IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Градови во Македонија
  Активни теми Активни теми RSS - Што ви се допаѓа а што не во МАКЕДОНИЈА
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Што ви се допаѓа а што не во МАКЕДОНИЈА

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <123
Автор
Порака
kultuzin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 03.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4903
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kultuzin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Декември.2008 во 15:58
Originally posted by LouWeed LouWeed напиша:

ne mi se svigja toa so makedonija e prljava,a preubava zemja imame,
ne mi se svigja toa sto makedoncite nemat kultura i ni um za kulturno nasledstvo a sme bogati na toa,
ne mi se svigja toa sto makedonija i makedoncite nikogas ne se obidenele a sme golem narod.........


Како бе брат да се обединиме кога викаш СВИЃА место ДОПАЃА.
Инаку постот ти е на место.
Кон врв
nelson Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
НАИВЕН НА МАЈКА

Регистриран: 11.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 6313
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај nelson Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Декември.2008 во 23:43
so e povazno forma ili sodrzaj?
Zeleo bih da te, vezanih ociju, prepoznajem u hiljadama.Ala bih se napipao!
Кон врв
BACHIOS Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 21.Март.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1517
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BACHIOS Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Декември.2008 во 20:27
mi se dpogjat- malku raboti
ne mi se dopagjat--99%
I'm gonna make him an offer he can't refuse- Don Corleone
Кон врв
BACHIOS Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 21.Март.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1517
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BACHIOS Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Декември.2008 во 20:27
Originally posted by kultuzin kultuzin напиша:

Originally posted by LouWeed LouWeed напиша:

ne mi se svigja toa so makedonija e prljava,a preubava zemja imame,
ne mi se svigja toa sto makedoncite nemat kultura i ni um za kulturno nasledstvo a sme bogati na toa,
ne mi se svigja toa sto makedonija i makedoncite nikogas ne se obidenele a sme golem narod.........


Како бе брат да се обединиме кога викаш СВИЃА место ДОПАЃА.
Инаку постот ти е на место.

pa iz kumanova je
I'm gonna make him an offer he can't refuse- Don Corleone
Кон врв
kultuzin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 03.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4903
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kultuzin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Декември.2008 во 00:43
Originally posted by BACHIOS BACHIOS напиша:

mi se dpogjat- malku raboti
ne mi se dopagjat--99%


Убава е Македонија само ние сме за никаде...
Кон врв
brza Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Мај.2010 во 14:15
uufff,збунетост...dolgachok spisokov,...shto ne mi se dopagja,..dolgachok !изненадување

a, shto se dopagja?!...pa, i ne e tolku vazno toa,...koga nateznalo toa shto ne ti se dopagja,...
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јануари.2012 во 22:48

Во Македонија си ја барам судбината



Ако случајно шетате низ кој било град низ Македонија и однекаде го чуете моќниот звук на Андите, немојте да се изненадите. Не се работи за убав сон, ниту за халуцинација. Тоа Персиј Вилка Карбахал ги изведува своите волшебни мелодии. Звуците на Перу одекнуваат редовно низ македонските плоштади. Лете или зиме овој Перуанец веќе четири години ја обиколува цела земја и свири на традиционалните дувачки инструменти со нежен назален призвук. Облечен во традиционална облека од својата земја и опкружен со љубопитна толпа народ, овој човек секогаш успева да привлече внимание. 


- Во Македонија сум веќе четири години. Во најголемиот дел од времето живеам во Охрид, ама патувам низ целата земја - Кавадарци, Битола, Куманово, Скопје... Во сите градови имам настапувано, освен во Штип и во Крива Паланка. Не сум човек кому му биле важни парите, па затоа не ги гледам градовите според тој критериум на заработувачка. Она што ми е најважно е како луѓето ме примаат мене и мојата музика. Сепак, од сите градови најмногу можам да ја пофалам Битола. Тоа е еден од најкултурните градови. Сите се однесуваат на некое повисоко ниво, не само со мене туку и меѓу себе. Охрид, на пример, е туристички град, сé има таму, Скопје, пак, е главен град, ама и двата града ја немаат таа култура - вели Персиј за нашите градови. 


