IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > АРХИВА > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - РАСКАЗИ
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

РАСКАЗИ

 Внеси реплика Внеси реплика страница  12>
Автор
Порака
belichka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 2023
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај belichka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: РАСКАЗИ
    Испратена: 09.Декември.2006 во 04:38
 
 

Темата за несоздадената светлина се наоѓа во срцето на у­че­ње­то на Палама за обожението на човекот. Се јавува исто во цен­тарот на исихастичкиот спор којшто се водел во 14 век во Со­лун. Од самиот почеток поимот „светлина“ играл главна улога во пра­вославието. Свети Јован Богослов Го определува Бога како свет­лина, којашто е туѓа на секаква темнина (1. Јован. 1. 5). Хрис­тос е светлината на светот, и ги испраќа Неговите ученици за да би­дат светлина за луѓето (Јован. 8. 12; Мат. 5. 14, 16). Символот на верата Го претставува Синот како светлина којашто по­тек­ну­ва од светлината. Во химнографијата на православната Црква, Гос­под е почесто прославуван како светлина, отколку како љу­бов или мудрост. Отецот, Словото и Духот се троична светлина Ко­јашто зрачи на целото создание (спореди егзапостилариј на Пе­десетница и Преображение). По Триедниот Бог, како свет­лина следат и Ангелите. И, природата на човекот има светлина; во православието, употребувањето на изразот „затемнување“ на об­разот Божји во човекот сугерира на таквата концепција на при­родата на човекот. Затемнувањето на образот Божји е не­дел­лива последица од отпаѓањето од Бога. Од овој аспект, ис­це­ле­ни­ето на човекот е поврзано со новото просветлување, или, како што вели Палама, со повторното облекување на облеката на свет­лината, којашто човекот ја соблече тогаш кога отпадна од Бо­га.

Монасите тихуватели од Света Гора, практикувајќи ја и­си­хас­тич­ката молитва, се упатувале кон гледање на божествената свет­лина. Не на светлината како создаден символ на Божјата сла­ва, но како несоздадена благодат и Божја енергија. Слично ка­ко што Сонцето ја осветлува Земјата со помош на природната свет­лина, исто така, и Господ со помош на природната за Него е­нергија и благодат, ги просветлува луѓето. Повикувајќи се на ис­торијата на откровенијата Божји, Палама покажува многу при­мери каде што Господ на човекот му се покажува како свет­ли­на. Јавувањата на Бога во Стариот Завет, лицето на Мојсеј ко­е­што блеска, видението на светиот првомаченик Стефан, свет­ли­ната на патот кон Дамаск, а пред сè светлината на Пре­об­ра­же­нието Христово на Гората Тавор - се различните начини на про­јавувањето на природната Божја светлина, за човекот. Бог не­видлив и трансцедентен по Својата суштина, станува видлив, дос­тапен во Духот преку Својата енергија за човекот којшто ве­ру­ва.

Варлаам од Калабрија, противникот на исихастите, не го ос­по­рува гледањето на светлината per se, туку нејзината теолошка ин­терпретација. Созерцанието на Бога како светлина за Вар­ла­ам било неприфатливо. Отфрлувајќи ја разликата помеѓу суш­ти­ната и енергијата во Бога, Варлаам ја отфрли можноста за вис­тин­ска заедница помеѓу Бога и човекот, и можноста за вис­тин­ско­то Божјо јавување. Кога Палама зборува за откривањето на Бо­га, Варлаам тоа го разбира како присуство на создаден сим­вол, пројавен преку Бога, за да помогне во духовниот растеж, во прос­ветувањето на човекот.

Палама не ја отфрли веднаш определбата на несоздадената свет­лина како символ на Божјото присуство, согласно на пат­рис­тич­ката традиција и на основите коишто тој ги постави во не­го­во­то теолошко учење како признание за символичката природа на Божјите јавувања во историјата. Откровенијата на Божјата сла­ва во Стариот Завет, не насочуваат само на Неговото реално при­суство во историјата, но претставуваат типови и символи на те­офанијата на Гората Тавор. Така и светлината на Христовото Пре­ображение е природно откровение на Неговата Божествена при­рода, а исто така и символ и навестување на славата на ид­ни­от век. Макар што двајцата противници се согласуваат во у­по­тре­­бата на поимот „символ“, сепак сосема се разликуваат во тоа как­­ва стварност овој символ означува.

Палама подготвува длабоки анализи за значењето на сим­во­лиз­­мот, и за да го направи својот став повеќе разбирлив, тој ги раз­делува символите на две категории: првата, ги опфаќа сим­во­ли­те коишто потекнуваат од природата на она што е сим­во­ли­зи­ра­но, втората оние коишто се туѓи на таа природа. На пример, муг­рата којашто произлегува од природата на светлината е неј­зи­ниот природен символ; слично, топлината којашто потекнува од сонцето е исто неговиот природен символ. Од друга страна, не­природните символи, или постојат сами по себе и се у­пот­ре­бу­ва­ат единствено за определба на нешто друго, како на пример, о­га­нот од жариштето може да биде предупредување пред на­па­дот на непријателот, или, не постојат сами по себе, но се по­ви­ку­ва­ат исклучиво како символи на нешто друго. Палама смета дека во вториот тип на символи треба да се вбројат видливите за се­ти­лата Божји откровенија на пророците во Стариот Завет (Зах. 5. 1, 2; Језек. 9. 2).

Карактеристичен белег на природниот символ е фактот дека тој секогаш коегзистира со она што го символизира. Меѓутоа, не­­­природниот символ, или постои независно, или се појавува прив­ремено и потоа исчезнува немајќи никакви суштински од­но­си со она што го символизира.

Од анализата за значењето на символите произлегува дека ка­­рактерот припишуван на символите во платонска и не­о­пла­тон­ска смисла, акцентиран и кај многу писатели христијани, спо­ред кои символот води од едно ниво на реалност кон друго, тука не­ма причина да суштествува. За Палама, символот е или блесок од суштината на тоа што го символизира, или е на тоа сосема туѓ и се употребува исклучиво како типичен знак. Сепак, според пла­тонистичката традиција можно е символот како слика на ар­хе­типската идеја да имал со неа поблизок и подиректен однос. На о­вој начин, сетилниот предмет може да ја символизира ра­зум­на­та реалност, не единствено со оглед на прифатената конвенција, но и затоа што од внатре е поврзан со оваа реалност. Ставовите на Варлаам не може да се усогласат со учењето на Палама за не­соз­дадената светлина, бидејќи кај Варлаам символот е редуциран до категорија на нешто создадено.

Значи, основата на несогласувањето помеѓу двајцата теолози во разбирањето на Божествената светлина како символ, се крие во фактот дека Палама ја сфаќа оваа светлина како несоздадена Бож­ја благодат којашто ја најавува полнотата на благодатта во ид­ниот век, додека Варлаам светлината ја редуцира на ниво на соз­дадена, и ја сфаќа како полезно средство за човекот во не­го­во­то искачување кон Бога. Имено, подлабокото теолошко зна­че­ње на ова несогласување е следново: Палама прифаќа дека пос­тои директна и личносна заедница помеѓу Бога и човека, но Вар­лаам смета дека Бог е надвор од светот и ја отфрла можноста за постоење на каков било директен, личносен однос или за­ед­ни­ца помеѓу Него и смртниот човек.

Монасите исихасти од Света Гора примајќи го блесокот на не­создадената светлина вкусувале директна заедница со Бога, и след­ствено на тоа го вкусувале обновувањето и обожувањето. Не­создадената светлина според учењето на Палама и исихастите е обожувачки дар на Духот Свети, „и слава на Божјата природа пре­ку која светителите се наоѓаат во заедница со Бога“ (од пис­мо­то до Атанасиј). Оваа светлина за човекот не само што е вид­ли­ва, но е и достапна, и учествувајќи во неа човекот се обожува (од дијалогот на православен со варламит).

Несоздадената светлина како слава и енергија природна на Бож­јата суштина е бесконечна и неопфатлива. На ист начин на кој­што бесконечниот и неопфатлив Бог ги прими ог­ра­ни­чу­ва­ња­та на телото и стана човек, така и Неговиот вроден блесок преку во­плотувањето се сосредоточи во телото на Христа како во из­вор. Тоа не означува дека несоздадената Божја светлина го губи не­уништливиот Божји карактер. Сепак, можно е де се раз­ми­слу­ва - како е возможно за создаден човек да ја види несоздадената свет­лина со помош на создадени очи или да ја доживее преку се­ти­лата! На каков начин смртните очи на тројцата апостоли мо­же­ле да ја созерцуваат светлината на Преображението, штом таа е несоздадена? Како исихастите можеле да тврдат дека не гле­да­ат просто Божји символи или ангели, но несоздадената и не­у­ниш­тлива слава Божја?

За Палама не е тешко да најде точен одговор. Човекот не е во состојба да ја доживува несоздадената светлина со моќта на сво­ите сетила. Неговите очи се слепи за таквата светлина. До­би­вај­ќи, сепак, моќ од Духот Свети, тие стануваат преобразени и ста­нуваат способни да доживуваат такви созерцанија.

Оваа светлина било возможно да се созерцува, но не со по­мош на создадената сетилна моќ за вид. Оваа светлина се со­зер­цу­вала со очи преобразени од Духот. Токму телото ќе постои веч­но во идниот век и созерцувајќи ја Божјата светлина ќе стане пре­образено, како што вели апостолот Павел (од одговорот на А­киндин).

Светлината којашто ја виделе тројцата ученици Христови на Гората Тавор, постоела во Христа, исто така, пред како и после Преображението, како природен блесок на Неговата бо­жес­тве­ност. За време на Преображението пред очите на учениците, Хрис­тос не облекол нова облека, ниту нешто ново што порано го немал, туку им покажал дел од светлината којашто во Него би­ла од почеток. Значи, светлината на прображението не е скри­е­на, трета природа на Христа, ниту додаден елемент помеѓу Не­го­вата Божја и човечка природа, туку природен блесок скриен во Неговото човечко тело.

„Он се преобрази на таков начин, не да прими нешто што не бил, ниту да се промени во нешто што не бил, но откривајќи се на учениците таков каков што бил, исцелувајќи го нивното сле­пи­ло“ (Агиоритикос Томос ПГ 150, Хомилиа34).

Значи, учениците со очите преобразени од Духот Свети беа во состојба да ја гледаат несоздадената светлина на Пре­об­ра­же­ни­ето.

Според некои мислења, Палама повикувајќи се на чудото на пре­образувањето на очите на апостолите од Духот Свети, на очи­гледен начин го избегнува безизлезот кој пред него се по­ја­ву­ва. Сепак, како што отецот (сега Архиепископ) Василиј (Кри­во­шеин) точно забележал, тоа мислење не одговара на фактите, би­дејќи ставот за учеството на телото во животот на Духот, е во ос­новата на учењето на Палама. Сосема неразбирливо би било ко­га би се оспориле можностите за учество на телесните очи во гле­дањето на Бога. Во неговото учење ветувањето за идните бла­га не е привилегија исклучиво на душата, но, е и на телото ко­е­што учествува на патот на душата кон светост. Оној којшто ја от­фрла оваа вистина, го отфрла и учеството на телото во идниот век. Ако судбината на телото е неговото учество во радоста на Цар­ството Небесно, тогаш тоа во овој живот нема да биде ли­ше­но да учествува во даровите предадени на душата.

Во денот на Преображението, несоздадената благодат Божја уш­те пред да биде дадена на човекот, ги просветлила тројцата у­че­ници преку нивниот телесен вид. Сега се предава на верните пре­ку Светата Причест и се населува во нив просветлувајќи ги о­чите на душата од внатре. Значи, согласно со мистичното искуство на исихастите, Палама не зборува за телесниот вид кој бил преобразен, туку за духовно созерцание, засилено од Бож­ја­та благодат. Тој не го игнорира учеството на телото во не­соз­да­де­ната благодат, но просто тврди дека во времето на овој мис­ти­чен опит умот на човекот како прв учествува во светлината, а пре­ку умот телото со него сврзано, се обожува.

Прифаќањето за учество на телото во обединувањето на чо­ве­кот со несоздадената, обожувачка благодат претставува ос­но­вен принцип во учењето на Палама. Поаѓајќи од него, го о­пи­шу­ва човечкото искуство на ова заедничарење како „спознание“. Ова искуство понекогаш е определувано како „интелектуално“, би­деј­ќи свое место наоѓа и во умот на човекот. Сепак, ин­те­лек­ту­ал­ната природа на човекот не доживува Божествено про­свет­лу­ва­ње заради сопствените напори. Единствено, благодатта на Све­тиот Дух ја прави способна за тоа: „така како што зраците на окото соединети со зраците на сонцето, стануваат реална свет­лина и затоа забележуваат сетилни нешта, така и умот кога ќе стане еден дух со Бога јасно гледа духовни нешта“.

Гледањето на несоздадената светлина во умственото со­зер­ца­ни­е е аналогна со гледањето со телесните очи. За да го види све­тот околу себе човекот, од една страна, има потреба од здрав вид, а од друга страна и од светлината на сонцето. Единствено тогаш ко­га светлината на сонцето ги просветлува здравите очи, чо­ве­кот може да ги гледа предметите околу себе. Слично и гле­да­ње­то на несоздадената светлина бара, исто така, очистување на ин­те­лектуалното согледување и просветлување од Бога. Значи, вер­ниот мора да се подготви себеси исполнувајќи ги Божјите за­по­веди, ослободувајќи се од страстите, обрнувајќи се кон себеси и насочувајќи се кон Бога. Божествено просветлување добива о­ној којшто ја практикува исихастичката молитва; тоа го прави спо­собен за духовно да созерцува. На тоа ниво, тој не гледа ниту пре­ку телесните, ниту преку интелектуалните очи, туку преку Ду­хот Свети: „и свесен е за тоа дека ја гледа несоздадената свет­ли­на, којашто ја надминува обичната светлина, но не знае со по­мош на што ја гледа оваа светлина, ниту може да ја испита неј­зи­на­та природа, бидејќи Духот преку Којшто гледа не може да биде ис­пи­тан“.
Од писмата на свети Дионисиј Ареопагит, Палама ја прима пла­тонистичката гледна точка според која умот на човекот е во сос­тојба да се воздигне над себеси. На оваа основа тој ја пот­вр­ду­ва можноста за мистично соединување со Бога. Ако умот на чо­ве­кот не е способен да се воздигне над себе, не ќе може ни да се со­едини со Божествената светлина на ниво коешто ги надминува се­тилата и умот, но имајќи ја оваа способност реално може да дос­тигне екстатично соединување со Бога. На овој начин Па­ла­ма, надоврзувајќи се директно на ареопагитското учење зборува за екстаза и за екстатично соединување со Бога. Претходно, пак, тој ја осуди бестелесната екстаза на умот како демонска илузија, со моќта преку која тој ја доживува интелектуалната визија. Се­пак, во овој случај ситуацијата не е сосема иста. Екстазата за која збо­рува не е заминување на умот од телото, но надминување на ис­клучиво човечките сили; го засновува тоа сосредоточување на у­мот во себеси, и екстазата се достигнува преку Божествено прос­ветлување.

„Кога умот има корења во својата сопствена енергија која е при­чина за неговото свртување кон себеси и будност над себеси, пре­ку неа тој се надминува себеси, и може да заедничари со Бо­га“. (од делата на Палама)

Овој вид на екстаза претпоставува љубов во човекот по­бу­де­на од Бога. Бог доживува слична екстаза кога заедничари со ан­ге­лите и со човекот. Значи, преку слегувањето на оваа Божја ек­ста­за и воздигнувањето на човечката екстаза, настапува нивната мис­тична средба и заедница. Добивајќи обожувачка благодат на Ду­хот, умот на човекот станува обожен, и после ја предава оваа благодат на телото. Целиот човек учествува во обожувачкиот дар. Гледаме дека дури и таму каде што Палама во своето учење вклу­чува елементи кои потсетуват на платонистичката тра­ди­ци­ја, сепак не заборава на основните правила на синтетизираната хрис­тијанска антропологија: неизменливо го подвлекува у­чес­тво­то на целиот човек во обожувачкиот дар на Духот. За да го за­јакне својот став се повикува на христологијата. Слична, на бо­жес­твеното овоплотување на Логосот Божји, е и заедницата на те­лото и духот Христови. Така, Божјата благодат му припаѓа на це­лиот човек, и слично е предавана на телото со помош на ду­ша­та.

Созерцанието на несоздадената светлина по својата природа е динамично, на повисоко или пониско ниво, зависно од личниот сте­пен на совршенство. Но, слично на објавувањето на славата Бож­ја којашто расте, тоа исто никогаш не достигнува до крај, ни­ту во овој век, ниту во идниот. Светлината гледана од Хрис­то­ви­те апостоли на Гората Тавор, светлината на исихастите, е свет­ли­на­та на Царството Небесно којашто луѓето коишто веруваат ќе ја созерцуваат во идниот век. Стремејќи се да ја созерцуваат о­ваа светлина монасите исихасти го бараат мистичното до­жи­ву­ва­ње на дарот којшто Бог го подготвил за целиот свој род. Од таа при­чина несоздадената светлина често пати се опишува во ка­те­го­рии коишто го подвлекуваат нејзиниот есхатолошки карактер: таа е „претходник на второто Христово пришествие“, „суштина на идните блаженства“, „гаранција на идниот век“ или заедничка наг­рада и облека на христијанското обожение.

Кон врв
belichka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 2023
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај belichka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Декември.2006 во 04:41

старец Клеопа

Разговор во возот

 
Патував еднаш со воз од Пашкањ за Бакау. За да не бидам во вагоните каде што се пуши, си купив карта и се качив на возот во оние вагони коишто се малку засолнети. Си реков: сепак, одам каде што нема да ме „кадат“ пушачите, зашто ме боли главата од чадот на цигарите. Во вагонот појдов сам, и не знаев кој уште ќе дојде.

Пред самото тргнување влезе една група на високи офицери коишто одеа во некое воено училиште. Беа мајори, полковници, а меѓу нив беше и еден постар водник со сопругата. Монах во офицерски вагон. Гледајќи се себеси во вагонот со офицерите како монах - си реков - каков разговор би можел да водам со нив? Јас си внимавав на својот мир и на своето „Господи Иисусе“ и седев мирно, бидејќи знаев дека ми претстои два часа патување со нив. А, треба да се префрлам во местото Лунка Стрмба на друг воз за Тракау, бидејќи одев кај отец Касијан, којшто беше настојател во Тракау, и кај отец Јануариј. Тоа беше во 1957 година.

Еден од нив, за да не молчи и сакајќи да се пошегува рече:

- Гледај, бре! Добро ќе оди возов зашто овде имаме поп.

Го знаете она суеверие: поп - баксуз! Ако видиш поп - тешко си на тебе! Јас молчев, и не одговарав на нивните задевања.

- Слушаш ли, море, ако е овде попот не ќе биде ли добро да ни ја раскаже онаа приказна за Бога? Се зборува дека некое „старче“ ги создало небото, земјата, ѕвездите, планините и морињата!

Слушаш! „Старче“! Јас и понатаму молчев. „Остави ги на ми¬ра зашто се офицери. Тие се шегуваат, тие се смеат. Што да разговараме?“

Но, дојде еден и седна спроти мене.

- Оче не лутете се, од каде сте?

А зошто да им кажам од Сихастрија?

- Од манастирот Њамц.

- Што сте? Свештеник, професор, учител, што сте?

- Напротив, обичен монах сум. Патувам до Бакау.

- Слушаш, нашиве, сите се љубопитни да ни кажете нешто за Бога! Како оди таа приказна за Бога? Во таа ваша Библија се зборува дека Бог ги создал небото, земјата, светот, но ние имаме друго сфаќање за светот.

- Не лутете се, јас сум обичен монах, но ако ја почнам приказната за Бога ќе треба овој воз да ја обиколи Земјата три пати, и колку што е долга пак не ќе можам да ја завршам!

- Слушај што зборува попот!

- И, интересна е, реков, неверојатно! Кога ќе ја почнеме приказната за Бога, тогаш е држ - недај!

- Сакаме и ние да знаеме! Вие сте монах, а ние сме офицери. И бездруго одиме заедно за Бакау. Како е, оче?

Пред тргнување станав и се прекрстив. Тие не. Нивна работа.

- Ако веќе треба да разговараме тогаш барам од вас чесен збор. Да ми простите, зашто влеговте овде цел вагон офицери, но овие ѕвезди не ги познавам, бидејќи јас служев војска кога имаше лентички. Ако случајно погрешно се изразам, немојте да ми се лутите!

Но, некој мајор стана и рече:

- Оче, гледај, сакам да ти кажам нешто. Зар не е апсурдно да веруваме во нешто што не се гледа? Вие кажувате дека постои Бог, но дали некој некогаш го видел. Безумно е некој да верува во она што не се гледа!

- Господа, но прво дали ми давате чесен збор? Бидејќи започнуваме сериозен разговор!

- Слушај го, бре, попот! Даваме, оче, како не! И, кој ќе се налути, безумен е! - рече.

- Гледам дека сте паметни луѓе, а јас сум глупав, но ќе ја почнеме „приказната“ за Бога онака како што умееме. Господа, јас ќе ви кажам дека сите вие што сте во овој вагон сте безумни!

- Гледај го ти ова, попот ни направи безумни!

- Сигурно! И, ако не сум во право на првата станица предадете ме на полицијата на станицата! Ако не сум во право. Но, најпрвин ќе ви докажам зошто ве нарекувам безумни.

- Да, големо безумие е некој да верува во она што не го гледа! Кој Го видел Бога?

- Браќа, јас одам до Бакау, но само да ви кажам: ако ја започнам „приказната“ за Бога овој воз ќе треба три пати да го обиколи светот, и пак не ќе ја завршам!…

- Слушаш ли што зборува попот?!

- Слушнавте како вашиот другар рече дека е големо безумие да веруваш во она што не се гледа. Прво, што кажува Светиот Дух во Псалтирот, на почетокот на 13-ти и 52-ри псалм, кај нас во Светото Писмо: Рече безумникот во срцето свое нема Бог! - а во себе си реков: „Нека, зашто е време да Го исповедам Бога, не е важно што ќе следи од ова“. Бев радосен заради тоа. Второ: ти рече дека е безумие да веруваш во она што не се гледа?

- Да, јас.

- Па јас ви реков дека никој од вас нема ум. Сите сте безумни. Имам целосно право да ве наречам безумни.

- Зошто?

- Затоа што јас никогаш не сум видел нечиј ум! Па тогаш, не е безумие да верувам дека имате ум, ако не сум го видел?

- Гледај, бре, не нападна попот! То ест, ги заменивме улогите.

Разговорот беше убав, и сериозен, и шеговит.

- Па, како да верувам дека имате ум, ако јас, од кога сум роден не сум видел ничиј ум? Ни кај вас, ни кај себе. Каков е? Бел, црн, црвен, зелен? Каков облик има? Квадратен, правоаголен, шестоаголен? Каков е, господа, по облик и по боја? Дали е опиплив, или каков е? Ако ми ги покажете тие одлики на умот, тогаш ќе ви кажам дека имате ум; ако не - тогаш немате воопшто!

- Гледај го, бре, попот! Можеш ли да му кажеш нешто?

- Кога не си ја чуваш устата! Море, простак, не го постави добро проблемот!

Тие се нарекуваа еден со друг - простак.

- Чекај, бре, со поп имаш работа!

- Освен тоа, дали сите луѓе на земјата веруваат дека луѓето имаат ум? Веруваат. На невидено. Ете, аргумент дека целиот свет верува дека има ум! И вие верувате, и јас, но не го гледаме умот. А дали некогаш сте го виделе животот? Дали некој некогаш видел живот во човекот? Па сепак, кој ќе каже дека е мртов, кога е жив и има живот? Дали се гледа животот?

- Не се гледа!

- Па тогаш, зар не е безумие да веруваме дека луѓето имаат живот? Ако не го гледаме.

- Но, животот се пројавува, оче!

- Доста добро. По неговите пројавувања се верува дека постои, макар и да не го гледаш. Така и со Бога. Кои се Неговите пројавувања во светот?

И, почнав да ги набројувам сите сили на душата.

- Имате ли вие мечта?

- Да.

- Дали некогаш сте ја виделе? Не! Имате ли гнев? Дали некогаш сте го виделе? Имате ли размислување, мислење? Дали некогаш сте го виделе? Имате ли похот? Имате, бидејќи тоа се силите на душата - гневна и похотна.

Освен тоа, вие имате душевни сили, како што се размислување, избор, одлука, огорченост, жалост, радост. Дали некогаш сте ги виделе, бидејќи тоа се душевни сили?

Светото Писмо ни кажува дека човекот е образ и подобие Божјо. Но, не по надворешниот облик, туку по душевниот.

Ете, колку сили има душата! Но, ниту гневот, ниту разумот, ниту похотта, ни радоста, ни жалоста, ни огорченоста, ни мечтата, ни слободната воља, ни животот, ниту, пак, умот некој ги видел. А, си постои. И во световната философија се учи дека постојат тие душевни сили. Дали некогаш сте ја виделе душата?

- Не, затоа што душа и нема!

- Како нема? Да немаш душа, ти не би зборувал со мене! Ти не би можел ни еднаш да трепнеш, ако во тебе нема живот. И, гледате ли колку ги има? И живот, и памет, и слободна воља, и разум, и гнев, и радост, и жалост, и похот - во коишто верува целиот свет, а не се гледаат. Сите својства на душата се невидливи, сите нејзини сили се образ и подобие Божјо, бидејќи Бог е невидлив. А, човекот е икона Божја на земјата во однос на душата: ум, слово и дух.

Дали некогаш си ја видел речта? Дали си го видел својот дух со кој зборуваш? Ете, колку сили и колку невидливи особини има нашата душа! И, вие не сте ги виделе. А, дали целиот свет верува во нив? Зашто човекот има и радост, и огорченост; има и похот, и разум, и слободна воља…

- Море, рече еден, подобро ќе беше да молчеше. Не го постави добро проблемот! Овој поп треба да е некој управител на богословија!

- Не, господине, но тој вам ви ја зборува вистината! Гледаш дека сите веруваме дека го има сето тоа, и дека постои во човекот, но не се гледа!

- А, ти рече дека е безумие да се верува во она што не се гледа! Гледаш дека сите ги направи безумни, бидејќи сето тоа постои, и ние веруваме, а не го гледаме.

Седевме уште така, и се подигна некој лекар:

- Оче, нека одат по ѓаволите! Јас сум мајор - лекар. Оперирам и се шетам со хируршкиот нож по човековите црева, му го сечам вратот, му ги сечам нозете, сечам, оперирам 30 години, и никогаш не наидов на душата! И, како да верувам дека постои, кога никогаш не наидов на неа со хируршкиот нож!

- Ти си лекар?

- Да!

- И, заради тоа не веруваш дека постои душата, зашто не ја гледаш?

- Да!

- А, ти и лекарите слични на тебе, дали верувате дека постои болка во овој свет?

- Постои, оче!

- Јас не верувам! Безумие е да верувам, господине, ако не сум ја видел!

- Постои, оче!

- А, кога го сечеше со хируршкиот нож, и кога човекот викаше и преташе во канџите на смртта, не ја виде болката?

- Не, тоа не се гледа!

- А, сакаш да ја видиш душата? И болката е една од телесните, природните својства на човекот, и помешана е со душевните. И, како што не можеш да ја видиш болката, така не можеш да ја видиш ни душата. Особено што душата е духовно битие.

- Слушаш, бре, и ти со својата докторија зборуваш глупости! Те удри по глава, море! Не си видел болка! А кој, по ѓаволите, видел болка? Но, цел свет верува дека има болка.

- Гледај, бре, и тебе ти ја затвори устата!

- Море, овде наидовме на ѓавол!

- Но, убаво е, господине! Ова ќе им го раскажуваме и на другите. Кажи ни уште нешто, оче!

Тогаш стана еден:

- Оче, знаеме дека отсекогаш Црквата се спротивставувала на науката. Гледај, Русите сега направиле сателит којшто трипати кружел околу земјата со Јуриј Гагарин, и ете, успешно се приземјил!

- И што со тоа?

- Тоа се плодовите и напредокот на науката во споредба со религијата!

- Ништо не сте направиле!

- Слушај го, бре, и против науката е! Овој е како оние што го суделе Галилеј!

- Чекајте да ви кажам! Знаете ли што направивте? Ако пчелата излезе од ројот и ја обиколи кошницата во која живее, има ли таа претензии да знае што има во целиот свет? Толку и човекот направил до сега! Едвај излегол од кошницата и ја обиколил кошницата во којашто живее, и му се чини дека направил големо дело!

- А, така ли?

- Науката уште не направила ни толку колку што една бубачка лета од овој прст на оној! Сите научници од светот: и од Запад и од Исток. И чекајте, зашто дури сега ни претстои да разговараме!

- Убав е овој разговор, господине!

- Дали бил убав, или горок, или сладок, јас од сега ќе ви кажувам до крај, колку што ќе потрае оваа „приказна“, но, реков, еве, се ближи станицата Бакау! Господа дали ја знаете вие Големата Мечка и Малата Мечка, ѕвездата Северница?

- Да!

- Гледај што е! Астрономијата и науката, со најголемите научници, астрономи, велат дека на Големата Мечка од задното тркало во браздата, до она што е поблиску до човекот - осовината на Големата кола на небото има 1300 светлосни години патување, а светлината оди со 300 000 км/сек. Тоа е осовината на Големата кола. За да стигнеш од едно тркало до друго треба да патуваш 1300 години со брзина на светлината. А, уште колку би требало до предното тркало, и уште колку до рудата и до „прпелката“, којашто ги води воловите од браздата.

- А, која е „прпелката“?

- Некоја ѕвездичка, таму! А, уште колку е долга колата, кажи ми ти!

- Интересно! Кој го кажува тоа?

- Камил Фламарион. Ја имав неговата книга под рака - Бог во природата. Тој е голем француски астроном од минатиот век. Да, велам, вие гледате некоја ѕвезда којашто кога ќе се роди, некако игра - Алфа Кентаур. Целата астрономија покажува дека Алфа Кентаур е соседната ѕвезда на нашиот Сончев систем. Сончевиот систем се состои од девет планети, со Сонцето - десет. И, до нашата најблиска сосетка, кој знае колку светлосни години патување има! Ве молам, пресметајте, господа, што направил Јуриј Гагарин!

- Ништо не направил, оче!

- Освен тоа, земјата има пречник од 36 000 км. Значи тој поминал 36 000 км. со своето летало, а колкава ли е раздалеченоста меѓу ѕвездите?

- Господине, тоа не може да се пресмета.

- Чекајте да ви кажам уште нешто, посериозно. Бог го покажува Своето делание не само во големо, туку и во мало, како што вели свети Никодим Светогорец. Ајде размислете вие, дали во ушето на иглата се наоѓаат осум секстилиони атоми, а еден секстилион е единица после која следат 21 нула. За да ги изброи тие атоми во ушето на иглата, човекот би требало да живее 250 години и да брои повеќе од милијарди во секунда. И, ве молам, да ми кажете колку атоми има во ушето на иглата и како би ги распоредиле! Колку е чудесен Бог, за во ушето на иглата да смести толку атоми. Тогаш што направил човекот со својата наука?

- Тоа е незамисливо!

- Чекајте да ви кажам уште нешто, почудесно. На врвот од иглата се одмараат 16 милијарди јони, а тоа се тела многу помали од атомите. И, за тие јони коишто не можат да се замислат со човечкиот ум, бидејќи се толку мали, да би ги виделе, какви ли апарати се потребни? Кога би имале таков апарат, со чија помош болвата би ја гледале како поголема од планината Чеахлау, се уште не би забележале ниту еден јон во атмосферата! А, откриено е дека и тие јони се држат за раце како момчиња, и играат, и имаат живот во себе!

Кога не би се плашел од пантеизмот, кажува Камил Фламарион (а пантеистите велат дека секој плевел е Бог), би рекол дека Бог е во секоја тревка и во секое тело. Но, ќе речам и поинаку: дека Бог е во целото Свое создание. И, над најмалата трошка материја под небото е раката Божја, и постои живот којшто Бог го создал!

И, сега сакам да ви кажам нешто. Кога ја гледаме силата Божја, дека во минијатурите прави толку неизречливи и за човечкиот ум незамисливи чуда, кога гледаме дека и таму постои живот, во тие делчиња на материјата коишто не се видливи за голото око, и да не се плашиме од пантеизмот, би рекле дека Бог е душа на природата, на целата природа. Но, не е така. Бог постои, и како што кажува големиот апостол Павел, си е низ Него и од Него.

И говорејќи, гледам дека се приближува станицата Бакау и дека треба да слезам. Долго разговаравме. Едвај влегов во темата. Им реков дека приказната е долга.

- Не можете ни да трепнете со окото без Бога, браќа!

- Но, зошто, оче?

- Животот е од Бога, Животодавецот, и ако си умрел, трепкај со окото, ако можеш!
Можеш ли да трепкаш ако умреш?…

Не ја спомнав баш целата проповед. Накусо ви реков така како што беше.

Разговорот траеше два часа. Се разделивме.

- Господа, многу жалам што се разделуваме!

Да ви кажам, навистина, некои ме бакнаа и во образ, некои ми дадоа цреши, а некои бомбони. Ми дадоа и имиња за спомнување во молитвите.

- Оче, сакаме да ти пишуваме, но да ни кажеш какви студии имаш, зашто мора да си некој ректор или професор во богословија.

- Ќе ви кажам, но да ми верувате, ако сакате! Јас сум овчар и ги пасам манастирските овци.

- И сега, каде одиш?

- Одам во еден скит. Јас сум овчар. Но кога би имале среќа да разговарате со некој манастирски настојател, или со некој епископ, ќе видите што знае тој!

- Слушај, море! Ова е чудо!

- Вие се сретнавте со манастирскиот овчар, реков. Да се сретневте со некој настојател или со некој професор на богословија, коишто се учени, ќе видевте што би ви рекле тие.

- Море, џабе живееме! Прости сме! Што си ни кажа овој поп!

Им зборував многу за ѕвездите, за движењето на Орион; им реков колку ветрови дуваат на Земјата и како секој се нарекува, и како се создаваат ветровите според свети Јован Дамаскин; за соѕвездијата, и колку степени има секое соѕвездие, и колку Сонцето се задржува на секој степен. Се сеќавам дека им зборував опширно, според свети Василиј Велики од Шестодневот. Уште само колку имав да зборувам, но се префрливме на друг воз. Се разделивме со болка во срцето.

- Господа, ме вовлековте во разговор којшто не го ни започнав. Простете ми и одете си со здравје; ќе станете генерали, а јас си одам по својата работа.

Тоа беше разговорот, но овде ви го прераскажав накратко.

Кон врв
mali simo Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1132
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mali simo Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Декември.2006 во 10:29
prepodoben otec Kiril Tetoec Pejcinovic:

Ако ние не го исполниме законот Христов - не сме ни христијани… Бидејќи за Христа трпиме, барем да го слушаме што ни вели. Он не ни вели нешто тешко, но лесно. Он ни вели да се љубиме еден со друг, да си простуваме, да се тешиме, да седиме мадро, да не збеснуваме како мали деца, да не се опиваме, да не блудствуваме, да не пиеме вино без мера, да не скокаме на оро како безумните што скокаат.

А ние и празникот што го служиме еднаш во годината, и него непристојно го служиме, а не побожно. Баш на денот гледаме да се опиеме, да скокаме, да збеснуваме. Цела ноќ седите, пиете и збеснувате, не го молите светителот туку го лутите, та тој не ве измолува пред Бога и не ви помага, па попусто се трошите…

Ама ќе речете… не знаеме како треба. Така најдовме, така ќе оставиме. Немој, брате, не оставај, туку тргни се од злото и прави добро… Ако, пак, не си кадар и не можеш ништо да направиш според законот, барем не прави беззаконие, но седи си ужален и речи: На денешен ден сите христијани стојат во законот, Бога Го молат, Бога Го фалат по црквите и Божјите домови, а ние сме принудени од сето тоа да се лишиме. И, помоли се Богу со солзи и речи: избави не Боже од оваа лоша сметка што ја имаме и научи не Господи на вистината Твоја и исправи ги стапките наши кон остварување на Твоите заповеди.

А, вие се надевате на к*рбаните што ги колете… со тоа да му угодите на Бога. Не знаете ли дека тие к*рбани се идолска жртва, еврејска жртва, а не христијанска. Тој христијанин што коле к*рбан не е христијанин туку евреин или идолопоклоник, и тој свештеник што со запалена свеќа служи над главата од овенот (к*рбанот) лаже само заради добивка, заради пари, заради месо, оти во законот христијански никаде не пишува свештеник да служи на овен, а христијанин да коле к*рбан.

Немојте христијани, не колете крвни жртви, зашто имаме бескрвна. Видете што пишува Духот Свети низ устата на пророкот Давид во 49-от псалм, стих 13: “Зар Јас да јадам јунешко месо и да пијам крв јарешка? Принеси Му на Бога благодарствена жртва и на Севишниот молитвите свои воздај Му ги”. И, вели: “Немам потреба да примам од домот твој телци, ниту од стадата твои јарци”… к*рбанот остана од Авраама, а просфората и виното останаа од Мелхиседека. И, види кој е поголем? Види како Бог го прати Авраама да се благослови од Мелхиседека, зашто тој беше свештеник на Бога Вишниот и неговиот принос беше многу пријатен пред Бога, зашто беше од леб и вино, а не од месо и крв како Авраамовиот…

Гледате христијани колку голем грев бива со колењето к*рбани. А, вие се надевате да измолите од Бога и од светителот и да се исцелите од болестите. А, Бог вели: Не сакам да ми колите; Јас ни крв пијам, ниту месо јадам. А, вие го колите со свештеникот и велите: к*рбан го праќаме на Бога. А, свештеникот што не ви кажува каква е работата, туку од лакомост за пари уште и ве мами, ви вели: Ако, гледајте си ја работата, што сте нашле не оставајте. А, ако погрешно ве учи, на него е голем грев, оти од него отстапило и свештенството и христијанството, и тешко на таа парохија каде што тој свештеникува, и тешко и претешко и горко на неговата душа!

Христијани, браќа мои, да се подготвуваме духовно, а не телесно; така подготвувајќи се, да се исповедаме кај духовникот, оти духовникот има власт и благослов од Христа Бога; та гревовите коишто се чинат секој час, а ги забораваме и не ги паметиме, да ги кажеме на духовнникот, и тие можат да се простат со разрешната молитва што ја чита исповедникот, та на Велигден можеш достојно да се причестиш, достојно да празнуваш, достојно да се веселиш, достојно и духовно да се радуваш…


ХРИСТОС ВОСКРЕСНА ОД МРТВИТЕ СО СМРТА СМРТА ЈА ПОБЕДИ И НА ТИЕ ВО ГРОБОВИТЕ ЖИВОТ ИМ ДАРИ

Кон врв
rice Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 14.Ноември.2006
Статус: Офлајн
Поени: 379
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај rice Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Декември.2006 во 14:23

свети Амвросиј Милански

За покајанието

1. Од секоја доблест, чијашто цел тежнее кон напредок, без соменение умереноста е најубавата. Таа не ги суди, ниту ги казнува, и, ако ги суди оние "достојни" за тоа, обично тоа го прави со простување. Најпосле таа е онаа којашто ја шири Црквата создадена со Крвта Божја (Дела 20, 28). Таа е образ на добродетелта небесна и, на сеопштото спасение. Таа е онаа којашто ублажува со здраво ограничување, за да можат ушите на луѓето да го поднесат тоа што не е подносливо; за да не се изгуби духот, да не се исплаши душата.

2. Оној којшто настојува да ги исчисти грешките од човечката немоќ, треба да ја поднесе истата немоќ и, на некој начин да ја одмери на своите плеќи, а не да ја отфрли. Зашто, Оној евангелски пастир, како што се кажува, ја донел изнемоштената овца, а не ја отфрлил (Лука. 15. 5); и Соломон рече: "Не бивај строг и немој да се покажуваш за многу умен, за да не се избезумиш" (Проп.7.16). Умереноста треба да ја смирува праведноста. На кој начин мислиш да те исцели оној кон којшто ти имаш одвратност, ти којшто мислиш за свој лек да го имаш презирот, а не сочувството?

3. Затоа Господ Иисус трпи со нас, за да ни повика кон Себеси, а не да ни одврати. Кроток дојде, дојде смирен по срце (Матеј 11, 29), и рече: "Дојдете при Мене сите изморени и обременети и јас ќе ве успокојам".(Матеј 11, 28). Господ Иисус успокојува, не одбива, не отфрла. Со право, такви ученици и одбра, посредници на Божјата воља, да го соберат и примат народот Божји.

Јасно е дека не треба да се сметаат за ученици Христови оние коишто мислат да ја следат суровоста наспроти кроткоста, горделивоста наспроти смиреноста; и, кога самите бараат милосрдие од Бога, го одбиваат од другите; тие се учители на Новатијанците коишто себеси се нарекуваат "исчистени".

4. Што е погорделиво од овие? Кога самото Писмо вели: "Кој ќе се роди чист од нечист? Ниеден". (Јов 14. 4.). И, Давид извикува: "Очисти ме од мојот грев". (Псалм 50. 2.). Поголеми светители ли се тие од Давид, во чијашто фамилија Христос одбра да се роди според мистичното воплотување? Во Него е царството небесно, плод на утробата девствена, Којшто се принесе како Спасител на светот. А, пак, што е посурово од тоа да прогласат покајание, а да не простуваат, кога секако при одбивањето на простувањето го одвраќаат она коешто го потикнува покајанието? Никој не може да прави добро покајание, освен оној којшто се надева на простување.

5. Тие не се согласуваат дека заедницата треба да ги врати оние коишто паднале во отпадништво. Ако, единствено го издвојуваат таквиот злостор на сквернавење, кому што му го негираат простувањето, се разбира дека е сурово, но таквиот злостор би се согласил со нивните тврдења, и се чини дека единствено е побиен од божествените заповеди. Господ не прави исклучок за ниеден злостор, Он ги простува сите гревови. Истите сметаат, според обичајот на Стоиците, дека сите гревови треба да се проценат со иста мера, и тврдат дека засекогаш треба се одвојат од небесните тајни, подеднакво оној којшто ќе го убие петелот во кокошарникот, како оној којшто ќе го убие својот татко. Па тогаш, како ги одбиваат оние коишто се одвратени само заради еден злостор? Тоа би било најнедостојно - и самите не можат тоа да го одречат- бидејќи казната од малкумина ја префрлаат на многумина.

6. Но, велат дека почит на Бога му укажуваат, само оние коишто ќе ја сочуваат можноста за простување на беззаконијата. Секако, никој не прави поголема неправда отколку оние коишто сакаат да ги срушат заповедите Негови, и да ја отфрлат доверената задача. Кога Самиот Господ Иисус во Евангелието свое ќе каже: "Примете Дух Свети, на оние на коишто ќе им ги простите гревовите ќе им се простат, а на оние на коишто ќе им ги задржите, ќе им се задржат" (Јован 20, 22- 23); Кој Го слави повеќе Бога, оној којшто е во послушание на заповедите Негови, или оној којшто им се спротивставува?

7. Црквата, и во двата случаи му служи на послушанието, за гревот, и да го врзе и да го отпушти. Ереста, којашто во едно е крута, а во друго се одликува со непослушност, сака да го врзе она коешто не го отпушта и, не сака да го отпушти она коешто го врзала. Во тоа, тврдењево самото себеси се осудува. Господ сакаше подеднакво право да им даде и на отпуштањето и на врзувањето, Он подеднакво го допушти и едното и другото. Оној којшто нема право во отпуштањето, нема ниту во врзувањето. Според Божја промисла: оној којшто има право да врзува, има и да отпушта, така што изјавата на истите, самата се задушува, зашто ако го одрекуваат правото на отпуштање, должни се да го одречат и правото на врзување. Како може да се допушти едното, а да не се допушти другото? Ним и двете им се дадени, или, очигледно е дека и двете им се допуштени, или, сигурно е дека ниту едното од двете не им е допуштено. И едното и другото н е допуштено на Црквата, а на ереста ни едното ни другото не н е допуштено, зашто ова право само на свештениците им е допуштено. Со право Црквата ги зема на себе, бидејќи има вистински свештеници; ереста не може да ги зема на себе зошто нема Божји свештеници. Бидејќи нема свештеници, ереста не се огласува со превземање и, не смее да си го присвои за себе свештеничкото право. Така во бесрамната дрскост откриваме признание полно со заблуди.

8. Исто така запази го и ова: оној којшто го прима Светиот Дух, ја прима силата на врзување и отпуштање на гревот. Вака вели писмото: "Примете Дух Свети; на оние на коишто ќе им ги простите гревовите, ќе им се простат, а на оние на коишто ќе им ги задржите, ќе им се задржат".(Јован 20. 22,23). Значи, оној којшто не може да отпушта гревови, нема ни Дух Свети. Зашто службата на свештеникот е дар од Светиот Дух, а Светиот Дух допушта врзување и отпуштање на беззаконијата. Како го примаат на себе дарот Негов кога не веруваат во силата и вистинитоста Негова?

9. А, што да се каже за нивната крајна дрскост? Значи Духот Божји е повеќе наклонет кон милосрдието отколку кон строгоста, тоа што Он рекол дека го сака, тие не го сакаат, а тоа што Он рекол дека не го сака, тие го прават; бидејќи ако суди правилно, тогаш простува на оној којшто е милосрден. Треба да се биде потрпелив. О, Новатијан, треба да простуваш одошто да врзуваш; од една страна сурово е во однос на грешникот да го докажуваш своето право, а од друга страна сочувство е заради болката да му простиш.

10. Велат, дека откако ќе ги издвојат потешките беззаконија, им простуваат на полесните. Но, тоа не е случај со зачетникот на нивната грешка, Новатијан, којшто сметаше дека никому не треба да му се даде покајание, а со ова размислување се разбира, самиот не би можел ниту да простува, ниту да врзува гревови, ниту, пак, откако самиот се врзе да се надева на простување. Тоа значи, дека со сопственото размислување му судите на вашиот татко; вие правите разлика во гревовите, сметате дека тие треба да бидат отпуштени од вас, откако ќе ги процените, а без да ги исцелите. Но, Бог не прави разлика, и им даде милосрдие на сите и им допушти слобода на своите свештеници во отпуштањето на гревовите без никаков исклучок. Оној којшто ќе го зголеми гревот, го зголемува и покајанието; поголемите гревови се очистуваат со поголемо плачење. Ниту се оправдува Новатијан, којшто им го спречи простувањето на сите, ниту пак вие, наследниците на истиот и зачетници на осудата, бидејќи ја намалувате силата на покајанието, тогаш кога таа треба да се зголеми, а милосрдието Христово поучи дека потешките гревови треба да се потпираат на поиздржливи потпори.

Кон врв
orto Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 13.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 916
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај orto Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Декември.2006 во 11:01

Некој старец бил ограбен од својот сосед, кој што му служел. Кога и да влезел во одајата на старецот, тој ќе земел по нешто и ќе си го однесел. Старецот сето тоа го гледал но ништо не велел. Када дошол смртниот час на старецот, се собрале сите соседи окулу неговата постела, а старецот ги зел рацете на свијот сосед (оној кој го ограбил) и почнал да ги бакнува:"На Овие раце имам јас да им благодарам што денас заминувам во Царството небесно."

(kоран 10, 94)
(аллах рече моамеду) Ako сумљаш у oно што ти oбљављујемо, упитај oне (Жидове и Кршчане) koji Читају Kњигу (БИБЛИЈУ), прије тебе објављену
Кон врв
mali simo Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1132
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mali simo Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Декември.2006 во 13:46

Преображение



Еден од правците на живеење, којшто во се поголема мера бива проповедан од страна на модерното потрошувачко општество, бездруго е и вулгарниот материјализам.

