IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Историја
  Активни теми Активни теми RSS - На денешен Ден
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

На денешен Ден

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 45678 36>
Автор
Порака
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Јули.2007 во 11:24

1776.- Во Филаделфија, Конгресот на претставниците на северноамериканските колонии, кои се побунија против Англија, донесе "Декларација за независност" (составувач е Т.Џеферсон) со која е прогласена нивната независност под името Соединети Американски Држави. Најзначаен дел од Декларацијата е уводот во кој се изложени демократските стремежи на новата нација, духот што тогаш беше уште непознат во земјите на феудална Европа. Целосна независност САД извојуваа дури во 1781 година со победата над британската колонизаторска војска.- Национален празник на САД.

1798.- Со походот на Египет, Наполеон Бонапарта го зазеде градот Александрија, кој дотогаш беше турска провинција. Во рацете на Франција остана до 1801 година.

1807.- Во Ница, е роден Џузепе Гарибалди, италијански револуционер и демократ, водач за обединување на Италија по револуционерен пат. Умре на островот Капрера, на 2.06.1882 година.

1826.- Умре Томас Џеферсон, трет претседател на САД (1801-1809). Роден е на 13.04.1743 година.

1884.- Во знак на сеќавање на раѓањето на САД на Денот на независноста-4 јули, Франција им ја подари на САД статуата "Слободата го осветлува светот", позната како Статуата на слободата. Статуата е дело на Густав Ајфел и е висока 93 метри.

1934.- Во санселмоз, Франција, умре Марија Кири-Склодовска, француска физичарка, хемичарка и математичарка од полско потекло, мажена за францускиот научник Пјер Кири, со кого ги откри радиумот и плутониумот и ја постави основата на модерната наука за радиоактивност. Со Пјер Кири ја доби Нобеловата награда за физика во 1903 година, а во 1911 година самата и за хемија. Родена е во Варшава, на 7.11.1867 година.

1946.- По 47 години под власт на САД, основана е независна Република Филипини.

1972.- ДНР Кореја и Јужна Кореја се откажаа со посебен договор од употребата на сила во решавањето на меѓусебните односи и во начело се согласија да работат на новото обединување на Кореја на мирен начин без мешање однадвор.

1996.- Република Македонија и Канада воспоставија дипломатски односи на амбасадорско ниво.

2001.- Умре Никола Ковачевски, еден од доајените на спортското новинарство во Македонија. Роден е во Скопје, во 1923 година.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јули.2007 во 12:00

1811.- Венецуела стана прва јужноамериканска држава која прогласи независност од шпанските колонијални власти. Беше шпанска колонија од 1498 година. Таа е најбогата земја во Латинска Америка, со најголем национален доход по жител.- Национален празник на Венецуела.

1857.- Родена е Клара Цеткин, познат политички работник на германското и на меѓународното социјалистичко движење, писателка и публицистка. Умре во Архангелское, кај Москва, на 20.06.1933 година.

1889.- Роден е Жан Кокто, француски писател. Тој помина низ сите фази на модерната уметност: кубизам, дадаизам, футуризам, неокласицизам и надреализам. Во неговите сценски дела се застапени сите родови на техниката, од пантомима, балет и мело-драма, до комедии и класични трагедии. Од 1955 година беше член на Француската акдемија на науките. Умре на 11.10.1963 година.

1891.- Во Врагорац е роден Аугустин-Тин Ујевиќ, еден од најголемите поети на современата хрватска литература. Познати се неговите стихозбирки "Лелек на ратајот". "Медал", 'Песни", "Жеден камен на кладенец". Умре во Загреб, на 2.11.1955 година.

1920.- Весникот "Социјалистичка зора", орган на Обласниот секретаријат на Социјалистичката работничка партија на Југославија ( комунисти) за Македонија и стара Србија објавија статија под наслов "Нашите непосредни задачи" , во која се укажува на последиците од империјалистичките војни на Балканот. Од нив најмногу беше оштетена Македонија. Во врска со ова, се вели: "Цели градови и села стојат разурнати, изгорени и ннаселението како сенка поминува низ изгорените патишта од гранати. Селата и градовите што војната не ги уништи не страдаат помалку, бидејќи империјалистичките орди и воената луња и таму оставија длабоки трагии".

1943.- Со офанзивата на германските сили од правците Орел и Харков почна битката кај к*рск, најголемата тенковска битка во Втората светска војна. Германците кај к*рск претрпеа пораз од советската армија, од кој веќе не можеа да се повратат.

1954.- Во Мемфис, САД, Елвис Присли, американски рокенрол пејач, ја сними песната "Се е во ред мамо" . Овој датум се смета за почеток на рокенрол музиката.

1988.- Во Скопје умре Драга Чаловска-Секуловска, македонски новинар, учесник во НОВ од 1941 година и еден од основачите на Радио Скопје. Родена е во Битола, на 13.10.1923 година. 2000.- Во Скопје , во издание на ДНИД "Огледало" ДОО излезе првиот број на дневниот весник "Вест".

2001.- Началникот на Генералштабот на АРМ Панде Петровски и генералот на полицијата Ристо Галевски, од македонска страна, со Европската унија и со НАТО потпишаа изјава за прекин на огнот со албанските терористи. Иста изјава потпишаа и претставникот на ОНА Али Ахмети, генералниот секретар на НАТО Џорџ Робертсон и претставникот за надворешна и безбедносна политика на ЕУ Хавиер Солана.

2006.- Во Република Македонија се одржаа петтите парламентарни избори. Партиите, односно коалициите ги освоија следните пратенички мандати: ВМРО-ДПМНЕ - За подобра Македонија-44, СДСМ- За Македонија заедно-32, ДУИ-ПДП-18, ДПА-11,ВМРО-Народна-7, НСДП-6, ДОМ-1 и ПЕИ-1.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јули.2007 во 11:14

1533.- Во Ферари умре Лодовико Ариосто, прославен италијански епски пет, чиј витешки еп "Бесниот Роналдо" стана блескав поетски израз на духот на уметничките и на модерните тенденции на италијанската ренесанса. Роден е на 8.9. 1474 година.

1887.- Во Витебск, во Русија, е роден Марк Шагал, еден од најоргиналните европски сликари. Создаде фантастични композиции од животот на Евреите и на руските селани. Се занимаваше со графика и сценографија. Умре во Ница, во Франција, на 28.03.1985 година.

1893.- Во Загреб е роден Мирослав Крлежа, хрватски писател, еден од најзначајните личности на културно-книжевните случувања во периодот по Првата светска војна. Неговиот книжевен опус опфаќа поезија, критики, полемики, драми, есеи, студии, романи и друго. најзначајни негови дела се "Хрватскиот бог Марс", "На работ од умот", "Господа Глембаеви", "Во агонија" и други. Умре во Загреб, на 29.12.1981 година.

1921.- Во селото Брусник, битолско, е роден Васко Каранѓелески, народен херој на Македонија. Загина во несреќен случај, на 3.02.1977 година.

1937.- Јапонската армија го нападна кинескиот гарнизон кај Лучиоа, во близина на Пекинг. Кинеските сили се спротивставија, па Јапонија тоа го искористи како повод за агресија врз Кина. Кинеско-јапонската војна траеше се до капитулацијата на Јапонија во септември 1945 година.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Јули.2007 во 13:02

-Меѓународен ден на уништување на оружјето.

1873.- Педесет години по пуштањето на првата железница во светот, меѓу Скопје и Солун е воспоставена првата железничка врска.

1942.- Во Скопје, во Обласната полициска управа, бугарските фашисти го убија Цветан Димов, народен херој на Македонија. Роден е во Скопје, на 5.03.1909 година.

1943.- Кај селото Врбница, во близина на Фоча, во Босна, четниците го стрелаа Иван Горан Ковачиќ, хрватски поет, есеист, новинар, политичар, преведувач и борец во НОВ. Автор е на поемата "Јама". Роден е во Луковдол, Горски Котор, на 21.03.1913 година.

1944.- Кај селото Татар Елевци, во близина на Дебар, во борба против Германците и балистите загина Панче Поповски, народен херој на Југославија , од Македонија. Роден е во Гостивар, на 9.3. 1924 година.

1992.- Во Скопје, умре Ханс Ем, најстариот член на МАНУ. Учесник е во НОВ на македонскиот народ од 1941 година. Роден е во Марибор, на 6.06.1898 година.

1997.- Специјалната полиција на Република Македонија изведе акција со која од собранијата на Гостивар и на Тетово беа симнати знамињата на Албанија и на Турција...

1997.- Националната валута-денарот девалвира за 16,1 отсто.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Јули.2007 во 11:13

1807.- Во Њујорк, по реката Хадсон, заплови првиот параброд под називот "Клермонт". Го конструира Роберт Фултон. Со тоа е отворена нова епоха во развојот на бродарството.

1882.- Под изговор за задушување на арапскиот бунт во Египет, британските трупи ја нападнаа Александрија, а потоа го зазедоа Каиро и зелата земја. Во заднината на тој поход, во стилот на "викторијанската ера", намерата на Лондон беше да се добере до Суецкиот канал, пловен пат значаен за врските со источните колонии. На меѓународната конференција која следеше, Англичаните утврдија спогодба за безбедност на Суецкиот канал, што Египет го доведе до полна зависност од големите сили се до 1956 година, кога претседателот Насер го национализира Суецкиот канал.

1921.- Почна борбата за ослободување на Монголија што ја поведе монголската Народна револуционерна партија под раководство на Суха Батор. Овој датум се прославува како национален празник на Народна Репулика Монголија.

1936.- Германија и Австрија потпишаа спогодба со која Берлин формално и ја гарантира независноста на Австрија. Две години подоцна , Адолф Хитлер, прогласи "аншлус" (присоединување) и Австрија со сила се присоедини конГерманија.

1937.- Во Холивуд умре Џорџ Гершвин, голем американски композитор и музичар. Автор е на познатата "Рапсодија во сино", компонирана за клавир и оркестар. Негово најзначајно дело е операта за животот на американските Црнци "Порги и бес". Роден е во Бруклин, на 26.09.1898 година.

1943.- Политичките затвореници од Кичево и Кичевско, од Кичево преку Струга со камиони беа пренсени во затворите во Албанија, каде што останаа се до капитулацијата на фашистичка Италија, на 8.9. 1943 година.

1974.- Во Стокхолм умре Пер Фабијан Лахерквист, шведски писател. Негови познати дела се збирката песни во стихови и во проза" Страв", пиесата "Последниот човек", драмата "Оној што повторно може да го почен својот живот", автобиографскиот роман "Гостин во стварноста" и други дела. Во 1951 година ја доби Нобеловата награда за литература.Роден е во Векше, на 23.5. 1891 година.

1979.- Американската вселенска станица "Скајлаб" по шестгодишно кружење по орбитата околу Земјата, се распадна при приземјувањето.

1982.- Во Белград умре Меша Мехмед Селимовиќ, писател. Негово најзначајно дело е романот "Дервишот и смртта". Покрај тоа познати се неговите романи "Тишина", "Тврдина", "Магла и месечина", "Круг", како и збирките раскази "Првата чета", "Туѓа земја" и други. Роден е во Тузла, на 26.04.1910 година.

1995.- Република Македонија и Република Литванија воспоставија дипломатски односи на ниво на амбасади.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Јули.2007 во 10:00

100 г.п.н.е.- Роден е Гај Јулие Цезар, римски војсководец, политичар и писател, еден од најпознатите личности во класичната историја, а во последните години од животот диктатор во моќната Римска империја. Неговите записи од Галските војни спаѓаат меѓу ремек - делата на старата римска литература. Група републикански заговорници го убија во Рим, на 15. 03. 44 г. пред н. е.

1536. - Умре Ротердамски Ерзамо, прочуен холандски хуманист. Поради големото влијание на современиците наречен е "крал на хуманистите". Имаше големо влијание на германската реформација, а реформата на црквата ја замислуваше како реформа на клерот и на црковните општини, а не како реформа на догмата. Роден е во 1465 година.

1784. Францускиот професор по физика С. Ленорман, заедно со Жан Моголфје, го конструирал првиот падобран.

1884. - Во Ливорно е роден Амадео Модилјани, италијански сликар. Поголемиот дел од животот го мина во Париз. Тој е еден од претставниците на "париската школа", но со препознатлив стил, бидејќи неговите ликови имаат стилизирани издолжени форми. Најмногу сликаше женски актови и фигури на работници. Умре во Париз, на 25. 01.1920 година.

1895.- Родена е Кристен Флагстад, норвешка оперска певица, сопран, најистакнат толкувач на Вагнеровите женски ликови. Умре во 1962 година.

1904. - Во Парел е роден Пабло Неруда, Чилеански поет, комунист и опшествен работник. Меѓу најпознатите негови дела се "Празнична песна", "Самрак", Престој на земјата"," Шпанија во срцето" и други. Добитник е на Нобеловата награда за литература во 1971 година и на "Златниот венец" на Струшките вечери на поезијата во 1972 година. Умре во Сантјаго, на 23.09. 1973 година.

1960. - Франција им призна независност на своите поранешни колонии Дахомеј, Нигерија, Горна Волта, Брегот на Слоновата Коска, Чад, Централна Африка и Конго.

1992.- Во Скопје и во сите места во светот каде живеат Македонци се одржа Светски семакедонски протестен митинг под мотото "Да, Република Македонија, да", а против Декларацијата на Европската заедница од 27.6. 1992 година , со која се бараше Република Македонија да го промени името ( да не се содржи зборот Македонија).

1993.- Република Македонија е примена за полноправна членка на Универзалната поштенска унија, специјализирана Агенција на Организацијата на обединетите нации со седиште во Берн, Швајцарија.

1996.- Република Македонија и Авганистан воспоставија дипломатски односи на амбасадорско ниво.

1996.- Република Македонија и Суверениот Воен Ред на Малта воспоставија дипломатски односи.

2001.- Во Скопје умре Јован Котески, македонски пистаел. Зад себе остави богат поетски опус. Првата негова книга песни е "Насмевка пред зорите", објавена во 1958 година, а последната е стихозбирката за деца "Глувчето со двоглед" , објавена во 1991 година. Роден е во селото Присовјани, Струшко, на 14.1. 1932 година.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јули.2007 во 12:08

1762. - Умре Џемс Бредли, англиски астроном. По Халеевата смрт беше директор на Грини£ката опсерваторија.Во 1728 година ја објасни појавата на аберацијата на светлоста и ја откри појавата на нутацијата. Роден е во 1693 година.

1793. - Во Париз е убиен Жан Пол Мара, познат француски револуционер, еден од вода£ите на француската буржоаска револуција. Убиството го изврши Шарлота Кордеј, приврзани£ка на жирондистите и на монархистите. Роден е на 24. 05. 1734 година.

1941.- Во близина на селото Долни Дисан, Неготинско, е убиен Диме Поп-Атанасов, член на месниот комитет на СКОЈ во кавадарци и чЛен на КПЈ, прва жртва на бугарскиот окупатор во Македонија. Роден е во селото Стрмашево, Неготинско, во 1918 година.

1946. - При Земската болница во Скопје е формирана првата Станица за трансфузија на крв. Од мала станица со еден лекар и три медицински сестри прерасна во Републички завод за трансфузиологија.

1951.- На Голи Оток, во таканаречената "болница на работилиштето мермер", умре Панко Брашнаров, македонски национален деец, народен учител, хуманист, воденичар, кафеџија, градинар и слуга, најстар пратеник на Првото заседание на АСНОМ, прв претседател на заседанието и прв потпретседател на АСНОМ, прв доверител за информации во првата привремена влада на Македонија, најблизок соработник на Матодија Андонов -Ченто, еден од плејадата херои-маченици на Голи Оток. Роден е во Велес, на 9.8. 1883 година.

1990.- Во Скопје е основана Социјалистичката партија на Македонија. За претседател е избран Киро Поповски.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Јули.2007 во 11:41

1789.- Граѓаните на Париз го освоија злогласниот затвор Бастилја и ги ослободија затворениците, со што почна Француската буржоаска револуција. Старата феудална власт е укината и пред формалната одлука. - Национален празник на Франција.

1817.- Во Париз умре Мадам де Стал, француска писателка. Во 1810 година ја напиша книгата - манифест "За Германија", која Наполеон ја забрани, затоа што авторот се восхитува на германската филозофија и литература. Ја сметаат за основоположник на францускиот романтизам која ги постави новите основи на целата француска литература и култура. Родена е во Париз, на 22.04.1766 година.

1889.- Во Париз, во присуство на 335 делегати од европските земји и од Америка е отворен Првиот конгрес на Втората интернационала. Втората интернационала под официјално име „Меѓународно здружение насоцијалистичките партии“, е основано на иницијатива на Енгелс. На основачкиот конгрес се усвоени повеќе одлуки, меѓу кои и онаа за прославата на Први мај, како ден ана меѓународната солидарност на работничката класа.

1907.- Кај селото Ракле, Прилепско, на планинскиот врв Ножот, се одигра најкрвавата борба против турското владеење по Илинденското востание. Група од 45 костурски востаници, одбивајќи ја наредбата за повлекување и под мошне тешки услови, прифатија борба со многубројната турска војска, командувана од мајорот Енвер-беј. „Ножовци“ беа однапред решени на саможртвување. Сите 45-мина загинаа со херојска смрт. Повеќето паднаа при непријателски јуриши, а неколкумина од нив се самоубија. Притоа, со аскерски плотун, турскиот мајор им оддаде почит на мртвите македонски јунаци.

1942.- Во своето родно село Русиново, Беровско, умре Никола Петров-Русински, македонски социјалист и национален револуционер. Учесник е во Илинденското востание, а остави и неколку брошури богати (необјавени) спомени за својата политичка активност. Роден е во 1875 година.

1944.- Во Струмица, во борба против бугарската полиција, загина Благој Јанков - Мучето, народен херој на Македонија. Роден е во Струмица, во 1911 година.

1996.- Во велес, на градските гробишта, беа погребани останките на 53 стрелани во ноќта на 15.1.1945 година.

1998.- Во Скопје умре Ненад Стојановски, макеоднски актер. Роден е во 1952 година.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јули.2007 во 11:32

1556.- Во Рим свечено е осветена грандиозната купола на црквата Свети Петар, која ја изгради прочуениот италијански архитект, вајар, сликар и поет Микеланџело Буонароти. Овој датум е земен како ден на раѓањето на барокот.

1606.- Роден е Харменсон ван Рајн Рембрант, познат холандски сликар. Умре во Амстердам, на 4.10.1669 година.

1882.- Во Кратово е роден Павел Шатев, македонски револуционер, родољуб и публицист, еден од легендарните солунски атентатори наречени „гемиџии“, крунски сведок што остана да раскажува за она што се случуваше во Солун во 1903 година. Неговиот живот е мошне бурен и мачен. Беше член на АСНОМ и министер за правосудство во првата македонска влада. Поради несогласување со повоената државна политика беше отстранет од политичката сцена. Умре во Битола, на 30.1. 1951 година.

1904.- Во Баденвалер умре Антон Павлович Чехов, руски новелист, раскажувач и драмски писател. Најпознати негови дела се драмите "Галеб", "Три сестри", "Вујко Вања" и "Вишновата градина", како и збирките раскази "Човекот во футрола", "Куќа на кат", "Селани" и други. Роден е во Таганрог, на 29.01.1860 година.

1916.- Во Санкт Петербург умре Наце Димов (Чуповски) , македонски деец, еден од најистакнатите членови на Македонското научно-литературно другарство и на македонската колонија во Санкт Петербург, брат на Димитрија Чуповски. Роден е во селото Папардиште, Велешко, на 31.1. 1876 година.

1944.- Во Штип бугарските фашисти ја убија Вера Циривири-Трена, првоборец и активен учесник во напредното работничко движење. Родена е во Прилеп во 1921 година.

1965.- Американскиот вселенски брод "Маринер 4" го испрати првите снимки од планетата Марс.

1987.- Во Скопје умре Панде Поповски, еден од доајените на македонското новинарствто. Учесник е во НОВ на Макеоднија од 1941 година. Во 1944 година стана член на Агит-проп во Главниот штаб на НОБ во Горно Врановци, а во 1945 година беше еден од првите пионери-новинари на Радио Скопје. Особено значење има неговиот придонес во ширењето на репортерството и на сликарството во првите повоени години, како и во пропагирањето за описменување на македонскиот народ и во афирамацијата на нашата земја меѓу нашите иселеници во прекуокеанските земји и насекаде каде што имаше македонски иселеници. Роден е во селото Царев Двор, Ресенско, во 1912 година.

1990.- Во Охрид е извршено осветување на новоизградената црква "Света Тројца".

1999.- Во Прилеп умре Олга Наумовска, македонска актерка, доајен на Битолскиот народен театар и на македонското глумиште. Родена е во Скопје, во 1927 година.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Јули.2007 во 01:15
Вторник, 17 јули 2007


1790.- Во Единбург умре Адам Смит, најпознат претставник на англиската класична политичка економија. Ги напиша делата "Теорија на моралните чувства" од областа на етиката, "Истражување за природата и причините за богатството на народот" од областа на економијата. Роден е на 5.06.1723 година.

1821.- Шпанија се откажа од Флорида во корист на САД.

1862.- Во САД стапи во сила Законот за ослободување на црнците-робови. Тогаш околу 190.000 поранешни робови од територијата на југот на САД стапија во редовите на федералната армија.

1936.- Франциско Франко, шпански диктатор, ги поведе своите трупи против Републиканската армија на премиерот Асано.Тоа беше почеток на Шпанската граѓанска војна, која набрзо прерасна во борба на демократските сили против фашизмот.

1941.- Во шумата крај загреб усташите го стрелаа Аугуст Цесарец, истакнат хрватски револуционер и писател. Ги напиша делата „Судете ми“, „Царево кралство“, „Тонкината единствена љубов“ , „Синови на татковината“ и други. Роден е во загреб, на 4.12.1893 година.

1945.- Во Подсдам, во близина на Берлин, лидерите на трите големи сили-Сталин, Черчил и Труман- се согласија да расправаат за судбината на Германија која капитулира. На конференцијата се скалучени неколку спогодби: да се формира совет на министри за надворешни работи од СССР, Велика Британија, САД, Кина и ан Франција, кој требаше да предложи решенија за територијалните прашања, да се спроведе контрола на разоружувањето и на демилитаризирањето на Германија, укажување на фашистичките закани и казнување на злосторниците, контрола на наставата и на судството и децентрализација на Германија.

1965.- Американските бомбардери од типот "Б-52" познати под името "летачки тврдини" од базата Гуам за првпат ги бомбардираа целите на територијата на Виетнам.

1969.- Во Скопје умре Нестор Алексиев Мирчевски, резбар, последен од големата тајфа на макеоднски резбари, врвен мајстор во резбарање на дрво и на мермер. Зад себе остави големо дело кое може да се сретне во резбарените иконостаси во Македонија и во другите балкански држави. Во 1939 година ја освои првата награда на Светската изложба на уметничко занаетчиство во Берлин. Роден е во селото Осој, Дебарско, на 25.3. 1873 години.

1976.- Умре Вељо Личеноски, прв филмски монтажер во Македонија, еден од основоположниците на македонскиот филм и еден од најистакнатите режисери на ТВ Скопје. Роден е во 1930 година.

1984.- Лансиран е советскиот вселенски брод "Сојуз 12". Членот на екипажот Светлана Савицкаја стана прва жена која "прошета" во вселенскиот простор надвор од леталото.

1993.- Во Будимпешта, деветте земји-членки на Централноевропската иницијатива (ЦЕИ), ја примија Република Македонија како полноправна, десетта членка на оваа асоцијација. .

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Јули.2007 во 14:47

64. - Во Рим избувна голем пожар во кој стариот град изгоре до темели. Легендата вели дека пожарот го подметнал неурамнотежениот римски император Нерон. Но, за тоа нема никакви докази во старите извори. Веднаш по катастрофата по наредба на царот, почнала планска изградба на Рим, така што сите згради морале да бидат ѕидани од камен отпорен на оган.

1374. - Во Арква, во близината на Падова, умре Франческо Петрарка, голем лирски поет на италијанската предренесанса. Се смета за основач на модерната европска поезија и несомнено за еден од најсовршените поети во историјата на светската книжевност. Целиот негов живот и книжевно дело се обоени со неговата љубов спрема убавата Лаура. Светска слава стекна со делото "Канционер" - зборник од 366 сонети, канцони и мадригали. Роден е во Арецо, на 20.07.1304 година.

1846. - Во Бостон д-р В. Мортон првпат во својата забна ординација го употреби етерот како средство за наркоза. Тој датум се смета за предпочеток на модерната анестезиологија.

1898.- Во Париз француските научници, сопружниците Марија и Пјер Кири го открија полониумот, прв познат радиоактивен елемент.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Јули.2007 во 11:31

1834.- Во Париз е роден Едгар Дега, француски сликар, еден од најпознатите претставници на ликовната уметност во 19 век. Изработи низа бакрописи, цртежи и скулптури. Умре во Париз, на 26.07.1917 година.

1870.- Почна француско-пруската војна. Французите беа поразени за неколку месеци, а војната заврши со мировниот договор склучен во Франкфурт, во мај 1871 година.

1893.- Во грузиското село Багдада е роден Владимир Владимирович Мајаковски, руски поет и сликар, еден од основачите на футуристичкиот правец во Русија. Беше голем борец против сите видови угнетување на човекоти ја ставаше под удар на својата сатира малограѓанштината во советското општество. Неговите дела извршија големо влијание врз советската поезија. Меѓу поголемите негови поеми се „Ленин“, „ Добро“, „За тоа “, „На сиот глас“, а од сценографските дела се „Мистеријата Буфо“, „ Тафтабита“ и „Студен туш“. Се самоуби во Москва , на 14.4. 1930 година.

1900.- Во Лајпциг, Аугуст Велер, професор по физиологија, во својот кабинет го прикажа епохалниот изум-кардиографот, кој денеска претставува основа за научно испитување на срцевите заболувања.

1921.- Во Прилеп е роден Борка Талески, народен херој на Македонија. Тој е непосреден организатор на востанието на 11 октомври. Загина во близина на селото Плетвар, прилепско, на 2.03.1942 година.

1943.- Во борбите во Сицилија, сојузниците со ескадрили бомбардери го нападнаа Рим. По бомбардирањето, на 24 јули Големото фашистичко собрание му ја одзеде довербата на Мусолини, а следниот ден, тој е уапсен по наредба на кралот Виторио Емануел Трети.

1993.- Република Македонија стана 175 членка на УНЕСКО.

1998.- Во Скопје умре Душко Аврамов, македонски писател за деца. Во 1970 година ја објави неговата прва книга „Славејот на одмор“ , а во 1996 година последната -„Стевче смелче“. Роден е во Скопје, на 29.4. 1938 година.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Јули.2007 во 18:30

1304.- Во Арецо е роден Францеско Петрарка, голем лирски поет на италијанската предренесанса. Се смета за основач на модерната европска поезија. Светска славa стекна со делото "Канцониер" - зборник од 366 сонети, канцони и мадригали. За епот "Африка" доби "Ловоров венец". Умре во Арква, во близина на Падова, на 18.07.1374 година.

1785.- Роден е турскиот султан Махмуд Втори, кој во текот на владеењето од 1808 година до смртта во 1839 година спроведе реформи во обидот да го централизира феудално-апсолутистичкиот поредок на Отоманската империја.

1819.- Република Колумбија доби независност. Беше шпанска колонија од 1509 година. - Национален празник на Колумбија.

1847.- Роден е германскиот сликар и графичар Макс Либерман, најзначаен претставник на германскиот импресионизам.  

1913.- Во текот на Балканските војни (1912-1913), во близина на селото Бел Камен, Леринско, во борба против грчката војска загина Васил Чакаларов, македонски војвода и деец на ВМРО. Учесник е на Смилевскиот конгрес (1903) и на Илинденското востание (1903). Роден е во селото Смрдеш, Костурско, во 1874 година.

1919.- Роден е сер Едмунд Хилари, новозеландски офицер и истражувач, учесник во хималајските и во поларните експедиции. На 29.05.1953 година, со Непалецот Норкај Тенсинг се искачи на највисокиот хималајски врв Монт Еверест.

1937.- Умре италијанскиот електроинжинер и пронаоѓач Гуљермо Маркони, еден од пионерите на бежичната телеграфија, кој во 1909 година ја подели Нобеловата награда за физика со германскиот физичар Карл Фердинанд Браун.

1938.- Родена е американската филмска актерка Наташа Гардин, позната како Натали Вуд, една од ретките која стана филмска ѕвезда како дете со филмот „Чудо на 34 улица“ и успеа да оствари успешна филмска кариера. Таа глумеше во филмовите „Бунтовник без причина“, „Сјај во трева“, „Трагачи“ и „Приказна за западната страна“.

1945.- Грчка воена единица го опколи македонското село Косинец, Костурско и го малтретираше населението. Притоа уапси осум младинци и две жени. Повод за тоа беше кинењето на повикот за мобилизација и зборувањето на македонски јазик. Истовремено, една грчка воена единица го опколи македонското село Владово, Воденско, со цел со сила да ги натера Македонците да потпишат декларација дека се Грци и дека го сакаат кралот. Малубројните селани кои се најдоа во селото, штом разбраа за намерата на грчката единица, избегаа во планина.

1969.- Лунарното возило „Орел“ на американскиот вселенски брод „Аполо 11“, со астронаутите Нил Амстронг и Едвин Олдрин, се упати на површината на Месечината, додека Мајкл Колинс го продолжи кружењето околу Месечевата орбита со матичниот брод „Аполо 11“.

1988.- Јужна Африка, Ангола и Куба прифатија Договор за повлекување на странските трупи од Ангола и признавање на независноста на Југозападна Африка.

1989.- Британската воена хунта го стави во куќен притвор водачот на опозицијата Аунг Сан Су Чи, поради нејзината отворена критика на бруталните методи на владеење на воениот врв.

1994.- Шефот на израелската дипломатија Шимон Перес пристигна во посета на Јордан како највисок израелски функционер кој дотогаш ја посетил таа соседна арапска земја.

1996.- Во Бурунди бунтовниците од племето Хуту го нападнаа бегалскиот камп на ривалското племе Тутси, усмртувајќи околу 320 луѓе.

1997.- Умре Лилјана Чаловска, македонска писателка. Автор е на книгите „Бдение за Виетнам“, „Антидневник“, „Пребир“ и други. Родена е во Софија, во 1920 година.

2000.- Виетнам во Хо Ши Мин (поранешен Сајгон) отвори берза.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Јули.2007 во 23:34
Само за М_Г
На 20 јули 1913 година е испратен втор меморандум до владите на балканските држави и до Балканскиот комитет во Лондон. Во двата меморандуми се бараше автономија за Македонија и воспоставување на старата Охридска архиепископија.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 45678 36>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,469 секунди.