IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Филозофија и психологиjа
  Активни теми Активни теми RSS - Лоботомија на Идеологијата
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Лоботомија на Идеологијата

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12
Автор
Порака Обратен редослед
anakin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unidentified Flying Object

Регистриран: 08.Август.2005
Локација: Machku Pichku
Статус: Офлајн
Поени: 18535
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај anakin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Септември.2008 во 19:13
Originally posted by moira moira напиша:

Насловот е таков и одговара на идејата што ја имал авторот на темата...доколку мислел на лоботомија на следбеник на идеологија сигурно ке напишел така, во случајов, доколку си го прочитал воведот, мисли баш на Лоботомија на идеологијата


jas si citam so sakam
i si kazuvam so sakam
vo tvoite komentari ne se pletkam
tie se tvoi i ti stois zad niv
jas si stojam zad moiteголема%20насмевка
odpozdrav

SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.

Кон врв
mmomirovski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 15.Септември.2008
Локација: Tuvalu
Статус: Офлајн
Поени: 1219
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mmomirovski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Септември.2008 во 17:50
sine qua non: :) Причинска-последична врска... Идеологијата се наоѓа во криза на идентитетот.
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Септември.2008 во 11:21
Лоботомија (хируршки метод за отстранување на фронталниот дел од мозокот на човекот кој е задолжен за неговото однесување и кој ја дефинира личноста на човекот) може да се врши само на човек т.е. живо суштество, со цел радикална промена на личноста. Идеологијата, како систем на идеи, повеќе или помалку организирани, не остава простор за лоботомија врз самата себе, пред се затоа што идеологијата не може да се персонифицира во живо битие. Лоботомија ОД идеологија, Идеолошка лоботомија, Лоботомија врз идеолошки фанатици (или слепи приврзаници на некоја идеологија), да, прифаќам... Како и да е, суштината на темата е таа...
И тука не може да се генерализира, секогаш има исклучоци од правилото. Сите христијани не носат крст на градите... Сите металци не се облекуваат во црно (познавам металка што носи розевонамигнување)... И не се само пратениците од ВМРО што секогаш имаат исто мислење кога се носат закони... Сите фашисти не носат кукасти крстови... Сите феминистки не носат вибратори во ташните...
Вториот принцип, “За простите треба да е просто“, донекаде ги оправдува “простите“, како што ги нарекуваш... Многу е полесно да се заведе таков човек, но многу е пострашно кога најфанатични, најкрволочни и најубедени се високи интелекти...
Најчесто со некоја идеологија се идентификуваат (до фанатизам) личности кои имаат потреба од некој авторитет или стожер околу кој ќе гравитираат... несвесни дека се претопуваат во морето на безличност, лишено од сопствени идеи, креативизам и слобода на умот... Во тие случаи, идеолошката лоботомија е толку подлабока и порадикална, колку што е поголема персонификацијата на единката со одбраната идеологија...
Кон врв
moira Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...The Goddess... Administrateur adjoint

Регистриран: 06.Јуни.2007
Статус: Офлајн
Поени: 26016
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај moira Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Септември.2008 во 01:44
Насловот е таков и одговара на идејата што ја имал авторот на темата...доколку мислел на лоботомија на следбеник на идеологија сигурно ке напишел така, во случајов, доколку си го прочитал воведот, мисли баш на Лоботомија на идеологијата
Кон врв
anakin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unidentified Flying Object

Регистриран: 08.Август.2005
Локација: Machku Pichku
Статус: Офлајн
Поени: 18535
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај anakin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Септември.2008 во 01:28
NA SEKOJ SLEDBENIK NA NEKOJA IDEOLOGIJA
TAA MU PREVI LOBOTOMIJA

LOBOTOMIJA NA SLEDBENIK NA IDEOLOGIJATA treba da stoi naslovot

TAA SE VRSI OD UPRAVUVACI NA IDEOLOGIJATA - ZA DA JA ODRZAT VO ZIVOT

PRIMERI MILION
голема%20насмевка
SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.

Кон врв
moira Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...The Goddess... Administrateur adjoint

Регистриран: 06.Јуни.2007
Статус: Офлајн
Поени: 26016
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај moira Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Септември.2008 во 01:13

Хм...лоботомија на идеологијата...дали воопшто е можна да се изврши лоботомија на идеологија?

Да можеше немаше да постои...барем јас така мислам!

Имено секое општество содржи елементи како што се правилата, контролните системи, некој степен на култура која човекот како единка никогаш не би можел да ги оствари и од тие причини и му биле потребни некои идеологии, според кои би ги остварил своите цели или пак би имал некое потенцијално средство за остварување на истите.

Во секој човек, поради стравот кој сите го имаме, кај некого е повеќе изразен, кај некој помалку, се јавува еден вид изгубеност поради фактот што се во животот е минлива и менлива категорија, вклучувајки ги и односите со опкружувањето и најблиските, па така некои поединци единствена 
сигурност чувствуваат приклонувајки се кон некоја идеологија, баш заради заштита и сигурност, што не значи дека истата и ке ја добијат...најчесто на крај остануваат уште повеке испалшени и незаштитени, без разлика дали се свесни за состојбата или не, но секако има и такви кои поентираат од сето тоа и се наоѓаат себе си во сета таа каша од пароли, насочувања, правила и закони кои важат за одредената идеологија.

Идеолошкиот апарат нуди уредби, закони, правила на однесување, групи и организации кои се прилично строги и апсолутистички организирани и кои всушност ја уништуваат човековата интелектуална егзистенција и самостојност а што е најважно ја убиваат слободата и човекот во човекот!

