IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Фудбал > Фан клубови
  Активни теми Активни теми RSS - Фан клуб Интер
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Фан клуб Интер

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 567
Автор
Порака
robert 22 Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Март.2011
Статус: Офлајн
Поени: 56
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај robert 22 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Мај.2011 во 02:16
Да, слушнав за Робен, мислам дека ќе биде фантастично да се види во Интер, но тоа ќе значи Пандев надвор од Интер. Јас бев Интераш пред да дојде Пандев и ќе бидам долго после тоа, но сепак повеќе сакам да го гледам Гоче отколку Робен.
Инаку за вгодина

------------Пацини------------
Робен-------Снајдер--------Ето
--------Мота-------Перота-----
------------Камби------------
занети-----ранок---лусио----Маикон
-------------Цезар-------------


Мурињо........


Мислам дека ако дојде последниов ни засилувања не ни требаат :))
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Мај.2011 во 05:42

Интер планира 15.000.000 евра од Пандев и Милито

Според извештајот на "Кориере дело спорт", претседателот на Интер, Масимо Морати, летово планира да заработи 15 милиони евра од продажабата на двајцата напаѓачи Горан Пандев и Диего Милито.
Италијанскиот весник тврди дека Џампаоло Пацини и Самуел Ето сигурно остануваат во тимот следната сезона, така што "нераѕурите" ќе се обидат да соберат пари за засилувања од трансферите на Македонецот и на Аргентинецот. За Милито е заинтересиран бившиот клуб Џенова, а за Пандев од поодамна се загреани Ливерпул и Баерн. Вредностите на двајцата се проценети на околу 7-8 милиони евра. Доколку се ослободи од двајцата напаѓачи, Интер ќе заштеди осум милиони евра годишно за плати, пет за Милито и три за Пандев.
За разлика од претходната сезона, кога напаѓачкиот тандем го предводеше Интер до тројната круна, сезонава, Милито и Пандев заедно постигнаа само седум гола.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Мај.2011 во 07:18
Леонардо: Минатата година трет, оваа втор, следната година на првото место!

Тренерот на милански Интер, Бразилецот Леонардо, се надева дека неговиот тим следната сезона ќе се бори за 'Скудетото'. Интер синоќа со ремито против Наполи го обезбеди второто место на табелата во Серија А. Лео во Интер дојде во декември месец како замена за Рафа Бенитез, а минатата сезона со Милан дојде до третото место. Изјави дека напредува во кариерата. "Трет минатата, втор оваа, па така следната сезона следи првото место. Собирам позитивни работи од секое искуство. Се чувствувам привилигирано како спортист и човек. Предизвиците се составини дел од животот и подготвен сум за нив" изјави кормиларот на поранешниот шампион на Италија и Европа. Леонардо посакува да биде подобар тренер. "Сега сакам да се поправам како тренер. Конечно тренираме и играме како што треба. Не мислам дека ќе има големи промени во тимот. Оваа екипа има потенцијал и мислам дека не треба да правиме голема револуција" оцени Леонардо.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јуни.2011 во 06:56
Леонардо го напушта Интер?

Милански Интер би можел да остане без тренер, доколку се исполни желбата на сопственикот на Парис Сент Жермен.

Богатите шеици од Катар, сопственици на 70 отсто од парискиот клуб, сакаат Леонардо да го превземе местото технички директор на екипата, функција која ја вршеше и во Милан.

Леонардо за ПСЖ настапуваше во периодот од 1996. до 1997. година и моментално се наоѓа во Доха на преговори

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Јуни.2011 во 05:21
Познато е дека Морати многу го цени Синиша Михајловиќ, кој по завршувањето на фудбалската кариера во Интер, беше помошник на Робето Манчини. По Болоња и Катанија, минатото лето србинот беше во најтесниот круг, Морати беше подготвен да му даде шанса, но падна на убедувањата дека Бенитез ќе биде вистинската замена за Мурињо. Ново лето и шанса да се исправи грешката. Леонардо заминува, се покажа дека е подобар директор него тренер во изминатите две години, се споменува и Бијелса, но Јужноамериканецот не е баш воодушевен од можноста да работи во Италија. Во игра се и Делио Роси и Гаспарини, но како што открива "Кориере дело Спорт", МОрати одлучи нов тренер на Интер да биде Синиша Михајловиќ. Останува уште Миха да најде заеднички јазик со Фиорентина, кој не му понуди продолжување на договорот. Се чини дека Михајловиќ кој истакна дека клупата на Интер е негова животна желба нема многу да размислува, ова е негова шанса на животот. Морати смета дека Синиша е работник и дека со својот темперамент има сила да го надополни недостатокот на искуство на клуапа на големи клубови. Во секој случај српскиот стратег е пред големо враќање и промоција во Интер
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јуни.2011 во 09:20
Гасперини седна на клупата на Интер!

Џан Пјеро Гасперини е нов тренер на Интер. Договорот меѓу Интер и Гасперини е потпишан на една година, а доколку има резултати ќе има можност за продолжување на уште една. Клубот попушти и ќе му даде шанса, а интересно е што со себе нема да може да ги доведе кондициониот тренер и тренерот на голманите, поради неговото минато во Јувентус.

Гасперини себеси честопати се нарекуваше војник на Јувентус, но никогаш не ја доби истинската шанса да работи во градот каде се роди. Како играч ги помина сите младински категории и доби неколку шанси во првиот тим, но набрзо го напушти Јувентус. Неговата генерација во првата половина на осумдесетите години го покори светот и на клубско и на репрезентативно ниво. Тренерската кариера ја започна во младинските школи на Јувентус. Како тренер на сениорска екипа започна во Кротоне со кој избори пласман во втората лига, а од 2006-та до 2010-та година седеше на клупата на Џенова, со која се врати во Серија А и изори пласман во европските купови.

Гасперини според италијанските медиуми во Интер ќе заработува 1,2 милиони по сезона.

Тој е четвртиот тренер во последните 12 месеци кој ќе седне на клупата на Интер. Пред една година ИНтер го напушти Жозе Мурињо, потоа дојде Рафа Бенитез, а тимот до крајот на сезоната го предводеше Леонардо кој сега ќе замине како спортски директор во ПСЖ.


Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Август.2011 во 12:23

Moрати: Eто заминува, Снајдер останува со нас, оваа година ќе гледате силен Интер

 

Морати за весниците Газета дело Спорт и Кориере дело Спорт говореше за иднината на Ето и Снајди, за трансфер пазарот и за скудетото од 2006.


- "Нема никаква драма околу заминувањето на Ето, се сеќавате што се случи сезоната кога замина Ибрахимович."Претседателот на клубот потврди дека Анжи одговориле на нивните економски барања и додаде, - "Имињата кои ги прочитав во весниците се оние вистинските, Тевез, Лавеци, Форлан. Снајдер ? Тој останува со нас, и оваа година ќе гледате еден силен Интер."

За Калчополи беше саркастичен и изјави, "Јас сум смирен, титулата од 2006 ? Можам да повикам некој од моите колеги и да им ја подарам."

Како и да е, ова е она што подолго време го чекаа фановите на Интер од својот претседател, ако веруваме на неговите зборови, Интер ќе атакува на адекватна замена за Ето, останува времето да покаже кои ќе бидат засилувањата на Интер и како ќе изгледа тимот по крајот на трансфер пазарот.

Во секој случај ова е изјава која во моментов влева оптимизам кај фановите кои тешко се справуваат со фактот дека еден од лидерите на екипата заминува, но во вакви моменти секогаш можеме да се присетиме дека исто се чувствувавме и кога Ибра замина. 
Оставаме на оние кои го водат тимот да го прават она што најдобро го знаат, сега они се на ред, го докажаа тоа во 2010 и сезоните претходно, не се сомневаме во нивната способност да креираат уште една шампионска генерација на Интер.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Март.2012 во 06:26


Ариведерчи за Клаудио Раниери, Страмачони ќе седне на клупата на Интер


Масимо Морати му даде отказ на Клаудио Раниери по поразот на Интер од Јувентус и вечерва за нов стратег на првиот тим го постави Андреа Страмачони, тренерот кој со младиот тим на Интер ја освои „бејби“ ЛШ. Сопственикот на „нероаѕурите“ конечно реши да го отпушти Раниери, кој доживеа порази со тимот на Интер на сите фронтови оваа сезона. Доживеа елиминација во ЛШ, во Серија А е далеку од врвот, а нема да се бори за трофеј ниту во Купот на Италија.
 

Му се заблагодаруваме на Клаудио Раниери и на неговиот тренерски тим за работата во досегашниот период. Сепак, се решивме да ја прекинеме соработката со Раниери и во иднина тимот ќе биде предводен од страна на Андреа Страмачони. Станува збор за млад стручњак што бележеше добри резултати со младинскиот тим, а сега ќе добие шанса и со првата екипа“ - се вели во клупското соопштение на Интер. 
 
Како привремено решение на клупата на Интер е поставен 36-годишниот Андреа Страмачони, кој најверојатно ќе го води тимот до крајот на сезоната. Како можни наследници на Клаудио Раниери се споменуваат многу имиња, меѓу кои Андре Вилјаш Боаш, Лорен Блан, Синиша Михајловиќ, Валтер Зенга...  
 
Останува да се види дали ангажманот на Страмачини ќе значи и крај на резултатската криза на Интер, ако се знае дека на „нероаѕурите“ сериозно им се заканува воопшто да не учествуваат во европските купови следната сезона. Заминувањето на Раниери значи и предвремен отказ за четврти тренер на Интер во последните две сезони, откако Жозе Мурињо го напушти овој клуб за да се пресели во Реал Мадрид. Оттогаш, Бенитез, Леонардо, Гасперини и Раниери не се снајдоа на оваа функција, останува да се види дали тоа ќе му појде од рака на Андреа Страмачони. 
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Јуни.2012 во 05:29

КИВУ ГО ПРОДОЛЖИ ДОГОВОРОТ






Агентот на Кристија Киву, Виктор Бек потврди дека е постигнат договор со "нероаѕурите" за продолжување на соработката.


"Постигнавме договор и соработката ќе продолжи" изјави Виктор Бек за интернет спорталот FCInter1908.it


"Сите мислеа дека Киву ќе си замине, но ние постигнавме договор за продолжување на соработката. Киву ќе остане уште 3 години во Интер и ќе заработува по 3 милиони по сезона"додаде Бек.


Киву пред Интер играше за Ајакс и Рома.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Јули.2012 во 05:00

СТАНКОВИЌ: ВО ИНТЕР ДО ПЕНЗИЈА!





Дејан Станковиќ изјави дека ќе ја заврши кариерата во Интер, бидејќи неможе да се види себеси во некој друг клуб.

Доскорешниот капитен на репрезенатацијата на Србија во Интер дојде на почетокот на 2004 година од римски Лацио.

Кариерата ја започна во Црвена Звезда, а за репрезентацијата на Србија одигра 102 натпревари. Оваа недела се појавија некои теории за трансфер на Станковиќ во некој клуб надвор од Италија.

Еден од најзаинтересираните беше Вест Хем.

„Ќе ја завршам кариерата во Интер. Среќен сум овде и секогаш ќе му бидам благодарен на претседателот Морати. Не можам себеси да се замислам на друго место, сакам да останам во Интер. Повремено ми минуваат некои мисли и идеи низ главата, но не можам да се видам како го напуштам клубот“, рече Станковиќ за италијанската телевизија Скај спорт.

Станковиќ на кого во мај му беше оперирана ахиловата тетива истакна дека што побрзо сака да се врати во форма.

„Убаво е кога добиваш понуди на 33 години, тоа значи дека сеуште вредиш. Сега размислувам само за тоа како да се вратам во форма. Поминаа два месеца од операцијата и сакам што побрзо да се опоравам. Добро се чуствувам и со нетрпение чекам да почнам да тренирам со клубот“, рече Станковиќ.

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 567
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,281 секунди.