|
Фан клуб Челси |
Внеси реплика | страница <1234 8> |
Автор | |||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85179 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Дрогба посакува трансфер на "Вајт Харт Лејн"?
Според информациите на англиските медиуми од утринава, Дидие Дрогба сака да си замине од Челзи и во овој преоден рок да се пресели во Тотенхем! Тој немаше баш сјајна сезона, боледуваше од маларија, пред да го достигне своето ниво. Кога во јануари во Челзи дојде Фернандо Торес, беше јасно дека е пред крај неговата мисија на ''Стемфорд Бриџ''. Сега Челзи најавува уште засилувања за напаѓачката линија, па речиси е извесно дека 33-годишниот шпиц ќе замине. Покрај него, нов ангажман, би можел да побара и Николас Анелка. Тренерот на Тотенхем, Хари Реднап, силно го посакува фудбалерот од Брегот на Слоновата Коска, а наводно самиот Дрогба побарал да биде ставен на трансфер листата, за лондонскиот клуб да го откупи. Голгетерот е моментално на одмор, а повеќе околу неговиот статус ќе се знае во следните неколку недели. |
|||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85179 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Малуда и Есиен за Снајдер
Интересни вести пристигнуваат од "Стемфорд Бриџ". Управата на Челзи сака да го 'претрка' Манчестер Јунајтед во борбата за Весли Снајдерм оа на колегите од Интер за одличниот Холанѓанец ќе понудат, не само пари, туки и Микаел Есиен и Флоран Малуда. "На Масимо Морати му се допаѓаат двајцата фудбалери на Челзи, но за ваков исчекор ќе мора да разговара со Леонардо." - пишува "Кориере дело Спорт". |
|||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85179 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Снајдер и Хидинг пристигнуваат во 'пакет'?
Гус Хидинг, наводно му порачал на својот нов шеф, Роман Абрамович дека вреди да се помачи околу трансферот на неговиот сонародник, Весли Снајдер. Холандскиот играч од средниот ред немаше сјајна сезона со "нероазурите", а Сер Алекс Фергусон го гледа како идеална замена за Пол Сколс, но барањата на Снајдер се превисоки, бидејќи побарал 200 илјади фунти неделно! Челзи чека да се реши ситуацијата со Гус Хидинг и Фудбалскиот сојуз на Турција, а од сојузот порачаа дека тој може да си замине за 4 милиони фунти. Клубот од Лондон е поврзуван ос многу трансфери ова лето. Први на списокот се Лука Модрич, Алексис Санчез, Нејмар, како и Ромел Лакаку. |
|||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85179 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Хидинг ја напушта Турција, поради Челзи
Гус Хидинг е на чекор од враќање во Челзи, бидејќи Роман Абрамович запона преговори со Фудбалската федерација на Турција, за откупување на неговиот договор. Како што пренесува ББС, неименуван извор од врвот на турскиот сојуз пренесува дека Хидинг не може да му каже не на Челзи и дека ќе ја напушти Турската репрезентација. На холандскиот стратег му остана уште една година од договорот со Турците, кој за неговата 'слобода' побара четири милиони евра. Гус Хидинг привремено го предводеше Челзи во 2009-та година и со овој тим го освои ФА Купот. |
|||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85179 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Челзи и Анчелоти ја раскинаа соработката
Управата на Челзи објави дека ја раскинала соработката со Карло Анчелоти. Италијанскиот стратег за две години на клупата на лондонскиот прволигаш го водеше тимот до двојна круна во дебитантската сезона, но оваа сезона заврши без трофеј што е главна причина за разделбата. Управата на клубот излезе во јавноста со соопштение само неколку часа по поразот на Челзи од Евертон во последното коло од Премиер лигата. "Сопственикот и управата на клубот сакаат да му се заблагодарат на Анчелоти за неговиот допринос, од кога го превзема клубот во јули 2009. година, водејќи го клубот до првата двојна круна во историјата. Сепак, резултатите сезонава се под очекувањата и во клубот веруваме дека право време е да се направат промени за подготвени да ја дочекаме следната сезона. Карло секогаш ќе биде добредојден на 'Стемфорд Бриџ'." - се вели во соопштението на официјалниот веб сајт на Челзи. Гус Хидинк и Андре Виљаш Боаш се споемнуваат како главни кандидати за наследник на Анчелоти. |
|||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85179 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
"Сан": Анчелоти се прости од навивачите на Челзи
Менаџерот на Челзи, Карло Анчелоти го одработи во неделата својот последне меч на 'Стемфорд Бриџ' пренесува "Сан" по 37-то коло во англискиот фудбалски шампионат. Челзи одигра само 2:2 на својот терен против Њукасл, а од победата ги делеа само секунди бидејќи Стивен Тејлор погоди за гостите во третата минута од судиското продолжение. Бидејќи Челзи во последното коло патува кај Евертон, "Сан" пренесува дека последниот поздрав на крајот на мечот на Анчелоти со навивачите ќе значи и конечно збогум. "Не знам што ќе се случи. Немаме закажано состанок, но се ќе биде јасно за една недела. Сите можат да си имаат свое мислење за мојата работа, но во клубот мора да ме оценат и да донесат одлука. Ако проценат дека сум работел добро, ќе останам, ако не тогаш ќе морам да заминам. По мое мислење некогаш работев добро, а некогаш можев и подобро. Но во секој случај сакам да им се заблагодарам на навивачите кој ми даваа фантастична подршка цела сезона" изјави Анчелоти, на кој островските медиуми му даваат мали шанси да остане на менаџерската клупа на Челзи, каде минатата сезона во својата дебитантска сезона им ја донесе двојната круна. |
|||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85179 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Челзи го сака Зола за наследник на Анчелоти
Според извештаите на "Скај Спортс", поранешниот италијански фудбалер, Џанфранко Зола прерасна во најголем фаворит за превземање на клупата на Челзи од следната сезона. По неделниот пораз од Манчестер Јунајтед (1-2) на "Олд Трафорд" стана се поизвесно дека Челзи нема да ја одбрани титулата англиски првак, што за менаџерот Карло Анчелоти, според пишувањето на локалните медиуми, беше последна сламка, за спас на своето работно место иако договорно е врзан со "сините" уште година дена. 44-годишниот Зола ги бранеше боите на Челзи меѓу 1996. и 2003. година и во тој период за клубот постигна 80 гола на 312 меча. Зола е омилен меѓу навивачите на Челзи, а доколку навистина ја превземе клупата на Челзи тоа ќе му биде втор менаџерски ангажман во кариерата, откако во периодот меѓу 2008. и 2010. година го водеше Вест Хем. Клубот од "Стемфорд Бриџ" засега ги одбил коментарите за вакви медиумски шпекулации. |
|||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85179 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Абрамович ќе го направи Челзи секси-тим Газдата на Челзи Роман Абрамович е подготвен да потроши дополнителни 80 милиони фунти претстојното лето, сакајќи неговиот тим да игра она што тој го нарекува секси-фудбал. Рускиот милијардер под тоа подразбира повозбудлив и понапаѓачки стил на игра. |
|||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85179 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Тевез оди во Челзи?
Според најновите ''инсајдерски'' информации од Лондон, Челзи планира во своите редови да го доведе Карлос Тевез! Медиумите на Островот велат дека Роман Абрамович подготвува 40 милиони фунти за итроногиот напаѓач, што би довело до "тандем од соништата" во редовите на "сините" следната сезона. Сити сака да го задржи својот капитен и еден од најдобрите фудбалери, но тешко дека ќе успее да ја оствари таквата своја идеја, бидејќи Аргентинецот повеќе пати сезонава се пожали на животот во Манчестер, па дури и побара да биде продаден. Од друга страна, и менаџерот на Сити, Роберто Манчини изјавил дека не сака незадоволни играчи во екипата и дека ако некој сака да замине тој нема да му стои на патот. Самиот Тевез не би имал ништо против да остане во Премиер лигата, а Манчестер Сити најавува големи засилувања ова лето, па би можеле паметно да ги вложат парите од продажбата на незадоволниот играч. |
|||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85179 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Роман го загуби трпението?
Костурот на тимот во целост се менува за следната сезона. На Абрамович му 'прекипе', со нови луѓе во нов поход на Европа. Флоран Малуда и Николас Анелка се пред заминување од ''Стемфорд Бриџ'', бидејќи Челзи планира голема реконструкција на екипата. Пред заминување се и Жозе Босингва, Паоло Фереира и Јури Жирков, како и Дидие Дрогба. Неизвесно е и местото на тренерот на ''сините'', бидејќи сеуште е отоворено прашањето дали Анчелоти ќе остане. Погоре споменатите играчи го чинеа Челзи речиси 100 милиони фунти. Сигурно ќе останат легендите во клубот Френк Лампард и Џон Тери. Фернандо Торес е нов и сигурно ќе остане, како и Давид Луиз. Се очекува Абрамович повторно да вложи големи пари во засилувања, а голем е број и на имињата кои се во комбинација |
|||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85179 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Тренерот на “сините“ призна дека неговиот тим не играл според очекувањата и дека тоа можело скапо да го чини.
Карло Анчелоти призна дека серијата лоши резултати на Челзи можеше да значи отказ за него, но и дека не е загрижен за својата позиција, иако управниот одбор на Челзи не ја исклучи можноста тој да си замине ова лето. |
|||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85179 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Абрамович нуди 50 милиони фунти за Фабрегас?
|
|||||
Schatzii
Сениор Регистриран: 04.Мај.2010 Локација: Germany Статус: Офлајн Поени: 10600 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Промени во Челзи?! Медиумите од островот најавуваат големи промени во редовите на лондонскиот клуб на лето. На листата на продавање би можеле да се најдат петмина играчи, меѓу кои и најдобриот играч на Chelsea од минатата година - Didier Drogba. Управата на лондонскиот клуб планира да отпушти и други играчи кои оваа година не покажале добра игра. Анонимни извори на таблоидот "The Sun" потврдуваат дека неколкумина играчи кои се наоѓаат на врвот по заработувачка во Chelsea не го прикажале својот максимум годинава, и ако се продолжи со исто темпо до крајот на сезоната “ќе има многу жртви во летниот преоден рок”. Во клубот од Stamford Bridge на крајот од зимскиот преоден рок пристигнаа две големи засилувања, Fernando Torres и David Luiz. Овие двајца играчи ја испразнија касата на клубот за 75 милиони фунти. |
|||||
Dream what you want to dream;
Go where you want to go; Be what you want to be, because you have only one life and one chance to do all the things you want to do. |
|||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85179 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Челзи плати рекордна сума за Торес Челзи го сруши британскиот рекорд плаќајќи 50 милиони фунти за трансферот на Фернандо Торес од Ливерпул на последниот ден од зимскиот преоден рок. Дваесет и шестгодишниот шпански репрезентативец, кој потпиша пет и полгодишен договор со "сините", стана четвртиот најскап фудбалер на сите времиња, по Кристијано Роналдо, Златан Ибрахимовиќ и Кака. |
|||||
Внеси реплика | страница <1234 8> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |