![]() |
|
Атлетика |
Внеси реплика ![]() |
страница 123> |
Автор | ||||
Schatzii7 ![]() Сениор ![]() ![]() Unglaublich Регистриран: 19.Октомври.2011 Локација: Lost somewhere Статус: Офлајн Поени: 7061 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() Испратена: 17.Август.2013 во 18:44 |
|||
»Wenn ein Deutscher einen Zug ausrauben möchte, kauft er sich als erstes eine Fahrkarte.« :) (Lenin 1917)
|
||||
![]() |
||||
Schatzii7 ![]() Сениор ![]() ![]() Unglaublich Регистриран: 19.Октомври.2011 Локација: Lost somewhere Статус: Офлајн Поени: 7061 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Триумф на Бондаренко, бронза за Бекриќ Во финалето Бондаренко прескокна 241см што е нов рекорд на шампионатите. Откако го обезбеди златниот медал се обиде да го сруши светскиот рекорд на Хавиер Сотомајор од 245см, подигнувајќи ја летвичката на 246см, но не успеа. Сребрениот медал го освои Мутаз Еса Баршим од Катар со скок од 238см, а бронзата ја освои Дерек Друин од Канада со иста височина, но послаба серија. Во трката на 400 метри со пречки, Џехју Гордон од Тринидад и Тобаго стана светски првак со време од 47,69 секунди. Втор беше Американецот Мајкл Тинсли, а изненадување направи Србинот Емир Бекриќ, кој беше единствениот европски атлетичар во финалната трка и стигна до бронзата со време од 48,05 секунди. Во истата дисциплина кај жените славеше Зузана Хејнова од Чешка со време од 52,83 секунди. До третата титула по ред на Светските првенства стигна Кениецот Езекил Кембои кој триумфира на 3.000 метри со пречки.Катерин Ибаргуен од Колумбија со најдобар резултат сезонава од 14,85 метри славеше во трискок. На 1.500 метри во женска конкуренција победи Абеба Аригави од Шведска со време од 4:02,67 минути. |
||||
»Wenn ein Deutscher einen Zug ausrauben möchte, kauft er sich als erstes eine Fahrkarte.« :) (Lenin 1917)
|
||||
![]() |
||||
Schatzii ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 04.Мај.2010 Локација: Germany Статус: Офлајн Поени: 10600 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Болт планира 9.4 секунди, па трансфер во фудбал?
24-годишниот Јамајканец се надева дека ќе може да истрча 9.4 на 100 метри, време за кое верува дека "нема да може да се совлада" и кое е далеку од неговиот рекорд од 9.58. Болт е светски рекордер на 100 и 200 метри и последните три години стигна до троен олимписки триумф и до троен триумф на Светското првенство во атлетика. Потоа навивачот на Манчестер Јунајтед би се фокусирал на фудбалот и верува дека има доволно квалитети да успее на теренот. "Секогаш ги гледам тие момци како што играат и мислам дека би можел да бидам професионален фудбалер. Би сакал да играм фудбал две години, а можеби би успеал во некој просечен тим", изјави Болт за магазинот Спортсвик. Претходно минатата недела, Болт за ББЦ изјави дека ако не би бил атлетичар, го очекувала кариера во крикетот. Малку посериозно, Болт зборуваше за се подобрата репутација на атлетиката, посебно во борбата против допингот. "Во нашиот спорт вршат многу добра работа во фаќањето на измамниците. Ќе бидеме уште почист спорт во иднина. Јас пред мене имам уште 4 добри години ако тренирам напорно", додава Болт. |
||||
Dream what you want to dream;
Go where you want to go; Be what you want to be, because you have only one life and one chance to do all the things you want to do. |
||||
![]() |
||||
Omar ![]() Сениор ![]() ![]() Too young to die... Регистриран: 22.Февруари.2009 Статус: Офлајн Поени: 12633 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
AKO NE E ZA TUKA PREMESTUVAJTE!!!
