![]() |
|
РАСКАЗИ |
Внеси реплика ![]() |
страница <12 |
Автор | |
mali simo ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 22.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 1132 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Еден од луѓето што знаеше да го почитува дарот на слободата и да го чуе повикот Божји, е бележитиот ововековен светител на православието, митрополитот егински Нектариј. Живеејќи во Христа, на мајката Божја и’ испеа химна со радосниот и покаен јазик на великиот псалт, цар и пророк Давид. Таа химна претставува резиме на сето поетско искуство на Црквата. Оваа поетско-литургиска творба свети Нектариј Егински ја испеал во согласност со древниот монашки принцип: дај крв – прими дух! Замислете си со какво чувство на слобода химнопеел. Има ли поголема слобода од слободата на светите маченици, во крв заради Христа? „Света Дево“ е песна преведена на сите светски јазици, песна пеена и воспевана од срцата на сите православни народи. И ние имаме среќа да ја пееме песната во превод на македонски јазик. Преводот е адаптиран според музичкиот терк на древното црковно, византиско-словенско музичко наследство. И ние Македонците ја славиме Богородица мајка со таа химна на свети Нектариј. Но, за жал, не без опструкции, кои се предизвикани од најодговорната личност во манастирот – игуманијата, и покрај тоа што станува збор за песна што има моќ да го утеши и да го орадости модерниот човек, раскинат од животните проблеми што му ги носи духовно опустошениов свет. Химната има сила да охрабри, да подигне и да стане импулс за нов живот во Христа. Ве молам, браќа и сестри, да ја научите и во вашите домови да ја пеете со сиот огин на Светиот Дух. „Ако некој сака да тргне по мене, нека се откаже од себе, нека го земе крстот свој и нека тргне по мене!“ Амин. |
|
ХРИСТОС ВОСКРЕСНА ОД МРТВИТЕ СО СМРТА СМРТА ЈА ПОБЕДИ И НА ТИЕ ВО ГРОБОВИТЕ ЖИВОТ ИМ ДАРИ
![]() |
|
![]() |
|
EvAngelos ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
МУВАТА И БОЖЈИОТ СУВЕРЕНИТЕТ! „Ете, Јас сум Господ Бог на секое суштество; има ли нешто тешко за Мене?“ Езекиел 32:27. Човекот не може да ја расипе Божјата суверена намера. Безбожните народи се обидуваа да го уништат Израел, народот преку кој требаше да дојде Откупителот, но Господ интервенираше за да го заштити Својот народ. Понекогаш, Тој го правеше тоа со драматична објава на Својата сила, како разделување на Црвеното Море, или отворањето на земјата, која ги проголта израелските непријатели (5 Мој. 11:2–6). Другпат, Тој употреби мали природни нешта, како трубите во Исус Навин 24:12. И во двата случаја, Неговата волја беше извршена. Џон Весли одржувал евангелизација во еден мал град. На состанокот дошол и еден безбожен човек, кој многу ја сакал музиката. Дошол со намера да го слуша само „доброто пеење“, а кога Весли ќе почне да проповеда, планирал да престане да слуша. Човекот си седел мирно сè додека траело пеењето. Штом Весли почнал да проповеда, тој со рацете си ги затнал ушите. Одеднаш, една мува му слетала на носот. Тој се обидел да ја избрка, но без успех. Мувата почнала толку да го лути, што морал да си ја тргне едната рака од увото за да ја избрка мувата. Токму во тој миг Весли ги цитирал Исусовите зборови: „Кој има уши нека слуша!“ Зачуден, неверникот продолжил да слуша и тој ден, преку пораката на Евангелието се обратил. Бог употребил една мува да обрати еден закоравен, бунтовен грешник. Пријателе, дали имаш некој ближен, кој има тврдо срце кон гласот на Светиот Дух? Или, пак, некоја околност, која наизглед ја расипува Божјата волја? Не очајувај! Продолжи да се молиш со доверба. Ништо не е претешко за суверениот Бог! |
|
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|
![]() |
|
mali simo ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 22.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 1132 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Но,
радоста наша надумна, возљубени, не без
голема тага ви соопштувам, не остана
неначната токму денеска. Таа е нецелосна,
бидејќи е страдална, маченичка. Денес,
крстот на кој е победена смртта, знакот и
символот на мирот во светов, во
православна Македонија е заменет со
пагански разбраниот оган, увезен од Ватикан. Денеска имаме впечаток дека се
откажавме од крстот Господов и го
возљубивме огнот што ги изгоре телата на
христијанските маченици во римскиот
колосеум. Значи ли тоа дека му се случи
безумство на римскиот патријарх – папата?
Го отфрли ли крстот и ја прифати ли
паганската логика на мислење, својствена
за човекобожечките култури и цивилизации?
Им се враќаме ли на егзотичните волшепства
на Египет, Иран и древна Грција и на
модерните неопагански култови и
обредољубија, никнати како печурки по дожд
на планетава!? Отфрлајќи го крстот
Господов, и’ се причислуваме и и’ се
уподобуваме на логиката на световниот
свет, на цивилниот свет. Таа логика е
логиката на францускиот гроф Пјер де
Кубертен (Pierre de Coubertin), исчадие на
масонските ложи на Западна Европа. Тој
огнот го афирмира и го обоготворува
истоветно со древна Елада, во која се
организирале олимписки игри во чест на
врховниот бог Зевс. Истото тоа се
случувало во Рим, во чест на Јупитер,
Август, римскиот цезар. Денеска, пак,
папата од Рим ни го испраќа истиот тој оган
во Скопје, Охрид и Струга, предизвикувајќи
печал и несреќа поради забележаното
присуство на наши архијереи во култот на
огнот.
Амин. |
|
ХРИСТОС ВОСКРЕСНА ОД МРТВИТЕ СО СМРТА СМРТА ЈА ПОБЕДИ И НА ТИЕ ВО ГРОБОВИТЕ ЖИВОТ ИМ ДАРИ
![]() |
|
![]() |
|
mali simo ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 22.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 1132 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Покрај
животописот на преподобна Марија
Египетска, импулс за
Еванагелието
што денес го прочитавме, кое говори за
жената грешница што дошла во куќата на
фарисејот, потполно се совпаѓа со животот
на преподобна Марија Египетска. За жената
од евангелието се вели дека донесе
алабастерен сад со миро, застана при
нозете Исусови и, плачејќи, ги миеше
нозете негови со солзи и ги триеше со
косата своја. Потем ги целиваше и ги
миросуваше со миро. Симон, домаќинот на
куќата и ученик Христов, се соблазни и се
посомнева во учителот свој, бидејќи сиот
град знаеше колкава грешница е таа.
Срцеведецот му ја раскажа на Симон
параболата за двајцата должници. Едниот
од должниците на заемодавецот му должел
500 пенези, а другиот 50. Бидејќи и двајцата
не можеле да го вратат долгот, тој им го
простил. Симон беше запрашан кој од
двајцата повеќе ќе го милува господарот.
Симон одговори правилно, кога рече: „Оној
кому повеќе му простил“. Потоа се
заврте Христос кон грешницата и му рече
на Симона: „Ја гледаш ли оваа жена? Влегов
во твојот дом, ти ни вода за нозете не ми
даде, а таа со солзи ги целива нозете мои.
Ти со миро не ја помаза главата моја, а таа
со миро ги помаза нозете мои. Затоа ти
велам: нејзе и’ се простуваат многу
гревови, оти ме возљуби многу; а кому
малку му се проштава, мала љубов има“.
На жената, пак, и’ рече: „Верата твоја те
спаси, оди си со мир“.
И преподобна Марија Египетска, пред да се оддалечи во сахарската пустина, живееше во мегалополисот Александрија. Живееше така што монструозно и ненаситно му се предаваше на демонот на блудот. Нејзиниот живот беше живот на проститутка. Животите на двете жени за кои денес зборуваме целосно се совпаѓаат. Затоа, зборовите што Христос му ги упати на Симон за грешната жена, целосно важат и за големата преумница од Египет, Марија. Откако во преподобна Марија Египетска се пробуди совеста и свеста за ничкосаноста на нејзината природа, и за обезличеноста на нејзината личност, за таа икона Божја нагрдена од блудот, за ропството свое во гревот, за ропскиот однос свој спрема демонот на блудот, таа се откажа од својот стар човек и од стариот живот. И’ се случи салто мортале со умот во срцето. Го позна вистинскиот светотроичен Бог и себеси во него и од него. Обновената, просветена и повторно родена за нов живот и за нов начин на постоење Марија – ја позна и се причести со сета смисла на животот – со Христос. Одлучи да се оддалечи од градот, од урбаната пустина, и да се насели во срцето на природната пустина. Стана жител на антиградот, на суровите пространства сахарски, на безводните и безживотни пустински предели, без храна, без облека, изложена на жестоки жештини дење и неподносливи студови ноќе, шибана од пустинските ветрови и од прашините на пустинските песочни дини. Целосно на Бога предадена, како човек што решил со остатокот на својот живот да го спаси целиот свој живот. Беспоштедно, молитвено, посно и преумно, Богу се предаваше. И се украси со невидено смирение. Го изгоре страсното тело свое во благодатниот оган на Светиот Дух, и си ја врати непорочноста и целомудреноста на телото и душата своја. Со Духот ги избистри и ги просветли затемнетите од гревот инструменти за познание на вистината: срцето, умот, очите, устата, носот... Марија, светата бестрасница, се претвори во несогорлива капина на Светиот Дух. Се удостои ангел Господов да ја причестува со спасителното тело и крв Христова. Самата, во тешките, за умот немислени, човечки, пустински подвизи, телото свое го замесуваше во просфора, во богоугодно тело на спасителот, и крвта своја ја претвораше во вино, во богоугодна крв на спасителот, па со нив се причествуваше од рака ангелска, сама со Бога во пустината. Ама, за да потврди дека е соборно битие, битие создадено за живот во заедница со Бога и ближните, во заедница со живите и конкретни личности, т.е. во Црквата Божја собрана околу Христа, таа беше удостоена со сретение со старецот Зосима, еден од великаните на подвижничкиот и монашки Египет. Но и ава Зосима беше од Бога удостоен да го најде овој животворен источник и раскошен цвет на пустината, преподобната Марија Египетска, и да ја причести со светите и животворни дарови, со телото и крвта на нашиот Господ и спасител Исус Христос. Возљубени мои, таа немаше облека. Беше сосема гола пред Господа, бидејќи ја постигна чистотата и бестрастието на првородителите Адам и Ева пред падот. Човекот ја крие својата гревовна и смртна нечистота зад рувото ткаено од текстил, но напати и зад самата кожа од телото свое. Разголувањето на нечистиот претставува откривање на нечистотата, а разголувањето на чистиот претставува откривање на чистотата пред Господа и луѓето. Голиот, во непорочноста и бестрастието, не го погодуваат очите на похотните и страсните. Смирението на благодатните голтари е плод на јуродивото поимање на слободата на човекот, која радосно паѓа ничкум пред оној што не е слободен, туку самиот е самата, сушта слобода. Христијаните, свештенството и монаштвото се задолжени да живеат со такво смирение. Христијаните, презвитерите и монасите што живеат со умови инфицирани од гордоста, ја изневеруваат вокацијата Божја само затоа што се сметаат повисоки од другите. Да не заборавиме дека сите живееме во пустина. Возљубени мои, овој свет станува посурова пустина од пустината во која живеела преподобната мајка наша Марија Египетска. Затоа еднодушно и едномислено да го повикаме семилостивиот и човекољубив Бог и спасител наш Господ Исус Христос да ни го испрати животворниот и сесвет Дух, да нe’ освети и да нe’ просвети, да ја осветли темнината наша однатре и да ја зазеленее нашата сопствена пустина, подигајќи нe’ нему на служба и нему во слава, во сето смирение, по примерот на преподобната мајка наша Марија Египетска.
Амин. |
|
ХРИСТОС ВОСКРЕСНА ОД МРТВИТЕ СО СМРТА СМРТА ЈА ПОБЕДИ И НА ТИЕ ВО ГРОБОВИТЕ ЖИВОТ ИМ ДАРИ
![]() |
|
![]() |
|
mali simo ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 22.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 1132 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Христос воскресна – Навистина воскресна Христос воскресна – Навистина воскресна Христос воскресна – Навистина воскресна
Овој човек, слеп од раѓање,
го немал дарот да ја гледа виделината на денот, прекрасните бои и раскошната
убавина со која Господ го украсил создадениот свет. Но она што тој го немал е
само еден од многуте органи на телесниот организам. Одземеното око на телото
било надоместено со нешто што го имал внатре, во себе. Во најдлабоката
внатрешност своја го поседувал бистрото око на верата. Окото на духот му
овозможило опит на верата. Тој човек знаел дека постои во слава на живиот
светотроичен Бог. Оваа надеж негова, оваа бескрајна љубов негова, неговото
егзистенцијално ожидание на живиот Бог,
Возљубени браќа и сестри,
откако Христос, по силата на својот божествен логос, со плунка замеси кал и со
калта му ги облепи очите, слепородениот прогледа во слава на Бог Троица.
Чудото ги ологоси срцата на сведоците на овој прекрасен евангелски настан. Но
потем се случи полемика. Се поставуваа прашања од доменот на човечката логика.
Дали човекот беше слеп поради сопствените гревови или беше слеп поради
гревовите на неговите родители? Се случуваше ли тоа по аналогија на
евангелската парабола за татковците што јадат кисело грозје и за децата нивни
што имаат расипани заби? Кажувањето има сила да нè алармира нас родителите и
добро да нè замисли за одговорноста наша кон децата наши. Во случајот на
слепородениот ниту едно од двете прашања не беше соодветно. За него важеше
една збунувачка алтернатива. Да го чуеме неочекуваниот одговор. Слепиот бил
слеп не поради гревовите на родителите негови, ниту поради неговиот сопствен
грев, туку за да се покаже преку него силата на живиот светотроичен Бог и за
да го прослават, заедно со слепородениот, сите човечки поколенија.
Амин. |
|
ХРИСТОС ВОСКРЕСНА ОД МРТВИТЕ СО СМРТА СМРТА ЈА ПОБЕДИ И НА ТИЕ ВО ГРОБОВИТЕ ЖИВОТ ИМ ДАРИ
![]() |
|
![]() |
|
EvAngelos ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
СТРАВОТ – ЗАМКА И ОСЛОБОДУВАЊЕ! „Стравот од човек поставува примка, а кој има доверба во Господ, ќе биде сочуван“. Изреки Соломонови 29:25. Стравот од тоа што другите ќе мислат за нас, може да игра важна улога во нашето однесување. Индијанците добро ја познавале оваа вистина. Тие ги употребувале презирот и потсмевот како педагошки средства за одржување на редот во своето општество. Така, на пример, во племето Лисиус, кога старешината ги поучувал децата за моралните и неморалните постапки, тој не ги мотивирал со некое апстрактно правило или моралност, ниту, пак, им се заканувал со казнување на земјата или на небото. Наместо тоа, тој им велел: „Луѓето во селото ќе ве озборуваат!“ Додека Индијанците го ползувале да ги мотивираат луѓето на добро однесување, Господ го предупредува својот народ израелски, дека, „срамот и стравот од луѓето“ може да ја предизвика нивната пропаст. Да објасниме. Нивната загриженост за тоа што мислат другите за нив, може да ги натера да склучуваат несвети сојузи со луѓе и да прават со нив компромиси. Наместо тоа, тие беа повикани да имаат доверба во Господ и да го бараат Неговото одобрување. Тоа е добар совет и за нас, бидејќи „стравот од луѓето“ им станал смртоносна замка на многу христијани. Ако своето однесување го управуваме според одобрувањето или неодобрувањето на луѓето, тогаш ќе доживееме многу растројства со болно чувство на несигурност. Многу подобро е да наоѓаме задоволство во вршењето на Божјата волја. Тогаш, стравот од тоа што мислат другите за нас, кој духовно нè осакатува, ќе му го препушти местото на довербата и здравото стравопочитување кон Бог, кој нè ослободува да живееме за Неговото одобрување! „САМО СТРАВОТ БОЖЈИ МОЖЕ ДА НÈ ОСЛОБОДИ ОД СТРАВОТ ОД ЧОВЕКОТ!“ |
|
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|
![]() |
|
mali simo ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 22.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 1132 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Амин. |
|
ХРИСТОС ВОСКРЕСНА ОД МРТВИТЕ СО СМРТА СМРТА ЈА ПОБЕДИ И НА ТИЕ ВО ГРОБОВИТЕ ЖИВОТ ИМ ДАРИ
![]() |
|
![]() |
|
mali simo ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 22.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 1132 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
А денес, возљубени христијани, видовме како добриот и човекољубив Бог ги нахрани петте илјади мажи, не броејќи ги жените и децата. Се сноќи и останаа гладни. Зборовите и близината на спасителот им беа послатки од мед. Апостолите се загрижија за собраниот народ. Ги наваса дилемата: дали да ги отпуштат да си отидат во градот и таму да се нахранат? Телата им беа гладни, исцрпени, цел ден го следеа Христос и духовно се хранеа од устата негова божествена, со спасителните, оживотворувачки зборови. А Христос ги праша учениците дали имаат нешто за јадење. Само две риби и пет леба. Им заповеда да ги донесат. Христос го зеде лебот, го благослови и го прекрши, потем и рибите, па и им заповеда на апостолите да им ги разделат на народот. И народот јадеше, се вели во светото евангелие, и се насити, и потем четиринаесет кошеви со остатоци од храната беа собрани. Ете, тоа значи благословот Божји. Та нашите стари не беа безумни што не легнуваа без благослов, крст и молитва, ниту стануваа од кревет без благослов, молитва и крст, ниту почнуваа работа без благослов Божји, без молитва и крст. Елате и вие, возљубени мои, вратете му се на Бога, на живиот дијалог и комуникација со Бога. Да испросиме богат и изобилен благослов за почеток и исполнување на секое добро дело во животот наш.
Амин. |
|
ХРИСТОС ВОСКРЕСНА ОД МРТВИТЕ СО СМРТА СМРТА ЈА ПОБЕДИ И НА ТИЕ ВО ГРОБОВИТЕ ЖИВОТ ИМ ДАРИ
![]() |
|
![]() |
|
mali simo ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 22.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 1132 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Драги родители и мили мои деца, утре е почетокот на новата школска година. Како свештеник и како родител, заедно со вас принесов молитви кон Господа да ни ги благослови нашите деца за добар почеток на школската година и да ги дарува со крепка духовна и интелектуална сила, та да можат да одговорат на обврските и одговорностите што школото им ги дава, како и на очекувањата на родителите. Но, исто така, го молам Бога срцата и умчињата на нашите деца со љубов и мудрост да ги огради од злото на бесмислата, дрогата, алкохолот, блудот и бесцелното ноќно живеење во кафулињата и ноќните клубови. Господ да ги спаси од безбожието на нашиот школски систем, кој до денес не престана да го убива Христа Бога во срцата нивни. Станува збор за школски систем што од нашите деца произведува своевидни јаничари, деца какви што не сакаме да ги „произведува“ нашето училиште. Ние, родителите христијани, сакаме нашето дете да го љуби Бога, знаејќи дека само оној што знае да го љуби Бога ќе знае вистински да го засака ближниот и самиот себе. Молете му се на Бога да ги вразуми нашите државници и одговорните за нашиот школски систем, та да престанат да го убиваат Бога во срцата на нашите деца.
Амин. |
|
ХРИСТОС ВОСКРЕСНА ОД МРТВИТЕ СО СМРТА СМРТА ЈА ПОБЕДИ И НА ТИЕ ВО ГРОБОВИТЕ ЖИВОТ ИМ ДАРИ
![]() |
|
![]() |
|
mali simo ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 22.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 1132 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Евангелскиот максимализам ги става на проверка вистинските
можности на човекот. Та чувме: богатството и зависноста од земниот имот го
онеспособија момчето за совршен живот во Бога. Но, она што се случи со момчето
од евангелието се случува со човекот воопшто. Човекот се врзува за овој свет
преку предметите, преку парите, преку славата, преку моќта, преку стравот од
смртта и надворешната естетика. Меѓутоа, поради минливоста на нештата што нe’
врзуваат за светов, тагата на човекот се продлабочува без можност да се
исцели. Христос нe’ соочува со границите и рокот на траење на сето она што го
носи печатот на овој свет. Црвот на смртта и ништотноста го гризе и го
изедува, минливо е и менливо, гнилежно и смрдливо. Но, ние патолошки сме се
врзале за смртното. Го игнорираме прашањето за нашето вечно постоење во Бога.
Вчера се случи погребение на една принцеза. Во лондонската катедрала „Свети
Павле“, архиепископот кентербериски во погребната беседа ниту еднаш не ги
спомна поимите вечност и вечен живот. Сe’ беше сведено на гол морализам и
етикеција, гламур и атракција. Смртта беше скриена зад раскошот на елитата и
меѓу четирите ѕидови на пантеонот на бесмртните мртовци. Атмосферата беше
типична и својствена за дворските кулоари, политичките и културните елити и
џетсетови на филмските и музичките мегаѕвезди на естрадата, опседнати од
самите себе, од својата сопствена убавина и слава. Егоистите и нарцисите го
допуштаат постоењето на Бога само толку и само дотаму колку што и до каде што
ќе остане отсутен од животот на светот и од историјата на човекот. За нивните
човекобожечки величества да останат суверени господари на светов, или го
убиваат Бога или измислуваат богови ракотворени и мртви. Христа Бога повторно
го распнуваат, го плукаат и го исмејуваат. Бог што сака и знае да влезе во
историјата на човештвото, Бог што сака и знае да сострадува со страдањата на
човекот, Бог распнат и воскреснат, кој ја споделува
Амин. |
|
ХРИСТОС ВОСКРЕСНА ОД МРТВИТЕ СО СМРТА СМРТА ЈА ПОБЕДИ И НА ТИЕ ВО ГРОБОВИТЕ ЖИВОТ ИМ ДАРИ
![]() |
|
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <12 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |