IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Историја
  Активни теми Активни теми RSS - На денешен Ден
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

На денешен Ден

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234 36>
Автор
Порака Обратен редослед
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Март.2012 во 12:36

Настани

1789       Во Њујорк е свикан првиот Конгрес на САД.

1933       Претседателот на САД, Франклин Делано Рузвелт, под притисок на економската криза ја објави својата „нова политика“, чија суштина беше интервенција на капиталистичката држава во нарушениот стопански систем во земјата.

1945       Во Скопје е одржан првиот слободен црковно-народен собор. Во присуство на над триста делегати, свештеници, претставници на народната власт и на Народниот фронт, делегатите автентично го искажаа расположението на македонскиот народ од сите краишта на слободна Македонија за создавање на Македонска православна црква преку обнова на старата Охридска архиепископија, во 1767 година незаконски укината од турскиот султан Мустафа III, а по барање на Цариградската патријаршија.

1952       Народна Република Кина ги обвини САД дека употребуваат бактериолошко оружје во Корејската војна.

1965       Сирија национализира девет нафтени компании, вклучувајќи две американски нафтени концерни.

1965       При доаѓањето на нови постојани артисти во Македонскиот театар во Скопје од драмата на Македонскиот народен театар, оваа уметничка куќа прерасна во драмски театар. Во новиот театар на овој ден беше изведена премиерната претстава „Богомилска балада“, според романот на Владо Малески, а во режија на Тодорка Кондова.

 

Родени

1188       Бланка Кастилјска, сопруга на кралот Луј VIII.

1678       Антонио Вивалди, венецијански свештеник и композитор.

1878       Пјотр Демјанович Успенски , руски философ. 

934       Александар Митевски, македонски поет.

1935       Бент Ларсен, дански шахист.

1954       Кетрин О'Хара, американска актерка.

1954       Франсоа Фијон, француски премиер.

1965       Халед Хосеини, авганистански писател и лекар.

1968       Киријакос Мицотакис, грчки политичар.

1983       Зоран Балдовалиев, македонски фудбалер.

 

Починале

254         Папа Луциј I, римски папа.

561         Папа Пелагиј I, римски папа.

1193       Саладин, муслимански воен лидер.

1805       Жан-Батист Грез, фрацуски класицистички сликар.

1832       Жан-Франсоа Шамполион, француски научник.

1852       Николај Васиљевич Гогољ, руски писател, хуморист и сатиричар.

1974       Михаил Тихонравов, советски ракетен стручњак и научник, кој учествуваше во изградбата на првиот вештачки земјин сателит „Спутник 1“ 

1996       Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Гаврил, поглавар на Македонската православна црква.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Март.2012 во 11:46

Настани

1942       Близу до селото Плетвар, прилепско, загинаа Борка Талески - Црниот и Лазо Колевски - Лавски, народни херои на Македонија.

1943       Британското воено воздухопловство во Втората светска војна систематски започна да ги бомбардира европските железнички системи на територијата под контрола на нацистичка Германија.

1946       Хо Ши Мин е избран за претседател на Северен Виетнам.

1956       Поранешната француска колонија, Мароко се здоби со независност.

1972       Во САД е лансиран вселенскиот брод „Пионер 10“ за испитување на планетата Јупитер.

1973       Претставници на 12 земји го потпишаа во Париз завршниот документ за мир во Виетнам.

1993       Во Скопје, во Касарната „Гоце Делчев“ се промовирани 64 водници на АРМ, прва класа подофицери произведени во Центарот за воено образование и обука за одбрана.

1995       Покренато е обвинение против поранешниот премиер на Италија Џулио Андреоти поради негова поврзаност со мафијата.

 

Родени

1459       Адријан Флорисзон, холандски свештеник, кој како папа Адријан Шести во јануари 1522 година стана единствен Холанѓанин, поглавар на Римокатоличката црква во нејзината историја.

1749       Оноре Габриел Мирабо, француски политичар и државник.

1824       Бердих Сметана, чешки композитор

1947       Хари Реднап, англиски фудбалер и тренер

1962       Џон Бон Џови, американски рокер

1972       Дејан Бодирога, српски кошаркар

1977       Крис Мартин, англиски пејач

 

Починале

1923       Сара Бернар, француска артистка со исклучително убав глас и дарба.

1939       Хауард Картер, англиски египтолог.

1942       Борка Талески, народен херој на Македонија, непосреден организатор на востанието на 11 октомври.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Февруари.2012 во 08:39

настани

1531       Во Лисабон, главниот град на Португалија, во земјотрес загинаа меѓу 20 и 30 илјади луѓе.