Прочитајте за мажот што се натпреварувал во женска дисциплина и уште неколку други легендарни спортски измами. Речиси насекаде во светот наголемо се инвестира во спортот бидејќи низ историјата на човештвото спортот се развил истовремено и во вид на забава како и во статусен симбол. Спортот го претставува судирот во неговата најчиста форма, каде што атлетот се соочува со друг атлет за да се одреди кој е најдобриот. Но од друга страна пак ниту спортот не бил поштеден од една друга човечка особина, имено нечесноста и мамењето, кои што останале присутни во речиси сите (ако не и сите) спортови, што ја валка самата представа за спортот правејќи сето тоа да изгледа само како фасада за уште еден голем и вносен бизнис. Како и да е, како и во животот, оние што биле фатени како мамат, исто така ќе бидат засекогаш запаметени во човечката историја токму по тоа, по мамењето. Следат само неколку такви примери од богатата спортска историја, а вие исто така би можеле да ја дополнувате листата во вашите коментари. 1. Дора Ратјен По серија порази на олимписките игри, Германија полагала големи надежи на новите атлети за време на игрите во 1936 година. Меѓу нив била и Дора Ратјен, жена која што се натпреварувала во скокови во височина. Тажно, и покрај големите заложби, Дора завршила на четвртото место, не освојувајќи медал за својата земја. Уште потажно - Дора всушност била машко. Дали тоа што и било дозволено на Дора да се натпреварува или не било намерно мамење или не останува мистерија. Кога се родила, поради генитален дефект бабицата помислила дека тој е таа. Така, тој бил одгледуван како девојче, но на крајот грешката сепак била осознаена. Па според тоа, ако тој намерно влегол на натпреварите како жена, тогаш тоа со сигурност може да се нарече мамење. Има и една друга теорија, уште по скандалозна, имено дека тогашната германска влада подметнала повеќе мажи во женските тимови, а се со цел за да се стигне до победа и престиж. 2. Панама Луис Боксот и така веќе е доволно брутален спорт според сите мерила, и покрај тоа што се смета за благороден спорт. Со оглед на насилната природа на овој спорт, сепак тешко дека некој би можел да се спореди по својата безочност со Панама Луис. Панама Луис бил тренер на Луис Ресто. Луис се соочил со дотогаш непобедениот Били Колин помладиот. Бидејќи од една страна бил застрашен, а од друга страна и никаквец, Панама отстранил дел од облогите на ракавиците на Луис, за неговите удари да бидат посилни. Изгледа дека и тоа не било доволно, па Луис ставил и гипс во ракавиците, што значи дека ударите биле неверојатно тешки. Еве што му се случило на Колинс: И двајцата измамници биле осудени за повеќе криминални дела, на Панама му била одземена боксерската лиценца, но тој сепак продолжил да обулува боксери надвор од САД. Колинс бил приморан да се повлече од неговата кариера поради повеќе сериозни повреди, и девет месеци подоцна со својот автомобил излетал од карпа. Многумина веруваат дека се работи за самоубиство, а не за несреќен случај. 3. Стела Волш Додека била дете, семејството на Стела емигрирало од Полска во Америка. Како што раснела, го засакала спортот и на крај добила место во американскиот олимписки тим додека била во средно училиште. Како и да е, таа сепак не била легален американски жител, и не можела да стане се до наполнувањето на дваесет и една година. Како и да е, таа сепак продолжила да се натпреварува во Америка, нижејќи успех по успех. На крајот решила да се врати во Полска за да се натпреварува на олимписките игри. Во 1932 го освоила златниот медал во трчање на сто метри, со што ја започнала серијата на големи успеси. Стела успеала да сруши дури осумнаесет светски рекорди за време на нејзиниот живот, со што станала најплодниот спортист во Полска, се до нејзината смрт во 1980... …Тогаш аутопсијата откриал дека таа имала машки гениталии. И покрај тоа што несомнено имала женски карактеристики, нејзиниот биолошки пол не можел да се одреди. Била родена со пар XX и XY хромозоми. Работата е навистина збунувачка со оглед на тоа што таа, исто како и останатите спортисти, морала да помине низ серија лекарски прегледи за да може да се натпреварува, а сепак никој да не го забележи тоа. 4. Судискиот скандал во уметничко лизгање За разлика од останатите спортови, во уметничкото лизгање победата не секогаш се одредува од супериорноста на натпреварувачите. Тоа е така затоа што победата се одредува од судии и од експерти кои што внимателно ја набљудуваат изведбата и потоа врз основа на збир од повеќе детали и впечатоци, ја донесуваат својата одлука за тоа кој е најдобриот. Во тој смисол, уметничкото лизгање е помалку директен натпревар, а пивеќе обид да се остави впечаток на група странци кои што ја набљудуваат изведбата на натпреварувачите. Се до 2002, руското уметничко лизгање било најдобро во светот. Но таа година се случила грешка во нивната изведба. Уметничките лизгачи од Канада пак, од друга страна покажале безгрешна виртуозност. Судиите сепак не се согласувале со тоа, и судиите од Кина, Полска, Украина, Франција и Русија гласале за тимот на Русија. Судиите од Германија, Јапонија, Канада и САД гласале за Канада. Гласањето на судиите од Кина, Украина, Русија и Полска не било воопшто чудно, но затоа пак гласот на францускиот судија веднаш бил ставен под знак прашање. Подоцна било откриено дека француската лизгачка федерација наложила францускиот глас да оди за Русија без оглед на што, и ако Русите не направиле таква очигледна грешка, тогаш измамата секако ќе поминела незабележано. Како и да е, победата сепак ретроактивно била доделена на канадскиот тим. 5. Рози Руиз Кој при чиста свест и совест би сакал да уништи една цела маратонска трка? Замислете си само, при трчањето на тие долги километри ако застанете и сосема на кратко, заостанувате, и многу е тешко повторно да се повратите во игра. Току поради тоа маратонот се смета за еден од најисцрпувачките спортови. Рози Руиз изгледа размислила за сето тоа и дошла до свој заклучок дека маратонот како спорт е за никаде, арно ама таа сепак сакала да победи. Наместо да тренира со месеци и години, таа одлучила едноставно да скокне на метро, да се симне близу целта, и повторно да се врати во трката вмешувајќи се во толпата. Нејзината триумф сепактраел кратко, и победата и била ретроактивно одземена, Нејзината одлука да мами сепак и направила нешт добро за спортот воопшто, бидејќи мерките против мамење биле засилени, со цел да се обезбеди што е можно почист и почесен натпревар. 6. Поразот на White Sox во 1919 Овој безбол тим од Чикаго решил да мами на доста невообичаен начин- тие намерно изгубиле. Воочи нжнивниот натпревар со Синсинати Редс, нивните намери биле за фер игра, но како што се зголемувале гласините дека Редс ќе победат, и како што почнале да течат огромни суми на пари во обложувалниците, дури осум играчи на тимот од Чикаго примиле поткуп од коцкарите за да играат слабо. Тоа и го сториле, по што нивниот тим отпаднал. Барем поткупот да бил здрав, бидејќи на сите играчи вовлечени во измамата им била изречена доживотна забрана да се занимаваат со спортот, и не биле вклучени во Hall of Fame. Како и да е, не се само парите во прашање во сета таа бркотница. Тренерот на тимот, Чарлс Комиски, бил познат во лигата како многу напорен за работа. Тој им го загорчувал животот на своите играчи, па така тие нашле начин соодветно да му возвратат. |
||||
![]() |
||||
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Мерилин Оти ќе трча на ЕП за Словенија на 50 годишна возрастИзвор: Макфакс
Словенија ја пријави натурализираната Мерилин Оти од Јамајка, да трча во штафетата 4 х 100 метри на ЕП во Барселона. Не би било ништо чудно доколку не се знае дека оваа атлетичарка има полни 50 години. |
||||
![]() |
||||
Marko Polo 1 ![]() Сениор ![]() ![]() venecijaner Регистриран: 20.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 9693 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
![]() ![]() Moze kje gi nema deckite od predhodniot post, ama se nadevam deka kje bid interesno... ![]() |
||||
![]() |
||||
Schatzii ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 04.Мај.2010 Локација: Germany Статус: Офлајн Поени: 10600 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Болт го победи Пауел, Оливер блиску до светскиот рекорд
![]() "Не успеав да го срушам резултатот во оваа сезона, но не можам да кажам дека сум незадоволен. Трката беше добра, меѓутоа морам да работам уште многу за подигнување на формата", изјави Болт, кој на трката настапи недоволно заздравен од повредата на Ахиловата тетива. Покрај дуелот Болт-Пауел, ѕвездата на вечерта беше Американецот Дејвид Оливер, кој дојде на чекор до соборување на светскиот рекорд на 110 метри со пречки, откако ја "прелета" дистанцата за 12,89 секунди, што е трет најдобар резултат во историјата во оваа дисциплина (светскиот рекорд изнесува 12.97 и го држи Дејрон Роблес).
