IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Историја
  Активни теми Активни теми RSS - На денешен Ден
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

На денешен Ден

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2122232425 36>
Автор
Порака Обратен редослед
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Ноември.2007 во 11:05

- Меѓународен ден за урбани средини.

1520.- Данскиот крал Кристијан II нареди погубување на повеќе од 80 шведски свештеници. Овој чин е познат како „стокхолмско крвопролевање“. На настанот му претходеше востанието на Швеѓаните за ослободување од Данска.

1576.- Според договорот склучен во Гана, сите 17 холандски провинции се обединија во борбата против Шпанија за ослободување на земјата. Бидејќи Холанѓаните повеќето се протестанти отпорот на шпанските власти имал и верски причини.

1656.- Роден е англискиот астроном и геофизичар Едмунд Халеј. Беше директор на Гриничката опсерваторија и кралевски астроном. Го изработил првиот каталог на ѕвездите на јужното небо и утврдил дека кометите се воочени во 1682, 1601 и во 1551 година, односно истата комета се јавува периодично. Предвидел дека истата ќе се појави кон крајот на 1758 година, што и се случило со мало задоцнување. Во негова чест истото всленско тело е наречено Халејева комета. Прв откри дека ѕвездите се движат, исто како и Сонцето и ја направил првата метеоролошка карта. Дела: „Каталог на јужните ѕвезди“, „Астрономски преглед на кометите“, „Теорија на магнетниот компас“.

1674.- Умре англискиот писател Џон Милтон, еден од најголемите поети во светската литература, исклучително образован, силна личност со висок морал и значаен мислител. Дела: „Изгубениот рај“, „L'Allegro“, „II Penseroso“, „Komus“, „Lisidas“ и други.

1793.- На гилотина е погубена Жан Мари „Манон Флипон“ Ролан, позната како Мадам Ролан, која за време на Француската револуција во својот салон во Приз ги собирала  пистелите и останатите уметници и политичари. Нејзиниот сопруг Жан Мари Ролан де ла Платијер во 1792 година беше министер за внатрешни работи на Франција. Беше погубена во текот на јакобинската тиранија, по што нејзиниот сопруг се самоуби.

1793.- Парискиот музеј Лувр првпат беше отворен за публиката. Пред тоа Лувр беше кралски дворец.

1878.- Во селото Папрадиште, Велешко, роден е Димитрија Чуповски, еден од најистакнатите и најдоследните организатори и афирматори на македонската национална мисла, политичар, дипломат, научник, историчар и филолог. Беше прв претседател на Славјанско-македонското научно литературно друштво основано во Петроград, во 1902 година. Умре во Санкт Петербург, на 29 октомври 1940 година.

1878.- Во Кукуш, Егејска Македонија, роден е Димитар Влахов, истакнат македонски револуционер, политичар и публицист, повеќе децении присутен на македонската историска сцена во борбата на македонскиот народ за национално и социјално ослободување. Умре во Белград, на 7 април 1953 година.

1890.- Умре Сесар Франк, француски композитор, од белгиска националност, оргуљаш и музички педагог, генијално надарен за импровизација. Како композитор, се смета за еден од најпознатите твроци во француската музика во 19 век. Роден е на 10 декември 1822 година.

1895.- Германскиот физичар Вилхелм Конрад Рентген ги откри рентгенските зраци, кои сам ги нарече икс-зраци.

1906.- Во Штип е роден Михаило Апостолски, македонски академик, народен херој и генерал-полковник. Работеше на организирањето на одбраната на земјата во времето на НОВ и стана командант на Главниот штаб на Народноослободителната војска и партизанските одреди на Македонија, со кој успешно раководеше се до ослободувањето на земјата. Умре во Дојран, на 7 август 1987 година.

1917.- Како нова влада на Русија беше востановен Советот на народните комесари и тоа Ленин како претседател, Троцки како комесар за надворени работи и Сталин како комесар за народностите.

1922.- Роден е јужноафриканскиот хирург Кристијан Барнард, кој во 1967 година го изврши првото пресадување на човечко срце.  

1923.- Во Минхен е спречен обидот за пуч на Адолф Хитлер, а водачот на нацистите беше уапсен четири дена подоцна.

1932.- За претседател на САД е избран кандидатот на Демократската партија Френклин Рузвелт. Тој беше биран уште трипати за шеф на државата, што е единствен случај во американската историја и спротивно на уставот на САД. На власт остана до смртта, во 1945 година.

1942. Сојузничките сили со прва поголема сојузничка комбинирана операција навлегоа во северна Африка, во Втората светска војна. Во поморскиот десант „Бакља“ под команда на генералот Двајт Ајзенхауер, сојузниците навлегоа кај алжирските градови Оран и Алжир и кај Казабланка во Мароко. Борбите против германско-италијанските групи завршија на 13 мај 1943 година, со пораз на силите на Оската и француските трупи на маршалот Петен, со што заврши војната во Африка.

1944.- Ослободени се градовите Штип, Неготино и Струга.

1959.- Обединетата Арапска Република (Египет, Сирија и Либија) и Судан потпишаа договор за поделба на водата на Нила по изградбата на Асуанската брана.

1960.- Кандидатот на Демократската партија Џон Кенеди на 43-годишна возраст е избран за претседател на САД, најмлад шеф на државата во американската историја.

1972.- Западна и Источна Германија по 23 години ја завршија студената ангатонистичка војна иницирана со договорот за добрососедство и обострано почитување на постоењето на двете суверени германски држави.

1986.- Умре рускиот политичар Вјацеслав Михајлович Молотов, шеф на советската дипломатија од 1939 до 1949 и од 1953 до 1956 година.

1988.- Републиканецот Џорџ Буш е избран за претседател на САД по победата над демократот Мајкл Дукакис. Тоа беше трета една по друга победа на републиканците. Буш, кој инаку беше потпретседател, ја презеде власта по двата мандати на Роналд Реган.

1989.- Афроамериканецот Даглас Вајлдер е избран за гувернер на Вирџинија, како прв црнец во историјата на САД кој станал гувернер на некоја сојузна држава. Истиот ден црнецот Дејвид Динкинс беше избран за градоначалник на Њујорк.

1990.- Собранието на Социјалистичка Република Македонија, под претседателство на Вулнет Старова, ја одржа последната официјална седница на стариот делегатски состав, пред претстојните повеќепартиски избори (11 ноември 1990 година). Оттогаш, до конституирањето на првото повеќепартиско Собрание на СР Македонија (на 8 јануари 1991 година), заседаваше уште неколкупати...

1991.- Европската заедница (сега Европска унија) зазеде санкции против Југославија, со кои беше прекинат договорот за трговија и соработка.

1994.- На м-р Марија Пандевска, асистент во Институтот за ноционална историја на Македонија, и е доделена првата (првпат) награда за најдобар труд од историските науки, што ја доделува Фондацијата „Михаило и Цвета Апостолски“.

1995.- Француската десничарска влада неочекувано поднесе оставка, но претседателот Жак Ширак побара од премиерот Ален Жипе, да остане на функцијата и да го формира новиот кабинет.

1997.- Во Кина почна изградбата на хидроелектраната „Три клисури“, најголема електрична централа на планетата.

1997.- Умре Миле Брзанов, македонски музички деец.

1997.- Умре Благој Кондарко, македонски просветен деец. Роден е во 1918 година.

1998.- Судот во Бангладеш на смрт осуди 15 бивши офицери, обвинети за убиство на бангладешкиот претседател шеикот Мудибур Рахман во воениот удар во август 1975 година.

2001.- Горниот дом на француското собрание го изгласа законот со кој на медитеранскиот остров Корзика му е дадена ограничена автономија.

2004.- Кубанските власти го „тргнаа“ американскиот долар од кубанскиот пазар, а американската валута, по к*рс еден спрема еден, ја заменија со „конвертибилен пезос“, порано со фиктивна сметководствена единица, а сега и формално печатење на монети во исти апоени, дури и со иста зелена боја како и доларот. „Кубанскиот долар“, наместо американскиот претседател, ги носи ликовите на Кастровите револуционери, почнувајќи од легандерниот Ернес Че Гевара.

2005.- Францускиот претседател Жак Ширак прогласи вонредна состојба, со цел да се спроведе полициски час во градовите во кои избија нереди. Повод за нередите беше смртта на две момчиња од африканско потекло, кои 10 дена порано настрадале од електричен удар во трафостаница, каде се сокриле верувајќи дека за нив има распишано полициска потера.

2006.- Најмалку 42 пакистански војници беа убиени и околу 40 ранети во самоубиствениот напад врз воената база во местото Даргаи, во северозападен Пакистан, каде се наоѓа главниот американски центар за обука на трупите за борба против тероризам во тој регион. Самоубиецот втрчал во базата и го активирал експлозивот во моментот додека војниците се собирале за утрински тренинг.

2006.- Најмалку 60 луѓе беа убиени, а 150 повредени на истокот од Шри Ланка, во побунетото место Китиравели, кога војската со артилерија го нападна кампот за интерно раселени лица. Војската на Шри Ланка соопшти дека нападот врз позициите на бунтовниците бил извршен откако тие први отвориле оган. Во судирите во кои учествуваа Тамилските тигри во 2006 година настрадаа околу 2.000 луѓе, војници и бунтовници. Тамилските тигри се борат за својата независна држава уште од 1983 година.

2006.- Во две големи акциии на силите за безбеност во Неапол се уапсени 32 припадници на мафијата, во рамките на напорот да се сопре бранот на насилство кој го зафати градот на југот на Италија. По овој повод е формирана специјална единица на полицијата од околу 1.000 припадници, бидејќи Неапол е трет по големина град во Италија и е седиште на огранокот на сицилијанската мафија позната како Камора.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Ноември.2007 во 10:36

1598.- Роден е шпанскиот сликар Франциско де Сурбаран, еден од најзначајните уметници на 17. век, кој со силната реалистичка постапка најчесто сликал религиозни митови. Беше врвен барок-мајстор со, за тој период карактеристичен, изразит контраст на светлина и темнина.

1781.- Во Севиља, во Шпанија, последен пат беше спроведено јавно спалување од страна на инквизицијата. Тоа беше римокатоличка институција која истражуваше разни видови на вероискривување познато по бруталноста. Последното лице обвинето дека е јеретик е осудено во Шпанија од страна на инквизицијата во 1826 година.

1829.- Во Прилеп е роден Марко Цепенков, еден од најистакнатите собирачи на македонскиот фолклор. Неговата автобиографија претставува богат избор за проучување на целокупниот живот на Прилеп од тоа време. Творештвото на Цепенков е собрано во десет книги. Умре во Софија, на 29 декември 1920 година.

1867.- Во Варшава е родена Марија Склодовска - Кири, француски научник со светски глас, од полско потекло. Од големата маса уранска руда таа и нејзиниот сопруг Пјер Кири успеаја да издвојат нов метал-радиум. Во 1903 година Марија Склодовска - Кири доби Нобеловата награда за физика, а во 1911 година заедно со сопругот и Нобеловата награда за хемија. Умре во Санселмоз, на 4 јули 1934 година.

1879.- Во Ивановск е роден Лав Троцки, еден од водачите на Октомвриската социјалистичка револуција во Русија. Беше убиен во Мексико, на 21 август 1940 година.

1913.- Роден е францускиот писател Албер Ками, добитник на Нобеловата награда за книжевност во 1957 година. Неговото книжевно дело е засновано на идеите на сите присутни парадокси на современиот свет.  Смислата ја пронаоѓал во творењето. Позната е неговата изрека „да се твори значи да се живее двапати“. Загина во 1960 година во сообраќајна несреќа Дела: романи „Странец“, „Куга“, „Пад“, театарските парчиња „Калигула“, „Неразбирање“, есеи „Свадба“, „Писма на германскиот пријател“, „Побунетиот човек“ и други.  

1917.- Во Петроград избувна социјалистичката револуција во Русија.

1944.- Ослободени се градовите Охрид и Гевгелија.

1946.- Заврши првата сојузна работна акција на тогашна Југославија, на железничката пруга Брчко-Бановиќи. Со околу 70.000 учесници од целата земја и 2.000 од странство беше изградена за 190 дена пругата долга 90 километри.

1947.- Во Горна Џумаја (денешен Благоевград) со изведувањето на пиесата „Печалбари“ од македонскиот писател Антон Панов официјало ја започна својата дејност Обласниот македонски народен театар. Тоа беше прв македонски професионален драмски ансамбл не само во споменатиот град, туку и во Пиринска Македонија. Театарот работеше на македонски литературен јазик.

1956.- Генералното собрание на Обединетите нации ја изгласа резолуцијата со која на Велика Британија, Франција и Израел им беше наложено да ги повлечат трупите од Египет.

1966.- Кинеските дипломати по советските критики  упатени кон владата на Кина во знак на протест ја напуштија прославата на Октомвриската револуција во Москва.

1973.- САД и Египет воспоставија полни диполоматски односи кои беа прекинати по шестодневната војна во 1967 година, во која израелската армија ги победи египетските сили и го зазеде Синај (вклучувајќи ја и Газа), Западниот брег, Голан.  

1980.- Умре американскиот филмски глумец Стив Мек Квин. Најчесто играше во авантуристички филмови. Филмови: „Седумтемина величенствени“, „Синсинати Кид“, „Бег“, „Пеперутка“, „Том Хорн“, „Ловец“.

1987.- Претседателот Хабиб Бургиб, кој беше на власт од 1956 година кога Тунис стана независен, со државен удар без пролевање крв го собори неговиот премиер Зин ел Абидин Бин Али. Овој чин тој го оправда со толкувањето дека 84-годишниот лидер е сенилен и не е способен да владее. Бургиб во 1974 година е прогласен за доживотен престседател на Тунис.

1990.- Мери Робинсон стана првата жена претседател на Ирска.

1992.- Умре словачкиот државник Александер Дубчек, водач на Движењето за рефрми во Чехословачка кон крајот на шеесетите години од 20. век, познато како „Прашка пролет“. По падот на комунистичкиот режим во 1989 година беше избран за претседател на чехословачкото собрание.

1993.- Шпанецот Федерико Мајор, со голем број гласови повторно е избран за генерален директор на УНЕСКО.

1995.- Во хотелот "Мармора" во Истанбул беше потпишан Договор за формирање Мешовит македонско-турски деловен совет. Советот е формиран со цел да ги разрешува сите пречки во трговската соработка меѓу Република Македонија и Република Турција.

1996.- Падот на нигерискиот патнички авион „боинг 727“ кој се случи на 40 километри источно од Лагос не го приживеја никој од 142 патника и членови на екипажот.

1998.- По десетдневната носталгична мисија на Земјата слета спејс шатл „Дискавери“ во чија посада беше 77-годишниот ветеран на американската астронаутика Џон Глен. По 36 години ова беше прв Гленов вселенски лет.

2001.- Белгиската авиокомпанија „Сабена“ по 80 години од постоењето, беше принудена, прва од европските национални воздухопловни превозници по терористичкиот напад на 11 септември во Њујорк,  соопшти дека банкротирала.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Ноември.2007 во 10:10

1632.- Шведскиот крал Густав II Адолф - голем војсководец и воен реформатор, загина во Триесетгодишната војна во битката кај Лицен, во која неговата протестантска војска ја победи римокатоличката армија на германскиот цар Фердинанд II Хабзбург под команда на генералот Алберт фон Валенштајн.

1661.- Роден е шпанскиот крал Карлос II, последен монарх од династијата на шпанскиот Хабзбург, кој на престолот стапува како четиригодишник во 1665 година и владее со Шпанија до 1700 година. Бидејќи немаше наследник по неговата смрт почна војната за шпанско наследство во кое околу шпанскиот имот и круна се судрија Франција, австрискиот Хабзбург (германското царство), Англија и Савоја.

1771.- Роден е германскиот издавач и печатар Алојз Хојан Непомук Франц Зенефелдер, пронаоѓач на системот на литографското печатење. Го напиша „Учебникот за литографија“.  

1787.- Во селото Тршиќ е роден Вук Стефановиќ Караџиќ, голем деец во областа на културата - лингвист, етнограф, историчар, собирач на народни умотворби и реформатор на српскиот литературен јазик. Умре во Виена, на 7 февруари 1864 година.

1814.- Роден е белгискиот производител на дувачки инструменти Адолф Сакс, кој во 1840 година го измисли музичкиот интрумент наречен во негова чест саксафон.

1825.- Роден е францускиот архитект Жан Луј Шарл Гарние, чие главно дело е Операта во Париз, еден од најзначајните споменици на париската архитектура во втората половина на 19. век. Ги проектираше и Казиното во Монте Карло и Опсерваторијата во Ница.

1860.- Роден е полскиот пијанист и композитор Игнац Јан Падеревски, професор на Конзерваториумот во Варшава, кој од 1919 до 1921 година беше премиер и министер за надворешни работи на Полска. Дела: операта „Манра“, „Полска фантазија“ за клавир и оркестар, една симфонија, клавирски дела, соло песни.

1860.- Абрахам Линколн е избран за претседател на САД.

1861.- Роден е канадскиот професор по физичко образование Џејмс Нејсмит, кој во 1891 година ја измисли кошарката.

1880.- Францускиот микробиолог Шарл Луј Лаверан, добитник на Нобеловата награда за медицина во 1907 година, ја откри причината за маларија која ги пустошеше мочуришните предели во светот. Набљудувајќи ја под микроскоп крвта на заболен човек од маларија приметил дека помеѓу цревните крвни зрца има нова хистолошка формација која ја нема во крвта кај здравите луѓе. Заклучил дека тие микроорганизими (подоцна наречени Haemamoeba Laverani) ја предизвикуваат маларијата, но не знаел на кој начин продира во крвта. Англискиот лекар Роналд Рос 15 години подоцна утврдил дека маларијата ја пренесуваат комарците.

1893.- Во Санкт Петербург умре Петар Илич Чајковски, најистакнат руски композитор и еден од најголемите симфоничари во 19 век. Значаен придонес даде и во развојот на рускиот балет. Неговиот музички придонес е мошне богат. Тој е композитор на шест симфонии, на три клавирски концерти на оперите "Евгениј Онегин" и "Пикова Дама", на балетот "Лебедово езеро" и на увертирата "Ромео и Јулија", кои спаѓаат меѓу најпознатите дела на руската и на светската класика. Роден е во Камско Боткинск, на 7 мај 1840 година.

1909.- Во Куманово е роден Трајко Прокопиев, истакнат македонски композитор и диригент. По ослободувањето го формира пејачкиот хор на Главниот штаб на НОВ на Македонија, а во 1945 година стана прв директор на Средната музичка школа во Скопје. Тој беше главен музички уредник на Радио Скопје, диригент на Симфонискиот оркестар и на Операта на Македонскиот народен театар, а од 1958 до 1964 година го водеше Ансамблот за народни игри и песни на Македонија "Танец". Умре во Белград, на 21 јануари 1979 година.

1911.- Претседател на Мексико стана Франциско Мадеро, водач на револуцијата против самопрогласената влада на Порфирио Дијас.

1917.- По пет месеци борба, во Првата светска војна со победа на западните сојузници врз Германија заврши третата битка кај белгискиот град Ипр. Поместувањето на линијата на фронтот на не цели 10 километри од главниот град го платија најмалку 240.000 војници.

1921.- Роден е Џејмс Џонс, американски писател. Неговите најдобри романи во кои ги обновува сеќавањата за Втората светска војна изобилуваат со натуралистички описи на секс и насилство. Познати му се делата: „Одовде до вечноста“, „Некои дојдоа трчајќи“, „Тенка црвена линија“ и други. Умре во 1977 година.

1931.- Роден е американскиот филмски режисер Мајк Николс. Негувал специфичен хумор и се бавел со феномените на современиот американски живот: Филмови: „Дипломец“ (Оскар), „Кој се плаши од Вирџинија Вулф“, „Сексуално воспитување“, „Ловци на мираз“.

1942.- Во селото Битуше, Гостиварско, проработи првата партизанска печатница во Македонија "Гоце Делчев".

1943.- Советската армија во Втората светска војна ги протера Германците од Киев. Киев беше повеќе од две години под окупација на Германија.

1944.- Ослободени се градовите: Радовиш, Дојран и Валандово.

1944.- Во Битола е формиран хорот "Стив Наумов", кој подоцна прерасна во КУД "Стив Наумов".

1962.- Генералното собрание на Обединетите нации ги повика сите нејзини членки да ги применат економските санкции против Јужна Африка поради нејзината расистичка политика.

1968.- Во Париз започнаа мировните преговори меѓу САД и Виетнам, но воената интервенција на Американците во Индокина траеше се до април 1975 година, која заврши со пораз на САД.

1970.- Италија ја призна Народна Република Кина и воспостави дипломатски односи.

1984.- Роналд Реган повторно е избран за претседател на Содинетите Американски Држави.

1993.- Грузиските трупи го зазедоа Зугдиди, последното упориште на бунтовниците лојални на сменетиот претседател на Грузија Звијад Гамзахурди.

1993.- Во Рим, Република Македонија е примена за полноправен член на Меѓународната организација на ОН за храна и земјоделство (ФАО).

1996.- Во циклонот кој ја погоди југоисточната индијска држава Андра Прадеш загинаа повеќе од 2.000 луѓе.

1998.- Првите разговори меѓу Индија и Пакистан од 1992 година за спорниот пограничен глечер Сијачен ги завришија со пакистанското одбивање на индискиот предлог за прекин на огинот.

1999.- Австралијанците со 55 спрема 43 отсто ја отфрлија идејата за укинување на монархијата и воспоставување република. Австралија, како и некои други поранешни британски доминиони (Канада, Нов Зеланд) и понатаму ја признаваат британската монархија како шеф на државата, а британската круна ја застапува генералниот гувернер.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Ноември.2007 во 10:59

1492.- Морепловецот Христифор Колумбо во својот дневник запиша дека пронашол "едно вкусно растение од кое живеат луѓето". Тоа беше прв пишан документ во кој се спомнува царевката.

1515.- Умре Мариото Албертинели, италијански сликар, еден од претставниците на Фиорентинската школа на високата ренесанса. Роден е на 13 октомври 1474 година.

1630.- Со мирот во Мадрид заврши Англиско-шпанската војна. Претходно Армијата на Шпанија која во оваа земја се бореше со Австрија против Англија, Франција и Холандија, беше поразена на море и на копно.

1831.- Роден е Џемс Клерк Максвел, британски физичар, најголем теоретски физичар во 19. век. Тој во областа на електромагнетизмот ги формулира познатите Максвелови равенки, ја создаде електромагнетната теорија на светлината, даде теоретска основа за радиобрановите и за радиотехниката, математички формулира повеќе Фарадееви изуми и друго. Умре во Кембриџ, на 5 ноември 1879 година.

1911.- Италија ги анектира турската покраина во денешна Либија Триполитанија и Киренаика, како и Родос од архипелагот Додеканез во денешна Грција. Либија формално се стекна со независност во 1951 година иако Италијаните земјата ја напуштија во 1943 година кога германско-италијанските сили во Втората ветска војна се повлекоа од Африка.

1912.- За претседател на САД е изран Вудро Вилсон. Вилсон е единствениот претседател во американската историја кој на избори победи двајцата поранешни шефови на државата - Вилјам Тафт и Теодор Рузвелт.

1913.- Родена е британската театарска и филмска глумица Вивијен Ли, која светската слава ја стекна со улогата Скарлет О`Харе во американскиот филм „Однесено со виорот“ за која беше наградена со Оскар. Во театарот играла низа главни улоги во драмите на Вилијам Шекспир, често со нејзиниот маж Лоренс Оливије за кого беше мажена од 1937 до 1960 година. Филмови: „Бура во чаша вода“, „Пожар над Англија“, „Цезар и Клеопатра“, „Ана Каренина“, „Леди Хамилтон“, „Тармвајот наречен желба“.

1914.- Франција и Велика Британија во Првата светска војна и објавија војна на Турција.

1916.- Централните сили во Првата светска војна го прогласија Кралството Полска, што беше обид Пољаците масовно да се мотивираат за учество во војната на страната на централните сили. Царска Русија на овој чин одговори со ветувањето дека по војната Полска ќе добие самосталност. Дотогаш Полска беше една од руските крунски земји - рускиот цар ја носеше титулата и цар на Полска (Без Галиција која беше австриска и делови кои биле под Германија).

1930.- Умре холандскиот лекар Кристијан Ајкман, добитник на Нобеловата награда за медицина во 1929 година, пронаоѓач на причините за болеста бери-бери. Нобеловата награда ја доби за откривање на витаминот Б.

1935.- Во селото Буф, Леринско, е роден Доне Пановски, македонски литературен критичар, есеист, книжевен историчар и новинар. Автор е на повеќе книги, меѓу кои: „Вреднување“, „Литературни портрети“, „Писателите на Илинден“, „Литературни студии“ и други. Умре во Битола на 7 јануари 1997 година.

1940.- Демократот Франклин Рузвелт го победи на изборите републиканецот Вендел Вилки и по третпат е избран за претседател на САД.

1944.- Умре францускиот хирург и биолог Алексис Карел, добитник на Нобеловата награда за медицина во 1912 година. Значаен е по откривањето на трансплантацијата на ткивата и одржување на живото ткиво надвор од организмот. Исто така ја унапреди хирургијата на крвните садови.

1955.- Умре францускиот сликар Морис Утрило, кој беше самоук, со исклучок на најнужните упатства што ги доби од неговата мајка, сликарката Сизан Валадон. Со сликарство се бавел во текот на терапијата меѓу честите престои на клиниките, каде се лекувал од нервно растројство. Изгради свој стил, надвор од сите сликарски насоки и струи.

1956.- Британските падобранци се спуштија во Порт Саид во рамките на тројната британско-француско-израелска агресија врз Египет. Со енергична акција на Обединетите нации, агресијата беше запрена, но остави политички последици врз целиот регион и врз светот.

1960.- Умре американскиот филмски режисер од канадско потекло Мак Сенет, еден од најзначајните автори на бурлеските во периодот на немиот филм. Тој го промовираше Чарли Чаплин.

1968.- На изборите за претседател на САД републиканецот Ричард Никсон го победи демократот Хјуберт Хамфри.

1968.- На сцената на Операта при Македонскиот народен театар во Скопје е изведена премиерата на операта во четири чина со епилог „Цар Самуил“ од македонскиот композитор Кирил Македонски.

1969.- САД го лансираа првиот вселенски брод "Маринер-3" во правец кон Марс. Поради технички грешки мисијата претрпе неуспех.

1982.- Умре францускиот филмски режисер и глумец од руско потекло Жак Тати, сатиричар, комедиограф. Филмови (режија и глума): „Празничен ден“, „Одмор на господинот Илоа“, „Мојот вујко“ (Оскар), „Сообраќајна бркотница“.

1982.- На реката Парана на бразилско-парагвајската граница почна со работа хидроелектраната Итаипа, најголема во светот.

1898.- Умре американскиот пијанист Владимир Хоровиц, еден од најголемите мајстори на клавир во историјата. Советскиот Сојуз го напушти во 1925 година, а кога првпат се врати во 1986 година одржа триумфални концерти во Москва и во Санкт Петербург.

1990.- Во Њујорк е убиен еврејскиот рабин Меир Кахан, кој се залагаше за отфрлање на сите Арапи од Израел.

1991.- Британскиот медијски магнат од чешко потекло Јан Роберт Максвел е пронајден мртов во водите кај Канарските Острови каде беше на крстарење со јахта.

1996.- Демократскиот кандидат, гувернерот од Арканзас, Бил Клинтон убедливо победи на претседателските избори дури во 40 држави на САД.

1996.- Пакистанскиот претседател ја смени премиерката Беназир Буто обвинувајќи дека нејзината влада е вмешана во корупција и непотизам и дека не е способна да управува со државата.

2003.- Европската комисија ја донесе дефинитивната одлука за влез во Европската унија, на 1 мај 2004 година, на 10 нови членки - Естонија, Кипар, Летонија, Литванија, Унгарија, Малта, Полска, Словачка, Словенија и Чешка.

2005.- Умре британскиот писател Џон Фаус, автор на романот „Магионичар“, „Жената на францускиот поручник“, „Колекционер“, „Мушичка“, „Даниел Мартин“.

2006.- Поранешниот ирачки претседател Садам Хусеин е осуден на смрт со бесење за извршени злосторствата против човештвото. Садам заедно со седуммнина поранешни ирачки функционери беше обвинет за убиство на 148 муслимански шиите во местото Дуџаил, по обидот за атентат врз него, во 1982 година.

2006.- Умре поранешниот турски премиер Булент Еџевит, познат како лево ориентиран националист чија политичка кариера траеше половина век. Како премиер на Турција Еџевит ќе остане запаметен по тоа што испрати трупи во поделениот Кипар во 1974 година, како и по тоа што на својата земја и обезбеди статус на кандидат за прием во Европската унија во 1999 година.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Ноември.2007 во 10:13

1307.- Швајцарските кантони прогласија дека не ја признаваат хабзбуршката власт, што подоцна беше почеток на швајцарската држава.

1575.- Роден е Гвидо Рени, италијански сликар, припадник на Болоњската школа. Умре во Болоња, на 18 август 1642 година.

1650.- Роден е англискиот крал Вилијам III, кој во текот на влаедењето од 1689 до 1702 година помогна во јакнењето на граѓанските и деловни кругови и општо во капиталистичкото стопанство. За време на неговото владеење Англија повторно ја зазеде Ирска.

1840.- Роден е Огист Роден, француски скулптор. Се смета за основоположник на модерната европска скулптура. Неговата најголема заслуга е внесувањето на психолошкиот елемент и последното третирање на скулпторската материја и на фигурата. Светлината е значаен фактор во неговата скулптура. Најпознати му се делата: "Мислител", "Бакнеж", "Граѓаните на Кале", "Балзак" и други. Умре на 17 ноември 1917 година.

1814.- Прогласен е норвешкиот Устав, со кој оваа земја стана независно кралство, поврзано со Шведска само преку персонална линија.

1847.- Умре германскиот композитор и диригент Феликс Менделсон, основач на конзерваториумот во Лајпциг, истакнат претставник на романтизмот. Како пијанист дебитираше на девет години, а на 15 години ја напиша првата симфонија. На 16 години напиша мајсторско дело, сценска музика за „Сонот на летната ноќ“. Дела: „Шкотска“, „Италијанска“, „Хебриди“ или „Фингаловата пештера“, „Песни без зборови“, „Концерт за виолина и оркестар во e-mol“; соло песни, камерна музика и други.

1890.- Во Лондон беше отворена првата линија на подземна електрична железница во светот - метро. Второто метро во светот, а прво на европскиот континент беше будимпештанскиот, отворен во 1896 година.

1893.- Во Солун, со учество на истакнатите македонски револуционери Даме Груев, учител од селото Смилево, Петар Поп Арсов, учител од селото Богомила, д-р Христо Катарчев, лекар од Ресен, Иван Хаџи Николов, книжар од Кукуш, Андон Димитров, учител од селото Ајватово и Христо Батонџиев, учител од Гуменџа, е формирана Внатрешната македонска револуционерна организација (ВМРО). Најголемо дело на Организацијата беше Илинденското востание во 1903 година. На Рилскиот конгрес организацијата го доби називот Внатрешна македонско-одринска револуционерна организација (ВМРО). Покрај споменатите македонски револуцонери, носители на организацијата беа Гоце Делчев, Ѓорче Петров, Пере Тошев, Димо Хаџи Димов, Јане Сандански Никола Карев и многу други револуционери.

1918.- Во Првата светска војна загинал англискиот писател Вилфред Овен, во чија поезија најсилно ги осудувал воените ѕверства. Значително влијаеел врз модерните англиски поети, посебно на Вистен Хју Одн и Стивен Спендер.

1918.- Силите на Антантата се согласиле со условите за капитулација на Германија во Првата светска војна, заснована на „14 точки“ предложени од претседателот на САД Вудро Вилсон.

1921.- Јапонскиот премиер Такаши Хар беше убиен во атентат.

1922.- Во долината на кралевите кај Луксор во Египет, англискиот археолог Хауард Картер го откри гробот на фараонот Тутанкамон.

1931.- Друштвото на народите ја обвини Јапонија за агресија врз Манџурија, а напуштањето на организацијата во март 1933 година уследи како одговор на Јапонија на осудата од страна на светската јавност.

1939.- На барање на претседателот Френклин Рузвелт, Конгресот го донесе законот за продажба на воени материјали врз основа на принципот „плати па носи“, што беше првиот чекор на САД за влез во Втората светска војна. Во март 1941 година тој закон е заменет со нов - за заем и наем - со уште поголеми привилегии за земјите кои се бореле против нацизмот.

1942.- Британската Осма армија на генералот Бернард Монтгомери ги победи германско-италијанските сили на Ел  Алајмен (Африканскиот корпус на генералот Ервин Ромел) во Втората светска војна. Четири дена подоцна следеше исфрлувањето на сојузниците во северна Африка по што во мај 1943 година потполно ги уништија силите на Оската во Африка.

1944.- Единиците на НОВ на Македонија по борбите што ги водеа на приодите кон Битола го ослободија градот.

1946.- Основана е УНЕСКО (Организацијата на Обединетите нации за образование, наука и култура) заради решавање на проблемите со образованието во земјите погодени во Втората светска војна. Подоцна задачите на УНЕКСО беа проширени, посебно во заштита на културното и историското богатство и размена на научни работници и публикации.

1852. - Републиканецот Двајт Ајзенхауер победи на изборите за претседател на САД, кој за време на двата четиригодишни мандата не се истакна посебно.

1956.-  Советската армија ја угуши буната во Унгарија и наместо Имро Наѓ, кој засолниште побара во амбасадата на Југославија, претседател на владата стана Јанош Кадар.

1966.- Најголемите поплави во историјата на Италија се случија на третина од нејзината територија при што штетите беа огромни. Во древниот град Фиренца значително беше оштетено културното богатство.

1976.- Велика Британија предложи независност на Јужна Родезија (сегашна Зимбабве) под владение на црнечкото мнозинство од 1 март 1978 година. До 165 година земјата беше британска колонија. Од април 1980 година Зимбабве е меѓународно призната земја со која раководи црнечкиот лидер Роберто Мугабе.

1979.- Исламски студенти во Техеран ја окупираа амбасадата на САД при што 52 службеници држеа 444 дена како заложници барајќи да им биде испорачан шахот Резе Пахлави, кој во тоа време се наоѓаше во болница во Каиро.  

1980.- За претседател на САД беше избран републиканецот Роналд Реган, кој на оваа функција остана два мандата, бидејќи ги доби изборите и во 1984 година.

1983.- Во Либан загинаа повеќе од 40 израелски војници со детонација на камион, полн со експлозив, која ја предизвика исламски терорист-самоубиец.

1984.- Првите слободни избори во Никарагва завршија со победа на Сандинистичкиот фронт кој освои 68 отсто од гласовите.

1995.- Убиен е израелскиот претседател Јицак Рабин, во моментот додека го напушташе мировниот митинг во Тел Авив на кој говореше. Беше шеф на владата од 1974 до 1977, и од јуни 1992 до убиството.

2000.- Умре Миле Ангеловски, македонски новинар. Роден е во селото Горна Бошва, Кавадаречко, во 1936 година.

2004.- Соединетите Американски Држави ја признаа Република Македонија под уставното име.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Ноември.2007 во 22:36

1687.- Во Отоманското царство, по буната, од власт е тргнат султанот Мухамед IV, а на негово место дојде помладиот брат Сулејман III.

1721.- По војните против Отоманското царство и Шведска со кои се зацврсти Русија на Црното Море и Балтикот, Петар Велики е прогласен за цар на цела Русија.

1755.- Родена е француската кралица Марија Антоанета, сопруга на Луј XVI и ќерка на австриската царица Марија Терезија, која беше крајно несакна по избувнувањето на Француската револуција во 1789 година. Припишана и е ироничната порака упатена кон гладниот народ: „Ако немате леб, јадете колаче“. Под обвинение дека ја предала Фрација со тоа што била во врска со виенскиот двор, во 1793 година беше погубена на гилотина.  

1766.- Роден е австрискиот војсководец од унгарско потекло фелдмаршал Јохан Јозеф Радецки, воен реформатор и национален херој кој повеќе од половина век во битките ги предводеше австриските трупи. Учествувал во битките против францускиот цар Наполеон I во Италија и на Рајна и во гушењето на италијанските востанија против Австрија во 1830, 1831, 1848 и во 1849 година. По победите врз Италијаните во 1848 кај Кустоце и во 1849 година кај Навара, стана гувернер на Ломбардијско-венецијанската област.

1789.- Во Франција беше конфискуван целиот имот на римокатоличката црква.

1815.- Роден е англискиот математичар Џорџ Бул, најзначаен творец на современата математичка логика и „Булова алгебра“, клучно за развој на сметачите. Поради сиромаштија, завршил само основно школо, но сам ги научил класичните јазици и француски, германски и италијански. Врз основа на извршените математички задачи, во 1849 година беше поставен за професор по математика на колеџот во Корк, по што го напиша најзначајното дело „Истражување на законот за мислењата“.

1903.- На врвот Маргара, близу до селото Чаниште, Мариовско, се водеше тешка борба меѓу четите на Ѓорче Петров, Лазар Поп Трајков, Иван Попов, Лука Иванов, Циле Кономладски и Јово Јовановиќ, од една, и турската војска, од друга страна.

1906.- Роден е Лукино Висконти, италијански филмски режисер, сценарист, еден од зачетниците на неореалистичката филмска школа. Познати се неговите филмови: "Земјата трепери", "Роко и неговите браќа", "Смрт во Венеција", "Гепард" и други. Умре на 17 март 1976 година.

1911.- Роден е грчкиот писател Одисеј Алепуделис, познат како Одисеј Елити, добитник на Нобеловата награда за книжевност во 1979 година, чија поезија се одликува со ретко лексичко богатство и чудесни метафори. Дела: збирка песни „Ориентација“, „Монограм“, есејот „Отворена книга“ и др.

1913.- Роден е американскиот глумец Бартон Стивн Ланкастер, познат како Берт Ланкастер, кој како поранешен циркуски артист почна со улоги во авантуристички филмови, но потоа ја потврди и својата исклучителна актерка индивидуалност. Филмови: „Одовде до вечноста“, „Заробеникот од Алкатраз“, „Седум дена во мај“, „Воз“, „Гепард“, „Затворен семеен круг“, „Тетовирана ружа“ и други.

1917.- Велика Британија со Балфуровата декларација се заложи за основање на еврејска држава во Палестина.

1930.- Хаил Селаси I е крунисан за цар на Етиопија.

1938.- Унгарија ја анектираше јужна Словачка, искористувајќи ја инвазијата на својата сојузничка Гереманија на Чехолсовачка.

1944.- Централниот комитет на Бугарската работничка партија (комунистите) во писмо до генералниот секретар на Комунистичката партија на Југославија Јосип Броз Тито ја призна вината за фашистичките злодела направени во Југославија во Втората светска војна.

1950.- Во Хартфоршир умре Џорџ Бернард Шо, британски писател, романсиер, музички и драмски критичар и автор на драми кои му носат репутација на најдуховниот драматург во 20. век. Негови најпознати дела се драмите: "Света Ивана", "Занаетот на госпоѓа Ворен", "Мајсторот Барбара" и други дела. Во 1925 година ја доби Нобеловата награда за литература. Роден е во Даблин, на 26 јули 1856 година.

1953.- Пакистанскиот парламент ја прогласи земјата Исламска Република Пакистан.

1958.- Последните британски војници го напуштија Јордан.

1964.- Во Саудиска Арабија од престолот е симнат кралот Сауд, а за крал е прогласен принцот Фејсал.  

1971.- Умре Михаил Илич Ром, еден од врвните советски филмски режисери. Главни негови филмови се „Дунда“, „Ленин во октомври“, „Човек бр. 217“, „Тајна мисија“, „Адмирал Ушаков“, „Обичен фашизам“ и други. Роден е во 1901 година.

1976.- За претседател на САД е избран Џими Картер, кандидатот на Демократската партија.

1978.- Двајца советски космонаути од вселенскиот брод „Саљут 6“ се вратија на Земјата, поставувајќи нов светски рекорд на престој во вселената - 139 дена и 14 часа.

1990.- Парламентот на Мозамбик усвои нов устав со кој во земјата е воспоставена повеќепартиска демократија.

1990.- Во Штип умре Панче Мировски, првиот лирски тенор на македонската оперска сцена и своевидна легенда на Штип. Со група ентузијасти под диригентската палка на основоположникот на музичкиот живот во Штип, Сергеј Михајлов, во 1924 година настапи во операта "Палјачи", која се смета за прво музичко драмско дело, изведено во Македонија. Роден е во Штип, во 1902 година.

1994.- Повеќе од 430 луѓе загинаа на југот на Египет во пожар по експлозија во големо складиште на нафта близу едно село.

1995.- Поранешниот министер за одбрана на Јужна Африка Магнус Малан и 10 пензионирани виши офицери се уапсени под обвинение за убиства во време на режимот на апартхејдот.

1998.- Интензитетот на ураганот „Мич“ се намали по една недела во која предизвика огромо разорување во Централна Америка, посебно во Хондурас и Гватемала, и смрт на најмалку 9.000 луѓе.

2003.- Свештеникот на американската епископална црква Кенон Џин Робинсон е поставен на должноста бискуп иако јавно се изјасни дека е хомосексуалец.

2004.- Умре претседателот на Обединетите Арапски Емирати, шеикот Зајед бин Султан ел Нахајан. На чело на Емиратите беше од здобивањето независност од британското владеење и формирање на унијата во 1971 година.

2005.- Тео ван Гог, холандски филмски и книжевен творец на контроверзни идеи, е убиен во Амстердам, два месеци по прикажувањето на неговиот краткометражен филм „Потчинетост“ на холандската телевизија, во кој говори за потценувањето на жените во муслиманските земји. Автор е на околу 20 филмови и три книги по кои Ван Гог е познат како остар критичар на исламизмот, хомосексуалците и Евреите.

2005.- Во експлозија на автомобил-бомба во близина на џамија во ирачкиот град Мусајиб загинаа 29 лица, а 62 беа повредени.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Октомври.2007 во 12:20

1751.- Роден е англискиот писател и политичар од ирско потекло Ричард Бринсли Батлер Шеридан. Како член на британскиот парламент од 1780 до 1812 година се прослави како одличен оратор. Дела: комедии „Школо за озборување“, „Соперници“, „Критичар“.

1762.- Роден е францускиот писател Андре де Шениер, еден од најголемите класични писатели на 18. век. Дела: песните „Пратеничка со свои дилеми“, „Хермес“, „Америка“, „Младата Тарантинка“, „Нера“, „Слепец“, „Младата затвореничка“.

1830.- Умре српскиот писател Петар I Петровиќ Његош, митрополит на Српската православна црква кого Црквата по смртта го прогласи за светец под името Свети Петар Цетињски. Владееше без малку половина век со Црна Гора зацврстувајќи го единството на државите. Напишал голем број епски песни и „Историја на Црна Гора“.

1839.- Роден е францускиот сликар од англиско потекло Алфред Сисли, еден од основачите на импресионизмот.

1864.- Потпишан е Виенски мир со кој Данска е принудена на Прусија да и ги отстапи покраините Шлезви, Холтајн и Лауенбург.

1871.- Роден е Пол Валери, француски писател, еден од најголемите лиричари на Франција. Најпознати дела му се поемите "Морнарски гробишта" и "Младата Парка", како и есеите "Вовед во методот на Леонардо да Винчи" и "Танецот". Умре на 20 јули 1945 година.

1885.- Роден е американскиот писател Езра Паунд. Објавил повеќе критички книги: „Духот на романтиката“, „Критички есеи“, „Како да читаме есеј“, „Џеферсон и/или Мусолини“.  

1890.- Охридското граѓанство испрати молба до Високата порта во Цариград, во која молеше да се дозволи основање на македонски училишта во градот и околината и да се дозволи наставата во училиштата да се изведува на македонски јазик.

1910.- Умре швајцарскиот филантроп Жан Андри Динан, творец на идејата за Црвениот крст, еден од основачите на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во 1863 година. Добитник е на Нобелобата награда за мир во 1901 година. Искуството од битките кај Солферино во 1859 година кога организираше помош за ранетите, го навело во 1864 година да предложи конвенција според која во војна мора да се поштедуваат болните и ранетите, како и санитарните работници. Бидејќи падна во зборав и во беда дури во длабоката старост доживеа признание за огромната филантропска работа. Како признание за исклучителниот придонес во работата на Црвениот крст, во 1965 година е востановена „Медала Андри Динан“, највисоко одликување на Меѓународниот комитет на Црвениот крст. Дела: „Сеќавање на Солферино“, „Меѓународно братство и милосрдие за време на војна“, „Меѓународно братство и милосрдие за време на војна“.

1918.- Престана да постои Отоманската империја. Врз основа на актот за капитулација, Турција мораше да ја распушти војската, на победниците да им пушти премин преку Црното Море, да се повлече од Арабија, Месопотамија, Сирија, Ерменија и делови од Килики.

1918.- Словачка се отцепи од Унгарија и се обедини со Чешка - Чехословачка. Чехословачка е првата новосоздадена држава по Австроунгарија во Првата светска војна.

1922.- По „Маршот на Рим“ со кој фашистите ги заплашија режимот и дворот, Бенито Мусолини формира влада.

1932.- Роден е францускиот филмски режисер Луј Мал, кој посебно инсистираше на интелектуализмот. Филмови: „Лифт за губилиште“, „Љубовници“, „Приватен живот“, „Вива Марија“, „Калкута“, „Црн месец“, „Атлантик сити“.

1938.- Младиот режисер Орсон Велс ја објави во Њујоршкото радио Ен-Би-Ес радиодрамата "Војната на световите", врз основа на текстот на Џ. Велс. Нападот на Марсовците на Земјата, режисерот го прикажа така што повеќе слушатели поверуваа во вистинитоста на настанот, што предизвика неверојатен хаос и тревога во тој дел на Америка. Орсон Велс преку ноќ стана еден вид национален харој.

1944.- Германските војници во Рисан, Бока Которска, во Втората светска војна убија 42 цивили. Најстарата жртва во градот имала 80, а најмладата една година.

1945.- Индија стана член на Организацијата на Обединетите нации.

1967.- За првпат во историјата на космонаутиката е извршено спојување и раздвојување на вештачки земјини сателити. Ова го изведоа советските научници со леталата "Космос - 186" и "Космос - 188".

1973.- Пуштен е во сообраќај мостот на Босфор, во Турција, кој ги поврзува Европа и Азија.

1975.- Тешко болниот шпански диктатор Франсиско Франко беше заменет од принцот Хуан Карлос.

1983.- Во силниот земјотрес со силина од 6 степени според Рихтеровата скала, што ја погоди Анадолија, во Турција, загинаа 1.300 луѓе.

1994.- Граѓаните на Република Македонија по вторпат излегоа на гласање во рамките на вторите повеќепартиски избори.

1995.- Во Луксембург, Советот на европските министри ја даде својата согласност за вклучување на Македонија во структурата на програмата ФАРЕ, наменета за земјите од Централна и од Источна Европа.

1995.- Со минимално мнозинство на референдумот за независност на канадската провинција Квебек победија противниците на отцепувањето.

1998.- Во пожарот во македонскиот клуб, изнајмен за пригода на крудската младина во шведскиот град Гетеборг загинаа 63 лица.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Октомври.2007 во 09:49
1507.- Роден е шпанскиот војсководец Фернандо Алварес де Толедо Алба, кој како намесник на Холандија со инквизиторски терор во 1565 година ја предизвика војната за ослободување, која заврши во 1581 година, со нејзино отцепување од Шпанија. Во 1581 година ја освои Португалија во која исто така направи крвопролевања.

1811.- Роден е францускиот социјалист-утопист Жан Жозеф Шарл Луј Блан, кој тврдеше дека социјалистичкото општество може да биде создадено по мирен пат, со помош на државата, со основање на „здружени работилници“ и земјоделски комуни. Дела: „Организација на работата“, „Истoрiја од десет години 1830-1840“, „Историја на Француската револуција“.

1814.- Првиот воен брод на пареа „Фултон“ кој го конструираше Роберт Фултон, исплови од Њујоршкото пристаниште.

1888.- Во Цариград е потпишана Конвенцијата за Суецкиот канал, според која „Каналот треба да биде слободен и отворен за сите трговски и воени бродови без разлика на знамето, како за време на војна така и во мир“. Тоа е почитувано, освен во војната кога Каналот беше затворен за непријателската Велика Британија, тогаш „тутор“ на Египет.

1889.- Умре рускиот писател, книжевен критичар и естетичар Николај Гаврилович Чернишевски, кој создаде естетички систем и силно влијаниел на руската книжевност во 19. век. Поради пропагирањето на идејата за селанска револуција и утописки социјализам е прогонет во Сибир. Во романот „Што да се прави“ силно ги пропагира социјалситичко-утописките погледи на проблемите за брак, семејство, еманципација на жените и општествените идеали. Дела: „Погледи за руската книжевност во периодот на Гогољ“, „Русин на рандеву“.

1827.- Роден е германскиот воен злосторник Јозеф Гебелс, министер за пропаганда на Третиот рајх.

1910.- Роден е англискиот филозоф Џулс Алфред Ејер, чија книга „Јазик, вистина и логика“ е своеврстен манифест на логичкиот позитивизам. Дела: „Засновање на емпериското знаење“, „Проблем на сознанијата“.

1911.- Умре американскиот новинар од унгарско потекло Џозеф Пулицер, основач на „жолтиот печат“, чија фондација секоја година ја доделува „Пулицеровата награда“ за новинарство, карикатура, американска историја, поезија, драма, роман и музика. Како млад емигрира во САД, каде учествувал во Американската граѓанска војна и бил биран на Конгрес. На унивезитетот „Колумбија“ во 1903 година ја основа првата новинарската школа.

1923.- Турција е прогласена за Република.- Национален празник на Турција. Генералот Мустафа Кемал од 1930 година наречен Ататурк е првиот претседател на Република Турција.

1929.- Крахот на Њујоршката берза, познат како „црн вторник“ го означи почетокот на големата криза на американското стопанство во која големи банки и моќни компании отидоа во стечај, а неколку илјади луѓе се доведени до просјачки стап. Со тоа се создаде ерата на самоубиства, големи недоверби и крајна безнадежност. Индустриското производство падна на ниво од почетокот на векот, а без работа останаа 26 милиони луѓе.

1936.- Во првиот воен удар во арапскиот свет, генералот Бакр Сидки ја собори ирачката влада.

1940.- Во Ленинград умре Димитрија Чуповски, еден од најистакнатите и најдоследни организатори и афирматори на македонската национална мисла, општественик, револуционер, политичар, дипломат, публицист, научник, издавач, историчар, картограф и филолог. Беше иницијатор и прв претседател на Славјанско-македонското научно литературно друштво, основано во Петроград во 1902 година. Го основа и Национално-просветното (1912) и Руско-македонското друштво (1914) во Петроград, а во периодот од 1912 до 1915 година на руски јазик го издаваше списанието "Македонски голос". Роден е во селото Папрадиште, Велешко, во 1878 година.

1944.- Во селото Горно Врановци, Велешко, излезе првиот број на весникот "Нова Македонија" на македонски јазик, орган на Народноослободителниот фронт на Македонија. Вториот број излезе во ослободениот град Битола, а од третиот број излегува во Скопје. Излегувањето на овој весник е од исклучително значење за развојот на современото македонско новинарство.

1950.- Умре шведскиот крал Густав Петти, кој во текот на владеењето од 1907 година до неговата смрт и осигури неутрален статус на Шведска во двете светски војни.

1956.- Искористувајќи го француско-британскиот напад на Египет, израелската армија продре во Синај и брзо ги порази слабите египетски сили. Војната која двете западни земји ја поведоа заради заштита на политичките и економските интереси на Суец заврши во почетокот на ноември, по интервенцијата на Обединетите нации и острите предупредувања од СССР и САД.

1957.- Диктаторот Фулхенсио Батиста го суспендира кубанскиот устав.

1962.- САД се откажаа од поморската блокада на Куба на барање на генералниот секретар на ОН У Танта. САД ја блокираа Куба заради инсталирање на советско воено оружје на островот, со што е предизвикана Карипската криза, која заврши претходниот ден со договор помеѓу американскиот и рускиот лидер Џон Кенеди и Никита Хрушчов.

1964.- Обединетата република Тангањика, Занзибар и Пемба го промени името во Танзанија.

1975.- Во Скопје умре Ристо Крле, македонски писател и драматург. Неговото дело има големо значење за македонската драмска литература. Драмите "Парите се отепувачка", "Милиони маченици" и "Антица", создадени пред Втората светска војна, претставуваат своевиден блесок и се придружија кон творештвото на Антон Панов и Васил Иљоски. По војната ги напиша уште и драмските дела "Гроф Миливој" и "Велик ден", како и фрагментарно објавената биографија. Роден е во Струга, на 3 септември 1900 година.

1989.- Во Скопје умре Димитар Гешовски, еден од најпознатите македонски артисти. Во својата богата артистичка дејност оствари над стотина театарски, телевизиски и филмски ликови. Роден е во Прилеп, на 14 септември 1928 година.

1990.- Во Скопје, на Градските гробишта „Бутел“, точно на 50-годишнината од смртта, беа положени посмртните останки на Димитрија Чуповски, еден од најзначајните личности од историјата на македонскиот народ, кои на 29 јуни 1990 година беа пренесени од Санкт Петербург, каде што умре на 29 октомври 1940 година.

1993.- Прифатена е нотификацијата на Република Македонија со која се пристапува кон Виенската конвенција за патниот сообраќај од 1968 година. Тоа значи дека возилата регистрирани во Република Македонија од овој датум ја носат ознаката „МК“.

1994.- По повод вториот круг на гласање за избор на пратеници во Собранието на Република Македонија, почна со работа Прес-центарот.

1996.- Во Виена е одржана аукција на околу 8.000 слики, скулптури и останати уметнички дела кои од австриските Евреи во Втората светска војна ги одзедоа австриските и германските нацисти, а приходот беше наменет за луѓето кои го преживеале холокаустот.

1998.- Ветеранот на американската астронаутика Џон Глен во 77 година од животот повторно полета во вселената, 36 години по неговата прва вселенска мисија.

1998.- Република Македонија ја потпиша Конвенцијата за забрана на нуклеарни проби.

1998.- Во Скопје, во населбата Тафталиџе, почна изградбата на американската гимназија „Нова“.

2002.- Државниот обвинител покрена обвинение против претседателот на Никарагва Енрике Боланосо и потпретседателот Хосе Ризо поради изборни измами. Тоа е прв случај во историјата на централноамериканската земја кривичното дело да е на терет на шефот на државата додека ја обавува должноста.

2002.- Во пожарот во петкатниот меѓународен трговски центар во најголемиот виетнамски град Хо Ши Мин (поранешен Сајгон) загинаа 61 човек.

2004.- Во Рим, лидерите на Европската унија го потпишаа првиот Устав на Европската унија, чија цел е блокот од 25 земји да има поважна улога на светската сцена.
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Октомври.2007 во 12:06

1505.- Умре рускиот владетел Иван III Васиљевич, наречен „Иван Велики“, кој ја направи Русија многу моќна. Во 1480 година ја ослободи Русија од монголските власти. Настојувал да ја зајакне централната власт. Ја почна изградбата на камени кули, како и палатата Кремљ во Москва.

1553.- Мигел Сервето, шпански лекар и теолог беше спален. Тој открил дека крвта во црниот дроб циркулира преку десната комора на срцето. Главно работел во Франција каде ја објавил статијата „Christianismi restitutio“ во која ја отфрлил апсурдната христијанска доктрина за Светото тројство, што предизвикало гнев кај римокатолиците и протестантите. На барање на водачот на швајцарските протестанти Жан Калвин бил уапсен во Женева, во која се криел од римокатоличката инквизиција и потоа бил осуден на смрт со спалување бидејќи неговото учење било прогласено за јеретско.

1662.- Англискиот крал Чарлс II за 2,5 милиони ливри (400.000 фунти) го продаде француското пристаниште Денкерк на брегот на Ламанш.

1728.- Роден е англискиот мореполовец Џејмс Кук, наречен „Капетан Кук“, најголемиот истражувач на Тихиот Океан. На првото патување од 1768 до 1771 ја разреши тајната за Австралија, го обиколи Нов Зеланд и утврди дека Нова Гвинеја е остров. Од 1772 до 1775 годија ги истражува островите во Тихиот Океан, а од 1776 до 1779 година прв ја обиколи Аљаска и ги откри Хавајските острови. Убиен е во 1779 година на Хаваи од островјаните.

1782.- Во Џенова е роден Николо Паганини, италијански виртуоз на виолина и композитор. Беше ненадминат мајстор на виолинската техника и му беше припишувана дури и маѓиска моќ. Компонираше виолински концерти, сонати, камерна музика и познатите "каприча" за соло виолина. Умре во Ница, Франција, на 27 мај 1840 година.

1806.- Францускиот цар Наполен I Бонапарта по победата кај Јен над Прусија го зазеде Берлин.

1811.- Роден е американскиот пронаоѓач Ајзак Мерит Сингер, кој во 1851 година ја направи првата машина за шиење, за масовна употреба.

1855.- Роден е рускиот биолог Иван Владимирович Мичурин, кој се бавел со подобрување на овошките, со години експериментирајќи аклиматизација на билките на ладни зими. Со различни постапки - хибридизација, селекција и калемење одгледувал низа отпорни сорти на цреша, кајсија, винова лоза и вишња.

1858.- Роден е американскиот државник Теодор Рузвелт, претседател на САД од 1901 до 1909 година, чија политика создаде светска сила од дотогаш изолираната Америка. Должноста шеф на државата ја презеде како потпретседател на САД, по убиството на претседателот Вилијам Мекинли во 1901 година. Иницијатор е на изградбата на Панамскиот канал, а за посредување во руско-јапонската војна во 1905 година во 1906 ја доби Нобеловата награда за мир.

1867.- Италијанскиот револуционер Ѓузепе Гарибалди го почна маршот на Рим во обид да го ослободи градот од папската власт.

1898.- Во Велес е роден Димче Зографски, македонски револуционер и општествено- политички работник. Во младоста се вклучи во македонското национално движење. Поради својата револуционерна дејност е осуден на пет години затвор. За време на НОВ на Македонија работеше во Акциониот комитет за создавање и ширење на народноослободителното движење, за што е интерниран од бугарската окупаторска власт. Умре во Скопје, на 3 јуни 1985 година.

1914.- Роден е велшкиот писател Дилен Марле Томас, поет со силна реторичка дарба, свежи и прецизни слики и со нови и уверливи ритмови.

1918.- Британските, француските и италијанските сили во Првата светска војна на италијанскиот фронт по тридневни борби ја поразија хабзбуршката војска. Австроунгарската армија се распадна, бидејќи војниците го фрлија оружјето и заситени од војна, се вратија во родниот крај. За само неколку дена беа заробени 427.000 војници кои не даваа отпор.

1920.- Седиштето на меѓународната организација Лига на народите (основана е на 19 април 1919 година со задача да го зачува светскиот мир, колективната безбедност и политичката независност на земјите, членки на Лигата на народите) од Лондон е префрлено во Женева, Швајцарија. Во тој град многубројните институции на Лигата на народите останаа се до 1945 година, кога и формално беше укината, отстапувајќи и го местото на Организацијата на Обединетите нации.

1920.- Во Битола е роден Стефан Наумов - Стив, народен херој на Македонија. Потекнува од печалбарско семејство. По завршувањето на гимназијата во Битола, во 1938 година се запиша на Техничкиот факултет во Белград, каде што веднаш му пристапи на напредното работничко движење, поради што беше често затворан. По враќањето во Битола, во 1940 година беше избран за секретар на Месниот комитет на КПЈ за Битола. Во април 1942 година го формира Битолскиот НО партизански одред "Пелистер". Загина (се самоуби) во борбата против бугарската фашистичка војска и полиција кај селото Болно, Ресенско, на 12 септември 1942 година.

1922.- Под притисок на фашистичкото движење на Бенито Мусолини, италијанската влада поднесе оставка.

1947.- Во Лерин е извршена смртна пресуда врз 13 Македонци од селото Герман, Леринско, обвинети за соработка со партизаните.

1956.- По референдумот со кој жителите во областа Сар гласаа за приклучување кон Западна Германија, владите на Бон и Париз се договорија за дефинитивно решавање на проблемот со спорната територија. Сар и е вратен на Германија, но до крајот на 1959 година Сар остана во стопанската унија на Франција.

1966.- Генералното собрание на Обединетите нации на Јужна Африка и го одзеде туторскиот мандат врз Југозападна Африка (Намибија).

1971.- Владата на Конго соопшти дека името на државата е сменето во Република Заир.

1973.- Мировните сили на Обединетите нации стигнаа во Каиро за да ја обезбедуваат линијата на раздвојување меѓу египетските и израелските сили.

1978.- Египетскиот претседател Анвар ел Садат и израелскиот премиер Менахем Бегин ја добија Нобеловата награда за мир.

1990.- Во Рим умре Уго Тањаци, прочуен италијански артист, кој со подеднаков успех во 50-те години играше и комични и драмски улоги. Роден е во 1922 година.

1991.- Советската република Турменистан ја прогласи независноста од Москва.

1993.- Во Лос Анџелес умре Винсент Прајс, американски артист, холивудски ветеран, ѕвезда на класичните хорор филмови, како што се: "Куќа од восок", "Равен" и други. Роден е во 1911 година.

1993.- Во Женева, Советот на претставниците на ГАТТ (Општ договор за трговија и царини) донесе одлука со која Република Македонија доби статус на посматрач.

1994.- Стејт департментот одлучи во поранешна Босна и Херцеговина да упати 15 официри на САД заради интеграција на муслиманските и хрватските војски и воспоставување на заедничка команда на армијата на муслиманско-хрватската федерација.

1994.- Фестивалот „Охридско лето“ е примен во Европската фестивалска унија.

1996.- Во каирското предградие Хелиополис се урна станбена зграда, усмртувајќи 64 луѓе.

1998.- Герхард Шредел ја презеде должноста канцелар на Германија, ден по оставката на Хелмут Кол, кој беше поразен на изборите кои се одржаа претходниот месец.

1999.- Вооружени напаѓачи упаднаа во Парламентот на Ерменија и во Ереван и убија девет луѓе, вклучувајќи ги премиерот Вазген Сарксијан, претседателот на парламентот Карен Демиркијан, двајца негови заменици и еден министер.

2003.- Во серија експлозии на автомобил-бомби пред седиштето на Меѓународниот комитет на Црвениот крст и четири полициски станици во Багдат, во почетокот на најголемиот верски празник на муслиманите - Рамазан, загинаа преку 40, а ранети беа околу 200 лица.

2005.- Во предградие на Париз населено со арапски имигранти, почнаа повеќенеделни нереди кои се проширија и во другите француски градови во кои две лица загинаа, а беа уаспени 4.500 луѓе, а беа запалени 8.700 автомобили и 200 јавни згради.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Октомври.2007 во 08:32

1685.- Роден е италијанскиот композитор Ѓузепе Доменико Скарлати, виртуоз на чембало. Компонирал повеќе од 550 композиции за чембало, познатата соната во еден став, т.н. Скарлатиев сонатен облик, употребувајќи нова техника со брилијантни резултати.

1689.- По наредба на австрискиот генерал Силвио Пиколомини, австриската војска го запали Скопје, кое гореше два дена. Австријците го запалија градот за да се спасат од епидемијата на чумата, но опасната болест не беше запрена од огнот. За кусо време изгореа многу куќи, дуќани и други градежни објекти. Покрај загубите што му беа нанесени на населението, неколку илјади австриски војници заболеа и умреа од чумата, а меѓу нив и нивниот генерал Силвио Пиколомини.По неговата препорака Кралот на АустроУнгарија го прогласи Македонскиот Востаник Карпош за Македонски Крал-Крал на Кумановоголема%20насмевка 

1795.- Роден е Жорж Жан Дантон, француски револуционер, кој на 14 јули 1789 година го предводеше побунетиот народ на познатиот париски затвор Бастилја. Беше истакнат радикален револуционер и противник на монархијата во времето на Француската буржоаска револуција. Во 1794 година Робеспјер го обвини дека работел на обновување на монархијата и го осуди на смрт. Гилотиниран е на 5 април 1794 година.

1826.- Роден е унгарскиот политичар Лајош Моцари, основач и претседател на опозициската Независна партија на Унгарија, долгогодишен пратеник и борец за рамноправност на сите народности во Унгарија.

1842.- Роден е рускиот сликар Василиј Васиљевич Верешчагин, кој инспириран од воените мотиви го изрази своето мајсторство. Сликарство учел на Академијата во Петроград, а се усовршувал во Париз. Посебно се забележителни неговите монументални композиции од руско-турската војна 1877-1878 година.

1863.- Основан е Фудбалскиот сојуз на Англија.

1863.- Во Женева почна четиридневната меѓународна конференција на 14 земји на која е основан Црвениот крст и се објавени принципите кои во 1864 година послужија како основа за усвојување на Женевската конвенција за заштита на жртвите од војни.

1874.- Умре Петер Корнелиус, германски композитор. Неговата опера "Багдатскиот берберин", е една од најубавите комични опери. Роден е на 24 декември 1824 година.

1896.- Во Адис Абеба е потпишан мировниот договор меѓу Италија и Абисинија (денешна Етиопија) со што е призната нејзината независност.

1905.- Поради неуспехот на револуцијата во Русија, работниците во Петроград го основаа првиот Совет.

1905.- Шведска ја призна независноста на Норвешка.

1911.- Прокламирана е Кинеската Република.

1916.- Роден е францускиот државник Франсоа Митеран кој како прв социјалист во мај 1981 година е избран за претседател на Франција, останувајќи на таа функција 14 години. Во Втората светска војна беше еден од водачите на француското Движење на отпорот, а од 1971 година и лидер на Социјалистичката партија на Франција.

1917.- Бразил и објави војна на Германија во Првата светска војна.

1919.- Роден е иранскиот шах Мохамед Реза Пахлави, монарх на Иран од 1941 до 1979 година. Владеејќи автократски, во 1953 година предизвикал уставна криза.

1921.- На смрт со бесење е осуден членот на комунистичката терористичка организација „Црвена правда“ Алија Алијагиќ, кој на 21 јули 1921 година го уби министерот за внатрешни работи на Кралството на Србите, Хрватите и Словенците, Милорад Драшковиќ. Повод за атентатот беше Законот за заштита на државите насочен против комунистите, познат како „Обзнана“, донесен кон крајот на 1920 година.  

1955.- Во Белград умре Радослав К. Петковски, македонски писател. Основна тема на неговите дела е животот на луѓето што се борат за основна егзистенција. Главни негови дела се збирките разкази "Рибарот Климе" и "Рашанец". Роден е во Ресен, на  август 1916 година.

1955.- Австрискиот парламент го прифати Законот за постојана независност на земјата. Тој ден се прославува како национален празник на Република Австрија.

1961.- Шведската академија му ја додели Нобеловата награда на Иво Андриќ за книжевност.

1972.- Умре рускиот конструктор на авиони и хеликоптери Игор Иванович Сикорски. Во 1908 година конструира хеликоптер, а во 1913 година направи авион со повеќе мотори.

1976.- Генералното собрание на Обединетите нации едногласно го осуди апартхејдот и ги повика сите влади на земјите членки да ги забранат сите контакти со Транскеја, Јужна Африка.

1979.- Претседателот на Јужна Кореја Парк Чунг Хи го уби својот шеф за безбедност Ким Је Кју.

1992.- Перуанскиот печат соопшти дека познатиот археолог Валтер Алва пронашол непозната група од 15 камени пирамиди, опкружени со населби чија старост се пронеценува на 35 векови. Новооткриениот археолошки локалитет зафаќа површина од три километри квадратни и се наоѓа на околу 60 километри од перуанскиот град Чиклајо.

1993.- Водачот на Црвените бригади, Марио Морети, во интервјуто дадено од неговата затворска ќелија, што го пренесуваше телевизискиот канал "РАИ УНО", призна дека го убил поранешниот премиер Алдо Моро. "Никогаш немаше да дозволам некој друг да го направи тоа. Тоа беше за мене и го извршив", изјави Морети.

1993.- Во Загреб е основано Хрватско-македонско друштво.

1994.- Израел и Јордан потпишаа договор со кој после 40 години и формално заврши воената состојба помеѓу двете држави.

1995.- На Малта е убиен водачот на палестинската терористичка исламска организација „Исламски џихад“ Фати Шкаки, кој планирал многу напади во кои се убиени десетина Израелци.

1995.- Во Скопје умре Киро Поповски, претседател на Собранието на Република Македонија. Роден е во селото Вратница, Тетовско, на 13 април 1942 година.

1996.- Во Сарај, кај Скопје, е поставен камен-темелникот на новата црква „Света Великомаченица Злата Мегленска“.

1998.- Претседателите на Перу и Екватор потпишаа формална декларација со која е решен граничниот спор на двете јужноамерикански земји. Спорот настана во почетокот на 19. век поради кој повеќе пати војуваа.

2002.- Припадници на руските специјални сили упаднаа во московскиот театар „Дубровка“ при што ги ликвидираа сите 50 чеченски терористи кои цели 60 часа држеа 800 гледачи како заложници заканувајќи се дека ќе ги дигнат во воздух и себе и заложниците ако руските власти не отстапат од сите операции во Чеченија и ја повлечат војската од оваа севернокавказка република. Во акцијата на руските специјалци животот го загубија 128 заложници.

2004.- Израелскиот парламент го одобри планот на премиерот Аријел Шарон за повлекување на израелските доселеници од појасот Газа и делови на Западниот брег, окупирани во 1967 година.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Октомври.2007 во 08:35

1360.- Англискиот крал Едвард III и францускиот крал Жан II Добриот, англиски заробеник во битката кај Поатје во 1356 година, во Кале потпишаа договор со кој е окончана првата фаза на Стогодишната војна. Францускиот монарх беше принуден на Англија да и отстапи некои француски територии, а Едвард III за возврат да се одрече од полагање права во францускиот престол.

1601.- Умре данскиот астроном Тихо Брахе, кој подигна опсерваторија на островот Хвен и скоро две децении ги набљудуаше планетите, посебно Марс. Ја откри новата ѕвезда во соѕвездието Касиопеја.  

1632.- Роден е  холандскиот природонаучник Антони ван Левенхук, кој, иако по струка книжар, се бавел со микробиолошки истражувања и го откри дотогаш непознатиот свет на микроорганизмите. Ги создаде првите едноставни микроскопи, но подоцна посветувајќи им се нив, конструирал околу 400 микроскопи. Резултатите од истражувањата на крвните садови, структурата на коските, мускулите, еритроцитите и сперматозоидите ги објавувал во изданијата на Лондонското кралско друштво чиј член беше.

1648.- Со Вестфалскиот мир кој го склучија германскиот цар и владетелите на Франција и Шведска, заврши Тридецениската војна. Франција од Германија ги доби Алзас, Мец и Тул, Шведска ја доби скоро цела Померанија, а Германија остана поделена на голем број држави. Австрискиот цар и понатаму беше и германски цар, но со големи ограничени овластувања. Признати беа независноста на Швајцарија и на Холандија и беше прогласена рамноправноста на римокатолиците и протестантите.

1697.- Австрискиот фелдмаршал Еуген Савојски со околу 8.500 војници продре по долината на реката Босна во Сараево и го запали.

1725.- Умре италијанскиот композитор Пјетро Алесандро Гаспаре Скарлати, основач на оперската „неаполска школа“. Дела: опери, кантати, црковни композиции.

1795.- Русија, Австрија и Прусија меѓу себе ја поделија територијата на Полска.

1797.- Лима, главниот град на Перу, го разурна земјотрес, при што загинаа околу 5.000 луѓе.

1857.- Во Шефилд, Англија формиран е фудбалскиот клуб "Шефилд". Тој е најстариот фудбалски клуб во светот.

1891.- Роден е доминиканскиот диктатор Рафаел Леонидас Трухиљо Молина, кој како американски штитеник, владеел со Домениканската Република од 1930 до 1961 година. Во мај 1961 година беше убиен од заседа во близина на Сиудад Трухиља.

1912.- Со победата на Првата српска армија под команда на Александар Караѓорѓевиќ над турската Вардарска армија Зеки-паша, заврши дводневната Кумановска битка, клучна во Првата балканска војна.

1914.- Роден е Џонас Едвард Салк, американски микробиолог. Во 1955 година ја откри вакцината против детската парализа (полиомиелитис). Тој спасил милиони деца во светот заболени од детска парализа. Умре во Ла Џола, Калифорнија, во САД, на 23 јуни 1955 година.

1915.- Роден е Тито Гоби, италијански оперски пејач, баритон. Настапуваше на сите оперски сцени низ светот и остави репертоар од над стотина улоги. Најголем успех постигна со креациите на Риголето, Скарпија ("Тоска"), Фалстав, Фигаро ("Севилскиот бербер") и Дон Џовани. Пееше и во повеќе музички филмови ("Џузепе Верди", "Палјачи"). Умре во 1984 година.

1917.- Германците и Австријците кај италијанското градче Капорето (сегашно Кобарид во Словенија) во Првата светска војна ја пробија одбраната на италијанската војска и и нанесоа тежок пораз. За 16 дена напаѓачите навлегоа 110 километри, заробија 293.000 италијански војници, повеќе од 300 топови и големи залихи на воен материјал.  

1918.- Сфаќајќи дека со распаѓањето на Австроунгарија целосниот пораз на централните сили е неизбежен, царот Карло побара интервенција од Католичката црква за прекинување на војната. Меѓутоа, интервенцијата на Ватикан немаше успех. Сојузниците продолжија со операцијата и ги натераа Австроунгарија и Германија на безусловна капитулација.

1934.- Махатма Ганди истапи од Националниот конгрес на Индија, која беше под британско влијание и ги поведе масите во борба за независност на Индија.

1944.- Американски авиони во Втората светска војна, во текот на големата воздушно-поморска битка во филипнскиот залив Лејте, го потопија јапонскиот носач на авиони „Мусаши“, еден од најголемите некогаш изградении носачи.

1945.- Стапи во сила Повелбата на Организацијата на Обединетите нации, која заедно со Статутот на Меѓународниот суд, претставува темелен документ за устројството и дејствувањето на оваа светска организација. Тој ден се слави како Ден на Организацијата на Обединетите нации. Република Македонија е примена за рамноправен член на Организацијата на Обединетите нации на 8 април 1993 година.

1945.- Во Осло е стралан водачот на норвешките нацисти и претседател на марионетската влада во Втората светска војна Видкун Квислинг, осуден претходно на смрт поради предавство, чие име стана симбол на предавството.

1948.- Умре австрискиот композитор Франц Лехар, најзначаен претставник на виенската опера во првата половина на 20. век. Дела: оперетата „Веселата вдовица“, „Грофот од Луксембург“.

1956.- Советската војска интервенираше во Будимпешта, ден по избувнувањето на вооружените нереди против политиката на водачот на унгарските комунисти Мараш Ракоши.

1957.- Умре францускиот моден креатор Кристијан Диор, еден од главните „модни диктатори“ во светот после Втората светска војна.

1962.- САД започнаа со блокадите на Куба.

1964.- Британската африканска колонија Северна Родезија се стекна со независност под името Република Замбија. Нејзин претседател беше Кенет Каунда. По акцијата за граѓанска непослушност, која во 1962 година ја организираше Обединетата национална партија за независност, предводена од Каунда, британската влада беше принудена да донесе устав во Северна Родезија и потоа, по 73 години од колонијалната управа, ја признае целата независност. До тогаш Северна Родезија беше во составот на британската колонија.

1974.- Умре рускиот виолинист и диригент Давид Фјордович Ојстрах, еден од најголемите мајстори на виолина во 20. век. Во родната Одеса го заврши конзерваториумот, а во 1935 година се прослави со наградата на меѓународниот виолински натпревар во Варшава, а во 1937 година со наградата „Исај“ во Брисел. Беше професор на Московскиот конзерваториум и со голем успех настапуваше ширум светот.

1990.- Во Тирана започна состанокот на министрите за надворешни работи на балканските земји на кој се разгледани можностите за унапредувањето на соработката на Албанија со Бугарија, Грција, Југославија, Романија и Турција. Беше создадена поволна атмосфера за развој на односите и решавање на споровите и проблемите на Балканот, но не беше постигнат конкретен договор.

1992.- Во Тетово е формиран Сојуз на албанските жени.

1997.- На пет километи под површината на Индискиот Океан, нуркачите го пронајдоа американскиот брод кој носеше 2.000 тони сребро, кое претседателот Рузвелт му го испратил на Сталин во 1944 година. Рузвелт сакал да им помогне на Русите во борбата против Хитлер, но планот пропаднал кога германскате подморници го потопиле. Во бродот имало сребро во вредност од најмалку 330 милиони долари.

1997.- Воената хуна на Сиера Леоне под меѓународен притисок се согласи да ја отстапи власта на избраниот претседател на земјата Ахмад Теџан Кабах.

2001.- Во американскиот напад врз авганистанскиот главен град Кабул убиени се 22 припадници на терористичката организција на палестинските исламисти „Харакат-ул-муџахедин“, милитантна групација која настојува да го оконча владеењето на Њу Делхи во северната индиска провинција Кашмир.

2005.- Умре афроамериканската Роза Паркс, прва црнкиња која во 1955 година се осуди да ги прекрши тогашните расни закони на југот од САД, во сојузната држава Алабама, одбивајќи на белец да му отстапи место во автобус. Тоа доведе до основање на движењето за црнечки права во Америка. 

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Октомври.2007 во 10:57

42. п.н.е.- Римскиот политичар Марко Јуниј Брут изврши самоубиство.

1596.- Турската војска на султанот Мухамед III кај Ерлау, во Унгарија, ги порази австриските трупи на Максимилијан.

1764.- Во Париз умре Жан Мари Леклер, француски виолинист и композитор, во почетокот балетски играч. Компонира повеќе дела меѓу кои особено се истакнуваат виолинските композиции. Роден е во 1697 година.

1817.- Роден е францускиот лексикограф и енциклопедист Пјер Атаназ Ларус, издавач на големиот светски речник на 19. век во 17 томови. Издавачката куќа „Ларус“ по неговата смрт 1875 година продолжи со издавање енциклопедиски речници.

1844.- Во Париз е родена Сара (Вистинското име и е Розин) Бернар, француска артистка, со исклучително убав глас и дарба. Нејзината глума обележа цела една епоха. Нејзини главни улоги се Корделија („Крал Лир“), Кралица („Руј Блаз“), во „Федра“, „Дамата со камелии“, „Хамлет“, „Тоска“, „Теодора“ и во други. Умре во Париз, на 2 март 1923 година.

1872.- Умре Теофил Готје, француски писател. Пишуваше песни, романи, патописи и критики. Роден е во 1811 година.

1917.- Кај местото Луневил, во Франција, американските сили ги почнаа првите борбени акции во Првата светска војна.

1917.- На седница на Централниот комитет на руската Социјалистичка работничка партија (болшевичка) донесена е одлука за покренување организирано востание. Со подготовките и изведувањето на Октомвриската револуција раководеше Владимир Илич Ленин.

1942.- Кај градчето Ел Аламејн, во египетската пустина, британските сили ги нападнаа германско-италијанските позиции. По дванаесетдневни огорчени борби, германско-италијанските трупи беа уништени. Наскоро почна сојузничкото истоварување во Северна Африка.

1944.- Во Филипинскиот Архипелаг се одигра најголемата поморско-воздушна битка во Втората светска војна. Во неа учествуваше целата јапонска флота и три четвртини од флотата на САД. Битката траеше до 25 октомври, кога поразените Јапонци го напуштија боиштето, со обострани големи загуби.

1944.- Сојузничките држави во Втората светска војна ја признаа привремената влада на Франција што ја формира Шарл де Гол.

1954.- САД, СССР, Велика Британија и Франција се спогодија да ја окончаат окупацијата на Германија.

1956.- Француските колонијални власти го грабнаа авионот на мароканскиот сулатан, со кој водачите на алжирската револуција Ахмед Бен Бела, Мустафа Лашреф, Мухамед Будијаф, Мухамер Кидер и Ахмер Аит Хусеин летаа на состанокот со тунискиот премиер Хабиб Бургиба. Оваа постапка на француските единици предизвика протест во целиот свет.

1958.- Рускиот писател Борис Пастернак ја доби Нобеловата награда за книжевност.

1961.- На поранешниот генералeн секретар на Обединетите нации Швеѓанецот Халмар Агне Даг Хамаршелд, кој под сомнителни околности загина со авион во време на конгоанската криза, постхумно му е доделена Нобеловата награда за мир.

1973.- Израелската воена команда соопшти дека Израел и Египет се согласиле да ги прекинат вооружените напријателства на Блискиот Исток.

1973.- Главниот северновиетнамски преговарач со Американците во Виетнамската војна Ле Дук То ја доби Нобеловата награда за мир, кажувајќи дека нема мир во неговата земја.

1983.- Во самоубиствениот напад на исламски терористи, во камиони наполнети со експлозив, во штабот на американската морнарица во Бејрут во близина на зградата во која биле сместени француски војници, убиени се 241 американски и 58 француски војници.

1990.- Украинскиот премиер Виталиј Масол е принуден да поднесе оставка по масовните студенски протести, станувајќи прв советски функционер од тој ранг кој ја напушти власта под притисок на јавноста.

1991.- Претставниците на 19 земји на меѓународната конференција во Париз, во организација на Обединетите нации, го потпишаа мировниот договр за да се стави крај на 13-годишната граѓанска војна во Камбоџа.

1992.- По едномесечна нафтена војна против Македонија, Грција го повлекува ембаргото.

1993.- Во експлозија која ја подметнаа терористи на Ирската републиканска армија, во Белфаст загинаа 10 луѓе.

1994.- Во експлозија на бомба на еден предизборен митинг во главниот град на Шри Ланка, Коломбо, загинаа најмалку 50 луѓе, вклучувајќи го и опозицискиот кандидат за претседател Гамини Дисанајак. 

1995.- Република Македонија и Австралија воспоставија дипломатски односи на ниво на амбасади.

1998.- Израел и Палестинаката ослободителна организација по маратонските разговори со посредство на САД, го потпишаа долго одложуваниот таканаречен Вај безбедносен договор со кој е предвидено отстапување на делови од окупираната територија на Палестинците во замена за мир.

199.- Гувернерот на Илионис Џорџ Рајан стана првиот функционер на САД од тој ранг кој ја посети комунистичка Куба.

2003.- Чеченски исламски терористи упаднаа во московскиот театар „Дубровка“ уценувајќи  дека во воздух ќе ги дигнат сите 800 посетители, а и себе, доколку руските власти не отстапат од операцијата во Чеченија и не ја повлечат војската од нивната земја. Во акцијата на руските сили за безбедност три дена подоцна во театарот загинаа 129 заложници и 41 терорист.

2004.- Во нападот на ирачките бунтовници врз конвој на регрути, североисточно од Багдат, убиени се 49 млади војници, припадници на новите ирачки сили за безбедност.





Внатрешно Македонската Револуционерна Организација (ВМРО) или Внатрешна Македонско-Одринска Револуционерна Организација (ВМОРО) е револуционерна организација која се борела за ослободување на Македонија и Одринско од турска власт. Основана е на 5 ноември 1893 година (23 октомври 1893 година според стариот календар) во куќата на солунскиот книжар Иван Хаџи Николов во Солун. На тој состанок се собраа шестмина млади мажи кои ги поставуваат основите на Организацијата: Д-р Христо Татарчев – лекар, родум од Ресен, Даме Груев – учител, родум од с. Смилево - Битолско, Петар Поп Арсов – учител, родум од с. Богомила - Велешко, Иван Хаџи Николов – книжар во Солун, родум од Кукуш, Антон Димитров – учител, родум од с. Ајватово - Солунско и Христо Батанџиев – учител, родум од с. Гуменџе, Ениџе Вардарско. Тие основаат конспиративна група, нарекувајќи ја Македонски револуционерен комитет.

Еден од основните постулати на Организацијата е определбата за ослободување на Македонија и Одринско со сопствени сили, без помош од надвор.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Октомври.2007 во 10:54

1721.- По две децении војување со Шведска, по што Русија излезе како нова сила на Балканот, Петар Велики се круниса за цар. Тој изврши многу важни реформи со кои Русија ја изведе од средновековната заостанатост.

1752.- Умре Александар Скарлати, италијански композитор, диригент и чембелист, основач на таканаречената „Неаполска школа“ во областа на операта. Во своите дела (околу 120 опери и над 800 кантати) синтетички ги опфати и ги продлабочи придобивките на италијанскиот барок. Компонираше и ораториумим концети за чембело и црковна музика. Роден е на 2 мај 1659 година.

1797.- Французинот Андре Жак Гарнериан прв го употреби падобранот, скокајќи од балон над Париз со висина од 680 метри.

1811.- Во Рајдинг е роден Франц Лист, унгарски пијанист и композитор, музичар со романтичарско определување и предводник на германската школа. Тој беше пијанистички виртуоз, кој изгради модерна техника и нов звучно-брилијантен клавирски стил. Зад себе остави нови симфониски поеми, низа камерни дела за оргули и вокални дела. Умре во Боајрот, Баварија, на 31 јули 1886 година.

1882.- Умре унгарскиот писател Јанос Арањ, најголем унгарски епски поет, кој заедно со Шандор Петефиј, беше најзначаен претставник на „народниот“ правец кој доминираше во унгарската литература во 19. век. Напишал многубројни студии и есеи и биографија за Фредерик Шопен.

1844.- Родена е француската глумица Анријета Розина Бернар, позната како Сара Бернар, која ја одбележа театарската епоха како најголема трагичарка во своето време. Уживаше исклучителна популарност и современиците ја нарекоа „божана Сара“. Нејзината слава не беше прекината дури ни кога во 1915 година и беше извршена ампутација на ногата, осум години пред нејзината смрт. Беше професор на Конзерваториумот во Париз. Ја напиша „Мемоари“.

1883.- Во Њујорк со изведбата на операта „Фауст“ на францускиот композитор Шарл Гуно беше отворено зданието „Метрополитен опера“.

1887.- Во Бирото за патенти во Њујорк Никола Тесла ги пријави своите шест изуми: асинхронен мотор, обратно магнетно поле, повеќефазна наизменична струја, начин на изработка на мотор за повеќефазна струја, генератор и трансформатор. Изумите во 1888 година ги откупи фирмата „Вестингхаус“, а нивните примени ги прикажа на светската изложба во Чикаго во 1893 година.

1887.- Роден е американскиот новинар и револуционер Џон Рид, чии дела „Дестте денови што го потресоа светот“ и „Црвена Русија“ се најдобрата хроника на Октомвриската револуција.

1906.- Умре Пол Сезан, француски сликар. Во почетокот работеше во духот на импресионизмот, а подоцна се откажа од аналитичкиот метод и правеше синтеза заснована врз геометриски форми, градација на тоналитетот и контрасти на бои. Изврши големо влијание врз развојот на модерното европско и светско сликарство во 20 век. Негови познати дела се : "Сина ваза", "Коцкари", "Планината Сен-Виктоар", и други. Роден е на 19 јануари 1839 година.

1913.- Роден е виетнамскиот цар Бао Дај, поселедниот монарх на Виетнам, кој како марионета „владееше“ со земјата под француска колонијална управа. По четири децении во бегство, умре во 1997 година во воената болница во Париз.

1943.- Родена е француската глумица Катрин Дорлек, позната како Катрин Денев. Во 1994 година беше именувана за амбасадор на добрата волја на УНЕСКО.

1953.- Благодарејќи на борбата на ослободителната армија на Патет Лао, Лаос се стекна со независност од Франција под чија управа беше од 1893 година.

1962.- Претседателот на САД, Џон Кенеди нареди морнарицата и авијацијата на САД да ја блокираат Куба, бидејќи сметаше дека во таа земја се поставени советски лансирни рампи. Така, светот се најде во најдраматичниот период по Втората светска војна, кога лесно можеше да избувне нуклеарна пресметка меѓу двете супер сили (САД и СССР). Директната размена на пораки меѓу Кенеди и Хрушчов доведе најнапред до смирување на ситуацијата, а потоа до отстранување на советските ракети во замена за ветувањето на САД, дека нема да ја нападнат Куба.

1964.- Францускиот писател и филозоф Жан Пол Сартр ја одби Нобеловата награда за книжевност.

1973.- Умре шпанскиот виолончелист од каталонско потекло Пабло Казалс, професор во Конзерваториумот во Барселона и Париз, кој од 1938 година како противник на диктаторскиот режим на Франциско Франко, живееше надвор од Шпанија.  Настапуваше ширум светот пленејќи ја публиката со совршенство и топлина во интерпретацијата на композициите.

1973.- Во Скопје умре Димитар Николоски - Луј, македонски музички педагог и композитор. Музика учеше во Белград и во Софија, а дипломира на музичкиот отсек на Педагошката академија во Скопје. Роден е во Прилеп, на 7 октомври 1913 година.

1991.- На општите избори во Турција, победи Партијата на вистинскиот пат на Сулејман Демирел.

1995.- Во Харлем, црнечко предградие на Њујорк, топло е поздравен кубанскиот водач Фидел Кастро, долгогодишен непријател на американската администрација, кој дошол во Њујорк по повод 50-годишнината од основањето на Обединетите нации.

1996.- Во пожарот предизвикан од солзавец фрлен од полицијата во еден затвор во Венецуела загинаа повеќе од 25 затвореници.

1997.- Најстарата македонска православна црква во Австралија, "Свети Ѓорѓи", во Фицрој, осветена во 1960 година, е продадена за 810.000 австралиски долари на некоја градежна фирма.

1999.- Поранешниот герилски водач Ксанан Гусмна од затвор во Индонезија тримфално се врати во Источен Тимор, некогашна португалска колонија.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Октомври.2007 во 11:47

1632.- Роден е англискиот архитект Кристофер Рен, основач на Кралското друштво во Лондон (Академија на науките) и прв претседател од 1680 до 1682 година. Проектираше голем број зданија по катастрофалниот пожар во Лондон во 1666 година, вклучувајќи 53 цркви, меѓу кои и монументалната катедрала „Свети Павле“.

1728.- Пожар уништи поголем дел од Копенхаген.

1784.- Роден е англискиот државник Хенри Џон Темпл, познат како лорд Палмерстон, двапати премиер помеѓу 1855 и 1865 година. Ја организираше „Опиумската војна“ против Кина и Кримската воја против Русија и беше иницијатор на задушување на антиколонијалното востание во Индија и Кина.

1827.- Во поморската битка кај Наварина во текот на грчката војна за ослободување, руските, британските и француските бродови ги уништија турската и египетската флота.

1854.- Роден е Артур Рембо, француски поет. Уште млад стана славен, а на 17 години ја напиша познатата поема „Пијаниот брод“. Во дваесеттата година престана да пишува минувајќи низ литературата како „метеор“, а оставајќи во наследство дело што ги навести симболизмот и надреализмот. Умре на 10 ноември 1891 година.

1875.- Во селото Горно Броди, Серско, Егејска Македонија, е роден Димо Хаџи Димов, најборбен и најсестран идеолог и теоретичар на автентичното македонско национално ослободително движење, близок соработник на Гоце Делчев, на Јане Сандански и на други истакнати македонски револуционери. Во Софија, по порачка на бугарскиот двор, сред бел ден, терористот Величко Георгиев (Владо Черноземски) го застрела на 13 септември 1924 година.

1883.- По „Пацифичката војна“, Чиле се здоби со значителна територија од Перу.

1884.- Роден е американскиот филмски глумец од унгарско потекло Бела Блашко, познат како Бела Лугоси, толкувач на голем број улоги на Дракула во филмовите на стравот, но се покажа и како врвен комичар. Филмови: „Тринаесетта столица“, „Дракула“, „Убиство во улицата Морж“, „Бакнеж на смртта“, „Остров на изгубените души“, „Црна мачка“, „Знакот на вампирите“, „Куќата на Дракула“, „Франкештајнов син“, „Горила“.

1890.- Умре англискиот истражувач, писател, преведувач и дипломат Ричард Бартон, прв Европјанин кој предводејќи ја експедицијата со Џон Хаминг Спик, во 1858 година го виде езерото Тангањика во Африка. Беше во воената служба во Индија и британски конзул во Бразил, Сирија и Италија.

1891.- Роден е англискиот физичар Џејмс Чедвик, добитник на Нобеловата награда за физика во 1935 година. Во 1932 година го откри неутронот. Во Втората светска војна како главен британски инструктор од 1943 до 1945 година работеше на “Менхетен проектот“ за развој на атомската бомба во Лоз Аламос, САД.

1915.- Во селото Игуменец (Гега), Пиринска Македонија, е роден Антон Попов, македонски револуцонер, публицист, писател, познат комунистички активист и учесник во илегалниот отпор против фашистичкиот режим во Бугарија. Го стрелаа фашистичките џелати во Софија, на 23 јули 1942 година.

1918.- Германија ги прифати условите на сојузниците за капитулација во Првата светска војна.

1941.- Пред силната офанзива на германските армии, советската влада прогласи опсадна состојба во Москва и мина во Кујбишев. Тоа беше најкритичниот момент во текот на нападот на нацистичките трупи врз главниот советски град, но подоцна, по успешната контраофанзива на Црвената армија, дојде до пресврт.

1993.- Српскиот претседател Слободан Милошевиќ го распушти Парламентот и најави парламентарни избори.

1994.- Амбасадорот на Република Македонија во Руската федерација, Гане Тодоровски, на свечената церемонија во Кремљ, му ги предаде акредитивите на претседателот Елцин. "Не се разочаравме што ве признавме под името Македонија", изјави Елцин.

1945.- Египет, Сирија, Ирак и Либан ги предупредија САД дека со создавање на еврејска држава може да дојде до војна. Истиот ден арапските земји формираа организација за борба против ционизмот - Арапска лига.

1950.- Умре американскиот политичар Хенри Луис Стимсон, министер за труд на САД од 1911 до 1913 и од 1940 до 1945 година, идеен творец на најголемиот поединечен воен злочин во историјата на човештвото. На негова препорака претседателот на САД Хари Труман одлучи во август 1945 година да биде фрлена атомската бомба врз јапонските градови Хирошима и Нагасаки, иако Јапонија веќе беше поразена во Втората светска војна.

1971.- Вили Брант, канцелар на Западна Германија ја доби Нобеловата награда за мир.

1991.- Во земјотресот на индиската страна на Хималаите загинаа повеќе од 340 луѓе и беа разорени десетици илјади куќи.  

1995.- Белгискиот политичар Вили Клас поднесе оставка на функцијата генерален секретар на НАТО поради вмешаност во корупциски афери.

1997.- Бројна владино-стопанска делегација на Руската делегација, предводена од вицепремиерот и министер за стопанство, Јаков Уринсон, престојува во Македонија, за да го потикне заживувањето на стопанската соработка меѓу двете земји.

2003.- Почина Ѓоко Георгиев, водителот на првите контактни емисии на Македонското радио "Три гонга" и "Средби низ музика". Тој ќе остане запаметен и како автор на 3.000 текстови на поп-музика, и соработник-новинар во „Нова Македонија“, „Вечер“, „Журнал“ и „Екран“. Роден е во 1926 година.

2003.- Во Белград почина српскиот актер и комичар Миодраг Петровиќ - Чкаља. Тој е познат по своите улоги во театарски претстави, во повеќе од 25 филмови и 32 хумористични телевизиски серии меѓу кои најпознати се "Музеј на восочните фигури", "Сервисна станица", "Сачулатац" и сериите "Камионџии", "Жежок ветер" и "Подобар живот". Роден е на 1 април 1924 година во Крушевац.

2002.- На повторениот референдум Ирците го прифатија договорот од Ница за проширување на Европската унија.

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2122232425 36>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,471 секунди.