IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Фудбал > Фан клубови
  Активни теми Активни теми RSS - Фан клуб Интер
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Фан клуб Интер

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 34567>
Автор
Порака
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Март.2010 во 09:59
Прво нов договор со Мурињо, потоа Џерард

Италијанскиот спортски дневник Кориере дело спорт тврди дека раководството на Интер се подготвува да му понуди продолжување на договорот на тренерот Жозе Мурињо со кој ќе го задржи на Џузепе Меаца до 2013 година. Според истиот извор, португалскиот стручњак нема против да прифати такво нешто, а целата работа може да се заврши пред крајот на актуелната сезона независно од резултатите на тимот.

Актуелниот договор на Мурињо е со важност до 2012 година, што значи дека Масимо Морати има желба да го задржи во својот тим уште една дополнителна сезона. Тоа ќе се обиде да го направи со зголемување на неговата годишна плата од 11 на 13 милиони евра. Кога ќе се заврши таа работа, Интер ќе тргне по засилувања за кои дополнително ќе бидат обезбедени финансиски средства.

Инаку, прв на листата на желби е капитенот на Ливерпул, Стивен Жерард, за кого италијанскиот првак се посериозно "гризе". Како што е познато, Мурињо и додека беше менаџер на Челзи се обидуваше да го донесе Жерард во своите редови, но таа желба никогаш не успеа да си ја исполни. Бразилскиот интернационалец Тиаго Мота не ги оправда очекувањата, па со Жерард ќе се обиде да го засили средниот ред, за многумина најслабата линија во тимот на Интер.

"Тој е одличен фудбалер, перфекционист и секогаш подготвен да го даде максимумот за својот тим. Мислам дека ќе ни биде од огромно значење и дека со него ќе останеме непобедливи во Италија", изјави Морати.

Ако повторно не успее со Жерард, Интер ќе и конк*рира на Барселона во трката за фудбалерот на Арсенал, Цеск Фабрегас. И тука се мали шансите италијанскиот првак да успее, но раководството на клубот не се откажува од намерата летово да го засили средниот ред со квалитетен играч.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Март.2010 во 09:54
Никој нема да не престигне

Италијанскиот шампион Интер успеа да ја преживее пеколната недела во која прво го мина Челзи во осминафиналето од Лигата на шампионите, а потоа одигра 1:1 на гостувањето кај Палермо за на крајот да остане на првата позиција на табелата во Серија "А" пред се благодарение на нерешениот резултат на нивниот конк*рент Милан во дуелот со Наполи. Екипата од Џузепе Меаца има само една победа на последните седум натпревари, што е најлоша серија по сезоната 2004/05. Меѓутоа тренерот Жозе Мурињо воопшто не е загрижен за ситуацијата во која се наоѓа неговиот тим, бидејќи верува дека фудбалерите се способни да одиграат квалитетно до крајот и да го одбранат трофејот.

"Конк*рентите ги пропуштија своите шанси да не престигнат. Повеќе нема да им пружиме вакви можности. Сега играме со Ливорно и тоа ќе биде почетокот на нова наша победничка серија", изјави Мурињо.

По дуелот со Ливорно в среда Интер ќе го одигра дербито на Олимпико против Рома еден од клучните мечеви за "Скудетото". На неговите изјави се приклучи и голманот Жулио Цезар кој додаде дека сите екипи кои играат против Интер дополнително се мотивирани и целосно мобилизирани, меѓутоа тоа не му пречи на неговиот тим во обидот да стигне до бодовите.

"Апсолутно сум сигурен дека повторно ќе бидеме шампиони. Иако ги пропуштивме двата бода против Палермо, докажавме дека сме страшен тим. Сите противници се трудат максимално кога играат со нас, но тоа е логично. Ние сме шампиони и сите сакаат да се надигруваат со нас. Не стравувам од конечниот епилог на сезоната, бидејќи верувам дека Интер на чело со Мурињо ќе стигне до нова титула", изјави бразилскиот голман.

По одигрувањето на 29 коло во Серија "А" Интер е на првата позиција со 60 освоени бодови, еден повеќе од Милан и четири од Рома на третото место.


Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Март.2010 во 14:43
Фабрегас од лето во дресот на Интер

Има уште многу време до летниот преоден рок, но уште од сега се знае дека една од ѕвездите во летниот трансфер преоден рок ќе биде Фабрегас.

Шпанецот е на мета на многу клубови, а изгледа дека е најблиску до екипата на Интер. Од следната сезона играчот од средниот ред на Арсенал Фабрегас ќе го носи дресот на Интер, барем така тврдат новинарите на "Скај Спорт" Италија.

Според нивните пишувања, Италијанскиот шампион на својата листа на играчи за полисите за осигурување го има ставено и името на шпанскиот репрезентативец иако тој нема потпишано никаков договор со Интер.

Но тоа е сосема доволно медиумите на Апенинскиот полуостров да го преселат Фабрегас во Италија. Тренерот на "нероазурите" Жозе Мурињо го обожава играчот на Арсенал кој во моментов е проценет на 55 милиони евра бидејќи има договор со "Топџиите" до јули 2014 година. Како дел од трансферот се споменува и напаѓачот на Интер Марио Балотели кој би се преселил во Лондон.
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Март.2010 во 11:45
Интер во целост застана на страната на Мурињо, во „војната" со Балотели

Нагонот за расправии кај португалскиот тренер Жозе Мурињ, кој моментално ја врши должноста стратег на Интер, никогаш не бил доведен под знак прашалник.

По доаѓањето во овој милански клуб "омилена" мета му беше 19-годишниот Марио Балотели со кого создаде вистински непријателски однос и веројатно не мина ниту еден месец без нивна караница.

Последниот гаф кој го направи Балотели е оној од пред неколку дена кога во интервју за една ТВ станица покажал дрес на Милан на кој испишано било неговото презиме.

Мурињо во петокот обави разговор со Балотели, по што играчот го напушти тренинг кампот на тимот каде се подготвуваат за денешното големо дерби на Серија А против Рома. Тоа ќе биде шести меч како Интер игра без Балотели.

Сопственикот на Интер, Масимо Морати беше еден од најголемите фанови на Балотели, но и тој ги крена рацете од играчот по скандалот со дресот на Милан. Клубот, сепак и службено се огласи по ова прашање.

"Во секој детал се согласуваме со нашиот тренер Мурињо и ги почитуваме неговите одлуки. Ако одлучи да го изостави Балотели, во целост се сложуваме со таквата одлука" - стои во извештајот.
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Март.2010 во 14:19
Нема да му се извинам на Мурињо, немам зошто

Сапуницата околу 19-годишниот Марио Балотели продолжува и сеуште не се гледа крајот. Нова епизода е направена за време на популарното ТВ шоу, "Чиамбрети Најт".

Главен гостин на вечерта бил италијанскиот стратег Џовани Трапатони, кој моментално е селектор на ирската фудбалска репрезентација, но сепак емисијата кулминирала кога на телефонската линија се огласил играчот на Интер, Марио Балотели.

Во текот на денешниот ден од Интер известија дека Мурињо нема да го вклучи "СуперМарио" во составот за првиот четвртфинален меч од ЛШ во кој Интер ја пречекува ЦСКА, што ќе биде шести меч по ред како Балотели го нема во составот.

"Работите не се такви како што се презентираат и не е вистина она што го слушавте изминатите денови. Искрено, не сум глупав да не играм шест меча во низа и тоа да биде во ред" - рекол Балотели и продолжил:

"Не, нема да му се извинам на Мурињо, бидејќи немам причина за тоа. Се ќе кажам, се ќе изнесам во јавноста кога за тоа ќе дојде време".
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Април.2010 во 14:57
Балотели им се извини на Мурињо и Интер

Долготрајната расправија која владее на релација тренерот на Интер Жозе Мурињо и неговиот 19-годишен напаѓач Марио Балотели привремено е запрена.

Секако, попушти фудбалерот, кој му се извини на клубот, но и на тренерот Жозе Мурињо.

"Се извинувам за ситуацијата која владее во последно време. Во неа најмногу загубив јас бидејќи не играв, но за сето тоа сум самиот виновен. Сега во тишина ќе ја чекам својата шанса повторно да се вратам во тимот. Не би сакал да се навраќам во минатото, туку сакам да размислувам за иднината и за мечевите на Интер кои следат, во кои сакам да помогнам. Знам дека можам да бидам далеку покорисен на тревникот." - изјавил Балотели.

Овој играч не настапи на последните шест меча за Интер, а цело време нагласуваше каде еден ден ќе ја изнесе целата вистина во јавноста, со што ќе докаже дека не е виновен.

Сепак "правата вистина" не ја обелодени и се одлучи на ваков чекор.

Кон врв
stigma04 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Март.2010
Статус: Офлајн
Поени: 2661
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај stigma04 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Април.2010 во 22:15
inter sampionnnnnnnnnnnnnnnnnnnnnnnnnnnnnnnnnnnnnnnnnnnnnnnnnnnnnnnnnnnnnnnnnnnnnnnnnnnnnnnnnnnnnnnnnnnnnnnn
Jas sum pepel tamu kade sto bev ogan
Кон врв
Calipso Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Primarius

Регистриран: 26.Мај.2009
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 44671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Calipso Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Април.2010 во 01:28
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker!
Кон врв
badboy92 Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Мај.2010
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 18
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај badboy92 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Мај.2010 во 23:51
INTEEEEEEEEEEEEER SAMPIONIIIIIIIIIIIII ALE ALEEEE :D
I AM THE BEST AND f**k THE REST !! :D
Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јуни.2010 во 13:50
Рафаел Бенитез во Интер?

Рафаел Бенитез е многу близу до клупата на Интер, а италијанските медиуми тврдат дека Шпанецот со себе во Милано ќе ги доведе Хавие Маскерано и Дирк Кајт.

"Газета дело Спорт" тврди дека техничкиот директор на европскиот првак Марко Бранка веќе ги завршил првичните преговори со шпанскиот стратег и тоа само неколку часа по објавувањето на веста дека Бенитез стави крај на соработката со Ливерпул.

Како што наведува весникот, се е договорено, а се чека само зелено светло од претседателот на Интер Масимо Морати, кое не би требало да изостане.

Бенитез ќе добие многу поголема сума за трансфери во споредба со онаа што ја имаше во Ливерпул, но прва задача ќе му биде да разговара со Маикон, снајдер и Диего Милито, кои сите сакаат да ги задржат во клубот. Потоа Шпанецот би можел да работи на доведување на играчите на Ливерпул, Маскерано и Кајт.

Покрај Бенитез кандидат за местото тренер на Интер, на кое до неодамна седеше Жозе Мурињо, се споемнуваат и Гус Хидинк и Мануел Пелегрини.
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јуни.2010 во 13:52
Морати ќе направи голема грешка според мене доколку го ангажира Бенитес.
 
Бенитес е исфорсиран тренер и само ќе придонесе за полоша игра на Интер.
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Август.2010 во 12:39

Бенитез не го пушта Маикон


Тренерот на Интер, Рафаел Бенитез, ќе се обиде да го блокира трансферот на Маикон во редовите на Реал Мадрид, бидејќи Шпанецот смета дека му е неопходен во редовите на италијанскиот првак. По доаѓањето во Интер, Бенитез се помири со фактот дека Маикон ќе го напушти клубот, но се премислил

 
 
%20  
Бенитез својата желба му ја пренел и на претседателот на клубот Масимо Морати, а и самиот Маикон изјавил дека ништо не го интересира и дека сака само да работи во мирна атмосфера.

I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
MyWay Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Антиталенат на годината

Регистриран: 05.Септември.2008
Локација: Aruba
Статус: Офлајн
Поени: 23914
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај MyWay Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Септември.2010 во 16:19
Go obozavam inter zaradi Pandev koj igra sega tamu....nash covekсреќа

Како изгледа совршен маж..Он не изгледа..Он се понаша ......

Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Септември.2010 во 15:16
Ето сака барем 25 голови
 


Самуел Ето повторно се врати во гол форма. Камерунецот си ја доби својата позиција на врвот во нападот на Интер и постигна два погодоци.

Постигна два погодоци кои му ја донесоа победата на неговиот тим од 2-1 над Палермо како гостин. Успехот, стави крај на серијата од 26 домашни натпревари без пораз на сицилијанците. Тие не беа поразени на Ренцо Барбера од март 2009.

Ето веќе има 8 погодоци од почетокот на сезоната. Постигна 2 погодоци за суперкупот на Италија,  2 во Серија А, еден во Лигата на Шампионите и 2 за Камерун.

Во текот на минатата сезона улогата на Ето беше сосема поразлична. Жозе Мурињо го постави на крилото и побара од него да асистира на другите. Сега Камерунецот е поразличен, кризата која во моментов ја има Милито, не се осеќа благодарение на Ето.

„Ако не постигнам барем 25 погодоци, значи воопшто нема смисла да ги бројам. Сакам да постигнам колку што е можно повеќе погодоци“, кажа напаѓачот.
I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 34567>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,531 секунди.