IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Бизнис и економија
  Активни теми Активни теми RSS - АГРОКОР - ИНВЕСТИРА ВО СТРУМИЦА
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

АГРОКОР - ИНВЕСТИРА ВО СТРУМИЦА

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12
Автор
Порака
brza Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Март.2011 во 13:08
...a helikopter?....go nabavija li?збунетост
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Октомври.2011 во 08:26
Отворена првата инвестиција на Агрокор во Македонија
понеделник, 03 октомври 2011
 
Отворен откупно-дистрибутивниот центар „АГРОФРУКТУС“, ивестиција вредна 20 милиони евра
 

 
 
Хрватската компанија „Агрокор“ денеска во Струмица го отвори откупно-дистрибутивниот центар за овошје и зеленчук „Агрофруктус“, гринфилд инвестиција вредна 20 милиони евра. Капацитетот на објектот е околу 60.000 тони со тенденција многу скоро да се зголеми до 100.000 тони.

- Вредноста на инвестицијата е многу значајна, но уште поважно е што таа ќе донесе во иднина, сигурен откуп и пласман, поголеми приноси и приходи, поголема конк*рентност, рече премиерот Никола Груевски во поздравното обраќање пред отворањето на „Агрофруктус“.

Овој откупно-дистрибутивен центар, напомена Груевски, е нов почеток за македонското земјоделство особено во однос на пласманот и ќе биде репер од аспект на стандардите за сите идни потенцијални инвеститори.

- Во времето во кое живееме пласманот го реализира приватниот сектор. Оттука и задача на Република Македонија е да привлече инвеститори кои ќе изградат повеќе вакви центри, истакна премиерот.

Тој потсети дека Владата и досега направи чекори за да им помогне на земјоделците. Освен што работи на обезбедување пласман, драстично ги зголеми субвенциите и интензивно врши распределба на земјоделското земјиште.

„Агрофруктус“ е само почеток на вложувањата што ги планира „Агрокор“ во земјава. Како што најави Ивица Тодориќ, претседател на Управата на компанијата, планирана е изградба на уште еден ваков објект веднаш до „Агрофруктус“ за што е веќе откупено земјиштето, но слични центри, покрај во Струмичко, ќе се градат и во други региони низ државата.

- Овој капацитет што го има Македонија во однос на квалитетот и еколошките услови мора да се искористи и да се стави во функција. Само така ќе ја зголемиме конк*ренцијата на производството, а тоа ќе значи и подобар животен стандард за граѓаните, нагласи Тодориќ.

Заблагодарувајќи и на македонската Влада за поддршката, Тодориќ потенцира дека премиерот Груевски не дозволил воопшто да се губи време околу реализирањето на инвестицијата.

- „Агрокор“ по години присуство во Македонија конечно, со поддршка на Владата и локалната заедница, ги стартува гринфилд инвестициите. Денеска отвораме нешто што не е битно само за нас, туку многу и е потребно и на државата, рече Тодориќ.

Според него, најголемите светски инвеститори се подготвени да дојдат тука, а тоа како што рече е одлична вест за Македонија.

Досега компанијата од струмичкиот регион откупувала и извезувала околу 30.000 тони овошје и зеленчук, а од Валандовско околу 10 милиони литри вино

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,219 секунди.