IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Останати спортови
  Активни теми Активни теми RSS - Tенис
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Tенис

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 7891011 14>
Автор
Порака
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Март.2009 во 15:43
Надал и Ѓоковиќ останаа на пат за дуел во полуфиналето

Светскиот тенисер број 1, Рафаел Надал, и актуелниот шампион Новак Ѓоковиќ останаа на добар пат до полуфинална пресметка со победи во третото коло на Мастерсот во Индијан Велс. Првиот носител Надал со 6:3/6:3 го совлада незгодниот Русин Дмитри Турсунов, додека третиот носител, Србинот Ѓоковиќ, со 6:2/7:6(7:1) беше подобар од германскиот ветеран Томи Хас.

"Ова не беше еден од моите подобри мечеви, тоа е вистина, но тешко е да се игра против Дмитри. Не ми дозволи да влезам во ритам, имаше добри удари, но во исто време правеше грешки", вели Надал.

Шпанецот нема да има време за одмор и за прослава бидејќи следен за него е Аргентинецот Давид Налбандиан, кој со 6:4/6:2 го совлада Србинот Виктор Троицки, кој, пак, нема загубено сет против Надал во двата дуела во кариерата, кои беа во 2007, пред Надал да стане светски број 1.

"Прво ќе морам да играм добро, а потоа ќе морам да бидам навистина агресивен бидејќи неговата контрола на теренот е фантастична", додава Надал.

Ѓоковиќ, која лани го совлада Надал во полуфиналето на патот до титулата, почна одлично против Хас, но потоа имаше проблеми со довршувањето на вториот сет.

"Бев подобар од првиот меч, играв навистина добро на почетокот и можев да завршам порано. Имав неколку брејк шанси, но не бев добар на ретурн и му дозволив да се врати во мечот", признава Ѓоковиќ.

Следен за него е Швајцарецот Станислас Вавринка, кој спаси две меч топки во тај-брејкот во третиот сет пред со 2:6/7:5/7:6(10:8) да го победи Американецот Сем Квереј. Седмиот носител, Енди Родик со 6:4/7:6(7:4) беше подобар од Германецот Николас Кифер и сега ќе игра со Шпанецот Давид Ферер, кој се врати од еден сет негатива за 3:6/6:4/6:4 победа над Французинот Жереми Шарди. Американецот Џон Изнер го исфрли поранешниот светски број 1 Марат Сафин со 6:4/6:4 и сега има тежок дуел со шестиот носител Хуан Мартин Дел Потро, кој со 6:2/2:6/7:6(7:2) го совлада Австриецот Јирген Мелцер.

Во меѓувреме помладата сестра на Сафин, првата носителка Динара Сафина, направи уште еден чекор до првото место на ВТА листата откако со 7:5/6:4 ја победи Американката Џил Крејбас во 4. коло. Русинката повторно не играше најдобро, но влезе во 1/4 финалето, каде што ќе игра со Белорусинката Викторија Азаренка, која со 7:5/6:4 беше подобра од Израелката Шахар Пеер.

"Играв со Викторија трипати минатата година и трипати ја победив, но сега таа го игра својот најдобар тенис. Ќе биде незгодно против неа", вели Сафина, која треба да стигне до финалето да ја замени Серена Вилијамс на првото место на ВТА листата.

Ана Ивановиќ се намачи со 12. носителка Флавија Пенета пред да победи со 6:4/4:6/6:4 и шампионката од Ролан Гарос сега ќе игра со Австријката Сибил Бамер, која ја "уништи" Даниела Хантухова со 6:3/6:2.


< ="#efefef" marginheight="0" marginwidth="0" ="http://www.idividi.com.mk/UpdateBrCitana.aspx?VestID=513461" style="height: 50px;" align="middle" scrolling="no" border="0" height="30">
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Март.2009 во 18:34
Tennis | Indian Wells Masters   

1/2 Finale

21:00      Roger Federer g. Andrew Murray
23:00      Andy Roddick g. Rafael Nadal

Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Март.2009 во 16:56
Звонарева ја сопре Ивановиќ, Надал и Мареј за круната

Ана Ивановиќ се надеваше дека го пронајде најдоброто место за да ја започне на вистински начин сезоната 2009, но не сметаше на Вера Звонарева. Србинката не успеаја да ја одбрани титулата во Индијан Велс, откако во интересно финале со 7:6(7:5)/6:2 загуби од Звонарева, за која ова е деветта титула во кариерата. Со победата серијата меѓу двете тенисерки е израмнета на 4:4.

МАРЕЈ ПАК ПРЕКУ ФЕДЕРЕР

Светскиот број 4, Енди Мареј го обезбеди своето место во финалето на Мастерсот во Индијан Велс откако со 6:3/4:6/6:1 повторно го совлада Рожер Федерер. Шкотланѓанецот сега има 4 победи по ред против светскиот број 2, откако го загуби финалето на УС Опен во три сета минатиот септември, и во финалето ќе игра со првиот носител и светски број 1, Рафаел Надал, кој го "скрши" Американецот Енди Родик со 6:4/7:6(7:4) во второто полуфинале.

"Ова беше дефинитивно една од подобрите победи против него. Голема победа за мене, бидејќи секогаш сум имал тешки мечеви со него. Скоро секогаш се работи за три сета и денес мислам дека играв подобро од порано", вели Мареј, кој има 6-2 скор против Федерер.

Трикратен шампион во Индијан Велс, Федерер искористи само 2 од 10 брејк топки, додека Мареј искористи 5 од своите 6 шанси.

"Премногу грешки денес за мене. Во првиот сет се обидов да продолжам со мојата игра, но не можев. Се мачев со влегувањето во ритам, а тоа се повтори и во третиот сет", вели разочараниот Федерер.

НАДАЛ НЕДОСТИЖЕН ЗА РОДИК

Светскиот број 1 Рафаел Надал ќе се обиде да ја додаде и првата Мастерс титула во 2009 на Австралискиот Опен кога ќе се сретне со Мареј во финалето. За Надал ова е фантастично трето финале во 2009, откако прво го совлада Федерер во драматичен меч на Австралискиот Опен, а потоа загуби од Мареј во финалето во Ротердам, каде што беше повреден, но вели дека 21-годишниот Шкотланѓанец е вистински предизвик за него.

"Тој е комплетен тенисер. Има добар сервис, добра контрола од основната линија, одличен дроп-шот. Може да игра агресивно, дефанзивно, на мрежа, а и сега е фокусиран цело време. Предходно имаше само еден добар меч, а потоа нивото паѓаше, а сега е сосема поинаку", вели Надал, кој има 11 Мастерс титули и 5-2 скор против Мареј.

Надал имаше тешки моменти против Родик, и посебно зажали што загуби на свој сервис во четвртиот гем од вториот сет, веднаш откако направи брејк. Потоа не успеа да го заклучи мечот на свој сервис на 5:4, но потоа немаше проблеми во тај-брејкот.

Првата награда на турнирот е 605.500$.

Кон врв
nelson Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
НАИВЕН НА МАЈКА

Регистриран: 11.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 6313
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај nelson Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Март.2009 во 22:22
steta...dobar mec...ana
Zeleo bih da te, vezanih ociju, prepoznajem u hiljadama.Ala bih se napipao!
Кон врв
nelson Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
НАИВЕН НА МАЈКА

Регистриран: 11.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 6313
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај nelson Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Април.2009 во 14:47
finaleto e vo nedela
Zeleo bih da te, vezanih ociju, prepoznajem u hiljadama.Ala bih se napipao!
Кон врв
nelson Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
НАИВЕН НА МАЈКА

Регистриран: 11.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 6313
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај nelson Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Април.2009 во 20:53
Djokovic izgubi....тага
Zeleo bih da te, vezanih ociju, prepoznajem u hiljadama.Ala bih se napipao!
Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Април.2009 во 17:43
Џоле играше.........патетично [:-&]
I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
nelson Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
НАИВЕН НА МАЈКА

Регистриран: 11.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 6313
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај nelson Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Април.2009 во 17:57
ne ...nego loso
Zeleo bih da te, vezanih ociju, prepoznajem u hiljadama.Ala bih se napipao!
Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Април.2009 во 13:30
Фитнесот ме направи шампион"

Победата на Енди Мареј над Новак Ѓоковиќ во финалето на Мастерсот во Мајами не дојде само со физичката подготвеност, но Британецот вели дека неговиот фитнес има голема улога во успехот оваа година. Мареј, со интелигентен и ефикасен тенис има три титули во 2009 по победите во Доха и Ротердам, а во Мајами пристигна по финалето на првиот Мастерс од сезоната во Индијан Велс.

Во неделата на жештината во јужна Флорида, Мареј изгледаше далеку во подобра форма од светскиот рекет број 3 Новак Ѓоковиќ, кој го повика својот тренер по првиот гем од вториот сет. Разликата беше посебно чудна бидејќи пред турнирот во Индијан Велс минатиот месец, 21-годишниот Шкотланѓанец 10 дена помина во кревет со вирусна инфекција.

"Очекував да се чувствувам многу лошо, но мојата подготвеност се врати далеку побргу од очекувањата, побргу од во минатото кога имав доволно голема пауза. За да се победи на Мастерс турнир и да влезеш во уште едно финале мораш да ги победиш Рожер Федерер, Хуан Мартин Дел Потро, Фернандо Вердаско и Новак Ѓоковиќ. Тоа се четири победи над топ 10 тенисери и секако ова е одличен месец за мене", вели Мареј.

Британецот ја промени својата рутина во последните две години и сега патува со сопствен фитнес тренер, Британецот Џез Грин, а последните две сезони исто така работи на тренингот на Универзитетот во Мајами.

"Цела 2008 ја поминав заедно со мојот фитнес тренер. Тоа прави голема разлика. Кога патуваш сам, тогаш влегуваш на тренинзи, но не знаеш што треба да направиш пред секој меч. Сега имам вистинска рутина и знам точно што ми треба. Сега сум посилен, добив доста мускули, трчав на патека и сигурен сум дека вака имам поголема самодоверба. Вака имам ментална предност. Дури и да се мачиш со играта, знаеш дека твојот противник се чувствува исто. Претходно само ќе се уморев и ќе погледнев од другата страна и противникот ќе изгледаше ОК", додава Мареј.

Ѓоковиќ не беше ОК во неделата и во ниту еден момент не изгледаше удобно на теренот. Ова не е првпат Србинот да се мачи со високите температури откако во јануари се повлече од 4. коло на Австралискиот Опен против Енди Родик поради жештината. Тој не беше задоволен што и овој меч се одигра во најтоплиот период од дента.

"Тоа е што е. Не можев да се борам со времето. Не се работи само за тенисерите, мораат да бидат задоволни и турнирите, спонзорите и ТВ гледачите", признава Ѓоковиќ.
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
lane62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 7583
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај lane62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Април.2009 во 22:17
Енди Мареј izgubi od Nadal.
 
Vo finale na turnirot vo Monte Karlo
 
Nadal-Djokovic utre vo 14 na kanal 5+
Daj više odmora jeziku nego rukama!
Кон врв
lane62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 7583
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај lane62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Април.2009 во 22:20
Nadal poftorno go osvoi kupot vo monte karlo
6:3,2:6, i posledniot mislam deka bese 6:1
Daj više odmora jeziku nego rukama!
Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Април.2009 во 20:44
Надал ја освои петтата последовна титула во Монте Карло

Најдобриот светски тенисер Рафаел Надал ја освои петтата последовна титула на силниот турнир од мастерс серијата во Монте Карло.

За нов рекорд на ова натпреварување во модерната ера на белиот спорт, во финалниот меч денеска во три сета беше подобар од Новак Ѓоковиќ.

Неприкосновениот крал на земјените терени ја продолжи неверојатна триумфална серија на црвеницата во кнежевството, бидејќи Ѓоковиќ му беше достоен ривал само во вториот сет.

Откако Шпанецот го доби воведниот со 6:3, Србинот возврати во наредниот со убедливи 6:2. Сепак, иако одигра еден од најдобрите мечеви во кариерата на најбавната подлога, израмнувањето му беше краен дострел.

Во решавачкиот сет првиот светски рекет беше толку супериорен, што му препушти на противникот еден единствен гем. Надал го забележа 12. успех во 16. меѓусебен дуел со Ѓоковиќ и седми во исто толку соочувања на земја.

На 22-годишна возраст, Шпанецот се изедначи со билансот на Швајцарецот Роже Федерер од 14 победи на турнирите од престижната мастерс серија. Поуспешен од нив двајца во тениската историја е само Американецот Андре Агаси, кој во кариерата освои 17 мастерс турнири.

Кон врв
bla bla Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Мај.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 421
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bla bla Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Април.2009 во 21:25
Едвај чекам Ролан Гарос
Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Мај.2009 во 17:22
Јосифоска во финалето на ИТФ фјучрсот во Шпанија

Македонската тенисерка Александра Јосифоска ќе игра во финалето на ИТФ фјучрсот во Виц, Шпанија што се игра за награден фонд од 10.000 американски долари.

Јосифоска во полуфиналето ја совлада шпанската тенисерка Карла Росет Франко со 6:3 и 6:4 по сетови.

Денеска во финалето за противничка има уште една шпанска тенисерка Беатриз Гарсија.


Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 7891011 14>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,328 секунди.