На второто место заврши Рајан Вилсон со заостанување од 23 стотинки, а трет беше Рони Еш. |
||||
Dream what you want to dream;
Go where you want to go; Be what you want to be, because you have only one life and one chance to do all the things you want to do. |
||||
![]() |
||||
Santijago ![]() Сениор ![]() ![]() PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Кој вели дека само црниците можат да истрчаат 100 м под 10 сек ...
![]() ![]() Историско „чудо“: Белец за прв пат истрча 100 метри под 10 секунди!![]() Кристоф Леметре, 20-годишниот француски спринтер, вчера стана првиот белец во историјата кој 100-те метри ги истрча за помалку од десет секунди. Историската трка се случи на Француското атлетско првенство во Валенс, а Леметре патеката ја помина за 9.98 секунди. Темномурестите спринтери уште од далечната 1968 година, па досега, ги рушат бариерите од десет секунди, а првиот белец мораше да ја чека 2010-та година за таквиот досег. Секако, Леметровите 9.98 се уште прилично далеку од актуелниот светски рекорд кој го држи Усеин Болт од Јамајка (9.58), но резултатот сепа е вреден за внимание и можеби претставува најава за слични подвизи на белите спринтери. Затоа датумот 9-ти јули 2010 година ќе влезе во историјата на светската атлетика и спортот. |
||||
I'm out bcz of pathetic around here
|
||||
![]() |
||||
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Болт ќе оди на рекордот на 300 метри
![]() "Имав неколку трки на 300 метри на тренинг, и навикнат сум на далечината, иако ова ќе биде мојата прва трка. Ако времето е добро, се надевам на брзо време", вели Болт. За Болт ова ќе биде четврти настап на митингот, кој сега е дел од новата ИААФ Светски Челенџ серијата. Лани тој победи на 100 метри со време од 9.77. Јамајканската ѕвезда според извештаите ќе заработи повеќе од 300.000е за учеството на митингот, а организаторите ветија уште 30.000е ако го сруши рекордот. Тој ја започна сезоната со победа на 400 метри на Кампертаун Класик на 14 февруари на Јамајка со време од 45.86, но вели дека не планира да се натпреварува на трката на еден круг, барем засега. "Мислам дека 400 метри ќе дојде за мене некаде во иднината, се надевам по 2012. Се работи за пеколно напорна трка", вели Болт. |
||||
![]() |
||||
гoстин ![]() Сениор ![]() Регистриран: 29.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7557 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Болт рекордер и на 150 метри
Трикратниот олимписки шампион од Пекинг Усаин Болт, успешно се врати на патеката по лесната сообраќајна несреќа која ја доживеа минатиот месец. Светскиот рекордер на 100 и 200 метри, стана најбрзиот човек на светот и на делницата од 150 метри. Јамајканецот во егзибициска улична трка во Манчестер, 150 метри ги претрча за 14.35 секунди. Досегашниот рекорд од 14.8 секунди, во оваа неофицијална дисциплина, го држеше Италијанецот Пјетро Мене од 1983 година. ![]() ![]() |
||||
|
||||
![]() |
||||
гoстин ![]() Сениор ![]() Регистриран: 29.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7557 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Ѕвездите немаат пари да го платат патот
Не сме среќни поради тоа бидејќи не е коректно кон атлетичарите, но и кон другите митинзи каде се плаќа за доаѓањето. Поради тоа ние менаџерите решивме да испратиме писмо до ИААФ во врска со тоа и чекаме одговор, вели Едлетбергер Врвните атлетски ѕвезди, меѓу кои и светската првенка во скок во височина Бланка Влашиќ , ја разгледуваат можноста за бојкотирање на митингот од Златната лига, на 14 јуни во Берлин бидејќи организаторот не е подготвен да исплати гаранција за настап. Менаџерот на Влашиќ , Харалд Едлетбергер (Австрија) за германската агенција ДПА изјави дека менаџерите на митингот во Доха разговарале за проблемот. - ИСТАФ објави дека нема да исплати никакви износи за доаѓањето на топ атлетичарите. Не сме среќни поради тоа бидејќи не е коректно кон атлетичарите, но и кон другите митинзи каде се плаќа за доаѓањето. Поради тоа ние менаџерите решивме да испратиме писмо до Светската атлетска федерација (ИААФ) во врска со тоа и чекаме одговор, вели Едлетбергер . Менаџерот на ИСТАФ, Герхард Јанетцки за ДПА изјави дека со менаџерите на атлетичарите се водат преговори и оти целата ситуација ја неметна светската економска криза. - Факт е дека водиме тешки разговори со менаџерите . Плаќаме награди и секако плаќаме за доаѓањето на врвните атлетичари . Природно е сите тие да настапуваат за висока цена, вели Јанетцки. Портпаролот на ИААФ Ник Дејвис за ДПА изјави дека тој ништо не знае за писмото на менаџерите. Бојкот на некој митинг ќе значи и пропуштање на шансата атлетските ѕвезди да го освојат џек потот, од Златната лига, во износ од еден милион долари, кој го добиваат спортистите ако победат на сите шест митинзи, од ова елитно натпреварување. Меѓутоа, ако ниту еден атлетичар нема шест победи тогаш оние што ќе триумфираат на петте митинзи во Берлин, Осло, Рим, Париз, Цирих и Брисел ќе можат да поделат 500.000 долари. - Имаме пресметка тешка околу 2,7 милиони евра и 17 дисциплини место 19, од лани. Малку ги намаливме пресметките за атлетичарите на сметка на промоција на митингот, вели Јанетцки. ![]() |
||||
|
||||
![]() |
||||
fiks ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ![]() ![]() ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Усаин Болт повреден во сообраќајка
![]() Недалеку од својот дом, западно од Кингстон, Болт при голема брзина ја изгуби контролата управувајќи го своето спортско БМВ по лизгава улица. Со него во друштво бил неговиот брат и непозната жена. Никој не е посериозно повреден иако сите тројца се префрлени во болница на прегледи. Набрзо атлетичарот е пуштен дома со замотан глужд. Болт на навивачите само кратко им дофрлил дека е добро. Тешко настрадал само неговиот М3, кој како подарокот го добил од спонзорот Пума по трите олимписки златни медали. Засега не е познато дали повредата на левото стапало ќе влијае на сезоната на трикратниот светски рекордер од Игрите во Пекинг. Првата трка Болт требаше да ја трча оваа сабота во Кингстон, додека на 17 мај беше предвиден неговиот промотивен настап со Кристијано Роналдо во Манчестер. "Ќе видиме како ќе се развива ситуацијата во следните неколку дена. За евентуално повлекување од натпреварувањата кои претстојат ќе одлучи тренерот на Усаин, Глен Милс" - изјавил агентот на Болт, Рики Сим. |
||||
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
||||
![]() |
||||
гoстин ![]() Сениор ![]() Регистриран: 29.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7557 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Болт: Можам под 9.4
Актуелниот светски рекордер во дисциплините на 100 и 200 метри , јамајканскиот атлетичар Усаин Болт ја прокоментирал изјавата на американските професори за временските граници на спринтот. Професорот Марк Дени во своето истражување изјави дека „границата на машкиот спринт на 100 метри е 9.48 секунди, а на 200 метри 18.63 секунди“. „Чувствувам дека можам да истрчам 100 метри за 9.5 секунди. Верувам дека можам и да ја поместам границата се до 9.4 секунди. Сметам дека на тоа време ќе остане рекордот” изјави Болт, кој во Пекинг на 100 метри доминираше со време од 9.69 каде предвреме почна да ја слави својата победа. ![]() |
||||
|
||||
![]() |
||||
blackeye ![]() Сениор ![]() ![]() The Body Регистриран: 24.Август.2007 Статус: Офлајн Поени: 4058 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Болт истрча 6.91 на митингот во Женева!
Изменето од blackeye - 02.Април.2009 во 01:10 |
||||
Ne znam kako da pobegnem
od sna, I ne znam dal' te iko voli kao ja, Al' ne bi ova noc tako bolela, Da me nisi volela.... |
||||
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница 123> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |