IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > АРХИВА > Историја и политика
  Активни теми Активни теми RSS - ШТО СЕ КРИЕ ЗАД ПАДОТ НА ХЕЛИКОПТЕРОТ НА
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

ШТО СЕ КРИЕ ЗАД ПАДОТ НА ХЕЛИКОПТЕРОТ НА

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 345
Автор
Порака
orlov Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
army veteran 2001

Регистриран: 26.Јули.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 11342
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај orlov Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Април.2009 во 22:15

Прочитајте и дајте свој коментар.

Прашање до Б.Ц.: Кој шверцер ги уби војниците?


Хеликоптерската несреќа, криминална афера!

Последната фотографија на загинатите војници по полетувањето од Сараево отвора многу прашања, пресудни за несреќата, клучни за аферата во одбраната, но, и во АЛТЕА, чии одговори упатуваат на шверц и криминал! Букефал полетал преполн, а паднал празен? Што пренесувал хеликоптерот на АРМ, кој шверцувал и што? Судејќи според фотографијата до која дојде Форум, снимена по полетувањето на несреќниот хеликоптер, Јавното обвинителство веќе има доволно елементи за покренување обвинителен акт... 

Пишува: Илија МАКСИМОВСКИ

Како што се гледа, фотографијата до која дојде Форум е снимена на 12 јануари 2008 г. откако трагичниот МИ-17 полетал од базата Бутмир во Сараево. На фотографијата се гледаат 6 или 7 војници и преполн хеликоптер со пакети, торби, опрема… багаж кој веќе отвора многу суштински прашања:

Прво. Согласно со правилата на секој лет, цивилен и воен, се мери тежината на леталото како основен параметар за планирање и стабилноста  на летот. Факт е дека македонскиот МИ-17, ВАМ 302, бил добро натоварен, ако не и претоварен -  со чудна стока, нималку налик на воена. Тоа сосема очигледно се гледа и од самата фотографија, иако е направена со мобилен телефон.

ШТО НОСЕЛ И ШТО КРИЕЛ ХЕЛИКОПТЕРОТ?

МИ-17 има капацитет за товар од 4 тона, а за тоа колку бил полн говори и споредбата на конкретната фотографија со фотографија на празен хеликоптер. Седиштата и останатата опрема кои се гледаат во празниот хеликоптер, се разместуваат во зависност од потребите на летот.

Комисијата на Владата на РМ која работеше на несреќата побарала, но не добила документи кои се задолжителни за воени летови, и тоа: технички податоци и записници за тежината и содржината на багажот на хеликоптерот при полетувањето од воздухопловната база Бутмир. Останува прашањето дали биле спорни и требало да се скријат податоците за тежината или за содржината на багажот?

Второ. Зошто новиот командант на мисијата на македонскиот ВИНГ, Кире Колевски, не дошол на полетувањето на хеликоптерот за Скопје иако самото полетување значело и протоколарно завршување на дел од учеството на АРМ во мисијата АЛТЕА, односно замена на стариот со нов состав војници.

Редовна практика била и малата свеченост при ротацијата на војниците, а Колевски во клучниот момент бил на некаква средба во Шпанскиот баталјон во Сараево.

Фактот дека за ова се молчи ì дава за право на претпоставката дека свесно не сакал да учествува во товарењето и легализацијата на товарот во македонскиот МИ-17!?

Како што дознаваме, пред полетувањето се случува и тепачка меѓу двајца македонски припадници на мисијата АЛТЕА, чии имиња, од причини што се работи за починати луѓе, Форум нема да ги наведе.
Дали причината за тепачката била од лични или професионални причини, поради условите за работа или се во прашање пресметки за делба на профитот, дотолку повеќе што е потврдено дека македонскиот хеликоптер бил користен за приватни бизниси за кои се наплатувале  десетици и повеќе илјади евра, кои требало да се поделат. И ова прашање останува отворено!
Не е никаква тајна дека к*рентна стока во воени услови, како тие во Босна, се алкохолот, цигарите и специфичните воени материјали, оружје и друго. А, воените летала никогаш или многу ретко се подложни на контрола. Згора, за лошите односи меѓу војниците постојат писмени службени докази.

Трето прашање, кое и покрај барањата на владината Комисија за испитување на несреќата остана неодговорено, е непостоењето истражен список на остатоците од паднатиот хеликоптер.

Истрагата не утврдила од што точно се состојат остатоците на уништениот хеликоптер кај Блаце. Дали станува збор за приватни предмети на војниците, воена лична или техничка опрема на мисијата? И, што е најважно, колку тежел багажот што го пренесувал уништениот хеликоптер?

Основното и суштинско прашање со што бил полн хеликоптерот кога полетал од Сараево, не успеала да го разреши ниту истрагата, а на фотографијата која ја објавува Форум  јасно се гледа дека Букефал е претоварен. Каде исчезнала мистериозната стока?

Она што упатува на криминал, шверц и конечно убиство со премисла е што извештајот за несреќата како и информациите со кои располага Форум покажуваат дека не може да се утврди дали хеликоптерот на летот Сараево  - Скопје, преку Црна Гора и Косово имал прекин на летот?

Одговорите на овие три прашања, само дел од многуте што ги поставуваат семејствата на загинатите, но и јавноста, во себе ги кријат причините за несреќата на Букефал и убиството на мировниците.
Сè што Форум објави досега, доби поткрепа од извештајот за истрагата, во пишувањето на другите медиуми и, конечно, од фотографијата на преполниот хеликоптер.

ИСТРАГАТА ТРЕБАЛА ДА ГИ ЗАБОШОТИ ТРАГИТЕ!

Начинот на кој е водена првичната истражна постапката на воените власти дополнително ги потврдува наодите дека ВИНГ-от забраздил длабоко во злоупотреби и криминал. 
Во водењето на постапката како и во составот на комисиите биле вклучени групи офицери кои по правило “нешто работеле” во воените мисии во Босна! Меѓу нив често избивале судири, последица на меѓусебно гонење и кодошење, ама сепак по онаа народната “врана врани”, не си ги ваделе очите!

Така, комисијата на ВИНГ-от која го сослушувала потполковник Владимир Лазаров била составена токму од лица кои Лазаров ги критикувал. Со нив имал професионални судири токму околу тоа дали македонските хеликоптери во мисијата АЛТЕА можат да функционираат! Лазаров, како командант на ВИНГ-от, постојано барал контрола на материјалите кои се вградуваат во хеликоптерите, испитување на неисправноста на леталата, како и службени укажувања дека во македонската мисија во АЛТЕА има проблеми. По службените укажувања се оградува од одговорноста за евентуални последици. Тој е офицерот кој од Сараево побарал мировниците да се вратат со автобус поради небезбедноста на Букефал. Сепак, по директна наредба на началникот на Генералштабот Мирослав Стојановски “морало” да се долета со преполниот хеликоптер. Изгледа имало нешто во мистериозниот товар што не смеело да оди по сувоземен пат. Конечно и самиот хеликоптер требало да се прибере за да не се откријат сите летови, од тој со дрвени трупци па до сите “услужни дејности” и “поправки” по разни лимарски работилници.
Оттаму, слободно може да се заклучи дека небрежноста, недисциплината и лошото одржување биле само последица на криминалот, шверцот и злоупотребата на Букефал и другите летала. Некои безмалку купени на отпад, другите крпени со употребувани делови, а сите користени за лично богатење и шверц во служба на организираниот криминал.




,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,              
Кон врв
zabegan Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Другарот на Мона Лиза

Регистриран: 06.Април.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9774
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zabegan Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Април.2009 во 22:21
самата работа е сомнителна уште од почеток, за тоа каква приказна било не навлегувам бидејќи сепак како обичен граѓанин не знам ништо за да можам да аргументирам
ама знам дека секоја несреќа на воени или други битни лица и други воени возила се истражува како сообраќајка на некоја тетка, за на крај да констатираат дека ветер бутнал хеликоптер, авион и не знам таму што
и како сега тоа да не биде сомнително за пошироката јавност?
размисли пред да напишеш глупост
Кон врв
orlov Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
army veteran 2001

Регистриран: 26.Јули.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 11342
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај orlov Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Април.2009 во 22:29
Originally posted by zabegan zabegan напиша:

самата работа е сомнителна уште од почеток, за тоа каква приказна било не навлегувам бидејќи сепак како обичен граѓанин не знам ништо за да можам да аргументирам
ама знам дека секоја несреќа на воени или други битни лица и други воени возила се истражува како сообраќајка на некоја тетка, за на крај да констатираат дека ветер бутнал хеликоптер, авион и не знам таму што
и како сега тоа да не биде сомнително за пошироката јавност?



Е, не може така. Мораме сите масовно да ја бараме вистината. Утре тоа и на нас и нашите поколенија некој ќе им го режира за свој лични матерјални цели. Затоа ако треба и ќе излеземе да демонстрираме.лутинаОвака повеќе не може.

,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,              
Кон врв
Ninja 35 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Февруари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 17840
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Ninja 35 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Април.2009 во 01:23
Мислам дека вистината е всушност она што се наведе во КОД, сплет на повеќе неправилности (несоодветнта опрема, застарените системи, дотраеноста на одредени делови, неискуството во летање по GPS, времето). Сепак верзиите дека се носеле некакви недозволени материјали не држат место. Ако тој хеликоптер скршнел од к*рсот или слетал попатно на друго место, тоа ќе беше забележано од радарите на соседните држави, плус од НАТО на Косово, кој инаку го покрива радарски речиси целиот балкан
Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!
Кон врв
zabegan Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Другарот на Мона Лиза

Регистриран: 06.Април.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9774
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zabegan Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Април.2009 во 10:29
Originally posted by ninja_34 ninja_34 напиша:

Мислам дека вистината е всушност она што се наведе во КОД, сплет на повеќе неправилности (несоодветнта опрема, застарените системи, дотраеноста на одредени делови, неискуството во летање по GPS, времето). Сепак верзиите дека се носеле некакви недозволени материјали не држат место. Ако тој хеликоптер скршнел од к*рсот или слетал попатно на друго место, тоа ќе беше забележано од радарите на соседните држави, плус од НАТО на Косово, кој инаку го покрива радарски речиси целиот балкан
не ни беше објаснето ништо од ова тага
извина, ама некој ако само ми каже дека хеликоптерот имал квар, а не ми каже што му бил кварот и детално што се случило, немам причина да му верувам
но како што реков, не сакам ништо да докажувам, сакм само да кажам колку сето ова е сомнително
размисли пред да напишеш глупост
Кон врв
orlov Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
army veteran 2001

Регистриран: 26.Јули.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 11342
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај orlov Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Април.2009 во 10:36
Originally posted by ninja_34 ninja_34 напиша:

Мислам дека вистината е всушност она што се наведе во КОД, сплет на повеќе неправилности (несоодветнта опрема, застарените системи, дотраеноста на одредени делови, неискуството во летање по GPS, времето). Сепак верзиите дека се носеле некакви недозволени материјали не држат место. Ако тој хеликоптер скршнел од к*рсот или слетал попатно на друго место, тоа ќе беше забележано од радарите на соседните држави, плус од НАТО на Косово, кој инаку го покрива радарски речиси целиот балкан



Сигурен сум дека не би гледал и не би мислел така, доколку имаш можности (а тие прво се учат а потоа преминуваат во условен рефлекс) да собереш и анализираш сите воено политички елементи и врз основа на нив да донесеш свое видување и свој суд. Тоа во КОД се само наѓања во кои има и дел вистина, која вистина е пренесена од некој незадоволен во таа матна и крвава зделка. Но позадината е сосема друга. Тука шверцерите предводени од Б.Ц на дебело си ја имаат завршено работата.
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,              
Кон врв
Ninja 35 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Февруари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 17840
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Ninja 35 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Април.2009 во 22:37
А зошто си толку сигурен дека немам можности тоа да го согледам како што треба ??? Од каде знаеш дека немам познавања од таа област ??? Бев присутен на местото на падот после 90 минути, знам многу убаво што видов таму, и какви беа временските услови во моментот. Ја гледав и работата на увидните екипи и можам да ти кажам дека си ја вршеа работата на потребното ниво (колку што дозволуваа условите). Незнам на што алудираш со делот за (шверцерите на БЦ), но на лице место имаше еден куп очевидци кои го гледале движењето на хеликоптерот. Бидејќи по твоиве коментари гледам дека имаш познавања од работите од областа на Армијата, сигурно си свесен колку предуслови и колку луѓе треба да се опфатат за некој да направи таква диверзија каква што опишуваш ти ??? Мислиш дека тоа нема да се дознае ???

Изменето од Анастеа - 16.Октомври.2009 во 00:38
Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!
Кон врв
orlov Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
army veteran 2001

Регистриран: 26.Јули.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 11342
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај orlov Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Април.2009 во 23:59
Originally posted by ninja_34 ninja_34 напиша:


А зошто си толку сигурен дека немам можности тоа да го согледам како што треба ??? Од каде знаеш дека немам познавања од таа област ??? Бев присутен на местото на падот после 90 минути, знам многу убаво што видов таму, и какви беа временските услови во моментот. Ја гледав и работата на увидните екипи и можам да ти кажам дека си ја вршеа работата на потребното ниво (колку што дозволуваа условите). Незнам на што алудираш со делот за (шверцерите на БЦ), но на лице место имаше еден куп очевидци кои го гледале движењето на хеликоптерот. Бидејќи по твоиве коментари гледам дека имаш познавања од работите од областа на Армијата, сигурно си свесен колку предуслови и колку луѓе треба да се опфатат за некој да направи таква диверзија каква што опишуваш ти ??? Мислиш дека тоа нема да се дознае ???



Свесен и тоа повеќе одошто и самиот мислиш.
А, околу пред условите ќе ти кажам само едно:,,тие пред услови секогаш се споменуваат само на и пред учениците,,. Од како ќе го научат занаетот се престанува со било какво убедување од причина што ученикот веќе не е ученик, тој е исто мајстор на својот занает- оној истио за кој учителите му држеле демагошки предавања. Но ученикот сватил дека занает не се учи, него се краде и смислил како да го украде. Кога учителот во некоја своја двоумица, за да биде исправен пред своите предпоставени од причина што не е сигурен во успешната извршност на зададена задача која треба да ја изврши му ја дава на ученикот мислејки дека истиот ученик ќе му биде морално оправдување за неуспехот во извршувањето, сватил дека ученикот успешно ја извршил задачата (го украл занаетот) и за тоа бил награден, учителот почнува да се плаши од ученикот и јазот на тајните помеѓу нив рапидно расте се додека едниот не замине или односите не кулуминираат.
Затоа да се вратам на Хеликоптерот.
Колку за твоја информација иако сте биле на местото на злочинот не сте виделе ништо од причина што и не сте знаеле што да гледате. А, тоа на условно кажано експертската екипа и одговара што има оправдување дека истрагата била вршена во присуство на разно разни луѓе(сведоци) и затоа во извештајот велат дека од црната кутија го нема оној дел баш кој треба да ја каже вистината. А вие нормално не сте виделе и не знаете што е црна кутија од причина што мислите дека треба да е црна и да е кутија, а тоа е еден обичем мал инструмент и тие стручњаци во ваше присуство извадиле од него/неја  оноа кое требало да го извадат зада не се открие кој е налогодавецот за падот на леталото и кој шверцери ја диктирале сета работа и покрај шверцерската роба од баснословна вредност ги тргнаа од сцената на животот планираните 11- сет (во вој случај тие се планирана загуба во жива сила во мирно временски услови) мировници кои имаа многу што да кажат за револтот од нивната мисија, а поради податокот што требаше сите до еден да бидат распоредени на работа и работни задачи во служба која е од витален карактер за држвата.
Затоа доколку се врати аташето кое непосредно по несреќата на леталото замина во воена мисија, а кое исто пред тоа имаше проблеми со раководниот тим во Петровец, има можност да се разјаснат доста работи.
Верувам дека сега и семејствата на мировниците нема да останат равнодушни кон сето што им се случи и дека по секоја цена вистината ќе ја доведат до крај.




Изменето од Анастеа - 16.Октомври.2009 во 00:40
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,              
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 345
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,656 секунди.