IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Историја
  Активни теми Активни теми RSS - Вистината за Ѓорѓи Сугарев!
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Вистината за Ѓорѓи Сугарев!

 Внеси реплика Внеси реплика
Автор
Порака
is no good Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 31.Јули.2007
Статус: Офлајн
Поени: 92
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај is no good Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Вистината за Ѓорѓи Сугарев!
    Испратена: 14.Февруари.2008 во 23:42

Ѓорѓи Сугаре е роден во Битола, станува член на Тморо во 1901 година.
Активно зема учество во Битолскиот регион за време на Илиднен каде што мобилизира огрмони војски, скоро секое село од Битолско зема учество.
Спред кажувањата на војводата Славејко Арсов огромен број на Комити за време на Илинден биле од Битола и во Битолскиот реон 96% од населението земало активно учество во Револуцијата.
По катастрофалните порази, многу од војводите заминуваат за Бугарија со цел да се спасат од теророт и апсењата кои ги вршеле Турците.
Но Сугарев наместо да ја напушти Македонија, почнува со возобновување на организацијата, кој треба да работи под Команда на Даме Груев за да се рехабилитира организацијата и да се стават нови војводи и управители на месните комитети.
Сугарев токму тоа и почнува да го прави.
Верувам многумина ја слушале песната "Заплакало е Мариово"каде што се збори како загинува Ѓорги Сугарев, наводно предаден од Параловци(т.е Паралово место во Мариовско).
Но сепак народната песна не ја открива правилната вистина за овој чесен војвода, херој во очите на народот, човек кој никогаш не го ставал индивидуализмот пред Македонија, човек кој секогаш бил тука за народот.
Вистината е следнава: Сугарев добива писмо од страна на четник во кое се вели дека треба да дојде во Јени мало на разговор околу тоа како да се среди ситуацијата таму поради тоа што неможат да одлучат кој да биде месен војвода, исто поради причината за да се пресмета со грчките андарти кои почнуваат сериозно да го повредуваат населението. Писмото е напишано и испратено од Петар Лигушев. Сугарев како задолжен за тие работи се упатува кој тој реон. Во меѓувреме Лигушев(на некои познат како Легушев) го набедува селскиот поп(кој бил пијаница и неранимајко, не зборат за отецот Мирабо бидејќи како што знаеме тој е поданик на Даме Груев и се смета за еден од најчесните луѓе во организацијата) да му каже на Сугарев кога ќе дојде дека Лигушев ќе го чека кај манастриот, а во исто време им дава дознаење на турците дека четата на Сугарев со самиот Сугаре на чело ќе биде дојдена на тоа место.
Сугарев оди на местото и е пресретнат не од Лигушев него од неброен Аскер. Четата на Сугарев брои 25 луѓе кои тој ги раководи. Нападнати од Турците и немајќи можност за бегање, почнуваат долга борба која траела цела вечер.
Утредента на местото на настанот се пронајдени 24тела, а едно не е таму. Токму телото на Ѓорѓи Сугарев.
Е сега прашањето е како Сарафов го уби Сугарев?
Сарафов и Сугарев двајцата биле под Даме Груев и имале колку толку исти привилегии, Лигушев работел за Сарафов и верувам дека добил наредба од него да го намести Сугарев.
Ѓорги Сугарев по тешката борба со Аскерот, е тешко ранет, но не и мртов. Како што знаеме сите и како што верувам сме учеле по книгите е дека Сугарев се самоубива, а некои други дека Сугарев е убиен од страна на Турците. Вистината е дека Сугарев вечерта успева да избега, смрторанет доаѓа во селото кога паѓа мрак и се обидува да најде медицинска помош. Тогаш е пресретнат од Лигушев или од Црни Петар кои го докрајчуваат.
Телото на Сугарев ниту пак неговата пушка се најдени до ден денешен. Ниту пак по долго долго пребарување на планинските места е пронајден трупот негов од страна на Турците.

Месното население во реонот почнува да се прашува каде е Сугарев и дали сеуште е жив.
Една вечер Петар Лигушев му дава писмо на извесен селанец нарачен Стојан да го однесе кај Ѓаконот(војвода од тоа место) и му кажува дека аскерот го бара и веќе се во неговата куќа. Стојан се упатува кон Ресенско, но почнува облен дожд по што писмото се наводенува, Стојан пробувајќи да го стави во својата капа решава да го отвори и да го стави само без плико, притоа откако го прочитал писмото увидува дека Лигушев му наредува на Ѓаконот да го убие Стојана поради тоа што се сомнева дека тој ја знае вистината за Сугарев.
Стојан се враќа во селото и живее во плевната на еден Албанец, кој притоа му кажува на Стојан дека Лигушев им предал листа со имиња на членови на Мро на аскерот. Сакал сите да ги убие поради тоа што се сомневал дека ја знаат вистината за Сугарев и сакал да ги заќути во нивното константно интересирање каде е Ѓорѓи.
По 3дена Стојан го пронаоѓа Петар и го пука од зад грб, но притоа Лигушев не умира, само е тешко ранет.
Овој текст го напишав со цел да се запознаеме со вистината затоа како умре Ѓорѓи Сугарев, да му одадеме помен на големиот војвода и борец на Македонскиот народ кој беше жртва на врховизмот и на предавниците.

                                                                                                                                                                        Б.К

www.komiti.org
Кон врв
Vladimir88 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
"Arbeit macht frei"

Регистриран: 20.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4349
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Vladimir88 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Февруари.2008 во 09:25
Из но Гуд..
Немој сега ќе навалат блгарите......со историческите докази
Кон врв
дуле Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 11.Ноември.2006
Статус: Офлајн
Поени: 973
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај дуле Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Февруари.2008 во 10:28
Originally posted by Vladimir88 Vladimir88 напиша:

Из но Гуд..
Немој сега ќе навалат блгарите......со историческите докази

Нема Влади, нема да се нафрлим. (и зашто?).
Вечна слава на Георги Сугарев.
Кон врв
is no good Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 31.Јули.2007
Статус: Офлајн
Поени: 92
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај is no good Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Февруари.2008 во 14:24
Еве нешто повеќе за предавниците
www.komiti.org
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,156 секунди.