А дали некој ке им долее на секогаш примамливите и убаво амбалажирани пароли и ке пристапи во масата која е обземена и заслепена од некоја идеја тоа е веќе личен избор, и секако зависи од интелектуалната моќ на единката!

Затоа free your mind...
...nes caffe...
намигнување







Изменето од moira - 17.Септември.2008 во 01:23
Кон врв
alan ford Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Techno thief

Регистриран: 02.Март.2008
Статус: Офлајн
Поени: 10782
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај alan ford Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Септември.2008 во 22:04


Порано мислев дека најубаво се сложувам со луѓе кои имаат горе-долу слични ставови со моите. Дури скоро сфатив дека воопшто не ми е важно каков е ставот по себе, туку многу повеќе како е дојдено до него. Можеме јас и ти да се разидуваме по секое прашање, од геј бракови до новиот ентериер на Јанко, ама ако твоите мислења се обмислени сами за себе и лично твои, аферим пријателу, не се суштински разликите меѓу нас.

Од друга страна, штанцани ставови од некоја идеолошка машинерија не можам да поднесам, па макар биле и идентични со моите. Идеолошки дронови, живи продукти на некоја одредена идеологија, вријат (особено на форѕмиве), и по правило тие воопшто не се свесни за нивната улога. За да препознаете идеолошки дрон, доволно е да ја препознаете идеологијата на која постојано се повикува. Сите идеологии имаат неколку заеднички принципи:

    1. Или ич, или брич. Идеологијата бара целосно прифаќање. Не може од 10 Божји заповеди, јас да ја отфрлам третата, и се уште да се нарекувам христијанин. Идеите се така испреплетени меѓусебно, втемелени врз еден основен принцип, што секое изневерување на која било идеја, значи изневерување на принципот, оттука и предавство на идеологијата. Така, понекогаш идеологијата преминува во догма, а сомнежот во догмата преминува во девијација. Затоа комунистот кој велел „Маркс можеби згрешил овде.„ обично одел на „работен одмор„, а пратениците на ВМРО секогаш имаат исто мислење кога треба да се гласа за некој закон. И нема металци кои носат розево.

    2. За простите треба да е просто. Идеологиите по правило се наука за себе, во чиј центар е самата таа. (марксизам, ениуан?) Но иако секој идеолошки систем има свои „апостоли на мислата„, теоретичари кои даваат интелектуален сјај на еден во својата суштина тоталитарен мозокопералник, широките маси за чија конзумација е наменет поседуваат крут мозок за чие перење оваа машина е сепак пресофистицирана. Така трите тома на Das Kapital мораат да се компресираат во читлив манифест (не повеќе од педесетина странички), или уште полошо, во некој ефтин слоган. Целата Библија мора да се разводни до 10 „заповеди„ и едно поздрав4е „Исус воскресе.„ - „Навистина воскресе.„ Во секој случај масовноста не е њус-продукт на идеологизирањето, туку напротив – негова основна цел. Идеологијата не сака да добива интелектуални битки, туку во типичен зерговски стил да испили еден куп дрончиња што фанатично ќе го преплават бојното поле и ќе продуцираат револуција. (Е сега, во какви околности таков макијавелистички пристап е оправдан, а кога не, е интересно прашање за дискусија.) Во сите овие случаи важи правилото: колку попрост, толку пофанатичен, покрволочен и поубеден.

    3. Идеологијата е бренд. Налик на Кока Кола, Мек Доналдс, Дурекс, само со приказна зад себе. Крстови, срп и чекан, анрхи-знакчето, пентаграмот, секое едно државно знаме, се се тоа симболи зад кои стои идеологија. Потоа слоганите, песните, легендарните „херои„ кои се калемат за идоли, сето тоа може да се навезе на маица и така речи да се брендира дрончето со својата идеја. „Луки ми, јас сум одечки комунист, анархист, националист, -ист, ист, ист...” Армија од исто облечени фанатични млади камикази-дечиња влева страв в коски. Идеја со сопствена војска секако дека изгледа моќно, оттука припадноста на таква сила станува привилегија, привилегија на најубедените (воедно и заштитеност во групата, меѓу „своите„, од сопствената страв и несигурност). Тоталитарните идеологии одсекогаш најголемо внимание посветувале на церемониите, митологизирањето, идентитот на младиот скоевец, пионир со црвена марама „секогаш спремен„, хитлер-југендовец, малиот војник на Мао. Погледнете само еден документарец од оваа временска дистанца (моја препорака, за „Културната револуција„ во Кина) и ќе ви надојдат морници од сиот тој бејби-терор. Денешните -изми, и „андерграунд„ идентитети се само несофистицирани верзии на целата таа шарада. Но сржта е една те иста – симболите и другите трејдмаркси емотивно го спојуваат копиљот со идеологијата, ставајќи го разумот и критичкото расудување во заден план.


Apendix: Инстант-примери за шајсе-идеологии: мој number one – христијанство, односно која било религија, разни национализми во сите бои, „левица„: социјализам, комунизам, ренесанса,laissez-faire либерализам, потоа металци, анархисти, скинхедси, разно-разни утепани готи, идеологијата на големата светска завера, антизападна се-од-амеирка-е-срање идеологија, про-ЕУ-НВО-човекови-права-демократија идеологија итн итн... Со еден збор – подалеку од секого, кој насила дозволува слободата на неговиот разум да биде поробена од една единствена полупечена идеја.
/тнх-сат.-ју аре грејт/
I vrag može citirati Sveto pismo za svoje potrebe.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,125 секунди.