IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Фудбал
  Активни теми Активни теми RSS - УЕФА Лига на Шампиони
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

УЕФА Лига на Шампиони

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 3738394041 43>
Автор
Порака
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Април.2012 во 11:11

ВЕЧЕРВА ВО ЛОНДОН ЧЕЛЗИ ЈА ПРЕЧЕКУВА БАРСЕЛОНА ВО НОВА ГОЛЕМА ПРЕСМЕТКА ОД ЛИГАТА НА ШАМПИОНИТЕ

Расчистување на сметките


Големите ривали кои во времето на Мурињо и Рајкард имаа неверојатни пресметки, а ги продолжија и по нивното заминување од тимот вечерва ќе имаат нов двобој. Како и пред три години тие имаат битка за пласман во финалето, но овој пат разликата е во распоредот на одигрување на средбите. Челзи е домаќин на првиот меч, додека Барса ќе го има реваншот кога и ќе се одлучува патникот во финалето во вторник.


 

"Уште кога дознавме дека ќе играме против Барселона знаевме дека ќе ни претстојат тешки натпревари. Сепак, ние сметаме дека не е невозможно да дојдеме до победа. Се надеваме дека ќе успееме да дојдеме до место во финалето. Знаеме дека Барселона ќе направи се за да ја задржи колку може подолго топката во свој посед и ќе не натера да се браниме, но ние имаме доста квалитетни фудбалери кои ќе знаат како да дејствуваат во секоја ситуација. Се надевам дека историјата ќе биде различна во однос на последната пресметка и ќе успееме да победиме", вели еден од Шпанците во Челзи, Хуан Мата.

Еден од оние кои се оптимисти пред средбата е и Френк Лампард. Искусниот фудбалер беше дел на повеќето од натпреварите меѓу двете екипи.

"Имаме девет победи на 12 средби со Ди Матео. Тој е одличен. Го презеде тимот во лоша ситуација, но веќе направи големи работи. Тој го сака Челзи. Донесе нов дух во соблекувалната. Разговараше со сите играчи и резултатите доаѓаат. Ја заслужува сета доверба. Што се однесува до денешната средба имаме голем респект кон нашиот противник. Тие се фаворити поради начинот на кој играат и поради играчите кои го сочинуваат тимот. Во последните неколку години се најдобри на светот, но ако ние одиграме како против Тотенхем тогаш имаме шанси", вели Лампард.

 

Оној кој најдобро го познава Челзи од играчите на Барселона секако е Цеск Фабрегас. Има играно многу средби против овој состав во Премиер лигата.

"Против Челзи секогаш средбите се тешки. Се сеќавам на еден натпревар против Арсенал. Доминиравме во текот на целата средба, а тие ни дадоа гол од првата контра. Дрогба е одличен во таквите напади. Тие се едноставно 'убијци' кога напаѓаат и затоа мора да сме внимателни. Додека ги водеше Вијас-Боаш тој бараше од нив да владеат со топката. Сега со Ди Матео се врати мотото за посилна одбрана и контранапади", изјавува Фабрегас.

И покрај сето ова јасно е дека денеска ништо нема да биде решено на овој дуел. Се ќе биде оставено отворено и неизвесно до реваншот кога ќе падне одлуката за патникот во финалето.

Кон врв
gonzo Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Мачкозил

Регистриран: 04.Декември.2008
Локација: У дневну
Статус: Офлајн
Поени: 3137
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај gonzo Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Април.2012 во 15:08
Реал- Баерн

Што ли ќе беше ако Реал одлучеше да игра 30 минути например наместо 15. И што ли ќе беше ако фудбалерите на Баерн се обидоа да шутнат од далечина во второто полувреме и во продолжетоците...размислување
You have the right to remain silent. Anything you say will be misquoted, then used against you.
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јуни.2012 во 19:51

ПРОТИВНИКОТ НА ВАРДАР „ТЕЖИ“ 15 МИЛИОНИ ЕВРА






Самиот влез во групната фаза од Лигата на шампионите минатата сезона и секако учеството во групната фаза и 1/16-финалето од Лигата на Европа пред две сезони, покажуваат со каков тим располага белорускиот првак Бате Борисов, кој е противник на македонскиот шампион Вардар во 2. квалификациско коло од Лигата на шампионите.
 
Бате Борисов е лидер и по 13 досега одиграни кола во белоруското првенство. Има тим вреден скоро 15 милиони евра, и она што е најважно, полека акумулира неопходно врвно европско фудбалско искуство, затоа што со години е во друштво на најдобрите европски клубови. За споредба, тимот кој Вардар го има оваа сезона е парично „тежок“ 5,6 милиони евра или скоро трипати помалку од она што го има како играчки кадар белорускиот тим.
 
Оваа година во тимот на Бате Борисов се издвои голгетерот Дмитри Мозолевски, кој е ново име во составот на тренерот Гончаренко. Мозолевски на досегашните 9 одиграни средби успеа дури 7 пати да ја погоди противничката мрежа. Втор стрелец во тимот засега е Родионов до 4 гола, колку што има и младиот 22-годишен Дмитри Бага. 

Според моменталната вредност на пазарот, најскап фудбалер во белорускиот првак е Ренан Бресан, репрезентативец на Белорусија, инаку роден Бразилец. Неговата вредност на пазарот е околу 2,3 милиони евра. До него е Витали Родионов, уште еден репрезентативец на Белорусија, чија вредност е околу 1,5 милион евра.
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јули.2012 во 06:47






Вардар ремизираше (0-0) на реванш  дуелот со БАТЕ Борисов, не успевајќи да ја надмине негативата од 2-3 од првиот меч во Белорусија и веќе на стартот завршувајќи го својот настап во квалификациите од Лигата на шампионите. Националната арена „Филип втори“ беше исполнета до последното место, на фудбалерите им беа обезбедени идеални услови за игра, но се беше попусто кога избраниците на Илчо Ѓорѓиоски не одговорија на предизвикот, одиграа далеку под своите можности и на крајот заслужено со наведнати глави го напуштија теренот, жалејќи за оној кошмарен финиш на првиот меч во Борисов, кога примија два гола за три минути во судиското продолжение.

 

Во 9. Минута за малку ќе се случеше вистински шок за сите присутни на „Филип втори“, Вајс слабо интервенираше, Захов непотребно истрча надвор од сопствениот шеснаесетник, но за наша  среќа ударот на Родионов заврши сантиметри крај голот на „вардарци“. Оваа шанса како да ги шокираше македонските фудбалери, кои што целосно му ја препуштија иницијативата на противникот. Во 18. Минута во својот шеснаесетник слабо интервенираше Илиевски, но повторно фудбалерите на БАТЕ не беа најумешни во реализацијата на шансите. Само една минута подоцна следеше нова шанса на белорускиот првак, овојпат шутираше Контсевој, но топката заврши во дирекот.

 

„Црвено-црните“ потоа ја консолидираа играта, повеќе ја имаа топката во свој посед, но никако не успеваа да создадат шанса за гол во противничкиот шеснаесетник. Во 34. Минута, нова можност пред голот на Вардар, овојпат Волошко втрча од позадина, шутираше силно, но Захов одбрани.

 

Во 36. Минута, конечно шанса за Вардар и голем број на воздишки меѓу присутните. Цикарски нафрли одлично на вториот дирек, гостинскиот голман лошо го процени летот на топката, но Темелков наместо да ја смести топката во мрежата шутираше крај голот.

 

Вториот дел почна со шанса на БАТЕ, повторно Родионов се најде во идеална ситуација, но од пет метри го погоди во главата голманот Захов. Гостите долго време доминираа, но навивачите ги мотивираа македонските фудбалери да заиграат на повисоко ниво. Следеше нова шанса по едно непотребно излетување на гостинскиот голман, но Ранѓеловиќ наместо да се обиде да го лобува шутираше по земја, па Горбунов одбрани. И покрај обидите да се стори нешто повеќе, фудбалерите на Вардар делуваа немоќно да создадат шанса, во финишот во игра влезе и дефанзивецот Бојовиќ, кој доби улога на напаѓач, но ниту тоа не вроди со плод.Буквално во последните моменти од мечот Јован Костовски имаше можност со глава да предизвика еуфорија на „Филип втори“, но неговиот удар беше одбранет од страна на гостинскиот голман. Така, реваншот во Скопје заврши со најнепопуларните 0-0, кои го означија и крајот на оваа европска авантура на најтрофејниот македонски фудбалски колектив.  

 

 

ВАРДАР – БАТЕ БОРИСОВ    0-0

Арена: „Филип втори“ во Скопје, Гледачи: 30.000, Судија: Паоло Валери (Италија)

ВАРДАР: Захов, Илиевски, Цикарски, Вајс, Таневски, Темелков, Ранѓеловиќ (Бојовиќ 90), Стјепановиќ (Маневски 75), Хименез (Стојаковиќ 46) Георгиев, Костовски

БАТЕ БОРИСОВ: Горбунов, Лихтарович (Рудзик 73), Јуревич, Бордачев, Радзиомау, Симиќ, Олекнович, Волошко, Мозолевски (Паулау 79), Радков, Контсевој

Кон врв
Blue Scarlet Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Амазонка

Регистриран: 03.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 9011
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blue Scarlet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јули.2012 во 09:23
Ееееееее Бате ....... вртење со очи

Изменето од Blue Scarlet - 26.Јули.2012 во 09:24
Lupus non mordet lupum.

Vulneratus non victus!

Кон врв
gonzo Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Мачкозил

Регистриран: 04.Декември.2008
Локација: У дневну
Статус: Офлајн
Поени: 3137
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај gonzo Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јули.2012 во 15:35
Далеку е Вардар или било кој друг наш клуб од Лигата на шампиони...Мноогу далеку...
You have the right to remain silent. Anything you say will be misquoted, then used against you.
Кон врв
Blue Scarlet Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Амазонка

Регистриран: 03.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 9011
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blue Scarlet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Ноември.2012 во 10:12
Морав да го ставам ова ..... голема насмевкааплауз


Lupus non mordet lupum.

Vulneratus non victus!

Кон врв
zabegan Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Другарот на Мона Лиза

Регистриран: 06.Април.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9774
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zabegan Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Ноември.2012 во 17:35
какво голче даде типчето, секоја чест да
не е првпат да видиме таков макази-гол, ама ретко се случува
размисли пред да напишеш глупост
Кон врв
Schatzii7 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unglaublich

Регистриран: 19.Октомври.2011
Локација: Lost somewhere
Статус: Офлајн
Поени: 7055
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii7 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Ноември.2013 во 13:36
Јунајтед, Реал и ПСЖ  во осминафинале

Екипите на Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид и Пари Сен Жермен обезбедија место во осминафиналето од Лигата на шампионите.

Веќе од порано е познато дека Баерн и Манчестер Сити имаат обезбедено пласман во следната фаза. Баварците вечерва славеа во Москва на дуелот со ЦСКА со 1-3, додека "граѓаните" беа подобри од Викторија Плзен, совладувајќи ја со 4-2.
Кон врв
Blue Scarlet Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Амазонка

Регистриран: 03.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 9011
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blue Scarlet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Февруари.2014 во 11:10
Може да се каже дека по синоќешниот натпревар ПСЖ веќе си обезбеди место во четвртфиналето откако го прегази Леверкузен со убави 4:0 и тоа на гостински терен. Головите ги постигнаа: Матуиди 3’, Ибрахимовиќ 39’ (п), 42’, Кабај 89’ . 
Морам да признаам дека голот на Ибра во 42’ беше мајсторски (топката не се гледаше голема насмевка)



Барса го совлада Ман. Сити на „Етихад“ со 2:0. Клучен момент беше 53’ кога Демикелис заработи црвен картон, а Меси им го донесе водството на каталонците со реализација на пеналот. Алвеш го запечати резулатот во 90’  со асистенцијата на Нејмар.



(Во недостатот на подобри клипови и овие ќе завршат работа плазење)
Lupus non mordet lupum.

Vulneratus non victus!

Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Февруари.2014 во 11:19
Интересни ми се медиумите многу после синоќешните резултати.

Одма Барселона ја пратија во четвртфинале,зошто брзаат не знам,па не играат против Алмерија во Примера.

Што ако им се случи истото и на нив во Барселона,што ако Маскерано добие црвен и направи пенал.
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Февруари.2014 во 12:13
Originally posted by fiks fiks напиша:

Интересни ми се медиумите многу после синоќешните резултати.

Одма Барселона ја пратија во четвртфинале,зошто брзаат не знам,па не играат против Алмерија во Примера.

Што ако им се случи истото и на нив во Барселона,што ако Маскерано добие црвен и направи пенал.
 

Ман Сити синоќа покажаа дека се тим за места корист . Безобразно слаби  се . Прашањето е колку гола ќе примаат на реваншот . 

Инаку дузпа за Барса немаше . Прекршајот беше надвор од шеснаесеттерацот .
Кон врв
Blue Scarlet Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Амазонка

Регистриран: 03.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 9011
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blue Scarlet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Февруари.2014 во 19:40
Потсетување на 1997 година ... Кларенс Сидорф против „Јорганџиите“ голема насмевка



Вечерва ќе води поинаква битка ... од клупата на Милан.


Изменето од Blue Scarlet - 19.Февруари.2014 во 19:41
Lupus non mordet lupum.

Vulneratus non victus!

Кон врв
Blue Scarlet Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Амазонка

Регистриран: 03.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 9011
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blue Scarlet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Февруари.2014 во 12:09
Баварците блиску до четвртфиналето со синоќешната ДРАМА на „Емирати“ во Лондон. 
Головите ги постигнаа Крос во 54’ и Милер во 88’.
Арсенал како да ја изигра среќата со промашениот пенал на Месут Озил во 8’.
И како да не им беше доволно тоа во 37’ останаа и без голманот Шчесни кој доби црвен картон (престрого според мене). Пеналот за Баерн Минхен не беше реализиран (веројатно поради неочекуваниот избор на изведувачот Давид Алаба).
Утрово се рашири снимка „Робен го плукна Сања“ а дали е тоа така навистина погледнете сами ... среќа



На вториот натпревар синоќа Милан го пречека Атлетико Мадрид на „Сан Сиро“. По одличното прво полувреме на домаќините (ова непристрасно го пишувам плазење) и неколку убави шанси кои не успеаја да ги реализираат Диего Коста ги казни со гол за гостите  во 83’. 
Но надежта последна умира, еден гол предност не е ништо кога станува збор за вакви натпревари ... среќа





Lupus non mordet lupum.

Vulneratus non victus!

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 3738394041 43>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,344 секунди.