IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Историја
  Активни теми Активни теми RSS - На денешен Ден
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

На денешен Ден

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 34567 36>
Автор
Порака Обратен редослед
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Септември.2010 во 18:45
14 септември (МИА)

1262.- Силите на кастилијанскиот крал Алфонсо X ел Сабио го зазедоа пристаништето Кадис на брегот на Атлантскиот Океан, со што ја завршија петвековната маварска окупација на градот.

1321.- Умре италијанскиот писател, филозоф и политички мислител Алегиери Дуранте, познат како Данте Алигиери. Изучуваше јазици, право и филозофија, а се бавеше и со политика поради што во 1302 година беше протеран од неговата родна Фиренца.

1523.- Умре папата Адријан VI, единствен Холанѓанец поглавар на римокатоличката црква во нејзината историја. Неговиот понтификат траеше неполни две години во кои не ја оствари својата замисла за обединување на европските земји во борабата против Отоманското царство.

1547.- Роден е холандскиот државник Јохан фан Олденбарневелт, татко на модерната холандска држава.

1752.- Велика Британија и нејзините колонии го прифатија Грегоријанскиот календар.

1760.- Роден е Луиџи Черубини, италијански композитор. Умре на 15 март 1842 година.

1769.- Роден е Александар фон Хумболт, германски природонаучник, географ и истражувач, основач на физичката географија. Умре на 6 мај 1859 година.

1812.- Францускиот цар Наполеон Први влезе во Москва. Москва беше запалена од самите Руси за да го спречат зимувањето и снабдувањето на трупите на Наполеон.

1829.- По поразот во војната која во 1828 година ја започна против Русија, Турција во Едрене го потпиша мировниот договор со кој на Русија и ја отстапи делтата на Дунав и кавкаскиот црноморски брег.

1847.- По низа победи во Американско-мексиканската војна, единиците на САД под команда на генерал Видфилд Скот го окупираа Сиудад Мексико. Со мировниот договор мексиканската влада беше принудена на воено посилниот сосед да му ги отстапи Калифорнија, Јута, Аризона и Њу Орлеанс.

1851.- Умре американскиот писател Џејмс Фенимор Купер, еден од првите пишувачи на историски роман во американската литература. Дела: романите „Шпион“, „Пилот“, „Индијанци“, циклус романи „Ловец на елени“, „Последниот Мохиканец“, „Извидник“, „Пионери“, „Прерии“.

1852.- Умре англискиот војсководец и државник фелдмаршал Артур Велзли Велингтон кој се прослави со војните против францускиот цар Наполеон Први.

1886.- Роден е чешкиот дипломат Јан Гариг Масарик, шеф на чехословачката дипломатија. Во март во 1948 година изврши самоубиство. Мотивите за чинот не се расветлени, но се знае дека тој не му беше наклонет на комунистичкиот режим на власта.

1911.- Рускиот премиер Петар Столипин беше смртно ранет во атенатат извршен во театар во Киев. Умре четири дена по атентатот.

1914.- Генерал Ерих фон Фалкенхајн го замени во Првата светска војна генералот Хелмут вон Молтке на местото началник на штабот на германската Врховна команда.

1918.- Во Прилеп е роден проф. д-р Димко Кепески, еден од основачите на Клиниката за ортопедски болести во Скопје. Умре во Скопје, на 27 ноември 1996 година.   

1924.- Во познатите септемвриски горно-џумајски колежи е убиен Арсениј Јовков, македонски револуционаер и публицист. Своите духовни сили ги посвети на повеќе области во културата, меѓу кои најмногу на журналистиката. Учествуваше во Илинденското востание. Тој е првиот македонски филмски сценарист, според чие сценарио е снимен документарниот филм „Македонија на филм“ во 1923 година. Роден е во селото Селци, Струшко, на 25 март 1884 година.

1927.- Во автомобилска несреќа загина американската балерина Исидора Данкан. Таа е една од најзначајните балерини на 20 век.

1928.- Во Прилеп е роден Димитар Гешоски, еден од најпознатите македонски артисти. Во својата богата артистичка дејност оствари над стотина театарски, телевизиски и филмски ликови. Умрел во Скопје, на 29 октомври 1989 година.

1937.- Умре чешкиот државник и филозоф Томаш Гариг Масарик, прв претседател на Чехословачка од 1918 до 1935 година и професор на Прашкиот универзитет. Од 1907 година како пратеник во австроунгарскиот Парламент се бореше против режимот на Хабзбуршката монарија.

1939.- Хеликоптерот „VS-300“ на рускиот конструктор Игор Сикорски, кој емигрираше во САД, го изведе првиот успешен хеликоптерски лет во историјата на воздухопловството.

1959.- Советската „Луна 2“ стана првиот вселенски брод кој се спушти на Месечината.

1960.- Во Белград заврши состанокот на претставниците на земјите производители на нафта на кој е донесена одлука за основање на ОПЕК (Огранизација на земјите извознички на нафта).

1971.- Во Скопје умре Томо Владимириски, македонски академски сликар и сценограф. Во сликарството мотиви му се луѓето, историјата и пејзажите на Македонија. Роден е во Скопје, на 26 август 1904 година.

1977.- Во Хемшајр, во Англија умре Леополд Стоковски, американски диригент од полско потекло, пропагатор на современата музика, еден од најпознатите диригенти во светот. Роден е во Лондон, на 18 април 1882 година.

1982.- Ден по сообраќајната несреќа на приодот на Монте Карло, во Франција умре славната холивудска артистка, принцезата од Монако Грејс Кели. Родена е во Тексас, во 1928 година.

1982.- Во експлозија на бомба која во седиште на христијанската партија ја подметнаа исламски терористи загинаа претседателот на Либан Бешир Џемаил и уште 20 лица.

1995.- Рускиот претседател Борис Елцин одби да ги потпише законите на Државната дума со кои Русија би се откажала од примена на санкции против Југославија, а ги воведе против Хрватска.

1996.- Во Прилеп умре Пеце Атанасоски, македонски инструменталист - гајдаџија. Роден е во селото Долнени, Прилепско, во 1926 година.

1996.- Умре Благоја Николовски, македонски вокален солист-тенор. Роден е во 1935 година.

1997.- Во пожар во нафтената рафинерија во Висакапата, на југот од Индија, загинаа најмалку 56 лица, а истиот ден во централниот дел на земјата загинаа 81 патник кога експресен воз падна од мост во река.

1997.- Во судар на американски и германски воени авиони над Атлантскиот Океан близу брегот на Намибија загинаа сите 22 лица во двата авиона.

2000.- Високиот функционер на кинескиот парламент Ченг Кеџи е погубен под обвинение дека примил мито од пет милиони долари. Тој е највисокиот кинески функционер кој е осуден на смрт поради корупција од 1949 година.

2001.- Умре Ахмад Шах Масуд, со години водечки герилски командант во Авганистан против владејачките талибанци, подлегнувајќи на повредите кои пет дена пред тоа му ги нанесе терорист-самоубиец активирајќи експлозив во Масудовата канцеларија.

2003.- Швеѓаните на референдум со убедливо мнозинство се изјаснија против воведувањето на еврото како официјална валута во земјата.

2003.- Војската со пуч ја презеде власта во малата западноафриканска земја Гвинеја Бисао.

2004.- Во експлозија на автомобил-бомба на преполниот пазар во западниот дел на Багдат, во непосредна близина на полициска станица, загинаа 47, а ранети беа преку 100 лица. Одговорноста за нападот ја презеде бунтовничката група која ја предводи соработникот на Ал Каеда Абу Мусаб ал Заркави.

2005.- Во Скопје почина најуспешната македонска падобранка во женска конк*ренција Нада Ицева - Салџиева. Таа има изведено преку илјада падобрански скокови и беше членка на женската падобранска репрезентација на Југославија. Победник е на повеќе меѓународни падобрански купови и е републички рекордер во женска конк*ренција во сите падобрански дисциплини. Добитник е на највисокото признание на ФАИ - Меѓународна воздухопловна федерација - „Златна мечка со три дијаманти“. Македонскиот Олимписки Комитет во 1998 година, кога го изведе својот последен скок ја прогласи за Македонски спортски великан. Родена е во 1934 година во село Павлешенци, Свети Николе.

2006.- Во Фиренца умре Оријана Фалачи, најпознатото италијанско новинарско перо. Родена е во 1930 година.

2007.- Меѓународниот Црвен крст соопшти дека најмалку 150 луѓе загинаа, а повеќе од стои илјади се евакуирани поради поплавите и невремето кои ја зафатија Африка. Невремето највеќе ги погоди Етиопија, Руанда и Уганда. Обединетите нации соопштија дека поплавите загрозиле 500.000 жители во 12 африкански земји и дека уништиле обработливо земјиште и станбени објекти, како и дека во некои земји се поплавени и цели градови.
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
DelijaSkopje Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 13.Март.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1580
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DelijaSkopje Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Септември.2010 во 14:15
На денешен ден, 14 септември 1918 година почна 24 часовното гранатирање од 500 топови врз бугарските, австриските и германските окупациони сили на Солунски фронт, од страна на сојузниците Французите, Србите, Русите... За само 15 дена, на 29 септември капитулира Бугарска... Избацена од строј војска од 700.000 војници...

http://www.youtube.com/watch?v=uP9ZWtwa0ic&feature=related
"ОСУМ ИПОУ ИУЈАДИ ВУЃЕ..."
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Септември.2010 во 01:00
13 септември (МИА)

1506.- Умре италијанскиот сликар и гравер Андреа Мантења кој ги изработил величенствените фрески во црквите на еремите во Падова и во дворецот во Мантова, урнати во Втората светска војна.

1592.- Умре францускиот писател и филозоф Мишел Ејквем де Монтењ, обновувач на интелектуалниот скептицизам и предвесник на слободните општествени мисли во 17. и 18. век. Де Монтењ сметаше дека човечкиот разум е немоќен во барањето вистина и правда, но дека секој човек е должен да изнајде извесни норми во приватниот и јавниот живот како би живеел разумно свесен за своите општочовечки одговорности.

1598.- Умре шпанскиот крал Фелипе Втори, кој ја предводеше земјата во војните против Отоманското царство од 1571 до 1578 и против Англија од 1588 година, која заврши шест години по неговата смрт. По поразот на неговата „Непобедлива армада“ во 1588 година во битката со англиската морнарица во каналот Ла Манш, Шпанија никогаш повеќе не стана светска сила.

1788.- Њујорк е прогласен за прва федерална престолнина во САД.

1819.- Родена е германската пијантистка Клара Шуман, една од најголемите мајстори на клавир во 19. век. Нејзината концертна кариера започна на деветгодишна возраст. Ширум Европа ги популаризираше делата на Роберт Шуман, за кого се омажи во 1840 година. Покрај неговите дела, ги популарилизираше и делата на Лудвиг ван Бетовен, Фредерик Шопен, Јоханес Брамс, Феликс Менделсон.

1872.- Умре Лудвиг Фоербах, германски филозоф. Беше под влијание на Хегел, а потоа стана критичар на неговата филозофија. Од делата познати му се „Суштина на христијанството“, „Мисли за смртта на бесмртноста“, „Суштина на религијата“ и други. Роден е на 28 јули 1804 година.

1874.- Роден е австрискиот композитор Арнолд Шенберг, основач и теоретичар на модерниот музички експресионизам, и професор на музичката академија во Виена, Берлин, Бостон и во Лос Анџелес.

1882.- По востанието кое ги загрози плановите на Лондон за користење на Суетскиот канал, Британците ја поразија египетската војска кај Тел ел Кебир, Египет, и продолжија со освојување на земјата и соседен Судан.

1887.- Во Вуковар, Хрватска е роден Леополд (првобитното име Лавослав) Ружичка, швајцарски хемичар од словачко потекло. Добитник е на една половина од Нобеловата награда за хемија во 1939 година за изучувањето на сексуалните хормони. Втората половина од наградата ја доби германскиот биохемичар Адолф Бутенант. Умрел во Цирих, Швајцарија, на 26 септември 1976 година.

1894.- Роден е англискиот писател Џон Бојнтон Пристли, автор на дела со ведрина и хумор, но и со критика за општеството. Дела: „Добри другари“, „Англиско патување“, „Полноќ во пустина“, „Ангелско сокаче“, драмите: „Дојдоа до градот“, „Инспекторот дојде“, „Чаша пиво“, есеите „Англиски комични ликови“, „Англиски роман“, „Англиски хумор“, „Дикенс и неговиот свет“.

1903.- Во Париз е родена Клодет Колбер, родена е како Клодет Лили Шошоан, кралица на холивудските комедии во триесеттите гдоини на 20. век. Умрела во Бриџтаун, на карипскиот остров Барбадос, на 29 јули 1996 година.

1903.- Роден е српскиот писател Бранимир Ќосиќ, кој пишувал за животот на младите по Првата светска војна.

1903.- Околу 2.000 жители од Охридско, пред силниот налет на Бахтијард-пашовата туска војска што пустошеше се пред себе, побара засолниште во месноста Рашанец. Збегот беше добро организиран и заштитуван од четите на војводите Аргир Маринче, Никола Митрев, Цветко Стојанов и други. Со помош на предавник, турската војска го скрши и овој востанички отпор на македонското население од овој крај во времето на Илинденската епопеја. Околу 200 жители од Охридско загинаа во борбата на Рашанец. Меѓу загинатите беше и војводата Аргир Маринче, кој со својата храброст им даде пример на сите борци како треба да се борат за слободата на својот народ. Аргир Маринче е роден во Охрид, во 1870 година.

1922.- Во Ел Азизи во Либија, измерена е највисоката температура во сенка - 58 Целзијусови степени.

1923.- Во Шпанија на власт дојде генералот Мигел Примо де Ривера кој со благослов на кралот Алфонсо Тринаесетти заведе профашистичка диктатура со која привремено го задуши револуционерното демократско движење.

1924.- Во Софија терористот Владо Черноземски го уби Димо Хаџи Димов, еден од најпознатите идеолози и теоретичари на автентичното македонско национално-ослободително движење. Беше учесник во битката кај Баница, на 4 мај 1903 година кога животот го загуби апостолот на македонското национално-ослободително движење Гоце Делчев. По поразот на Илинденското востание застана на страната на прогресивната левица на ТМОРО, а во времето на Младотурската револуција разви активна идеолошка дејност и беше еден од иницијаторите за создавање на Народната федеративна партија на чело со Јане Сандански. Роден е во селото Горно Броди, Егејска Македонија, на 20 октомври 1875 година.

1924.- Во Софија е убиен Владислав Ковачев, популарен штипски војвода и публицист, уредник на весникот "Автономна Македонија" и идеолог на Македонската емигрантска федеративна организација. Роден е во Штип, на 5 јануари 1875 година.

1953.- Во Скопје, на Градскиот стадион, се одигра првиот меѓусебен прволигашки фудбалски натпревар меѓу Вардар и Работнички. Резултатот заврши 2:2.

1955.- СССР и Западна Германија воспоставија дипломатски односи.

1971.- Во нападот на американската полиција и Националната гарда, со кој заврши петдневниот бунт во њујоршкиот затвор Атика, загинаа 31 затвореник и 11 затворски чувари.

1989.- Најголемите демонстрации против апартхејдот во Јужна Африка, во Кептаун, ги предводеше надбискупот Дезмонд Туту.

1989.- Во Тирана умре Стеријо Спасе, албански писател од македонско потекло. Роден е во селото Глобочица, во 1914 година.

1991. - САД и СССР се договорија да престанат со дотур на вооружувањето на завојуваните страни во Авганистан.

1992.- Умре американскиот филмски глумец Ентони Перкинс. Филмови: „Психо“, „Пријателско убедување“ (Оскар), „Процес“, „Го сакате ли Брамс?“, „Квака 22“, „Судија за бесење“, „Убиство во Ориент експрес“, „Црна дупка“.

1993.- Израел и Палестинската ослободителна организација во Вашингтон потпишаа мировен договор.

1993.- Во Скопје умре Јон Исаја, претставник на најстарата генерација македонски артисти. Роден е во Тетово, во 1915 година.

1994.- Во Скопје трагично го заврши својот живот Радмила Трифуновска, македонски писател, предавач и новинар. Автор е на поезијата "Зли дождови", "Црни птици" и на расказите "Жена и војна" и "Враќање". Родена е во Скопје, на 28 март 1390 година.

1995.- Република Македонија и САД воспоставија дипломатски односи.

1995.- Министрите за надворешни работи на Македонија и на Грција, Стево Црвенковски и Каролос Папуљас во Њујорк во присуство на Сајрус Венс, специјален претставник на генералниот секретар на Обединетите нации, потпишаа привремена Спогодба за пријателски односи и градење доверба и се обврзаа на почитување на заемниот суверенитет и територијален интегритет прифаќајќи ги меѓународно признаените државни граници.

2001- Државниот секретар на САД Колин Пауел првпат потврди дека саудискиот исламски терорист Осмама бин Ладен е осомничен како организатор на терористичките напади на Ал Каеда изведени два дена пред тоа во Њујорк и во Вашингтон во кои загинаа безмалку 3.000 лица.
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
чоли Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 15.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 2973
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чоли Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Септември.2010 во 19:19
Денеска е и Рамазан баjрам (Шекер баjрам). Честито на сите Македонци со муслиманско вероисповедание
Мунгос - цензорот на Мисирков
Кон врв
d4 b3 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

не можам да си дозволам неактуеленпотпис

Регистриран: 19.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 4384
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај d4 b3 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Септември.2010 во 17:35
Арман Жан ди Плеси де Ришелје (француски:Armand Jean du Plessis de Richelieu) (роден на 9 септември 1585 во Париз
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Септември.2010 во 16:40
3 септември 2010

1189.- Ричард Први Плантагенет "Лавовско срце" е крунисан за крал на Англија.

1500.- Во Фиренца е роден Венвенуто Челини, италијански вајар и златар. Својот бурен живот го опишува во автобиографијата која е значајна за културната историја на ренесансата. Главни дела: „Персеј со глава на медуза“, „Козимо Медичи“, „Трактат за златарството“, „Трактат за вајарството“ и други дела. Умре во Фиренца, на 14 февруари 1574 година.

1658.- Умре англискиот државник и војксоводец Оливер Кромвел, водач на англиската буржоарска револуција. Одбивајќи ја кралската титула, во 1653 година стана лорд на Кралството Ангија, Шкотска и Ирска. Две години по неговата смрт монархијата е обновена.

1759.- Од Португалија почна протерувањето на римокатоличките јузеи.

1783.- Велика Британија, САД, Франција и Шпанија го потпишаа Парискиот мир, со кој заврши американската војна за независност.

1791.- Француското собрание го усвои уставот со кој се воспостави уставна монархија.

1826.- Николај Први е крунисан за цар на Русија.

1866.- Во Женева почна првиот конгрес на Првата интернационала.

1877.- Умре францускиот државник и историчар Луј Адолф Тјер, основач и прв претседател на Третата република од 1871 до 1873 година. Како шеф на версајската влада во 1871 година во крв ја задуши Париската комуна.

1883.- Умре рускиот писател Иван Сергеевич Тургењев, еден од најзначајните претставници на рускиот реализам. Тој е првиот руски писател кој со своите дела продре на Запад. Тургењев за време на неговиот живот уживаше поголем углед во Франција отколку во Русија.

1900.- Роден е финскиот државник Урхо Кеконен, претседател на Финска од 1956 до 1982 година. Кеконен е најистакнатиот фински политичар по Втората светска војна.

1900.- Во Струга е роден Ристо Крле, македонски драмски писател. Неговото дело претставува трајна вредност на македонската литература. Заедно со Васил Иљоски и Антон Панов, меѓу двете светски војни го оживеја драмскиот жанр во македонската литература. Негови познати дела се "Парите се отепувачка", "Антица", "Милиони маченици", "Автобиографија", "Велик ден" и други. Умре во Скопје, на 29 октомври 1975 година.

1901.- На патот од Банско за Симитли, кај месноста Потпрена Скала, македонски револуционери на чело со Јане Сандански, ги грабнаа американската мисионерка мис Елен Стон и нејзината придружничка Катерина Стефанова Цилка, Бугарка, а со цел да се обезбедат пари за националноослободителното движење. За ослободувњето на грабнатите Организацијата доби 14.000 турски лири, што ги употреби за купување на оружје.

1916.- Сојузничките трупи ја поразија германската армија во Првата светска војна во битката кај Верден, во Франција.

1921.- Во Куманово е роден Христијан Тодоровски - Карпош, народен херој на Македонија. Во 1941 година учествуваше во собирањето на оружје, разнесување на летоци и на билтенот "Дедо Иван", што го издаваше градската партиска организација. Исто така, учествуваше во подготовките на Првиот кумановски НОП одред. Беше член на Штабот на Кумановскиот партизански одред. Загина при нападот на бугарската војска во селото Билјача, на 7 февруари 1944 година.

1925.- Во селото Габрово, Струмичко, е роден Манол Пандевски, македонски историчар и академик. Во 1987 година објавен му е избор од неговата научна активност во пет тома под наслов „Македонско ослободително дело во 19. и 20. век“. Умре во Скопје, на 21 мај 1998 година.

1933.- ВО Софија излезе првиот број на „Македонска правда“, весник на македонската емиграција. Од 1 до 11 број уредник беше Димитар П. Евтимов. Весникот ја подржуваше идејата за балканска федерација како единствено решение за мир на Балканот. Од 12-иот број весникот премина во рацете на протогеристите, при што Евтимов ја напушти редакцијата. Излегоа вкупно 52 броја.

1939.- Два дена по германскиот напад врз Полска, Велика Британија и Франција во Втората светска војна и објавија војна на Германија.

1943.- Со навлегување на Осмата британската армија под команда на Бернард Монтгомери на Сицилија почна нападот на сојузничките трупи врз Италија во Втората светска војна.

1943.- Во Сиракуза, во Италија е потпишано примирје меѓу сојузниците и италијанската влада на маршал Бадолјо. Пет дена подоцна, Италија капитулира.

1944.- Повеќе од 300 балисти со невидена бруталност почнаа да се пресметуваат со населението во селото Маврово, Гостиварско. Се што ќе најдеа пред себе убиваа и пљачкосуваа. На крајот го запалија и го уништија до темел целото село. Изгорени беа повеќе од 150 куќи, пљачкосани повеќе илјади крупен и ситен добиток, претепани и убиени многу луѓе, а живи в оган беа фрлени Куне Трпевски, Симун Трифуновски, Евдо Десовски и Мара Штерјовска.

1948.- Умре чешкиот државник Едуард Бенес, претседател на Чехословачка од 1935 до 1938 и од 1946 до 1948 година. Беше лидер на Народната партија и најблизок соработник на првиот чехословачки претседател Томас Масарик. По војната, Бенес повторно беше претседател на државата, но кога комунистите ја приграбија целата власт поднесе оставка во 1948 година и набрзо умре.

1962.- Умре американскиот писател Едвард Естлин Кампингс. Во неговата поезија доминираат темите за љубовта и смртта.

1969.- Умре виетнамскиот државник Хо Ши Мин, претседател на Демократска Република Виетнам (Северен Виетнам) од прогласувањето во 1945 година. Хо Ши Мин беше водич во борбата против јапонската армија, француските колонијални трупи и американската војска. За време на Втората светска војна кога Јапонија го окупира Виетнам, создаде силно ослободително движење, јадрото на идната армија која им нанесе одлучувачки порази на Французите и на Американците, по што Северен и Јужен Виетнам се обединија во 1976 година.

1971.- СССР, САД, Велика Британија и Франција потпишаа спогодба за статусот на Берлин. Со оваа спогодба Берлин беше поделен на источен и западен дел.

1976.- Американскиот вселенски брод без човечки екипаж "Викинг 2" се спушти на Марс испраќајќи фотографии од Планетата.

1991.- Умре американскиот филмски режисер од италијанско потекло Френк Капра, автор на прекрасни комедии со сатиричка нота.

1991.- По седумгодишно мирување повторно проработи Металуршкиот комбинат за никел и антимон "ФЕНИ" кај Кавадарци.

1993.- Во Скопје умре Јован Ивањин, македонски писател. Автор е на книгите поезија "Нијанси", "Скици на далгите", "Последна балада" и на романот "Ајазме". Роден е во Скопје, на 3 април 1932 година.

1997.- Кај селото Жидилово, кај Крива Паланка во Република Македонија влегоа првите цевки од гасоводот за природниот гас, со што започна процесот на гасификација во државата.

1999.- На граничниот премин Генерал Јанковиќ, меѓу Македонија и СР Југославија, почна со работа царинската служба на УНМИК, наплатувајќи ги царинските давачки во германски марки.

2000.- Папата Јован Павле Втори го беатифицираше папата Пије Деветти од 19. век, игнорирајќи ги острите протести на еврејските и либералните римокатолички кругови.

2002.- Врховниот суд на Израел одлучи израелските власти да можат да ги протераат роднините палестински терористи ако докажат дека се против безбедноста на Израел.

2007.- Британската војска ја напушти Барса, најважниот центар на нафтената индустрија во Ирак. Британците и претходно напуштија три јужни провинции во Ирак, предавајќи ја контролата на домашните сили. Повлекувањето е последица на честите напади во кои настрадаа голем број британски војници.

Изменето од mungos80 - 03.Септември.2010 во 16:40
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Септември.2010 во 19:37
1159.- Умре папата Хадријан IV, роден Николас Брејскпир. Тој е единствениот Англичанец во историјата на римокатоличката црква избран за нејзин поглавар во 1154 година.

1715.- Умре францускиот крал Луј XIV, познат како "крал на Сонцето". По смртта на неговиот татко Луј XII во 1643 година на петгодишна возраст го презеде престолот. Владееше 72 години, најдолго во историјата на Европа. Војуваше во многу војни, со променливи успеси, за да обезбеди хегемонија во Франција. Го изгради дворецот во Версај.

1822.- Роден е американскиот политичар и свештеник од африканско потекло Хајрам Роунд Ревелс, прв црнец кој стана член на Конгрес на САД.

1854.- Роден е германскиот композитор Енгелберт Хампердинк, професор на Конзерваториумот во Барселна, Келн, Франкфурт на Мајна и во Берлин.

1859.- Во Сењ е роден Вјенцислав Новак, еден од најплодните хрватски писатели, музичар и композитор, по потекло Чех. Најпознати се неговите дела „Тито Дорчиќ“, „Последните Стипанчиќи“, „Два света“ и други. Умре во Загреб, на 20 септември 1905 година.

1870.- Во битка кај Седан во Француско-пруската војна, Прусите под команда на фелдмаршалот Хелмут фон Молтке им нанесоа тежок пораз на трупите на францускиот цар Наполеон III, со што им се отвори патот кон Париз, како и победата во таа војна.

1875.- Роден е американскиот писател Едгар Рајс Бароуз. Бароуз е познат по сериите со ликот на Тарзан, кои се преведени на 60 јазици.

1990.- Велика Британија ја анектира Јужноафриканската унија. Во 1960 година Унијата го промени името во Јужноафриканска Република.

1916.- Бугрија во Првата светска војна и објави војна на Романија.

1918.- Во Мурманск, Русија, во воз е убиен Гаврил Константинович, македонски лекар, револуционер и општественик, истакант деец и еден од основачите на Македонското научно-литературно другарство во Санкт Петербург, учесник во Октомвриската социјалистичка револуција во Русија. Роден е во селото Смрдеш, Костурско, на 4 мај 1878 година.

1920.- На иницијатива на Месната организација на КПЈ во Скопје е одржан протестен митинг против предизборниот терор и против фалсификувањето на изборите со општинските избори во Македонија. Усвоена е резолуција за поништување на фалсификуваните избори, пуштање на мобилизираните војници, како и давање глас на сите граѓани. Под притисок на протестот властите во Кралството Југославија во некои општини ги поништија изборите и распишаа нови.

1922.- Роден е италијанскиот актер Витори Гасман, еден од најистакнатите италијански филмски и театарски актери во 20. век.

1923.- Во земјотрес што потполно го разори јапонскиот град Јокохама и скоро го уништи Токио, загинаа најмалку 142.000 лица, а 2,5 милиони лица останаа без покрив над глава.

1928.- Албанија е прогласена за Кралство.

1939.- Нацистичка Германија без објавување на војна ја нападна Полска. Неочекуваната операција на моторизираните германски сили во Полска го означи почетокот на Втората светска војна.

1960.- Формирана е Редакцијата на Телевизија Скопје и е снимена првата телевизиска вест што се емитуваше преку мрежата на ЈРТ, со што де факто се роди Македонската телевизија меѓу првите на Балканот. Во Редакцијата беа Димче Божиновски - уредник, Драги Аргировски и Димче Марковски - новинари и Благоја Прличков и Димче Гечевски - сниматели-камермани. Од тој ден Редакцијата секојдневно подготвуваше телевизиски извештаи од сите значајни настани во Македонија и телевизиски прилози од стопанскиот, образовно-културниот и спортскиот живот.

1961.- Во Белград почна Првата конференција на шефови на држави и на влади на неврзаните земји, на која присуствуваа претставници на 25 земји и 40 антиколонијални и ослободителни движења. Тоа беше историски настан со кој неврзувањето прерасна во организирана борба за мир и за правдина.

1962.- Во земјотрес во северозападен Иран загинаа 12.000 лица.

1967.- Умре рускиот писател и воен репортер Иља Григорјевич Еренбург, голем познавач на руската и западноевропската култура. Напиша 50-ина книги во кои на духовит начин ги изразува мислите за револуцијата, политиката, љубовта и спротивностите во цивилизацијата по Втората светска војна.

1967.- Во Белград умре Емануел (Мане) Чучков, македонски општественик, професор и потпретседател на Президиумот на АСНОМ. Роден е во Ново Село, Штипско, на 27 ноември 1901 година.

1969.- Група офицери на чело со полковникот Моарем Гадафи го собори од власт кралот Идриз Први. По ова, Либија е прогласена за Република.

1970.- Во Париз умре Франсоа Шарл Моријак, француски писател и публицист. Познати негови дела се „Пустината и љубовта“, „Тереза Декеру“, „Христијанска среќа“, „Змиска топка“, „Дете под товарот на веригите“, „Црните ангели“ и други. Во 1952 година ја доби Нобеловата награда за литература. Роден е во Бордо, на 11 октомври 1885 година.

1972.- Американскиот велемајстор Роберт Фишер во натпревар во Рејкјавик го победи рускиот велемајстор Борис Спаски, со резулат 12,5:8,5 и стана 11. првак во светот во шах. Титулата ја загуби без натпревар на 3 април 1975 година, бидејќи одби да ги прифати условите на Меѓународната шаховска федерација, а за првак на светот беше прогалсен рускиот велемајстор Анатолиј Карпов.

1982.- Умре поранешниот полски лидер Владислав Гомулк, а лидер на Полската работничка партија (комунисти) од 1943 до 1948 и од 1956 до 1970 година.

1983.- Советски борбен авион во близина на полуостровот Сахлин го собори јужнокорејскиот авион "Боинг 747" при што загинаа сите 240 патници и 29 членови на екипажот. Јужнокорејскиот авион во шпионска мисија намерно навлезе во советскиот воздушен простор.

1990.- Во Кичево се одржа протестен "Митинг на жедните" за обезбедување вода за пиење за потребите на Општина Кичево.

1992.- Министерството за надворешни работи на Русија официјално предложи Република Македонија да назначи свој официјален претставник во Москва.

1992.- Во Скопје е формирано Македонско здружение за нефрологија, дијализа, трансплантација и вештачки органи.

1993.- Во Женева е отворена Постојаната мисија на Република Македонија при ООН и другите меѓународни организации со седиште во Женева.

1994.- Големото Војводство Луксембург ја извести Република Македонија дека воспоставува дипломатски односи со нашата држава.

1997.- Француската полиција соопшти дека возачот на автомобилот во кој претходниот ден во Париз, со брзина од 190 километри на час, загина британската принцеза Дајана Спенс, имаше во крвта трипати повеќе алкохол од дозволената граница.

2000.- На првиот јужноафрикански самит, 12 шефови на држави ја потпишаа Бразилијанската декларација, во која е вклучена намерата за обединување на два главни трговски блока во Јужна Америка.

2000.- Во Скопје, во издание на ДИД "Магазин" излезе првиот број на списанието "Зум".

2001.- Во експлозија во еден од токиските ноќни клубови загинаа 44 лица.

2003.- Холандија стана првата земја во која е дозволено препишување на марихуана заради ублажување на страдањата на заболените, вклучувајќи ги сидата и ракот.

2004.- Група од 30-ина вооружени исламски терористи, со опасен експлозив, упадна во основно училиште во местото Беслан во Северна Осетија (автономна руска република на северниот Кавказ) и како заложници задржа преку 12.000 деца и возрасни. Повеќе од 340 заложници, повеќето деца, беа убиени во текот на тридневната драма. Лидерот на чеченските сепаратисти Шамил Басајев ја презеде одговорноста за овој терористички напад.
Кон врв
чоли Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 15.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 2973
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чоли Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Септември.2010 во 19:19
Сигурно не ви прави впечатление што на денешниот ден - 01.09.1939 г. е започнала втората светска воjна? Или тоа е малозначаjно собитие? Да не би почнала таа воjна - не се знаеше дали ке имаше РМ...
Мунгос - цензорот на Мисирков
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Септември.2010 во 11:55
1943.- Во Корештата, Костурско, е формиран македонскиот партизански одред "Лазо Трповски".

1944.- Втората македонска НОУ бригада ја нападна железничката станица Богомила, Велешко, ја разурна станицата и зароби 40 бугарски војници, меѓу кои и двајца офицери.

1944.- Првата македонска НОУ бригада ги нападна балистичките сили и го зазеде Кичево. Меѓутоа, кога непријателот присобра сили и од правецот на селото Дреново ја нападна од грб, таа го напушти градот и се повлече во Дебарца. По патот ги нападна германските обезбедувања крај железничката станица Пресека, кај селото Сливово и кај селото Ботун, ги протера и им причини загуби од осум мртви и пет заробени војници, а кај Кичево загубите на непријателот беа значително поголеми. Бригадата имаше 12 мртви и 18 ранети борци.

1944.- Десеттата македонска НОУ бригада го разурна тунелот кај селото Богомила и сите мостови на пругата Богомила - село Мажучиште, Прилепско. Со тоа пругата Прилеп - Велес до ослободувањето на Македонија беше онеспособена за сообраќај.

1960.- Формирана е Редакцијата на Телевизија Скопје и е снимена првата телевизиска вест што се емитуваше преку мрежата на ЈРТ, со што де факто се роди Македонската телевизија меѓу првите на Балканот. Во Редакцијата беа Димче Божиновски - уредник, Драги Аргировски и Димче Марковски - новинари и Благоја Прличков и Димче Гечевски - сниматели-камермани. Од тој ден Редакцијата секојдневно подготвуваше телевизиски извештаи од сите значајни настани во Македонија и телевизиски прилози од стопанскиот, образовно-културниот и спортскиот живот.
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Септември.2010 во 11:54
1920.- На иницијатива на Месната организација на КПЈ во Скопје е одржан протестен митинг против предизборниот терор и против фалсификувањето на изборите со општинските избори во Македонија. Усвоена е резолуција за поништување на фалсификуваните избори, пуштање на мобилизираните војници, како и давање глас на сите граѓани. Под притисок на протестот властите во Кралството Југославија во некои општини ги поништија изборите и распишаа нови.
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Септември.2010 во 11:53
1918.- Во Мурманск, Русија, во воз е убиен Гаврил Константинович, македонски лекар, револуционер и општественик, истакант деец и еден од основачите на Македонското научно-литературно другарство во Санкт Петербург, учесник во Октомвриската социјалистичка револуција во Русија. Роден е во селото Смрдеш, Костурско, на 4 мај 1878 година.
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Август.2010 во 09:08
Александар
Турунџев е македонски револуционер, роден во 1872 година во селото Екши
Су (Горно Врбени), Леринско, Егејска Македонија. Во редовите на ТМОРО
се вклучил многу млад, најнапред како четник,
а потоа како војвода. Делувал главно во леринскиот регион, Долна Преспа
...и битолско. За време на Илинденското востание со својата чета зел
активно учество во борбите кај Леринско.По
востанието учествувал во обновувањето на револуционерната мрежа во
својот реон и влегол во новиот состав на Леринското Горско началство.Кон
крајот на 1904 година, во селото Ајтос, Леринско, бил предаден од
шпионот Митре Гинков. Бил заробен и одведен во битолскиот истражен
затвор. Таму бил подложен на големи измачувања и држан цела година.
Турскиот суд во Битола го осудил на смрт, а казната била извршена со
јавно бесење на битолскиот Ат-Пазар, на 29 август 1905 година.
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Август.2010 во 01:23
1882.- Во Велес умре Јордан Хаџиконстантинов - Џинот, македонски преродбеник, еден од најпродуктивните културни работници од 19. век, поет, учител, метеоролог, филозоф, етнолог, новинар, собирач на старини и борец против фанариотското движење. Познати негови дела се "Таблица перваја", "Плач на скопското училиште многу трудное", "Аврора", "Труд ми е името", "Минерва и деветте музи", "Разговор или вистински човек", "Училишта и учење" и др. Роден е во Велес, во 1820 година.
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Август.2010 во 01:32
1903.- Во градчето Невеска, нахиски (општински) центар во Леринска околија, здружените лерински и костурски востаници со силен налет го разбија османлискиот гарнизон од 250 војници и го ослободија градчето. Притоа, тие ја уништија телефонската станица, го истакнаа востаничкото знаме и запленија 40 мазуерови пушки. Истиот ден во Невеска беше воспоставена народна управа. Меѓутоа, по неколку денови градчето беше реокупирано од османлиската власт. Ослободувањето на Невеска е еден од најзначајните настани во времето на Илинденското востание.
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 34567 36>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,172 секунди.