IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Фудбал > Фан клубови
  Активни теми Активни теми RSS - Фан клуб Интер
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Фан клуб Интер

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 4567>
Автор
Порака
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Октомври.2010 во 07:59

2 месеци пауза за Камбијасо ?!

 

Oва предупредување стигнува токму од него, изјава која влеа страв во таборот на Интер а доаѓа по повредата заработена на пријателскиот меч Јапонија - Аргентина.

Стравот кој владееше кај Интер сега можно е и да се реализира откако Камби, според Кориере дело Спорт, изјавил '' Се плашам дека станува збор за кинење на мускулот '', во тој случај прогнозата за неговото отсуство од терените, според Кориере дело Спорт, ке биде цели 2 месеци.
Лоша вест за Рафа кој веќе мака мачеше со повредените играчи на секој дел од теренот, како и да е, испитувањата за сериозноста на оваа повреда кај Камбијасо ке продолжат во наредните денови, но во моментов, кај медицинскиот тим на Интер не владее оптимизам.

Добра вест за Интер е враќањето на капитенот и Тијаго Мота кој веќе започна со тренинзите и се очекува да биде на располагање за Рафа од наредниот првенствен меч на Интер.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Ноември.2010 во 05:54
Бенитез: Треба да се подобриме
Рафа Бенитез признава дека неговиот тим бил надигран од Тотенхем, Шпанецот е свесен дека треба да играат многу подобро.
Вечерва Интер беше надигран на гостувањето кај Тотенхем на Вајт Харт Лејн.

Шампионот изгледаше немоќно пред разиграниот тим на Спарси и загуби со 3-1.

Бенитез не го крие разочарувањето, го признава поразот и вели дека треба да играат многу подобро.

"Тие беа посилни и побрзи од нас" - вели Рафа Бенитез.

"Не беше лесно да се сопре Бејл, Маикон имаше проблеми. Требаше ситуацијата да ја решиме подобро, но Бејл имаше премногу простор".

"Треба да признаеме дека не одигравме добро и сега треба да напреднеме во следниот натпревар".

"Реагиравме добро по примениот гол, но тоа не беше доволно".

"Мунтари излезе поради проблеми со потколеницата и ги внесовме Нванкво и Котуњо. Со фудбалерите кои ги имавме не беше лесно да се има балансиран тим, но тие одиграа добро".

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Ноември.2010 во 06:43

Пандев и Милито го кочат Интер

Слабата форма на овие двајца играчи е поголема причина отколку тактиката на Бенитес за лошите резултати на нераѕурите, смета легендата на италијанскиот фудбал Коловати

Слабите игри на Горан Пандев и на Диего Милито се главните причини за лошите резултати на италијанскиот првак Интер, во првите два месеца од сезоната, смета легендата на италијанскиот фудбал Фулвио Коловати. Според играчот кој во кариерата има играно и за Милан и за Интер, поради лошата форма на Пандев и Милито, „нераѕурите“ не се доминантни како во минатата сезона. Коловати вели дека овие двајца играчи се многу поголеми виновници за слабите резултати, отколку тактиката на тренерот Рафаел Бенитес.

- Мислам дека Бенитес не треба да се обвинува. Треба да се согледа главниот фактор за слабите резултати, а тоа е лошата форма во која се наоѓаат Пандев и Милито. Тие не постигнуваат голови онолку колку што се бара од нив - вели Коловати, кој во 1982 година беше дел од репрезентацијата на Италија, која триумфираше на Светското првенство во Шпанија.

Интер ремизира (1-1) на гостувањето кај Лече, со што „нераѕурите“ остануваат само со една победа во последните пет меча. Против Лече, Пандев беше стартер и ги одигра првите 45 минути, а на стартот од вториот дел беше заменет токму со Милито, кој го постигна единствениот гол за шампионот. Пандев имаше одлична шанса за погодок во 11 минута, но не успеа да искористи за да ја прекине низата од 9 месеци без постигнат гол во Серија А. Според оцените што ги добиваат играчите, Пандев бил најслаб кај Интер со 3-ка, додека неговиот партнер во нападот Самуел Ето доби 7-ца, а тинејџерите Бијабијани и Кутињу беа оценети со 4 и 5.

По ова реми Интер падна на четвртото место на табелата. „Нераѕурите“ веќе в недела го играат големото градско дерби против Милан. На последниот меч меѓу миланските ривали Пандев блескаше, постигна прекрасен гол од слободен удар за победа од 2-0. Милан во дербито влегува како лидер на табелата, откако со 3-1 го победи Палермо, а Лацио врза два пораза во низа откако загуби кај Чезена.
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Ноември.2010 во 14:54

Бенитез се смири: Сега очекувам победи и во Серија А

 


Победата над Твенте од синоќа не само што го лансираше Интер во осминафиналето од Лигата на Шампионите туку, барем привремено, донесе мир во таборот на „нероаѕурите“.

Од почетокот на сезоната тимот на нашиот Горан Пандев бележеше не толку посакувани резултати, но успехот над холандскиот прволигаш беше исклучително важен за Рафа Бенитез по низата критики кои претходно пристигнаа на неговата адреса.

Навистина имавме потреба од оваа победа и сега се надевам дека тензиите во тимот спласнаа. Треба да го подигнеме нивото на самодоверба и да почнеме да победуваме и во шампионатот.“

Многу сум задоволен од искусните фудбалери кои одлично го одиграа целиот меч. Само со млади играчи е навистина тешко да се одигра на толку високо ниво.“ - изјави Бенитез.

Интер има 10 поени од пет натпревари и заедно со Тотенхем веќе се најде во осминафиналната фаза од најелитното европско клупско натпреварување.

Во последниот круг „сино-црните“ му гостуваат на Вердер Бремен, и важно е да издојат поволен резултат кој би ги оставил на лидерската позиција во групата што ќе им донесе послаб противник во елиминационата фаза.


Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Декември.2010 во 06:22

Интер преговара со Капело

Дел од членовите на управата на актуелниот европски првак Интер контактирале со Фабио Капело, кој е под голем притисок на чело на англиската репрезентација по неуспехот на СП 2010, јави "Кориере дело спорт". Според италијанскиот весник, италијанскиот стратег е фаворит да ја преземе клупата на клубот на македонскиот репрезентативец Горан Пандев откако Рафа Бенитес разочара на почетокот од својот престој на "Џузепе Меаца".
Управата на "нераѕурите" ја загуби довербата во Бенитес по двата последователни пораза од Лацио и од Вердер и почна да бара замена за шпанскиот тренер. Претседателот на Интер Масимо Морати неодамна изјави дека триумф на Светското клупско првенство во Абу Даби ќе го спаси Бенитес, но италијанските медиуми пренесуваат дека отказот е само прашање на време.
Покрај Капело, се споменуваат имињата на легендите на Интер Диего Симеоне и Валтер Ѕенга, ланскиот тренер на Милан Леонардо, па дури и тренерот на Барселона Пеп Гвардиола

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Декември.2010 во 10:52
Пандев: Да уживаме во петтиот трофеј
 
Горан Пандев се запиша во историјата на македонскиот фудбал, само како трет играч кој успеал да се радува и на европска клупска круна, но и на светска, а постигнувањето го круниса и со гол вчера во финалето на Мундијалот во ОАЕ
 

 
 

По 19 години и радоста на Дарко Панчев и Илија Најдоски против Коло Коло како членови на Црвена звезда, кога Панчев даде и гол, сега Пандев погоди во триумфот со 3-0 на европскиот првак Интер против африканскиот Мазембе. Тоа беше историски момент за македонскиот ас, кој во последно време беше на удар на критиките и за слабата игра и за малиот придонес со голови за тимот.

- Најважно е што демонстриравме дека сме вистински тим. Уште поважно е дека го освоивме пехарот. Покажавме како игра права екипа и во најважните моменти ние никогаш не паѓаме - рече Пандев.

Тој во 13 минута го трасираше патот кон победата со голот на асистенција на Самуел Ето, отварајќи го мечот во најдобар момент. Четири минути подоцна Ето со вториот гол потврди дека светската титула ќе патува со Пандев во Милано.

- Сакам да им заблагодарам на сите, кои ми помогнаа во тешките моменти. Ето ми сервираше прекрасна топка, но ова беше фантастичен настап на целиот тим. Сега, треба да уживаме во овој петти трофеј годинава - додаде Пандев.

Пандев дојде во Интер на почетокот на годинава по што во мај се радуваше прво на пехерот во Купот, па на скудетото и на крај во Лигата на шампионите. Со голот во суперкупот на Италија, директно влијаеше на четвртиот пехар во победата од 3-1, а го загуби само европскиот Суперкуп со соиграчите од Атлетико Мадрид, откако беа тотално надиграни од шпанскиот тим во Монте Карло.

Кон врв
Schatzii Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Мај.2010
Локација: Germany
Статус: Офлајн
Поени: 10600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Декември.2010 во 12:20
Леонардо, нов тренер на Интер

Бразилецот Леонардо ќе го предводи Интер до јуни 2012 година, а доколку има успеси во овој период сигурно ќе ја добие довербата на раководството на тимот и потоа. Поранешниот фудбалер и тренер на Милан веќе го потпиша договорот со шампионот на Европа, па в среда би требало да го има претставувањето пред медиумите и да го одржи првиот тренинг.

Екипата на Интер по освојувањето на круната на Светското клупско првенство ја продолжи годинешната традиција да ги менува тренерите кои освоиле некаква титула. Мурињо си замина откако ги освои Серија А, Купот на Италија и Лигата на шампионите. Бенитез го напушти откако стигна до првото место во Абу Даби.

"Му посакуваме многу среќа во водењето на клубот. Сигурни сме дека со неговиот квалитет тој ќе успее да го врати тимот на победничките патеки во Серија А и очекуваме добри резултати до крајот на сезоната", велат од екипата на Интер.

Назначувањето на Леонардо за тренер во тимот на Интер е голем удар за Милан бидејќи Леонардо важи како еден од најдобрите фудбалери кои настапувале во редовите на "росонерите". Тој дури беше и тренер во Милан, па неизвесно е како ќе реагираат на ова и фановите ако се знае дека ривалството е големо.

Иако уште не е ни претставен пред фудбалерите, Леонардо веќе почна да размислува за засилување на составот. Меѓу оние кои тој ги посакува се двајца играчи кои настапуваат во Шпанија. Кака е сЕ поблизу до Интер, а се споменува дека ќе биде направен обид да се ангажира напаѓачот на Севиља, Луис Фабиано за кое е заинтересиран и Интернационал.

Леонардо веќе го потврдил и својот интерес за универзаленецот на Удинезе, Алексис Санчез, кој е е еден од најталентираните во овој тим.
Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.
Кон врв
Schatzii Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Мај.2010
Локација: Germany
Статус: Офлајн
Поени: 10600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Декември.2010 во 13:26
Почна ерата на Леонардо

Новиот тренер на Интер, Леонардо, од вчера и официјално стартуваше со својата работа во Милано. Тој се враќа во овој град, но сега црвената боја ја замени со сината и кога ќе доаѓа на работа ќе оди во соседната канцеларија.

Леонардо е тренер кој својата прва работа ја имаше во Милан. Клубот за кој играше веројатно нема да може лесно да му прости што реши да замине кај најголемиот конк*рент, но, сепак, се работи за професионалец кој уште на првата прес конференција најави дека екипата има потенцијал за високи дострели.

"Многу се пишуваше, а и се уште се пишува за тоа дека е чудно што јас како поранешен член на Милан и вљубеник во овој тим доаѓам во Интер. Морам да бидам искрен и да кажам дека не сум навивач на Интер. Сепак, во оваа работа тоа не е воопшто важно. И покрај тој факт сметам дека можам на мојот нов клуб да му донесам успех. Токму поради ова и дојдов во Интер", рече Леонардо на прес-конференцијата на која беше претставен пред јавноста.

Секако, уште долго ќе се зборува за тоа дека Леонардо ги замени клупските боди, но веројатно во иднина многу повеќе ќе се оценуваат неговите резултати на теренот.

"Возбуден сум толку многу што немам вистински збор за да го опишам чувството. Морате да сфатите дека за мене доаѓањето во Интер е најголемиот можен предизвик на кој можев во моментов да се нафатам. Не постои ништо повеќе. Уште ако речам дека во Интер дојдов веројатно во најуспешната година на клубот во историјата тогаш мислам дека имам кажано се".

Тој ќе биде дури петтиот тренер кој успеал во својата кариера да седне на жешките клупи на ривалите од Милано. Пред него тренери и на Интер и на Милан биле Џузепе Багоно, Џовани Трапатони, Хиларио Кастанер и Алберто Закерони.

"Секогаш сакав да бидам слободен и да имам слободни погледни кон се. Затоа моето доаѓање во Интер го сметам како нормална работа. И морам да кажам една работа. Не можев никако да му речам не на Масимо Морати. Спонтано меѓу нас има некоја посебна хемија и се создаден прекрасен однос. Верувам дека така ќе ми биде цело време додека сум во Интер", рече Леонардо на прес-конференцијата која се одржа пред да замине на првиот тренинг со фудбалерите.
Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Јануари.2011 во 07:12
Сигурен триумф на Интер
 

Во мечот од 20-то коло на италијанската Серија А, актуелниот шампион Интер на „Сан Сиро“ убедливо ја совлада Болоња со 4:1  

„Нероаѕурите“ ја забележаа и втората победа под водство на новиот стратег, но во саботата навечер демонстрираа сигурна и надмоќна игра во текот на сите 90 минути. Исто така, важно за Интер е што се разбудија стрелците. Во 20. минута Дејан Станковиќ го отвори резултатот, а по десет минути во стрелците се впиша и минатогодишниот голгетер Диего Милито. Во вториот дел Самуел Ето по подолго време постигна два гола, во 63, и 72 минута, а на конечните 4:1 намали Гименез во 77. минута.
Горан Пандев настапи во втората половина од вториот дел, и имаше еден опасен шут од дваесетина метри.
Со победата Интер се искачи на четвртата позиција со 32 одови колку што има и петтата Рома, а лидерот Милан има 40 бодови.
Болоња падна на 15. место и сега има 22 бодови, бидејќи претходнопоради финансиски проблеми и’ беа одземени административно три бода.
Второпласираниот Наполи кој сега има 37 бодови претходно во саботата ремизираше со Фиорентина играјќи без голови. Фирентинците сега се на 10. позиција со 24 бодови.



Изменето од емил - 16.Јануари.2011 во 07:12
Кон врв
DankoOH Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)
Озрачен

Регистриран: 16.Јануари.2011
Статус: Офлајн
Поени: 2
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DankoOH Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Јануари.2011 во 23:47
Ајде се враќет во форма то е добро...

INTER
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Февруари.2011 во 16:18

Нагатомо: Интер беше мојот сон!

 

Јуто Нагатомо му се придружи на Интер откако го освои Купот на Азија со репрезентацијата на Јапонија, предводена од тренерот Алберто Закерони. Денес беше одржана официјалната прес-конференција на која беше претставен новиот фудбалер на Интер.

„Интер е тим кој го посакував, Светски шампион. Се гордеам што сум овде!“ - Беа првите зборови на Нагатомо.

Спортскиот центар „Анџело Морати“ во базата „Апиано Џентиле“ беше преполн со новинари, многу од нив дојдени од Јапонија.Покрај Нагатомо беа тренерот Леонардо, техничкиот директор Марко Бранка и спортскиот директор Пјеро Аусилио.

„Од името на претседателот Масимо Морати и сите во Интер му посакуваме добредојде на Јуто во нашиот клуб. Сигурни сме дека ќе биде фантастично искуство за него во сино-црниот дрес, а исто така и за нас,“ - изјави Бранка отворајќи ја прес-конференцијата.

„Сите се фини со мене и се прилагодувам многу брзо, како со луѓето така и од фудбалски аспект“ изјави јапонскиот фудбалер.

„Јас сум работлив и никогаш не се плашам на теренот. Брз сум и добар во дуелите со противниците. Исто така сум многу дружељубив. Сега едвај чекам да заиграм, подготвен сум кога и да ми даде шанса тренерот“ - заврши Нагатомо со мал осврт на себе си.

Му посакуваме добредојде во Интер!

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Март.2011 во 15:52

Претседателот на Интер не ја крие својата желба во својот тим следната сезона да го види играчот на Удинезе.

Масимо Морати ја изрази својата воодушевеност од игрите на Алексис Санчез оваа сезона, како и желбата ова лето да го донесе Чилеанецот во Интер.

Санчез е една од најголемите ѕвезди оваа сезона во Серие А и неговите одлични игри го однесоа Удинезе на четвртото место и борбата за пласман во Лигата на шампиони следната сезона.

Алексис Санчез е фантастичен играч. Тоа можеше да се види уште пред некоја година. Удинезе направи многу добра работа во неговиот развој во уште подобар играч. Тоа ќе им се врати и резултатски, но и финансиски. Тој е тип на играч за кој сонувате“ - рече Морати за Corriere dello Sport.

Санчез изјави дека не размислува за трансфер во моментов, но тој сепак делува неизбежен со оглед на големиот интерес за него од страна на најголемите европски клубови.

Покрај Интер, за него заинтересирани се уште и Барселона, Челзи, Манчестер Јунајтед и Јувентус.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Март.2011 во 11:10

Голманот на “нероазурите“ го повика својот талентиран сонародник од Сантос да му се придружи во редовите на европскиот шампион.

По веста дека Гансо и соопштил на управата на Сантос дека нема да потпише нов договор и дека сака да се пресели во Европа, се разгоре интересот на “стариот континент“ за 21-годишниот талент. Најсериозни во тој интерес се градските ривали Интер и Милан.

Во помош на управата на својот клуб пристапи Жулио Цезар, кој го посоветува Гансо да ја прифати понудата на моменталниот италијански и европски шампион.

Знам дека и Интер и Милан се заинтересирани за Гансо, но јас можам да му порачам дека најдобро за него ќе биде да дојде во Интер“ - изјави голманот на “нероазурите“.

Тој во моментов е заедно со Гансо и со остатокот од репрезентацијата на Бразил, која се подготвува за пријателскиот дуел со Шкотска закажан за во недела.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Мај.2011 во 06:04
Интер - за Робен 30 милиони евра

Интер е подготвен да понуди 30 милиони евра за крилото на Баерна Минхен, Арјен Робен.

Ова не е прв пат Робен да се поврзува со екипите од Серија А, бидејќи Јувентус и Милан од поодамна се заинтересирани за неговите услуги.

Сега одненадеж се појави можноста Интер да го купи 27-годишниот фудбалер, а според медиумите, понудата наскоро ќе биде испратена на адреса на Баварците.

Робен можноста да го напушти Минхен ја отвори со констатацијата дека Баерн мора да игра во Лигата на Шампионите, што же биде неизвесно до последното коло во Бундес лигата.

На потег ќе биде управата на Баерн, а 30 милиони евра можеби ќе ги задоволат апетитите на Баварците, бидејќи Робен доста често имаше проблеми со повредите.

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 4567>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,141 секунди.