![]() |
|
Диктатурата на релативизмот |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 456 |
Автор | |
moira ![]() Сениор ![]() ![]() ...The Goddess... Administrateur adjoint Регистриран: 06.Јуни.2007 Статус: Офлајн Поени: 26016 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Заканата на слободата во денешно време доаѓа од носителите на најпрогресивните идеи, меѓу кои спаѓаат се понагласената глобализација, нагласената мултиетничност, естетскиот и идејниот релативизам како и моралниот и етичкиот релативизам... Денешната идеологија на Релативизмот се јавува во еден историски контекст, на кој му претходеа тоталитарни уредувања како национал-социјализмот и комунизмот. Две идеологии, кои со своите утописки учења, уцени и сремежи, едната насочена кон Надчовекот, а другата кон Новиот човек, кои притоа демонстрираат и воспоставуваат вистински пекол, создаден од перверзни мисли на поединци, идеологии и дела. Последиците од овие идеологии на сите ни се познати: милиони мртви, најчесто невини жртви, осакатување на душата, девастација на религијата, културата, општеството... Револуцијата и утопијата, односно стремежот за совршен Свет претставуваат производи на секуларниот месијанизам, кој подоцна преминува и е познат како Релативизам. Сите тоталитарни идеологии се борат против Вистината бидејки создаваат своја вистина. Нацистите по таа, своја вистина имаа за цел да ги сотрат Евреите и Ромите, додека комунистите имаа за цел да ги искоренат Религијата и Класите. Значи како производ на едната вистина го имаме расниот геноцид, а на другата страна е класниот геноцид. Кога овие идеологии беа демаскирани, тогаш луѓето имаа можност да согледаат дека во нив воопшто не се работело за некава вистина, туку за лаги, а апологетите на пропаднатите и демаскираните идеологии под маската на "научната вистина", веднаш се нафатија со смислување на нова идеологија и така се раѓа идејата за Релативизмот, која преку преку демократските политички системи успешно се етаблира во новосоздадените услови. Демократија, толеранција и слобода стануваат заштитен знак, trade mark на оваа идеологија, на Релативизмот. Вистината се заменува со демократијата, без разлика на суштината и содржината. Правда и законитоста, мора да бидат презентирани исклучиво преку мнозинскиот принцип на граѓаните. Навидум и нема ништо лошо во овој принцип...сосема нормално е да се почитува вољата на мнозинството, но, да не заборавиме дека и Хитлер на истиот принцип дојде на власт, беше избран од мнозинството! Така, релативизмот, избран од мнозинството, доаѓа на власт, а толеранцијата е главна максима! Од оваа пасивна позитивна карактеристика во релативизмот се раѓа "воинствениот повик" кон востпоставување на диктатурата на релативизмот! Вистината не постои, се е релативно. Сем вистината, релативизмот ги укинува поимите како битие, природа, разум, добро, зло, семејство, итн... Демократијата има приоритет пред философијата, односно концептот на позитивна толеранција дозволува сите да можат да ги застапуваат своите ставови без разлика дали се исправни или не, и истовремено се бара да и ставовите на останатите, не само да се почитуваат, туку и да се егалираат, а со тоа се доведува во прашање дали сме воопшто способни да ја осознаеме апсолутната вистина и апсолутното добро, се доведува во прашање и се релативизира нивното значење, бидејки нели се противат и се пречка на мирољубивата коегзистенција и слободата. Секој кој мисли дека ја осознал Вистината, или пак знае да направи јасна дистинкција помеѓу доброто и лошото се смета дека е нетолерантен и секако поради тоа треба да биде замолчен. Како се доаѓа до овие заклучоци? Зарем може да се смета некое искуство за веродостојно, кога сите искуства се еднакво третирани? Според овој принцип на еднаквост не може да се дојде до вистината! Со укинување на правото на Вистината, се инаугурира диктатурата на релативизмот, а со тоа се прашувам дали сме повторно на прагот на еден нов тоталитарен систем? |
|
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 456 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |