IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > АРХИВА > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Да го разбудиме Вистинското Православие
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Да го разбудиме Вистинското Православие

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 78910>
Автор
Порака Обратен редослед
maria_magdalena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
trouble seeker

Регистриран: 25.Октомври.2007
Статус: Офлајн
Поени: 8706
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај maria_magdalena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Јануари.2009 во 19:19
Јас веќе незнам што да кажам на оваа тема. И кој е виновен за некои работи...
Денес на вестите, покрај главната, за фрлањето на крстот, беше даден и рапорт како во село Кадино се обележува овој голем ден, кога Бог се прикажа во Тројство.
Господата од ова село на овој ден колат к*рбан, овен, си имале и посебен колач и го жртвуваат на светецот на црквата (заборавив кој светител). Најтрагично е што тоа се прави и во црковниот двор зашто само таму имало највеќе услови, вода и слично а беше и прикажано како се готви.

Јасно, пред црквата тезга со зејтини, комбинезони мислам, што не...

А крстот-оди на лицитација. Ланската сума достигнала 500 евра, јасно парите се за црквата.

Не гледам ни надеж за некакво будење...
а вие?


Изменето од maria_magdalena - 19.Јануари.2009 во 19:22
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
Кон врв
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4490
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај spiros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Јануари.2009 во 18:11
Originally posted by izvoren izvoren напиша:

За да го разбудите вистинското православие треба првин да издефинирате кое е тоа вистинското.Реално во случајов во православие спага се и сешто.



Самиот збор ти дефинира што е православие !   
Зборот православие значи право (правилно) да се слави БОГ СЕДРЖАТЕЛОТ !

Е сега може секој да се праша самиот засебе дали Го слави БОГА со својот начин на живот, размислување, зборување, практицирање на обичаи и итн.

Јас познавам само Еден СОВРШЕН ПРАВОСЛАВЕЦ !

Ме интересира, колку вие прави православци познавате и кои се тие?

Поздрав до сите




Изменето од spiros - 09.Јануари.2009 во 18:14
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!

БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!



Кон врв
ahmar1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 712
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ahmar1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Јануари.2009 во 15:54
Who is the master who makes the grass green?
Илја дин,Илја бил ел Месија+++
нема друга вера освен правоверната,Христос е Месијата+++
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Јануари.2009 во 15:46
Mnogu ubavo kazhano ahmar1.

Vo moeto semejstvo odsekogash se govorelo za spiritualnost i religioznost na eden ili drug nachin i sin mi se ima zapoznaeto so seto toa ushte od najrani godini. Toj vekje odamna znae oti site promeni zapochnuvaat od nas samite i deka potoa, kako sto sozrevaat i kako sto postanuvaat nashe sekojdnevie, prirodno se shirat se podaleku okolu nas, afektirajki ja sredinata vo koja zhiveeme. Zatoa edna od negovite omileni misli vo posledno vreme koja ja koristi da se potseti na ovoj fenomen koga kje se najde vo nekoja nesigurnost ili nedoumenie e slednava (na angliski, bidejki zhiveeme vo anglisko jazichno podrachje iako site govorime makedonski):

Who is the master who makes the grass green?

Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
ahmar1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 712
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ahmar1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Јануари.2009 во 14:38
Доста интересна тема си потегнал pravoslavie.Но морам да се сложам потполно со zidarski.
Променат ќе дојде само ако ние се промениме.Во контекс на ова е и една реченица што ја прочитав во житието на свети серафим саровски во која на верниците им велел..(парафразирам):имај мир во со Бога и во себе и илјадници луѓе околу тебе ќе се спасат.
еве на пример велиш дека треба повеќе да мисионериме,зар е случајно што сме се родиле баш во нашите семејства,
што тие и тие ни се роднини,колеги на работа,соученици,непознати луѓе до нас во автобусите на ЈСП?!мислам дека ништо не е случајно.
и со секое наше дело и збор сведочиме(добро или лошо)пред ближните.
За социјализирањето со луѓето од црква..
За ова сум размислувал уште од кога го запознав посуштински православието и многу ме мачеше во почетокот,нели како што вели поговорката unus cristianus -nulus cristianus. и што сега ја како индивидуа да превземам?!
па на едно предавање од веронаука вероучителот(сега отец Ивица) го спореди тоа со круг и точка во центарот.Рече дека кога сме далеку од Бога сме како осамена точка на надворешните делови од кругот,кога ќе се покаеме и се придвижиме кон центарот-Бога, и други кога ќе го направат тоа, сите заедно се придвижуваме кон Бога, тогаш точките се доближуваат!
Кога Бог во својата промисла ќе види дека искрено го бараме Он уструјува,во согласност со нашиот духовен раст, се сретнеме со (условно кажано)Негови луѓе кои ќе ни помогнат во Духовниот живот.тоа не мора да е свештеник или монах,напротив! некој обичен мирјанин.
јас лично за мене може да набројам многу мои сегашни искрени и семејни пријатели,некои од нив сега и мои роднини, кои сум ги запознал токму преку Божјата промисла.
еве ќе ти дадам пример..во една црква во скопје од кога бев средношколец доаѓаа доста млади боготрагачи.
сега кога бев на Божик и кога излегов по службата,се топеше срцево од среќа во мене кога видов дека истите тие млади боготргачи сега имаат и ги носат и своите семејства и деца(некои отидо и во монаштво).
значи заедницата расте.И повеќе од половината таму беа и почна да идат затоа што имале другар или другарка кои ги потикнале со својот пример да се заинтересират.
Еве од таму имам еден искрен пријател кој почна прв да се воцрковува.постепено како што идеше времето и негови соседи и пријатели почнаат да доаѓаат на литургија.
(меѓу нив и мојата сегашна сопруга .)
Нити има завршено теологија,нити нешто слично, но има љубов кон сите.Не проповеда на улица и на телевизија како е младинава е расипана и дека треба да се смени,не лепи плакати,не се фали дека пости.. .сега прашањето е зашто тој некој мирјанин делува така позитивно на неговата околина?!
тука на овој практичен пример од човек од соседството ги сфатив зборовите на свети серафим саровски а и уште повеќе Христовите:
Матеј.5 глава
14. Вие сте светлина на светот, не може да сокрие град,што се наоѓа на врв на планина.
15. Ниту, пак светило се пали и става под поклопец, туку на свеќник,и им свети на сите в куќи.
16. Така треба да свети пред луѓето и вашата светлина за да ги видат вашите добри дела и да Го прослават вашиот Отец небесен.“
поздрав и секое добро

Изменето од ahmar1 - 09.Јануари.2009 во 14:42
Илја дин,Илја бил ел Месија+++
нема друга вера освен правоверната,Христос е Месијата+++
Кон врв
izvoren Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 12.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 700
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај izvoren Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Јануари.2009 во 05:23
За да го разбудите вистинското православие треба првин да издефинирате кое е тоа вистинското.Реално во случајов во православие спага се и сешто.
Кон врв
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4490
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај spiros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јануари.2009 во 23:52
Originally posted by Pravoslavie Pravoslavie напиша:


Да го разбудиме Вистинското Православие

Како што е очигледно, ...



Будењето (и преродбата од БОГА) се случува според Милоста БОЖЈА а не со човечки напор!
БОГ е Тој што го започнува, прави и усовршува будењето (и преродбата) а наше е само да не се противиме на истото!

За жал мора да се констатира дека многу се греши (мислејќи дека се прави нешто добро) во Името на БОГА.

Да биде ТОЈ на сите Милостив и да ги отвори очите и омекне срцата на сите!

АМИН



Во времето на овие цареви Небесниот Бог ќе подигне Царство кое никогаш нема да пропадне и не ќе помине врз некој друг народ. Тоа ќе ги разбие и ќе ги уништи сите оние царства, а самото ќе стои довека -
како што виде дека се одвали камен од брегот а да не го допре рака, та ги сотре железото, бронзата, глината, среброто и златото. Великиот Бог му соопшти на царот што има да се случи. Сонот е вистинит, а толкувањето му е веродостојно.” (Пророк Даниел 2:44)




       

   
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!

БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!



Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јануари.2009 во 02:31
Пак зборуваме за две различни работи... препрочитај го уште еднаш мојот претходен пост...
Do what is right, come what may...
Кон врв
Pravoslavie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Октомври.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1732
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pravoslavie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јануари.2009 во 02:21
Originally posted by zidarski zidarski напиша:

 
Тоа што го реков - дека тоа што ти го предлагаш постои - е точно. Тоа го има и тоа не на едно или две места во Македонија. Ако ти не знаеш за нешто, не значи дека истото го нема.
 
 
Те молам информирај ме каде го има тоа во Скопје
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јануари.2009 во 02:13
Многу сакам кога ќе дадам некоја остра критика и кога ќе ми одговорат со "не знаеш ти, не си тука, таму е друго...".
Православие - јас не сум од оние емигранти што се тука 40 години и не знаат како е во Македонија. Напротив - дојден сум релативно скоро, израснат сум во Македонија и активно сум вклучен во нејзиното секојдневно живеење, а и сум одлично информиран за многу работи.
Тоа што го реков - дека тоа што ти го предлагаш постои - е точно. Тоа го има и тоа не на едно или две места во Македонија. Ако ти не знаеш за нешто, не значи дека истото го нема.
Како што реков на почетокот - идејата за "враќање" кон православието е во ред, но прашањето мене ми е околу начинот на кој тоа се прави. И апсолутно најдобронамерно го велам сево ова.
Тоа што сакаш ти да го постигнеш не се прави со декларации и со организирање на групи и слично... а се прави чекор по чекор, со посветеност и со верба. Затоа што групите, како што брзо се формираат, така и брзо се растураат. Вистинската вера - останува засекогаш.
Затоа - гради ја верата кај ближните првин. Не прашувај дали имаш истомисленици, а откриј ги преку делата свои.
Страв ти е дека некој ќе те исмева? Зарем не го исмеваа Христа? Страв ти е дека некој ќе ти пререче? Зарем не му се лутеа и на Христа? Страв ти е дека некој нема да те послуша? Зарем сите пристапија кон Христа веднаш?!
Делата, пријателе. По делата ќе те познаат. Затоа што само така можеш да докажеш дека твоите намери се чисти, дека твоите принципи се стабилни, дека твојата вера е вистинска.
Така што - биди пример за оние кои сакаш да тргнат по истиот пат, биди светлина во нивниот мрак, биди столб на кој ќе се потпрат. Тогаш - ќе знаат дека си во право и ќе се променат и тие и ќе тргнат по тебе.
Такви има многу, низ цела Македонија (па и тука)... затоа велам - патот е долг, но ако ти значи - ќе го изодиш.
Do what is right, come what may...
Кон врв
Pravoslavie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Октомври.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1732
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pravoslavie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јануари.2009 во 01:56

Originally posted by zidarski zidarski напиша:

Православието е Правата Христова Вера и Црква.

Се согласувам. Да не мислев така, немаше да му припаѓам на Православието.

Originally posted by zidarski zidarski напиша:

Тоа што одредени личности (без оглед колку се на број) кои претендираат да бидат православни го валкаат тоа име, тоа е сосема друга работа. Грешници има секаде, никој не е безгрешен, освен Едниот.

Така е.
АЛИЛУИА!

Originally posted by zidarski zidarski напиша:

Тоа што го зборуваш за заедништво и за заедница - тоа постои, го има. Можеби не доволно и можеби ти не си го сретнал, или пак можеби ти не си го препознал. Дали некогаш си се запрашал дека можеби ти самиот не си се одвоил од таа заедница и не ја познаваш веќе?!

Ова ми е искрено неразбирливо. Најпрвин, ако не се лажам ти не живееш во Македонија, не живееш во Скопје. Знам дека и самиот знаеш, односно го живееш тоа дека таму “горе“ каде што има Македонци (во нашиов случај - Македонци) треба да постои заедница, и тоа не само национална заедница, туку и Црковна Православна, бидејќи Вие како Православни Македонци во можеби неправославна (а и да е Православна - сеедно) друга земја имате потреба од Црква, во која е сигурно полесно кога Литургијата и молитвите се Православни, и плус тие и Светото Писмо се читаат на македонски јазик. Таа Црковна Заедница таму некаде надвор е поинаква од оваа ваму. Вие ја нарекувате, но и навистина ја чувствувате како Ваша мајка и апсолутно го почитувам тоа. И јас би бил таков. Таа Ви е матица и Вие се собирате околу неа. Следно: имате презвитери и ѓакони кои се Македонци во туѓина, како и Вие - световните Христијани кои сте во туѓина. Вие имате потреба да бидете заедно и тоа заради Вас. Така да Вие Македонци, таму некаде надвор и тоа како имате Црковна Заедница и Вие се чувствувате како домашни во неа. Секоја македонска заедница таму ти е тебе како остров во кој се чувствуваш како свој на своето. Ваму во Македонија ситуацијата е друга. Целото тло го чувствуваш како свое, сите луѓе како свои (во некоја линија) и овде низ цела Македонија се чувствуваш како свој со своите на своето, така што Црквата овде ја нема улогата која ја има таму. Таму Ви е Вам матица како Македонци во друга земја и Вие се собирате во неа и околу неа, а овде си Македонец во Македонија, а присуството во Црквата овде и Црквата таму е друго. Да не бидам погрешно разбран...

Друго, јас не знам на какво заедништво мислиш кога ми велиш “Тоа што го зборуваш за заедништво и за заедница - тоа постои, го има. Можеби не доволно и можеби ти не си го сретнал, или пак можеби ти не си го препознал.“. Јас драг мој, во Црквата сум од мали нозе, но активно заедништво во рамките на мојата Црква не сум видел ни почувствувал и не сум се одвоил од такво нешто. Овде не мислам на заедништво во стилот: “да дојде свештенослужителот за да ни ја благослови славата“ или “да ни благослови икона“ или “да ни освети вода“, туку мислам на активен заеднички живот со служевните Свештеници и со световните Христијани, сличен на животот со моето потесно и пошироко семејство и со моите другари. Такво нешто и да го има е многу мааало. Што се однесува до мисионерски активности, едно време кај нас во Света Петка во Црниче во Скопје функционираше “Ѓаконија“, а мислам дека и ден денес има неколку женички што ја одржуваат мензата за локалните браќа и сестри, кои имаат оброк овде. СЛАВА НА БОГА ЗА ОВА, но сметам дека ова би требало да се случува помасовно, бидејќи сиромаси има многу повеќе. Затоа е потребно да има повеќе работници за да би имало и поголема услуга.

Originally posted by zidarski zidarski напиша:

Со декларации и повици, ништо не може да се направи.
Затоа прашав - како ќе го создадеш тоа заедништво?! Практично, дај ми пример...
Освен со градење на силни врски со ближните и запознавање на луѓето со верата, не гледам како инаку тоа би се извело.
Од друга страна, има и уште едно прашање кое се наметнува - дали си сигурен дека твојот пат е правилниот? Дали си сигурен дека си спремен да поведеш луѓе некаде, и да го носиш тој товар на својата душа? Дали си сигурен дека токму ти си го разбрал православието како што треба, па сега ќе ги поучуваш останатите?! Не провоцирам, најискрено прашувам...


