IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Супи и чорби
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Супи и чорби

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 8910
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Јануари.2021 во 11:09

Крем чорба од целер која ќе ви ја закрепне душата: Евтина и готова за само половина час



Денеска ви претставуваме рецепт за едноставна чорба за која ви се потребни само 4-5 состојки, во зависност од тоа дали ќе користите некој зачин или не.

Потребни состојки:

- 1 целер со големина на тупаница

- 1 компир со приближно иста големина

- лажичка путер или масло

- околу 1/2 литар вода

- сол и бибер

- зачини по желба

Начин на припрема:

1. Исчистете ги целерот и компирот и исечкајте ги на ситни коцки.

2. Ставете едно тенџере на оган, додајте го путерот да се стопи и кратко пропржете го зеленчукот.

3. Додајте ја водата, солта и биберот (и зачини по желба) и оставете да се вари.

4. Варете со поклопец се додека зеленчукот не се свари, околу 30 минути.

5. Тргнете го тенџерето од шпорет и иситнете го сварениот зеленчук со рачен миксер или во блендер.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 8910
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,172 секунди.