IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Општо > Разно
  Активни теми Активни теми RSS - Дајте една лоша вест
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Дајте една лоша вест

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 151617
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Февруари.2019 во 10:28

Денеска и утре ден на жалост

Денеска и утре ден на жалост

Владата на Република Македонија донесе одлука денеска и утре да бидат денови на жалост.

Согласно со одлуката на Владата 14 и 15 февруари ќе бидат денови на жалост во знак на почит кон загинатите патници во автобусот кој доцна попладнето се преврти на автопатот Скопје-Тетово.

Бројот на жртви се искачи на 14.

Од вкупно згрижените 37 лица во ГОБ „8 Септември“, четири се во критична состојба, а сериозна е и состојбата на уште двајца повредени кои се хоспитализирани во Ургентниот центар. Седум лица го загубиле животот на самото место на несреќата, а другите седум им подлегнале на повредите.

Имињата на 14 загинати се уште не се соопштени зашто во тек е нивна идетификација на Институтот за судска медицина.

Засега, познато е дека автобусот со 51 патник од Скопје тргнал во 16.15 часот, а со него најчесто патувале јавни службеници и студенти од Гостивар.

Тој, според досегашните информации, поминал на спротивната коловозна лента, влегол на регионалниот пат и паднал во удолнината. На лице место починале седум луѓе.


Сочувство до семејствата на загинатите!

Нека почиваат во мир!тага

Побрзо опоравување на повредените...

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Април.2019 во 16:05

ОЧИВАЈ ВО МИР БИЛЈАНА: Ќе те помниме како актерка со непроценлив талент, успешен градоначалник, врвен професионалец


ПОЧИВАЈ ВО МИР БИЛЈАНА: Ќе те помниме како актерка со непроценлив талент, успешен градоначалник, врвен професионалец

Актерката и поранешна градоначалничка на општина Кисела Водa, Билјана Беличанец синоќа е пронајдена мртва во својот дом.

Била пронајдена од страна на сопругот, обесена.

Имаше неполни 46 години. Нејзин матичен театар е Драмскиот театар во Скопје.

Има две деца од првиот брак.

-Огромна празнина останува во Драмски. Нашата Билјана Беличанец е неповторлива. Почивај во мир- порачаа од Драмски театар на својот Фејсбук профил.

Таму, ја објавија нејзината биографија.

IN MEMORIAM

Билјана Беличанец 
(25.07. 1973, Скопје – 06.04.2019 Скопје)

Дипломира актерска игра на Факултетот за драмски уметности во Скопје (1994). Работи во Народен театар “Војдан Чернодрински” – Прилеп (1994-1997), додека во 1997 година преминува во Драмски театар Скопје. Како актерка со непроценлив талент, работна пожртвуваност и професионалност, ги толкува главните улоги во пиесите и заслужено го зазема местото на првенец актер во ДТС. Од 2013-2017 година ја извршува функцијата градоначалник на Општина Кисела Вода.

Селективна театрографија: Маргарет Флаерти (Заводникот од западниот свет, 1997); Сузана (Свадбата на Фигаро, 1998); Софија Јегоровна (Платонов, 1999); Клариса де Бисоњози (Арлекин – слуга на двајца господари, 1999); Кинегонда/ Газдарица на јавна куќа (Кандид во земјата на чудата, 2000); Ерика Брукнер (Мефисто, 2000); Маре (Тетовирани души, 2001); Мувата Ѕунѕарка (Како се станува цар, 2003); Дона Естрела (Што е тоа што ги тера жените навечер да трчаат по улиците на Мадрид, 2004); Наталија Ивановна (Три сестри, 2004); Ангустија (Домот на Бернарда Алба, 2004); Хелен (Жив чоек/Everyman, 2004); Старицата (Демонот од Дебар Маало, 2006); Донка (Македонски рулет, 2007); Ана (Комшилук наопаку, 2007); Велика (Сите лица на Петре М. Андреевски, 2008); Кинегонда/ Малечката/ Службеничката (Кинегонда во Карлаленд, 2009); Цвета (Грев или шприцер, 2011); Сара (Генетика на кучињата, 2012); Ифигенија од Македонија (Архелаос или Еврипид се враќа дома, 2012); Македонка (Последните Македонци, 2012); Ема (Љубовници, 2015).

Селективна филмографија: Мајки (2010); Од денес до утре (2010).

Награди: Награда Трајко Чоревски за најдобар млад актер за улогата на Медеја во претставата „Медеја“ на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ (Прилеп, 1996); Награда за најдобар млад актер на Фестивалот Мали и експериментални сцени (МЕСС), за улогата на Ерика Брукнер во претставата „Мефисто“ (Сараево, 2000); Награда за најдобро актерско остварување за улогата на Кинегонда во претставата „Кинегонда во Карлаленд“ на МТФ „Војдан Чернодрински“ Прилеп (2009); Награда за најдобро актерско остварување за улогата на Сара во претставата Генетика на кучињата на МТФ „Војдан Чернодрински” (Прилеп, 2012).

Нејзините колеги, фанови и пријатели со тажни пораки се простуваат од Билјана.



&amp;#208;&amp;#159;&amp;#208;&amp;#190;&amp;#208;&amp;#178;&amp;#209;&amp;#128;&amp;#208;·&amp;#208;°&amp;#208;&amp;#189;&amp;#208;° &amp;#209;&amp;#129;&amp;#208;»&amp;#208;&amp;#184;&amp;#208;&amp;#186;&amp;#208;°

Почивај во  мир Б.Б!





Изменето од Valerija - 07.Април.2019 во 16:07
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14566
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Август.2020 во 00:42
Рајко Дујмић...ѕвезда
Исидора Бјелица...роза
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 151617
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,172 секунди.