IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Омилена пица - рецепти
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Омилена пица - рецепти

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 7891011>
Автор
Порака
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Ноември.2010 во 17:42

Оригиналната пица е широка 35 см и се пече до 90 секунди


Едно од најпопуларните јадења на планетата не било отсекогаш толку познато и распространето. Пицата се поврзува со стара Грција, а малку подоцна со Рим каде рецептот се развил до совршенство.

Во античка Грција се печел плакоус - леб со додаток на разни зачински билки, кромид и лук. Дури и војската на персискиот крал Дариј се хранела со тенко печено тесто со сирење и урми. На ова подрачје археолозите пронашле и 3000 години стари остатоци од садови за приготвување на "античка пица". Во Антиката пицата се состоела од тенко тесто, бел сос и разни свежи зачински билки, но не го имала днешното име. Во 1 век пр.н.е. познатиот антички поет Вергилиј во својата Енеида го спомнува лебот или поточно подлогата од тесто врз која се служела друга храна.

Италијанската пица - храна за сиромашните
Денешниот назив се јавува во 16. век во Италија, во добро познатиот Неапол. Пицата всушност била тесто со кое пекарите проверувале дали печката е доволно загреана. Но сепак тестото за да не се фрла им го продавале на сиромашните на улица. Токму затоа и пицата низ историјата била позната како "храна за сиромашните". На парчето тесто сиромашните домаќинки ги ставале намирниците кои ги имале - неколку зачини и малку зеленчук. Дури кон средината на 17. век пицата почнала да наликува на денешната, а пишаните докази од 19. век зборуваат за сосот од домати, сирењето, рибата и маслинките. Пицата многу бргу заживеала како вистински специјалитет и станала дел од туристичката понуда на Неапол. Се до почетокот на 17. век се продавала на отворени штандови, а таа традиција продолжила до ден-денешен, пицата речиси секаде може да се купи и јаде завиткана во хартија. 

Појава на првата пицерија
Во Неапол постои пицеријата Порт'Алба за која се смета дека е првата пицерија од затворен тип, односно пицата повеќе не се продавала само на штандовите по сиромашните квартови. Порт'Алба започнала со печење на пица уште во 1783 година, но во вистински ресторан се претвориле во 1830 година, а и ден-денес пицата ја прават по иста рецептура. Наполитанците пицата ја сметаат за сериозно јадење, па кон нејзиното приготвување приоѓаат со доза на почит и строги правила. Според некои, постојат само два вида на пица - "Маринара" и "Маргарита". 
Маринарата е "најстара" и прилозите се состојат од оригано, лук, екстра девствено маслиново масло и босилек. Името го добила по рибарите кои ја јаделе откако ќе се врателе од риболов. Во 1989 година настанала една од најпопуларните пици - Маргарита, која во чест на кралицата Маргарита од Савој ја подготвил неаполскиот готвач Рафаеле Еспосито. На пицата ставил домати, моцарела и листови босилек со што всушност ги добил боите на италијанското знаме.
Според оригиналниот рецепт, таа мора да се пече на 485 Ц степени и тоа 60 до 90 секунди. Тестото мора да се замеси и тегне рачно, без никакви механички помагала, само со помош на дланките и прстите. Потоа пицата не смее да биде поголема од 35см, ниту подебела од 3мм во средината. Иако звучи екстремно, вистинските наполитански пици со овие карактеристики се уште може да се најдат во стариот дел на Неапол.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Мај.2011 во 19:03

Морнарска пица

Потребно:

* готово тесто за пица
* 500 г домати
* 2 лути пиперчиња
* 3 чешниња лук
* оригано
* маслиново масло
* сол
* бибер

Приготвување: измијте ги, исчистете ги и исечете ги доматите на коцкички. Пропржете ги, ставете им сол и бибер, па посипете ги со оригано. Оставете ја смесата да се излади. Тестото за пица премачкајте го со масло, посипете го со половина од исечканиот лук, па распоредете ја смесата од доматите. Печете 20 минути во рерна загреана на 240 степени. Откако ќе ја извадите пицата, веднаш посипете ја со остатокот од лукот и послужете ја.

Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Ноември.2011 во 21:11

Najmnogu gi sakam picite koi jas gi potgotvuvam. Stavam se shto kje mi dojde pri raka, no najmnogu od se kashkaval :))

 
Pa posle se, najchesto izleguva vakva picata
 
Кон врв
lotus flower Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 6937
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај lotus flower Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Ноември.2011 во 20:43
Фрути ди Маре

~Live the life you love, love the life you live~
Кон врв
Ninja 35 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Февруари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 17840
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Ninja 35 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Февруари.2012 во 14:37

Италијанска калцона

Италијанска калцона


ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 100 грама Шунка
  • малку   Сол
  • 100 грама Сланина
  • 100 грама Сирење
  • 4 лажица/ци Маслиново масло
  • 30 грама Кечап
  • 15   Квасец
  • 200 милилитри Вода
  • 300 грама Брашно

ПОДГОТОВКА:

Во еден сад убаво измешајте ги сирењето, шунката, сланината, 2 лажици маслиново масло, па зачинете по вкус. 

Посебноо измешајте го брашното и изронетиот квасец со 2 лажици маслиново масло, посолете го и со водата замесете тесто. 

Можете да го поделите на два еднакви дела или да направите една поголема калцона. 

Оставете да нарасне додека не се зголеми неговата маса за 3 пати. 

Потоа расукајте го тенко, ставете го претходно подготвениот фил, прелијте со малку маслиново масло, поклопете го едниот крај од тестото со другиот, а краевите убаво притиснете ги. 

Печете во загреана рерна на 200 степени. 

Служете ги топли.
 


Изменето од Ninja 35 - 10.Февруари.2012 во 14:39
Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Февруари.2013 во 15:29

Здраво уживање: Интегрална пица со зеленчук

Кој вели дека пицата не може да биде здрава? Рецептот кој што ви го нудиме ќе ви открие едно целосно поинаква, здрава и вкусна пица. Подгответе го ручекот за вашето семејство и уживајте во секој залак.

За тестото:

300 грама темно брашно

1 квасец

вода по потреба

сол

Потребни состојки:

350 грама брокула

1 лажица маслиново масло

1 чешне лук

1 чаша (2,5 дл) свежо исечени печурки

½ чаша сецкани домати

1½ чаша рендано сирење

половина лажичка црвен пипер по вкус

Подготовка:

Замесете го тестото и оставете го да отстои половина час на собна температура. Загрејте ја рерната на 200 степени. На плех за печење развлечете го тестото со раце, внимавајте и самите одредете ја саканата дебелина. Печете неколку минути и извадете го од печката.

Брокулите сварете ги и оставете ги да се оладат десетина минути. Во сад измешајте го маслиновото масло и оставете да се излади околу десет минути. Во сад, измешајте ги маслиновото масло и лукот, па премачкајте го тестото. Додадете сирење, брокула, домати и печурки, а на крај ставете црвен пипер по желба. Вратете ја пицата во рерна и печете уште неколку минути, додека сирењето не се растопи.

Пријатен апетит.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2013 во 08:35

Пица со кромид

Пица со кромид

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 1   Тесто за пица
  • малку   Сол
  • малку   Оригано
  • 2 главица/и Кромид/а
  • 100 грама Кашкавал


  • Време за подготовка: 10 мин.
  • Време за готвење: 20 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Пица со кромид

ПОДГОТОВКА:

Тесто за пица се расукува како лист со големината на тавата.

Одозгора го посипуваме исечканиот кромид и изренданиот кашкавал. 

Потоа се посолува по вкус и се попрскува со оригано.

Пицата печете ја 20 минути во рерна на 250 степени.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2013 во 08:38

Пица Наполитана

Пица Наполитана

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 24   Филети инчуни риба
  • 500 грама Тесто
  • малку   Сол
  • 100 грама Сирење
  • 3 лажица/ци Масло
  • 80 грама Маслинки
  • 4 главица/и Кромид/а
  • 200 грама Домат


  • Време за подготовка: 20 мин.
  • Време за готвење: 25 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Пица "Наполитана".

ПОДГОТОВКА:

 Врз намачканото со зејтин тесто, ги ставате насечканите домати и кромидот, а во вид на вкрстени ленти ги редите рибите, а помеѓу нив маслинките, расфрлете тенко сечкани парчиња сирење и зачините. 

 Печете 25 минути на висока температура 220 степени.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2013 во 08:39

Сицилијанска пица

Сицилијанска пица

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 400 грама Тесто
  • малку   Сол
  • 3 лажица/ци Масло
  • 100 грама Маслинки
  • 2 лажица/ци Копар
  • 250 грама Домат


  • Време за подготовка: 15 мин.
  • Време за готвење: 20 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Сицилијанска пица

ПОДГОТОВКА:

Доматите се редат во вид на тенки тркалезни резанки, врз нив маслинките, копарот и зачините, и се се пече 15-20 минути.

За Сицилијанската пица, можат да се употребат и филети инчуни и 3-4 (солени, од конзерва) и 3-4 лажици нарендан кашкавал.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2013 во 08:39

Римска пица

Римска пица

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 250 грама Сирење
  • 100 грама Печурки
  • малку   Оригано
  • 1 лажица/ци Маслиново масло
  • 50 грама Маслинки
  • малку   Магдонос
  • 2 чешниња Лук
  • 1 главица/и Кромид/а
  • 300 милилитри Доматно пире
  • малку   Босилок
  • малку   Сол
  • 1   Тесто за пица
  • малку мала лажица Црн пипер
  • 200 грама Шунка


  • Време за подготовка: 20 мин.
  • Време за готвење: 30 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Еден од најраспространетите и најподготвуваните рецепти во светот е пицата, која присутна во секоја национална кујна или ресторан подготвувана на најразлични начини.

За Римска пица има повеќе рецепти, но секогаш се повторува босилекот како зачин. Освен тоа, Римската пица понекогаш се покрива и со шунка, во ретки случаеви се ставаат и рипчиња, но во мало количество.

ПОДГОТОВКА:

Тестото за оваа пица се расплескува колку е можно потенко, а за да не се истече филот од страните се остава малку потркренато. Се премачкува со доматно пире и врз него се редат тенки резанки сирење, па врз него мирудиите, зачините и маслото.

Се пече на 250 C степени околу 30 минути.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2013 во 08:40

Мини пици со шунка

Мини пици со шунка

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 100 грама Шунка
  • 100 грама Шампињони
  • малку мала лажица Црн пипер
  • 1   Тесто за пица
  • малку   Сол
  • 200 грама Сирење
  • 4 лажица/ци Маслиново масло
  • 100 грама Маслинки
  • 4 чешниња Лук
  • 2 главица/и Кромид/а
  • малку   Босилок
  • 300 грама Домат


  • Време за подготовка: 20 мин.
  • Време за готвење: 15 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Уживате во пиците, и понекогаш сакате да ги подговите дома. Меѓутоа, никако не успевате да ги погодите онакви какви што сте навикнале да ги јадете во пицериите, пред сè сочни.

Некогаш можеби сте си помислиле дека во прашање е тестото што сте го подготвиле и сте се обиделе да ја подготвите пицата со готово тесто. Но ефектот останал ист, пицата се исушила уште пре да ја извадите од рерна.

Печењето е основен чекор кон добрата пица, треба да трае од 15 до 20 минути, во веќе загреана рерна. Но важно е и да се расука тестото до соодветна дебелина, затоа што ако е премногу тенко ќе стане "гумено". Исто така, треба да се употребуваат " сушени" домати, бидејќи ако тие се свежи, тестото ќе ја впие течноста и нема добро да се испече.

ПОДГОТОВКА:

Пропржете ги лукот и кромидот на врело масло.

Исецкајте ги доматите и
додадете го комидот.

Оставете да се вари на ниска температура околу 15
минути.

Исчистете ги шампињоните, истријте ги и исецкајте ги на тенки
кришки, како и моцарелата и маслинките.

Босилекот додадете го во сосот.

Зачинете со сол и црн пипер.

Рерната вклучете ја на 220 степени.

Од тестото направете ролна и и сечете 16 парчиња, а од секое направете ала пица со поткренати рабови.

Ставете од сосот од домати.

Наредете ги печурките, маслинките, моцарелата и тенко исечената шунка, печете околу 15 минути.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2013 во 08:41

Пица со тиквички

Пица со тиквички


ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • малку   Сол
  • 250 грама Сирење
  • 2 лажица/ци Маслиново масло
  • 1   Квасец
  • 150 грама Кашкавал
  • 350 милилитри Доматен сок
  • 250 милилитри Вода
  • 400 грама Брашно
  • 300 грама Тиквичка


  • Време за подготовка: 20 мин.
  • Време за готвење: 40 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Пица со тиквички

ПОДГОТОВКА:

Од брашното, маслото, малку сол и млака вода замесете мазно тесто. Оставете го да стои на топло, околу 25 минути.

Потоа расукајте го и оставете го во тава со масло.

По тестото нанесете го доматниот сос, изрендајте ги тиквичките, изронете го сирењето а на крај посипете го ренданиот кашкавал.

Печете околу 20 минути во рерна загреана на 200 степени.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • малку   Сол
  • 250 грама Сирење
  • 2 лажица/ци Маслиново масло
  • 1   Квасец
  • 150 грама Кашкавал
  • 350 милилитри Доматен сок
  • 250 милилитри Вода
  • 400 грама Брашно
  • 300 грама Тиквичка


  • Време за подготовка: 20 мин.
  • Време за готвење: 40 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Пица со тиквички

ПОДГОТОВКА:

Од брашното, маслото, малку сол и млака вода замесете мазно тесто. Оставете го да стои на топло, околу 25 минути.

Потоа расукајте го и оставете го во тава со масло.

По тестото нанесете го доматниот сос, изрендајте ги тиквичките, изронете го сирењето а на крај посипете го ренданиот кашкавал.

Печете околу 20 минути во рерна загреана на 200 степени.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Септември.2013 во 08:34

Морнарска пица

Потребно:

* готово тесто за пица
* 500 г домати
* 2 лути пиперчиња
* 3 чешниња лук
* оригано
* маслиново масло
* сол
* бибер

Приготвување: измијте ги, исчистете ги и исечете ги доматите на коцкички. Пропржете ги, ставете им сол и бибер, па посипете ги со оригано. Оставете ја смесата да се излади. Тестото за пица премачкајте го со масло, посипете го со половина од исечканиот лук, па распоредете ја смесата од доматите. Печете 20 минути во рерна загреана на 240 степени. Откако ќе ја извадите пицата, веднаш посипете ја со остатокот од лукот и послужете ја.

(Emil)

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Ninja 35 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Февруари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 17840
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Ninja 35 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Октомври.2013 во 10:55

Анти-џанк пица: Вкусна и здрава за секој ден!



Кога некој ќе спомeне пица веднаш ни се отвора апетитот, но и одма помислуваме на калориите, нездравите состојки и брзата храна. Поради тоа решивме да ви го понудиме најздравиот рецепт за вкусна пица која можете да ја јадете без грижа на совест. 

Состојки за тестото:

  • 150 гр. интегрално брашно
  • 100 гр бело брашно
  • 1 лажичка сол
  • половина лажичка кафеав шеќер
  • половина кесичка на сув квасец
  • една шолја млака вода
  • лажици маслиново масло

Состојки за пица:

  • сос од домати со малку кафеав шеќер и сув босилек
  • моцарела сирење
  • исечена сланина или шунка
  • пиперка
  • печурки
  • домати
  • рукола
  • оригано
  • маслинки

Подготовка: 

1. Во поголем сад измешајте го брашното, квасецот, маслото и шеќерот. 

2. Полека ставете топла вода и со раце замесете го тестото

3. Подготвеното меко тесто покријте го со крпа и оставете да отстои околу половина час, додека не нарасне

4. Тестото префрлете го на работната површина каде сте истуриле брашно и истркалајте го во него. 

5. Садот за печење премачкајте го со маслиново масло, тестото ставете го во него и наредете ги сите состојки. 


Совети:

  • Доколку сакате тестото да има интересна арома, додадете мед наместо шеќер
  • Наместо бело брашно можете да ставите пченкарно
  • Руколата ставете ја врз пицата откако ќе ја извадите од рерната
  • Наместо вргањ, можете да ставите било кој вид на на печурки

Италијанското правило гласи: „Колку помалку состојки толку повкусна и подобра пица“. Не претерувајте и не ставајте се и сешто, внимавајте колку состојки ќе ставите и колку ќе биде нивната количина.



Изменето од evangeline - 27.Октомври.2013 во 15:23
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 7891011>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,203 секунди.