IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Бизнис и економија
  Активни теми Активни теми RSS - Програма за фин. поддршка на земјоделство
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Програма за фин. поддршка на земјоделство

 Внеси реплика Внеси реплика
Автор
Порака
mileg Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 13.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mileg Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Програма за фин. поддршка на земјоделство
    Испратена: 04.Јануари.2009 во 17:18
Владата ја усвои Програмата за финансиска поддршка на земјоделството во 2009 година, а Агенцијата за поддршка на развојот на земјоделството ќе треба да спроведе промотивна акција за да ги информира земјоделците и до најодалечените места за можностите за подобрување на своето производство, што им се даваат со оваа програма.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Ацо Спасеноски на вчерашната владина седница информира дека во 2008 година за земјодлеците се исплатени предвидените 45 милиони евра, а во наредната нивниот износ ќе изнесува 70 милиони.

За површини под пченка се предвидени субвенции од 6.000 денари по хектар и дополнителни 1.200 денари за примена на сертифициран семенски материјал, за фуражни култури тие изнесуваат до 4.000 денари, предвидена е финансиска поддршка за оранжериско производство од 80.000 денари по хектар, за раноградинарските култури по 9.000 денари за хектар и допонителни 3.000 ако производите ги предадат во преработувачките капацитети.

Кај лозарството финансиката поддршка за нови насади е 140.000 денари по хектар или за 30 отсто повеќе од лани, за постојните насади е 7.500 денари и уште 2,5 денари по килограм за грозје продадено на наши винарски капацитети. За подигнување нови овошни насади финансиската поддршка е 90.000 денари по хектар, а кај оние кои лани подигнале вакви насади по 10.000 денари. Заради правилно користење на вештачките ѓубрива, до 50 отсто ќе се субвенционираат анализите што земјоделецот индивидулано ќе ги напарви во лабораторија.

Во сточарството покрај субвенционирањето прв пат на нерасни говеда од 1.500, односно 2.500 денари за расните грла говеда, предвидена е и финансиска поддршка од 2,5 денари за производено и предадено кравјо млеко, а дополнителни 1.500 денари за предадено теле во месната индустрија.

Зголемување на субвенциите и на финансиската поддршка се предвидени и во овчарството и тоа со субвенционирање на сите грла овци, почнувајќи од стада од најмалку 30 овци, за одгледувачите на кози, во свињарството, во живинарството.

Дополнителна финасиска поддршка ќе се дава и за стимулирање на развојот на органското производство.

За рибниот фонд во Охридското езеро предвидено е зголемување на средствата од над 40 отсто и годинава изнесува 10 милиони денари.

Меѓу новините што се нудат е и субвенционирање од 60 отсто од висината на осигурувањето на своите посеви, што ќе го платат земјоделците, а ќе се оди и на поттикнување на интересот на осигурителните компании поинтензивно да соработуваат со земјоделските производители.

Од 70 милиони евра, 12 милони евра ќе бидат наменети за тутунот, а тутунарите заедно со сточарите први ќе ги добијат субвенциите и финансиската поддршка.

Според вицепремиерот Боцевски, ова е прва Програма за финансиска поддршка на земјоделството, лозароовоштарството и сточарството изработена согласно ЕУ стандардите, за што Македонија ќе добие дополнителни 80 милиони евра во наредните три години.

Усвоена беше и Програмата за семе и семенски материјал за 2009 година, изготвена од надлежната Управа, а најавено е и засилување на надзорот заради заштита на квалитетот на семенскиот материјал што се набавува.

На седницата помина и Предлог програмата за проширена репродукција на шумите во 2009 година. Во месец март ќе се одржи акција за пошумување за што се издвоени 90 милиони денари за набавка на 10 милиони нови садници од „Македонски шуми“. Во вториот дел од акцијата која треба да се спроведе во ноември исто така ќе бидат обезбедени и насадени 10.000 нови садници.

Составен дел од Програмата за земјоделството е и Програмата за поддршка на руралниот развој, што ќе ја спроведува Агенцијата за финансиска поддршка, а треба да ја помогне за модернизацијата на македонското земјоделството преку субвенционирање до 50 отсто од страна на Владата на посериозни инвестиции, што е усогласено и со Програмата на ЕК од 80 милиони евра.



Изменето од mileg - 05.Јануари.2009 во 11:36
Кон врв
marco_antony Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Јули.2006
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 11062
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај marco_antony Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Јануари.2009 во 18:03


BRAVO !!!

SEPAK OVAA VLADA MISLI ZA NARODOT ...

                             PARADISE MACEDONIA
Кон врв
МАРШАЛ Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
ГРОБАР ДО ГРОБА

Регистриран: 06.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 44396
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај МАРШАЛ Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Јануари.2009 во 18:08

prosto patat od nesonica od sto mislat na narodot смеење

Кон врв
mileg Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 13.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mileg Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Јануари.2009 во 20:07
Сакам да кажам дека оваа фин подршка е најмногу за земјоделциите а потоа за сите други.Така ветуваше премиерот и така излезе.
Кон врв
lilica Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 548
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај lilica Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Јануари.2009 во 15:48
Originally posted by miroslav_g8 miroslav_g8 напиша:

prosto patat od nesonica od sto mislat na narodot смеење


Леле, не си свесен колку си во право!
Кон врв
lilica Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 548
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај lilica Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Јануари.2009 во 15:52
Originally posted by mileg mileg напиша:

Сакам да кажам дека оваа фин подршка е најмногу за земјоделциите а потоа за сите други.Така ветуваше премиерот и така излезе.
Каде излегла фин подршка? Нели треба во Р. Македонија да остане? На мој роднина му дадоа па го натераа да врати 2/3 од неа оти немал книшка! Стварно на човекот му излезе фин подршка од владата.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,141 секунди.