1815       Францускиот цар Наполеон Бонапарта го напушти островот Елба, кој по абдикацијата му беше одреден како привремено живеалиште, и со мала група следбеници тргна за Париз за да ја преземе власта. Со тоа почна периодот на неговото владеење познато како „Сто денови“, завршено со поразот на неговите трупи кај Ватерло.

1848       Британскиот воен транспоретен брод „Биркенхед“ потона во заливот Симон покрај брегот на Јужна Африка, повлекувајќи во смрт 485 луѓе.

1901       По задушувањето на двегодишното кинеско востание против окупаторите наречено „Боксерско востание“ на водачите на побунетите Чи Хсиуиј и Су Ченг Ју јавно им ги отсекоа главите.

1909       Отоманската Империја ја призна австроунгарската анексија врз Босна и Херцеговина.

1915       Германците во Првата светска војна, во борбата против Французите кај Маланкур за првпат во историјата војуваа со употреба на фрлачки пламени.

1918       Германски авиони во Првата светска војна го бомбардираа италијанскиот град Венеција.

1936       Адолф Хитлер во Саксонија ја отвори првата фабрика за производство на „народното возило“ Фолксваген.

1992       Република Босна и Херцеговина ја призна Република Македонија.

1993       Напад во Светскиот трговски центар во Њујорк. Загинаа 6 лица, повредени се 1.042.

2004       Македонскиот претседател Борис Трајковски, шест члена делегација и двајца пилоти загинаа при уривањето на авионот од типот „Кингер“ на 15-километри јужно од Мостар.

 

Родени

274         Константин I Велики, римски владетел од 306 до 337 година.

1533       Мишел де Монтењ, француски ренесансен писател и философ.

1552       Јост Бирги, швајцарски часовничар и математичар.

1980       Васил Зафирчев, македонски театарски и филсмки актер.

1980       Тејшон Принц, американски професионален кошаркар.

1985       Јелена Јанковиќ, српска тенисерка.

 

Починале

1869       Алфонс де Ламартин, француски поет и академик.

1907       Петар Христов - Германчето, македонски револуционер.

1986       Улоф Палме, шведски премиер.

1941       Алфонсо XIII, шпански крал.

1981       Љутви Руси, македонски новинар, писател и преведувач.

2010       Куширо Хајаши, јапонски астрофизичар.


Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Февруари.2012 во 11:51

Настани

1502       Васко Де Гама назначен како адмирал на индискиот океан, со 20 бродови тргнува на второто патување до Индија.

1909       Во САД формирано е Националното здружение за напредок на обоените луѓе (NAACP).

1944       Во местото Барбарас, кај Македонски Брод, бугарскиот окупатор стрела осум борци - учесници во Богомилскиот поход.

1992       Република Словенија и Република Хрватска ја признаа независноста на Република Македонија. Република Македонија ја призна независноста на Република Словенија и на Република Хрватска.

1996       Република Македонија воспостави дипломатски односи на амбасадорско ниво со Република Гана.

1996       Во Атина официјално започна со работа Канцеларијата за врски на Република Македонија.

2001       Почеток на воената криза помеѓу македонските сили за безбедност и припадниците на ОНА.

 

Родени

1809       Абрахам Линколн, шеснаесеттиот претседател на САД.

1809       Чарлс Дарвин, британски научник, творец на теоријата на еволуцијата на живите суштества.

1876       Тубтен Гјатсо, 13-от Далај Лама.

1914       Василие Поповиќ - Цицо, сликар, карикатурист и сценограф, еден од основоположниците на сценографијата во Македонскиот народен театар.

1974       Дмитриј Лосков, руски фудбалер.

 

Починале 


1804       Имануел Кант, основоположник на германската класична философија.

1911       Гоно Јотов, андратски капетан.



Изменето од емил - 12.Февруари.2012 во 11:51
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Февруари.2012 во 12:34
Настани

1947       Велика Британија предложи план за поделба на Палестина на еврејски и арапски дел кои ќе бидат економски поврзани, а во Ерусалим да биде воведен меѓународен режим. Евреите го прифатија тој план, според кој добија своја национална држава, додека Арапите го отфрлија. Во 1948 година британските трупи се повлекоа од Палестина. Истиот ден, во Палестина беше прогласена еврејска независна држава Израел, која опфаќаше 77 отсто од подрачјето на историска Палестина. Еден ден потоа, арапските држави влегоа на поранешното британско подрачје, а судирите што избувнаа, Израел ги искористи за проширување на своите територии. Тоа беше почеток на низа вооружени израелско-арапски конфликти кои се претворија во војна.

1965       Силите на САД почнаа да го бомбардираат северниот дел на Виетнам.

1991       Свештеникот Жан Бертран Аристид е прогласен за претседател на Хаити, како прв демократски избран шеф на карипската држава.

1992       Министрите за надворешни работи на „европските дванаесетмина“ во Мастрихт, Холандија, потпишаа Спогодба позната како договорот од Мастрихт (која стапи во сила на 1.11.1993 година) по која започна етапа на развојот на Европа и преобразба на дотогашната Европска заедница во Европска унија.

 

Родени

1102       Матилда, ќерка на Хенри I.

1478       Томас Мор, англиски хуманист, државник и писател.

1693       Ана, руска императорка.

1812       Чарлс Дикенс, англиски писател.

1814       Адолф Сакс, белгиски призводител на дувачки инструменти.

1870       Алфред Адлер, австриски лекар.

1885       Синклер Луис, американски писател.

1889       Јозеф Торак, австриско-германски вајар.

1938       Петар Глигоровски, македонски сликар.

1942       Марија Воденска, македонски поет и романсиер.

1978       Ештон Кучер, американски глумец.

 

Починале

590         Папа Пелагиј II, римски папа.

1864       Вук Стефановиќ Караџиќ, реформатор на српскиот литературен јазик.

1876       Партенија Зографски, прв македонски учебникар, филолог, фолклорист.

1878       Пиј IX, римски папа.

1908       Мануш Георгиев Турновски, македонски револуционер.

1942       Иван Билибин, руски илустратор на сказни и сценограф.

1944       Христијан Тодоровски - Карпош, народен херој на Македонија.

1973       Никола Мартиноски, македонски ликовен уметник, педагог и академик.

1995       Шишман Ангеловски, македонски драмски и телевизиски артист.

1997       Лазар Манчевски - Пинџур, македонски поет и раскажувач.

1999       Хусеин, крал на Јордан.

2010       Михаило Марковиќ, југословенски и српски философ.

Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јануари.2012 во 11:32

7 јануари 

Денеска е Божик за христијаните кои се придржуваат на Јулијанскиот календар, а тоа се Македонската православна црква, Српската, Руската, Грузиската, Вселенската, Ерусалимската, Антиохиската и Александриската патријаршија. Божик е ден кога христијаните го одбележуваат раѓањето на Спасителот - синот Божји Исус Христос. Овој датум првпат се споменува како празник во 336 година, во еден римски календар. До 16. век сите христијани Божик го славеа истиот ден, а по 1582 година со прифаќањето на Грегоријанскиот календар од страна на Ватикан, се појавија разлики. Првите векови во православните и протестантските земји се држеа според стариот календар, кој подоцна постапно се менуваше. На Божик, православните Македонци се поздравуваат со зборовите „Христос се роди“, на што одговараат „Вистина се роди“.

1536.- Умре англиската кралица од шпанско потекло Катарина Арагонска, прва од шесте жени на англискиот крал Хенри Осми. Нивниот развод без дозвола од папата предизвика англиска црковна реформа и одвојување од католичката црква.

1537.- Убиен е поглаварот на Фиренца Алесандро де Медичи, кого го наследи Космо де Медичи, голем тоскански војвода, банкар и покровител на научниците и уметниците.  

1584.- Католичките држави во рамките на светото Римско царство го усвоија Грегоријанскиот календар.

1598.- На рускиот престол застана Борис Годунов, по смртта на Фјодор Први, последниот цар од династијата Рјурикович.

1610.- Италијанскиот астроном и математичар Галилео Галилеј ги откри Јупитеровите месеци Ио, Европа, Ганимед и Калисто.

1652.- Во Сењ (во фамилија на германски доселеници) е роден Павао Ритер Витезовиќ, историчар, географ, филолог, поет, политичар, бакрорезец, печатар, претходник на илирското движење. Најзначајно негово дело е „Стематографија“, издадена на латински јазик, во кое се содржат грбовите на јужнословенските народи. Умре во Виена, на 20 јануари 1713 година.

1785.- Џон Џефрис и Жан Пјер Бланшар први го прелетаа каналот Ла Манш со балон полн со топол воздух.

1789. - По донесувањето на американскиот Устав со кој се утврдија начелата на државното уредување и надлежностите на претседателот, во САД се одржаа првите претседателски избори на кои убедливо победи Џорџ Вашингтон, прочуениот водач на војната за независност.

1807.- Велика Британија прогласи поморската блокада за Франција и земјите сојузници на францускиот цар Наполеон Први. Во економската војна потешки последици претрпе Франција. Исто така нејзината морнарица беше неколку пати поразена при обидите да го пробие обрачот на британската морнарица.

1898. - По конституирањето на првата подморница која се движеше на тркала по морското дно и со додавање на цевка низ која во подморницата влегуваше свеж воздух, американскиот техничар Симон Лејк водеше телефонски разговор од својата подморница со претседателот на општината на градот Балтимор. Тоа значеше почеток на новиот начин на телефонско комуницирање.

1902.- Во Крушево е роден д-р Стерјо Боздов, член на АСНОМ и прв декан на Медицинскиот факултет во Скопје. Умре во Крушево, на 13 април 1987 година.

1909.- Формирана е Првата социјалистичка организација во Скопје. Нејзиното формирање имаше големо значење за натамошниот развој на работничкото движење како во Скопје, така и во Македонија. До нејзиното основање не дојде спонтано и случајно. Корените за појавата на социјалистичката мисла во Македонија се јавуваат уште кон крајот на 19. век.

1916. - Во Скопје е роден Јордан Николов - Орце, народен херој на Македонија. Тој беше еден од организаторите и раководителите на работничкото движење во Македонија и член на Покраинскиот комитет на КПЈ за Македонија. Во ноќта меѓу 3 и 4 јануари 1942 година, на пат за Македонија, минувајќи ја планината Кукавица кај селото Туба, во близина на Владичин Хан, убиен е од заседа на бугарскиот фашистички окупатор.

1923.- Во Кавадарци е роден Иван Диме Мазов  Климе, македонски револуционер, театарски критичар, раскажувач, публицист, општественик и долгогодишен новинар и уредник во весникот „Нова Македонија“. Познати се неговите прозни дела „Додека топовите пукаат“ и „По трагите на Евлија Челебија“. Во Рогашка Слатина, во Словенија, несреќно го загуби животот на 14 февруари 1977 година.  

1927.- Воспоставена е редовна трансатлантска телефонска врска меѓу Лондон и Њујорк.

1932.- Умре францускиот политичар Андре Мазино, воен министер од 1922 до 1924 и од 1929 до неговата смрт во 1932 година, по кого е наречена утврдената линија на границата спрема Германија, изградена од 1927 до 1936 година. Оваа линија сепак не беше од корист во Втората светска војна, германската војска едноставно ја заобиколи преку Белгија.

1943. - Во Њујорк умре Никола Тесла, еден од најголемите умови и пронаоѓачи на полето на електротехниката. Тој е пронаоѓач на трофазен систем за пренос на електрична енергија, на индукциониот мотор, на генераторот и трансформаторот и на цела низа други откритија врз кои денес се заснова модерната електроника. Тој е пионер на радиотехниката и според него струјата со висок напон го доби името Теслина струја. Роден е во селото Смиљан, кај Госпиќ, на 10 јули 1856 година.

1946.- Западните сили ја признаа Австрија во границите од 1937 година.

1953.- Американскиот претседател Хари Труман соопшти дека во САД е направена хидрогенска бомба.

1972.- Индија се спротивстави на притисокот од САД и воспостави дипломатски односи со Кина.

1979.- Камбоџиските бунтовници со помош на витенамските сили, го зазедоа Пном Пен и ја турнаа владата на „Црвените Кмери“ предводена од Пол Пот. За време на неговата влада од 1975 година во Камбоџа беа убиени меѓу еден и два милиони луѓе.

1984.- Умре францускиот физичар Алфред Кастлер, член на Француската академија и добитник на Нобеловата награда за физика во 1966 година. Откри и разви оптички методи за изучување на Херцовите резонанци во атомите и неговиот труд е од клучно значење за развој на ласерот.

1987.- Во Софија умре Венко Марковски, поет, драмски писател, еден од основоположниците на современата македонска литература, член на Македонската литературна група, основана во Софија во 1931 година, на Македонскиот литературен кружок (1938 - 1941), учесник во НОВ на Македонија, член на Главниот штаб на НОВ и ПОЈ, член на Иницијативниот одбор за свикување на Првото заседание на АСНОМ, делегат на Првото заседание на АСНОМ... Неговите стихозбирки „Народни бигори“ и „Огинот“, издадени во 1938 година се првите книги стихови на македонски јазик. Најомилен македонски поет се до неговото одење во Бугарија. Поради судир со актуелното раководство на Македонија и на Федерацијата осуден е на работа и интерниран на Голи Оток. Роден е во Скопје, на 5 март 1915 година.

1989.- Умре јапонскиот цар Хирохито, кој владееше од 1921 година. Како регант го заменуваше својот болен татко, а во 1926 година беше крунисан. По поразот на Јапонија во Втората светска војна во 1946 година се одрече од „боженствено потекло“ кое е плод на традиционалните јапонски сфаќања и религиозност. Владетелските овластувања му беа значително скратени со уставот од 1947 година.

1990.- Првпат по 800 години беше забранета посетата на Кривата кула во Пиза, една од најголемите туристички атракции. Поради опасноста кулата да падне, неопходна беше нејзина реконструкција.

1992.- Првпат, 7 јануари - првиот ден на Божик, беше неработен ден во Република Македонија.

1997.- Во Алжир, во експлозија на бомба која во автобус ја подметнаа исламски терористи, загинаа најмалку 13, а беа ранети околу 100 лица.

1997.- Во Битола умре Доне Пановски, македонски литературен критичар, есеист, книжевен историчар и новинар. Автор е на повеќе книги, меѓу кои „Вреднувања“, „Литературни портрети“, „Писателите на Илинден“, „Литературни студии“ и други. Роден е во селото Буф, Леринско, на 5 ноември 1935 година.

1999.- Во Американскиот сенат е отворена постапката за сменување (импичмент) на претседателот Бил Клинтон.

2001.- Во Скопје умре Скендер Амет, прочуен македонски естраден виртуоз на хармоника, од ромска националност. Роден е во Скопје, на 31 октомври 1953 година.

2004.- Врховниот суд на Индонезија ја потврди смртната казна на исламскиот терорист Аморзи, обвинет за подметнување експлозив во ноќен клуб на островот Бали, кога загинаа најмалку 202 лица, речиси сите западни туристи.

2006.- Умре австрискиот писател и истражувач Хајнрих Харер, чие биографско дело “Седум години на Тибет“ е преведено на 53 јазици. Како научник во рамките на истражувачката експедиција која ја испрати нацистичка Германија беше на Тибет и таму остана цели седум години.

“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Декември.2011 во 00:17
1920.- Во Софија умре Марко Цепенков, еден од најголемите собирачи на македонски народни умотворби кои имаат непроценливо значење за македонската фолклористика, за етнографијата, за лингвистиката, за националната историја, за правото и за моралот на Македоците. Автор е на драмското дело "Црне Војвода", а неговата автобиографија претставува богат извор за проучување на целокупниот живот во Прилеп. Творештвото на Цепенков е собрано во 10 книги. Роден е во Прилеп, на 7 ноември 1829 година.

1943.- Во местото Провањеница, во атарот на селото Канарево, Кумановско, бугарската војска и полиција стрелаше осум луѓе од селото Орах, еден од селото Канарево и еден од селото Длабочица. Притоа 77 луѓе од селото Орах беа интернирани во Бугарија.


1956.- Во Велес умре Андреја Карпузов, прв Македонец магистар по фармација и прв аптекар во Македонија, поддржувач на Гоцевите идеи. Гимназија заврши во Солун, Виша фармацевтска школа во Билиџик, во Турција, а дипломира на Царскиот медицински факултет, отсек фармација, во Цариград, во 1899 година. Во Велес се врати во 1903 година и се вработи во општинската аптека. Од 1907 до 1948 година имаше своја аптека во Велес, која му беше национализирана. Роден е во Велес, на 10 октомври 1872 година.
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Декември.2011 во 13:26

800         Папа Лав III во Рим го круниса францускиот владетел Карло Велики за свет римски цар, а тоа беше титула на германските монархи до времето на Наполеон I.

1066       Во Вестминстерската катедрала во Лондон за англиски крал беше крунисан норманскиот војвода Вилијам I.

1688       Во Франција пребега Јаков II, последниот англиски крал од династија Стјуард, тргнат од престолот поради апсолутистичката политика и натурање на римокатоличката вера.

1717       Се случила катастрофалната „Божиќна поплава“ - северозападна бура, што ги погодила крајбрежните предели на Холандија, Германија и Скандинавија вечертва воочи Божиќ. Во поплавата се удавиле вкупно 14.000 лица.

1741       Шведскиот физичар Андрес Целзијус ја создаде скалата од 100 степени за мерење на температурата.

1776       Генералот Џорџ Вашингтон ги префрли силите со кои командуваше преку реката Делавер во Њу Џерси и неочекувано ги нападна германските платеници кои во Американската војна за независност се бореа на страната на Британците.

1903       Во Софија излезе од печат книгата „За македонцките работи“ од македонскиот револуционер, публицист и лингвист Крсте Петков Мисирков. Во неа Мисирков ја истакнува и ја заштитува националната индивидуалност на македонскиот народ и неговото право на самостоен културен и национален развој. На едно место во книгата пишува: „Македонците, како посебен словенски народ, што низ вековите ја делел судбината заедно со соседните словенски и несловенски народи, си имаат сопствена национална историја и култура“.

1914       Во Првата светска војна на Западниот фронт стапи на сила легендарното неофицијално „божикно примирје“, кога група британски и германски војници го откажаа пукањето, излегувајќи од рововите и сретнувајќи се на ничија територија помеѓу завојуваните страни

1926       Јапонскиот регент принцот Хирохито го наследи престолот на Јапонија по смртта на неговиот татко, царот Јошихито.

1943       Министерството за надворешни работи на Велика Британија во Втората светска војна му испрати телеграма на премиерот Винстон Черчил во која пишува: „Нашата политика мора да се потпре на фактот - партизаните ќе завладеат во Југославија. Тие се за нас, од воен аспект, од голема корист и мораме да им дадеме полна поддршка. Воените причини се поважни од политичките...“.

1971       Во пожар во еден хотел во Сеул, главниот град на Јужна Кореја, загинаа 139 луѓе.

1979       Советски трупи влегоа во Авганистан, во прва воена интервенција на Советскиот Сојуз надвор од Варшавскиот пакт, а официјална Москва ова го објасни како интервенција со цел да се спречи граѓанската војна во земјата.

1989       Сменетиот романски диктаторски пар Николае и Елена Чаушеску се стрелани во Трговиште по тајното и брзо судење.

1991       Михаил Горбачов поднесува оставка на местото претседател на СССР, и должноста му ја предава на Борис Елцин.

1991       Во Штип, во издание на Културно-просветната зедница на Штип, излезе првиот број на весникот „Опсерватор“.

1995       На парламентарните избори во Турција, победија исламистите од РЕФАХ (конзервативно - исламистичката партија за просперитет), на чело со лидерот на партијата Неџмедин Ербакан.

1995       Во поплавите на истокот од Јужна Африка загинаа најмалку 124 лица.

1997       На Куба за прв пат после три децении јавно е прославен Божиќ, а претседателот Фидел Кастро го прогласил тој ден за празник во чест на папата кој во јануари 1998 ја посетил Куба.

2000       Во пожар кој го зафати центарот на кинескиот град Луојанг животот го загубија најмалку 309 луѓе.

2003       При падот на патничкиот авион „боинг 727“ во Атланскиот Океан набрзо по полетувањето од Бенин кон Либан загинаа 138 патници и членови на екипажот, вклучувајќи 15 офицери на армијата на Бангладеш, додека 22 лица ја преживеаја несреќата.

2003       Звездан Јовановиќ го призна убијството на српскиот премиер Зоран Ѓинѓиќ.

 

Родени

1250       Јован IV Дука Ласкарис, никејски император.

1642       Исак Њутн, англиски физичар, астроном и математичар.

1878       Јован Бабунски, србомански четнички војвода.

1882       Рајна Алексова, македонски фармацевт.

1899       Хамфри Богарт, американски филмски актер.

1918       Јоргос Ралис, премиер на Грција.

1923       Естреја Овадија - Мара, македонски народен херој.

1920       Јован Бошковски, македонски писател.

1925       Карлос Кастанеда, американски автор.

1943       Зафир Хаџиманов, македонски пејач и композитор.

1952       Павле Трајанов, македонски политичар.

1954       Ени Ленокс, шкотска рок пеачка на групата Јуритмикс.

1956       Олег Дементиенко, македонски поет.

1967       Борис Новковиќ, хрватски поп пејач.

1971       Дајдо, британска пејачка.

1976       Армин Ван Бурен, холандски транс продуцент и диџеј.

 

Починале

795         Адријан I, римски папа.

820         Лав V, византиски император.

1683       Кара Мустафа паша, Голем везир на Отоманската Империја.

1938       Карел Чапек, чешки писател.

1977       Чарли Чаплин, најголем артист на немиот филм.

1989       Николае Чаушеску, романски комунистички лидер.



Изменето од емил - 25.Декември.2011 во 13:27
Кон врв
Calipso Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Primarius

Регистриран: 26.Мај.2009
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 44671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Calipso Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2011 во 01:04
23 Декември

Настани

1888       Винсент ван Гог си отсекол делче од левото уво.

1944       Во Скопје излезе првиот број на весникот „Бирлик“ на турски јазик, како орган на НОФ на Македонија.

1947       Откриен е транзисторот, кој физичарите Џон Бардин, Волтер Братин и Вилијам Шокли го развиле во лабораториите Бел во САД.

1991       Во Скопје е регистрирано здружението Млади европски федералисти на Македонија, со седиште во Скопје. За претседател е избран Нано Ружин.

1993       Официјално е отворена Амбасадата на Велика Британија во Република Македонија. За амбасадор, е наименуван Тони Милсон.

 

Родени

1777       Александар I, руски император.

1790       Жан Франсоа Шамполион, француски египтолог.

1869       Иван Гарванов, бугарски револуционер.

1925       Јаника Балаж, прочуен тамбураш од Војводина.

1968       Мануел Ривера-Ортис, порторикански фотографер.

 

Починале

910         Свети Наум Охридски, просветител и свештеник.

1906       Даме Груев, еден од основачите на ВМРО.

1953       Лаврентиј Берија, советски политичар.

2003       Драгољуб Ставрев, македонски општественик и државник.




Изменето од Calipso - 24.Декември.2011 во 01:05
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker!
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Декември.2011 во 09:00
 

koco-racinНастани

1514       Диего Веласкез де Куељар го основа градот Тринидад, Куба.

1808       Лудвиг ван Бетовен ја одржал премиерата на својата Петта симфонија во Виена.

1849       Во последен миг е откажана егзекуцијата на Фјодор Достоевски.

1943       Се одржа прв конгрес на Народноослободителниот младински сојуз на Македонија (НОМСМ). Одлуките на овој конгрес имаа за цел да ја засилат борбата против окупаторот, да се ангажира младината во создавањето на народната власт, да работи на културното-просветното поле и друго.

1999       Основана е Либералната партија на Македонија.

 

Родени

1756       Јохан Фридрих Пфаф, германски математичар, професор на Карл Фридрих Гаус.

1858       Џакомо Пучини, италијански оперски композитор.

1908       Кочо Рацин, македонски поет и револуционер.

1940       Георги Ајановски, македонски прозаист.

1956       Соломон Паси, бугарски политичар.

1960       Жан-Мишел Баскија, уметник.

 

Починале

69           Вителиј, римски император.

1603       Мехмед III, отомански султан.

1880       Мари ан Еванс, позната под псевдонимот Џорџ Елиот, англиска писателка.

1936       Николај Островски, советски писател.

1989       Семјуел Бекет, ирски писател, драматург и поет.

2002       Џо Страмер, англиски музичар.

2006       Ефтим Таковски, македонски новинар, писател и првиот портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Декември.2011 во 09:12
13.12
 

1782       За прв пат полетал балонот на браќата Монголфје.

1911       Експедицијата на норвешкиот поларен истражувач Роалд Амундсен стапи на Јужниот пол, дотогаш неосвоена точка на нашата планета. Еден месец подоцна тоа го направи и англискиот истражувач Роберт Скот.

1955       Австралија, Албанија, Бугарија, Јордан, Камбоџа, Либија, Унгарија и Цејлон беа примени за членки на Обединетите нации.

1964       Во Скопје, од едно импровизирано студио во Нерези и со една репортажна кола (по земјотресот на 26 јули 1963 година на Скопје му беа подарени стари репортажни коли од Велика Британија и од Италија), е емитуван првиот македонски ТВ весник на РТВ Скопје. Со тоа почна редовната програма на ТВ Скопје.

1994       Во Скопје е одбележана 50 годишнината на АФЖ.

1995       Потпишан е Дејтонскиот мировен договор, со кој е ставен крај на воениот конфликт во Босна и Херцеговина. Потписници на договорот се Алија Изетбеговиќ, претседател на претседателството на Босна и Херцеговина, Фрањо Туѓман, претседател на Република Хрватска и Слободан Милошевиќ, претседател на СР Југославија.

 

Родени

1503       Нострадамус, француски јасновидец.

1546       Тихо Брахе, дански астроном.

1564       Вилем Класон Хеда, холандски сликар на мртва природа

1870       Карл Ренер, австриски претседател

1895       Џорџ VI, крал на Велика Британија.

1897       Курт Шушниг, австриски политичар.

1901       Павле, крал на Грција.

1938       Игнатие Богдановски, македонски политичар.

1947       Дилма Русеф, претседател на Бразил.

1970       Ана-Марија Јопек, полска џез и поп-пејачка.

1979       Мајкл Овен, англиски фудбалер.

1979       Софи Монк, австралиска пејачка и актерка.

 

Починале

872         Адријан II, римски папа.

1788       Карлос III , крал на Шпанија.

1799       Џорџ Вашингтон, американски национален јунак и прв претседател на САД (1789 - 1797).

1861       Алберт Саксокобургготски, сопруг на британската кралица Викторија.

1940       Марија Георгиевна, принцеза на Грција.

1974       Волтер Липман, американски новинар со голем авторитет за надворешно-политички прашања.

1983       Иван Антонов, доајен на македонското радио и телевизиско спикерство.

1989       Андреј Сахаров, советски физичар, дисидент и Нобеловец.

1997       Џовани Ањели, „некрунисан крал“ на концернот FIAT, наследник на целокупното царство на FIAT

Кон врв
Calipso Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Primarius

Регистриран: 26.Мај.2009
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 44671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Calipso Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Декември.2011 во 09:22
9 Декември

9-ти декември е 343-иот ден во годината според григоријанскиот календар (344-и во престапна година). Остануваат 22 денови до крајот на годината.

Настани:
1824 – Легендарниот латинско – американски водач Симон Боливар во историската битка кај Ајакучо, во Перу ја порази шпанската војска.
1905 – Во Франција со декрет е извршено одвојувањето на државата и црквата.
1940 – Втора Светска војна: Во Северна Африка почна офанзивата на Осмата британска армија против германските окупациони трупи.
1961 – Тангањика, поранешната британска колонија, стана независна држава во рамките на Комонвелтот, а од 09.12.1962 година стана Република. Две години подоцна, на 26.04.1964 година со обединувањето на Тангањика и на Занзибар настана Обединета Република Танзанија.
1997 – Во Брисел, генералните директори на царинските служби на Белгија и Македонија, Илија Илоски и Ван Валегем, парафираа Спогодба за царинска соработка.

Родени:
1594 – Густав II Адолф, крал на Шведска.
1608 – Џон Милтон, англиски поет, еден од најзначајните во светската литература, а според некои, најголем по Шекспир.
1881 – Војин Поповиќ-Вук, војвода на Српскиот комитет на четничката акција.
1842 – Петар Кропоткин, руски теоретичар.
1895 – Долорес Ибарури – Ла Пасионарија, едно од најславните имиња на шпанската граѓанска војна и на шпанското револуционерно движење.
1962 – Фелисити Хафман, американска актерка.

Починале:
1565 – Пиј IV, римски папа.
1669 – Климент IX, римски папа.
1910 – Лаза Костиќ, српски писател и преведувач, родоначалник на српската авангардна лирика.
1943 – Никола Парапунов, македонски револуционер.
1944 – Андреј, принц на Грција.


На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker!
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Декември.2011 во 12:24
Емил еден совет , би ти ја препорачал страницата на МИА , има многу подобра рублика НА ДЕНЕШЕН ДЕН. 
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Декември.2011 во 10:45

7.12

----------------------------------------------------

43 п.н.е.              Марко Тулиј Цицерон, еден од најголемите оратори, државници и философи на Стариот Рим е убиен од приврзаниците на Марко Антониј при обидот да пребега во Македонија.

1900       Макс Планк ги открил законите за зрачење на црното тело.

1917       Прва светска војна: САД ѝ објавиле војна на Австро-Унгарија.

1941       Втора светска војна: Јапонската царска морнарица извршила напад на Перл Харбор со цел да ја неутрализира воената моќ на САД во Пацификот.

1988       Во Ерменија, тогашен СССР, силен земјотрес го разурнал регионот Спитак при што загинале над 25.000 луѓе.

1995       Во Атина, дипломатот Александар Маљас, беше наименуван за шеф на канцеларијата за врски, во главниот град на Република Македонија, Скопје.

2005       Уапсен е Анте Готовина, хрватски генерал, баран од хашкиот трибунал, на Канарските острови.

 

Родени

1598       Џовани Лоренцо Бернини, италијански архитект, вајар, сликар, писател, режисер и организатор на јавни свечености.

1906       Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Доситеј, прв архиепископ охридски и македонски, поглавар на Македонската православна црква.

1909       Никола Јонков Вапцаров, македонски пролетерски поет и револуционер.

1928       Ноам Чомски, американски лингвист и политички активист.

1976       Маја Апостолоска, македонска поетеса, книжевна критичарка и есеистка.

 

Починале

1894       Фердинанд де Лесепс, француски дипломат и инженер

1993       Блаже Конески, еден од најистакнатите македонски културни дејци, академик, писател, врвен поет, научник, чие творечко истражување даде неодминливи резултати во македонската литература во областа на културната историја на македонскиот народ.

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234 36>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,281 секунди.