IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Салати
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Салати

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 678910 26>
Автор
Порака
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Јули.2010 во 10:26
1 до 2 главици цвекло
5 до 6 моркови
китка магдонос
1 главица кромид
цвеклото, морковите и кромидот да се излупат и изрендаат се додава ситно исецкан магдонос, јаболков оцет, масло и малку сол. Најважно е шо стои во фрижидер и повеќе денови

Кон врв
BellaGrandma Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Game over

Регистриран: 10.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 20029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BellaGrandma Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Јули.2010 во 04:15
Мислам дека ја нема оваа

Сецкана салата на Џејми Оливер

Потребно:

една главица марула
половина голема краставица, грубо исецкана
4 млади кромидчиња, ситно исецкани
две парчиња авокадо, грубо исецкани
босилек, грубо исецкан
100 гр. кашкавал, ситно исецкан
поточарка, ситно сецкана
три домати, грубо исецкани
За дресинг:

една лажичка англиски сенф
една лажица вински оцет
три лажици маслиново масло
сол, бибер
Подготовка: На даска за сецкање, исецкајте ги ситно младите кромидчиња. Потоа марулата, краставицата, авокадото, босилекот, кашкавалот, доматите и поточарката сецкајте ги грубо едно по едно и потоа спојувајте го секој зеленчук со наредниот како би ги исецкале зеленчуците поситно и поситно. На даската во средина направете мал простор и ставете ги сенфот, маслиновото масло, оцетот, солта и биберот и мешајте. Откако ќе се соедини дресингот, мешајте ја целата салата со ножот кон дресингот како би се зачинило секое парче зеленчук. Сервирајте во голема чинија со малку маслиново масло врз салата.
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јули.2010 во 17:46

Салата од боранија

Потребно:

* 500 г боранија
* сол
* 1 китка ротквици
* 150 г коктел домати
За салатниот прелив:
* 50 мл маслиново масло
* 1 лажица копар
* 2 страка младо кромитче
* 2 лажици сок од лимон
* сол

Приготвување: исчистената боранија варете ја во солена вода 15-20 минути. Исцедете ја, измијте ја под млаз ладна вода и изладете ја. Во неа додадете ги ротквиците исечени на тркалца и коктел доматите исечени на половина. За салатниот прелив кромитчето исечете го на тенки тркалца, а копарот ситно исечкајте го. Потоа сите состојки измешајте ги и со нив прелијте ја салатата. Сите состојки добро измешајте ги и салатата послужете ја.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јули.2010 во 05:50
Салата со риба туна
 

2-3 домати

2 зелени пиперки

Една рака спирални тестенини или макарони

2-3 јајца

1 голема конзерва со туна

малку мајонез
сол
бибер
магдонос
лук (по избор)

Како да ја подготвите салатата?

Сварете ги јајцата и тестенините и потоа оставете ги да се оладат целосно. Потоа јајцата исечете ги на четвртини.

Исцедете го маслото од туната, а зеленчукот исечете го на поголеми парчиња.

Измешајте го мајонезот со туната, додајте сол и бибер по желба, ставете го ситно исечканиот магдонос и лукот (доколку се одлучите да ставите) и сето тоа помешајте го со тестенините.

Во направените тестенини додајте ги јајцата и зеленчукот.

Лукот одлично ќе се вклопи во салатата и ќе им даде посебен вкус на туната и јајцата.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јули.2010 во 06:03

ПОСНА САЛАТА ОД БУКОВКИ

Состојки:

200 гр. буковки (печурки)

500 гр. ориз

50 гр. растителен кашкавал

100 гр. домати

50 гр. кечап

маслиново масло

црн пипер

сол

вегета

Начин на подготовка:

На претходно сварениот ориз му ги додаваме буковките (маринирани или печени и исечкани на ситни коцки), кашкавалот и ситно исечканите домати. Ги додаваме маслиновото масло и зачините и сето тоа заедно го измешуваме. Се сервира во чинија, одозгора попрсканa со кечап.

Кон врв
BellaGrandma Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Game over

Регистриран: 10.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 20029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BellaGrandma Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Август.2010 во 06:51
Салата од млад спанаќ



млад спанаќ
свеж грашок (се зема поголема количина на спанаќ, а помала грашок)
250 г “фета” сирење
2 лажици сок од лимон
1 лажичка сол
малку црн бибер



Начин на подготовка
Спанаќот треба добро да се измие и да се исцеди.
Грашокот да се измие и да се свари во солена вода, а потоа да се остави да се олади.
Во соодветен сад се мешаат грашокот и спанаќот и се преливаат со прелив кој се подготвува на следниов начин.
Во тегла се ставаат 2 лажици сок од лимон, 5 лажици маслиново масло, солта и биберот.
Сето тоа добро се промешува и се прелива преку спанаќот и грашокот.
Одозгора се посипува со издробено “фета” сирење.
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Август.2010 во 17:19
Салата од дињи и рибизли

Потребно:

1.500 г диња
200 г рибизли
3 лажици рум
1 ќесичка ванилин шеќер
3 лажици сок од лимон
1 лажица нане

Приготвување: добро изладената диња излупете ја, исчистете ја од семките и месото исечете го на коцки. Рибизлите измијте ги и исчистете ги од дршките, па измешајте ги со дињата. Додадете ги румот, ванилин шеќерот, сокот од лимон и ситно сечканото нане, па сите состојки лефтерно измешајте ги. Пред да ја послужите, салатата добро изладете ја.
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Август.2010 во 05:54
Свежа салата

500 г. сирење (гмечено со вилушка)
300 г. шунка (сецкана)
2 краставици (сецкани)
3 павлаки
мајонез
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Септември.2010 во 23:50

Салата од пченка

Потребно:

* 1 конзерва зрна од пченка (500 г)
За преливот:
* 1 лажица зачинал
* 4 лажици вода
* 3 лажици масло
* 3 лажици сок од лимон

Приготвување: извадете ги зрната од пченка од конзервата, исцедете ги и ставете ги во чинија за салата. Измешајте го зачиналот со водата и оставете го да отстои пет минути. Потоа додајте ги маслото и сокот од лимон во течноста, добро измешајте ги, па прелијте ги зрната од пченка со течноста. Левтерно измешајте ја салатата и послужете ја.


Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Септември.2010 во 14:05

Модри патлиџани во масло

Потребно:

* 1 кг модри патлиџани
* 1 л јаболков оцет
* 150 мл маслиново масло
* 2 лажички сол
* 3 чешниња лук

Приготвување: измијте ги свежите неоштетени модри патлиџани и добро исушете ги. Исечете ги на тркалца дебели половина сантиметар. Во пошироко тенџере варете го оцетот додека не зоврие, додајте ја солта, а потоа варете ги модрите патлиџани, дел по дел, по околу пет минути. Исцедените модри патлиџани распоредете ги во суви тегли, а меѓу редовите ставете од ситно исечканиот лук. Оставете ги да се изладат, па прелијте ги со оцетот во кој се вареле модрите патлиџани. На крај прелијте ги со маслиновото масло и затворете ги теглите.


Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Септември.2010 во 06:38

Салата со круши и зелка

Потребно:

* 3 круши (450 г)
* 500 г ситно сечкана црвена зелка
За преливот:
* 5 лажици масло
* 3 лажици јаболков оцет
* 1 лажица рен (од тегла)
* малку ким во прав
* сол

Приготвување: крушите излупете ги, отстранете им ја средината, па исечете ги на парчиња. За преливот измешајте ги маслото, оцетот, ренот, кимот и солта. Преливот мешајте го додека не добиете хомогена смеса. Исечените круши зачинете ги со преливот и нежно измешајте ги. На крај, во нив ставете ја ситно сечканата црвена зелка.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Септември.2010 во 05:32

Лесна салата со туна

Потребно:

* 2 конзерви туна филети
* 4 варени јајца
* 150 г кисели краставички
* 1 чешне лук
* 40 мл маслиново масло
* 1 лажица јаболков оцет
* ситно сечкан магдонос

Приготвување: филетите од туната исечете ги на помали парчиња, па измешајте ги со исечканите варени јајца, со ситно сечканите краставички и магдоносот. Потоа додадете го истолчениот лук, маслиновото масло и јаболковиот оцет. Салатата лефтерно измешајте ја и пред да ја послужите, изладете ја.


Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Септември.2010 во 14:30

Зелена салата со оригано

Потребно:

* 500 г зелена салата
* 50 г младо кромитче
* оригано
За салатниот прелив:
* 50 мл маслиново масло
* 3 лажици балзамико оцет
* сол

Приготвување: салатата и младото кромитче исчистете ги, измијте ги и исечете ги. Маслиновото масло, балзамико оцетот и солта измешајте ги. Прелијте ги врз подготвената салата и лефтерно измешајте ја. На крај, салатата посипете ја со оригано.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Септември.2010 во 16:15

Јајца во сос од ајвар

Потребно:

* 8 јајца
* 4 лажици ајвар
* 4 лажици кисела павлака
* 2 лажици мајонез
* сол
* бибер
* магдонос
* шеќер

Приготвување: јајцата сварете ги, излупете ги и исечете ги на половина. Во ајварот додадете ги киселата павлака, мајонезот, солта, биберот, ситно сечканиот магдонос, по желба малку шеќер и сето тоа добро измешајте го. Јајцата распоредете ги во чинија, прелијте ги со сосот и украсете ги.

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 678910 26>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,281 секунди.