IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Фудбал
  Активни теми Активни теми RSS - Германска Бундеслига
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Германска Бундеслига

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 23456 7>
Автор
Порака Обратен редослед
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Ноември.2010 во 13:33
Борусија незапирлива во Бундес лигата
 
 

Фудбалерите на Борусија од Дортмунд и по 12-то коло ќе останат на чело на табелата во германската Бундес лига

 


Во премиерниот натпревар од ова коло, Борусија во петокот навечер на домашен терен го победи Хамбургер со 2:0. За екипата од Дортмунд ова беше петтата последовна победа со која ја зацврсти лидерската позиција на табелата. Борусија на врвот има 31 бод, седум повеќе од Мајнц кој има и натпревар помалку.
До десетата победа сезонава „милионерите“ од Дортмуд стигнаа со головите кои во второто полувреме ги постигнаа Кагава и Лукас Бариос.
Останатите натпревари од 12-то коло во Бундес лигата ќе се одиграат викендов.



Изменето од Santijago - 13.Ноември.2010 во 13:33
I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Ноември.2010 во 06:08
 
ПОБЕДНИЧКАТА СЕРИЈА Е МИНАТО ЗА ТИМОТ НА НОВЕСКИ
Мајнц во губитнички ритам

Еуфоријата по фантастичниот почеток на сезоната на Мајнц полека, но сигурно одминува, па фудбалерите на оваа екипа во последно време се почесто ги завршуваат натпреварите од Бундес-лигата со наведнати глави. Таков беше случајот и на нивното гостување во Фрајбург, каде што Мајнц загуби со 1-0 и го претрпи вториот пораз во серија, трет во последните четири кола од елитното германско фудбалско друштво. Натпреварот беше решен во 64. минута, кога судијата досуди пенал за Фрајбург, кој Сисе го претвори во погодок. Интересен натпревар се одигра во Менхенгладбах, каде што Борусија и Баерн Минхен ремизираа 3-3. Баварците имаа целосна доминација во првиот дел, но на почетокот од второто полувреме домашниот состав успеа да направи целосен пресврт и да поведе со 3-2. Спасител на актуелниот првак беше капитенот Филип Лам, кој го постигна изедначувачкиот погодок на шест минути пред крајот. - Не знам што се случува во главите на моите фудбалер. Ги предупредив дека домаќините ќе излезат крајно мотивирани на почетокот од второто полувреме, да бидат внимателни, но ние, сепак, примивме два гола за десет минути. По првите 45 минути требаше да водиме со 5-1, а на крајот се доведовме во ситуација да спасуваме бод, истакна кормиларот на Баерн, Луј ван Гал. Шалке најави излез од големата криза славејќи со 3-0 над Сент Паули. Раул постигна два гола во првиот триумф на Шалке на домашен терен сезонава, а еднаш мрежата на Сент Паули ја затресе Клас Јан Хунтелар.
РЕЗУЛТАТИ ГЕРМАНИЈА: Шалке - Сент Паули 3-0, Ајнтрахт - Волфсбург 3-1, Фрајбург - Мајнц 1-0, Хамбургер - Хофенхајм 2-1, Борусија М. - Баерн М. 3-3, Нирнберг - Келн 3-1.


Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Ноември.2010 во 13:53
Раул му ја донесе првата домашна победа сезонава на Шалке
 


Во шестиот домашен натпревар фудбалерите на Шалке ја запишаа првата победа оваа сезона! Со 3:0 од Гелзеркирхен си замина Сент Паули во првиот натпревар од 11-то коло од Бундеслигата.


Во комплетно гледано втората победа оваа сезона на актуелниот вицепрвак посебна среќа можеше да почувствува шпанскиот фудбалер Раул, кој ова лето дојде во тимот на Феликс Магат.

Пред неколку дена тренерот на Шалке за прв пат делумно ја критикуваше живата легенда на светскиот фудбал, а овој возврати со два погодоци против тимот од Хамбург, кои за него беа вториот и третиот бундеслигашки гол.
Во листата на стрелците синоќа за Шалке се запиша и холанѓанецот Клас-Јан Хунтелар кој со тоа дојде до шестиот овосезонски погодок и сега е прв стрелец на клубот.

Шалке со право стравуваше пред овој натпревар. Не само поради сопствените проблеми оваа сезона, туку и поради трите досегашни победи на Сент Паули на гостувањата во Бундеслигата. Но, многу брзо се виде дека овој пат играчите на Шалке апсолутно се подготвени да направат се за конечно да ги развеселат своите навивачи.

Раул веќе во 14-та минута го донесе во предност домаќинот, а приказната всушност беше завршена по голот на Хунтелар со глава, на асистенцијата на Фарфан на почетокот од вториот дел.



Изменето од Santijago - 06.Ноември.2010 во 13:53
I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Ноември.2010 во 16:54

Ван Гал не е според вкусот на Хенес

 
Извор: АП

Ван Гал се наоѓа пред отказ во минхенски Баерн. Претседателот на клубот Ули Хенес не спомна отпуштање на Ван Гал, но според јавно изречените квалификации блиску е денот кога Баерн и Ван Гал ќе се разделат.
„Ван Гал е тежок човек за разговор, не прифаќа мислења...

Кон врв
Schatzii Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Мај.2010
Локација: Germany
Статус: Офлајн
Поени: 10600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Ноември.2010 во 13:40
Хофенхајм до три бода за трето место во Бундес лигата

Берлин, 1 ноември 2010 (МИА) - Екипата на Хофенхајм со убедливи 4:0 го победи Хановер вчеравечер во последниот натпревар од 10.коло во германското фудбалско првенство, по што се искачи на третата позиција на табелата.

Дербито на колото, а воедно и дуелот на двете првопласирани екипи им припадна на фудбалерите на Борусија Дортмунд кои славеа на гостувањето кај Мајнц со 2:0, по што дојде до смена на двете челни позиции во Бундес лигата. Целиот натпревар за поразениот тим го одигра македонскиот репрезентативец Николче Новески.

На другите натпревари беа постигнати овие резултати: Баерн Минхен – Фрајбург 4:2, Вердер – Нирнберг 2:3, Волфсбург – Штутгарт 2:0, Келн – Хамбургер 3:2, Кајзерслаутерн - Борусија Менхенгладбах 3:0, Сент Паули – Ајнтрахт 1:3 и Шалке - Баер Леверкузен 0:1.

Табела: Борусија Дортмунд 25 бодови, Мајнц 24, Хофенхајм и Баер Леверкузен по 18, Ајнтрахт и Хановер по 16...
Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.
Кон врв
окик Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Октомври.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај окик Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Октомври.2010 во 19:54
Куп на Германија - ДФБ Покал

Денес
Келн - Минхен 1860
Гројтер - Аугзбург
Кобленц - Херта
Викториа Хамбург - Волфсбург
Баерн Минхен - Вердер
Котбус - Фрајбург
ФСВ Франкфурт - Шалке
Кајзерслаутерн - Арминија Биелефелд
Утре
Алеманиа Ахен - Мајнц
Ајнтрахт Франкфурт - Хамбург
Халешер - Дуизбург
Хофенхајм - Инголштад
Чемнитцер - Штутгарт
Елверзберг - Нирнберг
Кикерс Офенбах - Дортмунд
Минхенгладбах - Баерн Леверкузен
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Октомври.2010 во 12:10

Баерн-Вердер, дерби во Купот на Германија

 
Извор: Макфакс

Вечерва и утре ќе се одиграат шеснаестфиналните натпревари во Купот на Германија, во фудбал. Дерби натпреварот во оваа фаза ќе биде реприза на последното куп-финале помеѓу Баерн Минхен и Вердер.

Кон врв
Schatzii Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Мај.2010
Локација: Germany
Статус: Офлајн
Поени: 10600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Октомври.2010 во 13:07
Мајнц се врати на челната позиција во Бундес лигата

Екипата на Мајнц за која настапува и македонскиот репрезентативец Николче Новески повторно е на врвот на табелата во Германското фудбалско првенство, откако вчеравечер оствари победа на гостувањето кај Баер Леверкузен. Новески кој е капитен во Мајнц го одигра целиот натпревар. 

Довчерашниот лидер Борусија Дортмунд во втората минута од судиското надополнување се спаси од пораз на свој терен во натпреварот со Хофенхајм.

Постигнати резулутати во 9.коло од Бундес лигата: Борусија Дортмунд – Хофенхајм 1:1, Баер Леверкузен – Мајнц 0:1, Штутгарт – Сент Паули 2:0, Хамбургер – Баерн 0:0, Ајнтрахт - Шалке 0:0, Борусија Менхенгладбах - Вердер 1:4, Фрајбург – Кајзерслаутерн 2:1, Хановер - Келн 2:1 и Нирнберг - Волфсбург 2:1.

Табела: Мајнц 24 бодови, Борусија Дортмунд 22, Хановер 16, Хофенхајм 15, Баер Леверкузен 15, Хамбургер 15, Фрајбург 15, Вердер 14...
Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.
Кон врв
окик Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Октомври.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај окик Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Октомври.2010 во 22:33
Резултати
Вчера
Хамбургер - Баерн М. 0-0
Денес
Франкфурт - Шалке 0-0
Фрајбург - Кајзерслаутерн 2-1
Хановер - Келн 2-1
Минхенгладбах - Вердер 1-4
Нирнберг - Волфсбург 2-1
Утре
15:30 Дортмунд - Хофенхајм
17:30 Леверкузен - Мајнц
17:30 Штутгарт - Ст.Паули
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Октомври.2010 во 12:06

Ван Гал разочаран по ремито на Баерн со Хамбург

 
За старт на деветото коло од Бундеслигата, дербито помеѓу Хамбург и Баерн заврши без голови во фантастична атмосфера на „Фолкспарк“ стадионот. Тренерот на тимот од Минхен изјави дека е разочаран од новиот „слаб“ резултат на неговата екипа, но инсистира дека играчите „дале сè од себе“. Најтрофејната германска екипа се искачи на делба на осмото место на табелата, со сè уште солидно задоцнување зад лидерот Дортмунд кој во недела игра со Хофенхајм.
 
„Моите момци даваат сè од себе за да победат и повторно заслужија, иако резултатот не е во наша корист. Задоволен сум од посветеноста и тимскиот дух кој владее во екипата, но повторно е проблем што не можеме да постигнеме гол“, вели Ван Гал.
 
Ниту тренерот на Хамбург, Армин Вех, не покажа преголемо задоволство од резултатот, сепак истакна дека „секогаш кога нема да му дозволите на Баерн да ве победи е успех“. Баерн Минхен нема ниту една победа против Хамбург во последните пет години.
 


Изменето од емил - 23.Октомври.2010 во 12:08
Кон врв
Schatzii Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Мај.2010
Локација: Germany
Статус: Офлајн
Поени: 10600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Октомври.2010 во 18:52
Осмо коло во германското фудбалско првенство

Со натпреварот Келн - Борусија Дортмунд, вечерва од 20 часот и 30 минути почнува 8.коло во Бундес лигата.

Лидерот Мајнц во чии редови капитен е македонскиот репрезентативец Николче Новески утре пред своите гледачи игра со Хамбургер во обид да ја продолжи серија од седум последователни победи.

На другите утрешни натпревари кои започнуваат во 15 часот и 30 минути играат: Баерн Минхен – Хановер, Шалке – Штутгарт, Вердер – Фрајбург и Сент Паули – Нинберг.

Во утрешниот термин од 18 часот и 30 минути Волфсбург го пречекува Баер Леверкузен.

За в недела се закажани два натпревари.
Од 15 часот и 30 минути Кајзерслаутерн е домаќин на Ајнтрахт, додека два часа подоцна играат Хофенхајм и Борусија Менхенгладбах.

На табелата по седум одиграни кола со максимални 21 бод води Мајнц, а по него следуваат, Борусија Дортмунд 18, Хановер со 13, Баер Леверкузен и Фрајбург со по 12...
Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Октомври.2010 во 16:52

Бекенбауер се сомнева дека Баерн може да ја одбрани титулата

 
Извор: АP

Легендата на германскиот фудбал, Франц Бекенбауер, смета дека Баерн Минхен има минорни шанси оваа сезона да ја одбрани шампионската титула.

Почесниот претседател на Баерн вели дека „ќе биде тешко да се одбрани титулата, бидејќи во овој момент Мајнц има предност од 13 бодови“.

По седум одиграни кола во Бундес лигата, екипата на Баерн Минхен се наоѓа на дванаесеттото место на табелата.

Бекенбауер во интервју за весникот „Билд“ ја критикуваше играта и тактиката на тренерот Луј ван Гал.

Легендарниот капитен на Германија стравува дека до зимската пауза Баерн може да ја зголеми негативата зад водечките екипи

Кон врв
Schatzii Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Мај.2010
Локација: Germany
Статус: Офлајн
Поени: 10600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Октомври.2010 во 10:20
Дербито на 7.коло на Бундес лигата за Борусија Дортмунд

Екипата на Борусија Дортмунд освои нови три бодови и го задржа чекорот со водечкиот на табелата во Бундес лигата, откако во дербито на коло за десет минути го скршија отпорот на шампионот Баерн Минхен и победија со 2:0.

Но, хит на првенството и натаму е Мајнц каде капитен е македонскиот репрезентативец Николче Новески. Лидерот во седмото коло ја постигна седмата победа, овој пат над Хофенхајм со 4:2.

На другите натпревари од 7.коло постигнати се следниве резултати: Штутгарт – Ајнтрахт 1:2, Баер Леверкузен – Вердер 2:2, Фрајбург – Келн 3:2, Хамбургер – Кајзерслаутерн 2:1, Борусија Менхенгладбах – Волфсбург 1:1, Нирнберг – Шалке 2:1, Хановер – Сент Паули 0:1.

Табела: Мајнц 21 бод, Борусија Дортмунд 18, Хановер 13, Баер Леверкузен и Фрајбург по 12, Хофенхајм и Хамбургер по 11,...
Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Октомври.2010 во 18:52
Мајнц продолжува со победничкиот од; Шалке повторно поразен
Мајнц изпишува нова историја, откако попладнево го совладаа Хофенхајм со 4-2 и стигна до седмата последователна победа, Шалке повторно загуби овој пат на гостувањет кај Нирнберг со 2-1

Лидерот во шампионатот на Германија на своето конто прокнижи уште нови три бода откако на домашен терен славеше со 4-2 во дуелот со Хофенхајм.

Со оваа победа Мајнц испишува историја бидејќи го изедначи најдобриот старт во Бундеслиага со седум последователни победи на Баерн Минхен од 1994 година, кој беше повторен од Кајзерслаутерн во 2001.

Тимот, чиј капитен е нашиот Николче Новевски стигна во водство по само две минути игра откако напаѓачите на Мајнц одлично избегнаа една офсајд стапица и Сами Алагуи ја затресе мрежата на Хофенхајм.

Во 41та минута Хофенхајм успеа да стигне до изедначување благодарејќи на погодокот на Демба Ба.

Но во второто полувреме домакините се погрижија да не го расипат 100% учиник во Бундеслигата.

Во 47та минута Адам Шалаи прецизно реализираше една полу-контра за водство од 2-1 а по еден час игра Мајнц имаше и предност од два погодоци благодарејќи на погодокот на Луис Холтби.

Хофенхајм во 64та минута го намали водството на Мајнц на 3-2 откако Гилфи Сигурдсон прекрасно биеше од слободен удар.

Но неизвесноста на натпреварот беше решена на 15тина минути пред крајот кога Хофенхајм остана без фудбалер а Ширле го зголеми водството на Мајнц на 4-2 со удар од белата точка.

Мизеријата на Шалке продолжува откако тимот на Феликс Магат загуби на гостувањето кај Нирнберг.

Шалке нешто помалку од 40 минути играше со играч помалку откако во 53та минута Џонс го заработи својот втор жолт картон.

Домакините ја искористија бројчаната предност и Мике Франтц го донесе тимот на Нирнберг во водство во 63та минута откако гостите лошо поставија една офсајд стапица.

Но и со играч помалку, Шалке преку Клас Јан Хунтелар во 74та минута стигна до изедначување. Сепак на пет минути до крајот Волф постигна погодок вреден три бода за Нинберг.

Хамбургер со пресврт во вториот дел стигна до победа пред своите фанови во дуелот со Кајзерслаутерн.

Гостите рано дојдоа до водство уште во третата минута преку Срџан Лакиќ а во првиот дел имаа уште неколку 100% шанси да го зголемат водството.

Откако не успаа во тоа, Хамбургер во последните 20 минути од натпреварот направи комплетен пресврт.

Најпрво Гојко Качар во 70та минута го изедначи резултатот за во 84та минута Чупо Мотинг да ги постави конечните 2-1.

Победа на домашен терен забележа и Фрајбург во дуелот со Келн. По десетина минути игра домакините имаа предност од два гола благодарејќи на Росентал.

Мохамед во 22та минута го намали водството на Фрајбург а во 50та минута Келн стигна до изедначување пеку Матушик.

Но Сисе во 70та минута повторно го врати домашниот тим во водство, резултат што Фрајбург го задржа до последниот свиреж на судијата.

Волфзбург од гостувањето кај Борусија Менхенгладбах заминува со бод. Томас Каленберг во првиот дел им донесе на гостите предност но Торбен Маркс во 65та минута го изедначи резултатот.

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 23456 7>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,219 секунди.