IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Филозофија и психологиjа
  Активни теми Активни теми RSS - Суетата на модерното општество и човечката личнос
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Суетата на модерното општество и човечката личнос

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 8910
Автор
Порака Обратен редослед
Marko Polo 1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
venecijaner

Регистриран: 20.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9693
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Marko Polo 1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Март.2010 во 22:11

Pa Tetratka... i prasanje i odgovori vo isto vreme.

Da, lesno e da bides sueten. Vo eden moment, koga kje go svatis toa ( a vekje si go svatil), kje go otkries seto licemerie, niskost na opstestvoto koe te opkruzuva, iskompleksiranosta na onie koi go sozdavaat toa opstestvo, onie koi ni gi nametnale site onie pogresni vrednosti na denesnicata, kje posakas da go najdes covekot vo sebe. I kje go najdes, i toa e lesno.
No da, togas kje se najdes vo svet koj ne te razbira...
Ti kje bides razlicniot...
Кон врв
Tetratka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Септември.2008
Локација: дрвара
Статус: Офлајн
Поени: 5153
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tetratka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Март.2010 во 21:47
Originally posted by pagane pagane напиша:

лицемерие= суета???
ммм...има нешто...но дали лицемерниот има дупе да биде суетен?размислување
 
Таткото на сите “добродетели“ е егото...
 
тоа од самиот почеток кога човек ќе се роди и додека е бебе, егото во него е најгласно...вика ли вика... и како што човек расте, така егото се смалува...
 
Малото дете не знае за “НЕ“... па треба да го воспиташ да го скроти егото во него...
 
да не забораваме...
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!

Кон врв
pagane Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 21.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 13044
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај pagane Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Март.2010 во 21:42
лицемерие= суета???
ммм...има нешто...но дали лицемерниот има дупе да биде суетен?размислување
Кон врв
Tetratka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Септември.2008
Локација: дрвара
Статус: Офлајн
Поени: 5153
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tetratka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Март.2010 во 21:42
Целта на дискусијата е внатрешната (духовната) борба, и проблемите на душата поврзани со секојдневието...
 
ми се причинува дека светот заминал предалеку... или почнале да ми растат (умници) и бели влакна....
гадно е иако млад по години да се чуствуваш “старец“... само затоа што денес секојдневието заминало во неповрат...
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!

Кон врв
Tetratka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Септември.2008
Локација: дрвара
Статус: Офлајн
Поени: 5153
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tetratka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Март.2010 во 21:32

Станува збор за лицемерието и духовниот обид сврзан со суетата на модерното општество... за ова мислам дека не се дискутира, ова според мене е сериозен проблем и го пишувам лично.

Верувам дека многумина се судруваат со ваков или сличен проблем...
 
Кога сакам да живеам нормално, тогаш тоа на некој не му се допаѓа; ако човек се труди да биде нормален и сериозен - односно посветен и скромен...
 
Кога сум центар на внимание за многу работи (без разлика за што се работи) - тогаш сите ме сакаат... ласкаат, за сите си најдобар и сл...
Кога со нешто го привлекуваш вниманието на некои луѓе, повторно исто...
 
се прашувам, зашто човек секогаш треба да биде центар на внимание за да некој го почитува и сака...
Зарем човек постојана треба да се бори со суетата и да се докажува пред другите или едноставно другите погрешно го разбираат, иако си мислат дека тоа е правилно...
 
А кога сакаш да бидеш скромен и да не се занимаваш со суетата на светот... тогаш некако се се променува,,,
ете тоа е духовен опит, човекот е склон да експериментира, да размислува за животот, иднината и се она што носи секој нов ден...
 
ете тоа е најтешко... човек да се победи самиот себе си...
борбата започнува кога човекот престанува да биде роб на секојдневната монотонија и бара нешто подлабоко... нешто реално и Вистинско, а не лицемерие и лага...
 
Еееее.... колку е тешко денес човек да ја живее  секојдневната помрачувачка монотонија во време на ерата на светската суета и да се бори со себе си...
 


Изменето од Tetratka - 07.Март.2010 во 21:36
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!

Кон врв
Tetratka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Септември.2008
Локација: дрвара
Статус: Офлајн
Поени: 5153
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tetratka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Март.2010 во 21:20
.....Кога веќе станува збор за човечката личност (п.с. започнувам со 3 точки - проблемот нема нити почеток нити крај...) тогаш повеќе од логично е човек што размислува да си го постави ова прашање...
 
Што е човекот односно човечката личност...?
дали е тоа “кариерата“?
Дали се тоа парите?
Дали е тоа надворешниот изглед?
Дали е тоа добрата работа?
Дали е тоа секојдневното ласкање?
Дали е тоа лицемерието?
Дали е тоа човекот - роб на секојдневните навики?
Која е целта и смислата на “суетниот живот“
И најголемиот и сериозен проблем е тоа дали човекот денес е свесен за неговото секојдневно лицемерие и робување на суетните навики?
 
Се прашувам, ако ова се поврзи со личноста, како е можно еден ист човек додека е “ин“ го сакаат сите..., додека се “издугнува“ во суетните работи и површното лицемерие, а нема мир во душата;
додека истиот тој е добар со сите, односно “забавен и интересен“ за сите... тогаш сите го сакаат, и кога истиот тој ќе реши да се повлече доброволно и да се бори со суетата барајќи го мирот - истиот тој во истиот момент станува “непожелен“, за сите...
 
Дали тоа е вистина... дали истата личност има свои вистински пријатели и луѓе што навистина го сакаат или се е “суета“...
 
за жал ова е сурова секојдневна реалност за луѓето што трагаат по духовните вредности... и се борат со сопствената суета...
 
затоа темелите на овој современ свет се темели на суетата и човечкото лицемерие...
 
се што не опкружува е “панаѓур на суетата“ ... малкумина се оние “црни овци“ што се замараат со “проблемите на душата“ и вистинските вредности и љубов, борејќи се со суетата... барајќи скромност...
 
Суетните не можат да разберат дека најлесно од се е “човек да биде суетен“. Така е зашто човек заробен во суетата не може да ги види другите вредности на душата... и да ја задржи вистинската личност...
да се избори за човечкото достоинство... и да биде нормален...
 
животот е “тест“!!! -  се е минливо...
дните минуваат и исчезнуваат тонејќи во океанот на суетата...
 
некои “продаваат и купуваат суета“... суетните што не ја ценат и разбираат вистинската личност и љубов... и кога се дел од суетното уживање - може само да жалат кога ќе станат свесни што губат со нивната суета...
 
Губејќи го мирот на душата луѓето суетни многу страдаат...
така страдајќи го искористуваат “духовното“ да ја “утешат душата во мака“, а бидејќи суетата е еднаква на лицемерие и е дел од нивниот сегашен и предходен живот, истите тие кога малку закрепнуваат, повторно живеат и се враќаат кон суетата...
 
Така тоа кружи постојано... но некои грешки не се поправаат и времето не се враќа назад... 
 
зашто “суетата е најлесна работа“ , а не цел на животот...
 
 
Затоа “црните овци“ некогаш нема да бидат разбрани од “панаѓурот на суетата“ и секојдневнота лицемерна монотонија што ја труе човечката душа...
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 8910
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,281 секунди.