И во претходниот твој коментар и во овој коментар ми се обраќаш директно и ми се обраќаш само мене... Не се лутам... Но, јас немав намера сето ова да го направам сам. Ако решев на работам сам, тогаш немаше тоа да го поставам овде како иницијатива и како повик до сите. Ова беше поставено како тема за дискусија за да се активираат читателите на форумот “Вероисповед“ и да размислуваат и тие за овие нешта, да размислуваат што ги тишти нив лично и да разговараме за тие нешта и да видиме заедно што и како би можело да се прави. Јас ЗНАМ дека не се сите желни да дејствуваат и јас ЗНАМ дека не секој кој чувствува потреба од акција - може тоа да го направи ВЕДНАШ. Но, ако се развиваат идеите, ситуациите, можностите, односите форумџии со форумџии, форумџии со нефорумџии и световни Христијани со Служевно Свештенство / Монаштво - е дури тогаш би имале појасно издефинирани насоки во кои може да се работи. Јас себеси не се поставувам на врвот на хиерархијата на проектов и не сакам да бидам некој кој би се однесувал авторитативно спрема другите (сите сме слуги едни на други), иако е добро да има менаџмент на проектов.

Ако нешто во овој момент има како конкретно од оној практичен дел (еден пример, но не и единствена опција, можеби и не-најоптимална. Затоа и постои темава - за да разговараме), тоа е:
а) да добијам информација кои се луѓето кои сакаат да партиципираат.
б) Потоа да стапиме во контакт и да се гледаме приватно за да се информираме кој од нас што работиме, како се снаоѓаме со ова или она, за да се знае кој за што е, потоа да зборуваме: каде припаѓаат, т.е. во која Црковна Општина и кој од нив како стои со Служевното Свештенство од таму, за да би стапил во контакт и да позборува за идејата на проектот за да се потруди со Божја Помош да издејствува поддршка и ваква или таква помош од тамошните и да се види дали и колку нашите знаења и способности можат да се вложат во согласност со можностите кои ни се нудат од страна на Служевните Свештеници кои не’ поддржуваат. Доколку недостасуваат вакви и такви профили на луѓе кои се неопходни, тогаш да се обидеме да ги донесеме во проектот. Тоа може да се наши другари, наши ближни, секој кој е со добра волја.
в) Откако би ги имале луѓето и кога би ги знаеле профилите и способностите и можностите на секого од нас од една страна и можностите во рамките на Црковната Општина во која припаѓаме секој од нас од друга страна, би почнале со тивка или интензивно дејствување (зависно од Благословот на Служевните Свештеници). Претпоставувам дека следниве акции со сигурност ќе бидат добри како за почеток, а тоа се: 1. (ова би го работела една група од нас - световните Христијани) информирање на оние кои не’ опкружуваат во рамки на Црковната Општина преку непосредни разговори и преку флаери за: тековните состојби, за тоа како треба да биде навистина и за начинот преку кој треба да се оствари целта; 2. (ова би го работела друга група од нас - световните Христијани) дејствување преку друштвени / социјализирачки акции, на пример после Литургија, да им се приближиме на браќата и сестрите - верници во Храмот и да создадеме блискости и пријателства и полека продлабочувајќи ги тие пријателства да им ја изложиме агендата на проектов, да се види колку и каква поддршка би имале од нив; 3. активност и од страна на Служевниот Свештеник кој е предстојател на таа литургија, која активност би била, на пример: по завршувањето на Литургијата, но пред да се каже завршниот збор, Служевниот Свештеник да проговори и за овие нешта, да ги поттикне најпрвин луѓето кои се присутни на Литургија на заедничарење и да ги покани на пример на чај/кафе - зиме и на освежителен пијалок - лете во просториите на Црковната Општина во која освен тоа ќе се послужи и со час по ВероНаука. Исто Свештеникот би било убаво често да мотивира на активност во рамките на овој проект и да повикува и на почести средби во просториите на Црковната Општина во текот на седмицата. Таквата атмосфера знае да ги зближи луѓето.

Со овие нешта полека - полека ќе се урнат ѕидовите меѓу световните Христијани - едни спрема други од една страна и меѓу световните Христијани и Служевното Свештенство од друга страна.

Но би било добро, освен веропоучните и Литургиските Заедничарења, наскоро да се почнат и средби во кои ќе се организира собирање на облека (ова е само еден, но не и единствен пример) и таа ќе им се дели на оние послабоимотните кои живеат во таа парохија (Црковна Општина), но не само истоварување на облеката во влезот, туку и еден убав збор, доза на внимание за да им се загреат срцата. Друга активност би била лепење на флаери по улиците во рамки на Црковната Општина, со краток опис за тоа кои сме, каде се наоѓа седиштето, што правиме и како делуваме и со покана до локалните жители и до минувачите да дојдат и да видат како функционираме.

...и така натаму и така натаму... (зборував во претходните коментари и во насловниот текст на темава)

Ова не се единствените нешта кои можат и кои треба да се прават. Дадов само еден пример, кој е една идеја за тоа како да се дејствува на почетокот. Не значи дека е единствен пример и не значи дека е најдобар. Сакам да чујам како размислуваат другите читатели на темава...


“Дали сум сигурен дека токму јас сум го разбрал православието како што треба“? Се референцирам на она што го пишува во Светото Писмо. Ако предлагам да се дејствува спротивно од тоа, тогаш знам дека нема да наидам на поддршка. Ако ли предлагам да се дејствува во согласност со напишаното во Светото Писмо, тогаш очекувам поддршка и предлози и иницијативи. Книгата “Дела на Светите Апостоли“ во Новиот завет од Светото Писмо зборува за овие нешта.

Факт е дека да се зборува за Бога, да се зборува за неговото Искупително дело за нас, да се зборува за Црквата, да се зборува за нас, сето тоа е во ред и ПОТРЕБНО Е зашто се буди свеста кај луѓето и Господ се радува ако тоа го правиме со љубов, но Христијанството, како што знаеш го сочинуваат и дела!!

Кон врв
blue666 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Ноември.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 4465
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај blue666 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јануари.2009 во 00:35
.

Изменето од blue666 - 08.Јануари.2009 во 10:42
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јануари.2009 во 20:40
Православието е Правата Христова Вера и Црква. Тоа што одредени личности (без оглед колку се на број) кои претендираат да бидат православни го валкаат тоа име, тоа е сосема друга работа. Грешници има секаде, никој не е безгрешен, освен Едниот.
Тоа што го зборуваш за заедништво и за заедница - тоа постои, го има. Можеби не доволно и можеби ти не си го сретнал, или пак можеби ти не си го препознал. Дали некогаш си се запрашал дека можеби ти самиот не си се одвоил од таа заедница и не ја познаваш веќе?!
Со декларации и повици, ништо не може да се направи.
Затоа прашав - како ќе го создадеш тоа заедништво?! Практично, дај ми пример...
Освен со градење на силни врски со ближните и запознавање на луѓето со верата, не гледам како инаку тоа би се извело.
Од друга страна, има и уште едно прашање кое се наметнува - дали си сигурен дека твојот пат е правилниот? Дали си сигурен дека си спремен да поведеш луѓе некаде, и да го носиш тој товар на својата душа? Дали си сигурен дека токму ти си го разбрал православието како што треба, па сега ќе ги поучуваш останатите?! Не провоцирам, најискрено прашувам...
Do what is right, come what may...
Кон врв
Pravoslavie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Октомври.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1732
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pravoslavie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јануари.2009 во 19:33
Originally posted by Majkl Majkl напиша:

 
Pa nema sto da se objasnuva, ti vece sè objasni. Mislam deka ne e fer sto go koristis terminot pravoslavie za da ja predstavis svojata ideja za vistinskoto hristijanstvo.
 
 
Дека треба да се менуваат некои нешта за да Православието повеќе заличи на Правата Христова Вера и Црква - тоа е факт и за тоа беше и отворена оваа тема. Кој милува нека повели! големо%20гушкање
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 78910>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,156 секунди.