IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Салати
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Салати

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 242526
Автор
Порака Обратен редослед
Tattoo Beauty Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Tetovirana Sexy Ubavica

Регистриран: 10.Август.2006
Статус: Офлајн
Поени: 4549
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tattoo Beauty Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Март.2007 во 16:37
Француска салата

- 2 компири
- 3 моркови
- 200 гр. Грашок
- 1 кисела краставичка
- 250 гр. Мајонез
- магдонос
- 1 јајце
- 1 јаболко
- сол и црн пипер


На даската за сечење најпрво на кругови, а потоа на ситни коцки ги сечеме варените компири. Компирите ги собираме во еден поголем длабок сад. Потоа на исти такви коцки ги сечкаме варените моркови, па и нив ги додаваме во истиот сад. На ред е киселата краставичка, ја сечкаме на исти коцкички па и неа ја ставаме во садот. Јаболкото го сечеме на четвртинки и парчињата ги лупиме. И јаболкото го сечеме на коцки и ги додаваме во истиот сад. Потоа во садот го додаваме претходно сварениот грашок. Магдоносот ситно го сечкаме и го додаваме во салатата. И претходно свареното јајце го сечкаме на ситни коцки, кои ги ставаме во салатата. Салатата ја посолуваме и ја зачинуваме со мелен црн пипер. На крајот го додаваме мајонезот и се убаво промешуваме.

На чинијата за сервирање ставаме 2 листа зелена салата и врз нив ја ставаме претходно подготвената салата. Со лопатка ја рамниме површината на салатата, а одозгора салатата ја премачкуваме со мајонез. Со помош на готварски шприц со мајонез ја украсуваме салатата. Декорацијата ја завршуваме со една половинка од варено јајце и 4 цели маслинки. Со тоа ФРАНЦУСКАТА САЛАТА е подготвена.



Салата од тестенини на грчки начин


- 300 гр резанки
- 2 домата
- 2 зелени пиперки
- 200 гр Фета сирење
- 10 зелени полнети маслинки
- 1 лимон
- 1 чешне лук
- маслиново масло
- сол и црн пипер

Водата во тенџерето на оган ја посолуваме. На пиперките им ги отсекуваме рачките. Потоа ги сечеме на половина по должина и им ги отстрануваме семките. Ги сечкаме пиперките на коцки. Маслинките ги сечкаме на кругови. Сирењето го сечкаме на коцки. На доматите им ги отстрануваме рачките. Потоа и доматите ги сечкаме на коцки. Резанките ги ставаме да се варат во зовриената вода. Промешуваме. Лимонот го сечеме на половина. Го цедиме лимонот во цедалка. Лимоновиот сок го ставаме во подлабок сад. Чешнето лук го гмечиме со нож. Потоа ситно го сечкаме. Исечканиот лук го додаваме во садот со лимоновиот сок. Во садот наросуваме мелен црн пипер. Посолуваме. Додаваме маслиново масло. Мешаме со жица за матење. Тенџерето со сварените тестенини го тргаме од оган. Содржината од тенџерето ја истураме во цедалка. Ги плакнеме резанките со студена вода. Исцедените резанки ги ставаме во поголем длабок сад. Во садот додаваме сечкани пиперки, маслинки, домати и сирење. Мешаме со лажица. Салата ја преливаме со преливот од зачини. Повторн мешаме со лажицата. Ја сервираме салатата во длабока стаклена чинија за салата. Врз Салатата од тестенини на грчки начин ги додаваме преостанатите парчиња домати, пиперки, маслинки и сирење. Врз салатата наросуваме оригано.



Салата од ориз и туна


- 250 гр. ориз
- 160 гр. туна
- 100 гр. маслинки
- 1 црвена конзервирана пиперка
- 2 кисели краставички
- 1 лимон
- масло за јадење
- сол и црн пипер


На даската за сечење пиперката ја сечкаме на тенки долгнавести парчиња. Претходно сварениот и исцеден ориз го ставаме во поголем длабок сад. Во садот ја додаваме исечканата пиперка. Краставичките ги сечкаме на тенки кругови. Круговите краставички ги додаваме во садот. Во садот ја додаваме туната. Со алатка на маслинките им ги отстрануваме семките. Потоа и маслинките ги додаваме во садот. Еден лимон го сечеме на половина. Половината лимон го цедиме во цедалка. Лимоновиот сок го додаваме во садот. Посолуваме. Наросуваме мелен црн пипер. Магдоносот ситно го сечкаме. Исечканиот магдонос го додаваме во садот. Целата смеса ја мешаме со лажица. Страничните делови на подлабок стаклен сад ги обложуваме со листови зелена салата. Потоа садот го полниме со ссалатата од ориз и туна. Половина ротквичка ја сечкаме на полукругови. Со по три парчиња ротквичка украсуаваме на двата краја на салатата. На другите два краја од чинијата украсуваме со два полукруга лимон.



Американска редена салата

- 200 гр. Варен ориз
- 200 гр. Варен грашок
- 200 гр. Мајонез
- 200 гр. Спанаќ
- 1 зелена пиперка
- листови од целер
- 200 гр. Кисела павлака
- 1 главица кромид
- 1 клраставица
- 200 гр. Варена пченка
- сол и црн пипер
- масло за јадење

Ја земаме краставицата и најпрво и ја отстрануваме рачката. Потоа ја сечкаме на тенки кругови. Парчињата краставица ги ставаме во една стаклена длабока чинија за салата. Потоа во салатата ставаме од претходно сварениот ориз. Пиперката ја сечеме на тенки кругови и парчињата ги редиме во чинијата. Потоа во чинијата го додаваме варениот грашок, па варената пченка. Листовите спанаќ ситно ги сечкаме па ги редиме во чинијата. Потоа во чинијата редиме уште еден ред од варениот ориз, па уште еден ред кругови од краставица. Главицата кромид ја сечеме на тенки кругови, круговите ги разлистуваме на прстени кои ги редиме во чинијата за салата. Листовите целер ситно ги сечкаме и ги додаваме во салатата.

Во еден сад настрана мешаме иста количина кисела павлака и мајонез. Наредената салата во чинијата ја зачинуваме со масло за јадење, а во преливот од мајонез и павлака додаваме сол и мелен црн пипер. Промешуваме и со лажица преливот го нанесуваме врз готовата салата. Сечкаме уште малку од листовите целер и ја украсуваме американската салата.


Холандска салата

Потревни состојки за оваа салата:

- 200 гр. шунка
- половина главица кромид
- краставица
- 200 гр. кашкавал
- 1 лимон
- 1 лажица сенф
- 200 гр. мајонез
- 1 јаболко
- 1 лажица оцет
- сол и црн пипер

Подготовка:

Ја лупиме краставицата. Потоа на даската за сечење краставицата ја сечкаме на тенки кругови. Посолуваме и парчињата краставица ги собираме на чинија. Кромидот ситно го сечкаме и го ставаме во поголем длабок сад. Додаваме една лажица оцет. Посолуваме и наросуваме мелен црн пипер. Јаболкото го лупиме во круг и му ги отстрануваме рачката и семките. Потоа јаболкото го сечкаме на коцки и го собираме во сад настрана. Лимонот го сечеме на половина и го цедиме во цедалка. Со сокот од лимон ги преливаме коцките јаболко, за да не потемнат. И кашкавалот го сечкаме на коцки и го додаваме во големиот сад. На коцки ја сечкаме и шунката и ја додаваме во садот.

Потоа во садот ги додаваме парчињата краставица и коцките јаболко. Во мајонезот додаваме една лажица сенф, промешуваме и го додаваме сокот од лимон. Смесата во големиот сад ја посолуваме и ја зачинуваме со мелен црн пипер. Потоа во садот го додаваме претходно подготвениот прелив од мајонез и се убаво промешуваме. Неколку листови зелена салата ситно ги сечкаме и во форма на венец ги редиме на чинијата за сервирање. На чинијата за сервирање ја ставаме холандската салата со кашкавал. Украсуваме со цвет од лушпата од јаболко.


Бела салата

Потребно:

- 200 гр. шунка
- 300 гр. урда
- половина краставица
- 1 варено јајце
- масло за јадење
- сол И црн пипер

Подговотка:

На даската за сечење најпрво на долги плочки,а потоа на коцки ја сечкаме краставицата. Парчињата ги ставаме во еден поголем длабок сад. Потоа на коцки ја сечкаме шунката па и неа ја додаваме во садот. Во садот ја додаваме павлаката И урдата. Додаваме И масло за јадење, сол И мелен црн пипер. Се убаво промешуваме со лажица. Чинијата за сервирање ја украсуваме со листови зелена салата, а потоа во форма на топки ја редиме белата салата. Потоа правиме долги ребрести форми од нелупена краставица со кои ја украсуваме чинијата. Декорацијата ја завршуваме со тенки кругови И полукругови од ротквица врз топките од бела салата.


]Пилешка салата

- 350 гр. Пилешки стек
- 1 морков
- 2 компири
- 200 гр. Кисела павлака
- маргарин
- 200 гр. Мајонез
- 2 киссели краставички
- 200 гр. шампињони
- сол и црн пипер

На даската за сечење најпрво на ситни коцки го сечкаме обарениот морков. Го собираме во еден сад и го оставаме настрана. Потоа на исти такви коцки го сечкаме варениот компир и киселите краставички. И нив ги собираме во еден сад и ги оставаме настрана. Потоа на тенки листови ги сечкаме маринираните шампињони и ги собираме во еден сад и ги оставаме настрана. На исти коцки како и првиот го сечкаме и вториот варен компир и го ставаме ви еден поголем длабок сад. Во садот ги додаваме исечканите моркови.

На даската за сечење на коцки го сечеме претходно сварениот пилешки стек. Парчињата месо ги ставаме во садот со компири и моркови. Во садот го додаваме и преостанатиот исечкан зеленчук. Смесата ја посолуваме и ја зачинуваме со црн пипер. Потоа го додаваме мајонезот и киселата павлака и се убаво промешуваме. Готовата салата ја вадиме на чинија за сервирање.

Во еден сад од малку мајонез, разблажжен со бело вино, подготвуваме прелив со кој ја преливаме салатата на чинијата. Со помош на готварски шприц и мајонез ја декорираме салатата, а декорацијата ја завршуваме со неколку цели маслинки и гранче магдонос.


Зелена салата со стапчиња од сирење

- 100 гр. кравјо сирење
- 200 гр. зелена салата
- 1 излупен домат
- 1 јајце
- 1 ротквичка
- маслинки
- кори за пита
- масло за јадење
- 30 мл. вински оцет
- сол и црн пипер


На даската за сечење корите ги сечеме на половина. Јајцето го кршиме и ги двоиме жолчката од белката. Сирењето го сечеме на стапчиња. Секоја од корите ја премачкуваме со масло за јадење. Врз кората го ставаме парчето сирење и го преклопуваме со двата краја од кората. Од кората виткаме ролат чиј крај го премачкуваме со изматена белка за да не се одлепува при пржењето. Вака подготвените ролати ги редиме на чинија.
На оган ставаме една тава и во неа ставаме масло за јадење. Во загреаното масло ги ставаме ролатите да се пржат. За време на пржењето ги превртуваме за да бидат рамномерно испржени од сите страни. Доматот го сечеме на кришки а испржените ролати ги ставаме на чинија, обложена со салфетки за да ја впијат маснотијата.
Во еден сад ги ставаме оцетот и солта и промешуваме. Потоа додаваме масло за јадење и со тоа винеград сосот е подготвен. Листовите зелена салата ги кинеме на парчиња и ги редиме на чинијата за сервирање. Потоа врз листовите зелена салата ги редиме парчињата домат, а на средината ставаме 3 маслинки. Ротквичката ја засекуваме во форма на цвет и ја ставаме во средината на салатата. Потоа салатата ја преливаме со винеград сосот и на крај ги додаваме испржените ролати од кори.


Зелена салата со ракчиња

- 200 гр. речни ракчиња слимс
- 5 маслинки
- 1 лимон
- за декорација ротквички, морков и француски магдонос
- 100 гр. мајонез
- 100 гр. павлака
- 1 варено јајце
- зелена салата
- јаболков оцет
- сол и црн пипер


На даската за сечење ги сечкаме листовите зелена салата. Потоа ги редиме на чинијата за сервирање. Врз салатата ги редиме претходно обарените ракчиња. Вареното јајце го сечеме на четвртинки, кои ги редиме на четири краја на салатата. Павлаката ја мешаме со мајонеот и додаваме мелен црн пипер. Посолуваме и го додаваме оцетот. Со кафена лажица се убаво промешуваме. Преливот го ставаме на средината на салатата, а врз него уште еднаш расфрламе од ракчињата. Украсуваме со цвет од ротквичка и гранче француски магдонос на средината на чинијата. Маслинките ги сечкаме на половинки и ги редиме по целата салата. Лимонот го сечкаме на тенки кругови, со кој исто така ја декорираме салатата.





**Ако ми текне уште некоја ќе пишам

Изменето од SeXY - 14.Март.2007 во 16:42
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 242526
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,250 секунди.