување: 16.Јануари.2014 во 17:37
Originally posted by Radmila Rada Radmila Rada напиша:

А дали имате сознанија што ако идните родители се крводарители? На мажот веројатно не, ама дали тоа би и сметало на жената да забремени?


Нема логика да и смета .

-------------


Постирано од: evangeline
Датум на внесување: 16.Јануари.2014 во 19:18
Originally posted by Radmila Rada Radmila Rada напиша:

А дали имате сознанија што ако идните родители се крводарители? На мажот веројатно не, ама дали тоа би и сметало на жената да забремени?
Јас колку што знам не смета. Но не смееш да донираш барем година дена после породување. 


-------------
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


https://www.youtube.com/watch?v=1DUYlHZsZfc" rel="nofollow - Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE


Постирано од: mrzla
Датум на внесување: 16.Јануари.2014 во 23:53
Нема да штети да забремени,ама сигурно бременоста би била тешка со слабокрвност

-------------
И бричот падна на колена пред зборот:

Те преколкувам кажи како да се наострам како тебе,сакам да колам без да пуштам крв


Постирано од: Radmila Rada
Датум на внесување: 18.Јануари.2014 во 14:00
Благодарам на вашите мислења, искрено не верував дека некој ќе пише...
Инаку мојот страв е затоа што дадов крв по што цела година немав дарувано, а секој месец мислам дека сум забременила...Знаете, кога сакате да ви се случи тоа, се мислите дека овај месец ќе биди...
Значи што ако сум бремена (а сеуште не знам за тоа- рано е) а веќе дарував крв?
Конкретно тоа ме мачи...


Постирано од: емил
Датум на внесување: 18.Јануари.2014 во 15:43
Не е убаво кога си бремена да даруваш крв . Дури не е правилно . И направи си тест за бременост  за да разбереш дали си или не си ==.

-------------


Постирано од: evangeline
Датум на внесување: 18.Јануари.2014 во 16:21
Originally posted by Radmila Rada Radmila Rada напиша:

Благодарам на вашите мислења, искрено не верував дека некој ќе пише...
Инаку мојот страв е затоа што дадов крв по што цела година немав дарувано, а секој месец мислам дека сум забременила...Знаете, кога сакате да ви се случи тоа, се мислите дека овај месец ќе биди...
Значи што ако сум бремена (а сеуште не знам за тоа- рано е) а веќе дарував крв?
Конкретно тоа ме мачи...
Не се секирај, на бебето нема да му е ништо среќа
Се надевам дека во скоро време ќе забремениш.


-------------
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


https://www.youtube.com/watch?v=1DUYlHZsZfc" rel="nofollow - Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE


Постирано од: Radmila Rada
Датум на внесување: 20.Јануари.2014 во 17:54
За тест е рано, треба да добијам здравје на 30ти (или дај Боже да не добијам)... па се надевам ако има некои клетки што се оформуваат да бидат бебе, дека не му попречив во процесот...
И дека во меѓувреме спасив нечиј живот
Во секој случај благодарам за вашите размислувања Евангелине и Емил,
се надевам и двајцата сте во право


Постирано од: Zlatnik
Датум на внесување: 20.Јануари.2014 во 18:17
Originally posted by Radmila Rada Radmila Rada напиша:

Значи што ако сум бремена (а сеуште не знам за тоа- рано е) а веќе дарував крв?
Конкретно тоа ме мачи...

Не се нервирај Радмилче.
Ако крвната слика ти е добра - ич не се коси што си дала крв, па и да си бремена!
Кај мене жената уште од млада никогаш не качила над 12 хемоглобин. И, можеш да замислиш, кога беше први-втори месец бремена даваше крв. Докторката не знаеше дека е бремена, па кога после дарувањето тоа и’ го кажавме ни’ рече дека не сме требале ... ама ... отиде. И еве, и жена ми и ќерката (22) се живи и здрави.
Така да ... ти реков, не му ја мисли што било. Ослободи се од таа мисла.
А за секој случај, во иднина сепак прво провери си дали си бремена, па потоа давај крв. Случајот со мојата жена не значи дека тоа е правило. Не се знае, можеби ќе испаднат некои нескани работи (од сосема други причини), ама ти цело време ќе мислиш дека можеби е од дарувањето.






-------------
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!


Постирано од: Radmila Rada
Датум на внесување: 21.Јануари.2014 во 13:43
Благодарам Златник- навистина ми е полесно сега кога го прочитав вашиот случај. Нема да ме јади мисла и да се нервирам беспотребно. Важно јас се чувствувам убаво и здраво, па не ми требаат дополнителни компликации од главата
Ве поздравувам сите и имајте убав ден


Постирано од: Zlatnik
Датум на внесување: 30.Јануари.2014 во 11:48
Originally posted by Radmila Rada Radmila Rada напиша:

За тест е рано, треба да добијам здравје на 30ти (или дај Боже да не добијам)... па се надевам ако има некои клетки што се оформуваат да бидат бебе, дека не му попречив во процесот... 

И?чекање
Ќе има тиганици*? мечтаење

* - некои (во Скопје, неправилно) ги викаат мекици!


-------------
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!



Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk