IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Патувања...
  Активни теми Активни теми RSS - Ситонија - Грција
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Ситонија - Грција

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12
Автор
Порака
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јануари.2014 во 23:31
Торони 

Торони е мало село кое се наоѓа на југозападниот дел на вториот крак од Халкидики, Ситонија, на 17 километри јужно од Неа Мармарас. Во селото живеат помалку од 300 луѓе, додека во пошироката област, Торонеос околу 4.000 жители. Токму затоа, Торони претставува идеална дестинација за летни одмори.

Легендата вели дека Торони била жената на Протеј, синот на Посејдон. Веројатно поради таа причина, жителите на Халкидики во 8. век ја основале населбата Торони токму на крајните делови од полуостровот, именувајќи ја според сопругата на „богот на морската непредвидливост“. Во тоа време, местото имало исклучителна стратешка важност во поморските битки, но денес претставува мирно место за уживање и релаксација. Денешните жители се ориентирани кон туризам, риболов и земјоделство.

Селото Торони е оддалечено 142 километри од Солун и 222 километри од границата со Македонија, но за нијанса подолгото патување е исплатливо поради прекрасното природно опкружување и нештата што ова место ќе ви ги понуди. Пред Торони се простира една од најубавите плажи на полуостровот Халкидики, со вкупна должина од 2,5 километри. Оваа плажа се одликува со златно-жолт ситен песок и кристално бистра вода. Зад селото се издигаат ридови со благи падини и бујна вегетација. Сето ова, овозможува пријатна атмосфера, чист воздух и пријатно ветре кое повремено ќе ве разлади. Во Торони покрај стандардните погодности на летните одмори во Грција, постојат повеќе организирани спортски активности во кои ќе можете да уживате, како на пример: скијање на вода, спортско рибарење, нуркање, планинарски тури итн.













Toroni, Halkidiki


Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Февруари.2014 во 09:40
Уникатните убавини на Сарти (моја најомилена летна дестинација)


Прекрасното градче Сарти се наоѓа на источната страна на полуостровот Ситонија (вториот крак на Халкидики), со поглед на светиот полуостров Атос. Местото е опкружено со бујна вегетација и раскошен поглед на сите страни, што го прави идеално за одмор и релаксација.

Градчето Сарти е подигнато на местото каде што се наоѓал античкиот град со истото име, град кој бил исклучително важен во геополитичката стратегија на древната Грција. Местото било посетено и од персискиот крал Ксеркс за време на неговите епски походи. Денес, остатоците од античката населба можат да се најдат во опкружувањето на Сарти.

Околу Сарти се наоѓаат и дел од најраскошните плажи во цела Грција, меѓу кои најпознати се: Златната плажа Сарти, Транос, Аи Николас, Платаници, Аклада, како и уникатната плажа Кавуротрипес.

Сарти веќе со години е едно од најпопуларните туристички локации во Грција, главно поради необично складната комбинација на морето и планините, кои се соединуваат токму во ова магично место. Градчето изобилува со бројни кафулиња, ресторани и таверни, кои ќе ги задоволат и најпребирливите вкусови.

 Можете да се опуштите во некое од тивките кафулиња со убаво кафе или сладолед, но можете да уживате и во интензивниот ноќен живот, во одличните ноќни клубови.

Посетата на Сарти не смее да помине без посета на манастирот Ксиропотамос, кој се наоѓа непосредно до градчето, а од оваа локација секојдневно се организираат и бродски ексК*рзии кон планината Атос – искуство што едноставно не смее да се пропушти.










Изменето од Valerija - 01.Март.2020 во 09:23
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Мај.2014 во 13:33
Вреди да се видиљубов

Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Април.2015 во 16:25
Некои од поубавите плажи на Ситонија

Агиос Јоанис

Плажата Агиос Јоанис се наоѓа јужно од гратчето Никити и се одликува со мека, песочна површина и чиста вода. Мирното опкружување, должината од преку 700 метри и релативно плитката вода ја прават идеална за семејно уживање. Посетителите ја имаат прогласено за една од најдобрите на Халкидики.


Агиа Кириаки

Агиа Кириаки е запрепастувачки убава песочна плажа, долга речиси половина километар, со ситна песок, која се наоѓа на неколку километри јужно од Неа Мармарас. Се работи за една од помирните плажи.


Лагомандра

Лагомандра всушност е спој на две плажи на кои им е доделено „сино знаменце“, што значи дека се официјално прогласени за едни од најчистите и најубавите во Грција. Водата е тиркизно сина, а песокта е исклучително мека. Оваа плажа е организирана, со лежалки и чадори (на северниот дел), но има и помирен дел каде што можете да лежите на песокта. Лагомандра е една од позабавните плажи, со шанкови и организирани водени спортови. Не е идеална за деца, бидејќи водата станува длабока релативно брзо. Плажата се наоѓа на неколку километри северно од Неа Мармарас.


Каламици

Каламици се наоѓа на петнаесетина километри јужно од Сарти. Плажата е долга околу половина километар и се одликува со ситен и мек псеок. Водата на овој дел од полуостровот е исклучително мирна, што ја прави локацијата идеална за водени спортови, особено за нуркање.


Кавуротрипес

Оваа симпатична мала плажа е позната под повеќе имиња, меѓу кои и Портокалова плажа. Во овој дел од брегот многу често можете да наидете на мали заливчиња помеѓу карпите, кои неретко кријат прекрасни, рајски плажи. Плажата се наоѓа на десетина минути возење северно од Сарти, но внимавајте на знакот кој посочува кон неа, затоа што многу лесно можете да се изгубите.


Тристиника

Оваа плажа претставува продолжение на совршениот брег на Торони, со должина од преку 5 километри. Со оглед на тоа што Тристиника е малку поодалечена од околните населени места, таму нема организација и најчесто посетителите се решаваат за кампување со шатори.


Трани Амуда

Оваа плажа уште се нарекува и Ливрохио и претставува рај за луѓето што сакаат „диви“ плажи, без музика и најчесто без многу посетители. Се наоѓа во близина на Агиос Николаос, на десетина километри од Никити, но на спротивниот брег, со поглед кон Атос.

Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Март.2020 во 11:22

Бисерот на Ситонија: Погледнете ја најегзотичната плажа во Грција


И оваа година Грција е една од најбараните дестинации за летување. Сепак, за оние кои ги нервира тоа да слушаат познат јазик наоколу, постои една плажа на која ќе имаат чувство како да се во некоја далечна и егзотична земја.

Станува збор, како што сметаат многумина, за најегзотичната плажа во Грција, а тоа е Тиганија. Ова е дива плажа до која е малку потешко да се дојде, па луѓето ја нарекуваат и Лавиринт плажа. 

Постојат уште имиња, како Хаваи плажа поради егозотичноста, но и Град на духови. Како и да ја нарекувате, важно е да знаете за каква плажа станува збор.

Тиганија се наоѓа меѓу плажите Криарици и Климатариа, а позната е по мекиот и ситен песок со златна боја и чистото море, а сето тоа е надополнето со убави карпи.

Се состои од три дела, еден е прилагоден за кампери, а другите два имаат барови и чадори од листови од палма. Иако не е премногу позната, плажата е попосетена од минатите години, кога била вистински сокриен дијамант на Ситонија.




Изменето од Valerija - 01.Март.2020 во 11:22
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,813 секунди.