За себе вели дека е потомок на Инките и дека судбината е таа што го донела во Македонија. Повремено свири со уште тројца Перуанци. 


- Бевме група од четири члена и патувавме 12 години речиси низ цела Европа. Во моментов сум сам, моите пријатели се во Италија. Лани бевме и низ целиот Балкан - во Косово, Србија, Бугарија, Словенија, Босна... Да ви кажам искрено, тука сум четири години и многу ми се допаѓа. Мирно е и имам многу пријатели. Јазикот сé уште го учам, па затоа мешам и бугарски и српски. Семејството ми е во Перу. И мајка ми и татко ми. Браќа и сестри немам. А што ме натера да дојдам наваму, сé уште не знам. Ама тоа е тоа. Судбина. Секој човек си ја бара сопствената, а јас сум човек што верува во судбина. Она што посебно ми се допаѓа е тоа што вие имате голема традиција. Вие сте многу постари од нас и по историја и по култура. Сум читал книги за тоа, затоа знам. Ако сакам, сега можам да бидам и во Америка, Австралија, ама јас си го барав своето и, еве, тука сум. Не ми се оди, нешто духовно ме задржува тука. Ако најдам жена, сигурно, ќе останам да живеам тука и засекогаш - раскажува музичарот.


И покрај тоа што се на различни краеви на светот, Персиј смета дека има голема сличност и поврзаност меѓу Перу и Македонија.


- Една од работите што најмногу ме изненади кога дојдов беа традиционалните облеки. Везовите се толку слични што не ми се веруваше. Народот, пак, уште повеќе - топли и гостопримливи луѓе, исто како Перуанците. Сличност има и во темпераментот. Ако сте во Германија, Германецот никогаш нема да ви рече „здраво“. Вие, не. Вие секогаш ме поздравувате - кај си, што правиш, добар ли си..., редовни прашања и од луѓе што не ги познавам - објаснува Вилка Карбахал.Посебно го радува фактот што пред извесно време се отворила перуанска амбасада во Скопје, како и тоа што се отворила македонска амбасада во Лима. - Во Перу живеат околу 100 илјади Балканци од бивша Југославија. Затоа во Аркипа, втор град по големина, има дури и универзитет „Никола Тесла“. Посебно ме радува отворањето на амбасадите зашто, покрај подобрување на дипломатските односи, вака полесно ќе можат да ни се мешаат и културите - смета музичарот.


Покрај тапанот, најчесто свири на дувачки инструменти направени од бамбус. Вели дека има мерак да проба да свири на македонска зурла. 


- Не ги правам сам инструментите, ги купувам од Перу. Од вашите инструменти сум пробал да свирам на кавал. Сличен звук има на моите инструменти, интересен е. Ама сé уште не сум пробал да свирам на зурла. Музиката што ја свирам е духовна, индијанска. Музика од Андите, од природата - вели Перуанецот и додава дека ужива кога слуша македонска традиционална музика.- Воодушевен сум од вашата музика. Посебно ја сакав музиката на Тоше Проески. Кога ја пееше „Зајди, зајди“, се топев, да ти е мерак да го слушаш. За мене, е тоа е духовна музика - вели Персиј.


 Автор: Биљана Стојановска 


http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=124121142244&id=49&prilog=0&setIzdanie=22487




Изменето од mungos80 - 24.Јануари.2012 во 22:49
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Март.2012 во 07:46



Македонија најубавата држава во светот


 


Ако сонцето е  најсјајно  на небото, Македонија  со својот раскош и природни убавини е најсветла ѕвезда на земјата.

Македонија има40 планини од кои 12 се  повисоки дури и од 2000 метри. Ниту една држава во Европа, нема толкав број на самостојни планински целини и планински масиви во однос на својата површина., 34 градови, 1616 села, 160 езера а најстарото и најдлабокото езеро на Балканот е токму во Македонија. Тоа е Охридското езеро за кое се смета дека е старо околу 4 милиони години.Вистински дар од природата, и како скапоцен бисер на Балканот спаѓа во најинтересните и уникатни природни убавини во светот.

Македонија е богата со разновидни дрвја и животински свет. Проценето е дека  постојат 3 500 видови на растенија, 319 видови на дрвја. Во Македонија има 55 видови на  риби и  330 видови на птици.

Најстаро дрво во Македонија е Чинарот во Охрид,  кое расте од 9 век, во времето на Св Климент Охридски.

Битола е најопеаниот град во светот. За Битола се испеани над 500 песни од голем број наши пејачи. Песната по која е препознатлив овој град е Битола мој роден крај, компонирана во далечната 1950 година од Хајри Демировски.

Исарот

Штипското кале Исарот е средновековна тврдина која според легендата била изградена од Крали Марко. Кога го правел калето, неговата сестра ја правела клисурата крај реката Брегалница. Кога погледнал Марко од Исарот и ја видел сестра си како работи со аргати, викнал и ја прашал ’Што правиш мори сестро? А таа му одговорила – ‘Ќе го цепам брегов, брате, да отворам пат до клисурата, та кој да помине, со рает и без страв да врви, па дури и песна да запее‘.

И вистина, како што рекла сестра му на Крали Марко, така е и ден денеска, кој ќе поминел низ клисурата, ќе запеел.

Битола во 1382 -1912

Градот Битола, бил дел од отоманската империја. Со векови Турското население било најбројно во овој град. Евлија Челебија – познатиот патеписец, вели дека градот имал 70 џамии, голем пазар со железни порти и над 900 продавници. Битола тогаш ја викале Манастир, бил главен центар на Румелија (отоманска провинција која опфаќала и делови од Србија и Бугарија) а за која денес Турција сними и турска серија под наслов Збогум Румелија. Филмот , идентично го отсликува животот  на румелиските Турци, родени во Македонија кои морале да ја напуштат таа област по распадот на Отоманската империја во 1899 годиа. Познат како град на конзулите поради тоа што имало 12 конзуларни претставништва во периодот од 1878 – 1913 година. Препознатлив по Саат кулата, за која легендата кажува дека настанала во 1830 година. Била изградена од малтер помешан со  60.000 јајца собрани од соседните села. Висока 30 метри, на врвот има железна ограда со ламби за да го осветлува саатот.

Минерални води во Македонија

Македонија е богата со топли минерални води коишто се прочуени со својата лековитост. Овие води најмногу лекуваат ревматични заболувања. Покрај топлите минерални извори има изградено и бањи. Тоа се посебен вид болници во кои болните, освен со лекови, се лекуваат и со водата, како и со разни вежби за движење. Во бањите има модерни и убави згради, базени со топла минерална вода, паркови и шеталишта. За болните се грижат лекари и друг медицински персонал.Најпознати бањи во Македонија се Дебарски бањи, Катлановска, Кумановска, Кежовица, Банско и Негорци.Водата во Дебарските бањи е најлековита и затоа овие бањи се најпосетени.

Реката Вардар

Најголема река во Македонија е реката Вардар која е долга 420 км. Нејзиниот пат низ Македонија е долг 300 км додека другиот дел е во Грција. Вардар извира во подножјето на Шар Планина во близината на селото Вруток, кај Гостивар.

Кораб

Највисоката планина во Македонија е Кораб, висока 2.764 метри. Кораб  претставува планинско -венечен лак , со правец на протегање од југ кон север. Кораб е планина со најубав планински рељеф.

Цркви во Охрид

Легендата кажува дека во Охрид има 365 цркви кои датираат уште од 4-тиот век.

Првиот македонски олимпиец

Дали знаете кој е првиот македонски олимпиец?

Тоа е Кузман Сотировски- фудбалски репрезентативец, кој настапил на Олимписките игри во Амстердам на 29 мај, 1928 година во дресот на Југославија Играле против Португалија со резултат 1спрема 2 при што Југославија отпаднала од понатамошни натпревари.

Кузман бил роден во село Стенче , Тетовско, имал тројца браќа и во 1913 година заминале на печалба во Белград. Таму отвориле фурни и никогаш не се вратиле во селото.Еден од браќата уште во 1928 година му донесол на Кузман топка купена во Букурешт и тоа била прва топка во селото Стенче. Кузман е учесник и во катастрофалниот пораз на Југославија од Чехословачка во Прага 1-7. 

Флејтата Окарина- стара 6000 години

Македонската традиционална музика е препознатлива во светот по три музички инструменти. Тие се гајдата, кавалот и тапанот. Најголем промотор на македонска традиционална музика во светот е Драган Даутовски, роден во 1957 година во селото Русиново кај Берово.Отсекогаш импресионирал со својот музички талент и мајсторство во својот музички занает. Може да свири на повеќе од 20 традиционални музички инструменти. Така, Драган Даутовски го чува и негува македонското фолклорно богатство и неговата посебност. Со својата музика тој длабоко навлегува во традиционалните вредности и ги вметнува во денешната модерна музика. Но уште понтересно е тоа што Драган Даутовски е единствениот  музичар во светот  кој свири на античка бакарна флејта  стара 6000 години, наречена  Окарина. Потекнува од неолитскиот период а е пронајдена во близина на Велес. Затоа велат дека неговата музика звучи 6000 години стара, за чие изведување е потребна голема концентрација и духовна подготовка.

За Пеце Атанасовски -  најдобриот гајдаџија во светот

Нашиот најпознат и врвен гајдаџија Пеце Атанасовски (1927-1997)  со право може да се рече дека беше гајдаџија на сите времиња. За тоа потврдува и фактот што во 1968 година на Светскиот фестивал на гајдаџии во Сицилија, Италија, беше прогласен за најдобар гајдаџија во светот. Верувале или не, на тој фестивал Пеце Атанасовски во конкуренција на 1.800 гајдаџии од целиот свет,  го освои првото место и ја доби наградата  Златна гајда. Ова е вистинска победа на македонската гајда во светски размери. 

Гробот на Филип Втори

Кон крајот на 1977 година археолозите дојдоа до многу значајно откритие. Во близина на археолошкиот локалитет Кутлеш, Вергина, на околу четириесетина километри југозападно од Солун, открија гроб за кој се тврди дека му припаѓал на прославениот македонски цар Филип Втори. Уште поинтересно е тоа што на еден од зидовите на гробот е откриена фреска што претставувала  лов на лавови. Во гробот кој бил висок  12 метри, биле пронајдени две урни тешки 11 килограми, направени од злато. Освен тоа пронашле и  женска дијадема, македонски шлем, гети, од кои едната била покуса што претставува индикација дека му припаѓала на Филип Втори кој куцал од едната нога. На капакот од еден саркофаг била врежана македонската ѕвезда со шеснаесет зраци.

Крали Марко

Според легендата се смета дека Крали Марко од Прилеп- Варош, имал три сестри Дева, Кита и Ѕвезда. Најстарата, Дева, живеела во село Девич, Порече. По нејзиното име и селото го носело името Девич. Над селото има и едно црквиче и кула оградени со голема авлија, сета од камен. Дева живеела таму во кулата и држела војска. Војската се бранела со камења . Дева изградила и една зандана полна со вода. Од занданата до кулата имало една воденичка бука низ која заробените ги пуштала во занданата. Затворениците биле во вода дење и ноќе се дури не умреле. И денес кај занданата стои караулата каде стоела стражата. Во кулата имало и фурна каде Дева печела леб.

Кита, живеела во Кичево. Кичево го носи името по Кита. Најмалата сестра Ѕвезда, живеела во Гостивар.Дева и Кита никогаш не се омажиле. Турците велеле , Кита била убава, ама Дева уште поубава. 




Изменето од емил - 29.Март.2012 во 07:48
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Март.2012 во 17:00
Ми се допагаја с'е во Македонија!

Не ми се допаѓа оној балкански менталитет на народот кој умее да уништи с'е оноа што ми се допаѓа во Македонија.



Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <123
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,250 секунди.