IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Историја
  Активни теми Активни теми RSS - На денешен Ден
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

На денешен Ден

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 89101112 36>
Автор
Порака
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Септември.2007 во 11:26

1568.- Роден е Томазо Кампанела, италијански филозоф, доминиканец. Во делото "Сончева држава", напишано по примерот на Платон и на Томас Мор го изложи своето сфаќање за идеално општествено уредување како еден вид социјалистичка република. Умре во Париз, во 1639 година.

1585.- Роден е Арман Жан ди Плеси Ришелје, француски државник, кардинал, прв министер на Луј XIII. Ги сузбиваше заговорите на племството и го зацврствуваше кралскиот апсолутизам. Умре на 4 декември 1642 година.

1600.- Со повелба на кралицата Елизабета е основана "Источно-индиската компанија", со што беа удрени темелите на англиското колонијално владеење.

1638.- Роден е францускиот крал Луј XIV, наречен "крал на Сонцето", кој на престолот застана во 1643 година по смртта на неговиот татко Луј XIII. Владеел 72 години, најдолго во историјата на Европа.

1735.- Роден е германскиот композитор, пијанист и диригент Јохан Кристијан Бах, најмладиот син на Јохан Себастијан, кој живеел во Милано и во Лондон, по што е наречен "италијански Бах" и "англиски Бах". Во Англија се прослави како пијанист и организатор на музичкиот живот и стана музички учител на кралицата Шарлот.

1767.- Во Хановер е роден Аугуст Вилхел Шлегер, германски писател, литературен критичар, историчар, преведувач и филозоф. Умре во Бон, на 12 мај 1845 година.

1791.- Роден е германскиот композитор од еврејско потекло Јакоб Либман Бер, познат како Ѓакомо Маербер, кој одигра голема улога во создавањето на Француската голема опера.

1798.- Отоманското царство и објави војна на Франција.

1800.- Малта падна во рацете на Британците под команда на адмиралот Хорејс Нелсон (Хоратио), кој претходно ги блокира француските трупи на островот.

1857.- Умре францускиот филозоф и математичар Огист Кон, еден од оснивачите на позитивистичката филозофија и социологија.

1860.- Русија, Велика Британија, Франција, Пруска, Австрија и Отоманското царство потпишаа договор за воспоставување ред во Сирија по масакрот врз христијани извршен од страна на муслимани.

1888.- Роден е индискиот филозоф и државник Сарвепали Радакрипнан, професор по филозофија на универзитетите во Мадра, Калкута, Чикаго и Оксфорд, амбасадор во Москва во 1939, потпретседател на Индија од 1952 и претседател од 1962 до 1967 година.

1902.- Роден е американскиот филмски продуцент Дарил Френсис Занук. Во 1933 година ја оснива филмската компанија "Твенти сенццери фокс". Беше продуцент на низа значајни филмови: "Плодови на гневот", "Се за Ева", "Најдолгиот ден", "Младиот господин Линколн" и други.

1914.- Германски војници во Првата светска војна го убија францускиот писател и филозоф Шарл Пјер Пегиј, еден од клучните јавни личности за ослободување на невино осудениот капетан Алфред Драјфус.

1919.- Загина рускиот револуцонер Василиј Иванович Чапајев, командант на 25. стралачка дивизија, легендарен јунак на Црвената армија во граѓанската војна која изби по Октомвриската револуција во Русија. Во Првата светска војна повеќепати е одликуван за храброст, а во почетокот на 1918 година формира одбор за борба против контравелуцијата.

1919.- Во Струга е роден Владо Малески, македонски револуционер, општествено политички работник и истакнат македонски писател. Автор е на книгите раскази "Ѓурѓина алова", "Бранувања", на романите "Она што беше небо" и "Разбој". Тој е автор на сценариото на првиот македонски уметнички филм "Фросина". Умре во Струга, на 23 септември 1984 година.

1939.- Соединетите Американски Држави прогласија неутралност во Втората светска војна.

1961.- Во Белград умре Алексо Демниевски-Бауман, македонски борец во Шпанската граѓанска војна (1936-1939) и во НОВ на Македонија во 1944 година. Во Шпанската граѓанска војна беше командант на баталјонот "Ѓуро Ѓаковиќ", а откако беше унапреден во чин мајор стана командант на интернационалната бригада "Георги Димитров". Во НОВ на Македонија беше командант на Петнаесеттиот македонски ударен корпус. Роден е во Велес, на 10 септември 1905 година.

1972.- Палестински терористи во Минхен убија 11 израелски спортисти-учесници во Олимписките игри. Во 24-часовното пукање на аеродромот, загинаа и четворица терористи и еден западногермански полицаец.

1977.- Западногермански терористи го грабнаа претседателот на Федерацијата на западногерманската индустрија Ханс Мартин Шлејер. Неговото тело е пронајдено на 19 октомври 1977 година во Франција.

1983.- Во Скопје умре Лика Чопова - Јуркова, истакнат педагошки работник и публицист. Потекнува од македонските револуционерни смејства на Делчеви и на Чопови, од мајка Руша Делчева, сестра на Гоце Делчев и татко Андон Чопов. Родена е во Кукуш, Егејска Македонија, на 19 февруари 1885 година.

1990.- Во Сеул се сретнаа премиерите на Северна и Јужна Кореја. Разговорите беа водени на дотогаш најголемо ниво меѓу двете земји поделени по Корејската војна во 1953 година.

1995.- Франција изврши прва серија на атомска проба на пацифистичкиот остров Муруроа, со што наиде на осуда во целиот свет, а предизвика и масовни протести, посебно во Австралија и на Тахити.

1997.- Во Калкута, Индија, умре Мајка Тереза (вистинското име и е Агнес Гонџа Бојаџиу), основачка на милосрдието. Во 1979 година ја доби Нобеловата награда за мир за извонредно широката дејност во помагањето на бедните, болните и унесреќените во целиот свет. Родена е во Скопје, на 26 август 1910 година.

1997.- На стадион во главниот град на Парагвај за време на одржувањето на политички митинг ненадејното невреме ги сруши трибините, при што загинаа 37 лица.

1988.- Парламентот на Северна Кореја го избра Ким Џонг Ил, син на покојниот Ким Ил Сунг, за шеф на Националната комисија за одбрана, што претствува највисока функција во земјата по укинувањето на претседателката.

1998.- Во Скопје умре Петар Ширилов, македонски писател и летературен критичар. Автор е на книгите раскази "За детството и светилките", "Бунт во каменот", "Геометри", на романите "Заветрина спроти виулицата", "Плачат оние планини за мене", "Црноборје" и други. Роден е во село Горничево, Егејска Македонија, на 18 мај 1934 година.

1999.- Во Скопје, пред Домот на АРМ е откриен споменик на Мајка Тереза, најголема хуманистка на 20. век, добитник на Нобеловата награда за мир во 1979 година.

2000.- Во Скопје, со симболично предавање на клучевите од дуќанот со површина од околу шеесетина квадрати на улицата "Максим Горки" бр. 7 на Лепосава Пиперковска и на другите наследници од Скопје, премиерот Љубчо Георгиевски го означи стартот на денационализацијата во Република Македонија.

2002.- Во експлозија на автомобил-бомба во главнот град на Авганистан, Кабул, убиени се најмалку 26 лица. Подоцна, истиот ден во јужниот град Кандахар е извршен обид за атентат врз авганистанскиот премиер Хамид Карзаиј.

2005.- Индонезиски патнички авион „Боинг 737-200“ падна врз станебниот дел на Медан, град на северниот остров Суматра. Од вкупно 112 патници и пет членови на екипажот, загинаа 103, додека на земја животот го загубија 47 лица.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Септември.2007 во 11:06

1522.- Шпанскиот морепловец Хуан Себастијан дел Кано прв ја обиколи Земјата враќајќи се во Шпанија со бродот "Викторија" со само 18 морнари. Со тоа тој ја зврши експедицијата започната во 1519 година. Експедицијата беше составена од пет брода и 270 морнари.

1683.- Умре Жан Батист Колбер, француски државник, преродбеник на француската морнарица и основач на поморската и колонијалната моќ на Франција. Роден е на 29 август 1619 година.

1729.- Роден е германскиот писател и филозоф од еврејско потекло Моше бен Менахем, познат како Мозес Менделсон, основач на еврејското просветно движење во Германија.

1757.- Роден е францускиот генерал и државник Мари Жозеф Пол Ив Рос Жилбер де Мотје, познат како маркиз од Лафајет, кој од 1777 до 1781 година со американските колонисти се борел за ослобдување на Северна Америка од Британците.

1766.- Роден е Џон Далтон, англиски хемичар и физичар, еден од основачите на атомската теорија на материјата, кој прв ја постави врз експериментална основа. Своето сфаќање го изнесе во делото "Нов систем на филозофијата и на хемијата", го објави Прустовиот закон на постојани пропорции и го постави законот за зголемени пропорции. Прв ги одредуваше атомските тежини и хемиските елементи. Ги испитуваше особините на гасовите, го постави законот за парцијалните притисоци и се занимаваше со метеорологијата. Бидејќи страдаше од слепило за боја, ја проучуваше и таа анатомија, која по него е наречена "далтонизам". Умре на 27 јули 1844 година.

1860.- Родена е Џејн Адамс, општествен реформатор, доботиник на Нобеловата награда за мир во 1931 година. Се занимавала со практично решавање на социјалните проблеми и била претседател на Меѓународната женска лига за мир и слобода.

1876.- Роден е шкотскиот физиолог Џон Џејмс Рикард Маклауд, кој заедно со кандскиот физиолог Фредерик Грантом Бантинг во 1923 година ја подели Нобеловата награда за медицина за откривањето на инсулинот.

1901.- Во Бафало, во САД е извршен атентат врз американскиот претседател Вилијам Мекенли кој умре по една недела, а на 14 септември истата година Теодор Рузвелт стана нов претседател на САД.

1914.- Почна битката на реката Марна, една од најпресудните во Првата светска војна. Таа го означи пресвртот на боиштето, бидејќи француската војска ја порази германската, која во тој момент бележеше голема предност.

1944.- Ослободено е Кратово.

1944.- Царската влада на Бугарија и објави војна на нацистичка Германија. Одлуката е донесена во моментот кога единиците на Црвената армија веќе дојдоа до бугарската граница. Бугарија дотогаш беше сојузник на Третиот Рајх.

1962.- Во Струга започна првата поетска манифестација Струшки вечри на поезијата. Најзначајната награда на Струшките вечери на поезијата е "Златниот венец", која првпат му е доделена во 1966 година на советскиот поет Роберт Иванович Рождественски за најдобра песна. Од 1971 година "Златниот венец" се доделува за целокупен поетски опус.

1966.- Јужноафриканскиот премиер Хендрик Френш Фервуд за време на парламентарната дебата во Кептаун го уби собранискиот к*рир Димитрик Кафондас. За време на неговото владеење од 1958 година донесени се најголем дел закони со кои се регулира системот на апартхејдот во Јужна Африка.

1968.- Африканското Кралство Свазиленд се стекна со незвисност од Велика Британија, која со неа владеела од 1881 година.

1970.- Палестински терористи грабнаа четири авиони кои летаа од Европа во Њујорк. Следниот ден во Карио го запалија авионот "Боинг 747" на американската компанија "Пан американ", а двата "Боинга 707" ги дигнаа во воздух на 12 септември 1970 година во Јордан. Четвртиот авион го спуштија во Лондон, а грабнувачката Лејла Калед беше уапсена.

1974.- Претставници на Фронтот за национално ослободување на Мозамбик и претставници на португалската Влада склучија спогодба за независност на Мозамбик.

1975.- Во катастрофалниот земјотрес што ја зафати Турција загинаа околу 2.350 лица.

1989.- При пад на кубански патнички авион во предградие на Хавана, непосредно пред полетувањето, загинаа 170 лица.

1991.- СССР ги призна за независни Литванија, Летонија и Естонија.

1991.- Ленинград го врати старото име Санкт Петербург.

1994.- Ирскиот премиер Алберт Рејнолдс првпат во име на ирската влада се сретна со Џери Адамс, лидерот на северноирската партија Шин Фејн со кој разговарал за политичко решавање на долгогодишната криза во судирот меѓу римокатолиците и протестантите во Северна Ирска.

1998.- Умре јапонскиот филмски режисер Акира к*росава, кој ја прослави јапонската кинематографија. к*росава е единствениот режисер добитник на два Оскара за најдобар странски филм. Успешно ги спои јапонската традиција и култура со европскиот сензибилитет, а критичарите го нарекоа "цар на јапонската кинематографија". Филмови: "Седум самураи", "Крвавиот престол", "Идиот", "Да се живее" и други.

1998.- Во Скопје, политичките партии ВМРО-ДПМНЕ и Демократската алтернатива ја промовираа предизборната коалиција.

2002.- Британецот Питер Бреј прв со кајак го преплива Атлантскиот Океан, за што му беа потребни 75 дена.

2002.- Германската Влада одлучи да им исплати повеќе од две милијарди евра надомест на спортистите од поранешна Источна Германија подложени на систематската програма за допионг од седумдесетите години на 20. век. 

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Септември.2007 во 11:01

1533.- Родена е англиската кралица Елизабета I, ќерка на кралот Хенри VIII и неговата втора жена Ана Болен, која во текот на 45 години од владеењето ги консолидира внатрешните прилики и одлучно придонесе Англија да излегува на сите мориња во светот со што стана прва колонијална сила во светот. Во текот на владеењето на кралицата Елизабета I, во 1566 година е основана Лондонската берза.

1701.- Во Хаг е потпишан договор меѓу Англија, Австрија и Холандија против Франција, наречен "Втора голема алијанса".

1764.- Станислав Поњатовски е крунисан за крал на Полска. Тој беше последниот крал во полската историја, а судбината му ја додели и улогата на "гробар" на полската независност бидејќи кон крајот на 18 век се вмешаа моќните царства Русија, Прусија и Австрија кои ја поделија Полска. Како независна држава Полска е обновена дури во 1918 година.

1812.- Кај селото Бородино, близу до Москва, почна прочуената Бородинска битка меѓу француската војска на Наполеон Бонапарта и руската војска предводена од фелдмаршалот Михаил Иларионович Кутузов. Бородинската битка е една од најкрвавите битки во 19. век, во која војуваа 133.000 француски и 117.000 руски војници, а во која загинаа 50.000 француски војници, меѓу кои и 47 генерали и 44.000 руски војници. Иако се чинело дека битката е без победник, по засилувањето на Кутузовата војска Наполеон бил принуден да се повлече. Во 1814 година руските војски, заедно со армиите на своите сојузници, влегоа во Париз.

1822.- Република Бразил доби независност. Беше португалска колонија од 1530 колонија. - Национален празник на Бразил.

1848.- За смирување на побунетите селани во словенските делови од царството, Австрија донесе закон за растеретување на земјиштето. Селанското движење поради подвојување на граѓанското и селското население не се разви во широка селанска буна, но битно влијаеше на случувањата во револуционерната 1848 година.

1860.- Италијанскиот револуционер Џузепе Гарибалди заедно со "црвенокошуљашите" го зазедоа Неапол во борбата за ослободување на земјата од Австријците.

1901.- Со мирот во Пекинг заврши таканареченото "Боксерско востание" во Кина. Тоа беше бунт на селаните и на градската сиромаштија против странските империјалисти и домашните угнетувачи (1899-1900). Востанието го предводеа членовите на тајното здружение "И хе таун", а беше задушено за заедничка акција на трупите на европските сили, на Јапонија и на САД.

1909.- Роден е американскиот филмски режисер од ерменско потекло Елиј Казанџоглус, познат како Елија Казан. Во неговите филмови третирани се социјални теми и работничко организирање, како и расните предрасуди.

1913.- Роден е американскиот физичар Џејмс Алфред ван Ален, кој ги открил двата појаси на засилените зрачења кои ја обиколуваат Земјата. Појасите во форма на прстен, подоцна наречени "Ван Еленови радијациони појаси" ги открил со помош на Гајдер-Милеровите бројачи поставени во 1958 година на вештачките сателити "Експлорер 1" и "Експлорер2".

1940.- Авионите на нацистичка Германија го почнаа бомбардирањето на Лондон. Оваа акција беше позната под името "Лондонски блиц", а тој ден загинаа повеќе од 300 лица.

1949.- Умре мексиканскиот сликар Хосе Клементе Ороско. Како познат сликар декорирал многу згради во Мексико и во САД, а бил инспириран од индијански и мексикански мотиви.

1962.- Тајван ги прекина дипломатските односи со Лаос на неколку часа бидејќи Лаос воспостави дипломатски односи со Кина и со Севеен Виетнам.

1964.- Во Сип, на југословенскиот и Гура Ваји, на романскиот брег на реката Дунав, претседателите на Југославија и на Романија, Јосип Броз Тито и Георги Георгију, ги поставија камен-темелите за изградба на хидроцентралата Ѓердап.

1986.- Бискупот Дезмонд Туту е назначен за надбискуп на Кептаун во Јужна Африка како прв црнец поглавар на јужноафриканските англиканци.

1992.- Белорусија ја призна Република Македонија, а истовремено донесе одлука за воспоставување на дипломатски односи меѓу двете земји.

1993.- Шест поранешни советски републики - Русија, Белорусија, Казахстан, Узбекистан, Ерменија и Таџикистан потпишаа спогодба за задржување на заедничката валута - рубља.

1993.- Во Скопје е пуштена во работа меѓународната телекомуникациона врска меѓу Република Македонија и Република Бугарија, на релацијата Скопје - Софија.

1994.- Во скопје, фудбалската репрезентација на Република Македонија го одигра својот прв натпревар во квалификациите за Европското фудбалско првенство во 1996 година. Своето деби го одигра со актуелниот (тогаш) европски првак Данска (Република Македонија - Данска 1:1).

1997.- Умре конгонскиот диктатор Мобуту Сесе Секо, претседател на Заир од 1965 до 1997 година. Симнат е од власт по бунтот кој го предводеше Лоран Кабил, а подоцна побегна во Мароко каде и умре. Власта во Заир (тогашен Конго и белгиска колонија) ја придоби во ноември 1965 година по петгодишната граѓанска војна. Владееше автократски, притоа стекнувајќи се со огромно лично богатство.

1997.- Во Скопје е отворен првиот "Мекдоналдс" ресторан во Македонија (во светот има повеќе од 20.000 "Мекдоналдс" ресторани).

1998.- Во Скопје умре Ѓорѓи Македонски, македонски кореограф, балетски педагог и балетан, основоположник и доајен на Балетот на Македонскиот театар. Роден е во Скопје, во 1925 година.

1999.- Во земјотресот во Атина загинаа 139 лица.

2000.- Шефот на кубанската држава Фидел Кастро се поздрави со претседателот на САД Бил Клинтон, среќавајќи се за првпат лице во лице со некој од американските претседатели откако ја презеде власта во државата.

2002.- Во напад на полициска станица на исток во Непал, бунтовниците убија 49 полијаци.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Септември.2007 во 10:56

1157.- Роден е англискиот крал Ричард I Плантагенет "Лавско срце", херој на средновековната легенда и еден од водачите во Третата крстоносна војна. Владее од 1189 до неговата смрт во 1199 година.

1380.- Големиот московски кнез Димитрие Донски ја победи Куликовата татарска војска. Тоа беше прва победа на Русија над Татарите кои во 13. век ја запоседнаа Русија.

1474.- Роден е италијанскиот писател Лодовико Ариосто. Неговиот витешки еп "Бесниот Орландо" со мотиви на љубовното лудило на јунакот Орландо од времето на Карло Велики, е еден од најблескавите поетски изрази на духот, моралните и уметничките тенденции на италијанската ренесанса.

1645.- Умре шпанскиот писател Франциско Гомес де Кеведо и Виљегас, сатиричар кој поради зајадливиот јазик и острото перо повремено бил повластен во дворот, а повремено прогонуван и затворан.

1664.- Предводени од полковникот Ричард Николс, Англичаните без ниеден испукан к*ршум ја зазедоа холандската населба Нов Амстердам, која подоцна во чест на Џејмс, војводата од Јорк, подоцна крал Џејмс II, е наречена Њујорк.

1760.- Британските трупи под команда на Џефри Амхерст ги поразија Французите кај Монтреал во клучната битка од седумгодишната војна за Канада.

1830.- Роден е францускиот писател и филолог Фредерик Мистрал, добитник на Нобеловата награда за книжевност во 1904 година. Најмногу пишувал лирски песни, епови и драми.

1931.- Руските трупи под команда на генералот Иван Паскевич Еривански ја зазедоа Варшава по битката во која беа победени полските востаници под команда на генералот Хенрик Дембињски. Во тридневната битка загинаа повеќе од 9.000 Пољаци.

1841.- Роден е чешкиот композитор Антоњин Дворжак, еден од творците на Чешката национална школа. Користел фолклори и на други словенски и северноамерикански народи. Неговите дела се полни со мелодика и оркестарски бои полни со словенски чувства. Беше следбеник на новата класика на Јоханес Брамс.

1856.- Во Париз со договорот за мир заврши Кримската војна во која против Русија од 1853 година војувалото Отоманското царство, а од 1854 година и Велика Британија, Франција и Кралство на Сардинија (Пиемонт).

1900.- Во градот Галвестон, Тексас, од ураган загинаа најмалку 8.000 лица.

1925.- Роден е англискиот филмски глумец Питер Селерс, познат комичар.

1926.- Во своето членство Друштвото на народите едногласно ја прими Германија.

1941.- Германските трупи во Втората светска војна целосно го зазедоа Ленинград, отсекувајќи го од останатите делови на Советски Сојуз. Со тоа почна опсадата која заврши во јануари 1944 година со победа на Црвената армија. За време на опсадата, од глад умреа околу 620.000 жители на градот.

1943.- Радио Алжир ја објави капитулацијата на Италија, а малку подоцна премиерот Бодолјо им нареди на италијанските вооружени сили да го запрат отпорот против Британците и Американците.

1943.- Ослободен е Дебар.

1944.- Првата германска ракета "Фау 2" во Втората светска војна, исфрлена од Хаг падна врз Лондон.

1944.- Советските трупи во Втората светска војна ја преминаа границата со фашистичка Бугарија.

1944.- Ослободени се Пробиштип и Крушево.

1949.- Умре Рихард Штраус, германски композитор и диригент. Компонираше опери, оперети, балети, соло-песни, камерна музика и друго. Автор е на оперите "Салома", "Електра", "Кавалер со ружа", на поемата "Дон Жуан" и на други дела. Роден е на 11 јуни 1864 година.

1951.- Јапонија во Сан Франциско, САД, потпиша договор за мир со 49 земји.

1954.- Во Манила САД, Филипини, Австралија, Нов Зеланд, Тајланд, Пакистан, Велика Британија и Франција, на иницијатива на Вашингтон, го основаа СЕАТО-пактот, замислен како алка во американската стратегија за опкружувањето на СССР. Неговото создавање е објаснето како "заштита на Азија од комунистичките опасности".

1967.- Уганда со стапувањето на сила на новиот Устав стана Република.

1976.- Во Скопје умре Кирил Ќамилов, македонски учесник во Шпанската граѓанска војна (1936-1939 г.). Роден е во Велес, на 28 јануари 1898 година.

1979.- Во Скопје умре Видое Смилевски - Бато, народен херој на Македонија, истакнат револуционер и општествено - политички раководител. Роден е во селото Никифорово, Гостиварско, на 14 август 1915 година.

1984.- Во Атина умре Рита Буми Папа, истакната грчка поетеса, повеќекратен учесник на Струшките вечери на поезијата и на Меѓународната средба на литературните преведувачи во Тетово. Автор е на триесетина поетски, прозни и есеистички книги, меѓу кои најзначајни се стихозбирката "Љубовни песни", "Нена", "Ново зеленило", "Пулсот на мојата тишина", "Илјада убиени девојки" (во која е поместена и песната на македонската хероина Мирка Гинова) и други. Таа е составувач и на антологијата на светската лирика, во која се поместени и песни од македонските поети (Константин Миладинов, Рајко Жинзифов, Кочо Рацин, Коле Неделковски, Ацо Шопов, Матеја Матевски и Анте Поповски). Родена е во 1906 година.

1991.- Во Република Македонија се одржа референдум ,,... за суверена и самостојна држава Македонија со право да стапи во иден сојуз на суверените држави на Југославија". Со мнозинство гласови референдумот беше усвоен. - Ден на независноста на Република Македонија.

1992.- Промовирана е првата редовна поштенска марка на Република Македонија.

1994.- Сите 132 патника и членови на екипажот на американскиот авион "Боинг 737" кој полета од Чикаго, загинаа при падот на авионот близу аеродромот во Пицбург.

1995.- Министрите за надворешни работи на Југославија, Хрватска и на сараевската муслиманска влада постигнаа устен договор во Женева за поделба на Босна и Херцеговина на два ентитета - Република Српска и муслиманско-хрватска федерација и за основните уставни принципи.

1995.- Во Скопје умре Ристо Марковски, македонски новинар и познат публицист во областа на науката и техниката. Роден е во Галичник, во 1927 година.

1997.- Најмалку 150 лица загинаа во близина на западниот брег на Хаити кога потона натрупан ферибот пловејќи кон островот Гонав.

2000.- На собирот во седиштето на ОН, во Њујорк, учествуваа најмногу светски лидери - кралеви, претседатели и премиери на 150 држави.

2003.- Умре германската режисерка и фотограф Лени Рифенштал, последна значајна фигура на нацистичката ера, официјален синеист на Третиот Рајх и омилен режисер на Адолф Хитлер.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Септември.2007 во 12:01

1737.- Роден е Луиџи Галвани, италијански физичар. Како прв професор по анатомија на Универзитетот во Болоња го откри галвановиот електрицитет. Според него се наречени еднонасочните електрични струи и голем број електрични процеси и постапки. Умре во 1798 година.

1776.- Воведен е и официјалниот назив Соединети Американски Држави наместо Обединети Колонии кој дотогаш беше во употреба.

1828.- Во Јасна Полјана е роден Лав Николаевич Толстој, руски писател, ненадминат раскажувач, романописец, драматичар и општествен реформатор. Делата ги создаваше спонтано и според уметничка совест, донесувајќи поетска целосна вистина. Како аналитичар и просветител се истакнува со делото "Војна и мир". Неговите дела и идеологија значително влијаеја врз европската мисла и литература. Умре во Астатово, на 20.11.1910 година.

1901.- Умре Анри де Тулуз-Лотрек, француски сликар, голем мајстор на литографијата чии омилени мотиви беа личности и настани од ноќниот живот на Монпаранс во Париз. Роден е во Париз, на 24.06.1864 година.

1984.- Во Париз умре Јилмаз Гинеј, турски синеаст и писател, еден од најталентираните светски филмски творци. Роден е во 1937 година.

1991.- Советската Република Таџикистан ја прогласи својата независност.

1994.- Започна со работа Постојаната мисија на Република Македонија при Обединетите нации во Виена.

2004.- Во Флинтриџ, Калифорнија, САД, умре Френк Томас, легендарен аниматор на "Волт Дизни цо". Работеше на речиси сите познати анимирани филмови на Дизни, од "Снежана и седумте џуџиња" до "Пинокио" и "Бамби". Роден е во 1912 година.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Септември.2007 во 11:17

1524.- Роден е францускиот писател Пјер де Ронсар.

1830.- Прогласена е Република Еквадор како дел на конфедрацијата на Колумбија.

1855.- Опсадата на Севастопољ, најголема операција во Кримската војна, е завршена кога Британците, Французите и Пиемонтезите ја зазедоа клучната руска црноморска поморска база.

1862.- Роден е американскиот писател Вилијам Сидни Портер, познак како О. Хери, творец на спеицифичниот жанр - кратки хумористични и малку иронични приказни со неочекуван крај. Објавил околу 600 приказни и 11 книги, повеќето за животот на жителите на Њујорк.

1883.- Роден е рускиот револуционер Григориј Јевсејевич Зиновјев, еден од првите болшевици и организатор на Октомвриската револуција во 1917 година. Го предводел влијателниот Петроградски совет, Комитетот за одбрана во граѓанската војна, и од 1919 до 1926 година бил претседател на Ивршниот комитет на Коминтерната. Стрелан е во 1936 година во време на "големата чистка" која ја организирал Јосиф Сталин по убиството на Сергеј Киров кон крајот на 1934 година.

1885.- Роден е англискиот писател Дејвид Херверт Лоренс.

1905.- На битолскиот Ат-пазар Турците го обесија Александар Турунџиерв, долгогодишен македонски легендарен војвода. Турците го фатија со помош на бугарските предавници и го осудија на смрт. Меѓу најзначајните негови вооружени акции е нападот на железничката стница во Врбени, Леринско, заедно со здружениот одред од 200 востаници на Ѓорѓи Поп Христов и Михаил Чаков. Роден е во селото Врбени, во 1872 година.

1917.- Роден е филипинскиот диктатор Фердинанд Едралин Маркос, кој владеел безмалку 22 години. Во Втората светска војна бил герилец во антијапонското движење за отпор, во 1959 година станал претседател на Сенатот, а од 1965 година бил избран за шеф на државата. Во почетокот бил доста популарен бидејќи го поттикнал развојот на земјоделството. Повторно е избран за претседател во 1969 година, но во текот на вториот манадат економијата значително опаѓа, а во самиот врв на власта почнала да цвета корупцијата. Во септември 1972 година пред истекот на мандатот, вовел вонредна состојба. Фердинанд Едралин Маркос кршејќи го уставот владеел со диктаторски методи со премолчена поддршка од Америка. Од власт е тргнат во 1986 година кога и избегал од земјата, а во 1989 година умрел како бегалец на Хаваи.

1922.- Прогласен е британскиот мандат врз Палестина, за што Арапите објавија ден на жалост.

1941.- Претседателот на САД Франклин Рузвелт издаде наредба до американското воено воздухопловство и до морнарицата да отворат оган врз сите бродови на силите на Оската кои ќе влезат во водите на западната хемисфера. Тоа беше конечно американско раскинување со политиката на изолационизмот. САД отворено застанаа на страната на Велика Британија и на СССР, иако стапија во војна дури по јапонскиот напад врз Перл Харбур.

1943.- На патот Кичево - Охрид НОП баталјон "Мирче Ацев" урна три моста и исече 130 столбови, а во селото Смилево, Охридско, ја запали жандармериската станица. Следниот ден баталјонот влезе во Кичево.

1944.- Струмичкиот партизански одред ја ослободи Струмица и околните села.

1944.- Ослободен е Ресен.

1944.- Сојузничкте сили го зазедоа Луксембург и се пробија на германска територија.

1948.- Умре пакистанскиот државник Мохамед Али Џин, основач и прв претседател на Пакистан. Заедно со Махатма Ганди и Џавахарлал Нехру се борел за независност на индискиот потконтинтент од Велика Британија, но потоа со нив дошол во судир барајќи посебна муслиманска држава. Британија во 1947 година ја призна независноста на Индија и на муслиманските држави наречени Пакистан.

1971.- Во Москва умре Никита Сергеевич Хрушчов, советски политичар и државник. На Дванаесеттиот конгрес на КПСС Хрушчов ги подложи на радикална критика методите и системот на власта на Јосиф Висарионович Сталин и со тоа отвори нов период во советската внатрешна и надоврешна политика. Во 1964 година беше сменет од сите функции. Роден е на 17 април 1894 година.

1973.- Во фашистичкиот заговор што го организираа домашните и странските реакционерни сили е убиен Салвадот Алјенде, претседател на Чиле. Во опколената претседателска палата Алјенде го одби барањето на пучистите да се предаде во замена за животот. На своето последно боиште е најден мртов. Роден е во 1908 година.

1979.- Умре анголскиот државник и писател Агостињо Нето, прв претседател на Ангола, лекар по професија, и предводник во борбата за ослободување на земјата која успешно заврши во 1975 година. Поради борбата за независност на Ангола од 1951 година повеќе пати е затворан, а од 1962 година бил на чело на Народното движење за ослободување на Ангола.

1991.- Претседателот на СССР Михаил Горбачов го најави заминувањето на советските војници од Куба.

1995.- Илјадници демонстранти протестираа во Париз заради обновувањето на француските нуклеарни проби во јужен Пацифик.

1996.- Република Македонија и Бахреин воспоставија дипломатски односи на амбасадорско ниво.

1997.- Шкотите на референдум со мнозинство гласови го одобрија планот на британската влада за воспоставување парламент во Шкотска, првпат по безмалку 300 години.

1997.- Република Македонија стана полноправна членка на Централно и источноевропската регионална иницијатива за управување со воздушниот простор (ЦИЕРВИ).

2000.- На привремената караула Кодра Фура на македонско-југословенската граница, кон Косово, дојде до серија инциденти во кои непознати вооружени лица пукаа кон македонските граничари.

2001.- Исламски терористи во САД киднапираа четири патнички авиони и изведоа најголеми терористички напади во историјата. Двете кули на Светскиот трговски центар во Њујорк потполно беа урнати кога во нив удрија два авиони. Третиот авион со едното крило допре до зградата на Пентагон во Вашингтон, а четвриот, после борбата меѓу патниците и киднаперите, се урна во Пенсилванија. Во нападите загинаа најмалку 2.973 лица. САД за нападите ја обвинија терористичката мрежа на Ал Каеда на саудискиот исламски терорист Осама бин Ладен.

2001.- Почина шведскиот министер за надворешни работи Ана Линд. Таа претходниот ден се здоби со повреди кога непознато лице ја нападна и избоде со нож додека пазаруваше во една стоковна куќа во центарот на Стокхолм.

2004.- Патријархот александријски и на цела Африка Петрос VII и даванаесет свештеници кои го пратеа на аџилак на Света Гора загинаа кога хеликоптерот со кои се превезуваа се урна во Егејското Море. 

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Септември.2007 во 11:57

1494.- Роден е францускиот крал Франсоа I. Од 1515 до 1547 година се обидувал да стане римско-германски цар, но тоа не му успеало. Во 1536 година воспоставил сојуз со Отоманското царство против Хабзбурговците. Заслужен е за развој на француската уметност и наука.

1583.- Роден е италијанскиот оргулист и композитор Ѓироламо Фрескобалди, најголем мајстор на своето време во оргули.

1683.- Војската на полскиот крал Јан III Собјески ги победи Турците со што ја разби втората опсада на Виена. Во војната која продолжи до 1699 година, австриската војска користејќи ги нередите на Балканот, продре до Скопје, Призрен и Пеќ и го запалила Сараево.

1733.- Умре францускиот композитор и оргулист Франсоа Купрен, централна личност во музичкиот живот во Париз во почетокот на 18. век. Купрен им беше музички учител на децата на кралот Луј XIV.

1801.- Рускиот цар Александар I го укина грузиското кралство и го приклучи на Русија. Источното грузиско кралство, создадено четири децении порано, по ослободувањето од Персијанците, прифати руски протекторат во 1783 година. Русија во 1810 година ја анектира и западна Грузија, која дотогаш беше под Отоманското царство.

1848.- Швајцарија го усвои новиот устав со кој стана федерална унија со силна централна власт.

1874.- Умре францускиот политичар и историчар Франсоа Пјер Гијом Гизо, шеф на дипломатијата од 1840 до 1847 година и премиер од 1847 до 1848 година. Започнал како либерал, но подоцна ги застапувал конзервативните начела одбивајќи ги реформите. Симнат е од власт во Февруарската револуција во 1848 година заедно со кралот Луј Филип.

1878.- Египетскиот обелиск познат како "Клеопатрина игла", направен од мермер од Асуан во 1475 година пред нашата ера, е поставен во Лондон.

1888.- Роден е францускиот пејач и глумец Морис Шеваље, заштитен знак на француската музичка комедија. Најзабележителни улоги оствари во филмските музички комедии.

1897.- Родена е Ирена Кири, француски физичар и хемичар, ќерка на Пјер и Марија Кири. Заедно со нејзиниот сопруг Жан Фредерик Жолио во 1935 година ја поделија Нобеловата награда за хемија.

1910.- Алиса Стебинс Велс, во Лос Анѓелес, е првата жена назначена за полициски офицер во светот.

1913.- Роден е американскиот атлетичар од африканско потекло Џеси Овенс, еден од најголемите спортиси во 20. век кој освои четири златни медали на Олимписките игри во Берлин во 1936 година. Со победите на 100 и 200 метри, во штафета 4 Х 100 метри и во скок во далечина, го избезумил нацистичкиот водич Адолф Хитлер, кој не можејќи да ги поднесе успесите на еден црнец над припaдниците на "високата раса" ја напушти почесната ложа за да го избегне ракувањето со него.

1919.- Италијанската армија составена од доброволци под команда на писателот Габриел д'Анунцио ја зазеде Риека.

1942.- Во месноста Долец, во Болнската Планина во нерамномерна борба против бугарската војска и полиција не сакајќи живи да паднат во рацете на окупаторот, сами си го одзедоа животот Стефан Наумов-Стив и Димитар Богоевски-Мите, народни херои на Македонија. Стефан Наумов е роден во Битола на 27 октомври 1920 година. Димитар Богоевски-Мите е роден во селото Болно, Ресенско, на 31 октомври 1919 година.

1943.- Германските командоси во Втората светска војна, врз основа на наредбата од страна на Адолф Хитлер, го грабнаа италијанскиот фашистички диктатор Бенито Мусолини, кој беше затвореник на новата влада на Италија.

1944.- Првите американски единици стапнаа на тлото на Германија во Втората светска војна.

1944.- Во Скопје е формиран Местен народноослободителен комитет (всушност прв Народноослободителен одбор на Скопје). За претседател беше избран Лазар Танев.

1944.- Кај селото Страцин, Кумановско, со спогодба на ГШ на НОВ и ПО на Македонија, Четиринаесеттата бугарска дивизија на Петтата бугарска армија го положи пешадиското вооружување што германските единици им го оставија при разоружувањето кај Куманово.

1953.- Никита Хрушчов стана прв секретар на Централниот комитет на Комунистичката партија на СССР, заземајќи ја најмоќната функција по смртта на Јосиф Сталин.

1954.- Во Скопје е отворено првото Уролошко одделение под раководство на д-р Сотир Ставридис. Првата уролошка амбуланта е формирана во 1947 година во рамките на Медицинскито факултет.

1968.- Албанија соопшти дека го напушта Варшавскиот пакт.

1970.- Палестински киднапери во Јордан после шест дена од киднапирањето ги дигнаа во воздух трите авиони кои полетаа од Њујорк за Европа. Претходно ги ослободија патниците во замена за палестинските затвореници, вклучувајќи го и грабнувачот на четвртиот авион Лејло Калед, уапсен на 6 септември 1970 година, по слетувањето во Лондон.

1974.- Во Етиопија левичарската воена хунта го симна од власт царот Хаил I Селасиј, кој владеел од 1928 година. За крал беше поставен во 1930, а од земјата избега во 1936 година, една година по агресијата на Италија. Власта ја поврати во 1941 година. По една година од симнувањето од власт беше задавен во затвор, а воената хунта издаде лажно соопштение за природна смрт на бившиот монарх.

1977.- Јужноафриканската полиција во затвор го уби црнечкиот лидер Стив Бико.

1980.- Без пролевање крв, во ударот во Турција, началникот на Генералштабот генерал Кенан Ервен ја собори владата на Сулејман Деиерел, и го распушти парламентот.

1981.- Во Милано умре Еуџенио Монтале, италијански поет, најпознат претставник на италијанскиот херметизам. Негови познати дела се "Аутодафе", "Бура и друго", "Сатура" и други. Добитник е на "Златниот венец" на Струшките вечери на поезијата во 1973 година и на Нобеловата награда за литература во 1975 година. Роден е во Џенова, на 12 октомври 1896 година.

1986.- Во Скопје умре Драгутин Аврамовски-Гуте, истакнат македонски академски сликар и графичар. Тој е еден од првите македонски апстракни сликари и има посебен придонес за развитокот на современиот графички израз во Македонија. Се занимаваше и со сценографија и со илустрација. Роден е во Куманово, на 11 март 1931 година.

1992.- Во Лима е фатен основачот на перуaнското маоистичко герилско движење "Светол пат" Абимаел Гусман, одговорен за низа акции со крвопролевање.

1994.- Силите на НАТО и нејзините поранешни ривали од Варшавскиот пакт во Полска одржаа прва заедничка воена вежба.

1996.- Умре Тома Прошев, македонски композитор. Роден е во Скопје, на 10 ноември 1931 година.

1998.- Во атентат во Тирана пред седиштето на опозициската Демократска партија е убиен еден од нејзините водачи Азем Хајдари.

2003.- Советот за безбедност на Обединетите нации ги укина санкциите против Либија бидејќи властите во Триполи ја презедоа одговорноста за експлозијата на подметнатите бомби во авионот "Пан Американа" врз шкотското место Локерби во 1988 година. Либија се согласила да плати вкупно 2,7 милијарди долари отштета на семејствата на 270 жртви

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Септември.2007 во 12:00

1506.- Умре италијанскиот сликар и гравер Андреа Мантења кој ги изработил величенствените фрески во црквите на еремите во Падова и во дворецот во Мантова, урнати во Втората светска војна.

1592.- Умре францускиот писател и филозоф Мишел Ејквем де Монтењ, обновувач на интелектуалниот скептицизам и весник на слободни мисли во 17. и 18. век. Де Монтењ сметаше дека човечкиот разум е немоќен во барањето вистина и правда, но дека секој човек е должен да изнајде извесни норми во приватниот и јавниот живот како би живеел разумно свесен за своите општочовечки одговорности.

1598.- Умре шпанскиот крал Фелипе II, кој ја предводеше земјата во војните против Отоманското царство од 1571 до 1578 и против Англиските од 1588  година, завршена шест години по неговата смрт. По поразот на неговата „Непобедлива армада“ во 1588 година во битката со англиската морнарица во каналот Ламанш, Шпанија никогаш повеќе не стана светска сила.

1788.- Њујорк е прогласен за прва федерална престолнина во САД.

1819.-  Родена е германската пијантистка Клара Шуман, една од најголемите мајстори на клавир во 19. век. Нејзината концертна кариера започнала на деветгодишна возраст. Ширум Европа ги популаризирала делата на Роберт Шуман, за кој се омажила во 1840 година. Покрај неговите дела, ги популарилизирала и делата на Лудвиг ван Бетовен, Фредерик Шопен, Јоханес Брамс, Феликс Менделсон.

1874.- Роден е австрискиот композитор Арнолд Шенберг, основач и теоретичар на модерниот музички експресионизам, и професор на музичката академија во Виена, Берлин, Бостон и во Лос Анџелес.

1882.- По востанието кое ги загрози плановите на Лондон за користење на Суетскиот канал, Британците ја поразија египетската војска кај Тел ел Кебир, Египет, и продолжија со освојување на земјата и соседен Судан.

1894.- Роден е англискиот писател Џон Бојнтон Пристли, автор на дела со ведрина и хумор, но и со критика за општеството.

1903.- Роден е српскиот писател Бранимир Ќосиќ, кој пишувал за животот на младите по Првата светска војна.

1903.- Околу 2.000 жители од Охридско, пред силниот налет на Бахтијард-пашовата туска војска што пустошеше се пред себе, побара засолниште во месноста Рашанец. Збегот беше добро организиран и заштитуван од четите на војводите Аргир Маринче, Никола Митрев, Цветко Стојанов и други. Со помош на предавник, турската војска го скрши и овој востанички отпор на македонското население од овој крај во времето на Илинденската епопеја. Околу 200 жители од Охридско загинаа во борбата на Рашанец. Меѓу загинатите беше и војводата Аргир Маринче, кој со својата храброст им даде пример на сите борци како треба да се борат за слободата на својот народ. Аргир Маринче е роден во Охрид, во 1870 година.

1905.- Родена е американската филмска глумица од француско потекло Клодет Колбер, играјќи најчесто во комедии, пленејќи ја публиката со несекојдневен шарм.

1922.- Во Ел Азизи во Либија, измерена е највисоката температура во сенка - 58 Целзијусови степени.

1923.- Во Шпанија на власт дојде генералот Мигел Примо де Ривера кој со благослов на кралот Алфонсо XIII заведе профашистичка диктатура со која привремено го задуши револуционерното демократско движење.

1924.- Во Софија Владо Черноземски го уби Димо Хаџи Димов, еден од најпознатите идеолози и теоретичари на автентичното македонско национално-ослободително движење. Беше учесник во борбата кај Баница, на 4 мај 1903 година кога животот го загуби апостолот на македонското национално-ослободително движење Гоце Делчев. По поразот на Илинденското востание застана на страната на прогресивната левица на ТМОРО, а во времето на Младотурската револуција разви активна идеолошка дејност и беше еден од иницијаторите за создавање на Народната федеративна партија на чело со Јане Сандански. Роден е во селото Горно Броди, Егејска Македонија, на 20 октомври 1875 година.

1924.- Во Софија од Михајловистите е убиен Владислав Ковачев, популарен штипски војвода и публицист, уредник на весникот "Автономна Македонија" и идеолог на Македонската емигрантска федеративна организација. Роден е во Штип, на 5 јануари 1875 година.

1955.- СССР и Западна Германија воспоставија дипломатски односи.

1971.- Во нападот на американската полиција и Националната гарда, со кој заврши петдневниот бунт во њујоршкиот затвор Атика, загинаа 31 затвореник и 11 затворски чувари.

1989.- Најголемите демонстрации против апартхејдот во Јужна Африка, во Кептаун, ги предводеше надбискупот Дезмонд Туту.

1989.- Во Тирана умре Стеријо Спасе, албански писател од македонско потекло. Роден е во селото Глобочица, во 1914 година.

1991. - САД и СССР се договорија да престанат со дотур на вооружувањето на завојуваните страни во Авганистан.

1992.- Умре американскиот филмски глумец Ентони Перкинс.

1993.- Израел и Палестинската ослободителна организација во Вашингтон потпишаа мировен договор.

1993.- Во Скопје умре Јон Исаја, претставник на најстарата генерација македонски артисти. Роден е во Тетово, во 1915 година.

1994.- Во Скопје трагично го заврши својот живот Радмила Трифуновска, македонски писател, предавач и новинар. Автор е на поезијата "Зли дождови", "Црни птици" и на расказите "Жена и војна" и "Враќање". Родена е во Скопје, на 28 март 1390 година.

1995.- Република Македонија и САД воспоставија дипломатски односи.

1995.- Министрите за надворешни работи на Македонија и на Грција, Стево Црвенковски и Каролос Папуљас во Њујорк во присуство на Сајрус Венс, специјален претставник на генералниот секретар на Обединетите нации, потпишаа привремена Спогодба за пријателски односи и градење доверба и се обврзаа на почитување на заемниот суверенитет и територијален интегритет прифаќајќи ги меѓународно признаените државни граници.

2001- Државниот секретар на САД Колин Пауел првпат потврди дека саудискиот исламски терорист Осмама бин Ладен е осомничен како организатор на терористичките напади на Ал Каеда изведени  два дена пред тоа во Њујорк и во Вашингтон во кои загинаа безмалку 3.000 лица.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Септември.2007 во 08:55

1262.- Силите на кастилијанскиот крал Алфонсо X ел Сабио го зазедоа пристаништето Кадис на брегот на Атлантскиот океан, со што ја завршија петвековната маварска окупација на градот.

1321.- Умре италијанскиот писател, филозоф и политички мислител Алегиери Дуранте, познат како Данте Алигиери. Изучувал јазици, право и филозофија, а се бавел и со политика поради што во 1302 година бил протеран од неговата родна Фиренца.

1523.- Умре папата Адријан VI, единствен Холанѓанец поглавар на римокатоличката црква во нејзината историја. Неговиот понтификат траеше неполни две години во кои не ја оствари својата замисла за обединување на европските земји во борабата против Отоманското царство.

1547.- Роден е холандскиот државник Јохан фан Олденбарневелт, татко на модерната холандска држава.

1752.- Велика Британија и нејзините колонии го прифатија Грегоријанскиот календар.

1812.- Францускиот цар Наполеон I влезе во Москва. Москва беше запалена од самите Руси за да го спречат зимувањето и снабдувањето на трупите на Наполеон.

1847.- По низа победи во Американско-мексиканската војна, единиците на САД под команда на генерал Видфилд Скот го окупираа Сиудад Мексико. Со мировниот договор мексиканската влада беше принудена на воено посилниот сосед да му ги отстапи Калифорнија, Јутах, Аризона и Њу Орлеанс.

1851.- Умре американскиот писател Џејмс Фенимор Купер, еден од првите пишувачи на историски роман во американската литература.

1852.- Умре англискиот војсководец и државник фелдмаршал Артур Велзли Велингтон кој се прослави со војните против францускиот цар Наполеон I.

1886.- Роден е чешкиот дипломат Јан Гариг Масарик, шеф на чехословачката дипломатија. Во март во 1948 година изврши самоубиство. Мотивите за чинот не се расветлени, но се знае дека тој не му беше наклонет на комунистичкиот режим на власта.

1911.- Рускиот премиер Петар Столипин беше смртно ранет во атенатат извршен во театар во Киев, а по четири дена умре.

1914.- Генерал Ерих фон Фалкенхајн го замени во Првата светска војна генералот Хелмут вон Молтке на местото началник на штабот на гермсканската Врховна команда.  

1924.- Во познатите септемвриски горно-џумајски колежи од страна на Бугарските непријатели е убиен Арсениј Јовков, македонски револуционаер и публицист. Своите духовни сили ги посвети на повеќе области во културата, меѓу кои најмногу на журналистиката. Учествуваше во Илинденското востание. Тој е првиот македонски филмски сценарист, според чие сценарио е снимен документарниот филм Македонија на филм во 1923 година. Роден е во селото Селци, Струшко, на 25 март 1884 година.

1927.- Во автомобилска несреќа загина американската балерина Исидора Данкан. Таа е една од најзначајните балерини на 20 век.

1937.- Умре чешкиот државник и филозоф Томаш Гариг Масарик, прв претседател на Чехословачка од 1918 до 1935 година и професор на Прашкиот универзитет. Од 1907 година како пратеник во австроунгарскиот Парламент се борел против режимот на Хабзбуршката монарија.

1939.- Хеликоптерот „VS-300“ на рускиот конструктор Игор Сикорски, кој емигрираше во САД, го изведе првиот успешен хеликоптерски лет во историјата на воздухопловството.

1959.- Советската „Луна 2“ стана првиот вселенски брод кој се спушти на Месечината.

1960.- Во Белград заврши состанокот на претставниците на земјите производители на нафта на кој е донесена одлука за основање на ОПЕК (Огранизација на земјите извознички на нафта).

1977.- Во Хемшајр, во Англија умре Леополд Стоковски, американски диригент од полско потекло, пропагатор на современата музика, еден од најпознатите диригенти во светот. Роден е во Лондон, на 18 април 1882 година.

1982.- Ден по сообраќајната несреќа на приодот на Монте Карло, во Франција умре славната холивудска артистка, принцезата од Монако Грејс Кели. Родена е во Тексас, во 1928 година.

1982.- Во експлозија на бомба која во седиште на христијанската партија ја подметнаа исламски терористи, загинаа претседателот на Либан Бешир Џемаил и уште 20 лица.

1995.- Рускиот претседател Борис Елцин одби да ги потпише законите на Државната дума со кои Русија би се откажала од примена на санкции против Југославија, а ги воведе против Хрватска. 

1996.- Во Прилеп умре Пеце Атанасоски, македонски инструменталист - гајдаџија. Роден е во селото Долнени, Прилепско, во 1926 година.

1996.- Умре Благоја Николовски, македонски вокален солист - тенор. Роден е во 1935 година.

1997.- Во пожар во нафтената рафинерија во Висакапата, на југот од Индија, загинаа најмалку 56 лица, а истиот ден во централниот дел на земјата загинаа 81 патник кога експресен воз падна од мост во река.

1997.- Во судар на американски и германски воени авиони над Атлантскиот океан близу брегот на Намибија загинаа сите 22 лица во двата авиона.

2000.- Високиот функционер на кинескиот парламент Ченг Кеџи е погубен под обвинение дека примил мито од пет милиони долари. Тој е највисокиот кинески функционер кој е осуден на смрт поради корупција од 1949 година.

2001.- Умре Ахмад Шах Масуд, со години водечки герилски командант во Авганистан против владејачките талибанци, подлегнувајќи на повредите кои пет дена пред тоа му ги нанесе терорист-самоубиец активирајќи експлозив во Масудовата канцеларија.

2003.- Швеѓаните на референдум со убедливо мнозинство се изјаснија против воведувањето на еврото како официјална валута во земјата.

2003.- Војската со пуч ја презеде власта во малата западноафриканска земја Гвинеја Бисао.

2004.- Во експлозија на автомобил-бомба на преполниот пазар во западниот дел на Багдат, во непосредна близина на полициска станица, загинаа 47, а ранети беа преку 100 лица. Одговорноста за нападот ја презеде бунтовничката група која ја предводи соработникот на Ал Каеда Абу Мусаб ал Заркави.

2005.- Во Скопје почина најуспешната македонска падобранка во женска конк*ренција Нада Ицева - Салџиева. Таа има изведено преку илјада падобрански скокови и беше членка на женската падобранска репрезентација на Југославија. Победник е на повеќе меѓународни падобрански купови и е републички рекордер во женска конк*ренција во сите падобрански дисциплини. Добитник е на највисокото признание на ФАИ - Меѓународна воздухопловна федерација - Златна мечка со три дијаманти. Македонскиот Олимписки Комитет во 1998 година, кога го изведе својот последен скок ја прогласи за Македонски спортски великан. Родена е во 1934 година во село Павлешенци, Свети Николе.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Септември.2007 во 17:00

1380.- Умре францускиот крал Шарл V Мудри кој како регант во времето додека неговиот татко Жан II беше заробеник на Англичаните, во 1358 година го задуши големото селско востание познато како Жакерија. Во текот на владеењето од 1360 година успеа по Стогодишната војна со Англичаните да придобие голем дел од територија која Франција ја загуби со катастрофалниот Бретански договор.  

1387.- Роден е англискиот крал Хенри V, кој во текот на владеењето од 1413 до смртта во 1422 година ја продолжи Стогодишната војна со Франција. Ги победи Французите во 1415 година кај Азенк*р и го освои Париз.

1498.- Умре шпанскиот домениканец Томас де Торкемада, прв „голем инквизитор“ од 1483 до 1949 година, симбол на злогласната римокатоличка инквизиција во Шпанија. Како шеф на инквизиторскиот трибунал спалувал луѓе и „еретички книги“, а во 1942 година го убедил кралот Фердинанд V да изаде декрет за протерување на Евреите, по што 300.000 Евреи мораа да ја напуштат Шпанија.

