IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Останати спортови
  Активни теми Активни теми RSS - Атлетика
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Атлетика

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <123
Автор
Порака Обратен редослед
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јуни.2008 во 23:28

АТЛЕТИКА - ОТКАКО ИСТРЧА 9.96 НА ШАМПИОНАТОТ НА ТРИНИДАД И ТОБАГО

Пауел подготвен за пресметка со Болт

Асафа Пауел вели дека не гледа подалеку од Јамајканскиот национален шампионат оваа недела за да го пронајде најголемиот предизвикувач за олимпиското злато на 100 метри во Пекинг.

"Усаин Болт е мојот главен ривал", вели Пауел, избирајќи го сонародникот пред американскиот светски шампион Тајсон Геј по одличната трка со време од 9.96 на националниот шампионат на Трининад и Тобаго во саботата.

Ова беше прва трка за Пауел од повредата на рамото во април и претставуваше одлична најава за дуелот со светскиот рекордер Болт од петок до недела на Јамајканскиот шампионат во Кингстон. Тоа ќе биде прва трка на 100 метри на двојката, која сега има седум најбрзи времиња во дисциплината. Но, Пауел вели дека нема да се работи за вистинска пресметка.

"Не сум сигурен дека таму ќе има некаков натпреварувачки дух", вели 25-гоидшниот Пауел.

Вистинскиот предизвик доаѓа на Олимпијадата во Пекинг во август, ако Болт реши да трча на 100 метри покрај неговата специјалност 200 метри. Болт е освојувач на сребро на Светското Првенство на 200 метри, и не е сигурен дали ќе трча на 100 метри и покрај тоа што постави светски рекорд од 9.72. Пауел вели дека е добро Карибите да имаат шанси за повеќе медали на 100 метри.

"Возбуден сум бидејќи атлетичарите од Карибите се се подобри. Тука се Дарел Браун и Марк Барнс од Тринидад и Усаин Болт. Геј е единствениот тркач надвор од Карибите кој може да не предизвика", вели Пауел.

И покрај тоа што Пауел го има поставено или израмнето светскиот рекорд на 100 метри четири пати, тој нема голема титула, завршувајќи петти во Атина во 2004 и трети на СП во Осака во 2007. Освојувачот на четири олимписки медали во спринт, Ато Болдон од Тринидад вели дека рекордот на Болт го трга притисокот од Пауел.

"Мислам дека Асафа е поодморен пред големо првенство од било кога предходно. Тој не е најбрзиот човек на светот, ниту најбрзиот човек на неговиот остров и тоа може да му помогне", вели Болдон, кој освои олимписко сребро и бронза на 100 метри и две бронзи на 200 метри.

Гетлин "мора" да трча на Американскиот Шампионат!

Американскиот федерален судија издаде наредба со која официјалните лица нема да можат да го спречат олимпискиот шампион на 100 метри, Џастин Гетлин од натпреварување. Оваа одлука стои до следното сослушување, што значи дека Гетлин може да се натпреварува на олимписките квалификации на САД следната недела.

26-годишниот Гетлин беше суспендиран четири години за позитивниот тест на тестостерон од 2006 година, а поради тоа што беше позитивен и во 2001 на амфетамини во неговите лекарства, тој бараше од американските власти да ги почитуваат законите за луѓе со недостатоци во одредувањето на суспензијата. Судот за Арбитрација во Спортот (ЦАС) овој месец одлучи да го отфрли барањето на Гетлин, по што тој се реши да оди пред федералниот суд во САД.

Фримен со совети за Лиу

Кети Фримен смета дека Лиу Ксијанг треба да се однесува кон Олимпијадата во Пекинг како кон само уште еден митинг и да го игнорира притисокот. Ако некој знае како се чувствува Лиу пред домашната Олимпијада, тоа е 35-годишната Австралијка со абориџинско потекло, која го запали олимпискиот факел на ОИ во Сиднеј во 2000 пред да го освои златото на 400 метри.

"Не можев да си дозволам да станувам сентиментална, бидејќи тоа ќе ме уништеше. Тој мора да ги знае своите приоритети. Веќе покажа дека може да се натпреварува под притисок и треба да продолжи така. Ова е само уште еден ден на работа и емоциите ќе однесат до врвот", вели Фримен.

Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Јуни.2008 во 18:16

АТЛЕТИКА - И ПОКРАЈ ТОА ШТО ГО СРУШИ НЕГОВИОТ СВЕТСКИ РЕКОРД

Роблес признава: "Лиу уште е фаворит"

Новиот светски рекордер на 110 метри со пречки, Кубанецот Дајрон Роблес, вели дека очекува тесно финале на Олимпијадата во Пекинг и додава дека домашниот фаворит Лиу Ксијанг е фаворит за златото. Кубанецот минатата недела го сруши рекордот на Лиу на митинг во Острава, Чешката Република, а кинеската ѕвезда беше само четврта.

"Кога се сруши рекордот, тоа беше грижа за него. Тоа покажува дека ривалите се во добра форма. Мислам дека најмалку пет атлетичари можат да победат во Пекинг, иако Лиу е големиот фаворит. Од почетокот велам дека тој ќе има огромна поддршка, но ќе се обидам да ја привлечам публиката", вели Роблес.

Кубанецот истрча трка без грешка за 12.87 секунди подобрувајќи го претходниот рекорд на Лиу од јули 2006 за една стотинка.

24-годишниот Лиу пак има доста проблеми во последно време, откако во мај се повреди и пропушти две американски трки, а минатата недела беше дисквалификуван од трка на Префонтејн Класик во Орегон поради погрешен старт.

Одложено судењето на Кедерис и Тану

Грчкиот суд го одложи за следната година судењето на олимписките спринтери Костас Кедерис и Катерина Тану, кои беа вклучени во допинг-скандал за време на Олимпијадата во Атина во 2004. Кедерис, олимпискиот шампион на 200 метри од Сиднеј 2000 и Тану, која беше втора на 100 метри во Сиднеј се обвинети за лажно сведочење, откако за полицијата изјавија дека имале сообраќајна несреќа со мотоцикл и дека затоа ги пропуштиле допинг-тестовите пред Игрите во 2004. Судењето се одложува повеќепати. Тану и Кедерис отслужија двегодишна суспензија и можат да се натпреваруваат од декември минатата година.

Словенците ја ослободија Јаворник

Словенечката атлетска федерација реши да ја ослободи од допинг-обвинувања специјалистката за трки на долги патеки, Хелена Јаворник и покрај двата позитивни теста и побара од ИААФ да се крене привремената суспензија. 42-годишната Јаворник беше суспендирана минатата недела по позитивен тест на ЕПО во мај и јуни, но тврди дека е невина и се подготвува за Олимпијадата во Пекинг. Шефот на Анти-допинг комисијата на словенечката федерација, Тадеј Маловрх, тврди дека тестовите биле под "стандардите на ВАДА". Јаворник е словенечка рекордерка во сите далечини од 1.500 метри до маратонот.

ПЛИВАЊЕ - ПО КОМЕНТАРИТЕ НА НЕЈЗИНАТА ГЕРМАНСКА РИВАЛКА ШТЕФЕН

Трикет: "Костумите нема да прават разлика"

Високотехнолошките костуми за капење нема да ги претворат просечните пливачи во олимписки шампиони во Пекинг, вели австралиската светска шампионка Либи Трикет. Австралијката одговараше по коментарите на нејзината германска ривалка Брита Штефен дека костумите го направија пливањето слично како формула 1, каде што подобрата технологија победува.

Штефен додаде дека би сакала пливачите да носат конвенционални костуми наместо тие како Спидо ЛЗР Рејсер, како што носи Трикет, или новиот костум на Адидас, кој го користи германскиот тим. Пливачите со Спидо ЛЗР Рејсер срушија 35 светски рекорди од промоцијата на костумот во февруари, но Трикет вели дека разликата не е толку голема.

"На крајот, опремата не го прави пливачот подобар. Просечен пливач никогаш нема да сруши рекорд со ЛЗР Рејсер. На крајот, се работи за тоа како луѓето се чувствуваат удобни. Мислам дека е најважно да биде фер", вели Трикет.

Французите со европски рекорд на 4х100 слободно

Франција го подобри машкиот европски рекорд на 4х100 метри мешано на Париз Опен пливачкиот митинг во четвртокот. Амори Лево, Фабиен Гило, Фредерик Буске и носителот на индивидуалниот рекорд Алан Бернар испливаа 3:12.54 за да го подобрат рекордот поставен од Италија на СП минатата година за 1.50 секунди, а беа на само 0.08 секунди од светскиот рекорд кој Американците го имаат поставено на 19 август 2006.

"Беше многу блиску, а уште подобро е што уште не сме физички во најдобра форма. Добар резултат пред летото", вели Гило.

Олимписката и светска шампионка Лор Манаду, која за првпат по четири години загуби на 400 метри слободно пред два месеци, стигна до победа со време од 4:07.69 во Париз пред Јужноафриканката Венди Трот и Романката Камелија Потек. Времето е далеку од светскиот рекорд на Федерика Пелегрини.

Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <123
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,266 секунди.