Но, преку посочениов евангелски настан, којшто во континуитет Црквата го живее и денес, според големиот старец Јустин Келијски, православната духовност ни предочува дека материјата во суштина се состои од светлина, и се сведува на светлината како на своја прасуштина и праприрода.

Затоа, како што укажуваат современите патролози, нашиот грев, нашето промашување се состои токму во тоа што брзо се навикнуваме на се во светот, и уште побрзо сето тоа ни станува здодевно, празно. Лебот е само леб, човекот само човек. Си велиме дека познавајќи ја надворешноста и функцијата на нештото, знаеме се за него. Но, всушност ништо не знаеме бидејќи повеќе не ја гледаме божествената светлина, којашто проблеснува низ се во овој свет.

А, човекот е создаден за обожение. Бог стана човек, за човекот да постане бог (по благодат), гласи позната изрека на светиот Атанасиј Велики.

Според римокатоличката теологија светлината, којашто ја видоа Апостолите при Христовото Преображение на Тавор, е создадена светлина. Со тоа си прогласија дека за нив постои непремостлива провалија помеѓу Бога и човекот. Оттука, ним им е неопходно погрешното учење за папата како посредник.

А, според мистичната теологија на Црквата од Исток, Бог е трансцедентен, неспознатлив според Неговата суштина, но апсолутно причастен според Неговите енергии, та оттука, човекот е создаден да ја гледа несоздадената светлина, да ја прима во себе, та дури и да ја предава на други, за што сведоци се светителите и живите благодатни старци. Се е уредено и постои токму заради благодатното обожение, вели преподобниот Максим Исповедник.

Да не заборавиме, не потсетуваат и светогорските старци, дека ако не успееме да се обожиме, сиот наш живот ќе биде неуспех. Да не заборавиме дека професијата, богатењето, студиите, милосрдието… можат да бидат важни, но сепак се вторичните цели во однос на првичната цел во нашиот живот – обожението. Тоа не е луксуз, но најдлабока цел, вели Митрополитот Иеротеј. А, на оние коишто велат дека тоа е невозможно, најдобро ќе им се спротивставиме со силата на зборовите, којашто произлегува од оние што се имаат обожено, а таков бездруго е светиот Симеон Нов Богослов, којшто во неговите Химни, пишува:

„Не велете не можно е да се прими Светиот Дух…, не велете – луѓе светлост Божеска не зерцаат и невозможно е тоа во сегашниве времиња!… Никогаш тоа не е невозможно, пријатели, туку сосем е возможно за тие што сакаат“… (Химна XXVII).

Ете, копнеејќи за обожение да предвкусиме уште тука од граѓанството на Невечерниот град Иерусалим и заедно со божествениот Јован да воскликнеме: „… сега сме деца Божји, но уште не се откри што ќе бидеме! Знаеме само дека кога ќе се открие, ќе Му бидеме слични Нему, оти ќе го видиме Каков што Е“ (1 Јован 3. 2).

„Тука стојат некои што нема да вкусат смрт додека не го видат Синот Човечки како оди во Царството Свое“ (Мат. 16. 28), т. е. додека не го видат Преображението, вели Евангелието. Дај Боже сите што сме тука, сите собрани во Литургијата на Црквата, за да би можеле да се наречеме Христијани - да ја видиме славата на Отецот и Синот и Духот Свети, сега и во вечни векови. Амин.

ХРИСТОС ВОСКРЕСНА ОД МРТВИТЕ СО СМРТА СМРТА ЈА ПОБЕДИ И НА ТИЕ ВО ГРОБОВИТЕ ЖИВОТ ИМ ДАРИ

Кон врв
mali simo Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1132
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mali simo Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Декември.2006 во 16:39

ВОСКРЕСЕНИЕТО НА ПРАВОСЛАВНАТА ЦРКВА ВО АЛБАНИА

ЏИМ ФОРЕСТ


Текстот којшто следува е дел од книгата на православниот аме­рикански новинар Џим Форест - „Воскресението на Пра­во­славната црква на Албанија“, излезена во 2002 год. Авторот минува еден месец во земјата и таму се среќава со различни прет­ставници на Православната црква и непосредно ги пренесува разговорите со нив. Ви предложуваме и дел од разговорот со главата на Православната црква во Албанија - архиепископот Анастасиј. По потекло тој е Грк и заминува во Албанија по препорака на Вселенскиот патријарх. Неговиот живот е исклучително богат: на 35-годишна возраст заминува како свештеник во Уганда, после тоа е доцент по историја на религиите на Богословскиот факултет во Атина, а подоцна повторно се враќа на мисионерската работа во Африка (во Уганда, Кенија и Танзанија). Задачата што ја добива - да ја востанови Православната црква во Албанија - навистина е тешка, бидејќи таа бивша комунистичка земја го преживеа најжестокото гонење на религиозните заедници. Во 1967 год. се забранети апсолутно секакви богослуженија и повеќето храмови се, или разрушени, или се одземени од религиозните заедници. Луѓето коишто се фатени како ги нарушуваат забраните и ја практикуваат својата вера можеле да добијат и до 14 години затвор, а свештеник фатен, на пример, како извршува свето крштение, можел да добие смртна пресуда.

Во овој контекст возрождението коешто го преживува Православната црква во Албанија во последниве десет години под раководство на архиепископот Анастасиј навистина е чудо. Неговиот неверојатен мисионерски дар, духовната опитност и административните способности се причина албанските православни, како и мозина православни од туѓина, да се обединат околу него и исцело да се трудат за востановување на црковниот живот.

Архиепископот Анастасиј пристигнува во Тирана на 16 јули 1991 г., во земја којашто малку пред тоа имаше највоинствен атеизам на светот. Од 440-те клирици низ 60-годишниот период на комунизмот остануваат 22-ца - сите стари и болни, а некои и блиску до смртта.

Во Јануари 1991 г., еден месец откако власта во Тирана дозволи создавање на некомунистички политички партии, Вселенската патријаршија го започна востановувањето на Православната црква на Албанија. Два месеци после 61-от роденден епископот Анастасиј добива телефонски повик од патријаршијата во Цариград со прашање дали би заминал за Албанија како Егзарх, за да види што таму останало од Православната црква. Во тоа време тој имал намера да се повлече во пензија.

На 24 Јуни 1992 г., по предлог на Вселенскиот партријарх Вартоломеј тој еднодушно од Светиот Синод на Вселенската патријаршија е избран за глава на Православната Црква на Албанија. Во првите години се среќава со исклучително многу тешкотии од страна на албанските политичари, коишто прават се што е можно за да го принудат да ја напушти земјата, но обидите им остануваат неуспешни. Друг сложен проблем којшто требал да се преодолее е разделбата во самата Црква.

Архиепископот раскажува: „Имаше голем расцеп во Црквата. Луѓето тука имаат различно етничко потекло. Првата задача ни беше да постигнеме единство меѓу православните христијани. После толку многу гонења не можевме да дозволиме расцепот да продолжува. Си спомнувам дека еднаш во Корча реков: Мислите ли дека шумата е поубава ако во неа има само еден вид дрвја? Сите различни дрвја треба слободно да растат под зраците на сонцето. Клучот кон вистинското развивање се љубовта и слободата.“

Еден од елементите на процесот на надминување на преградите внатре во Црквата беше поврзан и со тоа какво самосознание придобива самата Црква.

„Ние гледаме на себе си не како на Албанска Православна Црква, но како на Православна Црква на Албанија. Дури поскоро на себе си гледаме како на Православна Црква во Албанија. Ние сме дел од вселенската Црква. Православната Црква не е федерација од цркви; Едната Православна Црква суштествува во полнота на секое конкретно место. Ние патуваме кон Царството Божјо заедно. Никој не може да суштествува како остров - ниту Велика Британија, ниту дури огромната Кина. Никој не може да суштествува изолирано“.

За архиепископот Анастасиј една од најважните задачи била да се организира работата за создавање на места за богослужење во земја, во којашто црквите во континуитет биле рушени или ползувани за светски цели. Најзабележливото постигнување се црквите изградени или востановени после неговото доаѓање. До средината на 2001 г., изградени се 80 нови цркви, 70 се издигнати од руините, повеќе од 140 се ремонтирани, а 5 манастири се вратени во живот.

Освен тоа, изградени или востановени се повеќе од 20 големи згради, помеѓу кои се: Богословската семинарија во Драч, административната зграда на Св. Синод во Тирана, епархиските центри во Корча, Берат, Џирокастро, како и гимназијата „Св. Крст“ во последниот град, медицинскиот дијагностички центар во Тирана, неколку гостоприемници, училишта, како и комплексот „Назарет“, во којшто се наоѓаат свеќоливница, печатница, иконографско и атеље за реставрација и други згради за црковни потреби.

„Во почетокот немавме друг избор, освен да направиме неколку лесни градби во различни градови, за времено да служат како храмови, но низ годините постепено изградивме вистински цркви, претежно од камен, секоја со свој облик. Во некои случаи тие беа востановени од руините, а во други изѕидани од темели. Целта ни беше не тие да бидат привремени градби, но да создадеме убави цркви. Преку архитектурата на храмовите се обидуваме да кажеме нешто не само за сегашноста но и за иднината. Таа дејност се координираше од технички оддел, од отец Теологос, светогорски монах којшто има завршено архитектура и којшто работи заедно со овдешни соработници. За градењето и востановувањето на црквите расходувавме милиони долари. Голем дел од тие средства доаѓаат како дар од странство, вклучително од мои поранешни студенти коишто успеале во кариерата, или, пак, работат во невладини организации способни да помогнат. Понекогаш си велам на себе си дека сум еден меѓународен просјак! Ние сме бедна Црква, но богати сме со пријатели. И, многу сме им благодарни на сите нив.“

Црквата во Албанија сепак не се радува на пријатели од страна на власта.
„Многу ретко властите одговараа брзо при враќањето на отуѓената црковна сопственост, независно дали станува збор за враќање на храмови или на земја со рушевини од храм врз неа. Тоа е проблем којшто не спречува во многу градови и до денес. Понекогаш единственото практично решение беше да го купиме она што беше украдено од нас.“

Градбата на цркви многу често означувала нешто повеќе од градењето на еден храм.

„Кога градевме или востановуваме црква или храм, не ретко ни се налагаше и да го ремонтираме патот крај него. Еднаш ме прашаа каков подарок би сакал и, ми се чини, дека предвид имаа некаква икона. А јас кажав: „Би сакал еден булдожер“. Луѓето беа многу изненадени: „Но, што ќе правите со булдожерот?“. „Ќе градиме патишта во оддалечени реони, за да им го направиме животот на луѓето почовечки.“

„Така Црквата со нејзината целосна градежна дејност стана важен фактор во економскиот развој на Албанија. Ние сме еден од најголемите инвеститори и работодавци во земјата.“

Задачата да се востановат црковните згради, како и да се осознае значењето на заедничката молитва, се поврза со градењето на разбирање за општата одговорност на секој човек во Црквата и за животот во неа.

„Ние имаме три основни принципи коишто непрекинато ги повторувам: првиот е да има домородно раководство; вториот - да се ползува домородниот јазик; а, третиот - да се смета на домородно финансирање. Ни се наметнува да правиме компромис само со последниот принцип. Големата беда во Албанија изискува надворешна помош, за да се востановат црквите и да постои милосрдна дејност. Но дури и во таа област никогаш не започнуваме проект без парични пожртвување и од Албанците. За да го добиеме Божјиот благослов, треба да го дадеме она што можеме. Само што нулата не може да биде благословена. Со две риби и пет леба Христос нарани 5000 души, но прво требаше да се принесе дар од малкуто коешто луѓето го имаа.“

Една од неодложните задачи беше да се направи се што е можно за оние што страдаа во најбедната земја на Европа. Црквата почна да создава клиники во главните населени места. Се реализираат програми за помош на инвалиди, за зачувување на здравјето во селските реони, за развој на селското стопанство, за работа со затвореници и бездомници, бесплатни кујни, бесплатна помош за оние што имаат неодложна потреба. Поголем дел од таа работа се реализира преку „Диакониа Агапис“ („Служење на љубовта“ - црковен оддел, основан во 1992 г. од архиепископот Анастасиј и раководен во почетокот од отец Мартин Рици, којшто сега го возглавува Православниот христијански мисионерски центар во САД, после тоа од Пени Делијанис, а во моментов од Албанката - Нина Грамо Пердику). Тие проекти се наменети не само за пра­вославните, но и за сите коишто имаа потреба од помош, независно од верската припадност или недостатокот на таква.

„Ние работиме за примена на новостите во чувањето на здрав­јето - вели архиепископот Анастасиј, - клиниката „Благовештение“ во Тирана сега одговара на највисоките европски стандарди. Доаѓаат луѓе од целата земја за да се лекуваат во неа.“

Проект за пример е стоматолошката клиника којашто се наоѓа во голем бел микробус којшто патува од град во град.

Друга клучна сфера на дејност е образованието. Освен православната семинарија во Тирана во којашто учат момчиња и девојчиња, создадени се исто така и училишта коишто одговараат на други потреби. Неодамна во Тирана се отвори Институт за професионална обука после средното образование. Во Џирокастро неколку години постои машка гимназија, во соседниот град - училиште за девојки. Отворени се 12 детски градинки во мали и по­големи градови. Се организираат летни кампови, како и работа според различни младешки програми.

„Наш главен приоритет се децата - вели архиепископот Анастасиј - отворивме многу детски градинки, јасли и училишта. Жалиме само што не можеме да им помогнеме на уште повеќе млади луѓе. Правиме за луѓето се што можеме, доколку ни дозволуваат условите.“

„За да постигнеме резултати ни требаат луѓе, свети луѓе. Луѓе коишто не ги менуваат нештата, а се менуваат себе си. Црквата ја има силата да создава личности, способни да љубат и да се жртвуваат, такви коишто ја надживеале одмаздата и способни се да простуваат. Помирувањето не е лесно. Тоа има потреба од помошта на Црквата. Прошката и помирувањето се суштествен дел на христијанскиот живот, особено за време на Великиот пост. Тој дава сила да му простиш на другиот. Колку повеќе си простуваме, толку поздраво е заедничарењето?“

„Некогаш младото поколение беше обучувано преку системот на комунистичката пропаганда. Тоа беше култура на стравот… Сега младите се објект на друга пропаганда - на идејата дека кога имаш положба во општеството значи дека имаш пари. Новиот систем вели дека колку повеќе пари имаш толку повеќе значиш. Но без љубов и жртва луѓето се претвораат во диви животни. Денес без верските заедници нема надеж. Луѓето тешко ја разбираат жртвата. произлезена од љубовта, од верата во Христа. Тажно е што толку многу луѓе се робови на сфаќањето дека среќата е во парите. Младите треба да знаат дека има нешто повеќе отаде овој живот. Сега, светските луѓе штом видат човек којшто живее правејќи жртви, си мислат дека тој тајно добива некакви материјални средства…“

Целосното возраѓање на црковниот живот во Албанија вклучува и некои други сфери на работа.

„Основавме радиостаница и весник. И двете се викаат „Нгјалља“ - Воскресение. Весникот излегува еднаш месечно, а радиото емитува 24 часа секој ден. Програмата вклучува духовни, музички, информативни и други предавања. Сега има и час посветен на децата. скоро поставивме нова антена којашто овозможува да емитуваме во целата земја. Освен тоа имаме и центар надвор од Тирана, наречен „Назарет“, во него се предава иконопис и реставрација. Во истата зграда сместени се печатница и свеќоливница. Продажбата на свеќи е еден стабилен извор на приходи за парохиите.“

Архиепископот Анастасиј како друга област за црковна дејност ја гледа работата според проекти за зголемување на грижата за природната околина.

„Оваа година започнуваме програма за запазување на природната околина, којашто вклучува последипломно обучување на 15 студенти, коишто завршиле биологија, шумарство или екологија. Тие ќе започнат програми за запазувањето на екосистемите во три области на Албанија. Создадовме уште и програми за собирање на отпадоците во два града. Дел од улогата на парохијата е да се грижи селото или градот да бидат чисти. Треба да ја внушиме идејата за чиста природна средина, каква што некогаш Албанија имала, наложена од полициската држава. Сега тоа не може да биде наложено, но треба да стане слободен избор.“

„Неопходно е Црквата да присуствува во сите сфери на животот преку пилотни програми за запазување на здравјето, образование, социјална помош, програми за економски развој, култура и грижа за природното опкружување. Тоа се основни нешта на цивилизацијата. Во секоја област на животот треба да воведеме духовна мерка. Културата е повеќе од технологијата! Пред се таа е уважување кон човечкото достоинство. Културата е уважување кон Божјата твар. Таму кадешто таа суштествува, има убавина.“

Архиепископот Анастасиј уште вели: „Дел од мојот призив тука е да потпомагам во ферментацијата на општествените процеси. Треба да си го поставиме прашањето како Албанија навистина може да стане демократска земја. Демократијата е сложен феномен. Таа не означува просто - една партија да дојде на власт и да ја налага нејзината воља. Таа е повеќе од тоа да дојдеш на власт преку слободни избори. Демократијата е уважување кон вистината, уважување кон другиот. Таа означува - да не ја заменуваш реалноста со зборови и пароли. Таа означува - да не мислиш дека твоето насилство е добро, а нивното насилство е престап. Зборовите се менуваат, но за жал синтаксата останува таква каква што била. Ние страдаме од вакуум на вредности и од една многу жестока форма на капитализам - капитализмот што го гледаме во „Оливер Твист.“

Не сите беди на Албанија се случиле пред крајот на тешкиот комунистички режим во 1991 г. Во 1997 г. Албанија е опфатена од анархија после пропаѓањето на финансиските пирамиди во коишто мнозина албанци ги заложија и загубија сите заштеди.

„Земјата беше на раб од граѓанска војна - си спомнува архиепископот Анастасиј - тоа беше тешка катастрофа којашто ги разгори стравот и агресијата натрупани во срцата на многу луѓе. Повеќето од странците коишто работеа во Албанија, ја напуштија земјата. Во тој период Црквата покажа брза помош на 25 000 семејства и неуморно призиваше: „Не на оружјето, не на насилството!“. Повторувавме дека никаков акт на насилство може да биде оправдан од Црквата.“

Архиепископот ги пренебрегна советите на мнозина пријатели во Албанија и странство и откажа да ја напушти земјата.

„Могу луѓе требаше да заминат, но јас разбрав дека треба да останам и ги поканив оние коишто сакаат, да останат. Мојата положба е капетан на кораб. За мене можноста да напуштам не постоеше, но опасност беше сосема вистинска.“

Тој ми покажа еден к*ршум којшто беше истрелан во прозорецот на неговиот кабинет, којшто го искршил надворешното стакло, но бил сопрен од внатрешното.
„Чудно беше да се види к*ршум сопрен на таков начин! Го сочував како спомен од тие времиња, кога бевме подложени на испитанија и секој ден можеше, за нас, да биде последен. Во тие дни спиев на подот, во својот кабинет, во аголот под прозорецот.“

Друг период на испитанија е 1999 г., кога НАТО ја нападна Југославија и нападна многу објекти во Србија и Косово.

„Во тој период половина милион косовски Албанци избегаа во Албанија. Црквата не можеше да им сврти грб. Повеќето од избеганите веднаш беа примени во албанските домови, а ние се погриживме за 32 000 души и се уште го опслужуваме последниот бегалски логор во земјата. За нас немаше важност тоа што помеѓу бегалците немаше христијани. За извесно време запревме со дејностите во семинаријата, за сите студенти да можат да земат учество во брзата помош за бегалците.“

Од различни фотографии знаев дека архиепископот не испраќал само други да помагаат, но и самиот лично растоварал, на пример, кутии со храна и лекарства.
Тој си спомнува како во тоа време некои од семинаристите, откако дошле да им помогнат, првично стравувале и се тревожеле дека бегалците ќе бидат непријателски настроени кон нив како кон православни христијани.

„Им кажав дека треба да отидеме во центарот на кризата и да го видиме ликот на Христос во оние коишто страдаат. Еден студент ме праша: „Нема ли крстчето коешто го носам да предизвика некои од нив?“ Му реков дека е доволно да го носиме крстот во срцата си. Поважни од зборовите за Православието се христијанските постапки. Потчинувај се на Бога со љубов и не се плаши! Не дозволувај му на стравот да ти стане идол! Невозможно е да се занимаваме со богословие без да покажуваме самопожртвуваност.“

Денот кога требаше да ја напуштам Албанија, имав време за уште еден последен разговор со архиепископот Анастасиј.

„Некои странци гледајќи го тешкиот живот тука ми велат: „Како можеш да го издржиш ова? Тука е толку грозно!“ А, за мене тука е толку убаво! Божји благослов е да бидам тука - не благословот којшто си го претставив, но оној којшто навистина го добив.“

„Јас не произлегувам од овие смирени луѓе, но од нив се учам да живеам попросто, повистински, почесно, да имам повеќе подготвеност да проштевам. Смирението не е постигнување, но процес на развивање којшто продолжува преку целиот живот. Тука во Албанија често можеш да сретнеш луѓе коишто го впиваат секој твој збор, секој гест. Лицата им се како жедна земја, готова да ја прими секоја капка вода. За мене тоа е неверојатна промисла: да бидеш испратен да им служиш на такви луѓе, луѓе коишто никогаш не си ги познавал, никогаш не си очекувал да ги сретнеш, а тие да те примат со таква доверба. Слава Богу за тоа што бев испратен да живеам помеѓу нив и да ги имам за свои помошници.“

„Луѓето понекогаш ме прашуваат за моите очекувања, но јас не знам ништо за иднината. Човекот може само да си ја извршува работата со љубов и смирение. Јас не сум спасителот на Албанија, но само една свеќа пред иконата на Спасителот.“

ХРИСТОС ВОСКРЕСНА ОД МРТВИТЕ СО СМРТА СМРТА ЈА ПОБЕДИ И НА ТИЕ ВО ГРОБОВИТЕ ЖИВОТ ИМ ДАРИ

Кон врв
rice Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 14.Ноември.2006
Статус: Офлајн
Поени: 379
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај rice Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Декември.2006 во 14:02

Свети Николај Жички:

КУЛТУРА ИЛИ ЛУЃЕ


Пишувате како сте ја минале зимата во еден прочуен град во странство. Неколку денови сте се чувствувале пријатно, додека погледот Ви лизгал по мермерните палати, по цветните градини со водоскоци, по улиците мазни и измиени, по храмовите, музеите, библиотеките, хотелите и сиот оној разновиден крш од ѕидарии и багаж од љубопитства што се именува со едно име – култура. Дури на крајот, погледот Ви падна на луѓето во тој град; всушност, првин падна нивниот поглед на Вас, и Вие се вџашивте и видовте дека Вашите торби помалку тежат на прст и на кантар отколку што тежеа; дека прескапо сте платиле едно сечено стакло за коешто Ви се колнеа дека е дијамант; дека кочијашите Ве возеа околу целиот град додека да Ве донесат до некоја продавница којашто е веднаш до Вашиот хотел; дека сите околу, Ве гледаат не како човечко битие, туку баш како орли што гледаат леш, и така со ред. Секој бараше само еден мрачен и тесен ходник помеѓу законските параграфи, за да може неказнето да Ве зграпчи и искубе. Заради тоа говорите дека културата во тој град Ве доведувала до воодушевување, а карактерот на тие луѓе до гнасење. „Претците на овие гнасни луѓе морале да бидат вистински џинови, кога можеле да изградат ваква култура!“ Тоа се Вашите последни зборови. Но не, не мамете се. Претците нивни биле исти како овие луѓе. Културата не ја градат само големи луѓе, туку често и мали, и сосема мали, па дури и нелуѓе. Мали луѓе ја ѕидаа културата на Вавилон и Егбатана; мали ја ѕидаа културата на Арабија и Мисир. Архизлосторникот Каракала ги изгради најубавите купатила. Крвавата Семирамида ги издигна во воздух висечките кули. Нелуѓе изградија сосема удобна култура во пропаднатата Помпеја. Нелуѓе ја изградија културата на Тир и Сидон, двата безбожни градови, од коишто останаа две рибарски села. Нелуѓе ја соѕидаа и културата на Содом, по зло прочуениот Содом. Ниту биле, Бог знае какви луѓе Мексиканците, коишто направија многу префинета и славна култура. Сосема културен беше и Капернаум, па културата не му помогна да не биде вброен во редот на Содом. „И ти Капернауме, што си се воздигнал до небото, до пеколот ќе слезеш… на земјата Содомска ќе и биде полесно на страшниот суд, отколку тебе“ (Матеј 11. 23).

Карактерот и културата не секогаш оделе едно до друго. Ниту човечноста и културата, за што сведоци се Млетите. Ниту јунаштвото и културата, за што сведоци се Левантинците. Ниту, пак, по културата може да се цени вредноста на човекот или народот. И, како што често културите растеле без карактери, така понекогаш и јаки карактери се развивале без култура: пример за ова се Спартанците, и во поново време Арнаутите.

А, сега на крајот дозволете, Вам, као Славјанка, да Ви поставам едно прашање: - после Вашето искуство за културата и нелуѓето во градот Н., што мислите, која би требало да биде главната задача на словенските народи – да ѕидаат култура или да воспитуваат карактери? И, што очекува светот од Словените: култура или луѓе? И, кон што денес повикува човештвото, за што има потреба: за култура или за добри луѓе?

Размислете за тоа, па повторно напишете ми.

Кон врв
mali simo Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1132
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mali simo Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јануари.2007 во 17:44
старец Порфириј Кавсокаливит

ДА СЕ БОРИМЕ ВО ДУХОВНИОТ ЖИВОТ ЕДНОСТАВНО, БЕЗ ГРЧ, НЕ ИЗНАСИЛЕНО


Совршена, длабоко ољубомудрена е нашата вера. Едноставното е - најскапоцено. Така да се борите во духовниот живот, едноставно, без грч, не изнасилено. Душата се осветува и се очистува со изучување на словата на отците, со учење наизуст на псалми, на делови од Светото Писмо, со псалмопеење, со Иисусовата молитва.

Предадете се на овие духовни нешта, и оставете се друго. Во славењето на Бога можеме да стасаме лесно, бескрвно. Постојат два патишта коишто не водат кон Бога: суровиот и заморувачки со жестоки напади против злото и лесниот - со љубов. Постојат мнозина коишто го одбираат суровиот пат и „проливаат крв за да добијат дух“, сè додека стигнат до голема доблест. Јас најдов дека најкраток и најсигурен пат е - со љубовта. Тој пат да го следите и вие.

Можете, значи, да направите други усилби. Да изучувате, да се молите и да имате за цел да напредувате во љубовта Божја, и на Црквата. Немојте да се борите да го изгоните мракот од собата на вашата душа. Отворете едно мало дупче за да влезе светлината и мракот ќе избега. Истото важи и за страстите и за слабостите. Да не се борите со нив, но да ги преобразувате во сили, презирајќи го злото. Да се занимавате со тропари, со канони, со славење на Бога, со божествениот ерос. Сите свети книги на нашата црква Параклитики, Часословот, Псалтирот, Минеите содржат зборови свети, љубовни зборови кон нашиот Христос. Да ги читате со радост, љубов и восклик. Кога со копнеж ќе се предадете на овие усилби, вашата душа ќе се осветува на едноставен начин, таинствено, без тоа да го чувствувате.

Животите на светителите, а најмногу животот на свети Јован Колибар ми направија впечаток. Светителите се пријатели Божји. Можете по цел ден да наоѓате задоволство и да се насладувате од нивните подвизи, и да го подражавате нивниот живот. Светителите целосно се имаат предадено на Христа. Со ова изучување полека-полека ќе се здобиете со кротост, со смирение, со љубов и вашата душа ќе станува подобра, поблага. Да не одбирате одрекувачки начини за вашето исправање. Не е потребно ниту од ѓаволот да се плашите, ниту од пеколот, од ништо. Тоа создава одбивност во душата. Имам и јас некое мало искуство од ова. Целта не е да седите, да се притеснувате и да се стегате, за да станете подобри. Целта е да живеете, да изучувате, да се молите, да напредувате во љубовта, во љубовта Христова, во љубовта на Црквата.

Ова е свето и убаво - усилбата да се соедини некој со Христа, што ја радува и ја избавува душата од секое зло. Да го возљуби Христа, да воскопнее за Христа, да живее во Христа, како апостол Павел којшто вели: „живеам не веќе јас, туку живее во мене Христос“. Ова да е вашата цел. Другите усилби да бидат тајни, сокриени. Она што треба да владее е љубовта кон Христа. Тоа да постои во умот, во мислата, во срцето, во вољата. Оваа усилба да биде најјака - како да Го сретнете Христа, како да се соедините со Него, како да Го соберете во себе.

Оставете ги сите слабости, за да не добива знак спротивниот дух, та да ве потопува, да ве приковува и да ве става во притеснение. Немојте да правите никаков напор да се ослободите од нив. Да се борите едноставно, просто и без грч, без стегање и стрес. Немојте да велите „сега ќе се стегнам, ќе се молам, ќе стекнам љубов, ќе станам добар“ и т. н. Не е добро да се стегаш, да се притеснуваш, за да станеш добар. Така ќе си создадете уште поголема одбивност. Сè да бива на нежен начин, без напрегање, без изнасиленост и слободно. Ниту да велите „Боже мој, ослободи ме од ова“, на пример од гнев, од тага. Не е добро да се молиме и да мислиме на конкретната страст; тогаш, нешто се случува во нашата душа и се заплеткуваме уште повеќе. Фрли се со порив за да ја победиш страста и ќе видиш после како ќе те зграпчи, ќе те стегне и нема да можеш ништо да направиш.

Немојте да се борите директно против искушението, немојте да молите да си оди, не велете „земи го Боже“! Тогаш му придавате значение, и искушението ве стега. Затоа што, иако велите „земи го Боже“, воглавно се сеќавате на него, и повеќе го потхранувате. Расположението, значи, за избавување, се разбира, ќе постои, но нека е многу мистично и префинето, без да се пројавува. Да се случува мистично. Сетете се на она што го вели Светото Писмо: „да не знае левицата што прави твојата десница“. Целата ваша сила да се свртува кон љубовта Божја, кон неговото славење, кон прилепувањето кон него. Така избавувањето од злото и од нашите слабости ќе се случува таинствено, без и да почувствуваме, без напор.

Вакви усилија и јас правам. Најдов дека е тоа најдобриот начин за осветување, бескрвен. Подобро, значи, да се фрлам во љубовта изучувајќи ги каноните, тропарите, псалмите. Ова изучување и насладување, без тоа јас да го разбирам, го води мојот ум кон Христа и го блажи моето срце. Истовремено се молам кревајќи ги рацете со копнеж, со љубов, со радост и Господ ме воздигнува во својата љубов. Ова е нашата цел, таму да стигнеме. Што велите, овој пат не е бескрвен?

Постојат и многу други начини како, на пример, да се сеќаваш на смртта, на пеколот, на ѓаволот. Така од страв и од сметка го избегнуваш злото. Јас, најништожниот, не ги спроведов во мојот живот овие начини коишто заморуваат, коишто создаваат одбивност и многупати спротивен резултат. Душата, особено кога е чувствителна, се весели во љубовта и се восхитува, се зајакнува, ги преобразува и ги пресоздава сите одречни и грди нешта.

Затоа, јас го претпочитам „лесниот пат“, значи, оној начин којшто го постигнуваме со изучување на каноните на светителите. Во каноните ќе најдеме начини коишто ги ползувале светителите, преподобните, аскетите, мачениците. Добро е да ја направиме оваа „кражба“. Да го правиме и ние она што го правеа и тие. Тие се фрлија во љубовта Божја. Го дадоа целото свое срце. Да го украдеме нивниот начин.

ХРИСТОС ВОСКРЕСНА ОД МРТВИТЕ СО СМРТА СМРТА ЈА ПОБЕДИ И НА ТИЕ ВО ГРОБОВИТЕ ЖИВОТ ИМ ДАРИ

Кон врв
belichka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 2023
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај belichka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Јануари.2007 во 11:25
 
 
Taktikata koja demonot ja sporoveduva protiv pravoslavnite hristijani, ako celosno ja ostvari predviduva dve etapi:

 

Prvata e da ne natera da napravime grev, takov sto tesko se nosi, a uste potesko se ispoveda.

A vtorata etapa, odnosno nejzinoto ostvaruvanje direktno zavisi od efektot sto vrz nas go imala prvata.

Ako ne znaeme deka demonot e tajno bezmilosen i sovrseno NEsentimetalen, moze da pomislime deka e zadovolen od porazot sto ni go nanel preku grevot, a sega ke ne ostavi ne mira. Vakvoto razmisluvanje e pricina i uslov za demonot da moze da ja realizira i vtorata etapa od svojata taktika protiv nas, a taa se sostoi vo toa sto ke uspee da ne uveri deka napraveniot grev e pretezok i premnogu sramen da go ispovedame. Deka duhovnikot zaradi nego ke go smeni mislenjeto zqa nas i kojzanae sto ke pomisli za nas, a sto e najloso i vo sto glavno demonot se obiduva da ne ubedi e da ne go ispovedame grevot sto e tolku golem sto ednostavno Hristos nemoze da ni prosti. Pa nema ni smisla da go ispovedame. Finalniot udar na demonot vo ovaa vtora etapa ne doveduva vo sostojba na OCAJ.

 

Iako veke sme napravile grev, sto seriozno ja raznishal nasata duhovna sostojba da go onevozmozime demonot da ja ralizira i vtorata etapa. taka sto ke mu go sprotivstavime faktot na crkvata deka:

Prvo- nepostoi grev sto nema da se izgubi vo bezdnata na Bozjoto milosrdie. Se razbira dokolku nie prifatime i go frlime vo bezdnata na Bozjoto milosrdie preku ispovedta i

Vtoro- zar mozeme da bideme tolku gordi, pa da pomislime deka nekoj nas grev e pogolem od Bezgresnosta Hristova.

Toj umre davajki otkup za grevovite na site luge. Od Adama do posledniot sto ke se rodi. Pa kolku i da se nash*te grevovi, Hristos moze da gi pogubi, no samo onie grevovi koi ke gi priznaeme i ispovedame. Od ostanatite sto ne sme gi ispovedale ne sme ni pobarale od Hristos da ne oslobodi

Кон врв
belichka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 2023
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај belichka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Јануари.2007 во 18:17
 
Harizmata na starcestvoto: Starec Pajsij

 

Za Duhovniot zivot

,,kolku covekot stanuva poduhoven tolku pomalku prava ima vo ovoj zivot. Dolzen e da trpi, da ja prima nepravdata, da gi prima losite zborovi od drugite. Eden nikakvec koj sto e daleku od Boga ima poveke prava: Da napaga i da vika i da postapuva nepravedno. Nasite prava Gospod ni gi zadrzuva za drugiot zivot. Iako go znaeme ova cesto nie svoite prava si gi barame ovde.Ajde da ne gi narusuvame nestata ni malku. Ako nekoj nesto ni rece, vednas mu kazuvame sto e pravo. A potoa mislime deka veruvame vo Boga. Toa e vistinska smeska. Coveckata pravda na duhovniot covek ne mu znaci nisto, a ima golemo znacewe za edna izopacena licnost.”

“cesto gledam deka so religioznite luge se slucuvaat cudni raboti, sto me potsetuvaat na zelen Pazar. Tamu sekoj vika.  Eden veli zemi portokali, drug veli zemi si repa i taka natamu, sekoj ima za cel da go prodade svojot proizvod. Nesto slicno se slucuva i so nas hristijanite. Nekoj veli ako vlezes vo ovaa zaednica ke se spasis. Sepak, mnogu luge ne se za tuka ili za tamu, tuku na nekoe drugo mesto. Bozji covek moze da pomogne, no ne da gusi. Eve zamislete da otidam vo voena baza i da im kazuvam za monastvoto. Nema da gi lazam. I sto ke se sluci? Site li treba da stanat monasi? Taka se razbira, ke predizvikam nevolji, zasto nekoj od niv ke se zamonasi i podacna ke postrada i ke padne. Mora da go iznajdam vistinskiot pat za da moze toj da razbere…”

“Nekoj saka da slika ikoni, resil da stane ikonopisec, drug saka da bide zenet svestenik:drago mi e. Tret saka da ne se zeni neka ostane nezenet, saka li nekoj da bide monah? Treba da mu se pomogne na soodveten nacin. Nemozes site da gi stavis vo eden kjos…”

“ne e dobro koga covek menuva duhovni otci. Zamislete si zgrada na koja sto postojano i gi menuvaat inzenerite i graditelite. Toa moze da ne izleze na dobro…”

“…jas ne kazuvam recepti oddaleku. Ne postoi dalecinski lekar. Jas samo se molam…”

 

Ednas go prasale Starecot dali na Sveta Gora postojat onie koisto dostignale takva ljubov, sto site luge gi gledaat kako brakja, a toj odgovoril:…bi gi imalo mnogumina. Za nesreka, ima samo nekolku dusi. Nie Svetogorcite pretrpevme golema steta so kalendarot…”

“…svetot denes e okupiran so se drugo osven so samiot sebesi. Mislam deka ako se zaminavame samite so sebesi, se* ke potece vo kanonski ritam. A morame da go storime toa. Gledate, gavolot ni otvora rabota, rakodelie za sekogo…”

“…Koga se popravam, opravam edno delce od crkvata. Sekogas mozeme da bideme ednomisleni, Sv.Duh e eden. Sega lugeto obrazuvaat mnogu duhovi. Nemocam da razberam…”

…Roditelot na svoeto dete mu go davaa mesoto. Bog mu ja dava dusata. Koga deteto ke porasne roditelot povekje nema vlast na nego. Bog mu dava na sekoj covek po eden pazitel. Toj mu pomaga na sekoj covek preku celiot svoj civot. Zar netreba da mu se doverime sebesi na Boga..?

Nekoj ednas go prasha starecot dali lu|eto koisto sekojdnevno doa|aat so prasawa kaj nego go izmoruvaat. Starecot odgovori,, da ti kazam. Koga razgovorot e duhoven ne zamoruva. Loso e koga lu|eto postavuvaat sosem neodgovorni prasawa. Ako se neuki pa gi postavuvaat tie prasawa togas vo red, no ima i pametni lu|e, studenti, a te prasuvaat kakva vrska ima svsta so vremeto. Vo takvi slucaevi jas velam: Onde imam kafe i nekolku apciwa aspirin. Sedni za malku i malku po malku ke ja rascistime tvojata tema…..

 

Кон врв
mali simo Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1132
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mali simo Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Јануари.2007 во 13:31


свети Силуан Атонски

избор од книгата „Старец Силуан“ од блажениот старец Софрониј (Сахаров)

Доаѓањето на Света Гора.

Семјон на Света Гора дошол во есента 1892 година и стапил во Рускиот манастир “Свети Великомаченик Пантелејмон“. Тука започнува нов подвижнички живот.

Според светогорскиот обичај, новопристапениот послушник „брат Симеон“ требало да помине неколку дена во целосен спокој, да се присети на сите дотогашни гревови во животот, да ги запише и да ги исповеда на духовникот. Чувствувањето на адското мачење, во него родило незадржливо огнено покајание. Низ тајната на покајанието тој сакал да ја ослободи својата душа од се што и тежело, и затоа со подготвеност и голем страв, во ништо не оправдувајќи се себеси, ги исповедал сите гревови од неговиот дотогашен живот.

Духовникот му рекол на брат Симеон:

„Ти ги исповеда гревовите пред Бога, и знај дека тие ти се простени… Отсега стави почеток на нов живот… Оди си со мир, и радувај се, зашто Господ те приведе во ова пристаниште на спасението“.

Едноставната, исполнета со вера душа на братот Симеон, слушајќи од старецот-духовникот дека сите гревови му се простени, според неговите зборови „оди си со мир и радувај се“ - се оддал на радоста. Неопитен и наивен се уште не знаел, дека на подвижникот му е нужно воздржание и во радоста, и затоа набргу го изгубил она чувство во коешто се наоѓала неговата душа по посетата на Кронштад. По ова, раслабувајќи, тој бил нападнат од блудната похот, задржувајќи се на соблазнителните претстави коишто му ги сликала страста. Помислата му велала: „оди во светот и ожени се“.

Што се претрпел младиот искушеник останувајќи сам - не знаеме. Кога отишол да се исповеда духовникот му рекол:

„Никогаш не примај помисли, а штом се појават веднаш отфрлај ги“.

Од неочекуваните напади коишто го стигнале братот Симеон, неговата душа се нашла во силен трепет. Чувствувајќи ја страшната сила на гревот, тој повторно се почувствувал во адскиот пламен и решил неотстапно да се моли се додека Бог не го помилува.

После преживеаните адски маки и по радоста којашто ја доживеал добивајќи проштевање при светата тајна исповед, сопнувањето од помислите и сознанието дека одново ја ожалостил Мајката Божја за него претставувало настан којшто ја потресол неговата душа; тој си мислел дека стасал во пристаништето на спасението, а одеднаш увидел дека и тука може да се погине.

„Паѓањето“ во помисли - го отрезнило братот Симеон за цел живот. За степенот на тоа отрезнување може да се суди по тоа што од тој ден кога духовникот му рекол: „никогаш не примај помисли“, тој за четириесет и шест години од својот монашки живот не примил ниту една блудна помисла. Тоа што за многу години не може да се научи, тој го усвоил после првата лекција, покажувајќи ја со тоа својата вистинска култура и мудрост, според зборовите на древните елини: на мудриот човек не му е својствено двапати за истото да греши.

Силното чувство на покајание било причина за нова борба. Помислата му дошепнувала:

„Оди во пустина, стави си кострет и таму спасувј се“!

„Добро“, одговорил Симеон, „ќе појдам да го замолам игуменот да благослови“.

„Не оди, игуменот нема да благослови“ - му говорела помислата.

„Ти само што ме тераше да се вратам од манастирот во светот“, одговорил Симеон, „а сега ме тераш во пустина… ако игуменот не благослови, значи не ме упатуваш добро“, и со решителност во длабочината на душата рекол:

„Ќе умрам овдека за своите гревови“.

Брат Симеон навлегуваше во духовниот подвиг, на со векови востановениот светогорски манастирски живот, наситен со непрекинато сеќавање на Бога: со молитва во келија, на само; со долготрајни богослужби во храмот; со пост и бдение; со честа исповед и Причест; читања, труд, послушание. Едноставен, незагаден од мноштво прашања, каков што е случајот со современите интелектуални луѓе, тој подобно на другите монаси, го усвојувал новиот живот поскоро со органско проникнување со средината што го опкружува, отколку со усно поучување. Усните насочувања на игуменот, на духовниците и старците, во најголем број случаи се кратки, и обично имаат форма на практични упатства - што и како треба да се направи.

Една од тие поуки за послушникот - почетник претставува и тоа дека молитвата во келијата првенствено треба да се совршува на бројаница со Иисусовата молитва. Многукратното повикување на светото Иисусово име ја насладило душата на брат Симеон. Тој се зарадувал кога дознал дека со оваа молитва е можно да се моли секогаш и секаде, при секоја работа и прилика, дека е добро да се „држи“ и за време на црковните служби, а кога не е во можност да се појде во храмот, со неа се заменува богослужбата. Тој горешто и многу се молел, зашто неговата душа пребивала во тешко измачување, силно копнеејќи за Оној Којшто можел да ја спаси.

Така поминало кратко време, околу три седмици, и еднаш на вечерната, при молитва пред иконата на Богородица, молитвата слегла во неговото срце и таму започнала сама да се совршува дење и ноќе, но тогаш тој уште не ја разбирал големината и реткоста на дарот задобиен од Божјата Мајка.

Братот Симеон бил трпелив, незлобив, послушен; во манастирот го сакале и фалеле заради совесното работење и добриот карактер; и, тоа за него било пријатно. Тогаш започнале да му доаѓаат помисли: „Ти живееш свето: се покаја; гревовите ти се простени; се молиш без престан; добро го исполнуваш послушанието“.

Од многуте и усрдни молитви неговата душа повремено чувствувала спокој; тогаш помислата му говорела: „Ти се молиш, и можеби ќе се спасиш; но, ако во рајот не ги најдеш ни татко ти, ни мајка ти, ни тие коишто ги љубиш, тогаш и таму за тебе нема да има никаква радост“.

Умот на послушникот се возматувал при овие помисли, и немирот проникнал во срцето, но заради својата неопитност тој не сфаќал што се случува со него.

Една ноќ неговата келија се исполнила со чудна светлина којашто проникнала дури и во неговото тело така што тој ја видел и својата внатрешност. Помислата му рекла: „Прими - тоа е благодат“; сепак, душата на послушникот се вознемирила при ова, и тој се нашол во голема недоумица. Молитвата, и после ова, продолжила да дејствува во него, но скрушениот дух толку отстапил од него што во време на молитва му дошла смеа. Тој се удрил силно со тупаницата по челото. Смеата сопрела, но покајничкиот дух воопшто не се вратил, и молитвата се одвивала без скрушеност. Тогаш тој сфатил дека со него се случува нешто што не е во ред.

По видението на чудната светлина, започнале да му се јавуваат демони, а тој наивно разговарал со нив „како со луѓе“. Постепено нападите се зголемувале; понекогаш му говореле: „Ти си сега светител“, а некогаш: „Нема да се спасиш“. Еднаш брат Симеон го запрашал демонот: „Зошто ми зборувате различно - еднаш велите дека сум свет, вторпат дека нема да се спасам“? Демонот потсмевајќи му се одговорил: „Ние никогаш не ја кажуваме вистината“.

Менувањето на демонските внушенија, од вознесување до небото од гордост, до паѓање во вечната погибел, ја притискале душата на младиот подвижник, доведувајќи ја до очај, и тој се молел напрегајќи се до исцрпеност. Спиел малку и со прекини. Физички снажен, вистински маж, тој не легнувал во постела, но цела ноќ ја минувал во молитва, или стоејќи, или седејќи на столче; изнемоштувајќи, заспивал седнат по петнаесет до дваесет минути, и потоа повторно станувал на молитва. И така, по неколку пати. Вкупно спиел од половина час до два часа.

Неговото прво послушание било во мелницата. Тоа било време на процвет на руското монаштво на Света Гора. Манастирот се проширил и буквално станал град насреде пустина. Бројот на братјата достигнал повеќе од две иљади, а стотици посетители и поклоници доаѓале од Русија и честопати на подолго останувале во огромните гостински конаци од манастирот. Така и работата во мелницата не била мала. А, брат Симеон и покрај толку краткото спиење, при крајно воздржување од храната, при непрестаната, горешта молитва, при многу длабок, а повремено и очаен плач, во целост ги исполнувал своите тешки работни послушанија каде што за еден ден требал да превртува и да носи мноштво големи вреќи со брашно.

Поминувале месеци и месеци, а измачувањето од демонските напади се зголемувало. Душевните сили на младиот послушник започнале да изнемоштуваат; стравот од гибелта и очајот растеле; ужасот на безнадежноста се повеќе и повеќе завладувал со сето негово битие. Само оној којшто преживеал слично нешто знае дека никаква човечка храброст, никаква човечка сила не може да опстои во таа духовна борба. Начнат бил и брат Симеон; дошол до крајниот очај, и седејќи сам во келијата, едно предвечерие тој помислил: „Да го умолиш Бога е невозможно“. Со оваа мисла тој почувствувал целосна напуштеност, и неговата душа потонала во мракот на адските очај и тага. Во ваква состојба тој останал околу еден час.

Истиот ден, за време на вечерната, во црквата на светиот Пророк Илија којашто се наоѓа кај мелницата, десно од царските двери каде што е поставена иконата на Спасителот, тој Го видел Христа жив.

„Господ непоимливо се јави“ на младиот послушник и целото негово битие и самото негово тело се исполниле со огнот на благодатта на Светиот Дух, којшто Господ го фрлил на земјата со своето доаѓање (Лк. 12. 49).

Од видението Симеон изнемоштел, и Господ се скрил.

Не е возможно да се опише состојбата во којашто се наоѓал во тој миг. Ние од устата и од записите на блажениот Старец, знаеме дека тогаш го озарила голема Божествена светлина, дека бил грабнат од овој свет и со духот возведен на небесата каде што чул неизглаголиви зборови коишто во тој момент ги примил како ново раѓање одозгора (Јован 1. 13; 3. 3). Кроткиот, сеопростувачки, безмерно љубовен и радосен Христов поглед го привлекува кон Себе целиот човек, и потоа сокривајќи се, со сладоста на Божествената љубов и со созерцанието на Божеството коешто ги надминува претставите на светот, го воодушевува неговиот дух.

Во јавувањето на Господа на послушникот Симеон, човек прост, со длабока непосредност, се забележува и тоа што тој веднаш го познал Христа Којшто му се јавил, и Светиот Дух Којшто дејствувал во него. Во своите записи тој без престан повторува дека Господа Го познал преку Светиот Дух, дека тој Го видел Бога во Светиот Дух. Исто така, тој повторува, дека кога Самиот Господ и се јавува на душата, таа не може а во Него да не Го познае својот Творец и Бог.

Со сигурност можеме да кажеме дека и адскиот пламен, и адските маки коишто му претходеле на Христовото јавување на послушникот Симеон, како и озарувачката Божествена светлина - за најголем дел од луѓето се невидени и несфатливи нешта. Тоа што духовниот човек го гледа, неговите преживувања и целиот негов опит, на недуховниот често може да му изгледа како безумство, или како плод на патолошка душевна состојба. Лишен од опитот на реалноста на духовниот свет, тој го одрекува она што не го познал. Потенцијално, секој човек е повикан кон полнотата на духовниот живот, но постојаната насоченост на вољата кон вештествениот свет, кон плотските и душевни доживувања го доведуваат до тоа - толку многу да затапи, и да дојде до состојба на неспособност за духовно восприемање. Во нашиот секојдневен живот, ова би можело да се спореди со човек којшто има радио-приемник и може да ги фаќа брановите коишто ја исполнуваат атмосферата; во исто време оној којшто нема, не го чувствува нивното присуство.

Чуден и несфатлив е духовниот живот на христијанинот-подвижник; ние во него гледаме сплет на поразувачки спротивности: демонските напади, богооставеноста, смртниот мрак и адските маки од една страна, и богојавленијата и светлината на беспочетното битие од друга.

Секој човек претставува неповторлива и посебна појава, патот на секој подвижник исто така е неповторлив и посебен, но сепак, сите луѓе во својот стремеж да ги класифицираат појавите според една или, пак, друга основа, спроведуваат класификација и во овој случај.

Во првиот вид припаѓаат најголемиот број на луѓе. Привлечени кон верата со мала благодат, својот живот го минуваат во умерен подвиг на исполнување на заповедите, а дури на крајот од својот живот според преживеаните страдања здобиваат благодат во малку поголема мерка. Еден дел од нив, коишто впрочем се подвизуваат поусилено, добиваат и повеќе благодат. Ова се случува со многу монаси.

Вториот вид се оние коишто во верата навлегуваат со сосем мала благодат, но ревносно подвизувајќи се во молитвата и борбата со страстите, со напорен подвиг, на средината од својот пат стекнуваат поголема благодат; поминувајќи го остатокот од животот во уште поголеми подвизи тие достигнуваат до висока мерка на совршенство.

Третиот, најредок вид, е кога човекот во почетокот од својот подвижнички пат, заради својата огненост, или поточно, бивајќи претходно познаен од Бога, здобива голема благодат, благодат на совршените.

Овој последен вид не само што е најредок, туку е и најтежок, затоа што никој, доколку е можно да суди за тоа од Житијата и Делата на Светите Отци, од усното предание на подвижниците од последните векови, и врз основа на опитот на современите отци, не може да го задржи во полнота здобиениот дар на Божествената љубов, и после, во текот на долго време, доживува одземање на благодатта и богооставеност. Објективно, тоа не е целосно одземање на благодатта, но субјективно, душата и самото намалување на дејството на благодатта го доживува како богооставеност.

Овој последен вид на подвижници страда повеќе од сите, зашто кај нив после познанието на благодатта и созерцанието на Божествената светлина, мракот на богооставеноста и ударите на страстите ги преживуват во силата на контрастот, неспоредливо подлабоко и поостро: тие се свесни ШТО изгубиле. Освен тоа, доживеаната благодат со своето дејство го изменува целиот човек и го прави неспоредливо поосетлив кон сите духовни појави.

Овој последен вид страда најмногу од сите затоа што љубовта Христова во овој свет е изложена на исклучително тешки „огнени искушенија“ (1Петар 4. 12); затоа што љубовта Христова во овој свет неизбежно страда.

Блажениот старец Силуан припаѓаше на овој последен вид, и така се објаснуваат неговите зборови: „вие не можете да ја сфатите мојата скрб“, или, „којшто не го познал Господа, тој не може со плач да Го бара Него“.

Кога тој ги опишува неутешната скрб и Адамовиот плач после изгонувањето од рајот, тој всушност ги опишува својот плач и скрбта на неговата душа после губењето на благодатта.

Исклучително длабокото покајно чувство на Симеон не тера да се запрашаме: зошто едни луѓе се каат за своите гревови така длабоко и силно, други не толку длабоко, а трети сосема слабо, или, воопшто не се каат? Со што да се објасни различноста во интензитетот на сознанието за гревот кај луѓето?

Ние не сме во состојба да одговориме на ова прашање: за нас е невозможно да проникнеме во тајната на духовниот живот на човекот. Достапно ни е единствено набљудувањето на некои појави во животот на човекот којшто религиозно живее, кога тие попримаат форма на психолошко преживување; на нашето набљудување достапни му се и некои карактерни црти на овие доживувања, но без можност, да проникнеме во нивната суштина, зашто како основа на христијанските религиозно-психолошки факти, се јавува апсолутното, слободно и неподложно на никакви ограничувања дејствување на Духот Божји.

„Духот дише каде што сака, гласот негов го слушаш, но не знаеш од каде иде и на каде оди; така е со секој човек роден од Дух“ (Јован 3. 8).

Втор фактор кој исто така не подлежи на определувања е човековата слобода. Од овие два фактори: пројавувањето на човечката слобода и дејствувањето на Божјата благодат се соградува христијанскиот духовен живот.

И нашата вера, и нашето покајание, во извесна мерка зависат од нашата слобода, а во исто време се и дар на Божјата благодат. Бог заради својата љубов го бара човекот, за да му даде живот, но и повеќе, да му даде живот во изобилие, како што говори Христос (Јован 10. 10), но овој живот се дава на слободниот човек, и не без согласност од самиот човек. Земајќи го ова предвид, можеме да кажеме дека од слободата на човекот зависи и мерката на дарот Божји. Божјите дарови се поврзани со извесен подвиг, и кога Бог увидува дека човекот кон неговиот дар ќе се однесува онака како што доликува, тогаш тој дар го излева „безусловно“. Може да се каже дека како причина за големината на дарот се јавува Божјото предзнаење на одговорот на човекот кон дејството на благодатта. Апостолот Павел кажува: „Оние коишто Бог ги позна порано, нив и ги определи да бидат слични на образот на Неговиот Син“ (Рим. 8. 29). Уште вели: „Кога Бог, Којшто ме избра од утробата на мојата мајка и ме призва преку својата благодат, благоволи во мене да го открие Својот Син… јас веднаш не го прашав ни телото, ниту крвта“ (Галат. 1. 15, 16).

Бог - знаејќи однапред дека Симеон, подоцна схимонахот Силуан, нема да ги запраша ни плотта, ни крвта, но својот живот ќе го проведе во подвизи достојни за голем дар - го повикал на тој необичен живот којшто ние го гледаме во него.

Ние, овде, воопшто не помислуваме да ја објасниме тајната на соодносот на апсолутно слободното творение на великиот Домостроител на светот - Бога со тварната слобода на човекот; но, нашето заедничарење со Старецот, чијшто живот помина во исклучително напорниот подвиг на љубовта, во којшто првенствено се пројавува слободата, ја задржа нашата мисла на Божјото предзнаење на слободниот одговор на Неговиот љубовен повик.

Сметаме дека избирањето за сведочењето на љубовта е исклучително ретко, затоа што тоа сведочење е неизбежно соединето со целосно себежртвување.

Ни доаѓа мисла дека во лицето на старецот Силуан, Божјата промисла му дава на светот нов пример, и ново сведоштво за бесмртноста на Божјата љубов, за преку него, преку Силуана, да се ободрат луѓето парализирани од очајот, како што за ова говори Апостолот Павел: „Па затоа бев помилуван, за да ја покаже Иисус Христос прво на мене сета долготрпеливост, како пример на оние, коишто ќе поверуваат во Него за живот вечен“ (1Тим. 1. 16).

Заповедта Христова за старецот Силуан не претставувала етичка норма. Тој не го сведувал христијанството на ниво на морално учење, како што тоа го правеле претставниците на хуманистичката култура лишени од вистински религиозен опит, кои на крајот доаѓале и до тоа дека „за нив“ религијата не е нужна, затоа што тие во неа гледале единствено „начело за воздржување“ на неуките. Не, тој зборовите Христови ги примал подобно на Апостол Петар како „зборови на вечен живот“ (Јован 6. 68), како дух и живот, според зборовите на Самиот Господ „зборовите што ви ги кажав се дух и живот“ (Јован 6. 63).

За старецот Силуан Христовите зборови биле - Живототворен Дух, самиот вечен живот, Бог во Своето дејствување.

Неговата вера по своето возрождение, после овие факти за коишто погоре е раскажано, одеднаш добила длабок карактер. Тој верувал дека Бог ќе им суди на луѓето, дека тие коишто чинеле гревови и не се покајале ќе одат во вечни маки, а тие коишто правеле добрини според Христовите заповеди ќе го наследат Царството Небесно. Во согласност со совршено исправната забелешка на преподобниот Максим Исповедник дека: „верата раѓа страв“, (а, не стравот вера) - („За љубовта“, првото стоглавие, 2), огнената Симеонова вера во неговата душа родила голем страв од осуда заради мноштвото не така мали гревови коишто тој ги познал кај себе.

Затоа не можеме, а да не се восхитиме на Симеоновото исклучително длабоко чувствување на гревот. Несомнено, тоа е дар на благодатта.

Што е гревот според сфаќањето на христијаните?

Гревот пред се е духовна, метафизичка појава. Корените на гревот се во мистичната длабочина на духовната природа на човекот. Суштината на гревот не е во нарушувањето на етичките норми, туку во отстапувањето од вечниот, Божествен живот, живот за којшто човекот е создаден и кон којшто тој естествено, т. е. според својата природа е повикан.

Гревот се врши пред се во тајната длабочина на човековиот дух, но неговите последици го поразуваат целиот човек. Сочинетиот грев се одразува на душевната и на физичката состојба на човекот; тој се одразува на неговата надворешност; се одразува на судбината на самиот грешник; и, неизбежно ги надминува границите на неговиот индивидуален живот и го оптоварува со зло животот на сето човештво, а следствено се одразува на судбината на целиот свет.

Плотскиот човек чинејќи грев, не ги чувствува во себе неговите последици, така како што ги чувствува духовниот. Плотскиот човек во себе не забележува промена на состојбата после извршениот грев, затоа што тој секогаш пребива во духовна смрт и затоа што не го познал вечниот дух на животот. Духовниот човек, сосема спротивно, при секое отклонување на својата воља кон грев, во себе гледа промена на состојбата во сила, заради намалената благодат.

Кај старецот Силуан нас не восхити неговата исклучителна чувствителност и поразувачката духовна интуиција. И, пред да му се јави Господ, а особено потоа, во сиот свој понатамошен живот тој го доживувал гревот исклучително длабоко и силно; срцето неподносливо го болело заради гревот, и затоа покајанието било незадржливо насочено, со плач, неотстапувајќи додека душата не почувствувала дека Бог и простил. За многумина ова изгледа чудно, а за некои е претерано, но примерот на Старецот не е за сите.

Каејќи се за гревовите, тој не барал само опростување коешто Бог лесно го дава, можеби само со една воздишка на жалење, туку тој барал целосно простување, така што душата дури и дејствително би ја почувствувала благодатта. Тој барал сила од Бога да не го повторува гревот, ако е можно никогаш; тој го молел Бога да го избави од делувачкиот во нас „гревовен закон“ (Рим. 7. 23). Последицата на гревот - губењето на благодатта, тој го преживувал толку силно и болно, така што непрестано се плашел да не му се случи нешто слично. Отстапувањето на љубовта Божја и мирот Христов од душата, за него било најстрашното. Сознанието дека тој го оскрбил Бога, таквиот Бог - кроток и смирен, за него било неиздржливо. Тој согрешувајќи против светата љубов Христова доживувал длабоки страдања на совеста. На човечки план, оној којшто има љубов, а направил грев против љубовта, на пример, во односот кон родителите, знае колку е неподнослива маката на совеста; но, се што се случува во светот на душевен план е само бледа слика на духовниот однос со Бога.

И така, Бог од самиот почеток го познал Семјона - Силуана, и на еден несфатлив за нас начин му дал да ја познае суштината на гревот во таква длабочина и сила, што тој навистина ги доживеал адските маки и се молел од овој „преисподен ад“, додека Господ не му се приближил и не му се јавил, давајќи му да го познае воскресението на душите и да Го види Синот Човечки во Своето Царство, уште пред да вкуси телесна смрт (Матеј 16.28).

Православниот монах за своја главна работа го смета внатрешното, со молитва во срцето, умно внимание коешто му дава можност да ја види помислата пред таа да влезе во срцето. Умот стоејќи во срцето со безмолвно внимание гледа како помислата се приближува однадвор обидувајќи се да продре во срцето, и со молитва ја одгонува. На ова делување наречено „умствена трезвеност“, или, „умствено безмолвие“, започнал да се учи братот Симеон. Од оној ден, кога по дарот на Божјата Мајка, во неговото срце започнала да делува Иисусовата молитва, до крајот на неговиот живот оваа молитва никогаш не престанала, но и покрај се таа уште не била совршена, а тогаш и не можела да биде таква затоа што страстите останувале сеуште несовладани. Со него се случило нешто големо, но сепак, слично на она што се случува со многу други: со својата огнена усрдност тие ја достигнуваат постојаната молитва, но неочистени од старстите преку долг подвиг, и покрај дејството на молитвата, тие паѓаат во гревови заради страстите. Со ваквата состојба подвижникот не може да биде задоволен.

Братот Симеон сеуште не умеел да го „чува умот“; молејќи се, тој не ги задржувал или сопирал воображенијата преку коишто дејствуваат демоните. Воображенијата, кај секој почетник во духовниот живот, неизбежно внесуваат изопачувања во тој живот. Бидејќи тоа е неизбежно во почетниот период, тие тогаш не се сметаат за „прелест“, но сепак, почетникот постепено треба да преминува од овој вид на молитва во другиот којшто се состои во тоа да се „заклучи умот во зборовите од молитвата“. Овој е потежок и посув вид на молитва, но затоа е поправилен и помалку опасен.

Кај горешто устремениот кон Бога, но и совршено простиот и наивен брат Симеон, молитвата не била лишена од воображенија, така што многу брзо добила опасна форма, овозможувајќи им на демоните да го искушуваат младиот подвижник. И, онаа чудна светлина којашто еднаш, ноќно време ја исполнила неговата келија, па дури и ја осветлила и неговата внатрешност, и оние унакажени фигури коишто ноќе ја полнеле неговата келија, дури и преку ден јавувајќи му се и беседејќи со него - сето тоа претставувало изобилство на големи опасности.

Навистина, речиси сите свети подвижници поминуваат низ оваа борба со демоните, и во таа смисла средбата со нив е нормална појава на патот кон духовното совршенство; но, колку биле такви коишто пострадале од нив; колку многу до крајот на својот живот останале душевно болни, застраниле со умот; колку луѓе дошле до страшен очај и пропаст; колку самоубиства и секакви престапи се извршуваат во светот како последица на демонската духовност.

Оној којшто со нив водел борба, тој знае како тие умеат да бидат итри и ласкателни со оние коишто ги примаат, а како, пак, разјарени кога ги одбиват. Секојпат кога со подвижникот се случува тоа што се случувало со братот Симеон, духовниот отец го впрегнува своето внимание. Борбата со демоните не треба да донесе страв; стравот е половина пораз: неговата појава ја ослабува душата и ја прави подостапна за демонското насилство.

Братот Симеон бил наивен, но мажествен; но сепак, да се пребива спокојно во вакви случаи е невозможно.

Од Житијата на светиите, од делата на светите отци - аскети, од разговорите со духовниците и со другите подвижници на Света Гора, младиот монах Силуан постепено се учи на посовршено аскетско делање, постојано пребивајќи во подвизи коишто за многумина изгледаат воопшто невозможни. Неговиот сон и понатаму бил со прекини, неколкупати во денот и ноќта по 15 до 20 минути, вкупно се собирале од половина до два часа днево. Како и претходно, на постелата не легнувал, а спиел седнат на столче; дење работел како работник; го извршувал подвигот на внатрешното послушание - сечењето на својата воља; учејќи се на што е можно поголемо себепредавање на Божјата воља; се воздржувал во храната, во зборувањето и во движењата; непрестано се молел со Иисусовата умствена молитва - којшто е најтешка работа што крајно ги исцрпува сите човечки сили, но и покрај сиот овој подвиг, светлината на благодатта често го напуштала, а демоните ноќе, во толпи, го вознемирувале.

Промената на состојбата - ту благодат, ту оставеност и демонски напади - не поминала бесплодно. Благодарение на овие промени, душата на монахот Силуан пребивла во постојана внатрешна грижа, бодрост и усрдно изискување на изход. Непрестаната молитва и трезвеноумието на коешто тој се учел со нему својственото трпение и мажественост, му откриле нови хоризонти на духовните знаења и го обогатиле со нови средства во борбата со страстите. Неговиот ум се почесто и почесто се восредоточувал во срцето, што му давало можност да ги набљудува случувањата во внатрешниот свет на душата. Споредбата на состојбите и преживувањата го доведуваат до појасно разбирање на она што се случувало со него. Се зародува вистинско духовно знаење и расудување. Се стекнува познание за тоа како се поткрадуват помислите на различните страсти, а исто така и за тоа како делува благодатта. Силуан навлегува во животот на разумниот подвиг, осознавајќи дека главната негова смисла е стекнувањето на благодатта. Така прашањето за тоа како се стекнува благодатта, како се чува, зошто ја напушта душата - станува едно од основните и главни прашања за сиот негов живот.

Во својот подвиг за зачувување на благодатта, монахот Силуан доаѓал до мерки коишто за луѓето од поинаков тип им се чинат недопустливо сурови, и дури можат да предизвикаат мислење дека овој вид на беспоштедност кон себе си претставува изопачување на христијанството. Но, тоа воопшто не е така. Душата која го познала Бога, воздигната да го созерцува светот на вечната светлина, а потем лишена од таа благодат, се наоѓа во таква состојба за којашто нема претстава оној којшто сето ова не го познал во ист таков степен. Страдањата и скрбта на оваа душа се необјасниви; тие предизвикуваат особена метафизичка болка. За човекот којшто ја видел светлината на безначалното битие, ја вкусил полнотата, радоста и неискажливата сладост на Божјата љубов, во овој свет веќе не останува ништо што може да го опрелести. Во некоја смисла, земниот живот за него станува тегобен, безрадосен и тој со плач одново го бара оној живот до којшто му било дадено да се допре. Маж којшто ја изгубил својата жена што огнено и искрено ја љубел, или, мајка којашто го губи својот единствен возљубен син, само делумно можат да ја разберат тагата на оној којшто ја изгубил благодатта, зашто Божјата љубов - и по својата сила, и по своето достоинство, и по својата сладост, и по својата неизмерна убавина и власт - неизмерно ја надминува секоја друга човечка љубов, та, затоа, свети Јован Лествичник говорејќи за оние коишто ја изгубиле благодатта вели дека: нивните страдања ги надминуваат страдањата на осудените на смрт, или, на оние коишто ги оплакуваат своите мртви.

Исклучителната загуба и страдањата поврзани со неа поттикнуваат и исклучителни подвизи; и, претставете си го мачењето на душата којашто доаѓа до изнемоштеност во своите подвизи, а сепак, не го добива посакуваното. Благодатта ретко, само за кратко, сведочи за својата близина, и потоа, одново се повлекува. Душата тешко страда од мракот на богооставеноста; умот, и покрај тешкиот подвиг на непрестаната внатрешна молитва, се помрачува и гледа демони; ноќе тие често доаѓаат да го вознемируваат монахот обидувајќи се да го оттргнат од молитвата, или, барем да не му дадат чисто да се моли. Има многу нејаснотии за душата во оваа борба и таа се колеба: зошто и поради што тоа е така? Од многуте болни страдања на срцето - монахот плаче; неговата душа тагува и го бара Бога, а околу се мрачните демони, безсрамни, грди, зли, одвратни.

„Каде си Господи… зошто си ме оставил“?

Големото и неспоредливо искуство на нашите Отци, од поколение на поколение, покажало дека многумина се удостоиле со посета на благодатта во почетокот на своето обраќање кон Бога, но само малкумина истраеле во тој подвиг којшто е совршено неопходен за оној којшто подоцна, по напуштањето на благодатта, може одново разумно да ја стекне познаената благодат. Во овие малкумина секако спаѓа и монахот Силуан. Овие кратки парчиња во коишто си дозволивме да кажеме нешто повеќе за страдањата на богооставената душа по своето значење не соодветствуваат дури и на една ноќна борба во којашто тој пребивал многу години. Паметиме како Старецот којшто воопшто не сакаше да зборува за ова, рече: „Доколку Господ не ми дадеше во почетокот да познаам колку многу Он го љуби човекот, тогаш јас не би издржал ниту една таква ноќ, а ги имаше многу“.

Поминале петнаесет години од денот кога Господ му се јавил. И, еднаш во една од тие мачни ноќни борби со демоните, кога и покрај сиот труд, не успевал чисто да се моли, Силуан станувајќи од столчето за да направи метании, пред себе здогледува огромна фигура на демон којшто стоејќи пред иконата очекувал да му се поклони нему; келијата била полна со демони. Отец Силуан повторно седнал на столчето и наведнувајќи ја главата, со болка во срцето започнал да се моли:

„Господи, Ти гледаш дека јас сакам да Ти се молам со чист ум, но демоните не ми даваат. Научи ме што треба да правам, за да не ми се мешаат“. И, чул одговор во душата:
„Гордите секогаш така страдаат од демоните“.

„Господи“, рекол Силуан, „научи ме што треба да правам за да ја смирам мојата душа“.

И, повторно Бог му одговорил во срцето:

„Држи го умот свој во адот, и не очајувај“!

Оваа кратка беседа со Бога во молитвата - претставува ново, и многу значајно собитие во животот на отец Силуан.

Ова е необично, непоимливо средство; може да се каже дури и сурово средство, но тој го примил со радост и благодарност. Срцето почувствувало дека Господ е милостив кон него, и дека Самиот раководи со него. Да се држи себе си во адот за него и не било нешто ново. До јавувањето на Господа - тој пребивал во адот. Ново во Божјиот совет е „и не очајувај“. Претходно тој доаѓал до очајание; сега, повторно после многу години тешка борба и честа богооставеност, тој доживеал мигови, ако не на очај, тогаш слични на него страдања. Сеќавањето на видението на Господа не допуштало да падне до краен очај, но страдањата заради губењето на благодатта биле не помалку тешки. Всушност, тоа што го преживеал исто така било очјание, но од поинаков вид од првото. Во текот на толку години, и покрај сиот труд којшто честопати ги надминувал неговите сили, тој не го достигнувал саканото и затоа ја губел надежта дека некогаш ќе го достигне тоа. Кога после тешката борба за молитва, тој станал од столчето за да направи метанија пред Бога, но пред себе видел демон којшто очекувал да му се поклони, силно го заболела душата. И, ете, Самиот Господ му го укажал патот кон чистата молитва.

Свесни сме дека секој обид, со зборови да се изрази длабокиот духовен акт, претставува обид со недоволни средста, но немајќи подобри ќе ги исползуваме оние што ни се достапни.

Во што е суштината на советот Божји кон отец Силуан?

Во тоа што тогаш на неговата душа и се открило не апстрактно - интелектуално, а суштински, дека корен на сите гревови, семе на смртта е гордоста; а, дека Бог е Смирение, и затоа оној којшто сака да Го стекне Бога должен е да стекнува смирение. Тој познал дека тоа неискажливо, слатко и големо смирение Христово коешто му било дадено да го доживее за време на Јавлението е неделиво својство на Божествената љубов, на Божественото битие. Оттогаш тој вистински познал дека сиот подвиг треба да биде устроен на стекнување на смирението.

Сега душата на монахот Силуан торжествувала, торжествувајќи на еден посебен, непознат за светот начин. Нему му се дало да ја спознае големата тајна на Битието; да ја спознае суштински. О, колку е милостив Господ: на смирениот слуга Он му ги открива своите тајни и го учи на патот на вечниот живот. Отсега Силуан со сите сили на душата ќе се придржува на патот што Самиот Бог му го покажал.

ХРИСТОС ВОСКРЕСНА ОД МРТВИТЕ СО СМРТА СМРТА ЈА ПОБЕДИ И НА ТИЕ ВО ГРОБОВИТЕ ЖИВОТ ИМ ДАРИ

Кон врв
mali simo Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1132
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mali simo Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Април.2007 во 12:43

ОДБРАНИ ПОУКИ


СВЕТИ МАРКО ПОДВИЖНИК






1. Повикувај го Бога да ги отвори очите на твоето срце за да ја согледаш користа од молитвата и од читањето кое со искуство разборито се прима.

2. Не учи од фалбаџија, да не ја научиш гордоста пред смиреноумието.

3. Не превознесувај се во срцето од познавањето на Писмото, да не паднеш во стапицата на богохулен дух.

4. Не обидувај се да ги разрешуваш проблемите преку спор, но со помош на духовно законитите средства: трпение, молитва и неколеблива надеж.

5. Оној кој се моли телесно без духовно знаење, сличен е на слепецот кој вика: Сине Давидов, помилуј ме (Лк. 18, 38).

6. Злото што се задржува во помислите го груби срцето. Воздржанието пак, со надеж го истребува злото и го скрушува срцето.

7. Бдението, молитвата и трпението неволји, образуваат корисна скрушеност, само доколку истраеме рамнотежно и непрекино во нив пред страстите. Кој истрае, ќе му наиде помош и во се останато. Кој пак од немар ги прекинува, при преминот ќе сети неиздржлива мака.

8. Постојат многу начини за молитва, што меѓусебно се разликуваат. Ниеден не е штетен, освен ако не се работи за сатанско дело, воместо молитва.

9. Кога си спомнуваш за Бога, вомножи ги своите молитви и Тој да си припомне на тебе, кога ќе Го заборавиш.

10. Кога читаш Свето Писмо, проникни во скриената смисла негова: се што од порано е напишано, за наша поука беше напишано (Рим. 15, 4).

11. Законот на слободата (Евангелието), не учи на секоја вистина. Многумина го читаат разумно, а малкумина го разбираат преку извршување на заповедите.

12. Кој трпи неправда од луѓето е сочуван од гревот и сообразно на страданието, добива помош.

13. Кој се моли за тие што му нанесуваат неправда, ги победува демоните. Тој пак, кој им се спротиставува, бива ранет од демоните.

14. Човечката навреда му причинува болка на срцето. Меѓутоа, таа е и причина за девствена чистота на оној кој ја поднесува.

15. Откриј го својот разум пред Владиката, зошто човекот гледа в лице, а Бог в срце.
ХРИСТОС ВОСКРЕСНА ОД МРТВИТЕ СО СМРТА СМРТА ЈА ПОБЕДИ И НА ТИЕ ВО ГРОБОВИТЕ ЖИВОТ ИМ ДАРИ

Кон врв
mali simo Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1132
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mali simo Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Април.2007 во 15:59


словото е нашата храна






Христос воскресна – Навистина воскресна

Христос воскресна – Навистина воскресна

Христос воскресна – Навистина воскресна

 

Денес, возљубени мои во Христа, станавме сведоци на уште една прекрасна благовест. Ја чувме радосната вест за дијалогот што богочовекот Христос, втората ипостас Божја, молитвено ја почна со својот Отец, првата ипостас на триедниот Бог. Целиот дијалог претставува интимно, молитвено задирање во суштината на љубовниот живот на Троица и во заемните односи меѓу личностите на Отецот и Синот. Поради тоа, секој збор изговорен од устата на богочовекот Христос и упатен до Бога Отецот заслужува недремливо око и длабок егзегетски зафат. Ние ќе се задржиме на едно многу важно место од Христовото кажување. Што е животот вечен? Тоа е прашање пред кое замолкнува секоја уста човечка и секое срце човечко. Јазикот мачно го облекува во збор чувството. Затоа, да чуеме што ни порачува Христос, во простото, но совршено исповедање на Синот пред Отецот: живот вечен е да те познаат тебе, едниот наш Бог, и од тебе испратениот во историјата на светот и човекот, вотеловен и вочовечен Логос твој, Оче, богочовекот Христос! Сега нам ни е дадено да го познаеме начинот на нашето престојување во животот несмртен. Наоѓаме дека е неполезно да се потпираме врз умни спекулации и врз нашето премногу скромно, речиси ништожно животно искуство. Ќе побараме потпора во сведоштвата на најсветите души во Црквата Христова, бидејќи тие вистински го познале Христа и начинот што го овозможува неговото познавање. Ми паѓаат на памет зборовите на великиот старозаветен пророк Језекиил, кому Господ му пружил свиток и му заповедал да го земе и да го изеде. Откако Језекиил го изел свитокот, тој му станал посладок од мед. Му стана посладок од мед затоа што го примил и во живот го преточил словото Божје, спасителното слово запишано во свитокот на Светото писмо. Писмото го примил со вера и преку метаболизмот на телото и духот го разнесол до секоја клетка. Со Писмото хранејќи се и напојувајќи се, пророкот со Бога се нахранил и со Бога се напоил. Второто кажување е исповедта на уште еден голем старозаветен пророк, гораздиот Исаија, кој, подобно на свети пророк Језекиил, се допрел со усните до вечниот живот. Еден од серафимите му принесол на целивање јаглен претворен во оган. Откако со усните свои го целивал жарот, пророкот се очистил од гревот и самиот се претворил во оган. Тој оган е благодатниот оган на Светиот Дух, по чија сила умот се отвора за да го разбере словото од Писмото. Наитието на Светиот Дух ќе го прославиме за неколку дена. Тоа се кажувањата на великите старозаветни пророци, од свети Јован Златоуст со право наречени старозаветни евангелисти. А што ни кажуваат Црквата Божја и нејзиното милениумски таложено искуство? Ни го кажуваат она што ние го пееме на секоја света литургија: да дојдеме, да го примаме и да го вкусиме добриот наш Господ и, вкусувајќи го, да се увериме дека е благ Господ, како што светиот пророк Језекиил, откако го изеде свитокот на Светото писмо, се уверил дека е посладок од мед; онака како што пророкот Исаија со усните свои се допре до огнот благодатен на Светото писмо и се преобрази во суштиот тој оган. Затоа, свештеникот на секоја света литургија повикува да дојдете, да пристапите со вера и љубов и со усните ваши да го допрете жарот – Христос. Зашто христијанството е вистинска философија на животот што ја превозмогнува секоја цивилна философија. На христијанската философија и’ е туѓа стерилноста на умните спекулации. Резултатите на живото и динамично искуство на верата нејзе и’ се аргумент. Аргументот е содржан во повикот: дојди и прими го, и примајќи го, вкуси го, и вкусувајќи го, нахрани се со него, и хранејќи се со него, претвори се во него, без да ја изгубиш својата личност!

Амин.



Изменето од mali simo - 07.Април.2007 во 16:00
ХРИСТОС ВОСКРЕСНА ОД МРТВИТЕ СО СМРТА СМРТА ЈА ПОБЕДИ И НА ТИЕ ВО ГРОБОВИТЕ ЖИВОТ ИМ ДАРИ

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  12>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,234 секунди.