IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Кошарка и ракомет
  Активни теми Активни теми RSS - Во мај свечено пуштање на новата сала
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Во мај свечено пуштање на новата сала

 Внеси реплика Внеси реплика
Автор
Порака
ZOTE Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 26.Мај.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 627
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ZOTE Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Во мај свечено пуштање на новата сала
    Испратена: 17.Април.2008 во 11:11
 
Двочасовно шоу на Харлем глобтротерс за отворањето
 
 
 
Светската кошаркарска атракција Харлем глобтротерс два часа ќе ја забавува публиката на отворањето на новата повеќенаменска сала "Борис Трајковски" во Скопје на 22 мај. Директорот на јавното претпријатие "Борис Трајковски" Борис Змејковски потврди дека договорот за настап на кошаркарскиот карван од САД, кој е мешавина од професионални кошаркари и циркузанти, е потпишан, и тој ќе биде главната атракција на гламурозното отворање на новата сала, кое ќе можат да го следат 6.000 гледачи, колку што е и капацитетот на трибините кога се одржуваат спортски настани.
 
http://vest.com.mk/default.asp?id=150257&idg=8&idb=2351&rubrika=Makedonija
 

 

 

 
Кон врв
Luna83 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 319
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Luna83 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Април.2008 во 19:15
Konecno i Skopje da ima sala kako sto i dolikuva da ima glavniot grad na drzavava.Onaa Kale i ne bese bas kojznae sto.Bas mi se dopaga salata,a jas najverovatno ke ja posetam na rakomet Makedonija-Island
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Април.2008 во 19:16
знам голема%20насмевка
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
ZOTE Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 26.Мај.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 627
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ZOTE Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Мај.2008 во 14:13

Грешка во чекори
 
Како дете пред слаткарски излог, со прстот в уста, ќе останат обичните смртници пред вратите на салата „Борис Трајковски“ на 22 мај. Свеченото отворање за нив ќе биде - затворено! Владата направи грешка во чекори што си зеде за право да си подели влезници само за себе, за федерациите и за спонзорите.
 
Изговорот дека тие го платиле доаѓањето на кошаркарската атракција Харлем глобтротерс е голема заблуда, зашто парите со кои ги платила се наши, на даночните обврзници.Многу очиња ќе останат насолзени што волшебниците, кои сега им се на дофат, сепак ќе останат далечни. Привилегијата да ги видат ќе ја имаат многумина што можеби и првпат ќе присуствуваат на кошаркарски егзибиции.
 
Денот што требаше да биде вистински празник за сите што го очекуваа огненото крштевање на спортскиот објект за кој мечтаат генерации, ќе се претвори во дефиле на елитизам. На трибините ќе дефилираат бизнис, политички и којзнае какви „елити“, на кои баскетот им е најмалку важен.
 
Нема да биде ни прв ни последен од многуте на кои им се сече лента за време на кампања. Оваа влада не е исклучок кога станува збор за ваква политичка злоупотреба, особено на спортот, кој по дефиниција треба да е деполитизиран.
 
повеќе инфо овде
 
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=575CDC1A595AA14C8EE2E40D0764B8C4


Отворањето затворено за народот
Владата и спонзорите, кои помогнале да дојде кошаркарско-циркуската атракција, ќе добијат најмногу билети,а еден дел ќе биде за федерации, клубовите и за медиумите

 

Ниту една од шесте илјади влезници за свеченото отворање на скопската сала „Борис Трајковски“ и за настапот на Харлем глобтротерс нема да биде пуштена во слободна продажба. Владата и спонзорите, кои финансиски го помогнале доведувањето на кошаркарско-циркуската атракција, ќе добие најголем дел од билетите, а еден дел ќе биде и за спортските федерации, клубовите и за медиумите.Неизвесно е и дали ќе има директен ТВ-пренос за пошироката јавност.


Се јавив во салата да прашам како да обезбедам влезница за гостувањето на Харлем глобтротерс, а како одговор добив дека нема влезници во слободна продажба. Кога прашав, како да му објаснам на детето дека не можеме да ги гледаме неговите омилени кошаркари, од спротивната страна не добив одговор - вели револтирано скопјанец што се јави во нашата редакција

повеќе инфо

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=062EA33B17C3844AAE7D72CB534066CA

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,125 секунди.