1736.- Умре германскиот физичар Габриел Даниел Фаренхајт, кој во 1726 година го направи првиот термометар со жива. Тој ја создаде и скалата за мерење на температура од 180 степени, наречена по неговото име, на која точката на замрзнување е 32 степени, Фаренхајтовата скала се употребува во САД, а порано и во Велика Британија.

1745.- Роден е рускиот војсководец Михал Иларионович Кутузов, еден од најголемите воени стратези на 19. век. За време на нападот на францускиот цар Наполеон I врз Русија во 1812 година  после битката кај Бородин, и покрај противењето на царот и генерал Александар I, тој ги пушти Французите да влезат во Москва, а потоа им нанесе огромен пораз, истерувајќи ги до Париз. За време на војната против Отоманското царство во 1811 година многу успешно командуваше со руско-молдавската армија. Поради неговата голема популарност кај рускиот народ, во СССР во Втората светска војна се востановени три Кутузови ордени. Умре во Болеславец, во Полска, на 28 април 1813 година.

1810.- Со масовно оружено востание на селаните, што го предводеа Мигуел Хидалго и Хосе Моралес, во Мексико почна борбата за независност од шпанските колонизатори. Тој ден е прогласен за национален празник на државата Мексико која беше шпанска колонија од 1519 година.

1823.- Роден е српскиот кнез Михајло Обреновиќ, кој Србија ја направи најмоќна воена сила на Балканот. Владеел од 1839 до 1842 година и од 1860 до 1868 година, кога бил убиен во Кошутњак.

1824.- Умре францускиот крал Луј XVIII, кој владеше за време на реставрацијата на Франција по падот на царот Наполеон. Титулата крал ја добил во 1795 година, но вистински владеел од 1814 година до смртта, кога на престолот го наследил неговиот брат Шарл X.

1859.- Шкотскиот истражувач Дејвид Ливингстон во источна Африка го откри големото езеро Њаса кое го делат Малави, Танзанија и Мозамбик.

1861.- Градот Загреб на Вук Караџиќ му ја врачи Повелбата за почесен граѓанин, со која му се дадени „сите права, слободи и добра кои му припаѓаат на секој граѓанин на Загреб според законот и старите народни обичаи“.

1908.-  Виена и Москва се договорија Австроунгарија да не се спротивставува на отворањето на Босфор за руските бродови, а Русија на австроунгарската анексија на Босна и Херцеговина. Со договорот на двајцата министри заврши анексионата криза што се закануваше со светска војна.

1923.- Роден е сингапурскиот државник Ли Куан Ју, татко на независен Снгапур и творец на сјајниот стопански „бум“  на земјата во југоисточна Азија. Беше премиер од 1959 до 1990 година. Сингапур под негово авторитарно водство успеа од најсиромашна британска колонија на крајниот југ на Малајскиот Полуостров да стане просперитетна индустриска и трговска метропола.

1924.- Родена е американската филмска глумица Бети Перск, позната како Лорин Бекол, сопруга на Хемфри Богарт со кого во филмовите играше улоги на самоуверени агресивни жени.

1931.- Италијанските колонијални сили го заробија и погубија либијскиот национален водач Омар Муктар.

1941.- Хитлер му нареди на заповедникот на германските вооружени сили за југоисток, да го задуши востаничкото движење на Балканот. Според Хитлеровата наредба со крајна суровост мора да се оневозможат партизаните и за смртта на секој германски војник со смрт да се казнат 50 до 100 заложници.

1941.- По влезот на советските и британските трупи во Иран во Втората светска војна, прогерманскиот монарх Реза шах абдицираше во корист на Мохамед Резе Пахлави.

1945.- Остатокот од јапонската армија во Хонгконг им се предаде на британските сили на крајот на Втората светска војна.

1959.- Францускиот претседател Шарл де Гол преку радиото на алжирскиот народ му го призна правото на самоопределување.

1963.- Малаја, Северн Борнео, Саравак и Сингапур ја основаа малезанската федерација.

1967.- Генералниот секретар на Обединетите нации У Танд ги повика САД да не го бомбардираат Северен Виетнам, но Вашингтон повикот го игнорира.

1975. Јужнопацифичката држава Папуа Нова Гвинеја се стекна со целосна независност од Австралија.

1977.- Во Париз умре Марија Калас, американска оперска пејачка, сопран од грчко потекло. Големиот гласовен распон и сугестивната глума придонесоа за нејзина светска слава. Родена е во Њујорк, на 4 декември 1923 година.

1978.- Во земјотрес во иранскиот град Табас и во околните села загинаа најмалку 25.000 лица.

1980.- На Хвар умре Драган Ташковски, истакнат македонски историчар, публицист и општествено - политички работник. Роден е во Скопје, на 10 септември 1917 година.

1989.- Умре Роберт Пен Ворен, американски писател, трикратен добитник на Пулицеровата награда (најголемо признание за новинарство, белетристика и поезија). Со светска слава се здоби со романот Сите луѓе на кралот за кој му беше доделена Пулицеровата награда во 1947 година. Роден е во 1905 година.

- Денеска е Светски ден на мирот

- Денеска е Меѓународен ден на озонската обвивка

1990.- Специјалните единици на сецесионистичкиот режим во Загреб го спречија оддавањето почит на жртвите на усташкиот геноцид во Јасеновац во Втората светска војна. Вооружени специјалци ги блокира сите приоди кон Јасеновац и ги оневозможија  граѓаните од Босна и Херцеговина да преминат во Хрватска.

1996.- Романија и Унгарија потишаа договор за ставање крај на сите спорови меѓу двете соседни земји со што на Бук*решт и на Бидимпешта им го олесни влезот во ЕУ и НАТО.

1996.- Градот Велес од овој датум е без додавката „Титов“. Името Титов Велес го носеше од 11 октомври 1946 година.

1998.- Баскиската терористичка организација ЕТА соопшти дека на 18 септември стапува на сила целосното примирје по три децении борби за отцепување на Баскија - откажување на сите акции против шпанските власти.

2001.- Иран соопшти дека градоначалникот на Техеран Мортез Алвири му изразил сочувство на њујоршкиот колега Рудолф Гиулијани  по повод териристичките напади на исламистите на 11 септември. Тоа беше прва официјална јавна комуникација помеѓу Иран и САД од исламската револуција во Иран во 1979 година.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Септември.2007 во 10:01

1580.- Роден е шпанскиот писател Франциско Гомес де Кеведо и Виљегас, сатиричар кој заради „зајадливиот јазик и отровното перо“ повремено беше повластен во дворецот, а повремено прогонуван и затворан.

1685.- Лондон го зафати голема епидемија на чума од која умреа околу 70.000 луѓе.

1787.- Делегатите на 12 од тогашните 13 држави во САД го потпишаа Уставот кој со дополнителни амандмани се уште е најстариот важечки устав во светот.

1796.- Првиот претседател на САД Џорџ Вашингтон, шеф на државата од 1789 година, на американскиот народ му упати „Проштална беседа“, одбивајќи третпат да се кандидира за претседател.

1809.- Заврши шведско-руската војна со која Русија ја освои Финска.

1826.- Роден е германскиот математичар Георг Фридрих Бернхард Риман, кој ги даде новите насоки во развојот на математиката и нејзините примени во физиката и механиката.

1857.- Роден е рускиот физичар Константин Едуардович Циолковски, татко на астронаутиката. Уште во 1883 година ги изложи идеите за користење на реактивниот погон кај ракетите, а во 1903 година го објави првото класично дело за теоријата на астронаутика. Советската академија на науките ја востанови наградата „Златна медалја Циолковски“ за исклучителен придонес во астронаутиката и во истражувањето на вселената.

1890.- Во Закојци, кај Церкна, е роден Франце Бевк, словенечки писател и борец за национални и социјални права на словенечкиот народ под Италија. Најпознати негови дела се „Капетан Мартин Чедермац“, „Човек против човека“, „Црни браќа и сестри“ и други. Умре во Љубљана, на 17 септември 1970 година.

1900.- Британската кралица Викторија I го потпиша документот со кој Австралија влезе во Комонвелтот како федерална унија на шест бивши британски колонии.

1908.- Роден е рускиот виолинист и диригент Давид Фјодорович Ојстрах, еден од најголемите мајстори на виолина во 20.век. Завршил конзерваториум во родниот град Одеса, а се прославил во 1935 година со наградата на меѓународниот натпревар по виолина во Варшава и во 1937 година со наградата „Исај“ во Брисел. Беше професор на Московскиот конзерваториум и со голем успех настапуваше во целиот свет.

1918.- По тридневна офанзива, Првата и Втората српска армија го пробија Солунскиот фронт со што беа скршени централните сили во Првата светска војна. Четириесет дена по офанзивата капитулира Австро-Унгарија, а набрзо и Германија.

1918.- Роден е израелскиот државник Хаим Херцог. Беше претседател на Израел од 1983 до 1993 година. Пред тоа, беше командант на јужната армиска област и прв воен гувернер на Западниот брег кој беше окупиран во 1967 година, а од 1975 до 1978 година израелски амбасадор во Обединетите нации.

1939.- Советските единици врз основа на договорот Рибентроп-Молотов ја нападнаа Полска и ги зазедоа источните делови. Во нападот се заробени 180.000 војници и околу 9.000 офицери, а потоа почна ликвидирањето на заробените Полјаци.

1943.- Во селото Подвис, Кичевско, почна да работи првото училиште на македонски јазик.

1944.- Почна најголемиот воздушен десант во Втората светска војна. Со него требаше да се воспостави мостобран на реката Рајна и да им се овозможи продор на сојузниците северно од Рур. Планот беше откриен од Германците па така тие успеаја да ги разбијат Британците кај холандскиот град Архнем. Сојузниците ја преминаа Рајна дури после пет месеци.

1944.- Во селото Митрашинци, Беровско, се формирани Тринаесеттата и Четиринаесеттата македонска бигада и Педесеттата дивизија на НОВ и ПОЈ.

1948.- Блиску до Ерусалим е убиен шведскиот гроф Фолке Бернадот, посредник на Обединетите нации во конфликтот меѓу Израел и Арапите.

1949.- Во пожарот на „Нороник“,  најголемиот параброд на Големите Езера, кај Торонто,  загинаа повеќе од 130 лица.

1961.- Со основано сомнение дека е жртва на атентат, во авионска несреќа во близина на Ндола во северниот дел на Родезија загина Даг Хамаршелд, генерален секретар на ООН.

1961.- Обесен е бившиот турски премиер Аднан Мендерес, кој во мај во 1960 година го собори воената хунта на генралот Џемал Гурсел. Воената хунта тврдеше дека Мендересовата Демократска партија, која беше на власт по првите слободни избори во Турција во 1950 година, „ги издала принципите“ на првиот турски претседател Мустафа Кемал Ататурк.

1970.- Во Јордан започнаа вооружените судири меѓу армијата на кралот Хусеин и палестинските герилци.

1978.- Во вилата Кемп Дејвид завршија разговорите меѓу египетскиот претседател Садат, израелскиот премиер Бегин и американскиот претседател Картер. Притоа, беа потпишани два документа: рамки за мир на Блискиот Исток и рамки за мировен договор меѓу Египет и Израел.

1980.- Бившиот диктатор на Никарагва генералот Анастасио Сомос Дебајле е убиен во атентат во Парагвај, каде живееше во бегство по симнување од власта во јули 1979 година.

1985.- Во Њујорк умре Џулијан Бек, американски режисер кој заедно со својата сопруга Џудит Мамара во 50-те години го формираа авангардниот Ливинг театар. Роден е во Њујорк во 1925 година.

1991.- Собранието на Република Македонија донесе Декларација во која се истакнува дека граѓаните на Република Македонија на 8 септември 1991 година плебисцитарно ја потврдија државноста и сувереноста на Република Македонија и ја изразија својата волја таа да биде конституирана како суверена и независна држава.

1994.- Умре британскиот филозоф од австриско потекло Карл Рејмонд Попер, еден од највлијателните мислители во 20. век.

1995.- Атентатор го уби кандидатот на алжирските претседателски избори Абделхафид Бенхадид пред неговата куќа во близина на главниот град на Алжир.

1996.- Во Пекинг, на Конференцијата на Интерпарламентарната унија, Република Македонија е примена во Групацијата медитерански земји.

1998.- Во Скопје, во издание на НИК „Денес“, излезе првиот број на дневниот весник „Македонија денес“, весник на демократската јавност.

1998.- Во Скопје почна со работа телевизискиот „Канал 5“.

2001.- Собранието на Република Македонија донесе Декларација за осуда на терористичките напади во Њујорк и во Вашингтон, САД, на 11 септември 2001 година.

2001.- Почна да работи Њујоршката берза по четири дена пауза предизвикана од исламистичките терористички напади на 11 септември. На Волстрит беше забележан најголемиот пад на вредноста на акциите за време од еден ден во текот на историјата.

2002.- Во Пјонгјанг за време на историската средба меѓу севернокорејскиот водич Ким Џонг Ил и јапонскиот премиер Јоничири Коизуми, Ким се извини за порано грабнатите јапонски граѓани и најави прекин на ракетните проби.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Септември.2007 во 12:16

- Меѓународен ден на геолозите.

1502.- Шпанскиот морепловец од италијанско потекло Кристофер Колумбо пристигна на Костарика на четвртото и последно патување во Новиот свет.

1709.- Роден е англискиот писател и лексикограф Самуел Џонсон. Неговиот „Речник на англиски јазик“ од 1755 година повеќе од еден век важеше за најавторитетен на англиското говорно подрачје.

1753.- Во Москва умре Христофер Жефарович, еден од најраните македонски преродбеници, свештеник, писател, ликовен уметник. Зборуваше речиси на сите балкански јазици, а го познаваше и латинскиот јазик. Беше еден од најдобрите и највлијателните ликовни уметници на Балканот. Автор е на книгата со религиозна содржина „Поучение свјатителское и новопостановленому језику“ и „Описание светога божија града Јерусалима“, како и на книгата со световна содржина „Стематографија“, која има посебно значење за хералдиката. Роден е во Дојран, околу 1800 година.

1759.- Французите по воениот пораз мораа на Англичаните да им ги отстапат провинциите Квебек и Канада. Во последната битка загинаа и командантите - Британецот Џејмс Волф и Французинот Луј Монкалм.

1810.- Во Чиле под раководство на Бернард О`Игинс започна востанието против шпанските колонијални власти.

1819.- Роден е францускиот физичар Жан Бернар Леон Фуко кој заедно со Арман Иполит Луј Физо ја измерија брзината на светлината.

1820.- Францускиот математичар и физичар Андре-Мари Ампер ја објави теоријата за електромагнетното поле. Неговите откритија имаат големо значење во областа на електричниот магнетизам.

1851.- Во Њујорк, САД, излезе првиот број на дневниот весник „Њујорк дејли тајмс“, еден од најтиражните весници во светот.

1905.- Во Стокхолм е родена Грета Гарбго (Грета Луиза Густафон), шведска актерка, една од најголемите легенди на Холивуд. Умре во Њујорк, на 15 април 1990 година.

1911.- Умре рускиот премиер Петар Аркадијевич Столипин, шеф на владата од 1906 година кој со економските реформи го препороди руското стопанство. Исто така, со брзите реформи во земјоделството и аграрот овозможи Русија да произведе вишок на храна.

1912.- Во Истанбул е роден Густав Влахов, македонски револуционер, политички работник, дипломат и носител на „Партизанска споменица 1941“. Тој е син на македонскиот револуцонер Димитар Влахов, кој имаше големо влијание Густав рано да се вклучи во револуционерното движење. Член е на КПЈ од 1933 година. Густав Влахов учествуваше во редовите на Црвената армија при одбраната на Москва, вршејќи разни одговорни воени должности. По ослободувањето вршеше одговорни должности во Македонија и во федералните органи на СФРЈ. Умре во Белград, на 16 јануари 1991 година.

1931.- Откако го предизвикаа инцидентот кај Мукден, Јапонците го започнаа нападот врз североисточна Кина (Манџурија) и ја окупираа оваа азиска област. Окупацијата траеше се до 1945 година кога советските трупи ги протераа Јапонците.

1934.- СССР пристапи кон Друштвото на народите, но подоцна, на 14 декември 1939 година, е исклучен поради нападот врз Финска.

1944.- Германските единици кои се повлекуваа од Грција упаднаа во Струмица, но не успеаја да воспостават окупаторска власт, ниту да ги оневозможат органите на народната власт да ја извршуваат својата должност.

1961.- Во авионска несреќа во Северна Родезија, под околности кои не се расветлени, загина шведскиот дипломат, генерален секретар на Обединетите нации од 1953 година Хајлмар Агне Даг Хамаршелд, доктор по филозофија и академик. Смртта го затече кога ја предводеше мисијата за решавање на конгоанската криза во која неговите ставови не беа по волја на влијателни западни земји.  Постхумно му беше доделена Нобелова награда за мир.

1962.- Во Бејрут фалангата и десничарите на мајор Саад Хадат во палестинските логори според зборовите на Јасер Арафат убиле околу 3.000 луѓе.

1964. Умре ирскиот писател Шон О`Кејзи познат автор на драми. Во младоста бил физички работник и комунист, организатор на ирската Граѓанска армија и борец за слободна Ирска.

1973.- Генералното собрание на ООН во своето членство ги прими СР Германија, ДР Германија и Бахамските Острови.

1978.- Заради египетско-израелскиот договор во Кемп Дејвид, во знак на протест оставка поднесоа египетскиот шеф на дипломатијата Ибрахим Камел и амбасадорот во САД Ашраф Горбал.

1996.- Во Ереван, Ерменија умре Ристо Ничевски, македонски интернационален шаховски мајстор. Роден е во Битола, на 28 јуни 1945 година.

1981.- Во Франција е укината смртната казна.

1982.- Либанската христијанска милиција го изврши масакрот во палестинските бегалски логори Сабар и Шатила во Бејрут, во кој убија најмалку 800 луѓе, реванширајќи се на исламските терористи кои четири дена пред маскарот го убија лидерот на христијаните и новоизбраниот претседател на Либан Бешир Џемаил.  

1988.- Воената хунта ја собори владата на претседателот на Бурма Маунг Маунг бидејќи војската во центарот на Рунгун пукајќи на продемократските демонстранти уби илјада луѓе.

1993.- Околу 2.000 доброволци тргнаа кон градот Сухуми одговарајќи на апелот на претседателот на Грузија Едуард Шеварнадѕе со оружје да се спротивстават на абхашките сепаратисти.

1997.- Исламски терористи во центарот на Каиро нападнаа туристички автобус при што убија девет германски туристи и египетски возач.

2001.- Претседателот на САД Џорџ Буш потпиша документ со кој се одобрува воена акција против одговорните за терористичките напади во Њујорк и Вашингтон од 11 септември.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2007 во 10:13

1356.- Англиската армија предводена од Црниот Принц, син на кралот Едвард III, ја порази француската војска на кралот Жан II во битката кај Поатје со што заврши првата фаза од Стогодишната војна меѓу Англија и Франција. Истиот ден во 1370 година Црниот Принц го зазеде и опустоши Лимож.

1551.- Роден е францускиот крал Анри III, последниот монарх од династијата Валоа.

1802.- Роден е унгарскиот револуционер Лајош Кошут, водач на Унгарската револуција во 1848 година, противник на феудално-апсолутистичкиот режим на Хабзбуршката монархија. На 2 мај 1849 година беше избран за прв премиер на слободна Унгарија.

1833.- Црногорскиот владика Петар II Петровиќ Његош доби руски пасош.

1881.- Претседателот на САД, Џејмс Ејбрам Гарфилд умре од повредите здобиени во атентатот во Вашингтон на 2 јули 1881 година. Гарфилд, кој беше противник на црнечкото ропство, стана шеф на државата на 4 март 1881 година.

1888.- Во белгиската бања Спа се одржа првиот натпревар за избор на убавица во светот. Првата најубава жена на светот беше 18-годишната Креолка од Гваделупе Берта Сукаре.

1893.- Нов Зеланд стана првата земја во која сите жени добија право на глас.

1911.- Во Сент Колам Мејџор, Корнвол, е роден Вилијам Голдинг англиски писател. Во 1983 година ја доби Нобеловата награда за литература. Негови познати дела се „Спирала“, „Пирамида“, „Видлива темнина“, „Господар на мувите“ и други. Умре во Волмаут, на 19 јуни 1993 година.

1914.- Во Софија е убиен Стефан Јакимов Дедов, македонцки деец, основач на македонскиот клуб со читалиште во Белград, издавач на неговиот орган „Балкански гласник“ во Софија на весниците „Балкан„ и „к*рир“, член на Македонското научно-литературно другарство во Санкт Петербург и коавтор, заедно со Мишајков на Меморандумот на руската влада, прва македонска националноослободителна програма. Роден е во Охрид, на 28 октомври 1869 година.

1922.- Роден е чешкиот атлетичар Емил Затопек, кој на Олимписките игри во Лондон во 1948 година освои златна медаља во трката на 10.000 метри, а на Игрите во 1952 година во Хелсинки на 5.000, 10.000 и во маратон. Соборил 18 светски рекорди и победил во 69 трки по ред од 1949 до 1951 година.

1928.- Првиот анимиран цртан филм „Параброд Вили“ во кој се појави Мики Маус е прикажан во њујоршкото кино „Колони театар“.

1935.- Умре рускиот физичар Константин Едуардович Циолковски, татко на астронауката. Уште во 1883 година ги изложи идеите за користење на реактивниот погон кај ракетите, а во 1903 година го објави првото класично дело за теоријата на астронаутика. Советската академија на науките ја востанови наградата „Златна медаља Циолковски“ за исклучителен придонес во астронаутиката и во истражувањето на вселената.

1941.- Германските трупи го окупираа Киев во Втората светска војна по битката која траеше 45 дена.

1941.- Во селото Струганик, кај Ваљево, во Втората светска војна беше одржан состанок меѓу Јосип Броз Тито и Драгољуб Михаиловиќ, на кој не беше постигнат договор за заедничка броба на партизаните и четниците против окупаторот.    

1942.- Во околината на Прилеп, по тешка тортура од страна на бугарската полиција, убиен е со фрлање во варџилница Рампо Левков - Левката, народен херој на Југославија, од Македонија. Роден е во Прилеп, на 9 јануари 1909 година.

1942.- Кај селото Дабница, во месноста Дабнички Завој, Прилеп, бугарскиот окупатор на подмолен начин масакрира 18 македонски патриоти. Единствено успеаја да се спасат Петко Велкоски и Тоде Ристески - Келешот. Се случи да има живи сведоци меѓу масакрираните, за да раскажуваат за овој крвав настан, наречен „Дабничко клање“.

1944.- Селото Беличица, Гостиварско, беше опколено од околу 300 добро вооружени балисти во моментот кога во него престојуваа 35 борци на Третиот партизански одред, вооружени само со два пушкомитралеза и со неколку пушки. Во нерамноправната борба животот го загубија 21 партизан, меѓу кои и Тодор Циповски - Мерџан, народен херој на Југославија, од Македонија (роден е во селото Беличица, во 1920 година) и Ѓоце Стојчевски - Амбарче, народен херој на Југославија, од Македонија (роден е во селото Беличица, во 1919 година). Притоа балистите го запалија селото, а во огнената стихија беа фрлени и изгореа 17 жители од селото.

1985.- Катастрофален земјотрес со јачина од 8.1 степени според Рихтеровата скала го погоди Мексико. Во него загинаа околу 10.000 луѓе, а материјалната штета е проценета на околу шест милиони долари.

1985.- Во Сиена, во Италија умре Итало Калвини, еден од најпознатите италијански писатели. Негови најпознати романи се „Превоениот виконт“, „Облаци од смог“, „Невидливи градови“ и други есеи и збирки поезија. Роден е во 1923 година.

1992.- Во селото Стајковци, Скопско, е поставен и осветен камен-темелник на новата црква „Свети Кирил и Методиј“.

1994.- Владата на Република Македонија донесе одлука за пристапување на Република Македонија кон Општата спогодба за царини и трговија (ГАТТ).

1955.- Во Аргентина војската го собори претседателот Хуан Перон, кој со одвојувањето на црквата од  државата предизвика бес кај римокатоличката црква. До 1973 година Перон живееше во бегство, но по враќањето повторно беше избран за претседател. На чело на државата беше се до неговата смрт во 1974 година.

1957.- Американците во Невада ги почнаа првите подземни нуклеарни проби.

1961.- Граѓаните на Јамајка на референдум изгласаа одвојување на државата  од Западноиндијската Федерација.

1985.- Во главниот град на Мексико Сиудад Мексико во земјотрес загинаа оклу 12.000 луѓе.

1988.- Експлозијата на авионот DC-10 на француската компанија УТА што се случи над Нигер, кој леташе од Бразил за Париз, за која подоцна е обвинета Либија, не ја преживеа никој од 171 патник и екипажот.

1992.- Советот за безбедност на Обединетите нации ја усвои резолуцијата со која ја исклучи Југославија од работата на Генералното собрание и го оспори нејзиното прво во ОН да ја наследи СФРЈ. На југословенската мисија и дозволија нејзините контакти во Њујорк да ги остварува со други органи во ОН.

1994.- Илјада американски војници беа префрлени на Хаити во операцијата која Вашингтон ја нарече „повторно воспоставување на демократијата“ во каприската островска земја.

1996.- Република Македонија пристапи кон трите конвенции на Меѓународната агенција за атомска енергија.

1999.- Меѓународните мировни сили навлегоа во Источен Тимор.

2002.- Во центарот на Тел Авив загинаа пет луѓе кога бомбаш-самоубиец активира експлозив во автобус. Тогаш израелската влада одлучи да го изолира Јасер Арафат при што со тенкови го опколи седиштете во Рамал на Западниот Брег.

2003.- Претседателите на Русија, Белорусија, Украина и на Казакстан на Јалта го потпишаа договорот за формирање заеднички економски простор.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Септември.2007 во 10:24

331 п.н.е.- На реката Тигар, во Месопотамија, војската на Александар Македонски се судри со главнината на персиската војска на царот Дариј. Персијците имаа околу милион војници, а Александар Македонски помалку од 50.000. Александар Македонски воспостави власт во Персија.

480. п.н.е.- Во поморската битка кај островот Саламин во Егејското Море, Грците под команда на атинскиот војсководец Темискот ги поразија Персијанците кои ги предводеше кралот Ксеркс I, со што Атина ја осигура превласта на морето.

1519.- Португалскиот морепловец Фернандо Магелан во служба на шпанскиот крал Карло Петти, од Сан Лукар во Шпанија со својата екпедиција од пет бродови тргна на пат околу светот со цел да го открие западниот пат за Индија и во освојување на колонии за шпанската династија. Во 520 година ги испита југоисточните брегови на Јужна Америка го откри според него наречениот Магеланов Проток и преку него помина во океанот кој го нарече Тихи (Пацифик). Загина на Филипинските Острови во борба против домородците, на 27 април 1521 година. Другиот дел од експедицијата се врати во Шпанија. Така беше докажано дека Земјата е тркалезна и дека новите краишта што ги откри Колумбо не се дел од Индија, туку посебен континент.

1833.- Роден е италијанскиот новинар и пацифист Ернесто Теодоро Монета, добитник на Нобеловата награда за мир во 1907 година. Беше директор на миланскиот весник „Ил Сецоло“ и претседател на Интернационалниот конгрес за мир во Милано во 1906 година.

1842.- Роден е шкотскиот хемичар и физичар Џејмс Дјуер, пронаоѓач на термос-боците.

1863.- Во Берлин умре Јакоб Грим, германски филолог, библиотекар во Касел, академик и професор во Берлин. Основач е на современата германистика. Ја проучуваше историјата на стрите книжевности, проблемите на митовите, сказните и преданијата. Заедно со својот брат Вилхем издаваше германски народни бајки. Најпознати му се делата „Германска граматика“, „Историја на германскиот јазик“, „Германска митологија“ и други. Роден е во Хан, на 4 јануари 1785 година.

1870.- Силите на италијанскиот крал Виториј Емануел II го презедоа Рим од Французите. Тогаш кралот ја соопшти намерата Рим да се прогласи за италијанска престолнина.

1878.- Роден е американскиот писател Аптон Бил Синклер, автор на повеќе романи во кои се опфатени повеќе политички и социјални теми во кои е опишана поразителната слика на капиталистичкиот свет. Негови познати дела се „Џунгла“, „Метропола“, „Џими Хигинс“, „Крај на светот“, „Помеѓу два света“, „Претседателскиот агент“, „Светот кој треба да се освои“ и други.

1878.- Роден е Аптон Синклер, северноамерикански писател и публицист, борец за социјални права и за мир во светот. Меѓу најпознатите негови дела се „Џунгла“, „Џими Хигинс“, „Крај на светот“ и други. Умре 26 ноември 1968 година. 

1934.- Родена е италијанската филмска глумица Софија Шиколоне, попозната како Софија Лорен. Како медиумски продукт на продуцентот и нејзин сопруг Карло Понто, стана светска ѕвезда.

1957.- Умре Јан Сибелиус, фински композитор, романтичар. Неговиот оригинален стил е сосема близок на финскиот музички фолклор. Роден е на 8 декември 1865 година.

1963.- Американскиот претседател Џон Кенеди на заседанието на Генералното собрание на Обединетите нации предложи заедничка советско-американска експедиција на Месечината.

1970.- Во Балтимор, САД, умре Џон Дос Пасос, северноамерикански писател на општествени романи. Роден е во 1896 година.

1970.- Во Париз умре Бурвил (вистинскто име му е Андре Рембург), француски филмски и оперски артист и комичар. Роден е во 1917 година.

1970.- Советскиот вселенски брод „Луна 16“ се спушти на Месечината поради земање делови од тлото на Земјиниот сателит.

1976.- По цели 40 години на власт шведската Социјалистичка партија е поразена на парламентарните избори.

1977.- Виетнам и Џибути се примени во Обединетите нации.

1979.- Владарот на Централноафирканското царство Жан Бедел Босак го собори неговиот роднина, бившиот претседател Давид Дако и ја врати земјата со статус република. Босак во 1965 година со воен удар го турна Дако, а во 1976 година ја укина републиката и се прогласи за цар. Запаметен е по голEMата екствагантност, расипништво и со жестоки злостори врз сопствениот народ.

1981.- Централноафриканската држава Белизе на брегот на Карипското Море (поранешниот Британски Хондурас) се стекна со незвисност од Велика Британија.

1984.- Во дворот на амбасадата на САД во Бејрут упадна исламски терорист-самоубиец со камион со големо количество експлозив при што усмрти 40 лица.

1989.- Фредерик Вилем де Клерк ја презеде должноста претседател на Јужна Африка.

1990.- Умре српскиот консруктор на авиони Слободан Зрниќ, декан на Машинскиот факултет на Новосадскиот универзитет, еден од конструкторите на авионите IK-3 и S-49. Авионот IK-3 на 6 април 1941 година во Втората светска војна учествуваше во одбраната на Белград. Завршил Машински факултет во Белград, а воздухопловната техника ја усовршувал во Франција. Како ескперет на ОН неколку години поминал во Африка.

1990.- Парламентите на Источна и Западна Германија го потврдија договорот за нивно обединување во една држава.

1990.- Во Скопје, Собранието на СР Македонија ги прогласи 25-те амандмани на Уствот на СР Македонија, според кои, покрај другото, Македонија стана повеќепартиска држава.

1993.- Во Скопје, во Шумарскиот факултет, е основано Движењето за облагородување на односите меѓу луѓето и приордата „Патот на розата“.

1995.- Премиерот на Турција Тансу Чилер беше приморана да поднесе оставка бидејќи од владата се повлече коалиционата партија која и порача дека не е прифатлива цената која заради нејзината политика мораат да ја плаќаат турските граѓани.

1998.- Во Скопје умре Јордан Леов, македонски писател. Автор е на книгите разкази „Последни од смртта“, „Длабока рана“, на романите „Побратими“, „Виор“, „Афион“ и на други дела. Роден е во Велес, на 29 август 1920 година.

1998.- Умре д-р Бошко Бабиќ, археолог и историчар на уметноста, еден од основачите на Институтот за старословенска култура во Прилеп и негов директор. Роден е во Босанска Градишка, во 1924 година.

2000.- Умре советскиот космонаут од руско потекло Герман Титов, вториот човек кој летал во вселената. Титов во август 1961 година, во вселенскиот брод „Восток 2“, поминал 25 часа во вселената, обиколувајќи ја Земјата 17 пати. За неговите заслуги добил најмногу државни награди и стана херој на СССР.

2004.- САД официјално го укинаа трговското ембарго против Либија воведено во 1986 година.

2005.- Во Виена умре Симон Визентал, Евреин, ловец на нацистичките злосторници, меѓу кои и на мозокот на планот „Конечно решение“ Адолф Ајхман. Роден е во 1909 година.

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 89101112 36>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,266 секунди.