IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > АРХИВА > Историја и политика
  Активни теми Активни теми RSS - Македонија - агресивна политика?
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Македонија - агресивна политика?

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12345 6>
Автор
Порака
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Август.2006 во 18:57
А колку има Германски толку има и Македонски нели,бидејки Германскиот јазик има свое потекло како и Австрискиот а и двата јазика не потекнуваат од нивната татковина.За Македонија тоа неможе да се каже бидејки има уникатен јазик со коренско потекло од Македонија а тоа е пред Кирил и Методи за повеке можеш да видиш во Историја на Македонскиот јазик и писменос
во истиов форум на Историја има доста опширно значи линкови и др. работи
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Август.2006 во 19:18

Февруари 1874 г.

Писмо I.

Ваше Блаженство,

Во Солун пристигнав на 14-ти минатиот месец (јануари 1874 - б.р.) вечерта. Веднаш успеав да се сретнам со сите поважни месни и некои други лица од другите македонски градови. Целта ми беше што поскоро да го разберам она што ќе ми биде неопходно да ја завршам успешно мисијата што ми ја доверивте. Најнапред се сретнав со отец Аверкиј Зографски , а уште на следниот ден со отец Петар Димитров, тукашен претседател на општината. Можам да ви речам, Ваше Блажество, дека одовде, од Солун ветерот дува и се разнесува на другите страни. Двајцата почитувани духовници, по мое мислење, се водачите на движењето за обнова на Охридската архиепископија, макар што не треба да се заборави и Охрид, донекаде Битола, Велес и Скопје.

Унијатското движење тука не е без корен, како што се мисли во Цариград, а посебно од неговото Високо превосходителство гроф Игнатиев. За ова време додека сум во Македонија, јас го констатирав она што од порано го знаеме и за кое пишувавме пред три години. И сега, како и тогаш, како и пред дваесетина година, станува збор за македонското прашање. Во разговорот со некои македонски „патриоти" разбрав дека ова движење, кое само пред неколку години беше голи зборови, сега е јасна прецизирана мисла: „Македонците не се Бугари" и тие упорно настојуваат, без оглед на цената, да се здобијат со своја одделна црква.

Во тој свој партикуларизам имаат поддршка и од некои црковни високодостојници во Цариград, особено од Високопросветниот Натанаил Охридски, Панарет Пловдивски, Архимандритот Харитон Караузов. Во текот на овој месец разбрав од доверливи извори дека пристигнуваат катадневно писма од Цариград до солунската општина, а одовде се испраќаат до другите општини во внатрешноста. Писмата се пишувани во тој дух. Едно такво писмо, што солунската општина го препрати до воденската, ги повикува воденчани да ги прекинат сите врски со Егзархијата додека не се решело македонското црковно прашање, бидејќи „сега бил моментот". Особено активност во ширењето на идејата за обнова на Охридската архиепископија покажува нам познатиот господин Кузман Шапкарев од Охрид, кој постојано скита од Кукуш до Охрид и обратно, не знам на чии патни трошоци. Не помалку е активен и господин Димитар Македонски, „македонскиот учебникар" кој прима плата како учител од Егзархијата и од тукашниве лазаристи.

Поради ваквите неразумни проповеди на македонските патриоти, дека црковното прашање е разрешено само во полза на Бугарите, кај народот се разбудило нерасположение кон епархиите во Дунавскиот и Одринскиот вилает и завист поради поранешното пробудување на Бугарите. Особено се чувствува голем отпор против источнобугарскиот говор во литературата. Општ впечаток е дека месните луѓе сметаат оти Македонците се нажалени од разрешувањето на црковното прашање во полза на крајдунавските и тракиските Бугари. Ова нерасположение веќе прерасна во недоверба кон Егзархијата и кон нејзината висока хиерархија и е оформена мислата за истакнување на месното македонско наречје како литературен јазик и за создавање македонска хиерархија.

Посебно внимание, Ваше Блаженство, треба да се обрати на Неговото високопреосвештенство Натанаил, кој им ветува на месните луѓе, штом ќе дојде во својата епархија, оти ќе преземе чекори за обнова на Охридската архиепископија. Изгледа, тој се поврзал со македонските еснафи во Цариград и кај нив ги протура вестите за спогодбата со Патријаршијата. Од својата страна, тие ги известуваат пак своите во Македонија. Тоа предизвикува голем револт овде. Според тоа, сепаратизмот ги има своите корења во тајниот круг во Цариград. Ако се притисне таму, овде во Македонија ќе стивне работата. Запрете ја трубата, ќе има и ехо.

Прашањето со дедото Нил е мошне деликатно, бидејќи се забарикадирал во Кукуш и не сака да се врати назад. Изгледа дека неговата амбициозност го навела на овој чекор. Си всадил мисла да стане охридски архиепископ или барем солунски митрополит. Како егзархиски пратеник, тој како „најинформиран" ги шири гласовите за спогодба со Патријаршијата. Ја претставува пред народот Егзархијата како рамнодушна, неактивна да го избави македонското население од грчкото духовно ропство. Изгледа дека дедото Нил, кој се покажа сосем незрел, е подведен од највисоката турска вилаетска власт. Меѓутоа, неговата непослушност кон своето началство почнува од моментот кога е повикан да се врати во Цариград. Место да послуша, тој чека овде. Неговата непослушност доаѓа и поради сугестиите што пристигнуваат од Цариград. Тој одржува постојани врски со владиците Панарет и Натанаил, особено со последниов кој му сугерира да се задржи во Македонија додека не добие берат за Охрид и пристигне во Македонија. Мое мислење е дедото Нил по секоја цена да се крене од Македонија и да се одведе во Цариград, бидејќи овде е опасен. Тој веќе дејствува под заштитата на овдешните лазаристи и на францускиот конзул.

Мислата за обнова на Охридската архиепископија во моментов е најраширена овде во Солун. Тука се кројат плановите, тука се собираат запалените глави. Таа мисла, се разбира, не се базира врз ваквата зрелост, особено откако Митхат-паша е сменет од Солун. Но таа постепено се шири и во северна Македонија, само што не е сосема јасна. Во народот еден фрла едно, друг друго. Постои опасност, до колку не се преземат чекори од авторитетно место, да дојде до едно општо мислење. Тогаш последиците ќе бидат многу потешки. Најдобро би било ако неговото Високо превосходителство гроф Игнатиев ја посети Македонија, бидејќи населението чувствува скриена надеж дека само од Русија може да му дојде спасот.

Утре, со господа, имам намера да се сретнам со некои првенци од тукашнава општина. Ќе настојувам да ги убедам во неоснованоста на нивните стремежи за одделна црква, кога веќе имаат своја во лицето на Егзархијата. Секако дека најтешкото прашање ќе биде околу назначува њето владици од македонско потекло, а особено за хиротонијата на дедо Харитон.

Ја целивам светатадееница на Вашето Блаженство, Ваш понизен,

Солун, февруари 1874

П . Р. Славејков

Сл. Димевскм, Две писма на Петко Рачев Славејков за македонизмот. - Разгледи XIV, 5 (1972), стр. 561-566

    
 

Територията на България е обитавана от най-ранните исторически епохи. Историческото наследство на страната е свързано с богатата култура на Древна Тракия. След разпадането на Римската империя, днешните български земи са включени във границите на Византия.

През втората половина на 7в., на територията на днешна Североизточна България се заселват прабългарите. В съюз със славяните те образуват Българската държава, призната от Византия през 681г.  Начело на държавата застава водачът на прабългарите хан Аспарух, а за столица е обявена Плиска.
При хан Крум /803-814/ България граничи на запад с империята на Карл Велики, а на изток българските войски достигат стените на столицата на Византия Константинопол.
През 864 г., по време на управлението на княз Борис I /852-889/ българите приемат християнството като официална религия и България става една от най-старите християнски държави в Европа.

Еве и сајтот

http://www.government.bg/cgi-bin/e-cms/vis/vis.pl?s=001&p=0034&n=000001&g=

PIR M'KED'NZKI
(5000 - 3500 g.p.n.e.)

 

'RBETE 'RXE
(7000 - 5000 g.p.n.e.)

ZET UT'\ UEO^O
(7000 - 5000 g.p.n.e.)

AFEEON OGN'N
(okolu 2100 - 1500 g.p.n.e.)

 

Z'T P'RSA NENO SILNI
(5000 - 4500 g.p.n.e.)


Кон врв
Dogi Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 19.Април.2005
Статус: Офлајн
Поени: 3168
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Dogi Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Август.2006 во 19:24
Само чудно како тоа македонците ги има во библијата, а бугарите, па ни грците, ги нема. Никој не е спомнат со денешно име. Бугарите, т.е. татарите не биле ни дојдени овде. А македонците си биле свои на своето. Па ти можеш да се буниш колку што сакаш!
А агресивноста се гледа во нападите и се поголемата заинтересираност на бугарите за Македонија и се што е македонско. Само македонците успеале 500 години под турско ропство, па ќе го пребродат и ова, немај гајле. Ние сме жилав Народ, библиски! Секаде во светот си имаат луѓето стебла, семејни, само бугарите и грците се плашат да го спроведат тоа во реалност, плашејќи се да признаат кој од каде дошол.
Јас сум мајстор!

Кликни овде за комуникација со мене (потоа кликнете во полето 'Edit nickname' и впишете го вашето име)
Кон врв
Kaloqn Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 09.Август.2006
Статус: Офлајн
Поени: 0
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Kaloqn Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Август.2006 во 20:32
Originally posted by Dogi Dogi напиша:

Само чудно како тоа македонците ги има во библијата, а бугарите, па ни грците, ги нема. Никој не е спомнат со денешно име. Бугарите, т.е. татарите не биле ни дојдени овде. А македонците си биле свои на своето. Па ти можеш да се буниш колку што сакаш!
А агресивноста се гледа во нападите и се поголемата заинтересираност на бугарите за Македонија и се што е македонско. Само македонците успеале 500 години под турско ропство, па ќе го пребродат и ова, немај гајле. Ние сме жилав Народ, библиски! Секаде во светот си имаат луѓето стебла, семејни, само бугарите и грците се плашат да го спроведат тоа во реалност, плашејќи се да признаат кој од каде дошол.
Какво имате общо с "античките македонци"????
Отговор:НИШТО!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Август.2006 во 20:37
Тоа ти мислиш и за тоа постојат пишани докази од реномирани стари историчари а на тие што не им се допаѓа можат па пукнат од завист

Се мисли дека античките Македонци потекнуваат од најстарите жители на јужниот Балкан- Пелазгите. Пелазгите се најстарите жители и на Атика, некогашна Хелада, која подоцна ја неселиле елински племиња.  Античкиот историчар Трог Помпеј пишува дека Македонците потекнуваат од Пелазгите (Justin. VII, 1, 3). Во 450 г.п.н.е. за Пелазгите, Херодот вели: "ако се суди по останатите живи Пелазги,... каков јазик говореле Пелазгите, треба да кажам дека говореле еден варварски јазик; штом тоа е така, жителите на Атика, која е пелазгиска земја, со преминувањето им кон Елините, примија друг јазик" (Херодот I, 57-58) .

Античкиот елински географ Страбон, вели: "Што се однесува до Пелазгите, сите докази велат дека тие се еден стар народ, кој бил распространет во цел Хелас, особено меѓу Етолците во Тесалија". Понатаму, Страбон пишува дека Тесалија, меѓу устието на р. Пенеос, Термопилите и планина Пинд, се нарекувала Пелазгиски Аргос, оти пелазгите ја населувале таа земја (Страбон, стр. 221, 4). Од тие Пелазги-Аргaјци произвлегувала македонската царска династија, почнувајки од македонскиот цар Александар први (Александар трети е големиот Александар Македонски).На друго место, Страбон вели дека и Етолците (како и Македонците) не се Елини (Страбон V, 2, 4). Како Акаранците, Македонците и Етолците биле неелини, ами Пелазги, римскиот историчар Тит Ливи пишува дека сите тие говореле един ист јазик, неелински: Aetolos, Acarnanas, Macedonas eiusdem linguae hominess (Tit Livi,  XXX, 29).

Денеска копјата се кршат дали античките Македонци биле Елини, од проста причина што западот од 1821 г. ја подржува Грција и нејзиното проширување кон негрчки територии, а за тоа мораат да ја изместуваат историјата. Историски, сосема неоправдано е да се тврди дека античките Македонци се Грци, кога сите антички историски извори Македонците ги декларираат како посебен, неелински народ.

 Во историјата има само еден многу интересен пасус кој се однесува на народноста на античките македонци и тоа изустен од Демостен, Атињанин  кој два пати ги предводел обединетите Елини во воените походи против Македонците водени од својот Цар Филип:“Филип (македонскиот Цар)….не само што не е грк, ниту е поврзан со грците…” (Демостен, Филипика III). Да потсетам дека поимот варварин е од грчко потекло и означува не-грк т.е. човек кој говори негрчки па самите антички грци не можеле да ги разберат говорот на странците, туку го имитирале странскиот говор “вар-вар”, па одтаму доаѓа терминот варвар.

Атинскиот лидер, Демостен вели дека во времето на Аристид, Никиј и Перикле, македонските цареви се потчинувале на Eлините, како што одговара на варвари спрема Елини (Olyth III, 24).   Понатаму, Демостен го представува Филип не само како непријател на Атина, но и како непријател на елинизмот и неелин, па во својот говор истакнува: "има ли нешто поново од тоа, дека еден Македонец ги поразува Атињаните и се здобива со она, што е својствено само на елините"?(Ф. I. IV, 10)  . Значи, самите Елини го сметале Филип за човек надвор од елинскиот род.     

Елините, во знак на благодарност кон Демостен му изградиле споменик во Атина со натпис: “само доколку твојата сила беше еднаква Демостене на твојата мудрост никогаш Елада не ќе беше управувана од Македонци”( Времето на Александар, стр. 216, Плутарцх). Македонија, пак, самите Елини ја сместуваат надвор од Елада.

Македонците и Елините, не само што биле различни народи, туку и непријатели. Иако раскарани, елинските држвички и Елините кога станувало збор за борба против Македонците, тие се обединувале и застанувале заедно против Македонија и Македонците. Кога Александар трети Македонски со 25.000 до 30.000 македонска војска се обидувал да ја заземе Персија, околу 50.000 Елини од сите елински државички биле сојузници на Персија и се бореле против македонците [Quintus Curtius Rufus Roman Historian p.112-13].

Македонците и Елините од страна на самите антички елински историчари ги представуваат како две различни раси (Ариан, Грчки Историчар, Книга 2, Битката на Исус, стр. 119 / Diodorus Siculus 18.37.3-4.). Истaтата поделба на македонска и елинска раса ја среќаваме и кај римските историчари (Livy's book XXXI.44)

Сите антички автори пишуваат за масакрите што Македонците ги вршеле спрема Елините, кои иако меѓу себе раскарани секогаш стоеле обединети против силниот македонски поробувач од туѓ род (Исократес, антички грчки писател “За Филип” стр. 37).  Во сите грчко-македонски војни имаме два спротиставени табора- македонски и обединет-грчки! Секоја македонска победа врз елинските државички завршувала со масакри врз Елините (антички грчки историчар Diodorus Siculus knigi: XVII, XVIII, XIX, XX, XXII, XXVIII, XXIX, XXXI, and XXXII). 

Елините ги мразеле Mакедонците и Александар (Плутарх, Времето на Александар, стр.311).

Aнтичките историчари и географичари ја одвојуваат Македонија како НЕЕЛИНСКА Држава, а македонците како посебни од Елините (Полибиус Грчки конгресмен и историчар, Книга XVIII, 1; Исократес, Плутарцх, Диодорус Сицулус, Арриан...).

Македонците имале свој посебен календар сосема различен од грчкиот (Плутарх, “Времето на Александар”, стр. 254)  свои посебни обичаи и своја посебна пурпорно обоена народна носија. Во иста таква пурпурна носија закопан е Цар Самуил.

Македонците имале свој посебен македонски јазик, различен од грчкиот [Quintus Curtius Rufus , The History of Alexander - Penguin Classics p.138]. Има доста сведоштва за посебноста на античкомакедонскиот јазик. Самиот Александар контактирал со варварите (Македонците) преку Хевест, а со Елините преку Кратер. Плутарх пишува дека Александар ги повикувал телехранителите си на македонски јазик (Плутарх, Алекс. 51), а македонските војници го поздравувале исто така на македонски јазик (Евмен 14).

Забележан е дијалог меѓу македонскиот војсководец Филота и Александар Македонски: "Царот најпрво го погледна Филота и рече: "Македонците решија да те судат". Те прашувам, сакаш ли да зборуваш со нив на мајчиниот јазик (македонскиот)? Филота одговори: "Освен Македонците, тука има многу други сведоци, кои ми се чини полесно ќе ги разберат моите зборови, ако се послужам со истиот (хеленски) јазик, на кој ти штотуку проговори, кое ти го направи, мислам, само затоа, за да можат, говорот, повеќе луѓе да ти го разберат". После тоа, царот рече: "Гледате ли, Филота си го мрази татковиот (македонски) јзик, зошто тој самиот се откажува да се изразува на него. Но тој може да говори како сака, вие, да знаете дека тој се оддалечил како од нашите (македонски) обичаи, така и од нашиот јазик (к*рциус Руфус)

Од цитираното, многу јасно се гледа дека Македонците не се сметале за Елини, туку за посебен народ, со свој јазик и свои обичаи. За да се разбира со надворешниот свет, македонската интелегенција се служела со елинскиот јазик, кој бил најраспространетиот светки јазик во тие времиња, слично како англискиот денеска. Проблемот е во тоа што Македонците како и нивните соседи Тракијците, Илирите итн. не создале свој литературен јазик и писмо, па затоа се користеле со елинското писмо и јазик, кој бил јазикот на цивилизацијата се до пропаста на Византија. Зарем Тракијците, Илирите, Бугарите на Хан Аспаруих  итн. се Грци оти го користеле грчкиот јазик и писмо?  Па ете и бугарите од Хан Ацпарух  во својата држава до 893 година пишувале исклучиво грчки. И денеска многу  народи кои немаат никаква врска со англо-сансонците го користат англискиот јазик кој е светски јазик, како официјален јазик во нивните  држави; зарем сите луѓе (Ирци, Шконталнѓани, Велшани, Малтежани, многу острови на третиот свет итн.)  кои говорат англиски како мајчин треба Англија да ги правиме Англичани?

Симболот на македонската воена сила и надмоќ е лавот. По победата на обединетите Грци кај Херонеја во 337 г.п.н.е., македонскиот цар Филип Втори гради огромен споменик на лав, кој е зачуван. Александар Трети Македонски ковал пари со својот лик, заедно со маска од лав. Во средниот век, македонскиот лав станува македонски хералдички грб, под кој македонските револуционери од 19 и 20 век се борат за македонската слобода.

 

 

 

 

 Лавот на македонскиот цар Филип II што го подигнал во Херонеја,  во спомен на македонската победа врз Грците

 

 

 

 

Другиот национален македонски симбол е сонцето. И тој е задржан  кај македонскиот народ во континуитет. Знамето на крушевската република е карта на цела етногеографска Македонија, од која изгрева сонце, македонскиот грб од 1945 г. содржи сонце. Интересно е што дури во 1977 г. во Кутлеш (Вергина) се открива сонцето од филиповата гробница како македонски национален симбол, но Македонците го користат сонцето како национален белег многу порано; не само сонцето, туку и лавот. Јас си поставувам прашање, ако денешните Македонци немаат врска со античките, од каде кај нас, современите Македонци култот кон античките македонски национални симболи? Дури по 1977 г., Грците почнаа да го користат македонското сонце во пропагандистични цели, да докажат елински карактер на Македонија. Тие, кои се удираат во гради дека се наследници на античките Елини, немаат национален симбол кој го негувале во континуитет, наследен од нивните антички предци. Националниот симбол на Бугарите била коњска опашка, кој денеска не е присутен кај современите Бугари.

Знаме на Крушевската Република, 1903. Во позадина е македонското сонце [горе]

 

Грб на Република Македонија од 1946 г.

Знамето на Мијаците
Знамето на Мијаците [горе] е најстарото сочувано знаме на Македонците; како такво во иста форма постои неколку стотици години, а знамето е сочинето од следниве елементи:
- централно е поставено сонце, симболот на Македонците уште од античко време;
- во сонцето е впишан крст ; околу крстот на празните полиња пишува ИС - ХР / НИ - КА, односно "Исус Христос Победник;
- на аглите на знамето има три животински симболи со црвена или бела внатрешност. Горе лево има змеј, горе десно има исправен македонски лав, долу лево - двоглав орел без крилја со впишани И-С-Х-С на стомакот околу едноставен крст, а на долниот десен агол е претставена полумесечина со мала ѕвезда над неа. Бајракот е порабен со истите црвено-жолти сончеви зраци, какви што се наоѓаат околу централниот крст.
Пак ќе напоменам дека дури во 1977 г. во Кутлеш (Вергина) се открива сонцето од филиповата гробница како македонски национален симбол, но Македонците го користат сонцето како национален белег многу порано.
Македонското знаме на македонската колонија во С. Петербург со Буkефал [горе], коњот на Александар Македонски, и сонце во изгрев со златести букви: „ЕДИНСТВЕНА НЕЗАВИСНА МАКЕДОНИЈА“ (март 1914). Тогаш, Грците немале ниту поим, ниту насетувале дека симболот на античките Македонци било македонското сонце и лавот.

Кон врв
Kaloqn Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 09.Август.2006
Статус: Офлајн
Поени: 0
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Kaloqn Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Август.2006 во 21:24

А стига с този комунизъм бе!!!Бати герба с петолъчка!!!!

Санувате още Тито,ама на он умрел!!!Нема се врати веке!!!
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Август.2006 во 21:31
Тито само и помогна на Бугарија со неговиот Сталинизам,да не ги уби и затвори Македонските револуционери Македонија денес ке беше обединета и повлијателна во светот
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Август.2006 во 22:03
Па нормално дека во Македонија има само Бугарско малцинство како што и во Бугарија има Македонско малцинство тоа Тито го знаеше а го знаеше и Бугарија тоа 1945 г. кога во договор со Тито ги организираше средбите и им даде права на Македонците - школи,јазик,писмо.
Апостол на понова Македонија и прв Македонски претседател  е Ченто незнам дали си слушнал за него.Неговата идеја како и идеја на сите други Македонци на заседанието на АСНОМ беше Независна и обединета Македонија а Тито ги уби,затвори и протера сите тие мисленици.Тие како што знаеме и ден денес никогаш нема да значат за Бугарофили бидејки нивната борба за Независна и единствена Обединета Македонија беше доволна и јасна.

Методија Шаторов - Шарло (1897 - 1944) е македонски комунист, национален деец и борец за самостојна македонска држава.

Роден во Прилеп во 1897 година, политички емигрант во Бугарија. Во крајот на Првата светска војна е и член на БКП од 1920 година. Во 1929 година емигрира во СССР, каде што работи како функционер во КИ, од каде што во 1934 година пак илегално се враќа во Бугарија. Во 1935 година повторно е суден во Софија како член на Обласниот комитет на ВМРО (Обединета) заедно со Димитар Влахов, Васил Ивановски и други. Од пролетта 1940 до септември 1941 година е политички секретар на ПК КПЈ за Македонија. Учесник е на Петтата земска конференција на КПЈ во 1940 година во Загреб, каде што со својата дискусија против српската колонизација на Македонија остава забележителен впечаток. Избран е за член на ЦК КПЈ.

По партиско-политичките недоразбирања на релацијата КИ-КПЈ-БКП околу припадноста на партиската организација во Македонија, Шарло е исклучен од КПЈ и емигрира во Бугарија, каде што како македонски револуционер е активен антифашист. Подмолно и мистериозно загинал во неразјаснети околности во првите денови на септември 1944 година како политички комесар на Третата оперативна зона на Бугарија и член на ОК за Софија на БРП(к).

Прво како една од водечките фигури на ВМРО (Обединета), а потоа и како водач на комунистичкото движење во Македонија, Шарло се залагал за самостојна и обединета држава на македонскиот народ. Покрај тоа, во архивите на некогашната Коминтерна се откриени документи според кои Методија Шаторов постојано се изјаснувал како Македонец. Тој се смета уште за еден од најзаслужните за тоа што Коминтерната и Бугарската комунистичка партија го признале постоењето на македонскиот народ.

Поради неговите автономистички заложби кои беа во спротивност со југословенската идеја, застапувана од македонското политичко раководство, Шарло за време на комунистичкиот режим беше оцрнуван како предавник на македонскиот народ и саботер на неговата борба за ослободување. Дури во 2005 година, на посебно организиран научен собир во МАНУ, тој беше рехабилитиран како македонски борец.

Методи (Методија) Андонов - Ченто (Прилеп, 18 август 1902 - Прилеп, 24 јули 1957 година) е прв претседател на Президиумот на АСНОМ. По занимање трговец. Ја прифатил и ја бранел македонската национална кауза. На изборите во 1938 година како самостоен кандидат на листата на опозицијата, добил најмногу гласови. Не бил избран за пратеник поради државната великосрпска манипулација со изборниот систем.

Еден од организаторите на Илинденските демонстрации во Прилеп (1939), за што бил затворен во затворот во Велика Кикинда. Во 1940 година се залагал за воведување на мајчин македонски јазик во наставата во училиштата и пак бил затворен и интерниран во Баина Башта, осуден на смрт, но случајно го избегнал стрелањето. За време на окупацијата одбива да соработува со бугарските окупаторски власти. Неговата продавница за алкохол во Прилеп била свртилиште на комунистите од градот, поради што бил интерниран во логорот "Чучулигово", Петричко.

По интернацијата, во октомври 1943 година, преминал на слободна територија и се вклучил во Иницијативниот одбор за свикување на АСНОМ. На 2 август 1944 година, како учесник на Првото заседание на АСНОМ, избран за претседател на Президиумот на ова највисоко државно тело на Демократска Федерална Македонија (подоцна НРМ).

Во 1946 првиот македонски претседател Ченто е уапсен и на 14 јули осуден на 11 години затвор во монтиран судски процес. Ослободен е по одлежани 9 години и 4 месеци затвор, но наскоро умира. И по излегувањето од затворот не се откажал од идеите на самостојна и обединета Македонија.

Во 1990 година, на барање на неговиот син Илија Андонов - Ченто, беше обновен судскиот процес за Методија Андонов - Ченто и обвинувањата беа повлечени. Рехабилитиран е во 1991 година.


Владо Полежиноски е роден на 30 мај 1913 година во Кичево од татко Јонче и мајка Стефанка. Основно образование завршил во Кичево, а гимназија во Битола во 1932 година. По завршување на гимназијата во есента 1932 година се запишал на Правниот факултет во Париз, каде што со успех ги завршил студиите, а потоа одбранил и докторат на универзитетот Сорбона во март 1939 година на тема "фондови за изедначување на девизните к*рсеви". За време на студиите во Париз активно се вклучил во студентското демократско движење, а во 1937 година станал и секретар на студентското друштво во Париз.

Полежиноски бил повикан на отслужување на воениот рок во стара Југославија и служел во Требиње, каде што го затекнала и капитулацијата на стара Југославија. Во овие тешки години тој се вратил во родното Кичево, каде што токму тогаш Кузман Јосифовски-Питу ги формирал Месниот комитет на КПМ во Кичево во октомври 1941 година. Во почетокот Кузман не се сложил Полежина да влезе како член на МК, бидејќи сметал дека партијата е на работничката класа, а интелектуалците каков што бил Полежина, доктор на правни науки, не може да бидат членови. Сите кичевски првоборци се залагале за Полежина да биде член. Кузман Јосифовски-Питу сфатил дека Владо како убеден демократ и антифашист треба да биде член на МК.

Владо станал политички секретар во кичевската организација. Работејќи на подготовките во Кичево, заедно со повеќе свои другари бил затворен од италијанските окупаторски власти. Во мај 1943 година бил пренесен во концентрациониот затвор Порто Романо во Албанија. Во затворот останал се до капитулацијата на фашистичка Италија на 8 септември 1943 година. По враќањето во Кичево, активно се вклучил во Народноослободителното движење во првоослободениот град Кичево во НОВ. Благодарејќи на неговата активна работа и резултати каки и потребите бил повлечен да работи во Главниот штаб на Македонија на терен во Дебарца.

По Преспанското советување, Кузман Јосифовски-Питу требало да замине во Скопје за да се извршат подготовки за свикување на АСНОМ. Главниот штаб на НОВ и ПОМ се нашол во Врановци на слободната територија. Командантот Михајло Апостолски предлагал да се организира заседанието во манастирот "Свети Прохор Пчињски" бидејќи сметал дека е безбедно место и дека единиците на НОВ ќе го обезбедуваат собранието. Тука биле Методија Андонов - Ченто, Полежина, Киро Глигоров, Апостолски, како и Светозар Вукмановиќ - Темпо и многу други раководители и членови на ГШ. Според сеќавањата на господинот Киро Глигоров: "Сите работевме, но се разбира Полежина имаше големо познавање и даде голем придонес во создавањето на актите на АСНОМ".

Иако Полежина целосно се вклучил во создавањето на македонската држава во власта и секако бил потребен во Македонија, веќе во март 1945 година бил коптиран во воена мисија на ФНРЈ во Франција, а од декември 1945 година во воена мисија на Југославија во Германија. Полежина бил шеф на воената мисија на Југославија при контролното собрание за Германија, при главниот штаб на англо-американските сили во Франкфурт на Мајна. Тој тогаш бил унапреден во чин потполковник во југословенската војска.

Полежина како шеф на воената делегација во периодот од ноември 1947 година па до резолуцијата на Информбирото во 1948 година, активно работел во Франкфурт во Германија. Во август 1948 година бил повикан на разговор кај шефот на руската воена мисија и оттогаш почнала голготата на Полежина. Набргу тој бил повлечен од Германија и демобилизиран од војската. Паднал во голема немилост, принуден сам да се снаоѓа за да преживее со семејството.

Во јануари 1951 година без судски процес бил лишен од слобода и протеран на Голи Оток на "Мермер", каде што останал се до април 1954 година.

По затворот се вратил во Белград и се вработил во Народната банка, а по кусо време и во Институтот за економски работи. Поради семејни причини во 1965/1966 година дошол во Скопје и се вработил во економскиот институт. Работел во иста канцеларија со академик Никола Кљусев.

Неговите соборци од Кичево, Борис Грујоски, Борис Алексоски - Карче, Пецо Чингоски, Драгољуб Прјоски, Илија Топалоски - Аврам сторија многу тој да ја добие Партизанска споменица 1941 што ја заслужил .

Починал на 16 јуни 1980 година во Кичево.

А најинтересно е за овој човек

Панко Брашнаров (познат и како Панко Брашнар) (27 јули 1883 - 13 јули 1951 година) е македонски револуционер, роден во Велес. Член на првиот Централен комитет на ВМРО (Обединета), потпретседател на Президиумот на АСНОМ.

Образованието го започнува во родниот град. По завршување на прогимназијата школувањето го продолжува во Педагошкото училиште во Скопје. Учителствувањето го започнаува во кумановските села каде почнува да ги шири првите револуционерни идеи. Учителствува до почетокот на Балканските војни.

Во 1919 станува член на Комунистичката партија на Југославија. Во текот на 20-тите учествува на повеќе конференции и конгреси на КПЈ. Така, во 1920 г. е избран за делегат од велешката партиска организација на Вуковарскиот конгрес; во 1922 г. учествува на Првата земска конференција на КПЈ во Виена; во 1924 г. е делегат на Третата земска конференција на КПЈ во Белград; во 1926 г. учествува на Третиот конгрес на КПЈ во Виена.

На основачкиот конгрес на ВМРО (Об.) во октомври 1925 година е избран за член на нејзиниот прв Централен комитет. Поради својата револуционерна активност, осуден е на седум години робија. По излегувањето од робија, политички се пасивизира.

По окупацијата на Македонија од страна на Бугарија во текот на Втората Светска војна, Брашнаров ја одбива понудата повторно да стане учител и да предава на бугарски јазик, а од 1943 година се поврзува со партизаните. Во мај 1944 година преминува на слободна територија како член на Иницијативниот одбор за свикување на АСНОМ. Како најстар делегат го отвора Првото заседание на АСНОМ. Станува потпретседател на Президиумот на АСНОМ и негов повереник за информации.

Во 1948 година категорично ја поддржува Резолуцијата на Информбирото, со што доаѓа во судир со политиката на КПЈ. Застанувајќи недвосмислено на страната на СССР и Сталин во спорот, Брашнаров дури и се обидува да организира префрлување преку граница во Албанија на лица кои биле за Резолуцијата на Информбирото. Уапсен е на 11 декември 1950 година и во јуни 1951 е испратен во логорот на Голи Оток, каде што набрзо, на 13 јули, умира. Каде се погребани неговите посмртни останки сè уште не се знае.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Август.2006 во 23:14
Неможе тоа така како тоа Бугарите што до вчера бегале како исплашени пред Македонската војска и партизаните потоа ке кажат па браќа сме вие незнаевте дека нас не тепате можеби Партизаните мислеле дека Бугарите биле Германци
Иначе за време на 2 Светска војна по повлекување и кукавичкото бегање на Бугарската и италијанската војска од Македонија Македонската војска станува најдобро вооружена од сите Народно Ослободителни војски од Бивша Југославија.Зошто?Па сето вооружување што го оставиле Италијаните и Бугарите го заплениле Македонците и оформиле нови бригади кои се спремале да навлезат во Пиринскиот и Егејскиот дел на Македонија.Тито гледајки колку моќна новата Македонска Армија веднаш го испраќа Темпо за да ги придобие Македонците и наместо на Солун и Рила ги испраќа прво на Срем па на Трст.
Тексот е преземен од книгата на д-р Васил Јотевски “Македонците во пиринскиот дел на Македонија 1949- 1989“, која ја продолжува темата на книгата од истиот автор “Националната афирмација на Македонците од пиринскиот дел на Македонија (1944-1948).


    Таквиот негов однос за Сталин бил очигледен. Заради тоа, за спроведување на својата политика, на Сталин му бил потребен човек што беспоговорно ќе ги извршува поставените задачи добиени од Москва.
     Таков човек бил најден во ликот на В’лко Червенков, кој на V конгрес на БКП бил избран за един од секретарите на Централниот комитет.
     Набрзо по одржувањето на V конгрес на БКП, генералниот  секретар Георги Димитров, “незабележано“ и “тивко“, од “здравствени“ птичини,  на В’лко Червенков постепено му го “препуштил“ рководењето со Политбирото и ЦК на БКП. Се разбира, дека сето тоа се вршило со предходна согласност, одобрение и поддржка на СКП (б) односно на Сталин.
     Како потреба се наложувало и отстранувањето на уште една доминантна фигура од бугарската партиска политичка сцена. Тоа бил Трајчо Костов. Навистина, неговото отстранување започнало уште додека бил жив Георги Димитров, но и тогаш целата акција ја водел и докрај ја извел Червенков.
     Во периодот по смртта на Георги Димитров (2.Vll. 1949 година), по судењето, пресудата и екзекуција на Трајчо Костов (декември 1949 година) и по релативно, условно речено, брзата смрт на заменикот на Г. Димитров, Васил Коларов (23.l 1950 година), од редовете на Политбирото и од самиот ЦК на БКП биле отстранети речиси сите партиски и воени рководители што го предводеле антифашистичкиот отпор во Бугарија во периодот меѓу двете светски војни и за време на Втората светска војна. На нивно место биле поставени Бугари кои провеле како емигранти повеќе од 20-25 години во Советскиот Сојуз. Во тој период, во Бугарија и во таканаречениот “източен блок“, веќе била создадена состојба на сомневања и недоверба, на неосновани обвиненија и репресии над рководните политички и државни рководители. Слободно може да се рече дека никој не верувал во никого и никој со сигурност не знаел од каде пристегнувале наредбите. Секој оној што не ги изваршувал поставените задачи бил потенцијален кандидат да стане жртва.
     Така, на пример, од почетокот на 1949 година, од Политбирото и ЦК на БКП биле остранети или починале: Георги Димитров,Трајчо Костов, Васил Коларов, Добри Терпешев, Антон Југов, Цола Драгојчева, Петро Кунин, Јордан Катранџиев, Димитар Ганев, Васил Марков, Иван Масларов, Бојан Б’лгарјанов, Никола Павлов-Камар, Манол Секеларов и др. На нивно место биле доведени луѓе чии единствени квалитети биле верно да му служат на Советскиот Сојуз и да поседуваат ропска покорност кон СКП (б) и Сталин. Такви личности биле новонаименуваните членови на ЦК на БКП: Стела Благоева, која во Советскиот Сојуз престојувала од 1926 година, а се вратила во Бугарија 1946 година; Кирил Лазаров, кој во СССР бил од 1924 до 1945 година; Карло Луканов, од 1926 до 1945 година; Фердинанд Козовски, од 1926 до 1944 година, Петар Панчевски од 1926 до 1945 година; Елена Михајлова (сестра на Георги Димитров и спруга на В’лко Червенков) и Александар Иванов Миленков, од 1928 до 1944 година. И покрај се, со новиот избор, ЦК на БКП не бил пополнет во целост. Меѓутоа, за В’лко Червенков и новоизбраните членови на ЦК тоа не претставувало никаква пречка за извршување на поставените задачи и на директивите што доаѓале од Москва.
     Таквиот начин на работа и дејствување на В. Червенков му овозможувале токму решенијата н V конгрес на БКП Според нив, отлуките на Конгресот, како и отлуките на повисоките партиски форуми и органи не се постажужале за дискусийа. Тие, од страна на пониските државни и партиски органи требало да се извршуваат без поговор и биле давани само како информација. За нив не се водела никаква дискусија. Истото тоа му било овозможено и со укинувањето на законот за имунитет, нешто што му овозможило да врши следења, изтраги и апсења на највисоките партиски и државни рководители. Уште повеќе, во истражните процедури, апсењата и судските подготовки на монтираните “судски процеси“, секогаш учествувале “специалисти“ – истражни судии дојдени од Соведскиот Сојуз.
     Со изборот на В. Червенков за претседател на Министерскиот совет, относно на Владата на НР Бугарија и за генерален секретар на ЦК на БКП, власта била концентрирана во рацете на един човек. Новата политика што ја спроведувал Червенков, по својата форма, засолната под плаштот на засилената класна борба и воведувањето на диктатура на пролетаријатот, во суштина преставувала чиста копија на внатрешното уредување на Советскиот Сојуз. Меѓународната политика на  НР Бугарија била сосема зависна од политиката на Советскиот Сојуз. Откако биле извршени сите крупни промени во врвот на БКП и во бугарското државно раководство, лесно можело да се продолжи со истата политика на пониско ниво.

5. к*рсот на новата политика во пиринскиот крај

       Новата  политика  во  пиринскиот дел  на Македонија се спроведувала по неколку правци, односно линии: партиска, административно-државна, воспитно-образовна, истражно-полициска, судска и др.
       Бидејќи опозиционните партии и организации во пиринскиот крај имале мошне слаба  активност,  по  судскиот процес и пресудата против Никола Петков, тие сосема престанале да егзистираат. Противници на спроведувањето на новата политика во пиринскиот дел на Македонија останале само оние што имале јасна македонска национална свест и определба, како и  национално  свесните  пар-тиски и отечественофро-нтовски раководители и раководителите на пора-нешната Македонска наро-дна федерална органи-зација.
       За  полесно и поуспешно спроведување на новата политика во пиринскиот крај, бугарската партија и држава донеле бројни решенија со кои биле отстранети сите  македонски  партиски и отечественофронтовски раководители кои во периодот 1944-1948 година, со своето активно учество, придонесувале за расцутот и националната афирмација на Македонците во пиринскиот дел на Македонија. На нивно место биле именувани личности што слепо ќе ја спроведуваат новата политика.
       Спроведувајќи ја новата политика, особено онаа во однос на македонската нација и држава, новата партиска и државна раководна структура во Бугарија започнала систематски да ги отстранува национално свесните македонски раководители. Тоа особено дошло до  полн  израз  за време на јакнењето на позицијата во БКП на В’лко Червенков. Таквата политика прво започнала да се спроведува преку околиските комитети, кои по февруари 1948 година се наоѓале под директно раководство и контрола на Централниот комитет на БРП (к).


Кон врв
kokomoko81 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1363
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kokomoko81 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Август.2006 во 23:19
mi ja zema mislata ..... pa treba Grcite i Bugarite , Tito da go proglasat  za svetec ..... ehh ako ne bil on .... sekoja cest za covekot ....iskreno go poccituvam ... no edinstvenata rabota za koja sto go mrazam e taa sto ne im dozvoli da vlezat na nasite teritorii --- mislam PIRINSKA i EGEJSKA MAKEDONIJA
......
Кон врв
Kaloqn Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 09.Август.2006
Статус: Офлајн
Поени: 0
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Kaloqn Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Август.2006 во 23:24
Originally posted by kokomoko81 kokomoko81 напиша:

mi ja zema mislata ..... pa treba Grcite i Bugarite , Tito da go proglasat  za svetec ..... ehh ako ne bil on .... sekoja cest za covekot ....iskreno go poccituvam ... no edinstvenata rabota za koja sto go mrazam e taa sto ne im dozvoli da vlezat na nasite teritorii --- mislam PIRINSKA i EGEJSKA MAKEDONIJA
Прочети по горе и ще разбереш доста нешта уверявам те!!!!
Кон врв
kokomoko81 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1363
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kokomoko81 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Август.2006 во 23:32
abe bratko tatarski ... samo edno ako sakass da mi objasniss ... gledano od aspekt na jazikot ... ti  upotrebuvass makedonski bugari .... kakvi se toa makedonski bugari .... makedonski koi bile primorani da go stavat epitetot bugari ... zatoa sto nemale izlez ...pa kako ne vi e sram da si igrate so toa naselenie ... so tie lugje ... lugje koi sakaat sa ziveat normalno ... gledano od eden drug aspekt... kako sosed koj najbrzo kke vleze vo Evropskoto semejstvo , stvarno mi e zal .... mislam da ne bidam vulgaren .... ama bate nema da vlezete ni za 1000 godini ... toa kke vi bide kletvata na onie Makedonci koi proplacea od vas ... samo od prostata pricina deka Evropa e bez granici ... nema vekke mesto za nacionalizmi ... tolku li ve boli da mu ovozmozzite na toa naselenie da zivee normalno ....
 
GO NEGIRAVTE PLACOT NA MAKEDONCITE OD PIRINSKIOT DEL ....no EDEN ne go zaborava toj placc .... 
......
Кон врв
prlichev Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 06.Јули.2006
Статус: Офлајн
Поени: 51
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај prlichev Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Август.2006 во 23:54

НАСЕЛЕНИЕ КЪМ 01.03.2001 Г. ПО ОБЛАСТИ И ЕТНИЧЕСКА ГРУПА

Област Общо Етническа група Не се
самооп-
ределя
Непо- казано
Българ-
ска
Турска Ромска
(циган-
ска)
Руска Армен-
ска
Влашка Маке-
донска
Гръцка Украин-
ска
Еврей-
ска
Румън-
ска
Друга
България 7 928 901 6 655 210 746 664 370 908 15 595 10 832 10 566 5 071 3 408 2 489 1 363 1 088 18 792 62 108 24 807
  Благоевград 341 173 286 491 31 857 12 405 476 32 7 3 117 86 78 8 45 1 670 4 242 659
  Бургас 423 547 338 625 58 636 19 439 1 107 904 623 37 125 185 30 52 665 1 919 1 200
  Варна 462 013 393 884 37 502 15 462 1 358 2 240 3 620 147 223 208 67 440 1 563 3 830 1 469
  Велико Търново 293 172 259 099 22 562 6 064 539 35 1 066 68 23 113 1 60 590 2 014 938
  Видин 130 074 118 543 139 9 786 189 29 155 8 9 40 4 16 78 553 525
  Враца 243 036 223 692 2 000 14 899 333 23 34 3 24 55 3 6 127 984 853
  Габрово 144 125 131 494 9 109 1 611 310 25 383 23 47 45 1 4 101 615 357
  Добрич 215 217 164 204 28 231 18 649 430 127 77 10 38 74 2 38 792 1 854 691
  Кърджали 164 019 55 939 101 116 1 264 234 41 - 7 21 20 1 1 60 4 565 750
  Кюстендил 162 534 152 644 146 8 294 160 11 5 21 36 34 29 4 116 508 526
  Ловеч 169 951 152 194 8 476 6 316 269 12 458 7 21 29 1 3 91 1 522 552
  Монтана 182 258 157 507 235 22 784 272 19 19 16 24 46 3 - 250 322 761
  Пазарджик 310 723 261 260 20 448 23 970 588 175 109 52 74 61 8 34 360 2 978 606
  Перник 149 832 145 642 108 3 035 224 14 5 6 22 44 1 - 59 270 402
  Плевен 311 985 280 475 16 931 9 777 692 56 252 141 130 72 32 14 313 2 135 965
  Пловдив 715 816 621 338 52 499 30 196 1 151 3 140 214 299 766 197 161 9 1 337 2 869 1 640
  Разград 152 417 67 069 71 963 8 733 223 19 940 18 14 23 8 118 81 2 739 469
  Русе 266 157 213 408 37 050 9 703 542 886 625 6 30 93 29 27 838 2 071 849
  Силистра 142 000 84 178 48 761 6 478 442 82 457 6 18 32 4 19 401 656 466
  Сливен 218 474 163 188 22 971 26 777 476 223 14 14 138 35 4 7 2 282 1 597 748
  Смолян 140 066 122 806 6 212 686 111 42 - - 13 27 1 1 55 9 696 416
  София (столица) 1 170 842 1 124 240 6 036 17 885 3 127 1 672 195 858 1 157 571 892 93 5 087 4 645 4 384
  София 273 240 253 536 654 16 748 301 20 26 11 18 59 3 20 363 661 820
  Стара Загора 370 615 319 379 18 529 26 804 751 153 21 112 190 109 15 3 1 046 2 308 1 195
  Търговище 137 689 76 294 49 495 9 868 139 10 78 5 19 21 1 - 51 1 259 449
  Хасково 277 478 224 757 31 266 17 089 476 338 21 20 78 51 17 12 130 2 302 921
  Шумен 204 378 123 084 59 551 16 457 384 357 1 137 53 37 95 21 58 202 2 350 592
  Ямбол 156 070 140 240 4 181 9 729 291 147 25 6 27 72 16 4 84 644 604
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Август.2006 во 00:29
А јас како што забележувам кога ке собереш сите останати - Бугарите остануваат на 25% баш колку што имало и татари пред 1000 год.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12345 6>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,234 секунди.