IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Историја
  Активни теми Активни теми RSS - На денешен Ден
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

На денешен Ден

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 23456 36>
Автор
Порака Обратен редослед
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Октомври.2011 во 08:37

1728 Во Копенхаген избувнал голем пожар, опожарувајќи го поголемиот дел од градот.

1803 Сенатот на САД го ратификувал договорот со Франција за купување на големата територија околу сливот на реката Мисисипи наречена Луизијана. Со овој договор, САД речиси ја удвоиле својата дотогашна територија.

1865 Отава станала новата престолнина на Канада.

1941 Втора Светска војна: Пред силната офанзива на германските армии, советската влада прогласи опсадна состојба во Москва и мина во Кујбишев. Тоа беше најкритичниот момент во текот на нападот на нацистичките трупи врз главниот советски град, но подоцна, по успешната контраофанзива на Црвената армија, дојде до пресврт.

1944 Втора светска војна: Ослободен градот Белград

1945 Жените во Франција добиле право на глас

1949 Југославија била избрана за постојанен член на Советот за безбедност при ООН

1973 Англиската кралица Елизабета II официјално ја отворила Сиднејската опера

1994 Амбасадорот на Република Македонија во Руската федерација, Гане Тодоровски, на свечената церемонија во Кремљ, му ги предаде акредитивите на претседателот Елцин. „Не се разочаравме што ве признавме под името Македонија“, изјави Елцин.

2001 Протести низ француските градови против зависноста од нуклеарна енергија.

 

Родени

1875 Димо Хаџи Димов, македонски револуционер.

1915 Мирче Ацев, народен херој на Македонија.

1915 Антон Попов, македонски револуционер, публицист, писател, познат комунистички активист и учесник во илегалниот отпор против фашистичкиот режим во Бугарија.

 

Починале

1940 Гунар Асплунд, шведски архитект.

1994 Берт Ланкастер, американски актер и режисер, добитник на филмската награда Оскар

2003 Миодраг Петровиќ - Чкаља, српски актер и комичар.

2003 Ѓоко Георгиев, водител на првите контактни емисии на Македонското радио „Три гонга“ и „Средби низ музика“. Тој ќе остане запаметен и како автор на 3.000 текстови на поп музика.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Октомври.2011 во 14:55

202 п.н.е. Во битката кај Зама, Римјаните предводени од Сципион Африканецот извојувале конечна победа против картагинците и Ханибал во Втората Пунска војна.

1453 Французите го освоиле Бордо со што завршила Стогодишната војна. Под англиска власт на француска земја останал само градот Кале на Ла Манш.

1469 Фердинанд II од Арагон се оженил со Изабела I од Кастилја што било почеток на обединувањето на Арагон и Кастилја во една земја - Шпанија.

1512 Мартин Лутер станал доктор по теологија (лат. Doctor in Biblia).

1812 Наполеон почнал да се повлекува од Москва.

1935 Лигата на народите изгласа санкции против фашистичка Италија поради нападот врз Етиопија.

1944 Втора Светска војна: трупите на САД се истоварија на Филипинските острови. Филипини целосни се ослободени од јапонската окупација во мај 1945 година. По завршувањето на војната, на 4.07.1946 година е прогласена независна Република Филипини.

1994 Рускиот премиер Виктор Черномирдин поднел писмо до претседателот Борис Елцин, во кое побарал да биде ослободен од должноста поради нарушено здравје.

2002 Во Тетово е убиен 18-годишниот Ванчо Јосифовски од страна на албански паравоени банди.

2003 Папата Јован Павле Втори со свечената процесија што се одржа на плоштадот Свети Петар во Рим, ја беатифицира, односно прогласи за блажена Мајка Тереза, што е последен чин пред нејзиното прогласување за светица.

 

Родени

1735 Џон Адамс, втор претседател на САД (1797 - 1801).

1924 д-р Владимир Брезовски, истакнат македонски историчар.

 

Починале

1745 Џонатан Свифт, најголем англиски сатиричар, еден од најостроумните критичари на човековата природа и на општествените процеси.

2003 Алија Изетбеговиќ, поранешен претседател на Босна и Херцеговина

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Октомври.2011 во 10:44

539 п.н.е. Персискиот цар Цирус од Ахејменидската династија го освоил Вавилон.

1492 Прочуениот Италијански морепловец Кристофер Колумбо (1451-1506), во служба на Шпанија, по двомесечно пловење, пристигнал на бахамскиот остров Гуанахани, откривајќи ја на тој начин Америка. Колумбо на овој пат тргнал со три брода : „Санта Марија“, „Ниња“ и „Пинта“. Во текот на патувањето ги открил Куба и Хаити, каде што оставил дел од своите луѓе и се вратил во Шпанија. Подоцна, уште неколкупати одел на слични патувања.

1822 Бразил се стекнува со независност. Дотогаш оваа земја била португалска колонија.

1941 Во Прилеп, бугарската полиција уапсила 900 граѓани како репресија поради нападот на Прилепскиот партизански одред на бугарската полициска станица, на затворот и на телеграфско-телефонската мрежа, претходниот ден. По малтретирањето биле издвоени членовите на КПЈ и на СКОЈ и префрлени во Битола, а потоа изведени пред суд.

1941 На денешен и утрешен ден, германските нацисти стрелале 11.000 евреи во Днепропетровск, Украина.

1964 СССР го лансирал вселенскиот брод „Восход-1“ со пилотот Владимир Комаров, научникот Константин Феоктисов и лекарот Борис Јегоров.

1969 СССР го лансирал вселенскиот брод „Сојуз-7“ со екипаж од три члена, кои во вселената се сретнале со двајцата членови на екипажот на претходно лансираниот брод „Сојуз-6“.

1994 Во селото Гиновци, во близина на Крива Паланка започнала изградбата на железничката пруга Куманово - Бељаковци - Деве Баир. Започнат како брзо решение против блокадата кон Србија и Грција, проектот не е завршен ни по 14 години.

1995 На состанокот на Постојаниот комитет на ОБСЕ во Виена, Република Македонија била премина во редовно членство.

1999 На овој ден е прогласено раѓањето на 6-милијардитиот жител на планетата Земја.

 

Родени

1874 Андонис Влахакис, андарстки капетан.

1896 Еуџенио Монтале, италијански поет, најголем претставник на италијанскиот херметизам.

1962 Бранко Црвенковски, третиот претседател на Република Македонија.

1350 Дмитриј Донски руски кнез

 

Починале

1875 Жан-Батист Карпо, славен француски скулптор (р. 1827.)

1924 Анатол Франс, славен француски писател, нобеловец (р. 1844.)

1996 Рене Лакост, француски тенисер (р. 1904.)

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Октомври.2011 во 17:38
Originally posted by чоли чоли напиша:

Денес не е ли национален празник? Чудна работа никоj не слави....
 
 
Читав во сајтот  ''Смеење до солзи'' дека им честитат на македонците празникот.....
Кон врв
чоли Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 15.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 2973
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чоли Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Октомври.2011 во 16:45
Денес не е ли национален празник? Чудна работа никоj не слави....
Мунгос - цензорот на Мисирков
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Октомври.2011 во 12:42

1941 Во Прилеп борците на Првиот прилепски партизански одред извршиле напад на бугарската полициска станица во градот, на прилепскиот затвор и на телефонско-телеграфската мрежа. Со овој чин бил означен почетокот на востанието на македонскиот народ против бугарскиот окупатор, а со цел конечно ослободување на земјата. На 12 октомври се огласиле и истрелите на кумановските партизани. Почнала четиригодишната крвава НОВ на македонскиот народ за конечно ослободување на земјата која завршила со успех само во еден дел на Македонија.

1954 Во Скопје се пренесени моштите на Гоце Делчев.

1963 Директно од студиото на ТВ Скопје во Нерези, во 16 часот е емитувана првата емисија-документарниот филм „Востанати“ работена по повод 60-годишнината од Илинденското востание.

1964 Виет Мин ја презема контролата над Северен Виетнам.

1994 Во Анталија - Турција, на Петтата меѓународна конференција за безбедност и соработка на која учествуваа високи официјални личности од земјите-членки на НАТО и КЕБС, македонската делегација ја истакнала заинтересираноста на Република Македонија за интегрирање во НАТО.

 

Родени

1885 Франсоа Шарл Моријак, француски писател и публицист, добитник на Нобеловата награда за литература.

1910 Љубен Лапе, редовен член на МАНУ и редовен професор на Филозофскиот факултет во Скопје.

1483 Мартин Лутер, германски реформатор

 

Починале

1670 Луј Ле Во, славен француски архитект

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Октомври.2011 во 11:40

451 Во Калцедонија започнал Четвртиот вселенски собор.

1600 Сан Марино го усвоил привиот пишан устав во историјата со што станал првата уставна република.

1793 Во Париз за јавноста бил отворен музејот „Лувр“ кој дотогаш бил кралски дворец.

1893 Вилхелм Конрад Рентген ги открил таканаречените рентгенски зраци.

1942 Втора светска војна: Почнало големото истоварување на сојузничките трупи во Африка. Главен командант на операцијата бил генералот Двајт Ајзенхауер.

1944 На Скопска Црна Гора, Шеснаесеттата македонска НО бригада по тридневни борби ги одби нападите на балистичките сили од правецот на село Орман - село Бразда, кои се обидуваа да ја завземат комуникацијата Скопје - Качаник и да го овозможат сообраќајот на германските сили.

1967 Во Боливија е убиен Ернесто Че Гевара. Тој со Фидел Кастро учествуваше во кубанската револуција и стана симбол на современ револуционер меѓу младите на Европа и на двете Америки.

1991 Саборот на Хрватска донел одлука за раскинување на државно-правните врски со СФРЈ со која Хрватска станала независна држава. Ден на независноста на Хрватска.

1995 Руската воена врховна команда најави дека ќе ги насочи своите нуклеарни ракети кон Полска и Чешката Република доколку овие две земји му се приклучат на НАТО.

2005 Катастрофален замјотрес во Кашмир, Пакистан. Официјално загинале 87.350 лица, но според некои проценки, бројот на жртвите може да е поголем од 100.000.

 

Родени

1789 Џон Раглс, американски политичар

1864 Бранислав Нушиќ, српски комедиограф, сатиричар и критичар

1917 Валтер Лорд, американски автор

1939 Пол Хоган, австралијански актер

1980 Ник Канон, американски актер

1985 Бруно Марс, американски пејач.

 

Починале

1652 Џон Грејвс, англиски математичар

1897 Алексеј Саврасов, руски уметник

1967 Ернесто Че Гевара, јужноамерикански револуционер и борец за слобода

1992 Вили Брант, западногермански политичар, претседател на Социјалдемократската партија на Германија

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Октомври.2011 во 19:12

Настани

1492 Кристофер Колумбо ја изминува Флорида при промена на к*рсот.

1506 Папата Јулиус II и Франција ја окупираат Болоња.

1769 Англиски истражувач, Капетан Кук, го открива Нов Зеланд.

1840 Вилем II станува Крал на Холандија.

1886 Шпанија го укинува ропството во Куба.

1931 Првата инфраред фотографија, Рочестер, Ну Јорк.

1991 Европската заедница и стави ултиматум на Југославија за 24 часа да ги прекине воените дејствија на ЈНА. Во спротивно се закани со економски санкции.

1993 Во Скопје се конституира Агенцијата за трансформација на претпријатијата со општествен капитал.

 

Родени

1576 Џон Марстон, англиски писател

1748 Крал Чарлс XIII на Шведска

1885 Нилс Хенрик Давид Бор, дански теоретски физичар, основач на теоријата на структурата на атомот.

1910 Ѓорѓи Абаџиев, македонски писател, еден од најпознатите прозаисти, публицист и историчар.

1960 Виктор Лазло, белгиски пејач

 

Починале

1849 Едгар Алан По, северноамерикански поет

1894 Оливер Вендел Холмс, американски писател

1904 Димитар Цанко, македонски преродбеник

1959 Марио Ланца, американски тенор и филмска ѕвезда.

1985 Христо Андонов Полјански, македонски историчар, ректор на Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје

Кон врв
Calipso Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Primarius

Регистриран: 26.Мај.2009
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 44671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Calipso Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Октомври.2011 во 10:56
1 октомври

331 п.н.е.- Александар Македонски го победил Дариј III во Битката кај Гавгамела.

1207.- Роден е англискиот крал Хенри III кој на престолот застана на деветгодишна возраст по загинувањето на неговиот татко Џон, наречен Џон Без Земја. Вистински почна да владее во 1234 година.

1684.- Умре францускиот писател Пјер Корнеј, творец на класичната француска трагедија. Пишуваше и комедии, религиозни поеми и театарски летературно-теориски статии. Дела: трагедиите „Сид“, „Родогин“, „Никомед“, комедијата „Лажливец“.

1754.- Роден е рускиот цар Павле I Петрович Романов, наследник на Катарина Велика. По доаѓањето на власт во

1795.-     Белгија е освоена од Франција.

1796.- година во борбата против ширењето на идеите на Француската револуција Русија ја воведе во „Втората коалиција“ со Англичаните и Австријците против Французите. Разочаран од пасивноста на Англија, во 1800 година се смири со „првиот конзул“ на Франција, Наполеон Бонапарта и ги прекина дипломатските односи со Лондон. Со честото менување на чиновништвото против себе ги сврте офицерите кои во 1801 година го убија.

1865.- Роден е фрнцускиот композитор и музички критичар Пол Дика, професор на Парискиот конзерваториум. Дела: „Аријадна и Синобрадиот“, „Пери“.

1891.- Во селото Смоквица е роден Ангел Динев, македонски општественик и публицист. Во своите дела "Македонските Словени", "Илинденската епопеја" и "Политичките убиства во Бугарија", смело го истакнува постоењето на македонската нација. Учесник е во македонското националноослободително движење. Умре во Скопје, на 17 февруари 1952 година.

1904.- Во Киев е роден Владимир Хоровиц, руски пијанист, еден од најдобрите музичари во 20. век. Во 1944 година стана американски државјанин. Концерти приредуваше во Киев, во Берлин, во Лондон, во Њујорк и на други места. Умре во Њујорк, на 6 ноември 1989 година.

1914.- Турција како сојузник на Централните сили во Првата светска војна ги затвори Дарданелите за бродовите од земјите-членки на Антантата.

1918.- Предводени од англискиот полковник Томас Лоренс, познат како Лоренс од Арабија, Арапите во Првата светска војна со помош на Британците го презедоа Дамаск од Турција.

1923.- Во Софија, умре Ефрем Чучков, македонски револуционер и војвода, член на ВМРО. Бше близок соработник на Гоце Делчев и на други македонски револуционери. Роден е во селото Ново Село, Штипско, во 1870 година.

1924.- Роден е американскиот државник Џејмс Ерл „Џими“ Картер, претседател на САД од 1977 до 1981 година.

1936.- Генералот Франциско Франко во Бургос, со чин генералисимус, е прогласен за шеф на државата и врховен командант на шпанската војска.

1938.- Германската армија, по Минхенскиот договор на Германија со Велика Британија и Франција, влезе во Чехословачка окупирајќи ја Судетска област.

1943.- На планината Буковиќ, Кичевско, околу 4.000 балисти, заедно со германските офицери и војници, извршија напад врз слободната територија во западна Македонија. Тука тие наидоа на жесток седумчасовен отпор од страна на Младинската партизанска чета, која имаше 39 борци, предводени од командирот Лазар Лазарески и комесарот Мирко Милески - Урош. Во оваа борба загинаа речиси сите борци на четата заедно со командирот Лазарески и комесарот Милески (подоцна прогласен за народен херој на Југославија, од Македонија).

1946.- Меѓународниот воен суд во Нирнберг по десетмесечен процес осуди на смрт со бесење 12 германски нацистички старешини поради сторени воени злосторства во Втората светска војна, тројца на доживотна робија, а четворица на затворска казна од 10 до 20 години.

1949.- Во Пекинг е прогласено основањето на Народна Република Кина. За претседател е избран Мао Це Тунг, а за премиер и министер за надворешни работи Чу Ен Лај. - Национален празник на НР Кина.

1960.- Прогласена е независноста на најнаселената африканска земја Нигерија, која дотогаш беше британска колонија.

1979.- Зоната на Панамскиот канал по 70-годишна контрола на САД формално и е предадена на управување на Панама.

1982.- Водачот на десничарската Христијанско-демократска унија Хелмут Кол стана шестиот канцелар на Западна Германија, наследувајќи го социјалдемократот Хелмут Шмит.

1986.- Во Скопје умре Тришо Стојановски, македонски писател и новинар. Меѓу неговите дела познати се „Меѓу две реки“, „Сочувана земја“, „Немолклива земја“ и други. Роден е во селото Рајчица, Дебарско, на 22 март 1938 година.

1989.- Данска дозволи склучување бракови на хомосексуалци. Со тоа Данска стана првата земја во која оваа можност е легализирана.

1995.- Велика Британија ги напушти традиционалните мерки за должина и тежина воспоставени во 1812 година. Милја, јард, фит, инч, галон, пинт, либро и унц се заменети со километар, метар, сантиметар, литар, килограм и грам.

1997.- Израел го ослободи водачот на палестинските исламски терористи и основач на терористичката организација „Хамас“ шеикот Ахмед Јасин и врз основа на договорот со Јордан го депортираше во јорданската престолнина Аман.

2003.- починал Анте Поповски, македонски поет.

2006.- Израел ги повлече и последните војници од Либан, исполнувајќи го со тоа клучното барање од договорот за прекин на огнот со кој заврши единаесетмесечната војна во Либан наспочена против герилците на Хезболах. Во јужен Либан се распоредени повеќе од 5.000 припадници на мировните сили на Обединетите нации (UNIFIL) и 10.000 либански војници.

2007.- Умре Ал Ертер, четирикратен олимписки шампион во фрлање диск. Етер кој златните олимписки медали ги освои во Мелбурн во 1956, во Рим 1960, Токио во 1964 и во Мексико Сити во 1968 година е единствениот кој заедно со Карл Луис успеа да победи на четири едноподруго Олимпијади. Тој беше единствен олимпиец кој при секое освојување на златото ги соборуваше олимписките рекорди. По завршувањето со атлетската кариера се посвети на апстракно сликарство.
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker!
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Септември.2011 во 10:11
30 септември
 
 
1814 По победата на Наполеон, големите сили го свикале Виенскиот конгрес. Одлуките што биле донесени, на Европа и обезбедиле мир, но неколку децении не го решиле прашањето на малите народи, жртвувани за да се наградат големите сили.

1864 Бостонскиот забар Вилијам Мортон прв го употреби етерот како средство за анестезија.

1903 Во Виена и во Марцштег, мало штаерско место почнал состанокот помеѓу рускиот цар Николај Втори и австроунгарскиот император Фрањо Јосиф и нивните министри за надворешни работи, на кој е изработена програма за реформи во Македонија позната како „Марцштеска реформска програма“, донесени на 2 октомври 1903 година. Со овие реформи, иако битно не се изменила состојбата во Македонија, дале придонес за актуелизирање на македонското прашање во меѓународните односи.

1991 Повеќе стотици илјади Чеси загрижени поради евентуалната поделба на земјата бараа референдум за отцепување на Словачка.

1993 Советот на НАТО го одобри воениот план за поставување на повеќе од 50.000 војници во Босна и Херцеговина во период од две години.

1998 Во Скопје почна со работа Македонската информативна агенција - МИА, официјален јавен информативен сервис на Република Македонија.

 

Родени

1207 Џалалудин Руми, персиски исламски поет, правник и теолог

 

Починале

1955 Џејмс Дин,американски актер

2001 Џон Лили, американски психолог

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Септември.2011 во 08:55
26 септември
 
 
 
1371 Се одиграла Битката на Марица во која загинале Волкашин и Угљеша Мрњавчевиќи, а синот на Волкашин, Крале Марко станал крал на прилепското кралство и турски вазал.

1604 По многу одложувања, црковните власти во Шпанија дозволиле да се печати делото на големиот шпански писател Мигуел де Серванте „Дон Кихот“.

1960 Првата политичка дебата меѓу Ричард Никсон и Џон Фицџералд Кенеди која била пренесувана на ТВ

1962 Се прокламира арапската Република Јемен

1993 Во Виница е отворен Првиот фестивал за хумор, сатира и карикатура во Република Македонија, наречен „Ин Виница веритас“.

1993 Во селото Доверзенце, кумановско, е осветена новоизградената црква „Свети Ѓорѓи“.

 

Родени

1889 Мартин Хајдегер, главен претставник на егзистецијализмот во Германија. Извршил големо влијание врз современите философи на егзистенцијализмот. Негови најпознати дела се „Битие“, „Кант и проблемот на метафизиката“ и „Што е метафизика“. Умрел во 1976 година.

1898 Џорџ Гершвин, американски композитор, пијанист и музичар

1848 Оливија Њутон-Џон, австралиска актерка и пејачка

1856 Линда Хамилтон, американска актерка

 

Починале

1868 Август Фердинанд Мебиус, германски математичар, творец на Мебиусовата лента.

1945 Бела Барток, унгарски композитор, пијанист и етномузиколог

1973 Ана Мањани, италијанска актерка

1990 Алберто Моравија, еден од најголемите современи писатели.

2010 Димитар Зози, еден од најголемите македонски актери.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Септември.2011 во 08:20
 

Настани

331 п.н.е. На реката Тигар, во Месопотамија, војската на Александар Македонски се судрил со главнината на персиската војска на царот Дариј. Персијците имале околу милион војници, а Александар Македонски помалку од 50.000.

1519 Португалскиот морепловец Фернандо Магелан во служба на шпанскиот крал Карло Петти, од Сан Лукар во Шпанија со својата експедиција од пет бродови тргнал на пат околу светот со цел да го открие западниот пат за Индија и во освојување на колонии за шпанската династија. Во 1520 година ги испитал југоисточните брегови на Јужна Америка и го открил според него наречениот Магеланов Проток и преку него поминал во океанот кој го нарекол Тихи (Пацифик). Загинал на Филипинските Острови во борба против домородците, на 27.04.1521 година. Другиот дел од експедицијата се вратил во Шпанија. Така било докажано дека Земјата е тркалезна и дека новиите краишта што ги открил Колумбо не се дел од Индија, туку посебен континент.

1950 Централната народна влада го усвојува грбот на НР Кина.

1963 Американскиот претседател Џон Кенеди на заседанието на Генералното собрание на Обединетите нации предложил заедничка советско-американска експедиција на Месечината.

 

Родени

1878 Аптон Синклер, северноамерикански писател и публицист, борец за социјални права и за мир во светот.

Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јули.2011 во 16:57
23 јули 2011 (МИА)

1757.- Во Мадрид умре Доменико Скарлати, италијански чембалист и композитор, оргулист и диригент. Напишал 555 сонати за чебало во рок-стил. Роден е во Неапол, на 26 октомври 1685 година.

1759.- Русите во Седумгодишната војна, под команда на генералот Петар Салтиков, ја победија пруската армија во битката кај Каја, на исток од тогашната Прусија. Во битката загинаа најмалку 6.000 Пруси.

1875.- Умре американскиот пронаоѓач Ајзак Мерит Сингер (Исак Мерит) кој во 1851 година разви прва шивачка машина која влезе во масовна употреба.

1885.- Умре американскиот генерал и државник Јулисиз Симпсон Грант, врховен командант на армијата на Север во граѓанската војна од 1861 до 1865 година.

1892.- Роден е етиопскиот цар Хаиле Селасие Први, кој во 1928 година по смртта на Менелик Втори е именуван за регент и крал, а во 1939 година е крунисан за цар на Етиопија. Од земјата избега во 1936 година, една година по агресијата на фашистичка Италија. Се врати во 1941 година и владееше до 1974 година, кога е симнат со ударот на левичарските офицери кои потоа и го убија.

1914.- По убиството на надвојводата Фердинанд во Сараево, Австро-унгарската монархија и упати ултиматум на Србија, обвинувајќи ја како главен организатор во сараевскиот атентат. Србија, по совет на царска Русија, го прифати речиси во целост, со исклучок на барањето на истрагата за атентатот на територија на Србија да ја вршат австроунгарските чиновници. За Австро-унгарската монархија тоа беше доволен повод пет дена подоцна да и објави војна на Србија. Со тоа почна Првата светска војна.


1915.- Во селото Битуше, Гостиварско, роден е Тихомир Милошевски, народен херој на Македонија. Беше генерал-полковник и прв командант на македонските воени единици во текот на НОВ на Македонија. Умре во Скопје, на 1 април 1984 година.


1916.- Умре шкотскиот физичар Вилијам Ремзи, добитник на Нобеловата награда за хемија во 1904 година. Го испитуваше молекуларниот состав на чистите течности и ги откри гасовите хелиум, агрон, криптон, неон и ксенон. Докажа дека хелиумот се создава при радиоактивно распаѓање на радиумот.


1942.- Во Софија, бугарските фашисти ги стрелаа Никола Јонков Вапцаров, бугарски и македонски поет, есеист, новинар и револуционер. Еден е од основоположниците на Македонскиот литературен кружок во Софија (1938-1941). Во 1940 година ја издаде својата единствена стихозбирка „Моторни песни“. Роден е во Банско, на 7 декември 1909 година. Истиот ден беа стрелани Антон Попов-Дончо, бугарски и македонски револуционер, писател и публицист, и Атанас Романов, македонски патриот.


1942.- Почна Сталинградската битка меѓу германските фашисти од една страна и советската армија од друга страна.

1948.- Умре американскиот филмски режисер Дејвид Ворк Грифит, еден од најзначајните филмски творци во ерата на немиот филм. Филмови: „Нетрпеливост“, „Бегство“, „Големата љубов“, „Падот на Вавилон“, „Америка“, “Абрахам Линколн“.

1951.- Во затвор умре францускиот маршал Анри Филип Петен, точно шест години откако е изведен пред суд под обвинение дека во Втората светска војна изврши предавство на Франција. Славниот војник од Првата светска војна соработуваше со Адолф Хитлер и беше на чело на квислиншката Влада во Виши поради што е осуден на смрт, но поради претходните заслуги казната му е заменета со доживотен затвор.

1951.- Умре Роберт Флаерти, американски филмски режисер, снимател, писател, еден од пионерите и најзначајните создавачи на документарниот филм. Најпознати му се филмовите „Нанук од север“, „Моана“, „Човекот од Аран“, „Земја“ и „Приказна од Луизијана“. Роден е во 1884 година.

1962.- Првпат во историјата е остварен директен телевизиски пренос преку Атлантикот. Преносот е извршен со помош на телекомуникациониот сателит „Телстар“.


1992.- Во Скопје е формирана Комора на приватниот капитал на Македонија.



1993.- Во Охрид умре Петар Калајџиски, еден од истакнатите претставници на македонското копаничарство, член на ДЛУМ. Роден е во 1914 година.



1993.- Република Македонија стана 138 членка на Светската организација за интелектуална сопственост.



2001.- На македонско-албанската граница, кај месноста Рибница, е пукано врз патрола на АРМ, при што загина Миле Гиновски (на 43 години) од Кичевско, припадник на АРМ.



2001.- При одбраната на село Лешок, Тетовско, од албанските терористи е убиен Ѓоко Лазаревски (роден 1927 година), припадник на МВР на РМ.


2007.- Умре рускиот режисер Александар Татарски, автор на повеќе стотици анимирани филмови и творец на првото руско независно студио „Пилот“. Автор е на проектот „Русија во анимација“.

Извор: МИА
Кон врв
orlov Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
army veteran 2001

Регистриран: 26.Јули.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 11342
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај orlov Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Декември.2010 во 17:06

на 22 Декември 1941 година во Рудо БиХ е формирана Народна ослоборителната Армија, подоцна ЈНА, а без малку две години подоцна исто во БиХ во Јајце на 29 Ноември 1943 година на Второто Заседание на АВНОЈ е конституирана Народна Република Македонија како самостојна федерална единка во составот на ФНРЈ(подоцна СФРЈ) а на 2-ри Август(ден Илинден) 1944 година на првото заседдание на АСНОМ во манастирот св. Прохор Пчински Народна Република е верификована.Овие историски факти нека послужат као доказ на сите оние кои се занимаваат со политика и кои се самовклучени или вклучени во непотребните прегови со Атина за тоа како таа сака да не вика. Име еднаш се добива, а и само по желба на имателот на имењто поради само нему познати причини може да се смени. Во конкретниовслучај ние не бараме промена на името и затоа безпредметно е политиката да се упушта во овакви игри на желби. Подобро би било политиката да ги исполни желбите на народот од кој е бирана.

Да му створи услови за нормално живеење.

Само така политика ќе добие верба во народот.

 

Југословенска народна армија

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај
Оваа статија не наведува никакви извори. (октомври 2009)
Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета.
Југословенска народна армија

Амблем на ЈНА.
Кратенка ЈНА
Основана 22.12.1941. Рудо, БиХ
Згасната 12.05.1992.
Тип воена организација
Правен статус расформирана
Цел одбранбена војска на СФРЈ, претходно ФНРЈ
Седиште Белград, Југославија
Регион поранешна Југославија (до 1991)
Членство 180.000 активен состав, 1,2милиони резервен состав
Официјални јазици српско-хрватски/хрватско-српски
Командант маршал, генерал на армија или адмирал на флота
Главно тело Генералштаб
Матична организација Претседател на СФРЈ до 1980, потоа Претседателство на СФРЈ

Југословенската народна армија, ЈНА била војската на поранешна ФНРЈ, подоцна СФРЈ. Во своето време, се сметала за четврта по големина војска во Европа[се бара извор], и за добро вооружена и обучена воена сила.[се бара извор] Формирана е од антифашистичките сили на Југославија во текот на Втората светска војна, и била под контрола на комунистите. Претседателот на КПЈ Јосип Броз Тито бил и командант на ЈНА во текот на војната. Од формирањето во 1941 до 1945 се викала Народно-ослободителна војска (НОВ), а потоа во 1945 била преименувана во Југословенска Армија (ЈА), и конечно на 10-годишнината во 1951 ја добила и придавката „народна“.

Во 1991 - 1992 година, со распадот на Југославија, ЈНА се ставила во служба на српските интереси во Југославија. Кога увиделе дека Југославија повеќе не постои, Србија и Црна Гора ја реформирале ЈНА во Војска на Сојузна Република Југославија, скратено ВЈ. Но, поголемиот дел од заедничкото оружје, инфраструктура и служби, меѓу кои и КОС останале во посед и во служба на Србија.

[уреди] Организација и состав

ЈНА се состоела од три рода: копнена војска, морнарица и воздухопловство. Имала активен состав од околу 180.000 војници и офицери. Војниците се мобилизирале преку систем на задолжителна воена обврска за сите машки здрави лица на возраст од 18 до најдоцна 27 години. Околу 100.000 војници биле во постојаниот состав на ЈНА, останатите биле офицери и други експерти. Офицерите биле платени професионалци.

[уреди] Доктрина

ЈНА имала уникатна доктрина: во случај на агресија, задачата на ЈНА била да го забави нападот на непријателот до активирањето на единиците на Територијалната одбрана (ТО) која била резервна војска составена од цивилното население и многу побројна од ЈНА. Потоа, ЈНА заедно со ТО требало да спроведат концепт на партизанска тотална војна во која би било вклучено целокупното население, тнр. Општонародна одбрана. Ваквиот стил на војување се предвидувало дека ќе го замори агресорот и конечно ќе го примора на повлекување.

Според искуствата од партизанското војување во Втората светска војна, Општонародната одбрана се сметала за единствен начин за ефективно спротивставување на посилен агресор.



Изменето од orlov - 22.Декември.2010 во 17:07
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,              
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 23456 36>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,172 секунди.