IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Историја
  Активни теми Активни теми RSS - Македонците против СФРЈ и во 1972 год.
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Македонците против СФРЈ и во 1972 год.

 Внеси реплика Внеси реплика
Автор
Порака
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Македонците против СФРЈ и во 1972 год.
    Испратена: 18.Септември.2009 во 16:53
-Септември-Октомври 1972 г.-
-Македонска нација-
-На 12 септември  1972 г. пред Окружниот суд во Скопје отпочна процесот на тројцата македонски патриоти обвинети за „непријателска дејност против народот и државата“: Костадин Диневски, трговски работник, Панде Ефтимов новинар во редакцијата на скопскиот весник „Просвета“ и Горѓи Ордев службеник во издавачкото претпријатие „Култура“ во Скопје.

Сите обвинети се од Скопје. Обвинителниот акт ги товари овие патриоти дека создале илегална организација со политичка платформа, СР Македонија да биде отцепена од Југославија и да се обедини со другите два дела од Македонија во самостојна македонска држава. Понатаму обвинетиот акт ги терети обвинетите дека направиле обид да создадат такви илегални групи и по други места на СР Македонија, дека за акција барале средства од странство и дека влегле во контакт со своите соидејници во странство т. е. со Движењето за Обединување на Македонија. Јавниот обвинител особено настојува да „докаже“ како обвинетите со свои текстови соработувале во списанието „Македонска Нација“.
Обвинетите пред судот се држеа гордо и достоинствено и изјавија дека не се чувствуваат вино-вни за делата што ги товари обвинителот и дека целиот тој процес е монтиран од истражните органи т. е. од полицијата и истражниот судија. Така на пример, новинарот Панде Ефтимов рече пред судот;
„Не се чувствувам виновен за делото, зашто обвинението е составено врз основа на претпо-ставки и нагаѓања за тројца обвинети без тоа да биде конкретно; одредено за секој поединечно.
Со обвинетите Ордев и Диневски никогаш меѓу себе или пред некој друг човек не сум разговарал за општественото уредување на Југославија, за нејзини промени, за конституирање на обединета Македонија надвор или во рамките на денешна Југославија. Никогаш не станало збор за соборување на власта, за разорување на  братството   и   единството на Југословенските народи, за некои промени во федеративното уредување, ниту пак сум пристапувал кон некакво врбување на луѓе за целите на некаква организација. Не ми е познато и тоа дека таква организација постоела, ниту пак сме одржувале некакви средби во Скопје или други места во Македонија. Според тоа не може да стане збор за некакво создавање на некаква политичка платформа, како што се наведува во обвинителниот акт. Состаноците во Штип и Свети Николе не беа исполнети со непријателска содржина туку чисто приватни.
Што се однесува за списанието „Македонска Нација“, тоа го видов за прв пат кај истражниот судија. Никогаш не сум размислувал или правел обиди за воспоставување врска со странство, ниту ми е познато некој да имал врска со нив (со движсњето за обединување на Македонијата — бел. на М. Н.). Не ми е познато дека некој пишувал текстови со непријателска содржина.
Понатаму, откако претселателот на судскиот совет го потсети дека во истражната постапка делумно го признава обвинението, Ефтимов рече дека е точен саио првиот записник а остана-тите истражниот судија при диктирањето ги направил така конфузни што ја губат вистинската смисла („Нова Македонија“ од 14 септември).
Обвинението во целост го негираа и другите двајца обвинети и со своите изјави јасно му ка-жааа на судот дека обвинението е скрпено од лаги и измислици и дека целиот процес е монти-ран од истражните органи т. е. од Службата за државна безбедност и нејзиното послужно ору-дие, истражниот судија.
Во моментот кога ги пишуваме овие редови процесот продолжува, па уште не знаеме каков ќе биде неговиот крај, но во интересот на вистината, Централниот Комитет на Движењето за обединување на Македонија. во врска со овој процес изјавува пред македонската општественост:
Југословснскиот режим во Скопје суди на многу невини луѓе. Обвинетите се жртва на една перфидна полициска и режимска тактика која со овој монтиран процес сака да го заплаши македонскиот народ за да не пристапува под Националноослободителното знаме на Движењето за обединување на Македонија, кое има големи симпатии кај народот и пушта корења внатре на македонската почва. Процесот во Скопје е процес против Движењето за обединуваље ка Македонија, а тројцата обвинети се само невини жртви, кои плаќаат данок на нивниот македонски патриотизам, иако никогаш немале врска со нашето Движење. Овој процес во својата суштина е строго анти-македонски процес, тој е процес на Југославија против идејата за обединување на Македонија тој е процес што новите врховисти во Скопје го прават за да ги задоволат југословенските и унитаристичките инстинкти на нивните белградски господари. Овој процес е ново злосторништво кое се нанижува на долгата низа од злосторништва што Југославија под маската на братството и единството ги има сторено против македонскиот народ. Овој монструозен процес покажува дека режимот во денешната СР Македонија идејата за обе-динување на Македонија ја смета за криминална идеја. Процесов е најдобар доказ за тоа дека управниците на СР Македонија изневериле на најсветите идеали на својата нација и станале орудија на Белград и на Југославија. Денешните „македонски“ раководители се преобразија во џандарми на Југославија и ги заштитуваат интересите на Југославија и на србизмот. Тие денес судат и мачат невини Македонци, уништуваат чесни и патриотски македонски семејства, но македонскиот народ знае, дека за ова нивно гнасно дело историјата има да ги врзе за столбот на срамот како предавници на својот народ.
Централен Комитет на Движењето за обединување на Македонија
Драган Богдановски
Наскоро уште едно судење
Овој број на нашето списание беше практично отпечатен и корегиран кога ни стигна веста дека уште двајца македонски патриоти наскоро ќе бидат изведени пред судот на злосторничката и анти-македонска Југославија. На 28 септември ни дојде до раце белградскиот весник „Вечерње новости“ од 26 септември, кој ни ја донесе веста дека двајца млади македонски страдалници, си-нови на печалбарска Македонија со Гоцеделчевско срце и со Илинденски дух, паднале во рацете на злогласната југословенска полиција УДБ-а и биле обвинети за ширење „непријателска пропа-ганда и за здружување против народот и државата“. Тие сега се наоѓале во истражен затвор и наскоро ќе бидат изведени на судење пред ненародниот и немакедонскиот суд во Скопје. Се однесува за македонските несреќни печалбари: Дончо Силмјановски од селото Сиричино, Тетовско и Никола Димитровски од селото Јастребини, Кочанско. Смилјановски е млад човек со средно ооразование кој има завршено средно медицинско училиште, но кој во својата „слободна“ татковина никогаш не доби работа и дојде во Германија да зароботува корка леб како фабрички работник. Димитровски е човек со факултетско образование, кој во „рајот“ на Тито никогаш не доби работа, и во Германија работеше како обичен работник. Израснати под режимот на националните и социјалните неправди, овие млади македонски интелектуалци не можеа а да бидат друго освен борци за национална и социјална правда. Како борци и бестрашни херои тие и паднаа во рацете на режимот на неправдите и насилствата, но тоа не е за прв пат што некој македонски борец паѓа во рацете на угнетувачите на македонскиот народ. Во затвор паѓале и Гоце и Даме, и безброј други синови иа револуционерна Македонија, но со тоа праведната македонска борба не стивнувала, туку уште повеќе се распламнувала. Затоа, попусто ќе им остане ликувањето на белградските слуги во Скопје. Секоја борба има свои жртви и мартири — свои херои.
„Македонска Нација“ за своите читатели ја пренесува веста за апсењето на двајцата верни синови на илинденска Македонија што ја донесе споменатиот белградски весник:
„Наскоро во Скопје уште едно судење за непријателска дејност.
„Литератори“ од емиграција
Скопје, 26 септември 1972 г. (објавен текст во Вечерње новости)
Дончо СИМЈАНОВСКИСКИ и Никола Димитровски по налогот на емигрантска организација илегално внеле во земјата и распространувале книги и списанија со непријателска содржи на.
Истражниот судија на скопскиот окружен суд, Слободан Давидовски вчера ја заврши истрагата против Дончо Симјановски (25), од селото Сиричино кај Тетово и Никола Димитровски (28) од селото Јастребини кај Кочани. И двајцата кои привремено се на работа во Западна Германија се обвинети дека ширеле непријателска пропаганда против Југославија и сториле кривично дело здружување против народот и државата.
Симјановски, како што е утврдено во истрагата на почетокот на минатата година заминал на работа во Западна Германија и веднаш се поврзал со една македонска емигрантска организација. По налогот на таа орагнизација во август оваа година тој илегално од Минхен пренел во Југославија сноп емигрантска литература и списанието „Македонска Нација“. При распространувањето на таа литература тој бил откриен и уапсен во Тетово.
Независко од Симјановски, со иста непријателска работа се занимавал и Димитровски. Тој, исто така, во август оваа година илегално внел во Југославија непријателска литература од Западна Германија, каде што во 1970 година бил на привремена работа. Тој успеал во околинната на Прилеп да распредели неколку броеви од списанието „Македонска Нација“.
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Септември.2009 во 18:27
ДА дополнам

За личноста и делувањето на Драган Богдановски многу малку се знае во нашата јавност, и покрај тоа што тој беше еден од најпознатите македонски политички емигранти по 1945год. Тоа е човек со извонредно богата биографија, непоколеблив борец за остварување на македонските илинденски (Гоцеви) идеали, односно идеи за ослободување и обединување на сите делови од Македонија. Богдановски 30 години се наоѓа во челните редови на патриотски настроената македонска емиграција

Во биографијата на Драган Богдановски, меѓу останатото може да се прочита дека е роден на 18. септември 1929 година во с.Клечовце, Кумановско и дека потекнува од позната селско-земјоделска фамилија со патриотски корени (дедото на Драган е илинденец-комита во четата на Атанас Бабата). Основно училиште завршува во родното село, а средно образование во Куманово и Битола, по што 1948г. се запишува во Белград (Земун) на факултет за Земјоделство и Шумарство. Во Белград уште во третиот семестер од студиите се пројавува како иницијатор за формирање на “Македонски студентски клуб” во Белград, за која активност бива затворен и издржува казна од 4 месеци во злогласниот  затвор на Обилиќев Венац. По излегувањето од затвор бива исклучен од факултетот без право на упис на било кој факултет во Југославија.

Таа драконска мерка на факултетските власти во основа го менува животот на Богдановски. Одлучува да ја напушти земјата и во пролетта 1950год., зааедно со неколкумина колеги студенти, кај Гевгелија ја преминува границата. По задолжителен престој во избеглички логор, кон крајот на 1950г. заминува за Јужна Америка, каде престојува во Аргентина и Бразил до 1954г. Желбата за наука не го напушта, за што се враќа во Париз и на Сорбона запишува Факултет за политички науки и журналистика. Уште веднаш започнува со политичко дејствување, ја формира организацијата “Македонски национален фронт” и започнува со издавање на весникот “Македонска искра”. Од овој весник успеваат да излезат неколку броеви и по интервенцја на Југословенската и Грчката амбасада бива забранет.

Во 1958г. се жени со Брита,ќерка на тогашниот главен архитект на Осло, и заминува да живее во Норвешка. Со неа има два сина (Пер-Арне и Иван). Во осло оспособува печатница на кирилично писмо и преку пишан збор со неговата национално-политичка активност придонесува во борбата за обединување на Македонија. За Драгана 1958г. е многу значајна, бидејќи тогаш се јавува како покренувач за издавање на повеќе весници, списанија и книги за Македонија и Македонското дело. Во Осло го издава списанието “Македонска лоза”, и “Слободна Македонија”, потоа го печати весникот “Македонија” списанието “Македонска нација” и сл.
Неговата активност најмногу беше изразена како иницијатор за основање на бројни политички организации на Македонците во странство. Споменатите гласила наидуваат на голем одзив кај Македонската емиграција. Со тоа всушност започнува будење на Македонците и Македонството во светот.

Во 1963 г. доаѓа до формирање на прва македонска национална организација ОКМ (Ослободителен комитет на Македонија), која организација во 1972г. се трансормира во ДООМ (Движење за ослободување и обединување на Македонија). Драган на чело на ова организација доаѓа уште во 1967г.

ДООМ развива широка активност насочена кон Македонците кои по 60-те години масовно ја напуштаа својата татковина од економски или политички причини, поради што набргу се соочува со тогашната СДБ која ги следи и повремено ги попречува неговите активности. Се организира кражба на неговата печатница во Минхен (од Осло пренесена во Брисел па во Минхен) во која се печати списанието “Македонска нација”.
За воља на вистината СДБ не превзема акции за целосна елиминација на дејноста на Драган Богдановски, бидејќи тој со својата борба беше брана за спречување на дејствувањето на разни странски пропаганди, политички или црковни институции кои Македонците на печалба или тогаш популарно нарекувана “Привремена работа во странство”, ги поплавува со прогрчка, пробугарска и друга пропагандна активност, каква што спроведуваа “Панмакедоники”, “МПО” на Ванчо Михајлов, “Славјански комитет” на НБР и други институции на соседните земји на Македонија. Драган Богдановски беше голем борец против сите оние што го негираа постоењето на Македонската нација и Македонскиот етнички идентитет. Во тој период (1958-1977) најголема битка водеше против “МПО” на Ванчо Михајлов.
Всушност Драган Богдановски за првпат ќе биде оквалификуван како противник на Југославија, по состанокот со Владо Дапчевиќ, еден од творците на “Нова КПЈ”, формирана со подршка од тогашниот СССР, кој на таков начин сакаше да ја преведе Југославија во тогашната социјалистичка заедница и Варшавскиот договор.
Во акцијата за расчистување со “опасните емигрантски кругови”, донесена е одлука за доведување на Драган Богдановски во Југославија и негово судење. Како раководител на ДООМ во 1977г. Драган е киднапиран во Париз и доведен во Југославија. Него го киднапираат припадници на тогашната СДБ во станот на друг член на ДООМ, и со дипломатско возило бива пренесен во Љубљана, а подоцна и во Скопје. Со врзани очи бива одведен во полициски објект во близина на Македонски Брод каде што е под истрага 18 месеци. Судскиот процес против него бива организиран зад затворени врати, на кој процес бива осуден на 13 години затвор, од кои издржува 11 години во затворот Идризово. По излегувањето од затвор извесно време живее во Скопје, а штом добива патна исправа заминува во Шведска, каде ја подготвува програмата за формирање на национална политичка партија во Македонија (која политичка програма бива отпечатена во весникот “Млад Борец”). Таа партија по идеја на Драган Богдановски треба да се вика “Демократска партија на македонско национално единство” ДПМНЕ. Интелектуалец по образование и визионер за иднината на политичката акција во Македонија, Драган Богдановски во 1990 година заедно со Гојко Јаковлевски од Берлин, се состануваат во Минхен, каде се донесува одлука за формирање на партијата со предзнак ВМРО. На состанокот присуствуваат и Владо Транталовски од Ресен, Борис Змејковски и Љупчо Георгиевски. партијата се формира и регистрира во Македонија.
На првиот конгрес на ВМРО-ДПМНЕ одржан во Прилеп на 6 и 7 април 1991г., Драган Богдановски е избран за почесен претседател на партијата, а од 1991 до 1993г. е претседател на Задграничниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ за Европа.
Мошне бргу (меѓу првите) ја согледува својата заблуда околу изборот на Љупчо Георгиевски за претседател на партијата чиј директен основач и идеолог е самиот Драган Богдановски. На крајот на 1993г. доаѓа до конечно разделување со партијата што самиот ја основа и и го внесе македонскиот дух, по што прави обид за формирање на нова партија “Македонски национален фронт” со седиште во Прилеп, која партија во одсуство на Богдановски не успева да заживее. Драган се враќа во Шведска и продолжува да работи на идејата на која и го жртвувал целиот свој живот.
Умира на 31.05.1998г. под нејасни околности во воз (во местото Федериција Данска), на пат од Шведска во Германија. Погребан е во присуство на фамилијата и најблиските и до крај верни пријатели и соработници во Куманово на 01.08.1998 г.



Изменето од Boogie - 18.Септември.2009 во 18:28
Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Септември.2009 во 18:39
Интернет страната на Македонска Нација е преполна со вакви сведоштва.
 
Не можам да ставам линк од официјалната страна.
 
Не е лошо Буги да ставиш линк од страната а може и од блогот на Слаѓана.
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Септември.2009 во 18:41
Може да но не го знам блогот,прати ми на ЛП па ке го постирам
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Октомври.2009 во 14:05
http://mn.mk/images/stories/dosiea/30.09.09.jpg
http://mn.mk/images/stories/dosiea/30.09.09-1.jpg
http://mn.mk/images/stories/dosiea/30.09.09.2jpg.jpg
http://mn.mk/images/stories/dosiea/30.09.09.3jpg.jpg
http://mn.mk/images/stories/dosiea/30.09.09.4jpg.jpg
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,172 секунди.