IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > АРХИВА > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Прашања за однесувањето на свештенството
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Прашања за однесувањето на свештенството

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 5678>
Автор
Порака Обратен редослед
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Јули.2008 во 20:53
Езотерично - значи - знаење во кое се посветуваш преку посебен за целта чин (во случајов - крштевањето). Во тој контекст го употребувам, а не во контекст на мистично, припаѓање или нешто слично...
Do what is right, come what may...
Кон врв
Al_Masih_Qam Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Мај.2008
Статус: Офлајн
Поени: 113
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Al_Masih_Qam Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Јули.2008 во 20:53
Originally posted by zidarski zidarski напиша:

...и пред се, не е повод за земна слава и возгордување.


Е така... Секое првенство (титуларно, административно, почесно...) во Црквата подразбира пред се првенство во служењето. Оној кој се нарекува најголем треба најмногу да им служи на останатите. Во служењето е големината и од служењето произлегува почеста. Оној кој обратно ќе ја сфати работата - е тој ја прекршува заповедта за која збориме.
AL MASIH QAM! HAQQAN QAM!
ВОИСТИНУ ВОСКРЕСЕ ХРИСТОС БОГ!
Кон врв
Al_Masih_Qam Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Мај.2008
Статус: Офлајн
Поени: 113
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Al_Masih_Qam Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Јули.2008 во 20:49
Originally posted by zidarski zidarski напиша:

Причината е тоа што во Православието веруваме во одредени Таинства и реално погледнато се смета дека религијата од тој аспект е доста езотеричка.


Изини, ама го одлепи малце... Реално погледнато, светите таинства во православието немаат никаква врска со езотеријата. Учеството во таинствата означува реално учество на верникот во делата на Христовото спасително дело. Немаш тука некакви мистични состојби, припаѓања и сл. (секако има луѓе кои имаат и таков опит, но тоа во никој случај не е норма).

Инаку, господин е превод на грчкото „кириос“, кое потекнува уште од пред христијанството. Во грчкиот (како ни во англискиот, хрватскиот и др. јазици) не постои разликата „Господ - господин“, туку се користи едно и единствено зборче: кириос, лорд, господин (разликата е во големите и малите букви). Значи, она „господин-господин“ не доаѓа од „господ“, па демек човеков е од Господа, туку сепак е форма на почесно именување (како и терминот „владика“ на пример). Целава работа не ми стои дека има некоја посебна сакраментална (светоаинска) позадина.

Целиот проблем тука е во тоа што со онаа заповед која ја коментираме (само Бога да го нарекуваме Отец) воопшто не се укинува титулирањето и почесното именување! И за тоа пишував погоре...
AL MASIH QAM! HAQQAN QAM!
ВОИСТИНУ ВОСКРЕСЕ ХРИСТОС БОГ!
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Јули.2008 во 16:47
Има едно големо недоразбирање во целата ситуација, кое за жал пред се постои во православните средини и недоволно е објаснето...
Титулите како "Господин Господин" и слични на неа, не се во контекст во кој во световниот, современ јазик се користи зборот Господин. Додека во современиот јазик овој збор се користи како титула при обраќање кон лице од машки пол и тоа обично се користи како форма на обраќање кон некој кој е материјално над нас, црковната варијанта значи сосема друго, а имено (најблиску што би можело преведено) - Богу Предан или "Човек на Бога"... (не е најточно објаснувањето, ако ми текне поблизок термин на македонски, ќе го пишам).
Причината е тоа што во Православието веруваме во одредени Таинства и реално погледнато се смета дека религијата од тој аспект е доста езотеричка.
Не правете грешка - тоа не е световна титула, не е материјална титула и пред се, не е повод за земна слава и возгордување.
Do what is right, come what may...
Кон врв
AlDra Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 823
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај AlDra Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Јули.2008 во 15:22
Не знам за кое лицемерие зборуваш? Зар лицемерно е да поставуваш легитимни прашања кои имаат поткрепа?
Инаку на мојот пастор му се обраќам на име. Никогаш не ми кажал дека тоа му пречи. Сите му се обраќаат така. А како му се обраќаат судентите на професорот- тоа е нормална работа. А оној за кој ти мислиш дека е пастор (професорот) веќе не е.
Кон врв
Al_Masih_Qam Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Мај.2008
Статус: Офлајн
Поени: 113
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Al_Masih_Qam Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Јули.2008 во 15:09
Прашај го твојот пастор како му се обраќаат студентите од ПМФ... Сигурно не со „Ване“. Си постојат титули и Христос не ги укинува - но го укинува лицемерието, кое за жал ти на големо го презентираш на темава. Поздр.
AL MASIH QAM! HAQQAN QAM!
ВОИСТИНУ ВОСКРЕСЕ ХРИСТОС БОГ!
Кон врв
AlDra Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 823
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај AlDra Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Јули.2008 во 14:18
Мене и нешто друго ми е нелогично. Во молитвата која ни ја дава Исус, ни вели да се обраќаме на Бог со ,,Абба’’ што во превод би значело: Оче, Татко па дури и Татенце. А кон високите свештеници треба да се обраќаме со господин господин. Па зар не сме сите луѓе исти? Бог има право да бара да му се обраќаме со секакви титули но не и луѓето. Но и покрај Неговото право да бара од нас секакви ословувања Тој ни вели:,,Викајте ме само Татко’’ а луѓето-еднакви на нас бараат титули. Исус вели: ,,Најголемиот меѓу вас нека ви биде слуга’’(Мт 23:11) како и:,,Кога Јас, вашиот Господ и Учител, ви ги измив стапалата, тогаш и вие треба да си ги миете стапалата еден на друг. Јас ви дадов пример за да постапувате и вие како што Јас постапив со вас.’’(Јвн. 13:14,15)



Изменето од AlDra - 16.Јули.2008 во 14:18
Кон врв
16.9 Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 16.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 8
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај 16.9 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Јули.2008 во 12:54
Originally posted by Nikki Nikki напиша:


Некои од учителите во црквата би можеле да си помислат колку се мудри, надарени, интелегентни
Тоа се случувало низ историјата, поради големата слава на евангелието некои да дојдат до големи пари, слава и моќ
Сепак, мора да си помислат дека тоа учење и тие дарови се од Царството Небесно, а не од човек
Значи: кога некој ќе им се обрати на православните презвитери со високите титули, да не се возгордеат
А кога некој ќе им се обрати со Брате Презвитере, Брате Епископе, да не бараат повеќе бидеќи сите сме исти


Ники, Господ да те благослови, ми спаси 20 мин пишување, а секако и немаше вака точно и со цитати да го напишам моето мислење.
АМИН ! ! !
Кон врв
Al_Masih_Qam Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Мај.2008
Статус: Офлајн
Поени: 113
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Al_Masih_Qam Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Јули.2008 во 12:21
Originally posted by Nikki Nikki напиша:

...Црквата Презвитерите и Епископите ги нарекува ** ОЧЕ, Отци.

Праксата на презвитерите да им се обраќаме со Оче, Отец...


Точно така, само се пишува со мала буква. На тој начин во еден текст лесно ќе препознаеш кога се зборува за Бога, а кога за некој духовник.
AL MASIH QAM! HAQQAN QAM!
ВОИСТИНУ ВОСКРЕСЕ ХРИСТОС БОГ!
Кон врв
Nikki Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 02.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 259
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Nikki Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Јули.2008 во 09:35
Христос вели: Мат 23 ** Никого на земјата не го нарекувајте свој Отец ... а вие сте сите браќа
Црквата Презвитерите и Епископите ги нарекува ** ОЧЕ, Отци
Праксата на презвитерите да им се обраќаме со Оче, Отец .. потекнува уште од првите векови
Оваа Христова заповед е запишана единствено во евангелие по Матеј
Некои богослови мислат дека ова Евангелие, бидејќи на еврејски изворно било запишано
Во првите години не било присутно во црквите, кои со голема брзина растеле во Рим и Мала Азија
А покасно кога ова евангелие е преведено на грчки, праксата веќе зафатила длабоки корени
А во Византија кога славата на црквата порасна во огромни размери
Епископите со време добиа уште повозвишени титули, како на пример Владика
** Вашата Пресветост, Владико Свети
Дали овие титули му припаѓаат само на Господ, а ние сите сме браќа и сестри ?
Или постои голема тајна во овие мистични титули, за која треба повеќе да се пишува ?
Според предавањата на некои Отци, најправилно е да се обраќаме на презвитерите вака:
Брате Презвитере, Брате Епископе, Брате Ѓаконе

Според искуството на Црквата, овие титули будат стравопочит во срцето на народот
Презвитерите и Епископите се носители на страшни тајни, и со нив мораме да бидеме крајно сериозни
Секоја несериозност може да го навлече Божјиот гнев на нас
Затоа кога се обраќаме на ближните свештеници, најдобро е да ги почитуваме преданијата за Титулите
Сличен е одговорот и за бакнување раце на презвитерите и епископите
Некои монаси не дозволуваат да им ги бацуваш рацете, но тоа е израз на нивното крајно смирение

Кога би ја сватиле буквално заповедта за Отец, не би требало и својот роден татко да го нарекуваме Татко
Ап Павле Авраам го нарекува Татко, и себе си се нарекува Татко, што кажува дека заповедта на Исус не е буквална

Римјаните 4 ** За сите потомци авраамови кој ни е Татко на сите нам, според напишаното
                        ** Те поставив татко на многу народи

1 Коринтјани ** Зашто, ако имавте и десет илјади воспитувачи во Христа;
                             Сепак немате многу татковци, зашто јас ве родив во Христа Исуса преку Евангелието.

Тогаш зошто Господ Исус ги предупредува апостолите, презвитерите и епископите ?
Оаа заповед се однесува на свештенството во црквата
Господ знаел дека народот од ставопочит, ќе почне да се обраќа на старешините во црквата со посебни титули
Господ го предупредува целото свештенство да не се возгордее поради големата слава
Учењето кое тие го пренесуваат на народот во светот е страшно и славно
Некои од учителите во црквата би можеле да си помислат колку се мудри, надарени, интелегентни
Тоа се случувало низ историјата, поради големата слава на евангелието некои да дојдат до големи пари, слава и моќ
Сепак, мора да си помислат дека тоа учење и тие дарови се од Царството Небесно, а не од човек
Значи: кога некој ќе им се обрати на православните презвитери со високите титули, да не се возгордеат
А кога некој ќе им се обрати со Брате Презвитере, Брате Епископе, да не бараат повеќе бидеќи сите сме исти
Кон врв
Nikki Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 02.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 259
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Nikki Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Јули.2008 во 08:54
Незнам дали има Пребарувње на форумот, за да не се отвораат премногу теми

Толкувањето за косата е дека Маж не смее да носи долга коса до половина, како што често носеле жените во она време
Па да си ја плете, и со тоа да заличи на жена
Според Стариот Завет, свештениците требале да носат умерено долга коса

Некои православни монаси и презвитери носат умрено долга коса, обавезно фатена во реп
Се верува дека тоа е наследено од Еврејската Традиција до Исус
Исто и за женење наследена е еврејската свештеничка пракса
За да бидеш Презвитер треба да имаш 30 години и да бидеш женет, или пак Монах
Со цел да бидеш поискусен смирен, одлучен, со смирен ум, и целосно посветен
Затоа Исус почнал да проповеда на 30 години

Иако во пракса често се нарушуваат правилата поради човечка слабост
Затоа треба да збориме како треба да биде, а не како е, кога збориме за некоја црква

Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Јули.2008 во 08:43
Ники - сепак, вториот пост нема потреба да стои во оваа тема... Ти благодарам за цитатите!
Do what is right, come what may...
Кон врв
Nikki Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 02.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 259
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Nikki Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Јули.2008 во 08:09
Вистина ви велам дека нема ни еден што оставил куќа или родители или браќа или сестри или жена или деца заради Царството Божјо а да не добил многу повеќе од тоа уште сега во ова време, а во идниот век и живот вечен

Кој милува татко или мајка повеќе од мене не е достоен за мене и кој милува син или ќерка повеќе од мене не е достоен за мене, и кој не го земе крстот свој и не оди по мене не е достоен за мене. Кој ќе ја запази душата своја ќе ја загуби а кој ќе ја загуби душата своја заради мене ќе ја зачува.

Ако некој сака да врви по мене нека го земе крстот свој и нека оди по мене, оти кој сака да ја спаси душата своја ќе ја загуби, а кој ја загуби душата своја заради мене тој ќе ја спаси зашто каква му е ползата на човекот ако го придобие целиот свет а самиот се погуби или си направи зло

Овие редови Прав. Црква ги толкува како откажување од се што те спречува постојано да се посветиш на Богослужбата

Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Јули.2008 во 07:33
EvAngelos - знаеш дека имам доста висок праг на толеранција кон стари членови... ама овој пат имаш опомена! Такво генерализирање е навреда за оние кои се чувствуваат православни! Не очекував од тебе таква груба навреда...
Имаше јасно објаснување во врска со напуштањето на семејството - кога се прави и под кои услови се прави. Факт - има свештеници кои ги имаат нарушено тие правила и постапиле погрешно! Дали се тие свештеници можеме да ги земеме како репер за православните христијани? Се разбира дека не - исто како и кај сите останати деноминации кај што има грешни свештеници и погрешни постапки.
Внимателно со такви генерализирања, затоа што отвараат пандорина кутија... а после таа тешко се затвора.
Do what is right, come what may...
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 5678>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,188 секунди.