IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Салати
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Салати

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 89101112 26>
Автор
Порака
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јануари.2011 во 14:31

Салата од спанаќ со сирење

Потребно:

* 750 г спанаќ
* 150 г фета сирење
* 1 јаболко
* 50 г ореви
* 4 лажици маслиново масло
* 3 лажици сок од лимон
* сол

Приготвување: исчистете го спанаќот од рачките, измијте го и прелијте го со вриена, солена вода. Исцедете го и ставете го во чинија. Исечете го сирењето на коцкички, излупете го јаболкото, исечете го на коцкички, исечкајте ги оревите, па додајте го сето тоа во спанаќот. Зачинете ја салатата со сок од лимон и со масло, левтерно измешајте ја и послужете ја.


Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Јануари.2011 во 22:41

Салата од целер

Потребно:

* 400 г корен од целер
* 300 г кисели јаболка
* 100 г ротквици
* 100 г едамер (кашкавал)
* 100 г ореви
* 3 лажици сок од лимон
За преливот:
* 50 мл сок од портокали
* 1 лажичка зачинал
* 200 мл павлака за готвење

Приготвување: коренот од целер и јаболката излупете ги, изрендајте ги и испрскајте ги со сокот од лимонот. Додадете ги ротквиците исечени на тркалца, кашкавалот исечен на коцкички и грубо мелените ореви. Павлаката за готвење измешајте ја со зачиналот и со сокот од портокали и оставете ја да отстои 10 минути. Со смесата прелијте ја салатата, добро измешајте ја и пред да ја послужите изладете ја.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Февруари.2011 во 08:05

Домати со моцарела

Потребно:

* 6 домати
* 2 парчиња сирење моцарела (по 125 г)
* 1/2 китка свеж босилек
* 4 тенки парчиња пршута
* сол
* крупно мелен бибер
* 4 лажици маслиново масло

Приготвување: доматите измијте ги, а сирењето исцедете го. Сирењето и доматите исечете ги на тркалца, дебели половина сантиметар. Наизменично наредете ги во чинија. Измијте го и исушете го босилекот, па ситно исечкајте го и посипете го врз доматите и сирењето. Пршутата завиткајте ја во вид на ролнички и распоредете ги околу доматите и сирењето. Салатата зачинете ја со сол, бибер и со маслиновото масло.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Февруари.2011 во 03:12

Салата од црна трупка

Потребно:

* 500 г црна трупка
* 3 лажици масло од тиква
* 1 лажица вински оцет
* сол

Приготвување: црната трупка излупете ја и изрендајте ја. Потоа посолете ја, па прелијте ја со маслото и оцетот. Сето тоа добро измешајте го. Салатата од црна трупка послужете ја со месни јадења.

Кон врв
BisernA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 27.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 4662
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BisernA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Февруари.2011 во 18:10
Originally posted by емил емил напиша:

<SPAN id=ArticleTitle =WB_VEST_Naslov>Домати со моцарела</SPAN>


Потребно:* 6 домати* 2 парчиња сирење моцарела (по 125 г)* 1/2 китка свеж босилек* 4 тенки парчиња пршута* сол* крупно мелен бибер* 4 лажици маслиново маслоПриготвување: доматите измијте ги, а сирењето исцедете го. Сирењето и доматите исечете ги на тркалца, дебели половина сантиметар. Наизменично наредете ги во чинија. Измијте го и исушете го босилекот, па ситно исечкајте го и посипете го врз доматите и сирењето. Пршутата завиткајте ја во вид на ролнички и распоредете ги околу доматите и сирењето. Салатата зачинете ја со сол, бибер и со маслиновото масло.



подобро од патлиџанче и сиренце нема,... дури и пршутата не е потребна
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Февруари.2011 во 23:31
Не си во право Бисерна.Тука веќе зборуваме за различен вкус на сирењето.Немој да ја подценувааш моцарелата намигнување 
 
-----------------------------------------------------------------
 

Салата со цвекло и целер

Потребно:

* 500 г цвекло
* 4 гранчиња целер
* 1 китка младо кромитче
За преливот:
* сол
* 1 лажица јаболков оцет
* 50 мл масло
* 2 лажици сок од јаболка
* бибер
* 1 лажица ситно сечкан магдонос
* 1 лажица ситно сечкан копар

Приготвување: цвеклото излупете го и изрендајте го на покрупни резанки. Гранчињата целер исечете ги на потенки тркалца, а младото кромитче ситно исечкајте го. Солта измешајте ја со оцетот, маслото, сокот од јаболката, биберот и со ситно сечканите магдонос и копар. Сето тоа добро измешајте го, а потоа со смесата прелијте ја салатата.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Февруари.2011 во 12:50

Освежителна салата со компир

 

Потребно за 4 лица:

  • 1/2 кг. млади компири
  • 3-4 млади кромидчиња
  • маслиново масло
  • сол, бибер
  • две големи лажички мајонез
  • две големи лажици павлака
  • јаболков оцет

Подготовка: Компирите сварете ги. Додека се уште топли излупете ги и исечете ги на помали коцки. Така топли, компирите зачинете ги со малку сол и бибер. Во мал сад помешајте ги јаболковиот оцет, маслиновото масло, солта и биберот. Промешајте. Со смесата полијте ги топлите компири. Промешајте. Во друг сад помешајте ги павлаката, мајонезот и ситно исецканите млади кромидчиња заедно со зелените перките. Промешајте. Додајте го сосот во компирите. Целата смеса убаво промешајте ја за да се соедини сосот со компирите.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Февруари.2011 во 13:02

Салата Капрезе

Малку историја за салата:  Insalata Caprese е едноставна салата, со потекло од островот Капри, Кампања, регион во Италија уште во 1950 година. Традиционалната Капрезе салата се прави со моцарела од крајво млеко, домати и маслиново масло зачинето со оригано и аругула. Секаде во Италија, при декорирање на салата се користат и ливчиња босилек.

Потребно:

  • 4 домати
  • 400 гр. моцарела
  • маслиново масло
  • сол, бибер
  • босилек

Подготовка:  Доматите и моцарелата исечете ги на еднакви кругови. Почнете да ги редите во круг на голема чинија. Едно парче домат, па моцарела и пак домат па моцарела и така се во круг. Под секој пар моцарела и домат, ставете ливче босилек. Зачинете со маслиново масло, оригано, сол и бибер по вкус

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Февруари.2011 во 14:11

Класична Валдорф салата

Интересни податоци за салатата: Валдорф салатата е созадена во Хотел Асторија, во Њујорк во 1896 од менаџерот на кујнскиот оддел Oscar Tschirky и од тогаш салатата е вистински успех. Оригиналната верзија на салатата била со јаболка, целер и мајонез. Подоцна во неа додавале сецкани ореви, кои станале главната состојка во салатата. Салатата Валдорф се служи на листови од марула.

Потребно:

  • едно зелено јаболко Granny smith, сецкано на коцки
  • една лажица сок од лимон
  • пола страк целер, исецкан на коцки
  • 1/4 мајонез
  • 1/4 суво грозје
  • 1/4 сецкани ореви
  • неколку листови марула

Подготовка: Сецканите јабока полијте ги со сокот од лимон. Додадете ги целерот, сувото грозје, оревите и мајонезот. Измешајте ја целата салата. Послужете во листовите од марула.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Февруари.2011 во 14:14

Секси салата со печени пиперки и домати

Потребно:

  • 1 лажица јаболков оцет
  • 1 лажица оцет балсамико
  • 1 мало чешне лук, ситно сецкано
  • 1/4 ладно цедено маслиново масло
  • сол, бибер
  • 1/2 кг. црвени пиперки (за ајвар) може и бабури
  • 1 лажица ситно сецкан босилек
  • 1/2 кг. свежи домати
  • пола китка марула
  • 300 гр. кравјо сирење

Подготовка:  Најпрво, направете го дресингот. Во мал сад, помешајте ги јаболковиот оцет, балсамико, лукот и маслиновото масло. Зачинете со сол и бибер, по вкус.

Во рерна, печете ги доматите и пиперките. Може да ги печете исто така и на скара или на рингла. Откако ќе се испечат пиперките, исечете ги на ленти. Доматите исечете ги на коцки. Попрскајте ги со дресингот, додајте малку босилек и измешајте. Листовите марула искинете ги на мали парчиња. Додадете ги во садот со пиперки и доматите. Измешајте ја целата смеса. Додадете ги коцките кравјо сирење. Измешајте. Оваа салата може да се јаде и топла и ладна.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Февруари.2011 во 14:18

Жетварска салата

Ова е една од оние салати кои сакате да ги подготвувате во овие жештини. Всушност, не се сеќавам на некоја поосвежителна од оваа. А за тоа колку е лесна и едноставна за подготовка, ќе оставам на Вас да се уверите.

Потребно за 4 лица:

  • две свежи краставици, исецкани на ситни коцки
  • вода
  • јаболков оцет
  • сол
  • 1 чешне лук многу ситно сецкан, по желба

Подготовка: Во длабок сад ставете ги сецканите краставици и лукчето. Ставете вода колку да ги покрие и плус еден прст над нив. Оцет ставете по желба(некој сака покисело, некој не). Посолете по вкус

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Февруари.2011 во 14:25

Салата со лубеница, фета и црни маслинки

Лубеница! Сочна, крцкава и свежа. Погледнете го рецептот, направете ја салатата и викнете ги пријателите и блиските.

Потребно за 8 лица:

  • 1 главица црвен кромид
  • 3 лимони
  • 1,5 кг. лубеница
  • 300 гр. фета сирење
  • неколку ливчиња свежо нане
  • 4 големи лажици маслиново масло
  • 100 гр. црни маслинки
  • бибер

Подготовка: Лубеницата исечете ја на коцки. Црвениот кромид исечете го на полумесечинки. Во сад за салата ставете ги коцките лубеница и кромидот. нането ситно исецкајте го и ставете го во салатата. Ставете ги маслинките. Зачинете со бибер, сок од лимон и ладно цедено маслиново масло. Промешајте ја целата салата. На крај, ставете парчиња фета сирење.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Февруари.2011 во 14:26

Веганска мексиканска салата со грав

Еден од топ десетте извори на калциум за вегетаријанците е гравот. Исто така, гравот е и еден од десетте продукти кои ги штитат срцето. Оваа салата е толку добра, вкусна и здрава што ако ја направите еднаш, ќе ја правите потоа многу често.

Потребно за 4 лица:

  • 1/2 конзерва црн грав, исцеден
  • 1/2конзерва бел грав, исцеден
  • 1/2 бел грав со мали зрна, исцеден
  • 1/2 зелена пиперка, сечена на коцки
  • 1/2 црвена пиперка, сечена на коцки
  • 1/2 црвен кромид, сечен на кругови
  • 1/4 маслиново масло
  • 1/4 вински оцет
  • 1 лажица сок од лимон
  • 1 лажица бел шеќер
  • 1-1/2 лажица сол
  • 1/2 чешне лук, сецкано
  • 1/2 конзерва пченка
  • 2 лажици ситно сецкан магдонос
  • 3/4 мелен ким
  • 3/4 бибер
  • 1/2 табаско сос
  • 1/4 лажица чили прашок

Подготовка: Во голема здела, ставете ги трите вида грав, пченката,кромидот на полумесечинки и пиперките. Измешајте. Во мал сад, помешајте ги маслиновото масло, лимоновиот сок, лукот, магдоносто, кимот и биберот. зачинете со сол, по вкус, табаско сос и чили. Овој дресинг ставете го врз зеленчукот. Убаво промешајте и сервирајте ладно.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Март.2011 во 14:00

Компир салата со прелив

Потребни производи:
 
 
 
 

4 варени компири
4 кисели краставички
4 варени јајца
1 чашка павлака или лесен мајонез
сок од лимон
магдонос, сол и бибер

Начин на приготвување
Исечете ги компирите и краставичкитена на парчиња а белките на летни. Испасирајте ги жолчките со вилушка и додадете го сокот од лимот и павлаката (мајонезот), посолете и промешајте. Половина од сосот сипете го во смесата од компирите, промешајте и ставете во чинија. Потоа залејте со одтатокот од сосот и посипете со ситно сецкан магдонос или праз. Салатата можете да ја комбинирате со виршли или со колбаси.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 89101112 26>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,266 секунди.