IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Мистерии и астрологија
  Активни теми Активни теми RSS - Дневни хороскопи
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Дневни хороскопи

 Внеси реплика Внеси реплика
Автор
Порака
Jovany2010 Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 14.Јули.2010
Статус: Офлајн
Поени: 1
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Jovany2010 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Дневни хороскопи
    Испратена: 14.Јули.2010 во 13:49
Скоро и да нема весник , магазин или било какво списание, сите телевизии и радио а да не се присутни шарлатаните од типот на астролози, нумеролози, гледачи на карти, на дланка, на кафе,гатачи, бајачи ит н.
Да се разбереме ги прифаќам сите овие квази занаети во доменот на забавата, хоби и занимација се до моментот додека не го преминуваат тој праг и стануваат средство за богатење, за манипулации, малверзации и бедно искористување на туѓите невољи и судбини сеејки лажна надеж меѓу луѓето дека ке им помогнат во животот.
Едноставно во овој период, користејки ја тешката економска ситуација во државата што е можеби и главната причина, преплавени сме со понуда на горенаведените астролошки и друг вид пропагандни манипулации.
Дали безизлезот поради економската состојба, необразованието или наивноста -да не кажам глупоста, доведува голем број на луѓе да влезат во лавиринтот на промоторите и стручњаци на ваквите квази-занаети, кои како лешинари се настрвиле на своите “жртви” цицајки им големи суми на пари во замена за магла, во вид на натални карти, обманувајки ги со (дез)информации кои секој човек за себе би сакал да ги чуе и препознавајки се себе во празната фразеологија и игра на зборови научена напамет истренирана со текот на годините и добро искомбинирана со наивноста (глупоста) на своите “жртви” , пациенти или клиенти како сакате.
Дури има и такви астролози кои астрологијата ја сметаат за наука!!!???
Тука ке ги искористам зборовите на еден Др.Милан кој вели вака:
” Со оглед на трагичниот недостаток на филозофско образование кај нас, не е неочекувано дека поголемиот број на луге незнаат што во суштина значи “наука” па затоа не се ни во состојба да се одбранат од ваква астролошка пропагандна манипулација…”завршен цитат.
За жал дури и сериозни весници како “ВЕСТ”, честитки за 10-годишнината, кој сакајќи најверојатно во делот на последните страници каде што по правило е спортот и забавата, во контекст на забава ја става и рубриката дневен хороскоп од мр.Зоран Крстевски кадросан во поза демек замислен(буцко размишља).
Господинот мр. Зоран Крстевски дури имал објавено и книги со наслови: “Судбината и Етиката” и “Астролошки патоказ”, значи астрологот филозоф, стручњак за етика и астрологија, идеална комбинација за манипулација.
Замислете сега според горе наведениот цитат на др. Милан, мр. по филозофија Зоран го користи недостатокот на филозофско образование кај нас и ни продава нам преку дневен весник астролошка пропагандна манипулација наречена Дневен Хороскоп.
Меѓутоа ако горе користениот др. Милан е “противник” на астролозите ајде да земеме реномиран наш астролог г-ѓа Виолета Спасеновска Марсол која на својот сајт за астрологија
http://astroscopia.com/themes.php?view=10&lang=3&art=2    
го дава етичкиот кодекс, што е за почитување, и меѓу другото вели:
под редден број

“11.Сериозниот астролог не би требало да прифати изработка на дневни хороскопи, па дури ако
     тоа негативно се одразува на неговиот буџет.”
Бидејки е премногу да го цитираме целиот текст на истата госпоѓа го давам линкот за објаснување на дневен хороскоп од нивен, астролошки “научен” аспект
http://astroscopia.com/themes.php?view=10&lang=3&art=4
Во кратки црти цитирам дел од објаснувањето кое најверојатно за нив држи вода:

-Дали астролозите лажат или?
Ако над хороскопот не видите слика со име и презиме на тој што пишува, постои голема веројатност хороскопот да не е напишан од астролог. Но, од друга страна, астролог кој сака да го сметаат за сериозен никогаш нема да се потпиеше под дневен хороскоп
-Зошто?
Бидејки знае дека такво нешто не постои

ццццццц>>>>
Значи заклучок од дали астролозите лажат или? Одговорот е ДА!
Овде хороскопот е потпишан од мр.Зоран Крстевски, дури со слика буцко размишља.
Тој сигурно дека сака да го сметаат за сериозен дури и направил таква фаца, арно ама чоекот се потпишал. Или чоекот не знае дека дневни хороскопи не постојат.
И сега по некој кодекс и на астролозите тој е несериозен, не мами не лажи, не мене туку таквите кои ги споменав погоре а и Вас господо уредници на весникот се прашувате ли Вие дали сте сериозен или барем дека сте измамени а со тоа и сите нас.
Зошто??? ЗА пари нормално!
Да повторам на сајтот има издржано образложение кое според нивната терминологија е ОК.

Ајде малце да зирнеме во дневниот хороскоп на ВЕСТ на господин мр. Зоран Крстевски и кој предпоставувам според фацата буцко размишља претендира да е астролог-филозоф број 1 во Македонија, еве да почнам од

http://www.vest.com.mk/?ItemID=B8882D1507373748B80CEDE65B19A63B&arc=1

Вест од 06.07.2010 Вторник ја отворам страната Дневен хороскоп и таму покрај буцко размишља стои цитирам за:
Знак Овен: Во последно време премногу ја трошите енергијата на лица и ситуации кои не заслужуваат преголемо внимание,така што неопходно е да се заштитите ид а престанете да се окупирате со челбата за постигнување на совршенство во се што работите ит н и тн…
Знак Бик : Без оглед што поседувате голема сила и храброст, во последно време манифестирате
страв од предизвици и целосно се предавате на меланхолијата, поради што пасивноста и психофизичката криза доминираат ит н и тн…   
Знак Близнаци: Мудро согледајте го влијанието на некои од лицата кои ве опкружуваат, не потпаѓајте на провокации и притисоци, а прифатете го тоа што Ви овозможува напредок и хармонија.
Знак Рак: Поради неспособноста за препознавање на вистинските вредности, состојбата на емотивен план ви стана дисхармонична, така што е неопходно да преземете иницијатива за средување на околностите што ви ја предизвикаа неперспективноста
па следува:
Знак Лав: Тоа што подолго време го планиравте, конечно ќе успеете да го ефектуирате
ит н…………..
Знак Девица: Ако сакате да го постигнете долгоочекуваниот успех, ќе мора да преземете акција
итн….       
Знак Вага: Потребно е да ја контролирате негативната енергија ид а не се обидувате да доминирате над другите итн….       
.>>>>> итн итн

Значи не би давал поголем коментар за содржината на текстот кој како што веке реков погоре е продавање на филозофска магла и празна фразеологија и игра на зборови научена напамет , истренирана со текот на годините и добро искомбинирана со наивноста (глупоста) на своите “жртви”

Ајде сега да го погледаме Вест од 06.01.2010 Среда ја отворам страната Дневен хороскоп и таму пак покрај буцко кој размишља стои цитирам за:
линк: : http://www.vest.com.mk/?ItemID=D29F079D0BBBF24CB997BBFE8D1402C3&arc=1

Знак Јарец: Во последно време премногу ја трошите енергијата на лица и ситуации кои не заслужуваат преголемо внимание,така што неопходно е да се заштитите ид а престанете да се окупирате со челбата за постигнување на совршенство во се што работите ит н и тн…
Знак Водолија : Без оглед што поседувате голема сила и храброст, во последно време манифестирате страв од предизвици и целосно се предавате на меланхолијата, поради што пасивноста и психофизичката криза доминираат ит н и тн…   
Знак Риби: Мудро согледајте го влијанието на некои од лицата кои ве опкружуваат, не потпаѓајте на провокации и притисоци, а прифатете го тоа што Ви овозможува напредок и хармонија.
Знак Овен: Поради неспособноста за препознавање на вистинските вредности, состојбата на емотивен план ви стана дисхармонична, така што е неопходно да преземете иницијатива за средување на околностите што ви ја предизвикаа неперспективноста
па следува:
Знак Бик: Тоа што подолго време го планиравте, конечно ќе успеете да го ефектуирате
ит н…………..
Знак Близнаци: Ако сакате да го постигнете долгоочекуваниот успех, ќе мора да преземете акција итн….       
Знак Рак: Потребно е да ја контролирате негативната енергија ид а не се обидувате да доминирате над другите итн….       
.>>>>> итн итн
А бе потполно исто!!!!!!!!!!!!!! и пак
Вест од 06.07.2009 Понеделник
http://www.vest.com.mk/default.asp?ItemID=45DB5199E9E47F4BB19B39C2BE7C128C


Знак Лав: Во последно време премногу ја трошите енергијата на лица и ситуации кои не заслужуваат преголемо внимание,така што неопходно е да се заштитите ид а престанете да се окупирате со челбата за постигнување на совршенство во се што работите ит н и тн…
Знак Девица : Без оглед што поседувате голема сила и храброст, во последно време манифестирате страв од предизвици и целосно се предавате на меланхолијата, поради што пасивноста и психофизичката криза доминираат ит н и тн…   
Знак Вага: Мудро согледајте го влијанието на некои од лицата кои ве опкружуваат, не потпаѓајте на провокации и притисоци, а прифатете го тоа што Ви овозможува напредок и хармонија.
Знак Скорпија: Поради неспособноста за препознавање на вистинските вредности, состојбата на емотивен план ви стана дисхармонична, така што е неопходно да преземете иницијатива за средување на околностите што ви ја предизвикаа неперспективноста
па следува:
Знак Стрелец: Тоа што подолго време го планиравте, конечно ќе успеете да го ефектуирате
ит н…………..
Знак Јарец: Ако сакате да го постигнете долгоочекуваниот успех, ќе мора да преземете акција итн….       
Знак Водолија: Потребно е да ја контролирате негативната енергија ид а не се обидувате да доминирате над другите итн….       
.>>>>> итн итн
А бе пак исто???????????
Значи мр.Зоран Крстевски си ги препишува 99% од текстовите едноставно цопѕ/пасте
па така “толкувањето” на звездите на познатиот мр/филозоф/астролог/манипулант
се идентични судбини кај различни знаци па така:
Овенот од 06.07.2010 бил Јарец во 06.01.2010 па Лав од 06.07.2009 а
Бикот од 06.07.2010 бил Водолија во 06.01.2010 па Девица од 06.07.2009 а
Близнаци од 06.07.2010 бил Риби во 06.01.2010 па Вага од 06.07.2009
Рак од 06.07.2010 бил Овен во 06.01.2010 па Скорпија од 06.07.2009
Лав од 06.07.2010 бил Бик во 06.01.2010 па Стрелец од 06.07.2009
Девица од 06.07.2010 бил Близнаци во 06.01.2010 па Јарец од 06.07.2009
и т н.

продолжуваме на пример:
Вест од 07.06.2010
http://www.vest.com.mk/?ItemID=B03FCE7FD025094DADB60B45151279EF&arc=1


препишано од Вест од 02.12.2009
http://www.vest.com.mk/?ItemID=ACC08576C4D6C149B37B1FD60477EF3B&arc=1

кое е препишано од Вест од 03.06.2009
http://www.vest.com.mk/default.asp?ItemID=E0A38C29DDA5694C931505D2809AF7C3

Па имаме идентични толкувања на судбини и текстови за Овенот препишано од Вага или од Рак
па за Бикот, Скорпијата и Лавот, потоа за Близнаци; Стрелец; Девица па малку скокнал!
па за Лавот; Водолијата; Вагата па за Девица; Риби; Скорпија пак мал скок,па Јарец; Рак; Овен

Во следниве броеви малку ги измешал знаците одел нагоре надолу ”да се Власи не сете”           

Вест од 19.06.2010
http://www.vest.com.mk/?ItemID=F562FD23D49D9B459F2ACB3327F12758&arc=1

препишано од Вест од 15.12.2009
http://www.vest.mk/default.asp?ItemID=A7F2D968A45B184E934B49C14A4D4133

Ако го провериме и денешниот од 14.07.2010 дневен хороскоп е скоро идентичен со викенд хороскопот

од 09.01.2010 на веб страна
http://www.vest.com.mk/?ItemID=15D50E805AA13F438EE8D234A71A440E&arc=1

или делумно копиран од дневен хороскоп од 10.07.2009
http://www.vest.mk/default.asp?ItemID=F4B189F7B9FCF5449EEB563B1F5EF229&arc=1
Значи не постои речиси ниту еден број од ВЕСТ во кој текстовите за знаците или судбините во рубриката дневен хороскоп за различни знаци не се препишани.
Сега дури и ми е јасно како мр станал мр и како ги има напишано книгите.
Тој сигурно и за ова сега ке одржи некое предавање од едно два три саата на тие хот лине телевизи и зошто тоа така треба според некој закон во астрологијата, во смисол оти звездите нели на тие датуми се поклопувале дрн, дрн јариња нели!
Ајде јас сум лаик за астрологија, ама овој егзибиционизам на мр.Зоран Крстевски верувам дека и најголемите “стручњаци” по астрологија ке се согласат со мене дека е манипулација со луѓе кои му веруваат на слаткоречивоста, на кои тој истиот им дели совети за деца за бизнис за пари (ЧОВЕКОТ ДАВА СРЕКНИ БРОЕВИ) па наивните уплакаат и лото трошат пари, совети за брак, за врски, кога да имаат секс, со кого да имаат секс, за патувања, абе стручњак за се, сваштар што би се рекло.
Каде е тука неговата етика и дали професорот Темков се годее со вакви манипуланти. Пак ке речам таквите како него тезгарат по весници по телевизии си играат со човечките судбини и воопшто не наивно им собираат пари.
За жал “на овој свет покрај вселената само глупоста е безгранична, но сепак за вселената и не е толку сигурно“.
Да му позавиди човек на нашиот Нострадамус, сигурно е многу богат живее во среќен брак едноставно ужива во сезнанието.
Значи астролог-филозоф или лажго бр. 1 во Македонија? според не само мислењето и кодексот на астролозите туку според она што го гледаме оставам да заклучете и Вие самите.


Јован Јованов
ул.Тоне Томшич бр.25
Скопје
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,234 секунди.