![]() |
|
Велигденска трпеза |
Внеси реплика ![]() |
страница <123> |
Автор | |
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
ПОДГОТВЕТЕ ВКУСНА ТРПЕЗАЧетири рецепти за незаборавен ВелигденВелигден е идеалното време за да им приготвите нешто ново и вкусно на своите најмили. Од желе јајца, преку лисната погача и јагнешки ребра, до превкусна чоколадна торта, ова се четирите јадења кои треба да се најдат на вашата велигденска трпеза Желе јајца Еве една интересна идеја за тоа како да ги искористите лушпите од јајцата кои ќе ги употребите за правење на велигденските јадења. Наместо да го скршите јајцето на класичен начин направете дупка на долниот дел преку која ќе ја истурите целата содржина од него.
Начин на подготовка: Потребни состојки за овој рецепт се:
За премачкување:
Начин на подготовка: Четирите ленти ги мотате во ролна, додека од триаголниците правите кифлички и ги редите во подмачкан плех повторно како што прикажано на сликата. Погачата ја оставете да отстои 15 минути, а потоа ја премачкувате со млеко и жолчка, наросувате сусам и печете во рерна загреана 180 степени околу половина час. Потребни состојки:
Начин на подготовка: Потребни состојки за оваа торта се:
За основата:
Начин на подготовка: |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
![]() |
|
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
![]() Велигденски колачи Состојки 4 чаши брашно (200мл) 3 јајца 1 и 1/2чаша шеќер 50гр какао 100 мл масло 50 гр маргарин 2 лажици рум, бренди или сок,кафе 1 пециво 1 ванила кора од лимон или портокал 100 гр бело чоколадо малку афионКолачињата се многу вкусни и ароматични. Започнуваме со матење на јајцата и шеќерот до густа смеса. Потоа ги додаваме останатите состојки без некој редослед, за да се добие убава глатка смеса. Од тестото правиме мали топчиња колку орев и ги притискаме со палецот во средината. Ги редиме во тепсија и ги печиме на 200С-20мин. Кога ќе оладат во средината им ставаме растопено бело чоколадо и зрна мак-афион. Може во средината да ставете слатко,мармалад или лешник со чоколада...по ваш избор. На здравје! |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
![]() |
|
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
![]() Велигденски кифлички Состојки 500-600 гр брашно 1 квасец 1 лажица шеќер 3 рамни лажици сол 1 жолчка од јајце 150 гр зејтин 250 гр. вода( млака) 100 гр маргарин (за врз кифличките кога се печат)Во длабок пластичен сад го ставаме претходно отсеаното брашно, солта, шеќерот. Промешуваме и го додаваме стасаниот квасец. Додаваме масло и водата и замесуваме тесто кое е прилично меко. Го делиме тестото на три еднакви делчиња и веднаш почнуваме со изработка на кифличките. Не го оставаме тестото да одмори. Расукуваме кора од првата топка и правиме фигури со модлички. Јас искористив калапче на пиле и јајце, а направив уште неколку изработки со помош на чаша. Кифлите во вид на јајце и на пиле веднаш ги редев во намастена тава и ги мачкав со разматена жолчка во која додадов една капка масло и сол. Декорирав со биберче во зрно за да има убав изглед. Останатите пилиња, лебедчиња, зајаци ги правев со чаша. Отсеков едно кругче од тестото со чашата, го превиткав кругот на пола и добив полукруг. Од рамната страна сечам како три отсечки на полукругот и најголемата ја превиткувам како врат и декорирам со биберче, зада личи на око. Можеби не јасно објаснив но од сликите би требало да имате претстава за што гооворам.Истата постапка се повторува со жолчката и се става по малку маргаринче и се печат веднаш. Кога се заруменети, вадете ги. Бргу се печат, како што вели мајка ми....... колку душа имаат овие за печење. Така ги средуваме и останатите два дела од тестото. Искрено ова е едно поигрување со тестото, кое што моите деца многу го сакаат. Имаат примамлив изглед ,па сигурно нема да ви остане ниту едно на овие празници. На здравје |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
![]() |
|
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
![]() Сладок велигденски козињак со локумСостојки За активирање на квасецот 2 пресни квасеци 1 шоља за млеко- млеко 3 лажици шеќер по потреба брашно ( за да се добие густа кашеста маса) За тесто 2кг. бело брашно 2 шољи за млеко- млеко 2 шољи шеќер 1 ванила 1 шоља масло прстофат сол 1 пециво 4 јајца 100-200гр. суво бело грозје рендана кора од 1 лимон по желба, вкус, малку махлеб За премачкување пред печење 1 жолчка 2 лажици млеко За премачкување пред самиот крај на печење неколку лажици шеќер малку вода 1 ванила За премачкување после печење малку маргарин или путер *Годинава првпат ставив и сецкан локум-одличен вкус има....А, секако можи да се стави и фил од орев, маак или мармалад *Шољата е од 250млТрадиционално кај нас на Велигденската трпеза, задолжителен е и Велигденскиот козињак. Козињакот е многу убав и се дели на слоеви како памук, или како што уште велиме на конци. По овој рецепт го подготвувам козињакот околу 18 години. Се надевам ќе ви се допадне. 1. Двете шољи млеко се зовриваат со двете шољи шеќер и ванилата (за да се стопи шеќерот) и се остава да олади, да биди топло-таман за месење. Ова се прави прво, пред да се зафати квасецот, за да има време да излади течноста. 2. Во длабок сад го ставаме просеаното брашно. На средина правиме вдлабнатинка и го зафаќаме квасецот. Во надојдениот, активираниот квасец ги додаваме маслото, јајцата ( кои сме ги разматиле со вилушка), пецивото, прстофат сол, ако ставаме зачин-махлеб и тој, (јас некогаш ставам, понекогаш не) и замесуваме со топлата течност. Овде да напоменам - млекото треба да биде топло кон млако, зошто ако е многу топло козињакот ќе добие темна боја. Маслото не трпи многу топло и ќе даде некоја темна нијанса на тестото. Се меси добро, подолго време, додека стане тестото сјајно и се одделува од рацете. Откако ќе се замеси тестото во садот, го вадиме на работната маса и таму убаво го месиме. Покриваме со намрсена најлонска фолија (јас додавам уште покривки) и оставаме на топло место да стаса тестото, да го удвои волуменот. Бидејќи содржи поголема количина на шеќер, стасувањето е побавно. 3. Потоа го размесуваме и формираме плетенките, на тој начин што не го премесуваме, туку го вадиме од садот и со расплескување со намрсени раце на намрсена подлога го отвораме, ја додаваме кората од лимон и сувото грозје (претходно попарено и убаво исушено со памучна крпа) и делиме на 4 дела.Од секој дел по 3 топчиња и плетиме на вообичаен начин. По желба можи да се стават филови, јас ставив сецкан локум. Ставаме во намрсен плех со маргарин. 4.Чекаме повторно да надојдат плетенките,(покриени) најмалку 30 мин., а вчера јас ги чекав 45 мин. Се зависи од топлината во просторијата. 5. Пред печење ги премачкуваме со жолчка. 6. Ставаме да се печат во загреана рерна и тоа од почеток на 200 Ц. степени,околу 10-на мин., дури да добие боја козињакот, покриваме со алу фолија и намалуваме на 160 степени и продолжуваме, а вкупно време на печење околу 1 час и 15 минути. 7.10 - на мин. пред крајот го откриваме и премачкуваме со шербетчето, кое го сваривме од шеќерот, водичка колку да го покрива и ванилата. Го допекуваме. 8. По вадење од рерна плетенките ги премачкуваме со маргарин. Покриваме со платнена крпа и најлон.Така да отстоуи 10-15 мин., во плехот, а потоа го вадиме целосно исто така завиткан до потполно изладување. *Бидејки мерката во рецептов е со шољи, да напоменам дека треба да се добие убаво меко тесто, мазно, сјајно, глатко - кое сепак нема да е до толку да биде лепливо на раце, туку убаво да се работи, лесно, па према тоа по потреба додадете или одземете на течност т.е. млеко. А, на дополнителните фотографии ќе видите како изгледа кога ќе се скрши, тие конци... На здравје и за многу години да ни биде Велигден!!! |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
![]() |
|
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
![]() Сочен велигденски куглофСостојки 4 јајца 100гр шеќер 4 лажици млеко 125гр путер 125гр брашно 1 прашак за пециво 3 лажички какао 50гр бела чоколада 100гр црна чоколада 50гр кокос 2 лажици густин 50гр суво гројзе 1лажица рум прелив 100гр чоколада 50гр путерОва е куглоф кој традиционално редовно се наоѓа на нашата велигденска трпеза. Подготовка 1. Јајцата ги матиме заедно се шеќерот во нив ги додаваме стопениот путер, млекото,прашакот за пециво и брашното. Од оваа смеса смеса оделуваме една третина. 2. Во поголемата смеса ја додаваме топена црна чоколада, румот, ситно сецканото суво гројзе и какаото смесата убаво ја мешаме со шпатула. 3. Во третината преостаната смеса додаваме кокос, густин и сечкана бела чоколада. 4. Во куглофот ја сипуваме прво црната смеса, а потоа со шприц ја сипуваме белата смеса па повторно црната смеса. 5. Куглофот го печеме 30мин на 180степени проверете со чепкалка дали внатрешноста е печена доколку не е слободно вратете да се допече. 6. Топиме чоколада заедно со путер и го поливаме целиот куглоф. Забелешка Доколку саката во црната смеса може да се додаде и мелен печен лешник јас секогаш го избегнувам затоа што има премногу други квалитетни состојки. Добар апетит!!! |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
![]() |
|
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
![]() Велигденска Корпа од тестоСостојки 270 мл вода 270 мл сол 450 грама брашно Најпрво солта и водата се мешаат до максимумот до кој можи солта да се растопи. Потоа се додава брашното и се замесува тесто, кое треба на допир да изгледа како пластелин. Значи, во зависност од впивливоста на брашното, додадете вода (или малку брашно, што во случајот брашно не би требало баш) за да ја постигните коигзестенцијата на изглед пластелин. Расучете го тестото и исечете тенки траки со кои можи да ја исплетите кошницата. Во овој случај лењирот е супер помагало ако се има при рака. Секако, дека освен со вака испреплетено тесто, копрата можи да си ја направите и со друг изглед спрема вашата фантазија. Доколку се решите за вака исплетена корпа, најдобар начин е најпрво да ја исплетите врз парче алуминиумска фолија, која предходно мора добро да се премачка со масло. Потоа плетеното тесто заедно со се фолијата се префрла врз длабокиот сад (кој е свртен наопаку). вишокот тесто се отсекува покрај рабовите и потоа на тој дел се поставува обрач од тесто. Можи да обликувате и газер на корпата исто така со обрач или пак цело парче тесто во круг, или пак едноставно да остани само со плетенката. И за крај, по желба од страните можи да ја украсите со форми од калапчиња. Премачкајте ја со благо разматена белка (деловите кои ги додавате исто така ги лепите со белка) и печете на 150С додека не стани цврста и малку подотемни. Пред да ја извадите од калапот оставете ја добро да се излади. На крај, можи да направите и плетенка со преостанатото тесто која ќе ја обликувате како рачка за корпата и неа на ист начин ја печите и потоа ја прицврстувате на кошничката. Тоа можи да го направите со помош на чечкалици или со брашно и вода. Уживајте во празниците! |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
![]() |
|
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
![]() Состојки
|
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
![]() |
|
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
![]() Овошни велигденски јајцаСостојки 1 кесиче желатин 1 портокал 3-4 сливи 2-3 мали јаболчиња(1 големо) 1 лимон (сок) друго овошје по избор 4 лушпи од јајца (може и повеќе Овој рецепт што и не е рецепт, туку е повеќе како идеја, го најдов на интернет, ептен му фрлив мерак и морав да го направам. Во принцип, се е произволно, пишано е колку да не бидат празни полињата за состојки. Прво се почнува со желатинот бидејки му треба време додека да се олади. Желатинот се раставара по упатството на кесичката. Секој производител има различно упатство, па затоа нема да го објаснувам процесот. Кога желатионот ќе биде готов и подоладен, се додава сокот од лимон. Ако правите само 4 јајца, желатин ќе ви остане. Јас потрошив можеби 1/3 од целиот желатин. Се земаат 4 јајца и внимателно се кршат на врвот. Се истураат белките и жолчките во сад на страна. Нема да бидат потребни за понатаму во рецептот, па затоа испланирајте си нешто за спремање со нив. Лушпите убаво се мијат и се ставаат во садчиња за јајца. Јас садчиња немам, па ги ставив на чашки за ракија. Кога можев да матам КУГЛОВ со шрафилица, за ова па ич не се секирам =)) Сите овошја се сецкаат на мали коцки и се пикаат во лушпите од јајца. Кога ќе се наполнат јајцата со овошје до горе се сипа оладениот желатин. Ќе внимавате да не е врел и ќе внимавате да не почне да се стега. Треба да е течен за убаво да се излее помеѓу овошјето. Се ставаат во фрижидер да се оладат и за да се стврдне убаво желатинот. Оладени се кршат и лупат внимателно. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
![]() |
|
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
![]() Полнети велигденски јајцаСостојки 4 јајца 100 грама мајонез 70 грама шунка Варените јајца ги лупиме и сечеме на половина и жолчките ги вадиме. Шунката или салама ја мелеме на машина за мелење или на блендер, додаваме сол, пипер и мајонез се убаво промешуваме. Јајцата ги полнимо ова смеса. Одозгора ставете нешто што имате при рака, јас ставив ротквици исечени на коцки. Добар апетит!!! |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
![]() |
|
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
![]() Велигденски тортичкиСостојки За пандишпан 7 јајца 7 лаж шеќер 4 лаж брашно 4 лаж млеко 4 лаж какао 4 лаж зејтин 1 прашок за пециво За фил 200 гр мелени ореви 200 гр чоколада 250 гр маргарин 150 мл млеко 100 гр шеќер За украсување 150 гр шарени мрвици 500 гр фонданСостојки За пандишпан 7 јајца 7 лаж шеќер 4 лаж брашно 4 лаж млеко 4 лаж какао 4 лаж зејтин 1 прашок за пециво За фил 200 гр мелени ореви 200 гр чоколада 250 гр маргарин 150 мл млеко 100 гр шеќер За украсување 150 гр шарени мрвици 500 гр фонданЗа пандишпанот Се матат пенесто јајцата со шеќерот. Потоа не престанувајќи со матењето се додаваат млекото и зејтинот. Се иклучува миксерот и во смесата се додаваат брашното, какаото и прашокот за пециво. Релната се загрева на 200 степени. Пандишпанот се пече во тавче од електричен шпорет обложено со хартија, околу 20 мин. За филот Во сад на оган се ставаат чоколадата, млекото, шеќерот. Со мешаат постојано додека не се стопи и чоколадата и шеќерот. Се трга од оган и се остава да се излади. Маргаринот се мати пенесто и во него се додава претходната смеса. Одкако овие состојки ќе се соединат се додаваат и оревите. Одкако ќе се испече пандишпанот се става на работна маса и се сечат форми на јајце од Делимано калапчињата. Секоја тортичка се сече на половина и се филува и се премачкува со фил оддоколу. И секоја тортичка од страна се валка во шарени мрвици, а горниот слој од тортичката истотака се премачкува со фил и се става фондан којшто е исечен во форма на јајце и се декорира. Од овој десерт излегуваат 35-40 парчиња. А од останатиот пандишпан што нема да се употреби може да се измеша со претходно подготвен пудинг на вообичаен начин и да се стави во правоаголен калап и ќе се добие уште еден десерт. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
![]() |
|
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
![]() Велигденски мафиниСостојки 170 гр брашно 1/2 лажичка сода бикарбона 1/2 лажичка прашок за пециво 1 лажичка какао 1 јајце 200 гр шеќер 1 ванила 180мл млеко 100мл масло прстофат сол 12 млечни карамели 200мл шлаг пена + 150мл млеко малку чоколада за декорација чоколадни јајцињаСе соединуваат брашното, сода бикарбоната, пецивото, какаото и солта. Во посебен сад се миксираат јајцето, шеќерот и ванилата, се додава млекото и маслото, а потоа и претходно соединетите суви состојки. Се мешаат. Смесата се става во хартиени кошнички до половина, а во средината се става по една карамела, а потоа се додава другиот дел од смесата. Се користат само меки млечни карамел бонбони. Се печат во загреана релна на 200 степени околу 14 минути. Се ладат. Настрана се мати шлагот со млекото. Со шлагот се украсуваат мафините. Се става рендана чоколада врз шлагот, и врз нив се ставаат чоколадните јајца. Наизглед изгледаат како птичјо гнездо со 3 јајца. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
![]() |
|
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
![]() Велигденски ролатСостојки 1,5кг парче свинско месо (од ребра, без коска) Суви состојки 1 полна лажица црвен пипер 1 полна лажица кромид во прав 1 лажичка мешан зачин 1 лажичка мајчина душичка 1 лажичка ким во прав 1 лажичка чили во прав 1 лажичка кориандер во прав 1 лажичка лук во прав 1 лажичка шеќер 1 лажичка сол 1 лажичка бибер 1 лажичка К*ркума 1/2 лажичка цимет Водени состојки 300мл. темно пиво 100мл. виски 1 лажица сенф 1 лажичка лут сенф 1 лажичка мед За полнење 1 главица кромид 1 чешне лук 200гр. исчистен спанаќ 100гр. свежи шампињони по вкус сол и бибер 1 полна лажича урда И уште 250мл. вода малку зејтин парчиња и стебленца целер 1 морков 2 чешниња лук 2-3 ловорови листа Користени Делимано производНека не ве плаши листата на состојки. Рецептот е едноставен, само бара малку повеќе време од вообичаеното. Крајниот резултат вреди да се потрудите малку повеќе. 1. Може да користите месо од било кој дел, но ова од ребрата е особено сочно и меко и затоа се одлучив токму за тоа. Коските извадени и добивате убаво парче погодно за ролување. 2. Сите суви состојки измешајте ги и убаво од сите страни наросете врз месото, тапкајте и притиснете со раце за убаво да се залепи. Јас ја потрошив целата количина на зачинот, доколку ви остане складирајте во тегличка и користете си го повторно. Потоа завиткајте го месото во ролат и оставете го во фрижидер да стои. Бидејќи рецептот ми беше смислен неколку дена претходно, си го распоредив времето па така 12 часа месото стоеше во сувиот зачин и 12 часа со водената маринада. 3. За маринадата само измешајте ги убаво состојките, да се раствори сенфот, месото одвиткајте го и претурете ја маринадата убаво да биде опфатено од сите страни. И повторно оставете во фрижидер. 4. Извадете го садот од фрижидер, барем 2 часа пред да печете да биде на собна температура. Во тава на оган ставете го ситно сецканиот кромид и протиснатото лукче да се пропржат убаво. Додадете ги печурките сецкани на листови и оставете да динстаат додека не испари течноста. Потоа додадете го сецканиот спанаќ, зачинете по вкус и оставете повторно да испари течноста. На крај додадете ја урдата, промешајте и тргнете од оган. 5. Месото извадете го од маринадата и ставете на даска. Распоредете го филот но не до крај и лесно завиткајте во ролат. Прицврстете убаво со готварски конец и ставете во пекач. 6. Маринадата претурете ја во сад на оган, додадете ја водата, парчињата целер, морков, лукчето и ловоровиот лист и оставете да зоврие. Во меѓувреме убаво загрејте малку зејтин и попарете го месото. Може и да се запржи од сите страни, но заради полнењето оваа варијнта со попарување е подобра. Кога маринадата ќе зоврие, претурете ја во пекачот, поклопете со капак и ставете да се пече. Рерната претходно загреана на 220С, кога ќе ставите ќе намалите на 180С. На секои 20-30 мин. преливајте го месото со течноста. По 1час намалете на 160 и оставете уште 45 мин. На 10 мин пред крај, тргнете го капакот и оставете да добие убава боја. Кога е готово извадете го на чинија и оставете барем 20тина мин. да се одмори. Доколку сакате содржината од пекачот ставете ја во блендер и направете си сос. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
![]() |
|
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
![]() Велигденско колаче -јајце Состојки 1 маргарин 2 лажици свинска маст 1 ванила 1/2 лажиче цимет 1 јајце 4 лажици шеќер во прав За глазурата 1 лажица лимонов сок 1 белка од јајце 250 -300 гр шеќер во правОдлична идеја да ги соберете дечињата околу вас и да подготвите убави колачи. Замесете не лепливо тесто од маргаринот, свинската маст, јајцето и шеќерот во прав. Додадете ванила и цимет. Растегнете кора од која со калапче ќе извадите фигури од јајце. Веднаш редете ги во плех претходно обложен со хартија за печење. Печете ги во претходно загреана рерна. Откако ќе пожолтат, вадете ги и оставете да изладат. Ја спремаме глазурата. Мешаме лимонов сок, шеќер во прав и белка од јајце и правиме смеса со која подоцна ги укрсуваме велигденските колачиња. По желба додајте прехрамбена боја и декорирајте. Ете ви прекрасен украс на Велигденската трпеза. Забелешка Колачите ќе ви бидат со уште поубав вкус ако на работната маса наместо брашно попрскате какао, а потоа растегнете кора, па вадете фигури. На здравје |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
![]() |
|
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
![]() Торта Велигденско јајцеСостојки Пандишпан 5 јајца 5 лажици зовриена вода 200 гр шеќер 150 гр брашно 100 гр нишесте 1 прашак за пециво 50 гр стопен и оладен путер 1 лажица екстрат од ванила Фил 500 мл млеко 200 гр шеќер 2 пудинзи од ванила 200 гр путер 100 гр бела чоколадаСо оваа торта на тимот на Мои рецепти, неговите членови - готвачи и на сите посетители на рецептите ви го честитам празникот Велигден - За многу години! Подготовка на пандишпанот Одделете ги жолчките и белките. Жолчките изматете ги со водата, постепено додавајте го шеќерот(само 125 гр) и продолжете со матењето да се добие светла кремаста смеса. Додадете го путерот, ванилата и кратко изматете ги да се изедначат. Со чисти мешалки изматете ги белките со останатиот шеќер(75 гр) во снег и додадете ги во жолчките. Измешајте ги со жица. Додадете ги брашното, нишестето, пецивото и убаво измешајте ги да нема грутчина. Смесата ставете ја во намачкан со путер и набрашнет калап бр. 26 или 28 и печете на180 степени околу 30 мин во загреана рерна. Подготовка на филот Пудингот сварете го со млекото и шеќерот и оставете го покриен да олади. Чоколадата стопете ја на пареа и оставете ја да олади. Путерот изматете го, додадете го пудингот и на крај стопената чоколада. Изматете ги убаво да се изедначат. Филовање Пандишпанот исечете го по малку од двете страни да добиете форма што личи на јајце. Добиеното јајце - пандишпан исечете го хоризонтално на два дела. Едниот дел попрскајте го со малку топло млеко и премачкајте го со околу половина фил.Ставете го и другиот дел пандишпан, попрскајте го со млеко и целата торта премачкајте ја со останатиот фил. Украсете ја со шлаг, кокос, чоколада и сл. или по ваша желба. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <123> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |