IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Интима > Секс
  Активни теми Активни теми RSS - Секс занимливости
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Секс занимливости

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 4142434445 49>
Автор
Порака
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Јануари.2012 во 19:34

Редовен секс клуч за вечна младост!

Некои научници тврдат дека редовните сексуални односи се клуч на вечната младост и добрата телесна и духовна состојба на секој поединец. Докажано е дека сексот има лековито дејство, посебно кај болести од психоматски извори, а ублажува и многу други здравствени проблеми.

Сексот го јакне срцето

За време на сексот дишењето се забрзува со што се зголемува нивото на кислород во крвта и го јакне срцевиот мускул. За време на сексуалниот однос се зголемува нивото на женски хормон естроген, кој е познат по неговото благотворно дејство на срцето.

Сексот го намалува нивото на холестерол

Кај мажите за време на сексот се зголемува нивото на тестостерон кој помага за јакнење на коските и мускулите, а истовремено го снижува нивото на холестерол.

Сексот ги ублажува симптомите на артритис

Со секс може да се излечи главоболка и болки од артритис. Доколку сте под стрес, не постои подобра терапија од секс. Одличен е за здравјето на простатата.

Со секс против вишок на килограми

Стручните лица тврдат дека доколку имате сексуални односи еднаш неделно во текот на една година ќе потрошите 7500 калории, исто како да сте истрчале 120 километри.

Секс против ПМС

Едно истражување потврдило дека со секс се олеснуваат менструалните тегоби. Во истражувањето учествувале 1000 жени. Жените кои редовно имале секс поретко се жалеле на предменструални и менструални болки.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Јануари.2012 во 14:15

Зашто е поубав сексот со пријател?

seks-so=prijatel.jpg

Дури 63% од девојките би го направиле тоа со некој пријател, отколку со некој непознат. Новото истрастражување открива дека дури 60% од испитаниците барем еднаш во својот живот имале пријател со бенефиции, односно некој со кој имале секс без сериозна емотивна врска.

Девојките велат дека пријателите подразбираат почитување, па дури и емотивна идентичност поради кое девојките му даваат предност на ваквиот секс, наместо на оној со потполно непознати личности. 80% од девојките не очекуваат дека оваа врска би можела да се развие во нешто посериозно.

Тие објаснуваат дека сексот со пријател им одговара, бидејќи се чувствуваат сигурно и опуштено, а имаат и повеќе доверба во пријателот, отколку во некој непознат.

Најголемиот проблем во ваквите врски е ризикот од расипување на пријателството или опасноста од заљубување на еден од двајцата партнер

Кон врв
LiDivio Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор


Регистриран: 19.Мај.2010
Статус: Офлајн
Поени: 7265
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај LiDivio Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Јануари.2012 во 14:22

До модераторот: има грешка во насловот на темава:

Не треба заминливости туку занимливости со мала буква (ако може да се поправи, како до сега не ви текнало) збунетостголема насмевка
 
ПС: сега видов дека нема модератор подфорумов... замисленост


Изменето од LiDivio - 20.Јануари.2012 во 14:25
Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Јануари.2012 во 21:15

Тоа е поправено Ли, касно гледамнамигнување

А еве нешто интереснпголема насмевка
 

Што „работат“ нашите манекенки во Арапскиот свет?

Конечно некој се одлучи да зборува јавно за “работата“ на нашите манекенки, мисици и модели во Арапскиот свет. Многу наши девојки во последните неколку години заминаа на работа во Дубаи, Абу Даби, Катар, а по телевизиите по нивното враќање во Македонија зборуваат за нивните ангажмани што ги имале таму, но ниедна од нив конкретно не кажува што правела таму.

Ниедна не кажала дали била на „раскалашените“ забави во резиденциите на богатите шеици, ниту за нивните неделни “манекенски“ хонорари, кои на неделно ниво се движат од 1000 до 5000 долари.

Дознајте од соговорници за непристојните понуди кои ги имале манекенките и што требале да прават за тие пари во скутовите на мултимилијардерите. Дознајте како ги заработуваат скапите Луј Витон, Ерме чанти и од каде пари за Лубутин чевли.

------------
 
Денес во Тротоар шоу имало повеќе за тоа....јас не гледав поради обврски. Ај ако некој знае подетално да раскаже што се кажале на Тротоарголема насмевка
I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
Renatax Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Декември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 11613
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Renatax Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Февруари.2012 во 09:12
Дознајте какви се во кревет вашите сакани/посакувани во кревет според нивните имињанамигнување




Само треба да соберете „два плус два“ и ќе дознаете кого имате покрај вас...Затоа фрлете се веднаш на сметање...

На секој вокал( А,Е,И,О,У)му доделувате одреден број и собирате. На тој начин уште со самото запознавање ќе знаете со кого си имате работа...Најпрвин сите запишете ги сите вокали во името на вашиот партнер/ка. Потоа на секој вокал доделете му одреден број и соберете ги. Доколку на крајот добиете двоцифрен број, соберети ги цифрите и ќе добиете едноцифрен.
А-1; Е-5; И-9; О-6; У-3

Пример: Дијана: 9 + 1 + 1 =11; 1 + 1 =2

1. Тие се прилично среќни во креветот-но само кога се расположени и кога навистина сакаат секс. За жал тоа не се случува често. Околу нив ќе мора навистина да се потрудите, се додека конечно не се согласат на секс. А кога конечно тоа ќе се случи тие ќе бидат нежни и страствени љубовници.

2. Овие љубовници се досадни, тие се само бледа сенка на она што секоја жена или секој маж би сакале да го имаат покрај себе. Сакаат да се фалат, посебно жените иако се се тоа само обични лаги. Ако повеќе време би си посветиле себе си тогаш можеби и ќе дознаат што е страст и желба. Затоа помогнете им да се пронајдат.

3. Овие личности обожаваат секс и тоа жесток. Но притоа нема да обрнат внимание на вас и вашите желби. Без гајле за романтиката, но сепак по неколку недели ќе видите дека ова однесување воопшто не е спонтано туку дека се е доброо испланирано и нормално набрзо тоа ќе ви се здосади. Затоа препорачуваме тактика: изненадете ја / го и сторете се за здодевноста да не се вовлече во вашиот живот.

4. Со овие претставници, посебно со оние од понежниот пол можете да доживеете прекрасен секс- но само ако имате исти интереси како нив. Тие никогаш не се откажуваат, спремни се дури и да одглумат дека се е во ред иако тоа не е така.
5. Исклучително шармантни личности. Таа/ Тој ги знаат сите важи потајни желби и знаат да ве доведат до лудило само со еден допир. Понекогаш и нивниот поглед е доволен да ве усреќи.

6. Под овој број се крие следнава порака: тие сакаат секс, но во себе носат нешто животинско. Бројот шест е ѓаволски број. Кога ќе се отпуштат можете да ги скротите, но можеби и баш тоа ќе ви се допадне кај нив.
7. Ниедна друга личност на светот нема да ви покаже нежност од среќната 7-ка Тие умеат да ве сослушаат, многу се внимателни и многу нежни љубовници. Сакаат да слушаат нежна и романтична музика и да уживаат со сите сетила.

8. Осум е број на бесконечност, сте фатиле девојка/ дечко кои не знаат за крај. Тие сакаат секс и тоа интензивен. Навистина ќе ви биде преубаво доколку сте и вие такви. Во спротивно ќе ве истоштат. Сон на многу луѓе е да имаат вакви неуморни љубовници.

9. Бројот 9 ја симболизира разузданоста и дивината. Кога тие ја демонстрираат својата страст имате чувство дека сте стигнале во некој друг свет.  На нив сексот им е во крвта, а уметноста на заведувањето е нивното второ име. Единствен проблем е што на ништо друго не мислат.





Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Февруари.2012 во 13:32

Тој што заспива веднаш после секс навистина е заљубен!

Заспивањето после секс обично се толкува како незаинтересираност и неромантичност на партнерот, меѓутоа тој факт всушност отркива дека тој е навистина заљубен, тврдат научниците од Универзитетот во Мичиген. Тие откриле дека луѓето кои веднаш после секс “потонуваат во длабок сон“, имаат поголема желба за блискост со партнерот, пренесува Дејли Меил.

Научниците потврдиле дека колку побрзо партнерот после секс заспие, толку поопуштен и сака длабока врска. 

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Февруари.2012 во 12:50

Кои се четирите застарени митови за сексот?


Сексот е подрачје во кое постојано се оценуваме мислејќи дека не сме доволно добри љубовници. Притоа често се поклопуваат митовите и легендите за сексот кои ни наметнуваат дополнителни очекувања од сексуалната вештина. Проверете кои 4 митови можете да ги заборавите. 
МИТ: Мажите имаат повеќе партнерки од жените

ВИСТИНА: После сексуалната револуција во склоп на која жените земале дел од моќта, урнати се и некои предрасуди. Жените воопшто не заостануваат зад мажите по бројот на партнери со кои воделе љубов.

МИТ: Мажите сакаат да имаат почесто секс од жените

ВИСТИНА: И жените сакаат секс, меѓутоа често се спречувани од многуте обврски. Покрај работата, жените имаат многу обврски поврзани со домот и семејството, а тоа многу ги изнемоштува. Покрај тоа, хормонските промени може да предизвикаат најразлични емоции. Поради тоа жените не ги молат мажите за да имаат секс, како што мажите знаат тоа да го прават.

МИТ: Среќните парови секогаш уживаат во добар секс

ВИСТИНА: Паровите кои се долго во врска често запаѓаат во рутина. Тоа е нормална појава, па затоа е добро да се испробаат и некои нови работи. Препуштете и се на фантазијата.

МИТ: Најдобриот секс е спонтан

ВИСТИНА: Во спонтаниот секс има многу возбудувања, но и планираниот секс носи големо исклуство. Кога планирате да имате секс, постојано мислите на него, а тоа креира сексуална атмосфера. Колку повеќе го одложувате, толку уживањето ќе биде поголемо.

Кон врв
Ninja 35 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Февруари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 17840
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Ninja 35 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Февруари.2012 во 17:46

Сакате да ја вжештите атмосферата зад затворени врати? Еве неколку сознанија кои ќе ви ги интензивираат возбудата и желбата за уште поголема интимност:

1

Левата страна на клиторисот е најжешкото место

Многу експерти тврдат дека има одредена област од клиторисот којашто е почувствителна и предизвикува поинтензивни пријатни сензации. Експертите велат дека горниот лев „дел“ на клиторисот е најжешката точка. Па, не чекајте, насочете ја раката на вашиот сакан малку налево.

2

Поплитко проникнување = поголемо задоволство

Прескокнете го длабокото проникнување за да извлечете максимално задоволство од сексот. Секс гуруата тврдат дека надворешната третина од вагината е најчувствителна, па не е неопходно да се обидувате да пронајдете пози за подлабока пенетрација за да имате незаборавен секс. И многу мажи екстремно уживаат во првите моменти од пенетрацијата, што значи дека плитката игра ќе ви ги оствари желбите и на двајцата.

3

Црвено за експлозивна возбуда

Боите со кои сме опкружени имаат неверојатно влијание врз нашето расположение и емоции. Најсекси боја дефинитивно е црвената. Но, ако избирате нови чаршафи или специјална долна облека, нема да погрешите ако се во виолетова или темно сина боја, како ноќното небо. Најмалку секси е сивата боја.

4

Долга предигра = натрупување на сексуална возбуда

Колку повеќе го одложувате главниот сексуален акт, толку повеќе ќе го посакувате и толку повеќе ќе уживате во него.

Предлог предигра: еротска приказна од двајца автори. Земете лист хартија и пенкало. Започнете да пишувате еротска приказна. Напишете вие една реченица, па прочитајте ја наглас. Дајте му на вашиот партнер да продолжи и нека прочита и тој наглас. Одолејте му на искушението да ја прекинете приказната за да продолжите со страсни бакнежи, сè додека не напишете имагинативен возбудлив крај.

5

Нозе преку неговите рамена за тој да се почувствува помоќен

Додека сте во мисионерска поза, ставете ги нозете над неговите рамена. Ваквата положба го стеснува вагиналниот канал и тој веднаш ќе се почувствува поголем и помоќен внатре во вас.

6

Лубрикантот може да ја елиминира болката и да го зголеми уживањето

Лубрикантот не е само за возрасните жени кои влегле во менопауза. Ако пенетрацијата ви предизвикува болка, тогаш не се двоумете дали да употребите лубрикант, затоа што тој ја зголемува влажноста на вагината и создава сензуално искуство и за вас, и за партнерот.

7

Желбата за секс зависи од фазата од менструалниот циклус во која се наоѓате

Најголем дел од жените доживуваат зголемување на желбата за секс во периодот околу фазата на овулација (околу 14-тиот ден по започнувањето на менструалното крварење). Природата со тоа нè поттикнува да посакуваме повеќе секс во периодот кога е најголема веројатноста да забремениме. Не заборавајте да користите заштита ако не сте подготвени да станете мајка.

8

Кратко, а слатко: вообичаено сексот трае помалку од десет минути

Во реалноста сексот не е целовечерен маратон, како што понекогаш сакаат да ни прикажат филмовите. Не треба да негувате идеи дека нешто не е во ред со вашиот љубовен живот ако вашиот партнер не успева секогаш да ве истошти. Всушност, истражувањата покажуваат дека најпосакуваниот секс трае 7-13 минути.

Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Март.2012 во 15:09

Редовен секс клуч за вечна младост!

Некои научници тврдат дека редовните сексуални односи се клуч на вечната младост и добрата телесна и духовна состојба на секој поединец. Докажано е дека сексот има лековито дејство, посебно кај болести од психоматски извори, а ублажува и многу други здравствени проблеми.

Сексот го јакне срцето

За време на сексот дишењето се забрзува со што се зголемува нивото на кислород во крвта и го јакне срцевиот мускул. За време на сексуалниот однос се зголемува нивото на женски хормон естроген, кој е познат по неговото благотворно дејство на срцето.

Сексот го намалува нивото на холестерол

Кај мажите за време на сексот се зголемува нивото на тестостерон кој помага за јакнење на коските и мускулите, а истовремено го снижува нивото на холестерол.

Сексот ги ублажува симптомите на артритис

Со секс може да се излечи главоболка и болки од артритис. Доколку сте под стрес, не постои подобра терапија од секс. Одличен е за здравјето на простатата.

Со секс против вишок на килограми

Стручните лица тврдат дека доколку имате сексуални односи еднаш неделно во текот на една година ќе потрошите 7500 калории, исто како да сте истрчале 120 километри.

Секс против ПМС

Едно истражување потврдило дека со секс се олеснуваат менструалните тегоби. Во истражувањето учествувале 1000 жени. Жените кои редовно имале секс поретко се жалеле на предменструални и менструални болки.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Март.2012 во 20:35


Најпродаваниот американски автор Стивен Ландсбург истакнува дека сексуално активните луѓе, всушност го спречуваат ширењето на сексуално преносливите болести.

ne500

Стивен Ландсбург, професор по економија на американскиот универзитет „Рочестер“ и автор на неколку книги, научно докажал дека колку имате повеќе секс – толку е подобро за вас. Покрај тоа професорот истакнува дека мажите треба да бидат многу поактивни сексуално за да можат да ги заштитат жените.

„Кога луѓето, кои се делумно неактивни ќе станат активни им овозможуваат многу поголеми шанси на оние кои се во потрага по партнер, да пронајдат некој кој е здрав. Сексуално неактивните кои само во ретки прилики имаат партнери и доколку во тие случаи се заразат со некој вирус исто така претставуваат спас за човештвото. Зошто? Бидејќи се неактивни и неможат да ги шират овие болести. Како и да е и во двата случаи зголемената активност ги прави луѓето се посигурни“, ја објаснува својата теорија Ландсбург, пишува „Тпортал“.

Ако мажите се премногу активни, истакнува американскиот професор, ќе пренесуваат повеќе болести: „Меѓутоа, ако спијат со личности кои се уште поактивни од нив, во тој случај делуваат како заштита. Значи процесот оди во два правци – дополнителниот секс на двата партнери понекогаш може да делува заштитно, а понекогаш заразно.“

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Март.2012 во 23:16

Утрински секс за добар почеток на денот


Секс игрите најдобро е да ги темпирате во 7 и 30 наутро. Нивото на хормонот на стрес е на мнгу ниско ниво, а во ова време телото лачи огромна количина на сексуални хормони и адреналин. Луѓето кои тоа време го користат „активно“ се поопуштени и поенергични во текот на денот, тврдат британските научници.

За да го„разбудите“ партнерот, ставете ги дланките на неговите бедра, така што палците ќе ги насочите нагоре. Со бавни, со цврсти движена кружете со палците по неговата кожа. Тоа ќе го поттикне крвотокот кон „клучните делови“ и ќе го „припреми теренот за акција“ – тврди стручњакот за акупунктура Алексис Арвидсон.

„Заспаната партнерка може да ја загреете најбрзо со нежни допири и сензуално шепотење, како и галење на нејзиниот грб“, додава Ардвисон.

Не се само мажите визуелни типови – и жените може да се „запалат“ додека го гледаат партнерот како се тушира, и тоа за само 30 секунди. Затоа, дозволете си себеси малку воајеризам и изненадете го во бањата.

За време на сексот се лачи „хормонот на љубовта“ – окситоцин, кој делува на пробудување на блискоста помеѓу партнерот. По оргазмот се зголемува нивото на естроген кој е одговорен за функционирање на женското тело, особено на нежниот женствен изглед.

Кон врв
Calipso Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Primarius

Регистриран: 26.Мај.2009
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 44671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Calipso Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Март.2012 во 00:20
Најглупавите секс закони во светот...

Во Облонг, Илиноис, казниво е со закон водење љубов за време на лов или риболов на денот на вашата венчавка.

Во Александрија, Минесота, ниту еден човек не смее да води љубов со жената ако здивот му смрди на лук, кромид или сардина. Ако жената побара, законот налага дека мажот мора да ги измие забите.

Во Амес, Ајова, мажот по сексот со својата жена, не смее да испие повеќе од три голтки, првата додека сеуште лежи во кревет со неа или додека ја држи во раце.

Во Боземан, Монтана, постои закон кој ја забранува секоја сексуална активност помеѓу лицата од спротивен пол во дворот од куќата, по зајдисонцето – ако се голи. Очигледно е дека луѓето кои носат чорапи за време на сексот и педерите се заштитени од овој закон.

Во Сиукс Фалс, Јужна Дакота, секоја хотелска соба мора да има два кревети. Ако двојка изнајмува соба за една ноќ, помеѓу креветите мора да има барем пола метар простор, а секс на подот помеѓу креветите е забранет.

Во Хестингс, Небраска, секој гостин во хотел мора да добие чиста и испеглана кошула за спиење. Ниту една двојка не смеат да спијат заедно голи, ниту смејат да водат љубов доколку не ја носат оваа кошула која ја добиле на рецепција.

Во Њукасл, Вајоминг, постои специјална наредба која експлицитно забранува секс во големите фрижидери за месо, кои ги има во секој ресторан.

Во Илиноис, државниот закон им порачува на сите ергени за време на разговорот со немажени жени мораат да се претстават како “master”, а не како “mister”.

Во Норфолк Вирџинија, ниту една жена не смее да се појави на улица, а да не носи корсет.

Во Меривил, Мисури, од друга страна пак, корсетот е забранет за носење.

Во Coeur d’Alene, Ајдахо, со закон се заштитени паровите кои водат љубов во автомобил. Полицаецот не смее едноставно да пријде и да им тропне на прозорецот.

Во Монтана, жената не смее да танцува на столица или шанк во бар, доколку на себе нема барем 500 грама облека.

Во Либерти Корнер, Њу Џерси, забрането е љубовниците да свират додека водат љубов во автомобилот кој е паркиран.

Во Карлсбад, Мексико забрането е двојките да водат љубов во парикран автомобил за време на паузите за ручек од работа.

На Флорида пак, доколку сте немажена жена, разведена или пак вдовица, не смеете да летате со падобран во сабота попладне.

Во Термонт, Јута, на жените им е забрането да водат љубов со мажи додека се возат со болничи коли. Доколку фатат некоја жена, истата ќе биде обвинета за сексуално злоупотребување и нејзиното име ќе биде објавено во локалните весници. Ништо од ова не важи за мажите.
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker!
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Март.2012 во 07:17

Никој не е имун на еротска долна облека и за тие заводливи парчиња секогаш има место во плакарот. И за подарување и за купување, не е потребен некој посебен повод.

dolna1500

ОВЕН

Овновите сакаат долна облека во бои, посебно во портокалова и црвена боја. Ако сакате да заведете Овен, одлучете се за комбинација од портокалов и црн сатен или свила. Овновите без проблем ќе „паднат“ и на црни подвезици или на чорапи со халтери, а ако ги надополните со вртоглаво високи потпетици, ќе биде тоа полн погодок.

БИК

Биковите сакаат се што е или многу провокативно или многу детинесто. Розовата и црната боја се нивната омилена комбинација. Жените родени во тој знак обожаваат кожни потпетици и мрежасти чорапи. Припадниците на машкиот пол во овој знак ги привлекуваат жени со пирсови и тетоважи. Некои бикови сакаат и врзување, лисици и околувратници.

dolna2500

БЛИЗНАЦИ

Близнаците имаат голема доза на перверзни страни во себе. Уживаат во секси униформа, како медицински сестри, професорки, полицајки... Жените во овој знак сакаат и скапоцено кимоно или кожен комбилизон.

РАК

Жените родени во овој знак сакаат долги, проѕирни ноќници, покриени со светки. Омилени бои на долна облека им се зелена и црна, а го обожаваат и изгледот на сатен. Раковите сакаат бела долна облека, а многу жени родени во овој знак сакаат да се облекуваат фатално.

dolna3500

ЛАВ

Лавовите сакаат долна облека со шари на тигар и леопард. Тие се сензуални суштества кои сакаат и малку крзно на својата кожа. Секој костим кој на себе содржи некој вид на опаш и уши ќе им биде привлечно и секси. Тие сакаат свила, сатен и кадифе, машни, но и модели кои потсетуваат на 50-те и 60-те години.

ДЕВИЦА

Жената родена во знакот на Девица е скромна и сака практична долна облека. Ако се подготвува за некоја секси акција, ќе одбере корсет и ќе го затегне во струкот колку што ќе може. Се чувствува секси и во чорапи и халтери.

ВАГА

Кај Вагата владее божицата Венера, па жените секогаш ќе одбираат што полуда и посекси долна облека. Розова, жолта и сина се омилените бои на овој знак, но сакаат да носат и златна долна облека, платформа, мрежести чорапи, халтери и проѕирни тесни ноќници.

dolna4500

ШКОРПИЈА

Шкорпиите се многу секси по природа и сакаат кожа, гума и пластика. Омилена боја им е црна. Често имаат опрема, како што се околувратници, јапонска опрема за врзување и ланци, а сакаат и тесни високи чизми.

СТРЕЛЕЦ

Жените Стрелци обожаваат сензуални корсети и го сакаат сексапилот кој им го даваат долгите ракавици, чизми и долната облека со многу копчиња. Многу сакаат плишани ткаенини како кадифе. Виолетова, црвена и зелена се нивните омилени бои.

dolna5500

ЈАРЕЦ

Јарецот е многу чувствителен знак и смета дека памукот е многу сензуален и секси. Високо квалитетната ноќница е секси за овој знак, дури и ако е закопчана до грло. Ги возбудуваат и додатни предмети со многу светки. Многу жени родени со овој знак сакаат да носат мрежасти чорапи и танга, сатенски градници и гаќички во розова, сина и жолта боја.

ВОДОЛИЈА

Овој визионерски знак сака изразито тесна долна облека од футуристички и сјаен материјал. Светло црвена и темно виолетова се нивните омилени бои, а пердувите, маските, свилените ленти и шалови се нивни омилени додатоци. Многу ги возбудуваат викторијански кожни чизми и женствени ракавици без прсти.

dolna6500

РИБА

Рибите не се толку живи и сексуално настроени, но сакаат убави памучни ноќници со дезен на розови или сини ленти, како и ноќници од ликра со цветни шари. Обожаваат високи потпетици. Мажите во овој знак сакаат кога жената носи машка долна облека или широка машка маица за спиење. Ги возбудува и изгледот на невини студентки, но не можат да одолеат ни на халтери или чорапи збогатени со машна околу вратот.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Март.2012 во 13:28

Отворено првото училиште за секс, ќе имало и практична настава! :)



Во близина на Виена е отворено првото меѓународно училиште за секс. Целта на наставната програма ќе биде луѓето да научат разни сексуални техники кои ќе им го променат животот, но и животот на нивните најблиски.

Ylva-Maria Thompson, директорката на ова училиште, која е родена во Шведска, тврди дека за сите гранки на образованието постојат квалитетни програми за вежбање на умот и телот, но не и за системско развивање на сексуалните вештини.

Покрај тоа, сексот во образовните институции е табу тема, се споменува само во делот за репродукцијата, а темите за сексуалното задоволство и сексуалните вештини и техники скоро секогаш се избегнуваат.

„Нашата програма вклучува и теорија и пракса. Теоријата подразбира преглед на минатите и современите теории на секслуаноста, а ќе ги учиме луѓето и секс пози, техники на допир, анатомски факти, а најважно е дека ученците ќе имаат пракса“.

Уписите за ова училиште започнале неодамна, а иако наставата ќе започне дури во 2012 веќе сите места се пополнети, а еден семестар чини 1400 евра.

Семестарот во училиштето вклучува пет курсеви или три интензивни курсеви. Најголемиот дел од наставата ќе се одвива на германски јазик, а ќе постојат и посебни викенд курсеви за парови.

Во училиштето ќе постојат испити, а целта е луѓето да се стекнат со добро образование за нивната и туѓата сексуалност, да научат сексуални техники, кои ќе им го променат животот.

Отварањето на ова училиште веќе кренало многу прашина во  јавноста, а многумина тврдат дека ова е маскиран начин да се продаваат сексуални услуги, па затоа школото го изедначуваат со јавна куќа.

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 4142434445 49>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,469 секунди.