IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > АРХИВА > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Рано Христијанство
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Рано Христијанство

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 10111213>
Автор
Порака
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Август.2008 во 17:11

Само оној што не ја прочитал Библијата тврди дека таа може да се толкува на различни начини. Оној што ја прочитал знае дека вистините во неа се од јасни појасни, еднозначни, недвосмислени, разбирливи како за обично рибарче, така и за докторите по наука.

Нека не ми замераат јеховините сведоци, адвентистите, православците, мормоните итн, но јас отворено кажувам дека Библијата и нејзиното толкување не е причина за разликите меѓу црквите, туку основна разлика се изворите на вистина (Библијата, традициите, житијата на светите отци, вселенските собори, пишувањата на некои современи "пророци" и "пророчици", следењето на разни верски или црковни авторитети, великодостојници итн)


Изменето од EvAngelos - 07.Август.2008 во 17:12
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
Karamazov Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Мај.2008
Статус: Офлајн
Поени: 144
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Karamazov Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Август.2008 во 22:44
Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

Библијата и нејзиното толкување не е причина за разликите меѓу црквите, туку основна разлика се изворите на вистина (Библијата, традициите, житијата на светите отци, вселенските собори, пишувањата на некои современи "пророци" и "пророчици", следењето на разни верски или црковни авторитети, великодостојници итн)



Ne primetuvas deka ova teza ti e protivrecna samata na sebe, kako i celata religiozna filozofija od koja se vospituvas?
tre, tri, tra
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Август.2008 во 00:11

Не приметувам противречност во мојата теза. Помогни ми да приметам на тој начин што ќе цитираш две мои изјави кои меѓусебно си противречат.

Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
Karamazov Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Мај.2008
Статус: Офлајн
Поени: 144
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Karamazov Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Август.2008 во 07:32
Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

Библијата и нејзиното толкување не е причина за разликите меѓу црквите,
туку основна разлика се изворите на вистина Библијата,



Библијата

и то...
tre, tri, tra
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Август.2008 во 12:20
Karamazov, јас побарав од тебе да ми цитираш две мои противречни изјави, а не да ги менуваш моите изјави, па потоа да тврдиш дека се противречни голема%20насмевка а ти токму тоа си го направил, бришејќи ја клучната заграда во втората моја изјава.
 
Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

Нека не ми замераат јеховините сведоци, адвентистите, православците, мормоните итн, но јас отворено кажувам дека Библијата и нејзиното толкување не е причина за разликите меѓу црквите, туку основна разлика се изворите на вистина (Библијата, традициите, житијата на светите отци, вселенските собори, пишувањата на некои современи "пророци" и "пророчици", следењето на разни верски или црковни авторитети, великодостојници итн)
 
Значи, заради твојот изненадувачки и неочекуван IQ ќе се обидам да ти објаснам малку поедноставно.
Библијата и нејзиното толкување не е причината за разиките меѓу јеховините сведоци, адвентистите, православците, мормоните итн. Туку основна разлика се изворите на вистината. Некои ја земаат Библијата како основен и единствен извор за вистините и праксите во својата вера. Други ја земаат Библијата заедно со традицијата, житијата на светите "отци", одлуките на вселенските собори, пишувањата на разни луѓе. Трети ја земаат Библијата заедно со пишувањата на некои современи пророци/пророчици. Четврти воопшто не ја читаат Библијата, туку се поведуваат по некои накитени великодостојници. Петти воопшто не ја земаат Библијата, туку си имаат некоја друга своја "библија" итн.
 
п.с. Ако друг пат промениш моја изјава и ја цитираш како да е кажана од мене, ќе потегнам казнена процедура против тебе намигнување


Изменето од EvAngelos - 08.Август.2008 во 12:23
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
Nikki Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 02.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 259
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Nikki Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Август.2008 во 13:10
Имам мала замерка, ние не сме православци туку православни

Евангелос, ако на Библијата не и треба толкување
Зошто во твојата црква има многу многу Коментари на Библијата
На секој стих од Библијата
Зошто имате Ливинг Преводи, со слободен протестантски современ превод ?
И уште илјадници книги, во кој се наведува едно протестантско разбирање на Библијата, преку примери од секојдневниот живот
Значи твојата Библиотека ја прифаќаш
А православната Библиотека со безброј житија и толкувања не можеш да ја прифатиш

Зошто си таков ?
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Август.2008 во 13:39
Nikki, јас не ја читам само Библијата. Во мојата домашна библиотека имам голем број на христијански книги, научни книги, нехристијански, исламски, белетристика, романи, цела колекција на Достоевски, речници итн итн.
Но разликата меѓу мене и тебе е што за мене ЕДИНСТВЕНО само Божјиот Збор - Библијата е Божји Збор, боговдахновена книга, Света Книга од која ги црпам вистините и праксите на мојата вера. Дури и кога читам коментари на Библијата јас не ги читам нив како некое боговдахнновено дело, како некој авторитет, туку само како мислења на други сериозни проучувачи на Библијата. Секоја христијанска книга јас ја читам преку призмата на Библијата, затоа што единствено таа е мој критериум за вистината, од Бога одобрен и потврден Авторитет, од Бог вдахновена книга.
 
Дали некогаш си прочитала во моите коментари тука јас да ги бранам моите аргументи со некои цитати од некоја друга книга освен Библијата? Зарем не сум препознатлив по тоа што зад секој мој аргумент стои (Јован 3:16) (1 Коринтјаните 8:4) (Исаија 55:9) итн? среќа Кога сум напишал јас (Barnes Comentary of the Bible 5:18) ??? Никогаш! Ниту ќе напишам, затоа што Библијата за мене е единствениот Божји Збор полезен за поука, за изобличување, за поправање и за воспитување во правдата, за да биде Божјиот човек совршено подготвен за секое добро дело. (2 Тимотеј 3:16) намигнување
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
Nikki Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 02.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 259
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Nikki Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Август.2008 во 13:47
Противречен си
Твој авторитет е Пасторот на Баптистичка Црква
Неговото разбирање на Светото Писмо е и твое разбирање

СЕ што пишуваш е противречно
** за мене ЕДИНСТВЕНО само Божјиот Збор
Епа не е само Божјиот збор, туку и се друго што читаш
Зошто не ги читаш ПРавославните Житија и Толкувања ?
А ги читаш Протестантските Коментари
Зошто не одиш на Проповед во православна црква туку во твојата црква
Ти си одлучил да ги читаш твоите коментари
А можеби си читнал некој ред православни толкувања
Значи постои разлика
Темел на твојот духовен живот се Протестатските Кометари
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Август.2008 во 14:04

Nikki, на твоите обвинувања им фали една ситница - аргументи среќа

Јас никогаш не сум се повикал на некаков протестантски коментар, ниту на изјава на некој пастор, ни од баптистичка, ни од евангелска, конгрешанска, методистичка ниту од било која друга протестантска црква. Напротив, за секој мој став се повикувам на Библијата. Зад секој мој аргумент стои библиски цитат (Библијата 1:1) За тоа сведоци ми се сите членови на форумов идивиди, а и на другите форуми.
Сметам дека ти си ја имаш мувата на капата, па пробуваш да ја ишнеш од мојата глава, затоа што во твоите коментари оскудува Божјиот збор, а истите се преполни со житија, разни веб линкови и други човечки зборови.
Иако ти сега ми се правиш фраерка мене, сепак слободно можам да кажам дека и јас сум еден од твоите црковни авторитети голема%20насмевка, затоа што половина од моите коментари тука ги најдов копирани (плагијат!) на твојот приватен мистично духовен веб сајт (http://www.angelfire.com/falcon/voznesenie/) трепкање
Значи како што јас го цитирам Исус, Исаија, Петар, Павле итн од Библијата, така и ти ме цитираш мене од овој форум на други веб сајтови плазење
 
Originally posted by Nikki Nikki напиша:

Имам мала замерка, ние не сме православци туку православни
 
Имам и јас мала замерка. Јас не сум протестант, туку христијанин.


Изменето од EvAngelos - 08.Август.2008 во 14:19
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Август.2008 во 15:11
Евангелос, имаш доста погрешно разбирање за делата на светите отци и нашиот однос кон нив...
Единственото што се смета за Божје Слово - е Библијата.
Се друго - е пишувано од авторитети, вдахновени од Бога да го направат тоа, но нивниот збор не е закон. Единственото неоспорно и неменливо нешто е Библијата.
Ги нарекуваме авторитети, затоа што се луѓе кои или се многу добро запознаени со тоа што го пишуваат, или се навистина вдахновени од Бога, а тоа е препознаено од страна на луѓето и црквата и почитувано како такво.
Кога се обраќаме кон нивните писанија?
Секогаш кога имаме прашање, дилема, потреба од духовен совет, се обраќаме кон Библијата. Кога ќе наидеме на прашање кое не можеме да го разбереме до крај или не сме во состојба со до крај чист ум и срце да го примиме словото на Библијата од било која причина, тогаш писанијата на светите отци ни помагаат да го надминеме тој проблем, не советуваат како подобро и полесно да го примиме Словото Божје.
Не гледам ништо спорно во тоа. Имаш доста чудно разбирање за поимот авторитет и односот кон него. Единствен неоспорен авторитет е Бог и Неговото Слово. Се друго е само помошно средство и се третира како такво.
Do what is right, come what may...
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Август.2008 во 16:02
Originally posted by zidarski zidarski напиша:


Секогаш кога имаме прашање, дилема, потреба од духовен совет, се обраќаме кон Библијата. Кога ќе наидеме на прашање кое не можеме да го разбереме до крај или не сме во состојба со до крај чист ум и срце да го примиме словото на Библијата од било која причина, тогаш писанијата на светите отци ни помагаат да го надминеме тој проблем, не советуваат како подобро и полесно да го примиме Словото Божје.
 
Со други зборови велиш дека Светото Писмо не е доволно за нас обичните христијани, па ни се потребни и дополнителни човечки писанија за да ни ја преџвакуваат Божјата недоволно подготвена храна за нас?
 
"Целото Писмо е од Бога вдахновено и е полезно за поука, за изобличување, за поправање и за воспитување во правдата, за да биде Божјиот човек совршено подготвен за секое добро дело."
(2 Тимотеј 3:16-17)
 
Како што гледаш Библијата е доволна за да не направи совршено подготвени за секое добро дело. Зборот "совршен" нема компаративна, ниту суперлативна форма. Нема посовршени и најсовршен. Или си совршено подготвен или си несовршено подготвен. Дополнителните писанијата на светите "отци" не можат да те направат посовршено подготвен, затоа што Библијата веќе те направила совршено подготвен.
 
Дури и еден од вашите свети отци вели дека...
 
"Светото и Боговдахновено Писмо е сосема ДОВОЛНО за објавување на вистината"
(Атанасије Велики, Контра Паганите I:3)
 
Ова не го земам како аргумент, туку само ви укажувам на тоа дека оние на чии писанија се повикувате да ви го надополнат Светото Писмо, истите тие ви велат дека Светото Писмо е доволно за објавување на вистината.
 
Но за жал, православните не само што го надополнуваат Светото Писмо со нивните традиции, писанија на еден куп рани и доцни свети "отци", одлуки на вселенски и помесни собори, туку и целосно го потиснаа Светото Писмо од нивната теологија и пракса со овие човечки зборови. Впрочем, набљудувајќи го денес православието, со сите тие икони, мошти, свети водички, крстови, бројаници и други реликвии, ценовници, тезги, човечки слави, молитви кон марија и други светци, култни личности, етнофилетизам, вмешаност во политиката итн кој може да препознае РОНКА ОД СВЕТОТО ПИСМО во сето тоа? Јас не.
 


Изменето од EvAngelos - 08.Август.2008 во 16:03
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Август.2008 во 16:11
Евангелос, не го извртувај тоа што го реков, не ти доликува.
Никаде не реков дека Библијата не е доволна. Напротив - токму затоа што Библијата е она што не прави совршено подготвени, треба да ја запознаеме и разбереме што подобро. Ако во тоа ни помогнат писанијата на светите отци, не гледам ништо лошо во тоа, а напротив, тоа е помош на патот кој води кон постигнување на совршенството кое Библијата го нуди.
Вториот дел од твојата порака е токму она за кое зборувам - мешаш две работи. Православието и она кое денес се претставува од страна на разни неуки свештеници и бизнисмени како такво. Тоа се две сосема различни работи. Но - ти како искрен трагач по вистината, би требало да си во состојба да правиш разлика меѓу тие две работи... барем се надевам дека е така...
Do what is right, come what may...
Кон врв
Nikki Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 02.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 259
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Nikki Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Август.2008 во 17:46
Ова е став на Православната Црква:
Делата на Св. Отци се Боговдахновени, но не се безгрешни
Нивното учење не е безгрешно
А само учењето во Светото Писмо е Безгрешно
Исто и Симболот на Верата е Безгрешен, бидејќи тој е составен од учениците на Апостолите

Од повторно може да се заклучи дека Авторитет на секоја црква се Толкувањата на Светото Писмо
А не самото Св Писмо
Бидејќи ако земе секој да му биде авторитет Св Писмо
Тогаш нема да има илјадници цркви, но милијарди цркви
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Август.2008 во 17:49
Имено.
Библијата дури не е авторитет - таа е Апсолут!
Авторитет - е она/оној што ти помага за да го протолкуваш тој Апсолут, преку своите знаења и спознавања.
Do what is right, come what may...
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 10111213>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,344 секунди.