IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Фудбал
  Активни теми Активни теми RSS - Македонската репрезентација
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Македонската репрезентација

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2930313233 35>
Автор
Порака
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Август.2011 во 13:38
Тошак изненаден што сите се на број

Задоволен од нивното залагање. - Тошак со репрезентативците на вчерашниот тренинг

Новиот селектор на македонската фудбалска репрезентација Џон Тошак е изненаден што сите повикани играчи се појавиле на подготовките пред петочниот квалификациски натпревар против Русија во Москва
- Она од што сум пријатно изненаден е што за првпат во селекторската кариера ми се случува сите повикани играчи да се јават на прозивка. Сигурно дека е тешко да се добие вистинска претстава по само три одржани тренинзи, но, сепак, сликата полека се формира. Најважно е што сум задоволен од нивното залагање. Според првиот впечаток, мислам дека ќе можеме да составиме добар тим за гостувањето во Москва. Се потпирам, пред се, на информации од касетите, бидејќи тренинзите се едно, а натпреварите сосема друго. Ќе разговарам по тренингот со играчите кои нема да патуваат за Москва и ќе најдеме начин како тие да ги минат деновите во Скопје, бидејќи имаме доста играчи со по еден картон (Попов, Демири, Новески, Шиков и Пандев), па можно е да се случи некој да го изгуби правото за настап против Андора - изјави Тошак
Вчера, македонската фудбалска репрезентација имаше два тренинга. По вториот, Тошак требаше да го одреди списокот од 19-мина репрезентативци, кои ќе заминат за Москва.
- Русија има силен тим. Натпреварот и е доста важен и ние сме свесни што не очекува на "Лужники". Имам доста информации за противникот, играв против Русија и како селектор на Велс и ќе се подготвиме максимално за овој предизвик.
Македонската фудбалска репрезентација рано изутринава требаше да отпатува за Москва, каде што денеска е планиран еден тренинг.

Русите без голманот Акинфеев

Селекторот на руската репрезентација Дик Адвокат остана без првиот голман Игор Акинфеев за претстојниот меч со Македонија. Рускиот интернационалец ги повреди лигаментите на коленото на градското дерби помеѓу Спартак и ЦСКА и ќе паузира шест месеци.
На местото на Акинфеев, селекторот Адвокат го повика голманот на Динамо Москва, Антон Шуњин.
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Септември.2011 во 06:43
Минималниот пораз неважен - нова игра на лавовите
 
Македонската фудбалска репрезентација претрпе пораз од 1:0 на гостувањето во Русија во квалификациите за ЕП 2012. година
 
 
Во деби натпреварот на новиот селектор Џон Тошак, македонските фудбалери претрпеа пораз, но одиграа натпревар поразличен од досегашните. Нашите репрезентативци одиграа офанзивно и храбро, одиграа вистински фудбал, во натпревар каде единствено отсуството на среќа и можеби судиска неправда, не ни овозможија поинаков резултат.

Македонија иако без резултатски императив, тргна офанзивно и прикажа подобра игра во првото полувреме. Пропуштените шанси на Тричковски и недосудениот пенал над Пандев беа казнети од страна на домаќинот, па отидовме на пауза со негатива од еден гол.

Во второто полувреме, иако Русија имаше доминација на теренот, повторно пропуштивме да погодиме за изедначување на резултатот.

И покрај поразот, останува впечатокот дека нашиот национален состав настапи со подобрена игра. Новиот стратег на клупата, но и мотивот на играчите да се покажат пред него и обезбедат место во тимот во иднина, ни овозможија задоволство од она што го видовме на квалификацискиот меч во Москва.

Следниот натпревар го играме на 6.септември на Филип Втори арената во Скопје против Андора во 20 часот.





Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Септември.2011 во 06:49
Стартуваат подготовките за дуелот против Андора, Тасевски не се појави на собирот на репрезентативците

Македонската фудбалска репрезентација доцна ноќеска се врати од Москва и денеска ќе тренира на игралиштето во село Трубарево, каде селекторот Тошак планира во релаксирана атмосфера преку дополнително дружење со фановите на националниот тим да ја врати мотивацијата и расположението меѓу играчите пред дуелот со Андора кој се игра во Скопје во вторник.

На кампот му се приклучија и репрезентативците кои беа ослободени од обврските за средбата со Русија, Грозданоски, Усеини и Лазаревски. Од непознати причини, како што информираат од националната фудбалска куќа, во хотелот Стоун Бриџ, не се појави интернационалецот од Бугарија, Дарко Тасевски.

Дарко Тасевски не се најде на списокот на Џон Тошак за вчерашниот дуел со Русија во Москва, а тоа играчот на Левски многу го налути.

Според програмата националниот тим ќе тренира в недела и вторник во 10 часот на игралиштето на ФК Работнички, додека во понеделник ќе тренира на „Филип Втори" исто така во 10 часот.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Септември.2011 во 06:22
Тошак го повика Ристовски од Кротоне, од обврски ги ослободи Пандев, Новевски и Демири

Македонската фудбалска репрезентација претпладне го одржа единствениот тренинг, планиран за денеска во рамките на подготовките за квалификацискиот дуел со селекцијата на Андора (06.09).

На игралиштето на ФК Работнички заедно со тимот се појави и младиот Стефан Ристовски од екипата на Кротоне кој доби дополнителен повик од селекторот Џон Тошак и сега во експедицијата се 20. фудбалери.

Со тоа Тошак ја зголемува конк*ренцијата со играчи од младата репрезентација кои треба да го понесат товарот во следниот квалификациски циклус за СП во Бразил 2014.

Поради суспензијата од заработени картони селекторот ги ослободи од обврските Пандев, Новевски и Демири кои нема да бидат во комбинација за мечот со Андора и тие порано од планираното ќе се вратат во своите клубови.


Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Септември.2011 во 01:11

Три бода со СВИРЕЖИ!!!

Нацијата може мирно да спие затоа што да не е Андора нашите "најдобри" фудбалери ќе заборавеа што беа тоа бодови

Со аматерска игра успеавме да ги победиме аматерите од Андора. Очајно и бедно издание на македонската фудбалска репрезентација која со многу потешкотии стигнаа до тенка победа од 1:0 над 202. селекција на ФИФА листата. Синоќешното издание беше и дефинитивна потврда дека овој наш национален тим е безнадежен и слаб. Иако славевме, иако освоивме 3 бода, сликата на теренот беше лоша. Настапот мизерен, а повеќето од играчите треба да се засрамат затоа што за националниот тим треба да се гине и да се игра, а не истиот да служи како модна писта и шанса да се направи трансфер.

Тошак не се радуваше...!!!
Велшанецот е свесен дека настапот на неговите избраници беше мизерен. Во таа пресудна 59. минута Џон Тошак остана закован за своето столче исто како и неговиот син Камерон. Не се радуваа на голот со кој поведовме и со кој Тошак стигна до првата победа како селектор на Македонија.

МАКЕДОНИЈА - АНДОРА 1:0 (0:0)
Национална арена "Филип Втори Македонски". Гледачи: 4.000. Главен судија: Марк Стивен Витби. Помошници: Томас Филип и Џон Свиндли (сите од Велс). Делегат: Стив Стрид (Англија)
Стрелци: Ивановски 59' (М); Ж. картони: Муарем, Усеини (М); А. Мартинез, Сонеје, Валес (А)
Играч на натпреварот: Иван Тричковски

I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
zagor Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Уникатен песимист

Регистриран: 27.Септември.2007
Локација: Congo
Статус: Офлајн
Поени: 12850
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zagor Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Септември.2011 во 00:48
..имаат убави дресови..со ГОООЛ-еми броеви...

сепак броевите се важни...


...zagor e ziv,se drugo e laga.
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Септември.2011 во 23:34

Пандев може да игра против Ерменија

Македонскиот репрезентативец Горан Пандев ќе му биде на располагање на селекторот Џон Тошак за квалификацискиот натпревар против Ерменија на 7 октомври, откако УЕФА реши да не го казни дополнително за црвениот картон од Москва.
Нашиот капитен по завршувањето на дуелот во Москва доби втор жолт картон од очајниот турски судија Јилдариј кој подоцна доби слаба оценка од контролорите на УЕФА. Затоа од Нион не делуваат жестоко и против Пандев, кој мина со суспензија од само еден меч. Турскиот арбитар во спорната 40 минута при 0:0 не досуди класичен пенал врз нашиот најдобар фудбалер.
Горан Пандев паузираше само на мечот со Андора во Скопје, кога едвај славевме со 1:0. Во тимот се враќа и дефанзивецот Николче Новески, кој беше суспендиран поради два жолти картони

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Октомври.2011 во 23:00
Нема карти за мечот Ерменија - Македонија

Билетите за мечот Ерменија - македонија на стадионот "Република" во Ереван се распродадени, а Ерменците подготвуваат спектакл за в петок, пред почетокот на натпреварот.

Закажан е навивачки марш на на улиците на Ереван, на кој фановите облечени во дресови од националниот тим треба да им дадат поддршка на своите репрезентативци.
Ерменија со 14 бода од 8 меча е на третото место, само еден бод помалку од Република Ирска и три помалку од лидерот Русија. Ерменија има најдобра гол-разлика во групата. Досега даде убедливо најмногу голови (17), а прими само 7 погодоци во 8 меча.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Октомври.2011 во 23:01
Македонија ослабена, Пандев ќе паузира еден месец

На местото на репрезентативниот капитен, Тошак го повика Марио Ѓуровски

Македонската фудбалска репрезентација ќе биде ослабена на претстојните два квалификациски натпревари, на 7 октомври со Ерменија во Ереван и четири дена подоцна со Словачка во Скопје, поради неиграњето на нашиот најдобар фудбалер Горан Пандев. Тој кривејќи се појавил на првата прозивка во хотелот "Александар палас" и по направениот преглед од страна на репрезентативниот доктор Виктор Камиловски, беше ослободен од обврските и се враќа на медицински третман во Неапол.
- Извршениот ехо-преглед покажа дека се работи за обновување на старата повреда на задна бутна регија, која Пандев ја влошил на последниот натпревар со Интер. Сега му претстојат три до четири недели пауза, кога ќе треба да ја изврши потребната терапија - изјави докторот Камиловски

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Октомври.2011 во 11:11

Ново разочарување, Македонија немоќна во Ереван

 

Сениорската фудбалска репрезентација на Македонија, убедливо поразена на денешното гостување во Ереван во претпоследниот меч од квалификациите за ЕП 2012. Ерменија оствари убедлива предност уште во првото полувреме, кога во 28 минута Пицели, откако Мовсисјан се прошета во шеснаесетникот на Богатинов и убаво асистираше, постигна гол за водство. По само 6 минути од погодокот на Пицели, Мхитарјан, младата ѕвезда на ерменскиот фудбал, со еден вистински евро-гол им донесе на домашните водство и од 2:0. Во второто полувреме ништо поразлично. Шумуликовски поради втор жолт картон беше исклучен во 54. минута, Ерменија доминираше, а Газарјан во 69. минута успеа да постигне и трет гол. Ние намаливме на 3:1 во 86. минута со голот на Шиков, но домашните веднаш возвратија во 90. минута, па Саркизов успеа да ги постави конечните 4:1.

По оваа очајна партија, Македонија во вторник на Националната Арена „Филип 2“ во Скопје ќе ги заврши квалификациите со натпревар против Словачка.

Кон врв
LiDivio Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор


Регистриран: 19.Мај.2010
Статус: Офлајн
Поени: 7265
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај LiDivio Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Октомври.2011 во 11:22
Originally posted by емил емил напиша:

Тошак: Можеме на СП во Бразил
 
 
 
 
Ташак можеме на СП во Бразил. изненадување
Кон врв
Чакаларов Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 08.Октомври.2011
Статус: Офлајн
Поени: 12
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Чакаларов Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Октомври.2011 во 11:25
Фудбалот се роди во Англија, порасна во Бразил, а умре во Македонија.
Кон врв
gonzo Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Мачкозил

Регистриран: 04.Декември.2008
Локација: У дневну
Статус: Офлајн
Поени: 3137
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај gonzo Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Октомври.2011 во 13:39
Originally posted by Чакаларов Чакаларов напиша:

Фудбалот се роди во Англија, порасна во Бразил, а умре во Македонија.



Ne umre, go ubi Hadziristevski i negovata mafija.
You have the right to remain silent. Anything you say will be misquoted, then used against you.
Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Октомври.2011 во 22:36

Македонија со реми се прости од квалификациите за ЕП 2012


http://plusinfo.cfd.mk/large_pics/2011/10/11/noveski.jpg

Македонската фудбалска репрезентација со реми против Словачка (1-1) на националната арена Филип Втори ги заврши агоничните и разочарувачки квалификации за ЕП 2012 во Полска и Украина. „Црвено-жолтите“ со само две победи и исто толку нерешени средби од вкупно 10 меча завршуваат како претпоследни, петти на табелата со 8 бода, единствено пред селекцијата на Андора.
Во дуелот кој немаше никаква резултатска важност, бидејќи и двата тима играа за престиж, гостите поведоа преку Јурај Пирошка во 54. минута, додека конечниот резултат го постави капитенот Николче Новески во 79. минута.
Првото место во нашата група Б го обезбеди Русија, која со 6-0 ја торпедираше Андора на домашен терен, а преку баражот пласман на ЕП ќе бара Република Ирска, која дома славеше над Ерменија со 2-1.
Резултати (група Б): Македонија – Словачка 1-1, Русија – Андора 6-0, Р. Ирска – Ерменија 2-1.
Табела: Русија 23, Р. Ирска 21, Ерменија 17, Словачка 15, Македонија 8, Андора 0.


I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2930313233 35>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,281 секунди.