IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Кои сладоледи ви се најубави
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Кои сладоледи ви се најубави

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 15>
Автор
Порака Обратен редослед
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Кои сладоледи ви се најубави
    Испратена: 04.Август.2020 во 17:15

Домашен сладолед од кајсија: Леден десерт кој ќе ви го разлади телото и ќе ви го згрее срцето


Во продолжение, ви претставуваме рецепт за домашен сладолед од кајсија во кој ќе ужива целото семејство. 

Потребни состојки:

- 200 мл. млеко

- 1 ќесичка ванилин шеќер

- 2 жолчки

- 80 гр. шеќер

- 500 гр. кајсии

- 300 мл. слатка павлака

Начин на припрема:

1. Варете го млекото заедно со ванилиниот шеќер – кога ќе зоврие варете уште малку, па тргнете го од оган.

2. Во меѓувреме изблендирајте ги исчистените кајсии, а во друг сад помешајте ги жолчките со шеќерот. Полека додавајте го топлото млеко во садот со жолчките, а потоа ставете ја оваа смеса на тивок оган за да се згусне.

3. Откако смесата ќе се излади, во неа додајте го пирето од кајсии и ставете ја во замрзнувач околу 1 час.

4. Изматете ја слатката павлака, а потоа додајте ја во садот со смесата од кајсии. Добро промешајте и оставете да се стегне во замрзнувач околу 3 часа.

5. Повремено промешувајте ја смесата и враќајте ја во замрзнувач – со мешањето се крши ледот кој се формира во текот на замрзнувањето и се добива хомоген, мек сладолед.




Изменето од Valerija - 04.Август.2020 во 17:15
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Август.2016 во 21:52

Авокадо сладолед кој треба да го пробате летово


Авокадото не е одлично само на тост или во салати. Со авокадото може да се направат повеќе одлични десерти, а сладоледот е еден од нив. Вкусен, здрав и освежувачки, а потребен ви е блендер (или рачен миксер) за да го подготвите.



Состојки:

  • 2 големи и зрели авокада
  • 240 мл. млеко (може и 2%)
  • 55 грама шеќер
  • 2 лажици сок од лимон
  • Малку сол

Подготовка:



Авокадата излупете ги и ставете ги во блендерот, па потоа постепено додавајте го млекото, шеќерот, солта и на крај сокот од лимон. 

Смесата ставете ја во калапи за сладолед и замрзнете ги најмалку 8 саати, а пожелно е преку ноќ.

Сервирајте ги ладни.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јули.2016 во 14:05

ЗДРАВ ДОМАШЕН СЛАДОЛЕД ВО ПРЕУБАВИ БОИ

5

Пробајте го овој рецепт за кремаст, здрав сладолед од Спирулина и малини кој е без нездрави маснотии, шеќери и адитиви, а се прави многу едноставно. Потребни се зрели банани, кои се веќе поцрнети малку и со точки. Оние кои не би ги јаделе никогаш и кои се продаваат на попуст во продавниците – е токму такви банани ви се потребни за овој рецепт! Излупете ги презреаните банани, преполовете ги и замрзнете. Откако ќе замрзнат треба да ги исечете, да ги ставете во блендер (food processor), да додадете половина банана која не е замрзната (за да се изблендира полесно), 1-2 лажички јаворов сируп (или мед), малку ванила (да го намали вкусот на бананите) и да изблендирате.

Откако ќе добиете фина креместа структура, додадете ореви, бадеми, јагоди, боровинки, малини или спирулина. Изборот е голем, а во продолжение ќе ги прочитате советите на хрватската Интаграм блогерка Маја Брекално за сладолед од малина и Спирулина.

Значи и за двата сладоледа, основата е иста – две смрзнати банани плус половина обична банана и јаворов сируп или мед.

За сладолед од малини треба да додадете 1 лажичка замрзнати малини и парче лимон со кора или две лажички сок од лимон и малку изрендана кора, а потоа да изблендирате. За зелен сладолед од спирулина додадете една лажичка спирулина во прав. Не треба да се плашите од вкусот на алгите, бидејќи во комбинација со другите состојки воопшто не се познава.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Мај.2016 во 22:04

Сладолед од Орео и Нутела


1. Чоколадата се топи со 200 мл.павлака и се остава да се олади, но сеуште да биде течна.
2. Маскарпонето се мати со нутелата и постепено се додава смесата со чоколада. Се мати само колку да се поврзе.
3. Жолчките се матат со шеќерот, се додава млекото и павлаката и се меша на тивок оган додека да се згусне. Се остава да се олади, па му се додава чоколадната смеса.
4. Целосно оладен, сладоледот се става во фрижидер да се замрзне.
5. После 5-6ч се вади од фрижидер се мати со блендер, му се додаваат орео колаченцата искршени на парчиња и се остава сладоледот целосно да се замрзне.
6. Пред да го послужите, за поубав ефект, можете да извадите топки од сладоледот и да ги извалкате во трошки од орео колачиња.

Вкусен сладолед од Орео и Нутела

 

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Август.2015 во 23:02

ДОМАШЕН СЛАДОЛЕД ОД ЈАГОДИ

17

Летен десерт без конзерванси!

Потребни намирници:

3 чаши млеко

2 чаши шеќер

1 пакетче ванилин шеќер

9 жолчки

3 чаши слатка павлака

½ кг јагоди

2 супени лажици шеќер

Инструкции:

Исипете го млекото со двете чаши шеќер во длабок сад и ставете го на среден оган.

Додадете го и ванилиниот шеќер и мешајте постојано. Во длабок сад издвојте ги жолчките и изматете ги со миксер околу 2 минути.

После тоа земете една голема лажица за сервирање супа од врелата смеса и многу бавно додавајте ја во садот со жолчките – целта е да не се пресечат жолчките. Повторете со уште една лажица од врелата смеса.

Веќе можете да ги исипете жолчките во тенџерето со останатата млечна смеса, но мешајте внимателно со дрвена лажица околу 2-4 минути. Треба смесата да стане густа и да лепи за лажицата.

Додадете ја течната павлака во садот и мешајте внимателно со цел да се изедначат убаво компонентите.

После тоа процедете ја смесата низ ситна цедалка за да нема грутчиња во сладоледот.

Исипете го сладоледот во пластичен сад со капак и оставете го во фрижидер околу 2 часа.

За тоа време направете го пирето од јагоди – јагодите се мелат во блендер заедно со двете лажици шеќер. Кога ќе се добие течно пире исипете ги во изладениот крем од јајца и измешајте добро.

Кога новата смеса е готова исипете ја во чист пластичен сад со капак и ставете ја во фрижидер. После 4 часа вашиот сладолед е готов за конзумирање.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Август.2015 во 21:51
НАПРАВЕТЕ ГО НАЈЛУДИОТ СЛАДОЛЕД КОЈ ШТО СТЕ ГО ПРОБАЛЕ


Сладоледите не мора секогаш да бидат комплицирани и да се состојат од многу состојки. Ако сè уште не сте ја пробале верзијата со банана, ви предлагаме следниот пат кога ќе ви се пријаде нешто благо, да се освежите токму со овој неодолив десерт.

Потребни состојки:

 3 банани
 2 лажици изрендано чоколадо
 1 лажица путер од кикиритки
 1/16 мала лажичка цимет
 1 мала лажичка мед

Подготовка:


Излупете ги бананите, исечете ги на тркала, ставете ги во стаклен сад со капак и оставете ги во замрзнувач најмалку три часа. После тоа, ставете ги бананите во блендер и матете сè додека да добиете фина и мазна смеса, како за сладолед.

Добиената смеса поделете ја во три сада. Во едниот сад додадете го изренданото чоколадо, во другиот циметот и медот, а во третиот путерот од кикиритки. Измешајте и послужете.


Изменето од Valerija - 29.Август.2015 во 21:52
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Август.2015 во 08:36

Домашен сладолед од 4 состојки за уживање во вкусови


Замислете си леден десерт кој подразбира чоколадо и овошје. Е тоа е овој сладолед!

Потребни состојки:

  • 3 замрзнати банани
  • 200 гр. малини
  • 3 лажици мед
  • 2 лажици какао во прав

Подготовка:

Подгответе го белиот слој од 2 банани. Извадете ги бананите од замрзнувач и оставете ги да се опуштат 10-на минути на собна температура. Ставете ги во блендер и изблендајте ги додека не добиете изедначена смеса во вид на кремаста структура.

Распоредете ја смесата во калапи до третина и ставете ги во замрзнувач додека го подготвувате чоколадниот слој.

За чоколадниот слој во блендер измешајте 1 банана, 2 лажици какао во прав и една лажица мед.

Смесата излијте ја до две третини во истите калапи каде е и смесата од бананите, па повторно замрзнете додека не го подготвите слојот од малини.

За овошниот слој од малини, во блендер измешајте 200 гр. малини и лажица мед во блендер, а ако смесата не ви е доволно густа, додадете 3-4 лажици вода. Излијте ја во калапите каде се и претходните смеси и забодете дрвени стапчиња по желба.

Држете ги калапите во замзнувач најмалку 4 часа, а потоа извадете ги од калапите и послужете.

Пријатен апетит!

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Август.2015 во 18:19

Вафла сладолед на кој не може да му се одолее


Ова несомнено е најдобриот сладолед што некогаш сме го виделе. Ако е вкусот е барем малку сличен на изгледот, тогаш следи совршена експлозија на вкусови во вашата уста. Во што е трикот?

Необичен корнет кој ја претвора обичната топка сладолед, во сладок оброк пред кој не може да се одолее. 

Корнетот во суштина е вафла со необичен изглед направена по рецепт од Хонг Конг. Истата е моделирана во корнет што се полни со различни вкусови на сладолед, па така добивате десерт што освен тоа што веднаш може да го прикачите на Instagram ќе биде и забавен за јадење поради шупливите делови во тестото.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Јули.2015 во 17:32
НАПРАВЕТЕ ГО НАЈЛУДИОТ СЛАДОЛЕД КОЈ ШТО СТЕ ГО ПРОБАЛЕ

Сладоледите не мора секогаш да бидат комплицирани и да се состојат од многу состојки. Ако сè уште не сте ја пробале верзијата со банана, ви предлагаме следниот пат кога ќе ви се пријаде нешто благо, да се освежите токму со овој неодолив десерт.

Потребни состојки:

 3 банани
 2 лажици изрендано чоколадо
 1 лажица путер од кикиритки
 1/16 мала лажичка цимет
 1 мала лажичка мед

Подготовка:


Излупете ги бананите, исечете ги на тркала, ставете ги во стаклен сад со капак и оставете ги во замрзнувач најмалку три часа. После тоа, ставете ги бананите во блендер и матете сè додека да добиете фина и мазна смеса, како за сладолед.

Добиената смеса поделете ја во три сада. Во едниот сад додадете го изренданото чоколадо, во другиот циметот и медот, а во третиот путерот од кикиритки. Измешајте и послужете.


Изменето од Valerija - 17.Мај.2020 во 14:25
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
д4 б3 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Јули.2014
Статус: Офлајн
Поени: 1206
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај д4  б3 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Јули.2015 во 11:57
дефинитивно големите - од кило а уште по добре од кило и пола
old d4b3
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Јули.2015 во 10:02

ЧОКО-НУТЕЛА СЛАДОЛЕД СО ОРЕО КОЛАЧИЊА

2

Чоколадна убавина,еден од омилените наши вкусови ова лето.

1. Чоколадата се топи со 200 мл.павлака и се остава да се олади, но сеуште да биде течна.
2. Маскарпонето се мати со нутелата и постепено се додава смесата со чоколада. Се мати само колку да се поврзе.
3. Жолчките се матат со шеќерот, се додава млекото и павлаката и се меша на тивок оган додека да се згусне. Се остава да се олади, па му се додава чоколадната смеса.
4. Целосно оладен, сладоледот се става во фрижидер да се замрзне.
5. После 5-6ч се вади од фрижидер се мати со блендер, му се додаваат орео колаченцата искршени на парчиња и се остава сладоледот целосно да се замрзне.
6. Пред да го послужите, за поубав ефект, можете да извадите топки од сладоледот и да ги извалкате во трошки од орео колачиња.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Јули.2015 во 18:39
8
    Сладолед со прелив од јагоди


Состојки:

500 g овошен сладолед

За прелив:

100 g џем од јагоди, 2 лажици вода, 2 лажици сок од лимун, 1 лажица рум

За украсување:

200 ml слатка павлака, 100 g свежи јагоди

Подготовка:

Џемот од јагоди добро се мати, додадете вода, сок од лимон и рум. Ставете го на умерен оган и додадете цимт по вкус или малку мелен ѓумбир. Во 4 чаши ставете топки сладолед, украсете со изматена слатка павлака, свеши јагоди и прелијте го со преливот од јагоди.



Изменето од Valerija - 11.Јули.2015 во 18:39
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Мај.2015 во 20:15

БРЗ И ВКУСЕН ЧОКОЛАДЕН СЛАДОЛЕД

11

Време е да ја отвориме сезоната на сладоледи, па денешниот рецепт сме сигурни дека ќе ви се допадне. Замислете вашата омилена чоколада да се претвори во вкусен, кремаст чоколаден десерт. Уште доколку го украсите со чоколадни трошки и карамела, задоволството е загарантирано.

Состојки:

– 50 г. чоколадо
– 6 мл. слатка павлака
– 3 јајца

Подготовка:

Најпрво, во сад над пареа ставете ги парчињата чоколадо. Додадете 300 грама слатка павлака над нив и мешајте додека се не се стопи. Потребни се околу 20-на минути за смесата да се соедини.

За ова време, одвоете ги жолчките од белките, и додадете ги во веќе оладената чоколадна смеса. Во нив додадете го остатокот од слатката павлака, и имешајте се заедно.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Omar Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Too young to die...

Регистриран: 22.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 12633
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Omar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Април.2015 во 11:17

Сладолед од банани5-retsepti-za-zdrav-semeen-sladoled-1

Потребно е:

  • 200 мл. млеко
  • 200 мл. кисела павлака
  • 100 гр. шеќер
  • три зрели банани

Начин на подготовка:

Изгмечете ги бананите. Додајте ги останатите состојки, измешајте и замрзнете.

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 15>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,234 секунди.